WEBVTT 00:00:00.879 --> 00:00:02.881 Денеска ќе ви покажам 00:00:02.905 --> 00:00:07.334 како овој таблет и сет за виртуелна реалност кој го носам 00:00:07.358 --> 00:00:11.399 од корен ќе го изменат научното образование. 00:00:12.100 --> 00:00:13.895 Ќе ви покажам 00:00:13.919 --> 00:00:18.703 како може да го направи поефективен, било кој учител по наука. 00:00:19.124 --> 00:00:22.588 Но, пред да ви покажам како сето ова е возможно, 00:00:22.612 --> 00:00:28.151 на кратко да објасниме зошто подобро научно образование 00:00:28.175 --> 00:00:30.615 е есенцијално. NOTE Paragraph 00:00:31.513 --> 00:00:32.674 Размислете малку, 00:00:32.698 --> 00:00:34.973 светот многу брзо расте. 00:00:35.322 --> 00:00:39.207 Со тој раст доаѓаат голем број предизвици, 00:00:39.231 --> 00:00:42.244 како на пример глобално затоплување, 00:00:42.268 --> 00:00:44.631 како да се надмине недостаток на храна и вода 00:00:44.655 --> 00:00:46.107 и лечење болести, 00:00:46.131 --> 00:00:47.656 се само неколку од проблемите. NOTE Paragraph 00:00:48.402 --> 00:00:53.882 Кој ќе ни помогне да ги решиме овие големи проблеми? 00:00:54.733 --> 00:00:58.170 Па, во голема мера овие млади студенти. 00:00:58.194 --> 00:01:02.036 Ова е следната генерација на млади, бистри научници. 00:01:02.060 --> 00:01:05.080 И сите ние зависиме од нив, на многу начини, 00:01:05.104 --> 00:01:07.906 да создадат нови, брилијантни иновации 00:01:07.930 --> 00:01:11.641 да ни помогнат да ги решиме сите проблеми кои се пред нас. 00:01:12.708 --> 00:01:14.659 Пред неколку години, 00:01:14.683 --> 00:01:19.042 мојот соработник и јас предававме на студенти, 00:01:19.066 --> 00:01:24.180 кои изгледаа вака. NOTE Paragraph 00:01:24.204 --> 00:01:25.268 (Смеа) NOTE Paragraph 00:01:25.292 --> 00:01:28.130 Да, ова е реалноста 00:01:28.154 --> 00:01:31.679 за многу универзитети низ светот: 00:01:31.703 --> 00:01:34.356 на студентите им е досадно и не се заинтересирани, 00:01:34.380 --> 00:01:37.985 а некогаш дури и не знаат 00:01:38.009 --> 00:01:39.598 зошто ја учат таа лекција. NOTE Paragraph 00:01:39.763 --> 00:01:44.097 Почнавме да бараме нови, иновативни методи на предавање, 00:01:44.121 --> 00:01:46.944 но она што го најдовме беше разочарувачко. 00:01:46.968 --> 00:01:50.633 Книгите се претвараат во е-книги, 00:01:51.495 --> 00:01:54.511 Црните табли се заменуваат со YouTube видеа 00:01:54.535 --> 00:01:57.679 и предавањата од амфитеатрите се претвараат во МООК-- 00:01:57.703 --> 00:02:00.004 Масовни Онлајн Отворени Курсеви. 00:02:00.694 --> 00:02:01.941 Ако размислите, 00:02:01.965 --> 00:02:05.548 истата содржина 00:02:05.572 --> 00:02:07.120 и истиот формат, 00:02:07.144 --> 00:02:10.070 им го даваме на поголем број ученици--- 00:02:10.565 --> 00:02:13.403 што во принцип е супер-- 00:02:13.427 --> 00:02:17.054 но методот на предавање е повеќе или помалку истиот, 00:02:17.078 --> 00:02:19.374 нема никаква иновација. NOTE Paragraph 00:02:19.863 --> 00:02:21.882 Почнавме да бараме на друго место. 