Ден Гилберт: Изненадувачките научни откритија за среќата
-
0:00 - 0:02Кога имате 21 минута за говор,
-
0:02 - 0:05тогаш две милиони години ви се чинат како многу долго време.
-
0:05 - 0:08Но еволуциски, две милиони години се ништо.
-
0:08 - 0:14Сепак во текот на две милиони години, човечкиот мозок за трипати ја зголемил својата маса,
-
0:14 - 0:17почнувајќи од мозокот на нашиот предок Хабилис, кој тежел пола килограм,
-
0:17 - 0:23па до речиси килограм и половина парче месо кое секој од вас го има меѓу ушите.
-
0:23 - 0:30Зошто големиот мозок е толку важен, па природата запнала сите да имаме по еден таков?
-
0:30 - 0:33Епа, кога мозоците трипати ќе се зголемат,
-
0:33 - 0:37тие не само што стануваат три пати поголеми; тие добиваат нови структури.
-
0:37 - 0:41И една од главните причина за големината на нашиот мозок е тоа што си добил нов дел,
-
0:41 - 0:45наречен "фронтален лобус." И особено, еден дел наречен "пре-фронтален кортекс."
-
0:45 - 0:49Е сега, што добро ви носи пре-фронталниот кортекс за да може да го оправда
-
0:49 - 0:54целиот архитектонски ремонт на човековиот череп во текот на еден краток еволуциски период?
-
0:54 - 0:57Епа, се испоставува дека пре-фронталниот кортекс врши многу работи,
-
0:57 - 0:59но една од најважните работи е дека служи како
-
0:59 - 1:03симулатор за искуствата.
-
1:03 - 1:07Пилотите вежбаат во симулатори за лет
-
1:07 - 1:09за да не направат вистински грешки во авионите.
-
1:09 - 1:12Луѓето ја имаат оваа неверојатна адаптација
-
1:12 - 1:16со која можат да имаат искуства во нивните глави,
-
1:16 - 1:18пред истите да ги испробаат во вистинскиот живот.
-
1:18 - 1:21Оваа финта не можел да ја прави ниту еден наш предок,
-
1:21 - 1:26и ниту едно животно. Тоа е неверојатна адаптација.
-
1:26 - 1:30Заедно со палците, исправениот од и јазикот, тоа е
-
1:30 - 1:33една од работите што им помогна на нашиот предци да се симнат од дрвјата
-
1:33 - 1:35и да се залетаат во трговските центри.
-
1:35 - 1:38Сега -- (Смеа) -- сите сте го направиле ова.
-
1:38 - 1:39Мислам, знаете,
-
1:39 - 1:43Бен и Џери не јадат сладолед од џигер и кромид
-
1:43 - 1:46а тоа не е така бидејќи пробале, па рекле, "Бљак."
-
1:46 - 1:49Туку бидејќи, без да станувате од вашата столица,
-
1:49 - 1:53вие можете да го симулирате тој вкус и да речете "бљак" уште пред да го пробате.
-
1:53 - 1:58Да видиме како работат вашите симулатори за искуството.
-
1:58 - 2:02Да направиме една мала проверка пред да продолжам со говорот.
-
2:02 - 2:06Еве ви две различни иднини за кои ве повикувам да размислите малку,
-
2:06 - 2:10можете да се обидете да ги симулирате, и да ми кажете која од нив би ја преферирале.
-
2:10 - 2:15Една од нив е добивање на лото. Тоа се околу 314 милиони долари.
-
2:15 - 2:18А другата е да станете параплегичар.
-
2:18 - 2:21Значи, размислете само за момент.
-
2:21 - 2:24Веројатно и не мора да размислувате.
-
2:24 - 2:28Интересно, постојат податоци за овие две групи на луѓе,
-
2:28 - 2:30податоци за тоа колку се среќни.
-
2:30 - 2:33И токму ова очекувате да го видите, така?
-
2:33 - 2:36Но, ова не се вистинските податоци. Јас ги измислив!
-
2:36 - 2:41Еве ги податоците. Го паднавте квизот, а поминаа одвај пет минути од предавањето.
-
2:41 - 2:45Бидејќи факт е дека година после парализата на нивните нозе,
-
2:45 - 2:50и една година после добивањето на лото, добитниците на лото и параплегичарите
-
2:50 - 2:52се еднакво среќни.
-
2:52 - 2:55Е сега, нека не ви биде криво што го паднавте првиот квиз,
-
2:55 - 2:58бидејќи сите луѓе паѓаат на сите квизови цело време.
