Return to Video

Како збогатената реалност го менува активизмот

  • 0:01 - 0:03
    Се викам Глен,
  • 0:03 - 0:04
    имам 25 години
  • 0:04 - 0:07
    и не си го знам вистинското презиме.
  • 0:08 - 0:10
    Тоа не е невообичаено во Америка.
  • 0:10 - 0:13
    Многу Афроамериканци носат презиме
  • 0:13 - 0:15
    на робовладетели.
  • 0:15 - 0:21
    Историјата на црнците систематски
    се брише и менува со векови.
  • 0:21 - 0:22
    Додека го држам овој говор,
  • 0:22 - 0:27
    ширум САД има над 700
    конфедерациски споменици.
  • 0:27 - 0:30
    Подигнати се во чест
    на конфедерациските војници
  • 0:30 - 0:31
    кои се бореле за да се одржи ропството
  • 0:31 - 0:33
    најмногу на југот-
  • 0:33 - 0:35
    од 1890 до 1950-те,
  • 0:35 - 0:40
    кога се спроведувалa расна
    сегрегација преку „Законите на Џим Кроу“.
  • 0:41 - 0:45
    До денес, црнците се приморани
    да ги гледаат спомениците на поробувачите
  • 0:45 - 0:47
    на јавни места.
  • 0:47 - 0:51
    Овие споменици се физички
    приказ на еден систем
  • 0:51 - 0:55
    кој определува
    чии животи се важни
  • 0:55 - 0:57
    и чии животи не се важни.
  • 0:57 - 0:59
    За да ја прекинеме приказнава,
  • 0:59 - 1:01
    мораме да почнеме од самиот почеток.
  • 1:01 - 1:06
    Геноцидот, ропството и патријархатот
    започнале во Америка
  • 1:06 - 1:09
    со Кристофер Колумбо.
  • 1:09 - 1:12
    Повеќето Американци знаат
    за неговото патување во 1492 г.
  • 1:13 - 1:20
    Помалку се знае дека 250.000
    домородни Араваци се истребени
  • 1:20 - 1:22
    во првите две години од
    неговото пристигнување.
  • 1:22 - 1:23
    Уште помалку се знае
  • 1:23 - 1:28
    дека Колумбо признал во писмото
    напишано до Доња Хуана де ла Торез
  • 1:28 - 1:32
    дека „има голема побарувачка
    за 9 и 10 годишни девојчиња,
  • 1:32 - 1:35
    и дека за девојки од сите возрасти
    треба да се плати добра цена“.
  • 1:35 - 1:40
    И покрај тоа, во Њујорк, уште од 1892 г.,
    постои 23-метарски споменик
  • 1:40 - 1:43
    подигнат во негова чест,
    во близина на Централ Парк.
  • 1:44 - 1:46
    Јас основав непрофитна организација,
  • 1:46 - 1:48
    наречена
    „Муверс енд Шејкерс“,
  • 1:48 - 1:50
    со цел да го отстранам споменикот.
  • 1:50 - 1:54
    Муверс енд Шејкерс е група
    од активисти, уметници,
  • 1:54 - 1:58
    наставници и инженери кои
    користат виртуелна реалност
  • 1:58 - 2:01
    за да ги истакнат приказните
    на угнетените.
  • 2:01 - 2:04
    Во нашата кампања за отстранување
    на споменикот на Колумбо
  • 2:04 - 2:07
    се впуштивме во активизам
    кој е визуелно провокативен.
  • 2:08 - 2:11
    Користејќи збогатена реалност,
    создадовме уметничка поставка
  • 2:11 - 2:13
    за вистинската приказна
    за Кристофер Колумбо
  • 2:13 - 2:17
    и ја користевме кај Колумбус Серкл
    и Тајмс Сквер.
  • 2:18 - 2:21
    Спорот околу статуата
    многумина го доживуваат
  • 2:21 - 2:25
    како напнатост помеѓу италијанско-
    американската заедница
