Subtitles translated from English
Showing Revision 1 created 10/04/2010 by Novica Nakov.
-
Title:
Ривс за четири наутро.
-
Description:
Поетот Ривис раскажува лирично оригами, виткајќи ја историјата во серија случајни настани кои се однесуваат на тој најчуден час, четири наутро.
-
Ова е скорашен стрип од Лос Анџелес Тајмс.
-
Поентата?
-
„Од дргута страна, не мора да станувам во четири
-
наутро секој ден за да го молзам мојот лабрадор.“
-
Ова е скорашна насловна на магазинот Њу Јорк.
-
Најдобрите болници каде докторите велат дека ќе одат за лекување за рак,
-
пораѓање, удари, срцеви болести, замена на колк, итни случаи во 4 наутро.
-
А ова е микс од песни што го составив --
-
-
Забележувате дека четири наутро е станат
¶
-
некаков вид на меме, кратенка?
-
Значи дека сте будни во најлошиот можен час.
-
-
Време за незгодни, несреќни случки, копнежи.
¶
-
Време за заговарање на убиство на шефот на полицијата,
-
како во оваа класична сцена од „Кум“.
-
Сценариото на Копола ги опишува овие момци како „Изморени, во кошули.
-
Во четири часот наутро.“
-
-
Време за уште погрозни работи од тоа,
¶
-
како аутопсии и балсамирање во книгата на Изабел Аљенде
-
„Куќа на духовите“.
-
Откако убавата зеленокоса Роза е убиена,
-
докторите ја премачкуваат со масло и мртовечка паста.
-
Работеа до четири наутро.
-
Време за уште погрозни работи од тоа,
¶
-
како во бројот на Њу Јоркер од минатиот април,
-
овој краток расказ од Мартин Амис
-
започнува со, „На 11 септември 2001, ги отвори очите
-
во четири наутро, во Портланд, Мејн,
-
и последниот ден на Мохамед Ата започна“.
-
За време кое го сметам за најмирно
-
и без настани, четири наутро добива прилично
-
лош публицитет --
-
-
низ многу различни медиуми и од многу звучни имиња.
¶
-
Тоа ме направи сомничав.
-
Си мислам, секако некои од најкреативните уметници во светот сигурно
-
не се навраќаат на ова едноставно клише
-
како ти е да го измислиле?
-
Можно ли е нешто друго да се крие тука?
-
Нешто намерно, нешто тајно,
-
и кој го започна овој лош глас за четири наутро, на крајот на краиштата?
-
Велам, тоа е овој човек -- Алберто Џакомети, прикажан тука
-
со некои свои склуптури на банкнотата од 100 швајцарски франци.
-
Тој го започна ова со неговото познато дело
-
од Музејот на современа уметнсот во Њу Јорк.
-
Неговото име -- „Палатата во четири наутро --
-
-
-
Ова не е само најраната шифрирана референца
-
за четири наутро што може да се најде.
-
Верувам дека оваа т.н. прва надреална склуптура
-
може да даде неверојатено значење за речиси
-
секоја артистичка интерпретација за четири наутро што следи.
-
Го нарекувам ова кодот на Џакомети, екслузивно на TED.
-
Слободно следете со вашите мобилни телефони
-
ако ги имате.
-
Оди отприлика вака. Ова е скорешно пребарување на Гугл
¶
-
за четири наутро.
-
Резултатите вариират, секако. Тоа е доста типично.
-
Во првите 10 резултати
-
четири се за песната на Фарон Јанг „Четири наутро е“,
-
три се за филмот на Џуди Денч „Четири наутро“,
-
еден е за поемата „Четири наутро“ на Вислава Сцимборска.
-
Но што имаат заедничко полски поет, британска дама
-
и музичар од салата на славните
-
освен овој супер ранк на Гугл?
-
Па, да започнеме со Фарон Јанг, кој инцидентно е роден
¶
-
во 1932.
-
-
Во 1996, се застрела на 9 декември --
¶
-
што инцидентно е роденденот на Џуди Денч.
-
-
Но не умре на нејзиниот роденден.
¶
-
Живееше до следното попланде кога конечно подлегна на
-
наводно само-предизвиканата рана од пиштол на 64 години --
-
што, инцидентно, е доживеаната возраст на Алберто Џакомети.
-
Каде беше Вислава Сцимборска за време на сето ова?
¶
-
Таа го има најсилното алиби на светот.