-
2:58 - 3:01Истражувањето што го спроведуваше мојата лабораторија,
-
3:01 - 3:04што економистите и психолозите од целата земја го спроведуваа,
-
3:04 - 3:07покажа нешто навистина запрепастувачко за нас,
-
3:07 - 3:10нешто што го нарекуваме "преценето влијание,"
-
3:10 - 3:13односно симулаторот е склон кон лошо функционирање.
-
3:13 - 3:17Симулаторот те тера да веруваш дека различните исходи
-
3:17 - 3:20се поразлични од она што навистина е случајот.
-
3:20 - 3:22Од теренските истражувања до лабораториските студии,
-
3:22 - 3:26увидовме дека добивањето или губењето на избори, добивањето или губењето на интимен партнер,
-
3:26 - 3:31добивањето или недобивањето унапредување, положувањето или паѓањето на испит,
-
3:31 - 3:36и така натаму, имаат далеку помало влијание, помал интензитет и помала трајност
-
3:36 - 3:39одошто луѓето очекуваат да имаат.
-
3:39 - 3:42Всушност, неодамнешна студија -- ова речиси ќе ме онесвестеше --
-
3:42 - 3:47едно неодамнешно истражување покажа како тешките животни трауми влијаат
-
3:47 - 3:50врз луѓето т.е. ако се случила траума пред три месеци,
-
3:50 - 3:51со некои мали исклучоци,
-
3:51 - 3:54таа не би имала, ама баш никаков ефект врз вашата среќа.
-
3:54 - 3:57Зошто?
-
3:57 - 4:01Бидејќи среќата може вештачки да се создаде.
-
4:01 - 4:05Сер Томас Браум во 1642 напишал, "Јас сум најсреќниот жив човек.
-
4:05 - 4:11Во мене го имам она што може да ја претвори сиромаштијата во богатство, несреќата во просперитет.
-
4:11 - 4:15Јас сум понеранлив од Ахил; на ниту едно место не може да ме удри судбината."
-
4:15 - 4:19Каква неверојатна машинерија има овој дечко во неговата глава?
-
4:19 - 4:24Епа, се испоставува дека тоа е онаа иста неверојатна машинерија што секој од нас ја има.
-
4:24 - 4:30Човечките битија имаат нешто кое можеме да го наречеме "психолошки имун систем."
-
4:30 - 4:35Систем од сознајни процеси, воглавно не-свесни сознајни процеси,
-
4:35 - 4:39кои им помагаат да го променат погледот кон светот,
-
4:39 - 4:43со цел да се чувствуваат подобро во врска со светот во кој се наоѓаат во тој момент.
-
4:43 - 4:45Како и Сер Томас, вие ја имате оваа машина.
-
4:45 - 4:49За разлика пак од Сер Томас, се чини дека вие не знаете дека ја имате (Смеа)
-
4:49 - 4:55Ние вештачки ја создаваме среќата, а си мислиме дека среќата е нешто што треба да се најде.
-
4:55 - 5:00Не ви требам јас за да ви давам примери за луѓе како ја создаваат среќата,
-
5:00 - 5:03претпоставувам. Иако ќе ви прикажам неколку експериментални докази,
-
5:03 - 5:06сепак не мора да одите толку далеку за да дојдете до докази.
-
5:06 - 5:09Како предизвик, од време на време го кажувам ова во предавањата,
-
5:09 - 5:13зедов една копија од Њујорк Тајмс и се обидов да најдам некои примери за луѓе кои вештачки ја создале среќата.
-
5:13 - 5:15И еве ви тројца дечки како ја создаваат среќата.
-
5:15 - 5:18"Многу ми е подобро на физички, финансиски, емоционален, ментален
-
5:18 - 5:22и речиси на било кој друг план." " Не се каам ниту за момент.
-
5:22 - 5:25Беше велелепно доживување." Верувам дека излезе супер."
-
5:25 - 5:27Кои се овие ликови што се толку проклето среќни?
-
5:27 - 5:29Првиот е Џим Рајт.
-
5:29 - 5:33Некои од вас сте доволно возрасни и се сеќавате: тој беше претседател на Претставничкиот Дом
-
5:33 - 5:37и даде оставка поради срам кога овој млад Републиканец по има Њут Гингрич
-
5:37 - 5:40дозна за дубарата што ја имаше направено.
-
5:40 - 5:42Тој изгуби сè. Најмоќниот Демократ во земјата,
-
5:42 - 5:43изгуби сè.
-
5:43 - 5:46Ги изгуби парите; ја изгуби моќта.
