Return to Video

Како да ставиме крај на сексуалното малтретирање

  • 0:01 - 0:05
    Сè што сакав беше да го добијам
    заслуженото унапредување,
  • 0:05 - 0:07
    а тој ми рече: „Качи се на масата
  • 0:07 - 0:08
    и рашири ги“.
  • 0:10 - 0:13
    Сите мажи во канцеларијата
    напишаа на лист хартија
  • 0:13 - 0:15
    кои сексуални услуги ги сакаат од мене.
  • 0:16 - 0:18
    Сè што јас побарав беше
    канцеларија со прозорец.
  • 0:20 - 0:24
    „Го прашав за совет како да
    помине на комисија законот;
  • 0:24 - 0:27
    тој ме праша дали носам
    штитници за колена.“
  • 0:30 - 0:32
    Овие се само некои од ужасните приказни
  • 0:32 - 0:35
    кои ги имам чуено од жени
    изминативе години,
  • 0:35 - 0:38
    додека истражував за сексуалното
    малтретирање на работно место.
  • 0:38 - 0:40
    Открив дека
  • 0:40 - 0:43
    тоа е епидемија ширум светот.
  • 0:44 - 0:48
    Ужасна вистина за милиони жени,
  • 0:48 - 0:50
    кои единственото нешто кое сакаат
  • 0:50 - 0:51
    е да одат на работа.
  • 0:53 - 0:55
    Сексуалното малтретирање не дискриминира.
  • 0:56 - 0:57
    Можете да носите здолништа,
  • 0:58 - 0:59
    болнички мантил,
  • 0:59 - 1:01
    камуфлажна војничка униформа.
  • 1:01 - 1:03
    Може да сте млади или стари,
  • 1:03 - 1:04
    мажени или немажени,
  • 1:04 - 1:05
    црни или бели.
  • 1:05 - 1:09
    Може да сте демократи или републиканци
    или независни.
  • 1:11 - 1:13
    Слушнав од многу жени:
  • 1:14 - 1:15
    полицајки,
  • 1:15 - 1:17
    припаднички на воени единици,
  • 1:17 - 1:18
    финансиски помошнички,
  • 1:18 - 1:22
    актерки, инженерки, адвокатки,
  • 1:22 - 1:25
    банкарки, сметководителки, наставнички..
  • 1:25 - 1:27
    новинарки.
  • 1:30 - 1:32
    Излезе дека сексуалното малтретирање
  • 1:32 - 1:34
    нема врска со сексот.
  • 1:35 - 1:37
    Има врска со моќта,
  • 1:37 - 1:40
    и она што некој ви го прави
  • 1:40 - 1:42
    за да ви ја одземе моќта.
  • 1:43 - 1:44
    Денес сум тука
  • 1:45 - 1:50
    за да ве охрабрам да си ја вратите моќта.
  • 1:51 - 1:54
    (Аплауз)
  • 1:56 - 1:58
    На 6-ти јули, 2016 год.
  • 1:59 - 2:01
    направив скок во непознато сосема сама.
  • 2:03 - 2:05
    Тоа беше најстрашниот миг во мојот живот;
  • 2:05 - 2:07
    мачен избор.
  • 2:09 - 2:12
    Паднав во бездна сама,
  • 2:13 - 2:15
    без да знам што ме чека долу.
  • 2:16 - 2:20
    Но тогаш нешто чудесно
    почна да се случува.
  • 2:20 - 2:22
    Илјадници жени стапија во контакт со мене
  • 2:22 - 2:25
    за да ги споделат нивните приказни
    за срамот, болката и агонијата.
  • 2:26 - 2:28
    Ми велеа дека станав нивниот глас,
  • 2:28 - 2:30
    тие беа безгласни.
  • 2:32 - 2:36
    Наеднаш сфатив дека и во XXI-век
  • 2:36 - 2:38
    секоја жена има своја приказна.
  • 2:41 - 2:42
    Како Џојс,
  • 2:43 - 2:45
    главна стјуардеса
  • 2:45 - 2:47
    чиј шеф секојдневно на состаноците
  • 2:47 - 2:50
    ѝ раскажувал за порно филмовите
    кои ги гледал претходната ноќ
  • 2:50 - 2:52
    притоа цртајќи пениси во роковникот.
  • 2:52 - 2:53
    Таа се жалела.
  • 2:53 - 2:55
    Ја нарекле луда и добила отказ.
  • 2:55 - 2:58
    Како Џоан, вработена во банка на Вол Стрит.
  • 2:58 - 3:01
    Нејзините колеги ја ословувале
    со погрдниот збор на буквата „п“.
