Return to Video

Седум верувања кои можат да ги замолчат жените и како да се ослободиме од нив

  • 0:00 - 0:04
    Шах Рук Кан: „Девојка треба да биде
    видена, а не слушната."
  • 0:04 - 0:06
    „Биди тивка," или „шшш“
  • 0:06 - 0:09
    Овие зборови се често користени за да се
    замолчат девојчиња уште од детството,
  • 0:09 - 0:11
    до зрелоста
  • 0:11 - 0:12
    и длабоко до староста.
  • 0:12 - 0:16
    Јас сум горд да ја претставам следната
    говорничка, вистински шампион на
  • 0:16 - 0:18
    женскиот глас, советник за
    сиромаштијата,
  • 0:18 - 0:20
    род и развој во Светската Банка,
  • 0:20 - 0:24
    Обединетите Нации и неколку други
    НВО во Индија и низ светот.
  • 0:24 - 0:28
    Таа се нарекува себеси
    културолошки детектив.
  • 0:28 - 0:31
    Да ги повишиме гласовите и
    да ѝ посакаме добредојде на реномираната
  • 0:31 - 0:34
    општествена научничка и авторка
    Дипа Нарајан.
  • 0:34 - 0:36
    (Музика)
  • 0:36 - 0:40
    (Аплауз)
  • 0:44 - 0:47
    Дипа Нарајан: Целта на секој родител
    исполнет со љубов
  • 0:47 - 0:49
    е да израсне добри девојки,
  • 0:49 - 0:51
    но, родителите во суштина
  • 0:51 - 0:55
    ги спречуваат, ограничуваат
    и ги гушат своите девојчиња.
  • 0:55 - 0:57
    Додека ги гушат своите девојчиња,
  • 0:57 - 0:59
    ги подготвуваат за насилство.
  • 1:00 - 1:02
    Ова е толку катастрофално
  • 1:02 - 1:05
    што никој родител не би го истрпил,
  • 1:05 - 1:06
    па е маскирано.
  • 1:06 - 1:09
    Во Индија, го нарекуваме „прилагодување".
  • 1:09 - 1:11
    Сигурна сум дека сте го слушнале зборот.
  • 1:12 - 1:14
    „Душо, само прилагоди се малку.
  • 1:14 - 1:15
    Само прилагоди се.
  • 1:15 - 1:18
    Без разлика на тоа што ќе се случи, само
    прилагоди се."
  • 1:18 - 1:22
    „Прилагоди се" ги учи девојчињата да бидат
    немоќни,
  • 1:22 - 1:24
    да не постојат, да не бидат видени,
  • 1:24 - 1:26
    да немаат „јас",
  • 1:26 - 1:33
    и ги тренира момчињата да стекнуваат
    моќ и авторитет над светот.
  • 1:33 - 1:38
    Во меѓувремено зборуваме за родова
    еднаквост и еманципирање на жените.
  • 1:38 - 1:44
    По едно групно силување во движечки
    автобус во Делхи во 2012-та,
  • 1:44 - 1:49
    навистина сакав да ги разберам коренот
    на насилството.
  • 1:49 - 1:52
    Започнав да поставувам многу едноставно
    прашање:
  • 1:52 - 1:57
    што значи за тебе да бидеш добра жена или
    добар маж денес?
  • 1:58 - 2:01
    Бев толку изненадена од тоа што го
    слушнав,
  • 2:01 - 2:05
    особено од одговорите на младите
    луѓе,
  • 2:05 - 2:10
    што проектот прерасна во
    истражување кое ме преокупира.
  • 2:10 - 2:16
    За 3 години, ислушав над 600 жени,
    мажи и деца,
  • 2:16 - 2:17
    образовани, од средна класа
  • 2:18 - 2:22
    кое доведе до 1800 часови слушање
  • 2:22 - 2:24
    и 8000 страни забелешки
  • 2:24 - 2:27
    и требаше уште една година
    за да му дадам смисла.
  • 2:27 - 2:32
    Денес, гледаме добро облечени, образовани
    жени како многу од вас тука,
  • 2:32 - 2:35
    сите во оваа просторија и јас
  • 2:35 - 2:38
    и мислиме дека светот се променил,
  • 2:38 - 2:42
    но овие надворешни промени се
    премногу лажни
  • 2:42 - 2:45
    бидејќи внатре ние не сме променети.