-
5:46 - 5:48И што има да каже за ова после сите овие години?
-
5:48 - 5:51"Многу ми е подобро на физички, финансиски, ментален
-
5:51 - 5:53и на речиси било кој друг план."
-
5:53 - 5:55На каков друг план може да ви биде подобро?
-
5:55 - 5:59Зеленчуков? Минерален? Животински? Сè му оди како подмачкано.
-
5:59 - 6:01Морис Бикам е некој за кого никогаш не сте слушнале.
-
6:01 - 6:05Морис Бикам ги користел овие зборови откако бил ослободен.
-
6:05 - 6:07Имал 78 години. Поминал 37 години
-
6:07 - 6:10во Државниот Казнен Дом на Луизијана за злосторство што не го сторил.
-
6:10 - 6:12На крај беше амнестиран,
-
6:12 - 6:15на 78 години, со помош на ДНК докази.
-
6:15 - 6:17И што имал тој да каже за ова искуство?
-
6:17 - 6:19"Не се каам ниту за момент. Ова беше велелепно искуство."
-
6:19 - 6:21Велелепно! Дечково не вели,
-
6:21 - 6:23"Добро, знаете, имаше некои фини дечки. Имаа фискултурна сала."
-
6:23 - 6:24Туку вели "велелепно,"
-
6:24 - 6:28збор кој вообичаено го чуваме за нешто како што е религиозното доживување.
-
6:28 - 6:32Хари С. Лангерман ги користеше овие зборови, а тој е некој кој сте можеле да го знаете
-
6:32 - 6:35но не го знаете, бидејќи во 1949 тој прочитал една мала статија во весник
-
6:35 - 6:39за еден штанд со хамбургери во сопственост на некои браќа МекДоналдс.
-
6:39 - 6:41И тој си помислил, "Ова е навистина прекрасна идеја!"
-
6:41 - 6:43Па така тргнал да ги бара. Тие му рекле,
-
6:43 - 6:45"Можеме да ти дадеме една франшиза за 3.000 долари."
-
6:45 - 6:49Хари се вратил во Њујорк, побарал од брат му кој е инвестициски банкар да
-
6:49 - 6:50му позајми 3.000 долари,
-
6:50 - 6:52а бесмртните зборови на брат му биле,
-
6:52 - 6:53"Абе идиот, кој ќе ти јаде хамбургери."
-
6:53 - 6:56Не сакал да му позајми пари, и се разбира шест месеци подоцна
-
6:56 - 6:58Реј Крок ја имал истата идеја.
-
6:58 - 7:00Се покажало дека луѓето навистина јадат хамбургери,
-
7:00 - 7:04а Реј Крок, за кратко, станал најбогатиот човек во Америка.
-
7:05 - 7:07И најпосле -- знаете, најинтересниот пример --
-
7:07 - 7:12некои од вас ја препознаваат оваа млада фотографија од Пит Бест,
-
7:12 - 7:14првобитниот тапанар на Битлси,
-
7:14 - 7:17се додека тие, знаете, не го испратиле на мисија, му се сокриле
-
7:17 - 7:20и си го зеле со нив Ринго на турнеја.
-
7:20 - 7:22И во 1994, кога Пит Бест бил интервјуиран
-
7:22 - 7:25-- да, тој се уште е тапанар; да, си има свое музичко студио --
-
7:25 - 7:28тој го кажал следново: "Посреќен сум за разлика од она што би бил ако останев со Битлси."
-
7:28 - 7:31Во ред. Има нешто важно да се научи од овие луѓе,
-
7:31 - 7:33а тоа е пак тајната за среќата.
-
7:33 - 7:35Еве ја, конечно ќе ја откриеме.
-
7:35 - 7:38Прво: стекнете богатство, моќ и углед,
-
7:38 - 7:41а потоа изгубете ги. (Смеа)
-
7:41 - 7:44Второ: поминете колку што е можно подолго време во затвор.
-
7:44 - 7:49(Смеа) Трето: направете го некого друг ептен, ептен богат. (Смеа)
-
7:49 - 7:53И на крај: никогаш немојте да им се придружите на Битлси. (Смеа)
-
7:53 - 7:58Во ред. Сега јас, како Зе Франк, можам да ви ја предвидам вашата следна мисла,
-
7:58 - 8:00а таа е, "Е како да не." Бидејќи кога
-
8:00 - 8:04луѓето вештачки ја создаваат среќата, како овие господа,
-
8:04 - 8:08сите се смееме, но некако ги превртуваме очите и велиме,
-
8:08 - 8:11"Е како да не, никогаш не си ја посакувал работата."
