< Return to Video

Ден Гилберт: Изненадувачките научни откритија за среќата

  • 0:00 - 0:02
    Кога имате 21 минута за зборување,
  • 0:02 - 0:05
    тогаш две милиони години ви се чинат како многу долго време.
  • 0:05 - 0:08
    Но еволуциски, две милиони години е ништо.
  • 0:08 - 0:14
    Сепак во текот на две милиони години човечкиот мозок за трипати ја зголемил својата маса,
  • 0:23 - 0:30
    Зошто големиот мозок е толку важен, па природата запнала сите да имаме по еден таков?
  • 0:30 - 0:33
    Епа, кога мозоците трипати ќе се зголемат,
  • 0:33 - 0:37
    тие не само што стануваат три пати поголеми; тие добиваат нови структури.
  • 0:37 - 0:41
    И една од главните причина за големината на нашиот мозок е тоа што си добил нов дел,
  • 0:41 - 0:45
    наречен "фронтален лобус." И особено, еден дел наречен "пре-фронтален кортекс."
  • 0:45 - 0:49
    Е сега, што добро ви носи пре-фронталниот кортекс за да може да го оправда
  • 0:49 - 0:54
    целиот архитектонски ремонт на човековиот череп во текот на еден краток еволуциски период?
  • 0:54 - 0:57
    Епа, се испоставува дека пре-фронталниот кортекс врши многу работи,
  • 0:57 - 0:59
    но една од најважните работи е дека служи како
  • 0:59 - 1:03
    симулатор на доживувањата.
  • 1:03 - 1:07
    Пилотите вежбаат во симулатори за лет
  • 1:07 - 1:09
    за да не направат вистински грешки во авионите.
  • 1:09 - 1:12
    Луѓето ја имаат оваа неверојатна адаптација
  • 1:12 - 1:16
    со која можат да имаат искуства во нивните глави
  • 1:16 - 1:18
    пред истите да ги испробаат во вистинскиот живот.
  • 1:18 - 1:21
    Ова е еден трик што не може да го прави ниту еден наш предок,
  • 1:21 - 1:26
    и ниту едно животно. Тоа е неверојатна адаптација.
  • 1:26 - 1:30
    Заедно со палците, исправениот од и јазикот, тоа е
  • 1:30 - 1:33
    една од работите што им помогна на нашиот предци да се симнат од дрвјата
  • 1:33 - 1:35
    и да се залетаат во трговските центри.
  • 1:35 - 1:38
    Сега -- (Смеа) -- сите сте го направиле ова.
  • 1:38 - 1:39
    Мислам, знаете,
  • 1:39 - 1:43
    Бен и Џери не јадат сладолед од џигер и кромид
  • 1:43 - 1:46
    а тоа не е така бидејќи пробале, па рекле, "Бљак."
  • 1:46 - 1:49
    Туку бидејќи, без да станувате од вашата столица,
  • 1:49 - 1:53
    вие можете да го симулирате тој вкус и да речете "бљак" уште пред да го пробате.
  • 1:53 - 1:58
    Да видиме како работат вашите симулатори за искуството.
  • 1:58 - 2:02
    Да направиме едно мала проверка пред да продолжам со говорот.
  • 2:02 - 2:06
    Еве ви две различни иднини за кои ве повикуваме да размислите малку,
  • 2:06 - 2:10
    можете да се обидете да ги симулирате и да ми кажете која од нив би ја преферирале.
  • 2:10 - 2:15
    Една од нив е добивање на лото. Тоа се околу 314 милиони долари.
  • 2:15 - 2:18
    А другата е да станете параплегичар.
  • 2:18 - 2:21
    Значи, размислете само за момент.
  • 2:21 - 2:24
    Веројатно сметате дека воопшто и не ви треба време за размислување.
  • 2:24 - 2:28
    Интересно, постојат податоци за овие две групи на луѓе,
  • 2:28 - 2:30
    податоци за тоа колку се среќни.
  • 2:30 - 2:33
    И токму ова очекувате да го видите, така?
  • 2:33 - 2:36
    Но ова не се вистинските податоци. Јас ги измислив!
  • 2:36 - 2:41
    Еве ги податоците. Го паднавте квизот, а поминаа одвај пет минути од предавањето.
  • 2:41 - 2:45
    Бидејќи факт е дека година после парализата на нивните нозе,
  • 2:45 - 2:50
    и една година после добивањето на лото, добитниците на лото и параплегичарите
  • 2:50 - 2:52
    чувствуваат еднаква среќа во нивните животи.
