Nigel Marsh/Најџел Марш: Како да направите балансот работа-живот да функционира
-
0:00 - 0:02Она што мислев да го направам
-
0:02 - 0:04е да започнам со просто барање до вас.
-
0:05 - 0:07Би сакал сите вие
-
0:07 - 0:09да застанете за момент,
-
0:09 - 0:11вие бедни слабаци,
-
0:11 - 0:14и да размислите за вашето мизерно постоење.
-
0:14 - 0:16(Смеење)
-
0:18 - 0:20Тоа беше советот
-
0:20 - 0:22што Св. Бенедикт им го даде на своите запрепастени следбеници
-
0:22 - 0:24во петиот век.
-
0:24 - 0:26Тоа беше советот што решив да го следам и самиот
-
0:26 - 0:29кога наполнив 40 години.
-
0:29 - 0:32Сè до тој момент, јас бев класичен корпорациски војник -
-
0:32 - 0:34јадев премногу, пиев премногу,
-
0:34 - 0:36работев премногу напорно,
-
0:36 - 0:38и го запоставував своето семејство.
-
0:38 - 0:40И тогаш, решив дека ќе се обидам
-
0:40 - 0:42да го променам својот живот.
-
0:42 - 0:44Особено, решив
-
0:44 - 0:46дека ќе се обидам да го решам трнливото прашање
-
0:46 - 0:49за воспоставување на рамнотежа помеѓу работата и животот.
-
0:49 - 0:52Па, се повлеков од работата,
-
0:52 - 0:55и, поминав една година дома
-
0:55 - 0:58со мојата сопруга и четирите мали деца.
-
0:58 - 1:00Но, сè што научив за балансот меѓу работата и животот
-
1:00 - 1:02во текот на таа година
-
1:02 - 1:04беше што увидов дека е навистина лесно
-
1:04 - 1:06да балансирам меѓу работата и приватниот живот
-
1:06 - 1:08кога немав никаква работа.
-
1:08 - 1:12(Смеење)
-
1:12 - 1:14Не е многу корисна вештина,
-
1:14 - 1:17особено кога парите ќе се истрошат.
-
1:17 - 1:19Затоа, се вратив на работа,
-
1:19 - 1:22и ги поминав тие седум години од тогаш
-
1:22 - 1:25борејќи се, учејќи
-
1:25 - 1:28и пишувајќи за рамнотежата меѓу работата и животот.
-
1:28 - 1:30И, имам четири согледувања
-
1:30 - 1:32кои би сакал да ги споделам со вас денеска.
-
1:32 - 1:34Првото е,
-
1:34 - 1:37ако општеството треба да напредува во однос на ова прашање,
-
1:37 - 1:40потребна ни е искрена дебата.
-
1:40 - 1:42Но, проблемот е
-
1:42 - 1:44што многу луѓе зборуваат глупости
-
1:44 - 1:46за рамнотежата помеѓу работата и животот.
-
1:47 - 1:49Сите тие дискусии за флексибилно работно време,
-
1:49 - 1:52неформални петоци
-
1:52 - 1:54или породилно отсуство за татковците
-
1:54 - 1:57само служат за да се замаскира клучното прашање,
-
1:57 - 1:59кое всушност е
-
1:59 - 2:02дека одредена работа или изборите на кариера
-
2:02 - 2:05се фундаментално некомпатибилни
-
2:05 - 2:07со тоа да се биде значајно посветен
-
2:07 - 2:09секојдневно
-
2:09 - 2:11на семејството.
-
2:13 - 2:15Сега, првиот чекор во решавање на секој проблем
-
2:15 - 2:18е сфаќањето на реалноста на ситуацијата во која се наоѓате.
-
2:18 - 2:22А, реалноста на општеството во кое живееме
-
2:22 - 2:24се илјадници и илјадници
-
2:24 - 2:26луѓе насекаде
-
2:26 - 2:30кои водат животи на тивок, а сепак врескачки очај,
-
2:30 - 2:32кога напорно работат долги часови
-
2:32 - 2:34на работни места што ги мразат.