-
8:11 - 8:12"Е како да не. Стварно не си имал
-
8:12 - 8:15многу заедничко со нејзе,
-
8:15 - 8:17а тоа го сфати токму во моментот
-
8:17 - 8:19кога она ти го фрли свршеничкиот прстен у фаца."
-
8:19 - 8:23Ги исмејуваме оти веруваме дека вештачката среќа
-
8:23 - 8:26го нема истиот квалитет како она што го нарекуваме "природна среќа."
-
8:26 - 8:27Какви се овие термини?
-
8:27 - 8:31Природна среќа е она што добиваме кога ќе го добиеме она што сме го сакале,
-
8:31 - 8:36а вештачка среќа е она што го создаваме кога нема да го добиеме она што сме го сакале.
-
8:36 - 8:39А во нашето општество, имаме силно верување
-
8:39 - 8:42дека вештачката среќа има пониска вредност.
-
8:42 - 8:44Зошто го имаме ова верување?
-
8:44 - 8:48Епа, многу е едноставно. Дали економијата би
-
8:48 - 8:49се одржала доколку верувавме
-
8:49 - 8:55дека недобивањето на она што сме го сакале ќе нè направи еднакво среќни како и да сме го добиле?
-
8:55 - 8:59Со сите извиненија до мојот пријател Матиè Рикард,
-
8:59 - 9:01но трговски центар полн со Зен монаси
-
9:01 - 9:03не би бил особено профитабилен
-
9:03 - 9:07бидејќи тие не ги сакаат РАБОТИТЕ доволно.
-
9:07 - 9:10Сакам да ви кажам дека вештачката среќа
-
9:10 - 9:13е во секој поглед реална и трајна
-
9:13 - 9:16како и среќата на која се сопнувате кога
-
9:16 - 9:19ќе го добието она што сте го посакувале.
-
9:19 - 9:20Јас сум научник, нема да користам реторика,
-
9:20 - 9:22туку ќе ве опсипам со малку податоци.
-
9:23 - 9:25Ќе ви покажам една експриментална парадигма
-
9:25 - 9:29за да го демонстрирам вештачкото создавање на среќата
-
9:29 - 9:31кај обичниот народ. Ова не е мое.
-
9:31 - 9:34Ова е 50-годишна парадигма наречена "парадигмата за слободен избор."
-
9:34 - 9:36Многу е едноставна.
-
9:36 - 9:39Внесувате, да речеме, шест предмети,
-
9:39 - 9:41и барате од субјектот да ги рангира од најмногу до најмалку привлечен.
-
9:41 - 9:44Во овој случај, бидејќи експериментот за кој ќе ви зборувам ги користи нив,
-
9:44 - 9:46ова се слики од Монè.
-
9:46 - 9:48Значи, секој ги рангира овие слики од Монè
-
9:48 - 9:50од онаа која најмногу им се допаѓа, до онаа која најмалку им се допаѓа.
-
9:50 - 9:52Сега ви даваме избор:
-
9:52 - 9:55"Случајно имаме неколку вишок слики во плакарот.
-
9:55 - 9:57Ќе ти дадеме една како награда да си ја однесеш дома.
-
9:57 - 10:00Случајно ги имаме број три и број четири,"
-
10:00 - 10:03му кажуваме на субјектот. Ова е малку тежок избор,
-
10:03 - 10:06бидејќи ниту една не е попосакувана толку силно од другата,
-
10:06 - 10:09но природно, луѓето ја избираат број три
-
10:09 - 10:11бидејќи им се допаднала малку повеќе од број четири.
-
10:12 - 10:15Неко време подоцна -- може да биде 15 минути; може да биде 15 дена --
-
10:15 - 10:18истите слики се ставаат пред субјектот,
-
10:18 - 10:20а од него се бара одново да ги рангира.
-
10:20 - 10:22"Кажи ни сега колку многу ти се допаѓаат."
-
10:22 - 10:25Што се случува? Гледајте како вештачки се создава среќата.
-
10:25 - 10:29Овој резултат постојано е добиван во експериментите.
-
10:29 - 10:30Гледате како се создава среќата по вештачки пат.
-
10:30 - 10:35Сакате да видите уште еднаш? Среќа!
-
10:35 - 10:37"Оваа што ја зедов е стварно подобра одошто си мислев!
-
10:37 - 10:39Онаа што не ја зедов е стварно за никаде!"