  • 2:52 - 2:55
    Е сега, нека не ви биде криво што го паднавте првиот квиз,
  • 2:55 - 2:58
    бидејќи сите луѓе паѓаат на сите квизови цело време.
  • 2:58 - 3:01
    Истражувањето што го спроведуваше мојата лабораторија,
  • 3:01 - 3:04
    што економистите и психолозите од целата земја го спроведуваа,
  • 3:04 - 3:07
    покажа нешто навистина е запрепастувачко за нас,
  • 3:07 - 3:10
    нешто што го нарекуваме "....
  • 3:10 - 3:13
    а тоа е склоност на сумулаторот кон лошо функционирање.
  • 3:13 - 3:17
    Симулаторот те тера да веруваш дека различните исходи
  • 3:17 - 3:20
    се поразлични од она што навистина е случајот.
  • 3:20 - 3:22
    Од теренските истражувања до лабораториските студии,
  • 3:22 - 3:26
    увидовме дека добивањето или губењето на избори, добивањето или губењето на интимен партнер,
  • 3:26 - 3:31
    добивањето или недобивањето унапредување, положувањето или паѓањето на испит,
  • 3:31 - 3:36
    и така натаму, имаат далеку помало влијание, помал интензитет и помала трајност
  • 3:36 - 3:39
    одошто луѓето очекуваат да имаат.
  • 3:39 - 3:42
    Всушност, неодамнешна студија -- ова речиси ме ...
  • 3:42 - 3:47
    едно неодамнешно истражување покажа како тешките животни трауми влијаат
  • 3:47 - 3:50
    врз луѓето т.е. ако се случила траума пред три месеци,
  • 3:50 - 3:51
    со некои мали исклучоци,
  • 3:51 - 3:54
    таа не би имала, ама баш никаков ефект врз вашата среќа.
  • 3:54 - 3:57
    Зошто?
  • 3:57 - 4:01
    Бидејќи среќата може да се синтетизира.
  • 4:01 - 4:05
    Сер Томас Браум во 1642 напишал, "Јас сум најсреќниот жив човек.
  • 4:05 - 4:11
    Во мене го имам она што може да ја претвори сиромаштијата во богатство, несреќата во просперитет.
  • 4:11 - 4:15
    Јас сум понеранлив од Ахил; немам место на кое судбината би можела да ме удри."
  • 4:15 - 4:19
    Каква машинерија има овој дечко во неговата глава?
  • 4:19 - 4:24
    Епа, се испоставува дека тоа е онаа иста неверојатна машинерија што сите ние ја имаме.
  • 4:24 - 4:30
    Човечките битија имаат нешто кое можеме да го наречеме "психолошки имун систем."
  • 4:30 - 4:35
    Систем од сознајни процеси, воглавно не-свесни сознајни процеси,
  • 4:35 - 4:39
    кои им помагаат да го променат погледот кон светот,
  • 4:39 - 4:43
    со цел да се чувствуваат подобро во врска со светот во кој се наоѓаат во тој момент.
  • 4:43 - 4:45
    Како и Сер Томас, вие ја имате оваа машина.
  • 4:45 - 4:49
    За разлика пак од Сер Томас, се чини дека вие не знаете дека ја имате (Смеа)
  • 4:49 - 4:55
    Ние ја создаваме среќата, а си мислиме дека среќата е нешто што треба да се најде.
  • 4:55 - 5:00
    Не ви требам јас за да ви давам примери за луѓе кои ја создавале среќата,
  • 5:00 - 5:03
    претпоставувам. Иако ќе ви прикажам неколку експериментални докази,
  • 5:03 - 5:06
    сепак не мора да одите толку далеку за да дојдете до докази.
  • 5:06 - 5:09
    Како предизвик,
  • 5:09 - 5:13
    зедов една копија од Њујорк Тајм и се обидов да најдам некои примери за луѓе кои ја синтетизирале среќата.
  • 5:13 - 5:15
    И еве тројца кои како ја синтетизираат среќата.
  • 5:15 - 5:18
    "Многу ми е подобро физички, финансиски, емоционално, ментално
  • 5:18 - 5:22
    и речиси на било кој друг начин." " Не се каам ниту за момент.
  • 5:22 - 5:25
    Беше неверојатно доживување." Верувам дека излезе ....