-
2:34 - 2:36за да си овозможат да ги купат нештата кои им се потребни
-
2:36 - 2:38за да ги импресионираат луѓето кои им се допаѓаат.
-
2:38 - 2:40(Смеење)
-
2:40 - 2:43(Ракоплескање)
-
2:43 - 2:47Мислам оти одењето на работа во фармерки и маичка во петок
-
2:47 - 2:49не е навистина навлегување во решението на проблемот.
-
2:49 - 2:52(Смеење)
-
2:53 - 2:55Второто согледување што сакам да го дадам
-
2:55 - 2:57е дека ние мораме да се соочиме со вистината
-
2:57 - 2:59дека владите и компаниите
-
2:59 - 3:02нема да го решат овој проблем за нас.
-
3:02 - 3:04Ние треба да престанеме да гледаме надвор;
-
3:04 - 3:06останува на нас, поединците,
-
3:06 - 3:09да ги превземеме контролата и одговорноста
-
3:09 - 3:12за видот на живот којшто сакаме да го водиме.
-
3:12 - 3:14Ако вие не го креирате сопствениот живот,
-
3:14 - 3:17некој друг ќе го направи тоа за вас,
-
3:17 - 3:19а вам можеби и нема да ви се допадне
-
3:19 - 3:21нивната идеја за балансот за кој зборуваме.
-
3:21 - 3:24Особено е значајно -
-
3:24 - 3:26ова не е на Интернет, нели, ќе ме отпуштат -
-
3:26 - 3:28особено е значајно
-
3:28 - 3:31никогаш да не го ставите квалитетот на својот живот
-
3:31 - 3:34во рацете на комерцијална корпорација.
-
3:35 - 3:38Не зборувам овде само за лошите компании -
-
3:38 - 3:41кланиците на човечката душа како што јас ги нарекувам.
-
3:41 - 3:43(Смеење)
-
3:43 - 3:46Зборувам за сите компании.
-
3:46 - 3:48Бидејќи, на сите комерцијални компании
-
3:48 - 3:50им е својствено, и така се дизајнирани
-
3:50 - 3:52да извлечат од вас
-
3:52 - 3:54најмногу што можат.
-
3:54 - 3:56Тоа е во нивната природа, тоа е во нивната ДНК,
-
3:56 - 3:58тоа е тоа што тие го прават -
-
3:58 - 4:01дури и добрите, добронамерни компании.
-
4:01 - 4:03Од една страна,
-
4:03 - 4:05отворањето на градинки во компанијата
-
4:05 - 4:07е прекрасно и восхитувачки.
-
4:07 - 4:09Но, од друга страна, тоа е кошмар;
-
4:09 - 4:12тоа само значи дека вие поминувате повеќе време во одвратната канцеларија.
-
4:14 - 4:16Ние мораме да бидеме одговорни
-
4:16 - 4:18за поставување и јакнење
-
4:18 - 4:21на границите кои ги сакаме во нашите животи.
-
4:22 - 4:24Третото мое согледување е дека
-
4:24 - 4:26мораме да бидеме внимателни
-
4:26 - 4:29со временските рамки кои ги избираме
-
4:29 - 4:32и според кои го цениме нашиот баланс.
-
4:33 - 4:35Пред да се вратам на работа
-
4:35 - 4:37после онаа година дома,
-
4:37 - 4:39седнав
-
4:39 - 4:41и напишав
-
4:41 - 4:44детален, чекор-по-чекор опис
-
4:44 - 4:47на идеално балансираниот ден
-
4:47 - 4:49кој се стремев да го имам
-
4:49 - 4:52И тоа изгледаше вака:
-
4:52 - 4:54Да се разбудам добро одморен
-
4:54 - 4:56по добро спиење.
-
4:56 - 4:58Да имам секс.
-
4:59 - 5:01Да го прошетам кучето.
-
5:01 - 5:04Да појадувам со сопругата и децата.
-
5:04 - 5:06Пак да имам секс.