-
10:39 - 10:41(Смеа) Така се создава среќата.
-
10:41 - 10:47И која е првата реакција на тоа? "Е како да не!"
-
10:47 - 10:50Сега, еве го експериментот што го направивме,
-
10:50 - 10:51и се надевам ова ќе ве убеди дека
-
10:51 - 10:54"Е како да не!" не влегува во игра.
-
10:54 - 10:56Овој експеримент го направивме со група пациенти
-
10:56 - 10:59кои имаа антероградна амнезија. Ова се хоспитализирани пациенти.
-
10:59 - 11:01Повеќето од нив имаат Корсаков синдром,
-
11:01 - 11:06полиневритска психоза -- односно претерале со пиењето,
-
11:06 - 11:08и сега не можат да формираат нови сеќавања.
-
11:08 - 11:12Во ред? Се сеќаваат на детството, но ако влезете и се претставите,
-
11:12 - 11:13а потоа ја напуштите собата,
-
11:13 - 11:15кога ќе се вратите, тие нема да се сеќаваат на вас.
-
11:16 - 11:19Ги однесовме сликите од Монè во болницата.
-
11:19 - 11:23И побаравме од овие пациенти да ги рангираат
-
11:23 - 11:26од онаа која најмногу им се допаѓа, до онаа која најмалку им се допаѓа.
-
11:26 - 11:30Потоа им дадовме да направат избор помеѓу број три и број четири.
-
11:30 - 11:32Како и сите други, тие рекоа,
-
11:32 - 11:34"Уау, благодарам Докторе! ќе ми се најде сликава.
-
11:34 - 11:36Ќе ја земам број три."
-
11:36 - 11:40Им кажавме дека сликата ќе им ја испратиме по пошта.
-
11:40 - 11:43Си ги собравме материјалите и излеговме од собата,
-
11:43 - 11:45чекавме пола час.
-
11:45 - 11:48Назад во собата, им велиме, "Здраво, се вративме."
-
11:48 - 11:52Пациентите, благословени нека се, велат, "Уф, Докторе, жал ми е.
-
11:52 - 11:54Имам проблем со меморијата; затоа сум овде.
-
11:54 - 11:56Ако сме се сретнале претходно, не се сеќавам."
-
11:56 - 11:59"Навистина, Џим не се сеќаваш? Само што бев овде со сликите од Монè?"
-
11:59 - 12:02"Извинете, Докторе, едноставно врска неам."
-
12:02 - 12:05"Немај гајле, Џим. Сакам само да ги рангираш сликиве
-
12:05 - 12:10од онаа што најмногу ти се допаѓа, до онаа што најмалку ти се допаѓа."
-
12:10 - 12:12И што прават тие? Најпрвин да се осигураме
-
12:12 - 12:14дека се навистина амнестични. Ги прашуваме
-
12:14 - 12:18амнестичните пациенти да ни кажат која слика ја поседуваат,
-
12:18 - 12:21која слика ја избрале последниот пат, која е нивна.
-
12:21 - 12:25И увидовме дека амнестичните пациенти едноставно нагаѓаат.
-
12:25 - 12:27Ова е нормалната контролна група, ако го направев ова со вас,
-
12:27 - 12:29сите вие би знаеле која слика сте ја избрале.
-
12:29 - 12:31Но ако го направам ова со амнестични пациенти,
-
12:31 - 12:37тие немаат поим. Тие не можат да ја изберат нивната слика од низата.
-
12:37 - 12:41Еве ја нормалната контролна група: тие вештачки ја создаваат среќата.
-
12:41 - 12:43Така? Ова е промената во допаѓањето,
-
12:43 - 12:46промената од првото рангирање до она второто.
-
12:46 - 12:47Контролната група покажува
-
12:47 - 12:49--тоа беше магијата што ви ја покажав;
-
12:49 - 12:52сега ви ја покажувам во графичка форма --
-
12:52 - 12:55"Онаа што ја поседувам е подобра одошто мислев. Онаа што не ја поседувам,
-
12:55 - 12:58онаа што ја оставив, не е онолку добра колку што мислев."
-
12:58 - 13:03Амнестичните го прават истото. Размислете за овој резултат.
-
13:03 - 13:06На овие луѓе повеќе им се допаѓа сликата што ја поседуваат,
-
13:06 - 13:09ама тие не знаат дека ја поседуваат.
-
13:10 - 13:13"Е како да не" не е првата реакција!