  • 3:01 - 3:02
    Таа се жалела-
  • 3:02 - 3:04
    ја обележаа како проблематична
  • 3:04 - 3:07
    и никогаш повеќе не направила
    зделка на Вол Стрит.
  • 3:07 - 3:10
    Како Елизабет, офицерка во армија.
  • 3:11 - 3:14
    Нејзините подредени колеги мавтале
    со банкнота од 1 долар пред неа
  • 3:14 - 3:16
    и ѝ велеле: „Танцувај ми“.
  • 3:16 - 3:18
    Кога отишла да се пожали кај мајорот
  • 3:18 - 3:21
    тој рекол: „Што? Само еден долар?
  • 3:21 - 3:23
    Вредиш најмалку 5 или 10!“
  • 3:26 - 3:28
    Откако ќе ги прочитав
  • 3:28 - 3:30
    и ќе одговорев на сите
  • 3:30 - 3:35
    плачејќи над мејловите,
  • 3:35 - 3:39
    сфаќав колку многу треба да направам.
  • 3:40 - 3:42
    Еве ги потресните факти:
  • 3:42 - 3:44
    една од три жени - од тие кои ги знаеме -
  • 3:45 - 3:47
    била сексуално малтретирана
    на работно место.
  • 3:49 - 3:54
    71 % од инцидентите
    никогаш не биле пријавени.
  • 3:55 - 3:56
    Зошто?
  • 3:57 - 3:58
    Затоа што кога жените ќе прозборат,
  • 3:58 - 4:01
    ги нарекуваат лажливки, проблематични,
  • 4:01 - 4:03
    ги понижуваат, отфрлуваат и деградираат,
  • 4:03 - 4:04
    ги ставаат на црна листа
  • 4:04 - 4:06
    и ги отпуштаат.
  • 4:06 - 4:10
    Пријавување на сексуално малтретирање
    може да значи крај на кариера за некој.
  • 4:11 - 4:13
    Сите овие жени кои ме исконтактираа,
  • 4:14 - 4:19
    речиси ниту една не работи
    во избраната професија,
  • 4:19 - 4:21
    а тоа е невидено.
  • 4:24 - 4:27
    И јас бев повлечена на почетокот.
  • 4:28 - 4:32
    Мене ми се случи на крајот на годината
    кога бев Мис Америка,
  • 4:32 - 4:35
    кога се сретнав со ТВ директор
    на висока позиција
  • 4:35 - 4:36
    во Њујорк.
  • 4:36 - 4:38
    Мислев ми помага во текот на денот,
  • 4:39 - 4:40
    кога постојано ми се јавуваше.
  • 4:40 - 4:41
    Излеговме на вечера
  • 4:41 - 4:44
    и на задното седиште наеднаш
    се нафрли врз мене
  • 4:44 - 4:46
    и ми го вовлече јазикот в грло.
  • 4:48 - 4:52
    Во својата наивност не сфаќав дека
    „да се фатиме за работа“-
  • 4:54 - 4:56
    значи „да посегне по мојот долен веш“ .
  • 4:59 - 5:00
    Една недела подоцна,
  • 5:00 - 5:05
    ми се случи истото кога се сретнав
    со високо рангиран издавач во Лос Анџелес,
  • 5:05 - 5:06
    повторно,
  • 5:06 - 5:07
    во автомобил.
  • 5:07 - 5:10
    Ме фати за вратот,
  • 5:10 - 5:13
    и толку силно ми ја зари главата
    во неговото меѓуножје
  • 5:14 - 5:15
    што едвај можев да дишам.
  • 5:21 - 5:27
    Овие се настани кои целосно
    ја уништуваат вашата самодоверба
  • 5:30 - 5:34
    Овие се настани кои до неодамна
  • 5:34 - 5:36
    не ги ни нарекував напади.
  • 5:39 - 5:43
    Затоа имаме уште многу да направиме.
  • 5:47 - 5:49
    После годините поминати како Мис Америка,
  • 5:49 - 5:52
    продолжив да запознавам познати луѓе,
  • 5:53 - 5:55
    вклучувајќи го и Доналд Трамп.
  • 5:56 - 5:58
    Кога е направена
    фотографијава во 1988 год.
  • 5:58 - 6:01
    никој не предвидуваше
    каде ќе стигнеме денес.
  • 6:01 - 6:02
    (Смеа)
  • 6:03 - 6:06
    Јас, во борба да се запре сексуалното
    малтретирање на работно место:
  • 6:07 - 6:10
    тој, претседател на САД
  • 6:10 - 6:11
    и покрај тоа.