00:02:21.906 --> 00:02:25.637 Се покажало дека симулаторите за летање 00:02:25.637 --> 00:02:28.024 се многу поефикасни за обука на пилоти, 00:02:28.048 --> 00:02:33.314 доколку се користат во комбинација со вистински летови. 00:02:33.338 --> 00:02:34.963 Се прашавме: 00:02:35.532 --> 00:02:37.869 Зошто не го искористиме истото за учење наука? 00:02:37.893 --> 00:02:42.444 Зошто да не изградиме симулатор за виртуелна лабараторија? NOTE Paragraph 00:02:42.873 --> 00:02:44.811 И токму тоа и го направивме. 00:02:44.835 --> 00:02:46.653 Создадовме 00:02:46.677 --> 00:02:52.292 симулатор, еден-на-еден, виртуелна лабораторија, 00:02:52.316 --> 00:02:54.513 каде што студентите можат да експериментираат 00:02:54.537 --> 00:02:56.447 со математички формули. 00:02:56.471 --> 00:02:59.690 Го симулира она што се случува во вистинска лабораторија. 00:02:59.714 --> 00:03:01.393 Но не само едноставни симулации--- 00:03:01.417 --> 00:03:03.483 создадовме и напредни симулации 00:03:03.507 --> 00:03:05.431 со познати универзитети како МИТ, 00:03:05.455 --> 00:03:09.824 за да го приближиме најновото истражување за ракот до овие студенти. 00:03:10.520 --> 00:03:13.403 И одеднаш, универзитетите можат да заштедат милиони долари 00:03:13.427 --> 00:03:16.357 со тоа што студентите ќе изведуваат виртуални експерименти 00:03:16.381 --> 00:03:19.493 пред да влезат во вистинска лабораторија. 00:03:20.303 --> 00:03:22.835 Не само тоа: сега, можат да разберат--- 00:03:22.859 --> 00:03:25.292 дури и на молекуларно ниво во машината-- 00:03:25.316 --> 00:03:27.992 што се случува. 00:03:28.016 --> 00:03:29.915 И одеднаш можат да извршуваат 00:03:29.939 --> 00:03:32.567 опасни експерименти. 00:03:32.591 --> 00:03:34.077 Како на пример овде, 00:03:34.101 --> 00:03:37.713 објаснувањето за бактеријата Салмонела, важна лекција која што многу 00:03:37.737 --> 00:03:41.708 училишта не можат да ја предаваат заради безбедносни причини. 00:03:42.315 --> 00:03:44.052 Ние ги тестираме студентите 00:03:44.076 --> 00:03:46.481 и им даваме на учителите еден куп информации, 00:03:46.505 --> 00:03:49.431 за да разберат на кое ниво се студентите. NOTE Paragraph 00:03:50.134 --> 00:03:51.342 Но не застанавме тука, 00:03:51.366 --> 00:03:53.691 затоа што знаевме колку е важна смислата 00:03:53.715 --> 00:03:56.001 кога станува збор за активноста на студентот. 00:03:56.025 --> 00:03:57.747 Поканивме дизајнер на игри 00:03:57.771 --> 00:04:00.652 да создаде забавни и интересни приказни. 00:04:00.676 --> 00:04:02.510 На пример, во овој случај, 00:04:02.534 --> 00:04:06.657 каде што студентите треба да разрешат мистериозно убиство 00:04:06.681 --> 00:04:09.375 користејќи ги основните научни вештини. NOTE Paragraph 00:04:11.861 --> 00:04:14.305 Кога го почнавме ова, реакциите кои ги добивме 00:04:14.329 --> 00:04:16.281 беа многу позитивни. 00:04:16.305 --> 00:04:18.108 Овде имаме 300 студенти, 00:04:18.132 --> 00:04:20.631 кои страсно решаваат случаи на убиство 00:04:20.631 --> 00:04:22.736 додека ги учат основните научни принципи. 