Дерек Сиверс: Чудно или само различно?
-
0:00 - 0:04Замислете дека се наоѓате на некоја улица било каде во Америка
-
0:04 - 0:07и ви приоѓа некој Јапонец прашувајќи ве
-
0:07 - 0:09„Извинете, како се вика овој блок?“
-
0:09 - 0:13А вие одговарате - „Жал ми е. Значи, ова е булевар Партизански одреди,
-
0:13 - 0:15тоа е Рузвелтова, понатаму е Орце Николов и уште понатаму Костурски Херои.“
-
0:15 - 0:17Тој ви вели, „ок. Но како се вика овој блок?“
-
0:17 - 0:20Вие велите, „Па, блоковите кај нас немаат имиња.
-
0:20 - 0:22Кај нас, улиците имаат имиња, а блоковите се само
-
0:22 - 0:24оние безимени простори помеќу улиците.“
-
0:24 - 0:28И тој си заминува, малку збунет и разочаран.
-
0:28 - 0:31И сега замислете дека се наоѓате на некоја улица во Јапонија,
-
0:31 - 0:33и прашувате некој минувач до вас
-
0:33 - 0:35„Се извинувам, како се вика оваа улица?“
-
0:35 - 0:39И тој вели “Па знаете, ова е блок 17, ова е 16.“
-
0:39 - 0:42А вие велите “Добро, но како се вика оваа улица?“
-
0:42 - 0:44И тој ви вел “Знаете, улиците немаат имиња.
-
0:44 - 0:46Блоковите имаат имиња.
-
0:46 - 0:50Еве, погледнете на Google Maps. Овде е блок 14,15,16,17,18,19.
-
0:50 - 0:52Сите овие блокови имаат имиња.
-
0:52 - 0:56А улиците се само безимените простори помеѓу блоковите.
-
0:56 - 0:59И тогаш велите. „Добро, како тогаш ја знаете вашата адреса на живеење?“
-
0:59 - 1:02Тој ви одговара, „Па лесно, ова е Регион 8.
-
1:02 - 1:05Овде е блок 17, куќа број 1.“
-
1:05 - 1:07Вие велите, „Добро. Но, шетајќи наоколу, приметив дека куќите
-
1:07 - 1:09не се нумерирани по редослед.“
-
1:09 - 1:12Тој вели, „Секако дека се. Нумерирани се по редоследот по кој што биле изградени.
-
1:12 - 1:15Првата куќе изградена на овој блок е нумерирана со бројот 1.
-
1:15 - 1:18Втората куќа е број 2.
-
1:18 - 1:20Третата е број 3. Лесно и очигледно.“
-
1:20 - 1:23Знаете, баш ми се допаѓа кога треба да отидеме
-
1:23 - 1:25на спротивната страна на светот
-
1:25 - 1:27за да ги согледаме претпоставките кои и не сме знаеле дека ги имаме
-
1:27 - 1:30и да согледаме дека и спротивните претпоставки на нив исто така може да се вистинити.
-
1:30 - 1:32Така на пример, постојат лекари во Кина
-
1:32 - 1:35кои веруваат дека нивната работа е да ве одржуваат здрави.
-
1:35 - 1:37Така, секој месец кога сте здрави, вие им плаќате,
-
1:37 - 1:39а кога сте болни, не им плаќате бидејќи тие не успеале да ве одржат здрави.
-
1:39 - 1:41Така, тие се богатат кога вие сте здрави, а не болни.
-
1:41 - 1:44(Аплауз)
-
1:44 - 1:46Во музиката, под „еден“ подразбираме
-
1:46 - 1:50почеток на тактот. еден, два ,три, четри.
-
1:50 - 1:52Но, во западно-африканската музика, „еден“
-
1:52 - 1:54го означува крајот на тактот,
-
1:54 - 1:56како што точката го означува крајот на реченицата.
-
1:56 - 1:58Па, може да го чуете не само во ознаките, туку и во начинот на кој држат такт.
-
1:58 - 2:01два, три, четри, еден.
-
2:01 - 2:04И оваа мапа е исто така точна.
-
2:04 - 2:06(смеа)
-
2:06 - 2:09Има една поговорка дека што и да тврдите во Индија,
-
2:09 - 2:11спротивното е исто така вистинито.
-
2:11 - 2:13Па, да не заборавиме, било на ТЕД, било надвор од тука,
-
2:13 - 2:16дека која и да е бријилантна идеја која сте ја чуле,
-
2:16 - 2:18нејзината спротивна можеби исто така е вистинита.
-
2:18 - 2:20Домо аригато гозаимашита. (ви благодарам)
- Title:
- Дерек Сиверс: Чудно или само различно?
- Speaker:
- Derek Sivers
- Description:
-
Како што вели поговорката: „Секое нешто има две страни“, и за 2 минути, Дерек Сиверс покажува дека ова е вистина за работи кои не сте ги очекувале
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 02:21