  • 6:14 - 6:17
    Веднаш потоа го добив првиот
    ангажман во ТВ вестите
  • 6:17 - 6:18
    во Ричмонд, Вирџинија.
  • 6:18 - 6:21
    Обрнете внимание на сигурната
    насмевка во розевото палто.
  • 6:21 - 6:23
    Не гледајте ја косата.
  • 6:23 - 6:24
    (Смеа)
  • 6:24 - 6:29
    Работев напорно да докажам
    дека русокосите се многу паметни.
  • 6:31 - 6:34
    Но,која иронија-една од првите вести
    за кои известував
  • 6:34 - 6:36
    беше сослушувањето на
    Анита Хил во Вашингтон.
  • 6:37 - 6:38
    Набрзо потоа,
  • 6:38 - 6:41
    и јас бев сексуално малтретирана.
  • 6:42 - 6:44
    Известував од руралниот дел на Вирџинија
  • 6:45 - 6:46
    и кога се вративме во возилото
  • 6:46 - 6:48
    камерманот почна да ми зборува
  • 6:48 - 6:51
    колку сум уживала додека
    ми ги допирал градите
  • 6:51 - 6:53
    додека ми го местеше микрофонот.
  • 6:53 - 6:54
    Од тој момент состојбата се влоши.
  • 6:55 - 6:57
    Се потпирав на совозачката врата -
  • 6:57 - 6:59
    ова беше пред мобилните телефони.
  • 6:59 - 7:00
    Се скаменив.
  • 7:00 - 7:04
    Замислував како излетувам низ вратата
  • 7:04 - 7:07
    при брзина од 80 км на час
    како што гледав во филмовите,
  • 7:07 - 7:10
    прашувајќи се колку ќе боли.
  • 7:14 - 7:17
    Кога се обелодени приказната
    за Харви Вајнстин-
  • 7:17 - 7:20
    еден од најпознатите филмски
    магнати во Холивуд-
  • 7:20 - 7:22
    обвинувањата беа ужасни.
  • 7:23 - 7:25
    Но толку многу жени проговорија
  • 7:25 - 7:28
    што сфатив дека она
    што го направив вредеше.
  • 7:29 - 7:35
    (Аплауз)
  • 7:36 - 7:38
    Неговото оправдување звучеше бедно.
  • 7:39 - 7:41
    Рече дека бил производ на 60-те и 70-те
  • 7:41 - 7:43
    и дека тогаш тоа било вообичаено.
  • 7:43 - 7:45
    Да, тоа било вообичаено тогаш,
  • 7:45 - 7:48
    и за жал, се`уште е.
  • 7:48 - 7:49
    Зошто?
  • 7:50 - 7:51
    Поради сите митови
  • 7:51 - 7:54
    кои се поврзани со сексуалното
    малтретирање.
  • 7:55 - 7:58
    „Жените треба да си најдат
    друга работа и друга кариера.“
  • 7:58 - 7:59
    Да, секако.
  • 7:59 - 8:02
    Кажете ѝ на самохрана
    мајка која работи 2 работи
  • 8:02 - 8:03
    во обид да врзе крај со крај
  • 8:03 - 8:05
    и била сексуално малтретирана.
  • 8:06 - 8:08
    „Жени-
  • 8:08 - 8:09
    сами си го бараат.“
  • 8:10 - 8:12
    Поради облеката која ја носиме
  • 8:12 - 8:13
    и шминката што ја користиме.
  • 8:14 - 8:17
    Да, оние дуксерките што ги носат
    Убер инженерите во Силициумската Долина
  • 8:17 - 8:19
    се исто провокативни.
  • 8:21 - 8:22
    „Жените измислуваат“.
  • 8:23 - 8:26
    Да, зашто е забавно и вреди
  • 8:26 - 8:28
    да си отпуштена и деградирана.
  • 8:28 - 8:29
    Јас го знам тоа.
  • 8:31 - 8:36
    „Жените обвинуваат зашто
    сакаат да станат познати и богати.
  • 8:36 - 8:38
    Нашиот претседател го изјави ова.
  • 8:40 - 8:42
    Се обложувам дека Тејлор Свифт
  • 8:42 - 8:46
    една од најпознатите
    и најбогати пејачки во светот,
  • 8:47 - 8:48
    не сакала повеќе слава или пари
  • 8:48 - 8:51
    кога поднесе тужба
    за несакано допирање,
  • 8:51 - 8:53
    барајќи само
    1 долар отштета.
  • 8:53 - 8:55
    Многу ми е драго што го направи тоа.
