Return to Video

Оваа виртуелна лабораторија од корен ќе го промени часот по наука

  • 0:01 - 0:03
    Денеска ќе ви покажам
  • 0:03 - 0:07
    како овој таблет и сет за
    виртуелна реалност кој го носам
  • 0:07 - 0:11
    од корен ќе го изменат
    научното образование.
  • 0:12 - 0:14
    Ќе ви покажам
  • 0:14 - 0:19
    како може да го направи поефективен,
    било кој учител по наука.
  • 0:19 - 0:23
    Но, пред да ви покажам
    како сето ова е возможно,
  • 0:23 - 0:28
    на кратко да објасниме зошто
    подобро научно образование
  • 0:28 - 0:31
    е есенцијално.
  • 0:32 - 0:33
    Размислете малку,
  • 0:33 - 0:35
    светот многу брзо расте.
  • 0:35 - 0:39
    Со тој раст доаѓаат голем
    број предизвици,
  • 0:39 - 0:42
    како на пример
    глобално затоплување,
  • 0:42 - 0:45
    како да се надмине недостаток
    на храна и вода
  • 0:45 - 0:46
    и лечење болести,
  • 0:46 - 0:48
    се само неколку од
    проблемите.
  • 0:48 - 0:54
    Кој ќе ни помогне да ги решиме овие
    големи проблеми?
  • 0:55 - 0:58
    Па, во голема мера овие
    млади студенти.
  • 0:58 - 1:02
    Ова е следната генерација на
    млади, бистри научници.
  • 1:02 - 1:05
    И сите ние зависиме од нив,
    на многу начини,
  • 1:05 - 1:08
    да создадат нови, брилијантни иновации
  • 1:08 - 1:12
    да ни помогнат да ги решиме
    сите проблеми кои се пред нас.
  • 1:13 - 1:15
    Пред неколку години,
  • 1:15 - 1:19
    мојот соработник и јас предававме
    на студенти,
  • 1:19 - 1:24
    кои изгледаа вака.
  • 1:24 - 1:25
    (Смеа)
  • 1:25 - 1:28
    Да, ова е реалноста
  • 1:28 - 1:32
    за многу универзитети низ светот:
  • 1:32 - 1:34
    на студентите им е досадно и
    не се заинтересирани,
  • 1:34 - 1:38
    а некогаш дури и не знаат
  • 1:38 - 1:40
    зошто ја учат таа лекција.
  • 1:40 - 1:44
    Почнавме да бараме нови,
    иновативни методи на предавање,
  • 1:44 - 1:47
    но она што го најдовме беше разочарувачко.
  • 1:47 - 1:51
    Книгите се претвараат во е-книги,
  • 1:51 - 1:55
    Црните табли се заменуваат со
    YouTube видеа
  • 1:55 - 1:58
    и предавањата од амфитеатрите
    се претвараат во МООК--
  • 1:58 - 2:00
    Масовни Онлајн Отворени Курсеви.
  • 2:01 - 2:02
    Ако размислите,
  • 2:02 - 2:06
    истата содржина
  • 2:06 - 2:07
    и истиот формат,
  • 2:07 - 2:10
    им го даваме на поголем број ученици---
  • 2:11 - 2:13
    што во принцип е супер--
  • 2:13 - 2:17
    но методот на предавање е
    повеќе или помалку истиот,
  • 2:17 - 2:19
    нема никаква иновација.
  • 2:20 - 2:22
    Почнавме да бараме на друго
    место.
  • 2:22 - 2:26
    Се покажало дека
    симулаторите за летање
  • 2:26 - 2:28
    се многу поефикасни
    за обука на пилоти,
  • 2:28 - 2:33
    доколку се користат во комбинација
    со вистински летови.
  • 2:33 - 2:35
    Се прашавме:
  • 2:36 - 2:38
    Зошто не го искористиме
    истото за учење наука?
  • 2:38 - 2:42
    Зошто да не изградиме симулатор
    за виртуелна лабараторија?
  • 2:43 - 2:45
    И токму тоа и го направивме.
  • 2:45 - 2:47
    Создадовме
  • 2:47 - 2:52
    симулатор, еден-на-еден,
    виртуелна лабораторија,
  • 2:52 - 2:55
    каде што студентите
    можат да експериментираат
  • 2:55 - 2:56
    со математички формули.
  • 2:56 - 3:00
    Го симулира она што се случува
    во вистинска лабораторија.