-
На тој ист ден, 10 декември 1996 додека г-дин Четири наутро,
-
Фарон Јанг, умираше во Нешвил, Тенеси,
-
г-ца Четири наутро - или барем една од нив - Вислава Сцимборска
-
беше во Стокхолм, Шведска на врачувањето на Нобеловата награда за литература.
-
100 години до денот на смртта на Алфред Нобел.
-
Случајност? Не. Морничаво е.
-
-
Случајност за мене е многу попроста магија.
¶
-
Тоа е како да Ви велам,
-
„Еј, знаете дека Нобеловата награда е воспоставена во 1901,
-
истата година кога е роден Алберто Џакомети?“
-
Не, сѐ се вклопува елегантно во парадигмата,
-
но тоа не значи дека нема нешто сомнително
-
на највисоките можни нивоа.
-
Всушност има луѓе во собава
-
кои можеби не сакаат да Ви го покажам клипов што ќе го видиме.
-
-
Видео: Имаме тениско игралиште, базен, кино --
¶
-
Сакате да речете дека ако сакам кременадли, дури и во ниедно време,
-
Вашиот човек ќе ги зготви?
-
-
Сега, дали Ви требаат крпи, облека, служавки?
-
Чекај, чекај, чекај, чекај, чекај, чекај - да расчистиме.
¶
-
Божиќ е, четири наутро
-
Стомакот ме гребе.
-
-
Чекај, чекај, чекај, чекај, чекај, чекај.
¶
-
Да видам дали го сфаќам ова Мет.
-
-
Кога Хомер Симпсон мора да го замисли
¶
-
најоддалечениот момент не само на часот,
-
туку од целиот календар, тој го смислува 0400
-
на денот на раѓањето на бебето Исус.
-
И не, не знам како работи ова
-
во сета загадочна шема на нешта, но очигледно,
-
можам да препознаам кодирана порака кога ќе ја видам.
-
-
Велам, знам да препознаам кодирана порака кога ќе ја видам.
¶
-
И друштво, можете да купите копија од книгата на Бил Клинтон „Мојот живот“
-
од книжарницата овде на TED.
-
Разгледајте ја од корица до корица за какви и да сакате скриени пораки.
-
Или одете на страницата на Рандом хаус за овој извадок.
-
И колку надолу во текстот мислите дека треба да се бара
-
за да се дојде до џек-пот?
-
Верувате ли, само дузина пасуси?
-
Ова е стр. 474 од книгите ако следите:
-
„Иако стануваше подобар, сѐ уште не бев задоволен
-
со инагурациониот говор.
-
Моите пишувачи на говорот мора да си ја кубат косата
-
бидејќи додека работевме помеѓу еден и четири наутро
-
на денот на инагурацијата јас сѐ уште го менував говорот."
-
Секако, секако. Затоа што се подготвувавте цел живот
¶
-
за овој историски четворогодишен настан што Ве фати изненадно.
-
И потоа --
-
-
три пасуси надоле, следи овој бисер:
¶
-
„Отидовме во куќата Блер за да го видиме говорот за последен пат.
-
Беше многу подобрен од четири наутро"
-
Но како би можел да биде?
-
По сопственото пишување, овој човек или спиел,
-
или бил на молитвен состанок со Ал и Типер, или учел како да лансира
-
нуклеарен проектил од актовка.
-
Што им се случува на американските претседатели во 4 наутро на денот на инагурацијата?
-
Што му се случи на Вилијам Џеферсон Клинтон?
-
Тоа можеби никогаш нема да го знаеме.
-
И забележувам, тој не е тука денес
-
за да се соочи со овие тешки прашања.
-
-
Може да стане незгодно, нели?
¶
-
Мислам, сето ова се случи додека тој беше главен.
-
Но, да беше тука --
-
-
можеше да не потсети, како што го прави тоа на крајот на својата автобиографија,
¶
-
дека на овој ден, Бил Клинтон започна патување --
-
патување кое го однесе до тоа да биде
-
првиот претседател од демократите избран
-
во два последователни мандати по неколку декади.
-
Во генерации.
-
Првиот по овој човек, Френклин Делано Рузвелт,
-
кој пак своето патување го започна
-
назад во минатото на неговите први избори,
-
назад во поедноставно време, назад во 1932 --
-
(Смеа)
-
годината кога Алберто Џакомети
¶
-
-
ја нправи „Палатата во четири наутро“.
¶
-
Годината, да запаметиме, кога овој глас, сега починат,
-
прв пат дојде плачејќи во овој наш стар и луд свет.
-
-