  • 8:57 - 8:59
    Најнова вест:
  • 8:59 - 9:03
    нераскажана приказна за жените и
    сексуалното малтретирање на работно место:
  • 9:05 - 9:07
    жените сакаат само безбедно
    и пријатно место
  • 9:08 - 9:10
    без сексуално малтретирање.
  • 9:10 - 9:11
    Толку.
  • 9:12 - 9:17
    (Аплауз)
  • 9:18 - 9:21
    Па, како да си ја вратиме моќта?
  • 9:22 - 9:23
    Имам 3 решенија.
  • 9:24 - 9:25
    Прво:
  • 9:25 - 9:29
    мора да ги претвориме набљудувачите
    и соучесниците во сојузници.
  • 9:29 - 9:33
    98% од корпорациите во САД денес имаат
  • 9:33 - 9:35
    обуки против сексуално малтретирање.
  • 9:35 - 9:38
    70% имаат програми за спречување.
  • 9:39 - 9:41
    Но, сепак кај повеќето случаи
  • 9:41 - 9:44
    набљудувачите и сведоците
    не ги пријавуваат случаите.
  • 9:45 - 9:46
    Во 2016 год.
  • 9:46 - 9:50
    Харвардското списание за бизнис
    го нарече тоа „апатија на набљудувачот“.
  • 9:52 - 9:55
    Сепак, сетете се на 9/11.
  • 9:55 - 9:58
    Милиони пати слушнавме:
  • 9:58 - 9:59
    „Ако видите нешто,
  • 9:59 - 10:01
    речете нешто.“
  • 10:02 - 10:06
    Замислете какво влијание
    би имало ако тоа се примени
  • 10:06 - 10:09
    на набљудувачите на
    сексуалното малтретирање-
  • 10:10 - 10:13
    ако се препознаат и прекинат инцидентите,
  • 10:14 - 10:18
    да можеме директно да им се
    спротиставиме на сторителите
  • 10:19 - 10:22
    и да им помогнеме и да ги
    заштитиме жртвите.
  • 10:22 - 10:24
    Ова е мојот повик до мажите:
  • 10:25 - 10:27
    потребни ни сте во борбата.
  • 10:28 - 10:29
    Но и до жените-
  • 10:29 - 10:32
    да ги претвориме
    соучесниците во сојузници.
  • 10:32 - 10:34
    Второ:
  • 10:34 - 10:35
    да се изменат законите.
  • 10:37 - 10:38
    Колкумина од вас знаат
  • 10:38 - 10:41
    дали постои регулатива за
    присилна арбитража
  • 10:41 - 10:43
    во вашиот договор за работа?
  • 10:44 - 10:45
    Не гледам многу раце.
  • 10:45 - 10:47
    Ако не знаете, треба да дознаете.
  • 10:47 - 10:48
    Еве зошто.
  • 10:49 - 10:50
    списанието Тајм го нарекува,
  • 10:50 - 10:52
    таму погледнете на екранот,
  • 10:52 - 10:55
    „оние мали, ситни букви во договорот
  • 10:55 - 10:59
    кои овозможуваат никој да не чуе
    за сексуалните малтретирања.
  • 11:00 - 11:01
    Еве за што се работи.
  • 11:01 - 11:04
    Присилната арбитража го одзема
    уставно загарантираното право
  • 11:04 - 11:05
    на јавно судење со порота.
  • 11:06 - 11:07
    Тајно е.
  • 11:08 - 11:10
    Не ги добивате истите сведоци и сведочења.
  • 11:10 - 11:13
    Во многу случаи, компанијата
    ги бира арбитрите за вас.
  • 11:14 - 11:16
    Нема жалби,
  • 11:16 - 11:19
    и речиси само во 20% од случаите
    победува вработената.
  • 11:20 - 11:22
    Но, повторно-тајно е.
  • 11:22 - 11:25
    Никој не знае што ви се случило.
  • 11:26 - 11:28
    Затоа работев толку напорно
  • 11:28 - 11:29
    во Капитол Хил во Вашингтон, ДЦ
  • 11:29 - 11:31
    за да се сменат законите.
  • 11:31 - 11:32
    На сенаторите им велам
  • 11:32 - 11:34
    дека сексуалното
    малтретирање е аполитично.
  • 11:34 - 11:36
    Пред да ве малтретира некој,
  • 11:36 - 11:40
    не ве прашува дали сте за демократ
    или републиканец.
  • 11:40 - 11:41
    Едноставно ве малтретираат.
  • 11:41 - 11:44
    Затоа треба сите да сме загрижени.
  • 11:44 - 11:46
    Трето:
  • 11:46 - 11:47
    бидете решителни.
