-
Title:
Како уметноста ми помага да се справам со загадувањето со пластика во океаните
-
Description:
Алехандро Дуран користи уметност за да го сврти вниманието кон актуелното уништување на океанските екосистеми. Во овој извонреден говор, тој покажува како педантно го организира и одново употребува пластичниот отпад од сите краеви на светот што завршува на карипскиот брег на Мексико - почнувајќи од пластични шишиња до протетички нозе - за да создаде колоритни, еколошки уметнички дела кои ќе ве восхитат и запрепастат.
-
Speaker:
Алехандро Дуран
-
Ова е Сиан Кан.
-
Јужно од Тулум
на карипскиот брег на Мексико,
-
тоа е резерват заштитен од државата,
-
светско наследство на УНЕСКО
-
и еден од најбиоразновидните
региони на планетата.
-
Но кога прв пат го посетив
во 2010 г.,
-
бев згрозен и целосно зачуден
-
зошто плажата е претрупана со ѓубре.
-
Брзо сфатив
дека допловува од целиот свет.
-
По првото патување,
се враќав
¶
-
неколкупати годишно
-
во Сиан Кан
во државата каде сум роден,
-
за да работам со ова ѓубре.
-
И досега,
-
имаме документирано отпад
од 58 различни држави и територии
-
на 6 континенти,
-
што испливал на брегот
на овој рај во Мексико.
-
Иако никогаш не можам да знам
каде бил фрлен производот,
¶
-
некогаш можам да откријам
според ознаката.
-
Со црвено се означени државите
застапени од своето ѓубре
-
во Сиан Кан.
-
Како овие садови за путер од Хаити
во сите форми и големини,
-
шишиња за вода од Јамајка.
-
Не е зачудувачки што голем дел
е од соседните карипски држави,
-
но има работи од секаде.
-
Еве пример
од меѓународни шишиња за вода.
-
И иронично е што
многу од најдените производи
-
се наменети за чистење
и разубавување,
-
како производов од САД,
-
што всушност е направен
да ја штити пластиката,
-
-
-
варикина од Коста Рика
-
и средство за чистење тоалет
од Норвешка.
-
Ова се многу секојдневни
производи за нас,
-
или се надевам дека ви се познати
четкиве за заби.
-
-
-
Играчки.
-
Исто така наоѓам докази
од изгорено пластично ѓубре,
-
што во воздухот ослободува
гасови кои предизвикуваат рак.
-
Луѓето ме прашуваат за најинтересниот
предмет што сум го нашол,
¶
-
и тоа убедливо е
оваа протетичка нога.
-
И во позадината, ако можете да ја видите
малата сина тапа,
-
во моментот кога ја најдов,
-
беше дом на овој
мал рак пустиник.
-
Овој дечко е многу сладок.
-
-
-
-
но истовремено згрозувачки предмети,
-
секој со своја приказна,
-
ги користам за краткотрајни,
еколошки уметнички дела.
-
И се почна со оваа слика
во февруари 2010,
¶
-
кога прв пат го посетив Сиан Кан.
-
Забележав дека сината е најдоминантна
боја во пластиките.
-
Виолетовата е всушност најретка.
Таа е како злато за мене.
-
Но сината е најдоминантна,
-
па собрав некои од сините
-
и го направив овој мал аранжман
пред синото небо
-
и сините карипски води.
-
И кога фотографирав
и погледнав во пробната слика,
-
беше како да ме удри молња
во тој момент,
-
и знаев
дека ќе мора да се вратам
-
да создадам низа поставки
на лице место
-
и да ги фотографирам.
-
Па ова се претвори во скица
¶
-
за дело кое го завршив
3 години подоцна.
-
Немав идеја
дека 10 години подоцна,
-
речиси деценија подоцна,
сѐ уште ќе работам на него.
-
Но проблемот опстојува.
-
Па, ќе ви покажам
некои од фотографиите
¶
-
од серијата наречена „Исфрлено на брегот:
трансформирање загаден пејзаж".