  • 3:00 - 3:01
    Но не само едноставни симулации---
  • 3:01 - 3:03
    создадовме и напредни симулации
  • 3:04 - 3:05
    со познати универзитети како МИТ,
  • 3:05 - 3:10
    за да го приближиме најновото истражување
    за ракот до овие студенти.
  • 3:11 - 3:13
    И одеднаш, универзитетите можат да
    заштедат милиони долари
  • 3:13 - 3:16
    со тоа што студентите ќе изведуваат
    виртуални експерименти
  • 3:16 - 3:19
    пред да влезат во вистинска лабораторија.
  • 3:20 - 3:23
    Не само тоа: сега, можат да разберат---
  • 3:23 - 3:25
    дури и на молекуларно ниво
    во машината--
  • 3:25 - 3:28
    што се случува.
  • 3:28 - 3:30
    И одеднаш можат да извршуваат
  • 3:30 - 3:33
    опасни експерименти.
  • 3:33 - 3:34
    Како на пример овде,
  • 3:34 - 3:38
    објаснувањето за бактеријата Салмонела,
    важна лекција која што многу
  • 3:38 - 3:42
    училишта не можат да ја предаваат
    заради безбедносни причини.
  • 3:42 - 3:44
    Ние ги тестираме студентите
  • 3:44 - 3:46
    и им даваме на учителите
    еден куп информации,
  • 3:47 - 3:49
    за да разберат на кое ниво се студентите.
  • 3:50 - 3:51
    Но не застанавме тука,
  • 3:51 - 3:54
    затоа што знаевме колку
    е важна смислата
  • 3:54 - 3:56
    кога станува збор за активноста
    на студентот.
  • 3:56 - 3:58
    Поканивме дизајнер на игри
  • 3:58 - 4:01
    да создаде забавни и интересни приказни.
  • 4:01 - 4:03
    На пример, во овој случај,
  • 4:03 - 4:07
    каде што студентите треба да разрешат
    мистериозно убиство
  • 4:07 - 4:09
    користејќи ги основните научни вештини.
  • 4:12 - 4:14
    Кога го почнавме ова, реакциите
    кои ги добивме
  • 4:14 - 4:16
    беа многу позитивни.
  • 4:16 - 4:18
    Овде имаме 300 студенти,
  • 4:18 - 4:21
    кои страсно решаваат случаи на
    убиство
  • 4:21 - 4:23
    додека ги учат основните научни принципи.
  • 4:23 - 4:25
    Она што најмногу ми се допаѓа
  • 4:25 - 4:29
    е кога студентите ќе дојдат кај мене
    после ова,
  • 4:29 - 4:31
    малку збунети и изненадени,
  • 4:31 - 4:36
    и ќе речат: „Штотуку поминав два часа во
    виртуелнава лабораторија,
  • 4:36 - 4:39
    а не проверив Фејсбук?!."
  • 4:39 - 4:40
    (Смеа)
  • 4:40 - 4:45
    Тоа покажува колку привлечно и извонредно
    ова е за студентите.
  • 4:45 - 4:47
    За да испитаме дали ова
    навистина функционира,
  • 4:48 - 4:52
    образовен психолог направи
    истражување со 160 студенти--
  • 4:52 - 4:56
    од Стенфорд Универзитетот и
    Технички Универзитет од Данска.
  • 4:56 - 5:00
    Ги поделија студентите на две групи.
  • 5:00 - 5:04
    Едната група ја користеше само
    виртуелната лабораторија,
  • 5:04 - 5:08
    а другата само традиционалните наставни
    методи.
  • 5:08 - 5:10
    И на двете групи им беше
    дадено истото време.
  • 5:11 - 5:12
    Интересно,
  • 5:12 - 5:16
    ги тестираа студентите пред и после
    експериментот,
  • 5:16 - 5:20
    за да го измерат влијанието на
    наставните методи.
  • 5:20 - 5:22
    Изненадувачки резултати.
  • 5:22 - 5:27
    Виртуелната лабораторија го
    подобрува учењето за 76%
  • 5:27 - 5:32
    во споредба со традиционалните
    наставни методи.
  • 5:32 - 5:34
    Уште поинтересен,
  • 5:34 - 5:37
    е вториот дел од студијава, кој испитуваше
  • 5:37 - 5:40
    какво е влијанието на наставникот врз
    процесот на учење.
  • 5:40 - 5:41
    Истражувањето покажа
  • 5:41 - 5:44
    дека ако ја комбинирате виртуелната
    лабораторија
  • 5:44 - 5:46
    со менторирање од страна на наставник
  • 5:47 - 5:52
    тогаш процесот на учење се
    подобрува за 101%
  • 5:52 - 5:57
    што значи го дуплирате
    влијанието на учителот
  • 5:57 - 6:00
    а времето поминато со ученикот
    останува исто.