  • 11:48 - 11:50
    Почнува кога сме сигурни
  • 11:50 - 11:52
    и градиме самодоверба.
  • 11:52 - 11:54
    Се спротиставувуваме и зборуваме
  • 11:54 - 11:56
    и му кажуваме на светот што ни се случило.
  • 11:58 - 12:00
    Знам дека изгледа страшно,
  • 12:00 - 12:02
    но да го сториме тоа за нашите деца.
  • 12:02 - 12:05
    Да го запреме тоа заради
    следните генерации.
  • 12:07 - 12:09
    Знам дека го направив тоа за моите деца.
  • 12:11 - 12:13
    Тие беа најважните во мојата одлука
  • 12:13 - 12:15
    дали да проговорам или не.
  • 12:16 - 12:17
    Моите прекрасни деца,
  • 12:17 - 12:19
    мојот 12-годишен син Кристијан
  • 12:19 - 12:21
    и мојата 14-годишна Каја.
  • 12:21 - 12:23
    Колку само ги имав потценето.
  • 12:24 - 12:26
    Првиот училишен ден лани
  • 12:26 - 12:28
    беше денот кога ја донесов одлуката.
  • 12:28 - 12:30
    Бев загрижена што ќе им се случи.
  • 12:30 - 12:33
    Ќерка ми се врати од училиште и рече:
  • 12:33 - 12:36
    „Мама, многумина ме прашаа
    што ти се случи летово.“
  • 12:36 - 12:38
    Потоа ме погледна в очи
  • 12:38 - 12:39
    и ми рече: „Мама,
  • 12:39 - 12:41
    многу бев горда
  • 12:42 - 12:44
    кога им реков дека ти си мојата мајка.“
  • 12:47 - 12:48
    Две недели подоцна.
  • 12:48 - 12:52
    кога конечно се охрабри да им
    се спротистави на 2 момчиња
  • 12:52 - 12:54
    кои ја задеваа,
  • 12:54 - 12:56
    и кога си дојде дома ми рече:
  • 12:56 - 12:59
    „Мама, собрав храброст да го направам тоа
  • 13:00 - 13:02
    зашто видов дека и ти го направи.“
  • 13:05 - 13:11
    (Аплауз)
  • 13:12 - 13:16
    Гледате, дарувањето
    на храброста е заразно.
  • 13:18 - 13:22
    Се надевам дека моето
    искуство ве инспирира
  • 13:22 - 13:25
    бидејќи токму сега е мигот на пресврт.
  • 13:25 - 13:27
    Сведоци сме на создавањето на историјата.
  • 13:27 - 13:30
    Сè повеќе жени излегуваат и велат:
  • 13:30 - 13:31
    „Доста беше.“
  • 13:34 - 13:38
    (Аплауз)
  • 13:39 - 13:42
    Ова е мојата последна молба
    упатена до компаниите.
  • 13:43 - 13:47
    Да ги вработиме пак оние жени
    чии кариери се изгубени
  • 13:47 - 13:49
    поради некој случаен кретен.
  • 13:50 - 13:52
    Еве што знам јас за жените:
  • 13:53 - 13:57
    нема да бидеме потценети,
    заплашувани и спречени.
  • 13:58 - 14:01
    Нема да нè замолчат поради вообичаените
    начини на однесување
  • 14:01 - 14:03
    или остатоците од минатото.
  • 14:03 - 14:04
    Не!
  • 14:05 - 14:07
    Ќе се спротиставиме и ќе проговориме
  • 14:08 - 14:10
    и ќе допреме до сите.
  • 14:11 - 14:15
    Ќе бидеме такви какви што треба да сме.
  • 14:16 - 14:18
    И пред сè,
  • 14:18 - 14:22
    секогаш ќе бидеме решителни.
  • 14:22 - 14:23
    Благодарам!
  • 14:24 - 14:29
    (Аплауз)
Title:
Како да ставиме крај на сексуалното малтретирање
Speaker:
Гречен Карлсон
Description:

Кога Гречен Карлсон проговори за нејзиното искуство со сексуалното малтретирање на работното место, ги инспирираше жените насекаде да се обидат да си ја вратат моќта и да му кажат на светот што им се случи. Во нејзиниот извонреден и решителен говор, таа ја раскажува сопствената приказна и посочува три посебни нешта кои можеме да ги направиме за да создадеме сигурни и безбедни работни места. „Нема веќе да сме потценети, заплашени и спречени“-вели Карлсон. „Ќе им се спротиставиме и ќе нè чујат сите. Ќе бидеме такви какви што треба да сме.“

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
14:44

Macedonian subtitles

Revisions