-
13:14 - 13:17Во моментот кога овие луѓе вештачки ја создадоа среќата
-
13:17 - 13:20тие навистина ја променија
-
13:20 - 13:25нивната афективна, хедоничка и естетска реакција кон оваа слика.
-
13:25 - 13:28Ова не го кажуваат само бидејќи ја поседуваат,
-
13:28 - 13:31оти всушност тие не знаат дека ја поседуваат.
-
13:32 - 13:35Е сега, кога психолозите ви прикажуваат бар дијаграми,
-
13:35 - 13:38знајте дека ви прикажуваат просеци од многу луѓе.
-
13:38 - 13:42И најпосле, сите ние го имаме овој психолошки имун систем,
-
13:42 - 13:44оваа способност за создавање на среќата,
-
13:44 - 13:47но некои од нас подобро ја прават оваа финта.
-
13:47 - 13:51Некои ситуации се посоодветни за изведување на оваа финта
-
13:51 - 13:54отколку некои други ситуации.
-
13:55 - 13:59Се испостави дека слободата
-
13:59 - 14:02-- способноста да се одлучите за нешто, а потоа да се предомислите --
-
14:02 - 14:05е пријател на природната среќа, бидејќи ви овозможува да изберете
-
14:05 - 14:10помеѓу сите овие убави иднини и да си ја најдете онаа во која најмногу би уживале.
-
14:10 - 14:12Но слободата на избор
-
14:12 - 14:16-- да се пишманите и да се предомислите -- е непријател на вештачката среќа.
-
14:16 - 14:18Сега ќе ви покажам зошто.
-
14:18 - 14:19Дилберт веќе знае, се разбира.
-
14:19 - 14:21Го читате стрипот додека зборувам.
-
14:21 - 14:23Догбертовата техничка поддршка. Како можам да ве злоупотребам?"
-
14:23 - 14:26"Принтерот ми принта празни страни после секој документ."
-
14:26 - 14:28"Зошто кукаш кога добиваш бесплатна хартија?"
-
14:28 - 14:30"Бесплатна? Зарем ова не е мојата хартија?"
-
14:30 - 14:32"Аман бе! Види го квалитетот на бесплатната хартија
-
14:32 - 14:33во споредба со твојaта шугава хартија!
-
14:33 - 14:36Само будала или лажго би рекол дека изгледаат исто!"
-
14:36 - 14:39"А да! Сега кога спомна, навистина ми изгледа помазно!"
-
14:39 - 14:41"Инаку што правиш?"
-
14:41 - 14:44"Им помагам на луѓето да ги прифатат нештата кои не можат да ги променат." Навистина.
-
14:44 - 14:47Психолошкиот имун систем најдобро функционира
-
14:47 - 14:51кога сме целосно заглавени, кога сме заробени.
-
14:51 - 14:53Токму ова е разликата помеѓу мувањето и бракот, така?
-
14:53 - 14:55Мислам, одите на состанок со некој дечко,
-
14:55 - 14:57а он си чепка во носот; повеќе со него нема да излезете.
-
14:57 - 14:59Се мажите со некој дечко и тој си чепка во носот?
-
14:59 - 15:00Да, тој има златно срце;
-
15:00 - 15:02не си го допирај овошното чоколадо. Така? (Смеа)
-
15:02 - 15:06Наоѓате начин да бидете среќни со она што се случило.
-
15:06 - 15:09Сега сакам да ви покажам дека
-
15:09 - 15:12луѓето не знаат оти им се случува ова,
-
15:12 - 15:15а незнаењето може да ни предизвика огромни проблеми.
-
15:15 - 15:17Еве еден експеримент што го спроведовме на Харвард.
-
15:17 - 15:20Направивме еден курс за фотографија, курс за црно-бела фотографија,
-
15:20 - 15:23и на студентите им дозволивме да дојдат и да научат како да ја користат мрачната комора.
-
15:24 - 15:26Им дадовме фотоапарати; се прошетаа околу кампусот;
-
15:26 - 15:31направија 12 слики од нивните омилени професори, нивната соба, нивното куче,
-
15:31 - 15:33и со сите други работи коишто сакаа да им останат во сеќавање.
-
15:33 - 15:36Ни го враќаат апаратот, го развиваме филмот,
-
15:36 - 15:38одлучуваат кои се двете најдобри фотографии,
-
15:38 - 15:40а следните 6 часа им држиме предавање за мрачните комори.
-
15:40 - 15:42Ги изработуваат двете фотографии,
-
15:42 - 15:44и си имаат две прекрасни 8x10 фотографии
-
15:44 - 15:46со значајни работи на нив, а ние им викаме,
-
15:46 - 15:49"Од која ќе се откажеш?"