00:04:22.760 --> 00:04:25.005 Она што најмногу ми се допаѓа 00:04:25.029 --> 00:04:28.673 е кога студентите ќе дојдат кај мене после ова, 00:04:28.697 --> 00:04:30.812 малку збунети и изненадени, 00:04:30.836 --> 00:04:35.539 и ќе речат: „Штотуку поминав два часа во виртуелнава лабораторија, 00:04:36.432 --> 00:04:38.611 а не проверив Фејсбук?!." NOTE Paragraph 00:04:38.635 --> 00:04:39.964 (Смеа) NOTE Paragraph 00:04:39.988 --> 00:04:44.639 Тоа покажува колку привлечно и извонредно ова е за студентите. NOTE Paragraph 00:04:44.663 --> 00:04:47.483 За да испитаме дали ова навистина функционира, 00:04:47.507 --> 00:04:51.910 образовен психолог направи истражување со 160 студенти-- 00:04:51.934 --> 00:04:56.180 од Стенфорд Универзитетот и Технички Универзитет од Данска. 00:04:56.204 --> 00:04:59.736 Ги поделија студентите на две групи. 00:04:59.760 --> 00:05:04.011 Едната група ја користеше само виртуелната лабораторија, 00:05:04.035 --> 00:05:07.735 а другата само традиционалните наставни методи. 00:05:07.759 --> 00:05:10.384 И на двете групи им беше дадено истото време. 00:05:10.801 --> 00:05:11.953 Интересно, 00:05:11.977 --> 00:05:15.644 ги тестираа студентите пред и после експериментот, 00:05:15.668 --> 00:05:20.021 за да го измерат влијанието на наставните методи. 00:05:20.045 --> 00:05:21.653 Изненадувачки резултати. 00:05:21.653 --> 00:05:27.038 Виртуелната лабораторија го подобрува учењето за 76% 00:05:27.062 --> 00:05:31.906 во споредба со традиционалните наставни методи. NOTE Paragraph 00:05:32.349 --> 00:05:33.834 Уште поинтересен, 00:05:33.858 --> 00:05:37.072 е вториот дел од студијава, кој испитуваше 00:05:37.096 --> 00:05:40.000 какво е влијанието на наставникот врз процесот на учење. 00:05:40.024 --> 00:05:41.175 Истражувањето покажа 00:05:41.199 --> 00:05:43.861 дека ако ја комбинирате виртуелната лабораторија 00:05:43.885 --> 00:05:46.489 со менторирање од страна на наставник 00:05:46.513 --> 00:05:52.329 тогаш процесот на учење се подобрува за 101% 00:05:52.353 --> 00:05:56.785 што значи го дуплирате влијанието на учителот 00:05:56.809 --> 00:06:00.297 а времето поминато со ученикот останува исто. 00:06:01.784 --> 00:06:04.494 Пред неколку месеци, 00:06:04.518 --> 00:06:06.031 се прашавме -- 00:06:06.055 --> 00:06:08.602 имаме прекрасен тим на образовни психолози, 00:06:08.626 --> 00:06:10.982 учители, научници и програмери на игри -- 00:06:11.006 --> 00:06:12.547 и се прашавме: 00:06:12.571 --> 00:06:15.166 На кој начин да си го одржиме ветувањето 00:06:15.190 --> 00:06:18.154 дека постојано ќе го осмислуваме образованието? NOTE Paragraph 00:06:18.178 --> 00:06:23.279 Денес, ќе ви покажам што создадовме 00:06:23.303 --> 00:06:26.207 со макотрпно работење. 00:06:28.228 --> 00:06:30.861 Кратко ќе објаснам што е ова. 00:06:30.885 --> 00:06:33.621 Кога ќе го земам мојот мобилен телефон -- 00:06:33.645 --> 00:06:36.351 скоро секој студент има паметен телефон-- 00:06:36.375 --> 00:06:40.899 и го поврзам со овој ефтин сет за виртуелна реалност. 00:06:40.923 --> 00:06:42.892 И сега 00:06:42.916 --> 00:06:46.066 можам буквално да влезам во виртуелниот свет. 00:06:46.090 --> 00:06:49.174 Доброволци од публиката ќе можат да го пробаат ова, 00:06:49.198 --> 00:06:52.354 затоа што ова е нешто што мора да го пробате 00:06:52.378 --> 00:06:54.673 за да осетите колку е ефективно. 