  • 6:02 - 6:04
    Пред неколку месеци,
  • 6:05 - 6:06
    се прашавме --
  • 6:06 - 6:09
    имаме прекрасен тим на
    образовни психолози,
  • 6:09 - 6:11
    учители, научници
    и програмери на игри --
  • 6:11 - 6:13
    и се прашавме:
  • 6:13 - 6:15
    На кој начин да си го одржиме ветувањето
  • 6:15 - 6:18
    дека постојано ќе го
    осмислуваме образованието?
  • 6:18 - 6:23
    Денес, ќе ви покажам што создадовме
  • 6:23 - 6:26
    со макотрпно работење.
  • 6:28 - 6:31
    Кратко ќе објаснам што е ова.
  • 6:31 - 6:34
    Кога ќе го земам мојот мобилен телефон --
  • 6:34 - 6:36
    скоро секој студент има паметен телефон--
  • 6:36 - 6:41
    и го поврзам со овој ефтин сет
    за виртуелна реалност.
  • 6:41 - 6:43
    И сега
  • 6:43 - 6:46
    можам буквално
    да влезам во виртуелниот свет.
  • 6:46 - 6:49
    Доброволци од публиката
    ќе можат да го пробаат ова,
  • 6:49 - 6:52
    затоа што ова е нешто што
    мора да го пробате
  • 6:52 - 6:55
    за да осетите колку е ефективно.
  • 6:55 - 6:58
    Чувството е како да сум влегол
    во виртуелна лабараторија.
  • 6:58 - 7:00
    Дали ме гледате на екранот?
  • 7:00 - 7:01
    Публиката: Да.
  • 7:01 - 7:03
    Мајкл Бодакаер: Супер!
  • 7:03 - 7:06
    Штотуку го претворив мојот мобилен
  • 7:06 - 7:09
    во виртуелна лабораторија
  • 7:09 - 7:12
    која содржи неверојатна опрема
    со која можам да ракувам.
  • 7:12 - 7:16
    Можам да работам со пипета, на пример.
  • 7:16 - 7:18
    Имам Е-гел, ПСР,
    погледнете онде,
  • 7:18 - 7:21
    најновата машина за секвенционирање,
  • 7:21 - 7:24
    а онаму дури имам електронски микроскоп.
  • 7:24 - 7:28
    Кој носи електронски микроскоп во џеб?
  • 7:28 - 7:30
    И овде ја имам мојата машина,
  • 7:30 - 7:32
    Со неа можам да правам различни
    експерименти.
  • 7:32 - 7:33
    Овде имам врата,
  • 7:33 - 7:36
    Можам да одам во
  • 7:36 - 7:38
    други лаборатории.
  • 7:38 - 7:40
    И овде, го имам мојот таблет
    преку кој учам.
  • 7:40 - 7:41
    Овој таблет ми овозможува
  • 7:41 - 7:44
    да ја прочитам теоријата
    поврзана со експериментот.
  • 7:44 - 7:46
    Можам да работам на таблетот.
  • 7:46 - 7:50
    Можам да гледам видеа
    поврзани со
  • 7:50 - 7:53
    експериментот кој го
    правам во тој момент.
  • 7:54 - 7:55
    И онаму е Мари.
  • 7:56 - 7:59
    Таа е мојата учителка--
    лабораториски асистент--
  • 7:59 - 8:02
    таа ме води низ
    целава лабараторија.
  • 8:02 - 8:03
    И наскоро,
  • 8:03 - 8:06
    учителите ќе можат да се телепортираат
  • 8:06 - 8:09
    во овој виртуелен свет во кој
    сум моментално
  • 8:09 - 8:12
    за да ми помогнат, да ме водат,
    низ целиот експеримент.
  • 8:12 - 8:15
    И сега, пред да завршам.
  • 8:15 - 8:18
    Сакам да ви покажам нешто уште
    поинтересно --
  • 8:18 - 8:21
    нешто што е невозможно
    во вистинска лабараторија.
  • 8:21 - 8:22
    Ова е ПСР машина.
  • 8:22 - 8:24
    Ќе го почнам експериментот.
  • 8:24 - 8:29
    И сега се смалив себе си за милион пати
  • 8:29 - 8:30
    голем сум колку молекула --
  • 8:30 - 8:33
    чувството е неопишливо,
    мора да пробате самите.