-
15:49 - 15:50Тие велат, "Морам ли да се откажам?"
-
15:50 - 15:53"А да. Ни треба една како доказ за спроведениот проект.
-
15:53 - 15:56Ќе мора да ми дадеш една. Мораш да се одлучиш.
-
15:56 - 15:59Едната ќе си ја земеш за себе, а другата ќе ми ја дадеш."
-
15:59 - 16:02Е сега, има две сценарија во овој експеримент.
-
16:02 - 16:05Во еден случај, на студентите им е кажано, "Но знаете,
-
16:05 - 16:08ако се предомислиш, другата слика ќе биде кај мене,
-
16:08 - 16:12и во следните четири дена, пред да ја испратам во штабот,
-
16:12 - 16:15со задоволство'' -- (Смеа) -- да, "штабот" --
-
16:15 - 16:18"Со задоволство ќе ти ја заменам. Всушност,
-
16:18 - 16:19ќе дојдам до твојата соба и ќе ти ја заменам
-
16:19 - 16:22-- само прати ми имеил. Уствари, за секој случај ќе те контактирам.
-
16:22 - 16:25Ако се предомислиш, веднаш ќе ти ја заменам."
-
16:25 - 16:28На другата половина студенти им е кажано токму спротивното:
-
16:28 - 16:30"Изберете си слика. И патем,
-
16:30 - 16:33поштата веднаш ја пуштаме, за две минути, на пат за Англија.
-
16:33 - 16:35Вашата фотографија ќе лета преку Атлантикот.
-
16:35 - 16:37Никогаш повеќе нема да ја видите."
-
16:37 - 16:40Е сега, половина од студентите и од двете групи
-
16:40 - 16:42ги замолуваме да предвидат колку многу ќе им
-
16:42 - 16:45се допаѓа сликата што ја задржале
-
16:45 - 16:47и сликата што ја оставиле.
-
16:47 - 16:50Другите студенти ги испраќаме во нивните мали соби
-
16:50 - 16:55и во следните три до шест дена мериме
-
16:55 - 16:57колку им се допаѓаат и колку се задоволни од сликите.
-
16:57 - 16:58И видете што откривме.
-
16:58 - 17:01Пред сè, еве што очекуваат студентите да се случи.
-
17:01 - 17:05Тие мислат дека можеби повеќе ќе им се допаѓа сликата што ја избрале
-
17:05 - 17:08во споредба со онаа што ја оставиле,
-
17:08 - 17:11но овие разлики не се статистички значајни.
-
17:12 - 17:14Многу мало зголемување, и не беше многу важно
-
17:14 - 17:17дали биле во реверзибилната или во иреверзибилната група.
-
17:17 - 17:22Погрешно. Лоши симулатори. Бидејќи еве што навистина се случи.
-
17:22 - 17:25И непосредно пред замената и пет дена подоцна,
-
17:25 - 17:27луѓето кои се заглавени со таа слика.
-
17:27 - 17:28кои немаат избор,
-
17:28 - 17:33не можат да се предомислат, тие си ја сакаат сликата ептен!
-
17:33 - 17:36А луѓето кои размислуваат -- "Да ја вратам ли?
-
17:36 - 17:38Ја зедов ли вистинската? Можеби оваа не е добра?
-
17:38 - 17:40Можеби ја оставив убавата? -- се измачуваат до крај.
-
17:40 - 17:42На нив не им се допаѓа сликата, и всушност
-
17:42 - 17:44дури и кога измина периодот за замена,
-
17:44 - 17:50тие се уште не си ја сакаа сликата. Зошто?
-
17:50 - 17:53Бидејќи состојбата во која можете да избирате не е погодна
-
17:53 - 17:55за вештачко создавање на среќата.
-
17:55 - 17:58И еве ви го завршниот дел од овој експеримент.
-
17:58 - 18:02Земаме потполно нова група наивни студенти од Харвард
-
18:02 - 18:05и им велиме, "Знаете, спроведуваме курс за фотографија,
-
18:05 - 18:07а можеме да го спроведеме на два начина.
-
18:07 - 18:10Во едниот, откако ќе ги направите двете слики
-
18:10 - 18:12ќе имате четири дена за да се предомислите,
-
18:12 - 18:14а во другиот курс, откако ќе ги направите двете фотографии
-
18:14 - 18:16и откако ќе се одлучите на лице место,
-
18:16 - 18:18после тоа нема предомислување. Во кој курс би сакале да бидете вклучени?