  • 2:25 - 2:27
    и домородната заедница.
  • 2:27 - 2:31
    Всушност, повеќето црнци во САД
    се наоѓаат овде
  • 2:31 - 2:33
    како резултат на злосторствата
  • 2:33 - 2:36
    кои започнале со Кристофер Колумбо.
  • 2:37 - 2:41
    На Јунион Сквер
    одржавме аукција за робови
  • 2:41 - 2:44
    и се надоврзавме на раѓањето на
    трансатланската трговија со робови.
  • 2:46 - 2:50
    Трчав во синџири на маратонот во Њујорк
    за да ја кренам свеста за овој проблем.
  • 2:52 - 2:56
    Бев уапсен на стадионот Џајант зашто
    направив драматизација за ропството
  • 2:56 - 2:58
    на отворањето на фудбалскиот натпревар.
  • 3:00 - 3:03
    Дадовме сѐ од себе,
  • 3:03 - 3:05
    но на крај,
  • 3:05 - 3:07
    Њујорк одлучи да ја зачуваат статуата,
  • 3:07 - 3:11
    а државата Њујорк едногласно
    изгласа таа да стане обележје.
  • 3:11 - 3:14
    Веста беше разочарувачка,
  • 3:14 - 3:16
    но отвори една друга врата.
  • 3:16 - 3:18
    Сфативме дека со технологија
    за збогатена реалност
  • 3:18 - 3:21
    не треба дозвола од власта
  • 3:21 - 3:24
    за да се постави споменик
    или да се крене глас.
  • 3:24 - 3:26
    Едноставно можете да го сторите тоа.
  • 3:26 - 3:27
    Градот Њујорк
  • 3:27 - 3:32
    во моментов има над 150 статуи
    на мажи и 6 статуи на жени
  • 3:32 - 3:35
    и им оддава почит на робовладетелите
    на јавни места.
  • 3:35 - 3:38
    Затоа ние одлучивме да поставиме
    еден куп виртуелни споменици
  • 3:38 - 3:40
    од обоени мажи и жени ширум градот.
  • 3:41 - 3:43
    Спомениците обично се креваат
  • 3:43 - 3:47
    за да се одбележат
    достигнувањата на покојните,
  • 3:47 - 3:50
    но со збогатената реалност можеме
    да ги видоизмениме правилата.
  • 3:50 - 3:52
    Почнавме од спортот.
  • 3:52 - 3:54
    Колин Кеперник.
  • 3:54 - 3:57
    Тој беше главен квотербек на тимот
    „Сан Франциско фортинајнерс“
  • 3:57 - 3:59
    и сакаше да ја употреби својата позиција
  • 3:59 - 4:02
    за да го сврти вниманието
    кон системскиот расизам.
  • 4:02 - 4:06
    Се консултирал со Грин Берет
    како да го направи тоа на најучтив начин,
  • 4:06 - 4:09
    и одлучил да клекне на колено
    за време на националната химна.
  • 4:09 - 4:12
    Го изгуби договорот со фортинајнерс
  • 4:12 - 4:14
    и беше отфрлен од Националната
    фудбалска лига.
  • 4:14 - 4:17
    Го критикуваа милиони,
  • 4:17 - 4:19
    па дури и од претседателот на САД
  • 4:19 - 4:21
    доби навреди.
  • 4:21 - 4:27
    Ќе поминат децении за да се признае
    храброста на Колин Кеперник.
  • 4:27 - 4:29
    Затоа одлучивме да го направиме следново.
  • 4:30 - 4:36
    Сега секој кој поминува покрај кулата
    „Трамп“ може да го види Кеперник на колено
  • 4:36 - 4:37
    во збогатена реалност,
  • 4:37 - 4:39
    и не можат ништо против тоа.
  • 4:39 - 4:41
    (Смеа)
  • 4:41 - 4:44
    Приказот е важен.
  • 4:44 - 4:47
    Серена Вилијамс му покажа на светот
  • 4:47 - 4:50
    дека една црна девојка од Комптон