  • 2:46 - 2:49
    Денес, нема да зборувам за сиромашните
    луѓе.
  • 2:49 - 2:52
    Ќе зборувам само за средните и високите
    класи,
  • 2:52 - 2:55
    бидејќи ние најмногу негираме.
  • 2:55 - 2:59
    Ние сме тие кои повторно и повторно
    велиме
  • 2:59 - 3:01
    дека кога жените ќе се образовани,
  • 3:01 - 3:03
    кога ќе се вработени
  • 3:03 - 3:05
    и кога ќе заработуваат,
  • 3:05 - 3:08
    тие ќе бидат еднакви,еманципирани и
    слободни.
  • 3:09 - 3:10
    Тие не се.
  • 3:10 - 3:11
    Зошто?
  • 3:11 - 3:15
    Од моето истражување, идентификувам
    7 навики
  • 3:15 - 3:17
    кои ги бришат жените,
  • 3:17 - 3:19
    кои прават жените да исчезнат,
  • 3:19 - 3:21
    но овие навики опстојуваат
  • 3:21 - 3:24
    бидејќи ни се добро познати
  • 3:24 - 3:26
    и сме ги направиле добри и морални.
  • 3:27 - 3:30
    Зошто би промениле или исфрлиле нешто
    што е добро и морално?
  • 3:32 - 3:34
    Од една страна, ги сакаме нашите
    деца,
  • 3:34 - 3:35
    ги сакаме нашите ќерки,
  • 3:35 - 3:37
    а од друга страна, ги гушиме.
  • 3:39 - 3:42
    Прва навика: Ти немаш тело.
  • 3:43 - 3:49
    Првиот чекор да претвориш девојче во дух
    е да направиш нејзиното тело да исчезне,
  • 3:49 - 3:51
    да се преправаш дека таа нема тело.
  • 3:51 - 3:54
    Акангша, која има 23 год. рече:
  • 3:54 - 3:58
    „Во моето семејство никогаш не
    зборувавме за телото, никогаш".
  • 3:58 - 4:00
    Токму во таа тишина
  • 4:00 - 4:04
    милиони и милиони девојки се
    сексуално нападнати
  • 4:04 - 4:07
    и дури не им кажуваат на нивните мајки.
  • 4:08 - 4:10
    И негативните коментари од другите
  • 4:10 - 4:15
    водат до 90 проценти од жените да
    велат дека не си ги сакаат своите тела.
  • 4:15 - 4:18
    Кога девојка го одбива своето тело,
  • 4:18 - 4:20
    таа го одбива нејзиниот единствен дом
  • 4:20 - 4:23
    и невидливоста и несигурноста
  • 4:23 - 4:25
    стануваат нејзината несигурна основа.
  • 4:25 - 4:29
    Втора навика: Биди тивка.[ Тишина]
  • 4:30 - 4:32
    Ако не треба да постоиш
  • 4:32 - 4:33
    и немаш тело,
  • 4:33 - 4:35
    како може да имаш глас?
  • 4:35 - 4:37
    Па речиси секоја жена изјавила:
  • 4:37 - 4:41
    „Кога бев мала мајка ми ме караше
    и ми велеше:
  • 4:41 - 4:44
    „Не зборувај, биди тивка, замоччи,
  • 4:44 - 4:48
    зборувај нежно, не се карај и никогаш
    не одвраќај.
  • 4:48 - 4:49
    Не одговарај."
  • 4:49 - 4:51
    Сигурна сум дека сите сте го слушнале тоа.
  • 4:52 - 4:54
    Па девојчињата стануваат плашливи,
    се повлекуваат.
  • 4:54 - 4:58
    Стануваат тивки и велат,
  • 4:58 - 4:59
    „Остави. Ќе помине.
  • 5:00 - 5:01
    Што е поентата? Никој не слуша."
  • 5:02 - 5:04
    Образованите жени велат
  • 5:04 - 5:06
    дека нивниот прв проблем
  • 5:06 - 5:09
    е нивната неможност да прозборат,
  • 5:09 - 5:12
    како да има стапало на нивното грло
  • 5:12 - 5:13
    спремно да ги задави.
  • 5:14 - 5:17
    Тишината ги распарчува жените.
  • 5:19 - 5:22
    Трета навика: Биди задоволувач на луѓето.
  • 5:22 - 5:24
    Задоволи ги другите.