-
5:06 - 5:09(Смеење)
-
5:09 - 5:12Да ги одвезам децата до училиште по пат кон канцеларијата.
-
5:12 - 5:14Да работам три часа.
-
5:14 - 5:17Да спортувам со пријател за време на паузата за ручек.
-
5:17 - 5:19Да работам уште три часа.
-
5:19 - 5:22Да се сретнам со некои пријатели во пабот на пијалок.
-
5:23 - 5:25Да се одвезам дома за вечера
-
5:25 - 5:28со сопругата и децата.
-
5:28 - 5:31Да медитирам половина час.
-
5:31 - 5:33Да имам секс.
-
5:33 - 5:36Да го прошетам кучето. Пак да имам секс.
-
5:36 - 5:39Да одам на спиење.
-
5:39 - 5:44(Ракоплескање)
-
5:44 - 5:46Колку често мислите дека имам таков ден?
-
5:46 - 5:49(Смеење)
-
5:49 - 5:51Мораме да бидеме реални.
-
5:51 - 5:53Сè тоа не можете да го направите во текот на еден ден.
-
5:53 - 5:56Потребна ни е продолжена временска рамка
-
5:56 - 5:58според која го цениме балансот во нашиот живот,
-
5:58 - 6:00но треба да ја продолжиме
-
6:00 - 6:02без да паднеме во стапицата
-
6:02 - 6:05на фразата „ќе имам живот кога ќе се пензионирам,
-
6:05 - 6:07кога децата ќе пораснат и ќе го напуштат домот,
-
6:07 - 6:10кога сопругата ќе се разведе од мене, моето здравје ќе се влоши,
-
6:10 - 6:12ќе немам повеќе ни пријатели ни интереси.“
-
6:12 - 6:14(Смеење)
-
6:14 - 6:17Денот е прекраток, а „откако ќе се пензионирам“ е предолго.
-
6:17 - 6:20Мора да постои некаква средина.
-
6:21 - 6:23Четвртото согледување:
-
6:23 - 6:25Мораме да ѝ пристапиме на рамнотежата
-
6:25 - 6:28на урамнотежен начин.
-
6:28 - 6:30Една пријателка ме посети минатата година -
-
6:30 - 6:33и не ѝ пречи да ја раскажам приказнава - една пријателка ме посети лани
-
6:33 - 6:35и рече, „Најџел, ја прочитав твојата книга.
-
6:35 - 6:38И сфатив дека мојот живот е целосно неурамнотежен.
-
6:38 - 6:41Животот ми е комплетно преовладан од работата.
-
6:41 - 6:44Работам 10 часа дневно, правам нешто различно два часа дневно.
-
6:44 - 6:46Сите мои врски беа неуспешни.
-
6:46 - 6:48Не постои ништо друго во мојот живот
-
6:48 - 6:50освен мојата работа.
-
6:50 - 6:53Затоа решив да се соземам и да го решам проблемот.
-
6:53 - 6:55Се зачленив во фитнес клуб.“
-
6:55 - 6:58(Смеење)
-
6:58 - 7:01Немам намера да се потсмевам,
-
7:01 - 7:05но да се биде добар канцелариски глушец 10 часа дневно
-
7:05 - 7:08не значи поурамнотежен, туку поподобен.
-
7:08 - 7:10(Смеење)
-
7:10 - 7:13Колку и да е физичката вежба корисна,
-
7:13 - 7:15сепак има и други значајни делови во животот.
-
7:15 - 7:17Постои интелектуалната страна, емоционалната страна,
-
7:17 - 7:19духовната страна.
-
7:19 - 7:21И, за да се воспостави рамнотежата,
-
7:21 - 7:23верувам оти треба да ги запазиме
-
7:23 - 7:25сите тие области -
-
7:25 - 7:28не само да направиме 50 стомачни вежби.
-
7:28 - 7:30Секако, тоа може да звучи застрашувачки.