  • 5:25 - 5:27
    Кои се овие карактери што се толку проклето среќни?
  • 5:27 - 5:29
    Првиот е Џим Рајт.
  • 5:29 - 5:33
    Некои од вас сте доволно возрасни и се сеќавате: тој беше претседател на Претставничкиот Дом
  • 5:33 - 5:37
    и даде оставка поради срам кога овој млад Републиканец по има Њут Гингрич
  • 5:37 - 5:40
    дозна за дубарата што ја имаше направено.
  • 5:40 - 5:42
    Тој изгуби се. Најмоќниот Демократ во земјата,
  • 5:42 - 5:43
    изгуби се.
  • 5:43 - 5:46
    Ги изгуби парите; ја изгуби моќта.
  • 5:46 - 5:48
    И што има да каже за ова после сите овие години?
  • 5:48 - 5:51
    "Многу ми е подобро на физички, финансиски, ментален
  • 5:51 - 5:53
    и на речиси било кој друг план."
  • 5:53 - 5:55
    На каков друг план може да ви биде подобро?
  • 5:55 - 5:59
    Зеленчуков? Минерален? Животински? .......
  • 5:59 - 6:01
    Морис Бикам е некој за кого никогаш не сте слушнале.
  • 6:01 - 6:05
    Морис Бикам ги користел овие зборови откако бил ослободен.
  • 6:05 - 6:07
    Имаше 78 години. Поминал 37 години
  • 6:07 - 6:10
    во Државниот Казнен Дом на Луизијана за злосторство што не го сторил.
  • 6:10 - 6:12
    На крај беше амнестиран,
  • 6:12 - 6:15
    на 78 години, со помош на ДНК докази.
  • 6:15 - 6:17
    И што имал тој да каже за ова искуство?
  • 6:17 - 6:19
    "Не се каам ниту за момент. Ова беше велелепно искуство."
  • 6:19 - 6:21
    Велелепно! Дечково не вели,
  • 6:21 - 6:23
    "Добро, знаете, имаше некои фини дечки. Имаа фискултурна сала."
  • 6:23 - 6:24
    Туку вели "велелепно,"
  • 6:24 - 6:28
    збор кој вообичаено го чуваме за нешто како што е религиозното доживување.
  • 6:28 - 6:32
    Хари С. Лангерман ги користеше овие зборови, а тој е некој кој сте можеле да го знаете
  • 6:32 - 6:35
    но не го знаете, бидејќи во 1949 тој прочитал една мала статија во весник
  • 6:35 - 6:39
    за еден штанд за хамбургери во сопственост на некои браќа МекДоналдс.
  • 6:39 - 6:41
    И тој си помислил, "Ова е навистина прекрасна идеја!"
  • 6:41 - 6:43
    Па така тргнал да ги бара. Тие му рекле,
  • 6:43 - 6:45
    "Можеме да ти дадеме една франшиза за 3.000 долари."
  • 6:45 - 6:49
    Хари се вратил во Њујорк, побарал од брат му кој е инвестициски банкар да
  • 6:49 - 6:50
    му позајми 3.000 долари,
  • 6:50 - 6:52
    а бессмртните зборови на брат му биле,
  • 6:52 - 6:53
    "Абе идиот, кој ќе ти јаде хамбургери."
  • 6:53 - 6:56
    Не сакал да му позајми пари, и се разбира шест месеци подоцна
  • 6:56 - 6:58
    Реј Крок ја имал истата идеја.
  • 6:58 - 7:00
    Се покажало дека луѓето навистина јадат хамбургери,
  • 7:00 - 7:04
    а Реј Крок, за кратко, стана најбогатиот човек во Америка.
  • 7:05 - 7:07
    И најпосле -- знаете, најдобриот од сите можни светови --
  • 7:07 - 7:12
    некои од вас ја препознаваат оваа млада фотографија од Пит Бест,
  • 7:12 - 7:14
    кој бил првобитниот тапанар на Битлси,
  • 7:14 - 7:17
    се додека тие, знаете, не го испратиле на мисија му се сокриле
  • 7:17 - 7:20
    и си го зеле со нив Ринго на турнеја.
  • 7:20 - 7:22
    И во 1994, кога Пит Бест бил интервјуиран
  • 7:22 - 7:25
    -- да, тој се уште е тапанар; да, си има свое музичко студио --
  • 7:25 - 7:28
    тој го кажал следново: "Посреќен сум за разлика од она што би бил ако останев со Битлси."