  • 8:33 - 8:35
    Се чуствувам како да сум во машината
  • 8:35 - 8:38
    и ја гледам целата ДНК-а,
    ги гледам молекулите.
  • 8:38 - 8:41
    Ја набљудувам полимеразата
    и ензимите итн.
  • 8:41 - 8:43
    И гледам како во овој случај,
  • 8:43 - 8:46
    ДНК-а се реплицира милиони пати,
  • 8:46 - 8:49
    онака како што се случува во вашето тело,
    токму во моментов.
  • 8:49 - 8:53
    Можам да почувствувам и разберам
    како сето ова функционира.
  • 8:54 - 8:58
    Се надевам од ова можете да насетите
  • 8:58 - 9:02
    какви можности ни нудат овие
    наставни методи.
  • 9:04 - 9:06
    Исто така сакам да нагласам,
  • 9:06 - 9:09
    сè што видовте е компатибилно со
    ај-пад и лаптоп,
  • 9:09 - 9:10
    не мора да се користи сетот за глава.
  • 9:11 - 9:13
    Го велам ова заради
    многу важна причина.
  • 9:13 - 9:17
    За да ја поттикнеме и инспирираме
  • 9:17 - 9:19
    наредната генерација на научници,
  • 9:19 - 9:23
    наставниците треба да бидат носители
  • 9:23 - 9:25
    на процесот на воведување
    на нови технологии.
  • 9:27 - 9:28
    И на многу начини,
  • 9:28 - 9:33
    верувам дека наредниот квантен скок
    во научното образование
  • 9:33 - 9:35
    не зависи од технологијата,
  • 9:35 - 9:37
    туку од спремноста на наставникот
  • 9:37 - 9:40
    да ги промовира и адаптира
    овие технологии
  • 9:40 - 9:42
    во училницата.
  • 9:42 - 9:46
    Се надеваме дека повеќе
    универзитети, училишта и учители
  • 9:46 - 9:49
    ќе соработуваат со технолошките компании
  • 9:49 - 9:51
    за да го извадат максимумот од ова.
  • 9:53 - 9:54
    И, за крај
  • 9:54 - 9:57
    сакам да ви раскажам приказна
  • 9:57 - 9:59
    која што ме инспирира.
  • 9:59 - 10:01
    Тоа е приказната за Џек Андрака.
  • 10:01 - 10:03
    Некои од вас можеби го познаваат.
  • 10:03 - 10:10
    Џек создаде нов, пионерски ефтин тест за
    рак на панкреасот
  • 10:10 - 10:13
    на 15 годишна возраст.
  • 10:14 - 10:17
    Кога Џек ја споделува неговата приказна
    за тоа како дошол до големото откритие
  • 10:18 - 10:21
    тој исто така објаснува дека малку фалело
    да не дојде
  • 10:21 - 10:23
    до откритието.
  • 10:24 - 10:29
    Тој немал пристап до вистинска
    лабораторија.
  • 10:29 - 10:31
    Немал искуство, па затоа
  • 10:31 - 10:33
    не му било дозволено да влезе.
  • 10:34 - 10:36
    Сега, замислете што ќе се случи
  • 10:36 - 10:39
    ако овие скапи виртуелни лаборатории
    им ги ставиме на располагање
  • 10:39 - 10:41
    на учениците како Џек,
  • 10:41 - 10:43
    низ целиот свет,
  • 10:43 - 10:47
    и им ги дадеме најновите машини
    што можете да ги замислите,
  • 10:47 - 10:49
    од кои секој научник овде
  • 10:49 - 10:52
    би скокал од возбуда.
  • 10:52 - 10:56
    На овој начин ќе охрабриме една
  • 10:56 - 11:01
    цела генерација на
    млади и паметни научници,
  • 11:01 - 11:04
    спремни да создаваат и
    да го променат светот.
  • 11:04 - 11:05
    Благодарам многу.
  • 11:05 - 11:13
    (Аплауз)
Title:
Оваа виртуелна лабораторија од корен ќе го промени часот по наука
Speaker:
Мајкл Бодакер
Description:

Виртуелната реалност повеќе не е дел од некоја далечна иднина, и повеќе не служи само за играње и забава. Мајкл Бодакер, преку неа, сака да го направи подостапно квалитетното образование. Во овој освежувачки говор, тој демонстрира идеја која би можела од корен да го промени начинот на кој предаваме наука во училиштата денес.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
11:26

Macedonian subtitles

Revisions