00:06:54.697 --> 00:06:58.474 Чувството е како да сум влегол во виртуелна лабараторија. 00:06:58.498 --> 00:07:00.001 Дали ме гледате на екранот? NOTE Paragraph 00:07:00.025 --> 00:07:01.176 Публиката: Да. NOTE Paragraph 00:07:01.200 --> 00:07:02.803 Мајкл Бодакаер: Супер! NOTE Paragraph 00:07:02.827 --> 00:07:05.725 Штотуку го претворив мојот мобилен 00:07:05.749 --> 00:07:09.413 во виртуелна лабораторија 00:07:09.437 --> 00:07:12.262 која содржи неверојатна опрема со која можам да ракувам. 00:07:12.286 --> 00:07:15.659 Можам да работам со пипета, на пример. 00:07:15.683 --> 00:07:18.103 Имам Е-гел, ПСР, погледнете онде, 00:07:18.127 --> 00:07:20.648 најновата машина за секвенционирање, 00:07:20.672 --> 00:07:24.170 а онаму дури имам електронски микроскоп. 00:07:24.194 --> 00:07:27.624 Кој носи електронски микроскоп во џеб? 00:07:27.648 --> 00:07:29.520 И овде ја имам мојата машина, 00:07:29.544 --> 00:07:31.714 Со неа можам да правам различни експерименти. 00:07:31.738 --> 00:07:33.192 Овде имам врата, 00:07:33.216 --> 00:07:35.584 Можам да одам во 00:07:35.608 --> 00:07:37.541 други лаборатории. 00:07:37.565 --> 00:07:39.771 И овде, го имам мојот таблет преку кој учам. 00:07:39.795 --> 00:07:41.249 Овој таблет ми овозможува 00:07:41.273 --> 00:07:44.121 да ја прочитам теоријата поврзана со експериментот. 00:07:44.145 --> 00:07:46.447 Можам да работам на таблетот. 00:07:46.471 --> 00:07:50.365 Можам да гледам видеа поврзани со 00:07:50.389 --> 00:07:53.254 експериментот кој го правам во тој момент. 00:07:54.074 --> 00:07:55.477 И онаму е Мари. 00:07:55.501 --> 00:07:59.020 Таа е мојата учителка-- лабораториски асистент-- 00:07:59.044 --> 00:08:02.221 таа ме води низ целава лабараторија. 00:08:02.245 --> 00:08:03.404 И наскоро, 00:08:03.428 --> 00:08:06.396 учителите ќе можат да се телепортираат 00:08:06.420 --> 00:08:08.979 во овој виртуелен свет во кој сум моментално 00:08:09.003 --> 00:08:12.233 за да ми помогнат, да ме водат, низ целиот експеримент. NOTE Paragraph 00:08:12.257 --> 00:08:14.567 И сега, пред да завршам. 00:08:14.591 --> 00:08:17.559 Сакам да ви покажам нешто уште поинтересно -- 00:08:17.583 --> 00:08:20.619 нешто што е невозможно во вистинска лабараторија. 00:08:20.643 --> 00:08:21.881 Ова е ПСР машина. 00:08:21.905 --> 00:08:24.385 Ќе го почнам експериментот. 00:08:24.409 --> 00:08:28.642 И сега се смалив себе си за милион пати 00:08:28.666 --> 00:08:30.225 голем сум колку молекула -- 00:08:30.249 --> 00:08:32.598 чувството е неопишливо, мора да пробате самите. 00:08:32.622 --> 00:08:35.225 Се чуствувам како да сум во машината 00:08:35.249 --> 00:08:37.842 и ја гледам целата ДНК-а, ги гледам молекулите. 00:08:37.866 --> 00:08:41.469 Ја набљудувам полимеразата и ензимите итн. 00:08:41.493 --> 00:08:43.096 И гледам како во овој случај, 00:08:43.120 --> 00:08:46.197 ДНК-а се реплицира милиони пати, 00:08:46.221 --> 00:08:49.394 онака како што се случува во вашето тело, токму во моментов. 