  • 7:28 - 7:31
    Во ред. Има нешто важно да се научи од овие луѓе,
  • 7:31 - 7:33
    а тоа е пак тајната за среќата.
  • 7:33 - 7:35
    Еве ја, конечно ќе ја откриеме.
  • 7:35 - 7:38
    Прво: стекнете богатство, моќ и престиж,
  • 7:38 - 7:41
    а потоа изгубете ги. (Смеа)
  • 7:41 - 7:44
    Второ: поминете колку што е можно подолго време во затвор.
  • 7:44 - 7:49
    (Смеа) Трето: направете го некого друг ептен, ептен богат. (Смеа)
  • 7:49 - 7:53
    И на крај: никогаш немојте да им се придружите на Битлси. (Смеа)
  • 7:53 - 7:58
    Во ред. Сега јас, како Зе Франк, можам да ви ја предвидам вашата следна мисла,
  • 7:58 - 8:00
    а таа е, "Е, да бе." Бидејќи кога
  • 8:00 - 8:04
    луѓето вештачки ја создаваат среќата, како овие господа,
  • 8:04 - 8:08
    сите се смееме, но некако ги превртуваме очите и велиме,
  • 8:08 - 8:11
    "Е да бе, никогаш не си ја посакувал работата."
  • 8:11 - 8:12
    А да, така. Стварно не си имал
  • 8:12 - 8:15
    многу заедничко со нејзе,
  • 8:15 - 8:17
    а тоа го сфати токму во моментот
  • 8:17 - 8:19
    кога она ти го фрли свршеничкиот прстен у фаца."
  • 8:19 - 8:23
    Ги исмеваме бидејќи веруваме дека вештачката среќа
  • 8:23 - 8:26
    го нема истиот квалитет како она што го нарекуваме "природна среќа."
  • 8:26 - 8:27
    Какви се овие термини?
  • 8:27 - 8:31
    Природна среќа чувствуваме кога ќе го добиеме она што сме го сакале,
  • 8:31 - 8:36
    а вештачка среќа е она што го создаваме кога нема да го добиеме она што сме го сакале.
  • 8:36 - 8:39
    А во нашето општество, имаме силно верување
  • 8:39 - 8:42
    дека вештачката среќа има пониска вредност.
  • 8:42 - 8:44
    Зошто го имаме ова верување?
  • 8:44 - 8:48
    Епа, многу е едноставно. Дали економијата би
  • 8:48 - 8:49
    се одржала доколку верувавме
  • 8:49 - 8:55
    дека недобивањето на она што сме го сакале ќе не направи еднакво среќни и ако сме го добиле?
  • 8:55 - 8:59
    Со сите извиненија до мојот пријател Матие Рикард,
  • 8:59 - 9:01
    но трговски центар полн со Зен монаси
  • 9:01 - 9:03
    не би бил особено профитабилен
  • 9:03 - 9:07
    бидејќи тие не ги сакаат работите доволно.
  • 9:07 - 9:10
    Сакам да ви кажам дека вештачката среќа
  • 9:10 - 9:13
    е во секој поглед реална и трајна
  • 9:13 - 9:16
    како среќата на која се сопнувате кога
  • 9:16 - 9:19
    ќе го добието она што сте го посакувале.
  • 9:19 - 9:20
    Е сега, јас сум научник, ова ќе го изведам не преку реторика,
  • 9:20 - 9:22
    туку на тој начин што ќе ве опсипам со малку податоци.
  • 9:23 - 9:25
    Прво ќе ви покажам една експриментална парадигма користена
  • 9:25 - 9:29
    за да го демонстрира вештачкото создавање на среќата
  • 9:29 - 9:31
    кај обичниот народ. Ова не е мое.
  • 9:31 - 9:34
    Ова е 50-годишна парадигма наречена "парадигмата за слободен избор."
  • 9:34 - 9:36
    Многу е едноставна.
  • 9:36 - 9:39
    Внесувате, да речеме, шест предмети,
  • 9:39 - 9:41
    и барате од субјектот да ги рангира од најмногу до најмалку привлечен.
  • 9:41 - 9:44
    Во овој случај, бидејќи експериментот за кој ќе ви зборувам ги користи нив,
  • 9:44 - 9:46
    ова се слики од Моне.
  • 9:46 - 9:48
    Значи, секој ги рангира овие слики од Моне
  • 9:48 - 9:50
    од онаа која најмногу им се допаѓа, до онаа која најмалку им се допаѓа.