  • 5:24 - 5:27
    Секој сака фина жена, која секогаш
    се смее,
  • 5:27 - 5:29
    која никогаш не вели „не“
    и никогаш не е лута,
  • 5:29 - 5:31
    дури и кога е експлоатирана.
  • 5:31 - 5:34
    Амиша, која има 18 год. вели:
  • 5:34 - 5:36
    „Татко ми рече:
  • 5:36 - 5:39
    „Ако не те гледам да се смееш, не се
    чувствувам добро".
  • 5:40 - 5:41
    Па таа се смее.
  • 5:42 - 5:44
    Нејзиниот татко ја учи,
  • 5:44 - 5:48
    мојата среќа е поважна од твојата
    среќа.
  • 5:48 - 5:52
    Во овој бизнис за обид да
    ги усреќат сите цело време,
  • 5:52 - 5:55
    девојчињата се плашат да донесат одлуки.
  • 5:56 - 5:59
    Кога ги прашуваш, велат:
  • 5:59 - 6:01
    „Што и да е, како и да е!
  • 6:02 - 6:04
    Сѐ поминува.“
  • 6:05 - 6:07
    Дарша, која има 25 год.
  • 6:07 - 6:09
    рече со огромна гордост,
  • 6:09 - 6:12
    „Јас сум многу еластична.
  • 6:12 - 6:15
    Јас станувам што другите сакаат да бидам."
  • 6:16 - 6:18
    Такви девојчиња се откажуваат од
    своите соништа,
  • 6:18 - 6:20
    своите желби
  • 6:20 - 6:22
    и никој не ни забележува,
  • 6:22 - 6:23
    освен ако не стане збор за депресија.
  • 6:24 - 6:25
    Таа се вгнездува.
  • 6:26 - 6:29
    Друг дел од девојчето се одронува.
  • 6:31 - 6:34
    Четврта навика: Ти немаш сексуалност.
  • 6:35 - 6:39
    Мислам дека сите ќе се согласите дека со
    население од над 1.3 милијарди,
  • 6:39 - 6:41
    сексот не е нов за Индија.
  • 6:42 - 6:47
    Ново е тоа што повеќе луѓе признаваат
  • 6:47 - 6:50
    дека жените, исто така, имаат право
    на сексуална желба.
  • 6:51 - 6:55
    Но како може жена која не го поседува
    сопственото тело,
  • 6:55 - 6:57
    која не е образована за своето тело,
  • 6:57 - 6:59
    која можеби била сексуално злоупотребена,
  • 7:00 - 7:01
    која не може да рече „не“
  • 7:01 - 7:03
    и која е исполнета со срам,
  • 7:03 - 7:06
    како да си ја потврди својата сексуална
    желба?
  • 7:06 - 7:09
    Сексуалноста на жена е потисната.
  • 7:11 - 7:14
    Петта навика: Не верувај им на жените.
  • 7:15 - 7:17
    Замислете како ќе се променеше светот
  • 7:17 - 7:20
    ако жените се здружеа заедно во
    солидарност,
  • 7:20 - 7:23
    но за да не се случи ова,
  • 7:23 - 7:26
    нашата култура високо
    ги вреднува моралните вредности
  • 7:26 - 7:30
    за верноста на мажите
    и семејната дискреција.
  • 7:30 - 7:32
    Жените, една по друга изјавуваа:
  • 7:32 - 7:34
    „Знам само една жена од доверба
  • 7:34 - 7:36
    и тоа сум јас."
  • 7:36 - 7:38
    Дури и Ручи, која има 30 год.
  • 7:38 - 7:41
    и работи на еманципирањето на жените
    на Универзитетот во Делхи рече:
  • 7:42 - 7:45
    „Не им верувам на жените.
    Љубоморни се и озборуваат."
  • 7:45 - 7:47
    Очигледно, тогаш, во градовите,
  • 7:47 - 7:49
    жените не се приклучуваат кон женски групи
  • 7:49 - 7:52
    и кога ќе ги прашаш зошто, тие велат:
    „Немаме време за озборување."
  • 7:53 - 7:57
    Многу е полесно да уништиш
    жена која е сама.
  • 7:58 - 8:02
    Шеста навика: Обврски пред желби.
  • 8:03 - 8:07
    Мускан даде многу долга дефиниција за
    добра девојка, а има само 15 год.