-
18:18 - 18:23Оф! 66 проценти од студентите, две-третини,
-
18:23 - 18:27повеќе сакаат да бидат во курсот каде ќе имаат можност да се предомислат.
-
18:27 - 18:31Ало? 66 проценти од студентите сакаат да бидат во курсот во кој
-
18:31 - 18:35на крајот ќе бидат длабоко незадоволни од сликата.
-
18:35 - 18:41Бидејќи тие не ги знаат условите во кои расте вештачката среќа.
-
18:41 - 18:46Бард кажал сè како што треба, се разбира, и ја потврдува мојата поента
-
18:46 - 18:49но тоа го прави хиперболично:
-
18:49 - 18:52"Не постои добро или лошо / Тоа зависи од мислењето."
-
18:52 - 18:55Убава поезија, но не е сосема точна.
-
18:55 - 18:58Зарем навистина не постои добро и лошо?
-
18:58 - 19:01Зарем операција на жолчното ќесе е исто што и патување до
-
19:01 - 19:08Париз? Ми се чини дека ова е IQ тест со едно прашање.
-
19:08 - 19:10Не можете сосема да ги изедначите.
-
19:10 - 19:13Со една бомбастична проза, но поблиску до вистината,
-
19:13 - 19:16е таткото на модерниот капитализам, Адам Смит, кога го кажал ова.
-
19:16 - 19:18За ова вреди да размислите:
-
19:18 - 19:22"Главниот извор на несреќата и пореметувањата во човечкиот живот
-
19:22 - 19:25се чини дека настанува од преценувањето на разликата
-
19:25 - 19:28помеѓу една перманентна ситуација и друга ...
-
19:28 - 19:33Некои од овие ситуации, без сомнеж, заслужуваат да бидат попосакувани од други,
-
19:33 - 19:39но ниту една од нив не вреди толку за да трагате
-
19:39 - 19:43по нејзе со толкав страстен жар кој ве води да ги прекршите правилата
-
19:43 - 19:48на разумот или правдата, и кој ви го нарушува мирот во душата засекогаш,
-
19:48 - 19:52или преку срамот кога ќе се сетите на сопствената лудост,
-
19:52 - 19:56или преку вината за ужасот и неправдата што сте ја нанеле."
-
19:56 - 20:01Со други зборови: да, некои работи се подобри од другите.
-
20:01 - 20:06Треба да имаме преференции кои ќе нè водат кон одредена иднина, а не кон друга.
-
20:06 - 20:10Но кога овие преференции нè притискаат пресилно и пребрзо
-
20:10 - 20:14поради тоа што сме ја прецениле разликата помеѓу овие иднини,
-
20:14 - 20:17тогаш е ризично.
-
20:17 - 20:20Кога нашата амбиција е ограничена, тогаш работиме со радост.
-
20:20 - 20:26Кога нашата амбиција е неограничена, нè води да лажеме, да мамиме, да ги повредуваме другите,
-
20:26 - 20:30да ги жртвуваме нештата со вистинска вредност. Кога нашите стравови се ограничени,
-
20:30 - 20:34тогаш сме разборити; претпазливи; разумни.
-
20:34 - 20:37Кога нашите стравови се неограничени и над секоја мера,
-
20:37 - 20:40тогаш сме несовесни и дејствуваме кукавички.
-
20:40 - 20:43Поуката што сакам да ви ја оставам од овие податоци
-
20:43 - 20:48е дека нашите копнежи и грижи се до одреден степен претерани,
-
20:48 - 20:54бидејќи ние во самите нас имаме капацитет за создавање на вредноста
-
20:54 - 20:58по која постојано трагаме со нашето однесување.
-
20:58 - 20:59Ви благодарам.
- Title:
- Ден Гилберт: Изненадувачките научни откритија за среќата
- Speaker:
- Dan Gilbert
- Description:
-
Ден Гилберт, автор на книгата Сопнати од Среќата, ја оспорува идејата која вели дека би биле несреќни доколку не го добиеме она што го сакаме. Нашиот "психолошки имун систем" ни овозможува да бидеме навистина среќни дури и кога работите не се одвиваат онака како што сме планирале.
- Video Language:
- English
- Team:
closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 20:59
![]() |
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for The surprising science of happiness | |
![]() |
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for The surprising science of happiness | |
![]() |
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for The surprising science of happiness | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The surprising science of happiness | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The surprising science of happiness | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The surprising science of happiness | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The surprising science of happiness | |
![]() |
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for The surprising science of happiness |