-
Ве молам запомнете
дека не го бојам отпадот.
-
Го собирам
и организирам по боја
-
на истите плажи каде го наоѓам.
-
Ова е мојот скапоцен куп од отпад
од 2015 г.
¶
-
по поставување на првото издание
на "Museo de la Basura,"
-
или „Музеј на отпад".
-
Моја намера е во целост
е да се грижам за овој отпад,
-
да го возвишам,
-
да го ставам на пиедестал
-
и да го поставам.
-
Сите сме виделе
ужасни слики
¶
-
од мртви животни
со пластика во стомаците.
-
И многу е важно
вистински да ги видиме
-
и да ги сфатиме.
-
Но со правење естетски -
некој би рекол прекрасни - аранжмани
-
од ѓубрето на светот,
-
сакам да го заведам гледачот
-
да ги привлечам оние отрпнатите
од грозотијата на светот
-
и да им пружам друг начин
да сфатат што се случува.
-
Некои го опишуваат
Големиот пацифички отпад
¶
-
како остров двојно поголем од Тексас,
-
но ми велат дека е тешко да се види
-
бидејќи повеќе е како смог.
-
Па преку мојата уметност,
-
се обидувам да прикажам
што навистина ѝ се случува на околината
-
и невидливото да го направам видливо.
-
Моето клучно прашање,
по отпочнувањето на проектот,
¶
-
беше „Што ќе правам со ѓубрето
откако ќе завршам?"
-
Некои ми кажаа
дека може да биде оштетена стока
-
откако патувало низ океанот
и било изложено на елементите,
-
дека може да се разгради
и да уништи рециклиран материјал.
-
Ниту депонијата не беше
добро решение.
-
И тогаш конечно, ми светна
-
после сиот мој напор
и на сите луѓе кои ми помогнале
-
да го соберам, организирам и
исчистам ова ѓубре,
-
дека треба да го чувам.
-
Па тоа е планот,
-
да го користам
бесконечен број пати
-
да создавам уште уметнички дела
-
и да поттикнам заедници
да се занимаваат со еколошка уметност.
-
Ова е пример на дело од заедницата,
што го изработивме лани
¶
-
со младината од Пунта Ален
во Сиан Кан.
-
Клучен дел од работата на заедницата
се чистењата на плажите
-
и правење програма за образование.
-
И како што заедницата се зголемува
-
како што се зголемува
колекцијата отпад,
-
навистина верувам дека
ќе се зголеми и влијанието.
-
Како одминуваа годините,
¶
-
станав малку опседнат
со мојата колекција отпад.
-
Ја пакувам во куфери
и патувам со неа.
-
Ја носам на одмор со мене.
-
-
-
почнав да излегувам
од 2Д рамнината на сликата.
-
Многу сум возбуден
за новите дела.
-
Ги гледам како живи уметнички дела
-
кои ќе се видоизменуваат и
растат со текот на времето.
-
Иако моја најголема желба е да
снемам суровини
-
за оваа работа,
-
не сме стигнати дотаму.
-
Па во следната фаза на проектот,
-
планирам да продолжам
со работа во заедницата
-
и да правам уште поголеми свои дела,
-
бидејќи проблемот е огромен.
-
8 милиони тони пластика
влегува во океаните секоја година,
¶
-
и ги уништува екосистемите.
-
Сега, додека зборувам, буквално
се случува излевање на пластика.
-
Го гледам овој проект
како молба за помош и повик за делување.
-
Нашето здравје и иднина се
нераскинливо врзани
-
со иднината на океаните.
-
Го нарекувам проектот „Исфрлено на брегот:
трансформирање загаден пејзаж,"
-
но проектот ме трансформира и мене
-
и ме поттикна да си ги преиспитам
постапките и потрошувачката.
-
И ако може да му помогне некому
да стане посвесен,
-
тогаш трудот ќе вреди.
-
-