-
7:30 - 7:33Затоа што луѓето велат, „Нема шанси другар, јас немам време за вежбање;
-
7:33 - 7:35а ти сакаш да одам в црква и да ѝ се јавувам на мама.“
-
7:35 - 7:37И јас тоа го разбирам.
-
7:37 - 7:40Навистина разбирам дека ова може да биде застрашувачко.
-
7:40 - 7:43Но, еден инцидент што се случи пред неколку години
-
7:43 - 7:45ми подари нова перспектива.
-
7:45 - 7:48Мојата сопруга, која е некаде во публиката и денеска,
-
7:48 - 7:51ми се јави во канцеларијата
-
7:51 - 7:54и рече, „Најџел, треба да го земеш нашиот најмлад син,
-
7:54 - 7:56Хери, од училиште.“
-
7:56 - 7:59Затоа што таа требало да биде негде на друго место со останатите три деца истата вечер.
-
7:59 - 8:02Заради тоа, јас излегов од канцеларија еден час порано тоа попладне
-
8:02 - 8:05и го земав Хери од пред училиштето.
-
8:06 - 8:08Се шетавме во паркот,
-
8:08 - 8:11се забавуваме на нишалките, игравме некои смешни игри...
-
8:11 - 8:14Потоа се искачивме до блискиот ресторан
-
8:14 - 8:17земавме пица и чај,
-
8:17 - 8:19па се шетавме до дома,
-
8:19 - 8:21го искапив
-
8:21 - 8:24и го облеков во „Бетмен“ пиџамките.
-
8:24 - 8:26Потоа му прочитав една приказна
-
8:26 - 8:29од Даловата „Џејмс и џиновската праска“.
-
8:29 - 8:31Го ставив во креветчето, го покрив,
-
8:31 - 8:33го бакнав на главчето и реков, „Добра ноќ, другарче“
-
8:33 - 8:35и излегов од неговата соба.
-
8:35 - 8:37Кога излегував од неговата соба,
-
8:37 - 8:40тој рече, „Тато?“, јас прашав „Кажи, другар?“
-
8:40 - 8:42Тој рече, „Тато, ова беше наубавиот ден
-
8:42 - 8:45во мојот живот!“
-
8:47 - 8:50А јас, ништо не направив,
-
8:50 - 8:53не го однесов во Дизни паркот, не му купив Плејстејшн...
-
8:53 - 8:55Мојата поента е:
-
8:55 - 8:58малите работи се тие што значат многу.
-
8:58 - 9:00Да бидете поурамнотежени
-
9:00 - 9:03не бара драматичен пресврт во вашиот живот.
-
9:03 - 9:05Со најмало вложување
-
9:05 - 9:07на вистинските места,
-
9:07 - 9:10можете радикално да го промените квалитетот на вашите врски
-
9:10 - 9:12и квалитетот на вашиот живот.
-
9:12 - 9:14Уште повеќе, мислам оти тоа
-
9:14 - 9:17може да го промени општеството.
-
9:17 - 9:19Затоа што, ако доволно луѓе го направат тоа,
-
9:19 - 9:22можеме да ја промениме општествената дефиниција за успехот
-
9:22 - 9:25поразлично од моронското просто сфаќање
-
9:25 - 9:29дека оној со најмногу пари кога ќе умре е победник,
-
9:29 - 9:32во поосмислената и урамнотежена дефиниција
-
9:32 - 9:36за тоа како добро живеан живот изгледа.
-
9:36 - 9:38И тоа е она, што јас мислам
-
9:38 - 9:40дека е идеја која вреди да се рашири меѓу луѓето.
-
9:40 - 9:43(Ракоплескање)
- Title:
- Nigel Marsh/Најџел Марш: Како да направите балансот работа-живот да функционира
- Speaker:
- Nigel Marsh
- Description:
-
Балансот помеѓу работата и приватниот живот, вели Најџел Марш, е многу значаен за да се остави во рацете на вашиот работодавач. На TEDxSydney, Марш претставува идеален ден каде е избалансирано времето за семејството, времето за себе и продуктивноста - и ве охрабрува тоа да го примените.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 09:44