  • 9:50 - 9:52
    Сега ви даваме избор:
  • 9:52 - 9:55
    "Слуачајно имаме неколку вишок слики во плакарот.
  • 9:55 - 9:57
    Ќе ти дадеме една како награда да си ја однесеш дома.
  • 9:57 - 10:00
    Случајно ги имаме број три и број четири,"
  • 10:00 - 10:03
    му кажуваме на субјектот. Ова е малку тежок избор,
  • 10:03 - 10:06
    бидејќи ниту една не е попосакувана толку силно од другата,
  • 10:06 - 10:09
    но природно, луѓето ја избираат број три
  • 10:09 - 10:11
    бидејќи им се допаднала малку повеќе од број четири.
  • 10:12 - 10:15
    Неко време подоцна -- може да биде 15 минути; може да биде 15 дена --
  • 10:15 - 10:18
    истите слики се ставаат пред субјектот,
  • 10:18 - 10:20
    а од него се бара одново да ги рангира.
  • 10:20 - 10:22
    "Кажи ни сега колку многу ти се допаѓаат."
  • 10:22 - 10:25
    Што се случува? Гледајте како вештачки се создава среќата.
  • 10:25 - 10:29
    Ова е резултат што постојано е добиван во експериментите.
  • 10:29 - 10:30
    Гледате како се создава среќата по вештачки пат.
  • 10:30 - 10:35
    Сакате да видите уште еднаш? Среќа!
  • 10:35 - 10:37
    "Оваа што ја зедов е стварно подобра одошто си мислев!
  • 10:37 - 10:39
    Онаа што не ја зедов е стварно за никаде!"
  • 10:39 - 10:41
    (Смеа) Така се создава среќата.
  • 10:41 - 10:47
    И кој е правиот одговор на тоа? "Да бе, сигурно!"
  • 10:47 - 10:50
    Сега, еве го експериментот што го направивме,
  • 10:50 - 10:51
    и се надевам дека ова ќе ве убеди дека
  • 10:51 - 10:54
    "Да бе, сигурно!" не бил правиот одговор.
  • 10:54 - 10:56
    Овој експеримент го направивме со група пациенти
  • 10:56 - 10:59
    кои имаа антероградна амнезија. Ова се хоспитализирани пациенти.
  • 10:59 - 11:01
    Повеќето од нив имаат Корсаков синдром,
  • 11:01 - 11:06
    полиневритска психоза -- односно претерале со пиењето,
  • 11:06 - 11:08
    и сега не можат да формираат нови сеќавања.
  • 11:08 - 11:12
    Во ред? Се сеќаваат на детството, но ако влезете и се претставите,
  • 11:12 - 11:13
    а потоа ја напуштите собата,
  • 11:13 - 11:15
    кога ќе се вратите, тие нема да се сеќаваат на вас.
  • 11:16 - 11:19
    Ги однесовме сликите од Моне во болницата.
  • 11:19 - 11:23
    И побаравме од овие пациенти да ги рангираат
  • 11:23 - 11:26
    од онаа која најмногу им се допаѓа до онаа која најмалку им се допаѓа.
  • 11:26 - 11:30
    Потоа им дадовме да направат избор помеѓу број три и број четири.
  • 11:30 - 11:32
    Како и сите други, тие рекоа,
  • 11:32 - 11:34
    "Уау, благодарам Докторе! ќе ми се најде сликава.
  • 11:34 - 11:36
    Ќе ја земам број три."
  • 11:36 - 11:40
    Им кажавме дека сликата ќе им ја испратиме по пошта.
  • 11:40 - 11:43
    Си ги собравме материјалите и излеговме од собата,
  • 11:43 - 11:45
    чекавме пола час.
  • 11:45 - 11:48
    Назад во собата, им велиме, "Здраво, се вративме."
  • 11:48 - 11:52
    Пациентите, благословени нека се, велат, "Уф, Докторе, жал ми е.
  • 11:52 - 11:54
    Имам проблем со меморијата; затоа сум овде.
  • 11:54 - 11:56
    Ако сме се сретнале претходно, не се сеќавам."
  • 11:56 - 11:59
    "Навистина, Џим не се сеќаваш? Само што бев овде со сликите од Моне?"
  • 11:59 - 12:02
    "Извинете, Докторе, едноставно врска неам."