  • 8:07 - 8:10
    „Таа е љубезна, учтива, умее да сака,
  • 8:10 - 8:12
    грижлива, искрена, послушна, ги почитува
    постарите,
  • 8:12 - 8:16
    безусловно помага секому, добра е со
    сите и ги извршува обврските."
  • 8:18 - 8:20
    Заморно, нели ?
  • 8:20 - 8:23
    Додека ги извршиш обврските,
  • 8:23 - 8:26
    која желба и да останала
    е исто така изгубена.
  • 8:26 - 8:30
    И кога пожртвуваните жени
    немаат ништо друго да кажат
  • 8:30 - 8:31
    освен да зборуваат за храна --
  • 8:31 - 8:35
    "Дали си јаден?
    Што ќе јадеш?",
  • 8:35 - 8:39
    мажи како Саураб, кој има 24, ги нарекува
    „досадни."
  • 8:40 - 8:43
    Жената станува остаток.
  • 8:43 - 8:47
    Седма навика: Биди целосно зависна.
  • 8:47 - 8:50
    Сите овие навики колективно
    ги рушат жените,
  • 8:50 - 8:52
    ги полнат со страв
  • 8:52 - 8:55
    и во нивното постоење целосно
    ги прават зависни од мажите
  • 8:56 - 8:59
    и ова дозволува системот на машка моќ
    да продолжи.
  • 9:00 - 9:05
    Па сите овие седум навики кои мислевме
    дека се добри и морални
  • 9:05 - 9:08
    го одземаат животот на девојките
  • 9:08 - 9:10
    и овозможуваат мажите да
    злоупотребуваат.
  • 9:11 - 9:13
    Мораме да се промениме.
  • 9:13 - 9:14
    Како да се промениме?
  • 9:15 - 9:17
    Навиката е само навика.
  • 9:18 - 9:20
    Секоја навика е научена навика,
  • 9:20 - 9:22
    па може да се одвикнеме
  • 9:22 - 9:24
    и оваа лична промена е значително
    важна.
  • 9:24 - 9:27
    И јас морав да се сменам исто така.
  • 9:27 - 9:29
    Но, ова не го променува системот
  • 9:29 - 9:31
    кој руши милиони други жени.
  • 9:32 - 9:34
    Па мораме да одиме до коренот.
  • 9:34 - 9:39
    Мораме да го смениме она што значи
    добра жена и добар маж,
  • 9:39 - 9:42
    бидејќи ова е основата на секое
    општество.
  • 9:42 - 9:47
    Не ни требаат еластични жени, ни
    требаат еластични дефиниции
  • 9:47 - 9:48
    и за мажите исто така
  • 9:48 - 9:54
    и оваа голема општествена промена не
    може да се случи без вклученост на мажите.
  • 9:54 - 9:55
    Ни требате.
  • 9:55 - 9:58
    Ни требаат мажи за да станат шампиони на
    промената,
  • 9:58 - 10:01
    да развијат силни мускули на промената.
  • 10:01 - 10:04
    Инаку, ќе требаат уште два века
  • 10:04 - 10:06
    додека нашите девојчиња и момчиња,
  • 10:06 - 10:07
    не се безбедни и слободни.
  • 10:08 - 10:15
    Замислете половина милијарда жени да
    дојдат заедно, со поддршка на мажите,
  • 10:15 - 10:18
    да зборуваат еден со друг за конверзација,
    за промена
  • 10:18 - 10:20
    и лична и политичка
  • 10:20 - 10:22
    и замислете ги мажите во нивните кругови
  • 10:22 - 10:26
    и замислете мажи и жени кои ќе се соберат
    заедно само за да се ислушаат
  • 10:26 - 10:29
    без осудување, без клевета,
  • 10:29 - 10:32
    без обвиненија и без срам.
  • 10:32 - 10:34
    Замислете колку многу би се промениле.
  • 10:34 - 10:36
    Ние можеме да го направиме ова заедно.
  • 10:36 - 10:38
    Жени, не се прилагодувајте.
  • 10:39 - 10:41
    Мажи, прилагодете се.
  • 10:42 - 10:44
    Време е.
  • 10:44 - 10:45
    Ви благодарам.
  • 10:45 - 10:49
    (Аплауз)
  • 10:50 - 10:51
    СРК: Колку добро кажано, прекрасно.