00:08:49.394 --> 00:08:53.205 Можам да почувствувам и разберам како сето ова функционира. NOTE Paragraph 00:08:54.219 --> 00:08:57.513 Се надевам од ова можете да насетите 00:08:57.537 --> 00:09:01.663 какви можности ни нудат овие наставни методи. 00:09:04.230 --> 00:09:05.572 Исто така сакам да нагласам, 00:09:05.596 --> 00:09:08.661 сè што видовте е компатибилно со ај-пад и лаптоп, 00:09:08.661 --> 00:09:10.482 не мора да се користи сетот за глава. 00:09:10.506 --> 00:09:12.870 Го велам ова заради многу важна причина. 00:09:13.394 --> 00:09:16.879 За да ја поттикнеме и инспирираме 00:09:16.903 --> 00:09:19.071 наредната генерација на научници, 00:09:19.095 --> 00:09:22.619 наставниците треба да бидат носители 00:09:22.643 --> 00:09:25.218 на процесот на воведување на нови технологии. 00:09:26.542 --> 00:09:28.420 И на многу начини, 00:09:28.444 --> 00:09:32.799 верувам дека наредниот квантен скок во научното образование 00:09:32.823 --> 00:09:35.132 не зависи од технологијата, 00:09:35.156 --> 00:09:37.037 туку од спремноста на наставникот 00:09:37.061 --> 00:09:40.266 да ги промовира и адаптира овие технологии 00:09:40.290 --> 00:09:42.037 во училницата. 00:09:42.061 --> 00:09:45.898 Се надеваме дека повеќе универзитети, училишта и учители 00:09:45.922 --> 00:09:48.787 ќе соработуваат со технолошките компании 00:09:48.811 --> 00:09:51.335 за да го извадат максимумот од ова. NOTE Paragraph 00:09:52.989 --> 00:09:54.434 И, за крај 00:09:54.458 --> 00:09:57.291 сакам да ви раскажам приказна 00:09:57.315 --> 00:09:58.877 која што ме инспирира. 00:09:58.901 --> 00:10:01.322 Тоа е приказната за Џек Андрака. 00:10:01.346 --> 00:10:03.108 Некои од вас можеби го познаваат. 00:10:03.132 --> 00:10:10.124 Џек создаде нов, пионерски ефтин тест за рак на панкреасот 00:10:10.148 --> 00:10:12.569 на 15 годишна возраст. 00:10:13.758 --> 00:10:17.497 Кога Џек ја споделува неговата приказна за тоа како дошол до големото откритие 00:10:17.521 --> 00:10:21.346 тој исто така објаснува дека малку фалело да не дојде 00:10:21.370 --> 00:10:23.163 до откритието. 00:10:23.543 --> 00:10:28.603 Тој немал пристап до вистинска лабораторија. 00:10:28.627 --> 00:10:31.156 Немал искуство, па затоа 00:10:31.180 --> 00:10:32.621 не му било дозволено да влезе. NOTE Paragraph 00:10:33.853 --> 00:10:36.055 Сега, замислете што ќе се случи 00:10:36.079 --> 00:10:39.348 ако овие скапи виртуелни лаборатории им ги ставиме на располагање 00:10:39.372 --> 00:10:41.443 на учениците како Џек, 00:10:41.467 --> 00:10:43.074 низ целиот свет, 00:10:43.098 --> 00:10:46.654 и им ги дадеме најновите машини што можете да ги замислите, 00:10:46.678 --> 00:10:49.224 од кои секој научник овде 00:10:49.248 --> 00:10:51.721 би скокал од возбуда. 00:10:51.745 --> 00:10:56.355 На овој начин ќе охрабриме една 00:10:56.379 --> 00:11:00.558 цела генерација на млади и паметни научници, 00:11:00.582 --> 00:11:03.785 спремни да создаваат и да го променат светот. NOTE Paragraph 00:11:04.187 --> 00:11:05.338 Благодарам многу. NOTE Paragraph 00:11:05.362 --> 00:11:13.425 (Аплауз)