  • 12:02 - 12:05
    "Немај гајле, Џим. Сакам само да ги рангираш сликиве
  • 12:05 - 12:10
    од онаа што најмногу ти се допаѓа до онаа што најмалку ти се допаѓа."
  • 12:10 - 12:12
    И што прават тие? Најпрвин да провериме и да се осигураме
  • 12:12 - 12:14
    дека се навистина амнестични. Ги прашуваме
  • 12:14 - 12:18
    амнестичните пациенти да ни кажат која слика ја поседуваат,
  • 12:18 - 12:21
    која слика ја избрале последниот пат, која е нивна.
  • 12:21 - 12:25
    И увидовме дека амнестичните пациенти едноставно нагаѓаат.
  • 12:25 - 12:27
    Ова е нормалната контролна група, ако го направев ова со вас,
  • 12:27 - 12:29
    сите вие би знаеле која слика сте ја избрале.
  • 12:29 - 12:31
    Но ако го направам ова со амнестични пациенти,
  • 12:31 - 12:37
    тие немаат поим. Тие не можат да ја изберат нивната слика од редот.
  • 12:37 - 12:41
    Еве ја нормалната контролна група: тие вештачки ја создаваат среќата.
  • 12:41 - 12:43
    Така? Ова е промената во тоа колку им се допаѓа,
  • 12:43 - 12:46
    промената од првото рангирање до она второто.
  • 12:46 - 12:47
    Контролната група покажува
  • 12:47 - 12:49
    --тоа беше магијата што ви ја покажав;
  • 12:49 - 12:52
    сега ви ја покажувам во графичка форма --
  • 12:52 - 12:55
    "Онаа што ја поседувам е подобра одошто мислев. Онаа што не ја поседувам,
  • 12:55 - 12:58
    онаа што ја оставив, не онолку добра колку што мислев."
  • 12:58 - 13:03
    Амнестичните го прават истото. Размислете за овој резултат.
  • 13:03 - 13:06
    На овие луѓе повеќе им се допаѓа сликата што ја поседуваат,
  • 13:06 - 13:09
    но тие не знаат дека ја поседуваат.
  • 13:10 - 13:13
    "Да бе, сигурно" не е вистинската реакција!
  • 13:14 - 13:17
    Во моментот кога овие луѓе вештачки ја создадоа среќата
  • 13:17 - 13:20
    тие навистина ја променија
  • 13:20 - 13:25
    нивната афективна, хедоничка и естетска реакција кон оваа слика.
  • 13:25 - 13:28
    Ова не го кажуваат само бидејќи ја поседуваат,
  • 13:28 - 13:31
    оти всушност тие не знаат дека ја поседуваат.
  • 13:32 - 13:35
    Е сега, кога психолозите ви прикажуваат бар дијаграми,
  • 13:35 - 13:38
    знајте дека ви прикажуваат просеци од многу луѓе.
  • 13:38 - 13:42
    И најпосле, сите ние го имаме овој психолошки имун систем,
  • 13:42 - 13:44
    оваа способност за синтетизирање на среќата,
  • 13:44 - 13:47
    но некои од нас се подобри во оваа финта.
  • 13:47 - 13:51
    Некои ситуации се посоодветни за изведување на оваа финта
  • 13:51 - 13:54
    отколку некои други..
  • 13:55 - 13:59
    Се испостави дека слободата
  • 13:59 - 14:02
    -- способноста да се одлучите за нешто, а потоа да се предомислите --
  • 14:02 - 14:05
    е пријател на природната среќа, бидејќи ви овозможува да изберете
  • 14:05 - 14:10
    помеѓу сите овие убави иднини и да си ја најдете онаа во која најмногу би уживале.
  • 14:10 - 14:12
    Но слободата на избор
  • 14:12 - 14:16
    -- да се пишманите и да се предомислите -- е непријател на вештачката среќа.
  • 14:16 - 14:18
    Сега ќе ви покажам зошто.
Title:
Ден Гилберт: Изненадувачките научни откритија за среќата
Speaker:
Dan Gilbert
Description:

Ден Гилберт, автор на книгата Сопнати од Среќата, ја оспорува идејата која вели дека би биле несреќни доколку не го добиеме она што го сакаме. Нашиот "психолошки имун систем" ни овозможува да бидеме навистина среќни дури и кога работите не се одвиваат онака како што сме планирале.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
20:59

Macedonian subtitles

Revisions Compare revisions