    може да доминира во спорт
  • 4:50 - 4:53
    кој традиционално се игра во ексклузивните
    клубови на богатите.
  • 4:53 - 4:54
    Да ја славиме неа сега.
  • 4:55 - 4:57
    Џеки Робинсон.
  • 4:57 - 4:59
    Тој ја надмина расната бариера
  • 4:59 - 5:03
    и охрабри многу спортисти да играат
    во Главната бејзбол лига.
  • 5:04 - 5:07
    Ќе го земеме неговиот споменик
    и ќе го ставиме во Ебетс Филд
  • 5:07 - 5:09
    за да можат сите да видат
  • 5:09 - 5:10
    како замавнува со палката.
  • 5:12 - 5:13
    Со збогатената реалност
  • 5:13 - 5:19
    имаме моќ да зборуваме на јавни
    места за приказни кои треба да се чујат.
  • 5:19 - 5:23
    За достигнувањата на луѓе
    како Фрида Кало, Одри Лорд,
  • 5:23 - 5:25
    Тусан Лувертур,
  • 5:25 - 5:27
    Мадам Си-Џеј Вокер.
  • 5:27 - 5:29
    Тоа треба да биде општопознато.
  • 5:30 - 5:33
    Имаме цел да создадеме мобилна апликација
    за контекстуална историја.
  • 5:34 - 5:39
    Збогатената реалност може
    да се користи за поддршка на организации
  • 5:39 - 5:42
    кои се борат против
    системското угнетување.
  • 5:42 - 5:45
    Во 2019 г. ќе ја промовираме
    нашата бесплатна апликација
  • 5:45 - 5:48
    со содржини и споменици
    во збогатена реалност.
  • 5:48 - 5:51
    Ќе можете да го ставите телефонот
    над банкнота од 1 долар
  • 5:51 - 5:53
    и преку збогатена реалност
    да видите слика
  • 5:53 - 5:56
    која ја прикажува неправедноста
    на системот за кауција.
  • 5:56 - 5:58
    Ќе можете да кликнете на екранот,
  • 5:58 - 6:01
    што ќе ве пренасочи до страната за донации
    на Проектот за кауција,
  • 6:01 - 6:05
    фонд за оние кои не можат
    да си дозволат плаќање на кауција.
  • 6:06 - 6:07
    Со збогатената реалност
  • 6:07 - 6:10
    ние, луѓето, имаме моќ
  • 6:10 - 6:13
    да го свртиме вниманието
    кон приказните на угнетените
  • 6:13 - 6:15
    тогаш кога институциите затајуваат.
  • 6:16 - 6:20
    Со оваа алатка можеме да ги
    истакнеме последиците
  • 6:20 - 6:22
    од бришењето на нечија историја.
  • 6:22 - 6:24
    Уште поконкретно,
  • 6:24 - 6:27
    на овој начин можеме
    да поддржиме иницијативи
  • 6:27 - 6:30
    кои се борат против расизмот во системот.
  • 6:30 - 6:35
    Со збогатената реалност ја имаме
    моќта да создадеме свет
  • 6:35 - 6:39
    во кој правдата ќе надвладее
    над угнетувањето.
  • 6:39 - 6:40
    Благодарам.
  • 6:40 - 6:44
    (Аплауз)
Title:
Како збогатената реалност го менува активизмот
Speaker:
Глен Кантаве
Description:

Глен Кантаве со примена на дигитална технологија ги нагласува приказните на угнетените. Преку серија на визуелни проекти, тој го споделува својот труд со тимот на Movers and Shakers (Муверс енд Шејкерс) од Њујорк, здружение кое спроведува непосредни активности и поддржувачки кампањи за маргинализираните заедници, користејќи технологии за виртуелна и збогатена реалност, како и креативна уметност.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
06:44

Macedonian subtitles

Revisions