  • 10:51 - 10:53
    Сите, Дипа, ве молам.
  • 10:53 - 10:55
    Слушајќи ја неа, јас сфатив
  • 10:55 - 10:58
    дека дури и во наједноставните разговори
    кои ги имаме со жените,
  • 10:58 - 11:00
    ние всушност сме агресивни.
  • 11:00 - 11:02
    На пример, некогаш ѝ велам на
    ќерка ми:
  • 11:02 - 11:06
    "Yaar Tu hasti hai to mujhe
    accha lagta hai varna bura lagta hai".
  • 11:06 - 11:08
    [Многу се извинувам,никогаш не би го
    сторил тоа.]
  • 11:08 - 11:10
    Aaj Se main meri beti ko yahi bolunga.
  • 11:10 - 11:11
    [Што и да правиш,
  • 11:11 - 11:14
    ми се допаѓа, дури и да
    не се чувствувам добро.]
  • 11:14 - 11:17
    [Прави како сметаш дека е исправно.]
  • 11:17 - 11:20
    (Аплалуз)
  • 11:20 - 11:21
    Како се чувствувате,
  • 11:21 - 11:27
    прво со слушање на толку многу
    неисполнети приказни, желби,
  • 11:27 - 11:28
    недостаток на независност
  • 11:28 - 11:33
    за девојчиња за кои вообичаено
    претпоставуваме дека им е подобро?
  • 11:33 - 11:34
    ДН: Многу депресивно.
  • 11:34 - 11:37
    Беше шокантно за мене и затоа не можев
    да престанам,
  • 11:37 - 11:41
    бидејќи немав намера да проучувам
    и не планирав да пишувам книга.
  • 11:41 - 11:45
    Имав напишано 17 книги предходно и
    мислев завршив.
  • 11:45 - 11:47
    Но кога отидов на Колеџот Св. Стефан
  • 11:47 - 11:52
    и ги чув на најелитните колеџи во Делхи, вам добро познати,
  • 11:52 - 11:54
    чув млади жени и мажи,
  • 11:54 - 11:58
    што рекоа за тоа што за нив значи да си
    жена или маж.
  • 11:58 - 12:02
    Не звучеше како мене, туку како
    генерацијата на мојата мајка.
  • 12:02 - 12:05
    Па отидов на друг колеџ и
    на друг.
  • 12:05 - 12:06
    Она што ми беше највпечатливо
  • 12:06 - 12:10
    е тоа што секоја жена чувствува дека е
    сама,
  • 12:10 - 12:13
    дека си го крие стравот и сопственото
    однесување
  • 12:13 - 12:15
    бидејќи таа мисли дека е личен недостаток.
  • 12:16 - 12:19
    Не е личен недостаток, туку е тренирање
  • 12:19 - 12:21
    и мислам дека тоа е најголемото откритие
  • 12:21 - 12:25
    дека ако престанеме да се преправаме,
  • 12:25 - 12:27
    тогаш светот се менува.
  • 12:27 - 12:30
    СРК: Дали вие девојки се согласувате со
    тоа што го вели Депа?
  • 12:30 - 12:32
    (Аплауз)
  • 12:32 - 12:34
    Веќе ја слушнав таа млада девојка како
    вели:
  • 12:34 - 12:37
    „Слушна, слушна ли што рече таа?"
    Ова ми го викаш мене.
  • 12:37 - 12:38
    Да, тоа е како треба да биде.
  • 12:38 - 12:41
    Ти, момче, прилагоди се.
    Ние не се прилагодуваме веќе, во ред?
  • 12:41 - 12:43
    (Аплауз)
  • 12:43 - 12:45
    Многу ви благодарам.
    Имајте пријатна вечер. Ви благодарам.
  • 12:45 - 12:46
    (Аплауз)
Title:
Седум верувања кои можат да ги замолчат жените и како да се ослободиме од нив
Speaker:
Дипа Нарајан
Description:

Во Индија (и многу други држави), девојките и жените сѐ уште молчат пред традиционалните правила на учтивост и воздржаност, вели Дипа Нарајан, научничка по социјални науки. Во овој искрен и непосреден говор, таа идентификува седум длабоко врежани норми кои ја зајакнуваат нееднаквоста - и ги повикува мажите да помогнат во промената.

more » « less
Video Language:
English
Team:
TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:59

Macedonian subtitles

Revisions