Return to Video

Што го прави животот добар? Лекции од најдолгата студија за среќата

  • 0:01 - 0:04
    Што е тоа што нè одржува здрави и среќни
  • 0:04 - 0:05
    додека минуваме низ животот?
  • 0:07 - 0:09
    Во моментов запрашајте се,
  • 0:09 - 0:11
    за да бидете среќни,
  • 0:11 - 0:15
    каков треба да биде вашиот живот?
  • 0:15 - 0:18
    Неодамна беше спроведена
    анкета врз милениумци
  • 0:18 - 0:23
    во однос на тоа кои се нивните
    најважни цели во животот.
  • 0:23 - 0:25
    Повеќе од 80% рекоа
  • 0:25 - 0:29
    дека најважна цел им е да се збогатат.
  • 0:29 - 0:31
    Aдолесценти одговориле дека друга животна
  • 0:34 - 0:37
    цел им е да станат познати.
  • 0:38 - 0:40
    (Смеа)
  • 0:41 - 0:43
    Постојано ни кажуваат да се впуштиме во
  • 0:43 - 0:47
    работа, да туркаме појако и да постигнеме
  • 0:47 - 0:50
    повеќе. Имаме впечаток дека овие
  • 0:50 - 0:53
    се работите по кои треба да одиме за да
  • 0:53 - 0:54
    имаме добар живот.
  • 0:54 - 0:58
    Слики од цели животи,
    од изборот што луѓето
  • 0:58 - 1:01
    го прават и како тој избор функционира за
  • 1:01 - 1:04
    нив ,тие слики се речиси невозможни да се
  • 1:04 - 1:07
    достигнат. Повеќето што го знаеме за
  • 1:07 - 1:10
    човековиот живот, го знаеме од човечките
  • 1:10 - 1:13
    сеќавања за минатото и како што знаеме
  • 1:13 - 1:17
    ретроспективата е сè освен 20/20.
  • 1:17 - 1:20
    Забораваме огромни количини од случувањата
  • 1:20 - 1:22
    во нашите животи и некогаш меморијата е
  • 1:22 - 1:24
    чиста креативност.
  • 1:25 - 1:28
    Но, што ако би можеле да гледаме цели животи
  • 1:28 - 1:31
    како се расплетуваат низ
  • 1:31 - 1:33
    времето? Што ако можеме да ги проучуваме
  • 1:33 - 1:36
    луѓето од времето кога се тинејџери сѐ до
  • 1:36 - 1:41
    длабока старост, да видиме што ги оддржува
  • 1:41 - 1:42
    здрави и среќни.
  • 1:44 - 1:45
    Го направивме тоа.
  • 1:46 - 1:48
    Харвардската студија за развој
    на возрасните
  • 1:48 - 1:51
    можеби е најдолгата студија на возрасниот
  • 1:51 - 1:56
    живот што некогаш била направена. 75год.,
  • 1:56 - 2:02
    ги следевме животите на 724 мажи година по
  • 2:02 - 2:04
    година, прашувајќи ги за нивната работа,
  • 2:04 - 2:06
    домашен живот, здравјето и секако
  • 2:06 - 2:10
    прашувајќи без да знаеме како ќе испаднат
  • 2:10 - 2:12
    нивните животни приказни.
  • 2:13 - 2:17
    Ваквите студии се премногу ретки.
  • 2:17 - 2:19
    Речиси сите проекти од овој вид се
  • 2:19 - 2:22
    распаѓаат во првата декада бидејќи многу
  • 2:22 - 2:25
    од луѓето се откажуваат или спонзорството
  • 2:25 - 2:26
    на истражувањето прекинува
  • 2:26 - 2:28
    или на истражувачите им се
  • 2:28 - 2:31
    одвлекува вниманието или умираат и никој
  • 2:31 - 2:33
    не ја префрла топката понатаму во полето.
  • 2:34 - 2:38
    Но, низ комбинација на
    среќа и упорноста на
  • 2:38 - 2:41
    неколку генерации на истажувачи, студијата
  • 2:41 - 2:47
    опстана. Околу 60 од првичните 742 мажи се
  • 2:47 - 2:50
    сеуште живи, сеуште дел од студијата,
  • 2:50 - 2:52
    мнозина од нив во нивните 90ти.
  • 2:54 - 2:56
    Сега почнуваме да ги проучуваме
  • 2:56 - 2:59
    повеќете од 2000 деца на овие мажи
  • 2:59 - 3:01
    И јас сум четвртиот директор на студијата
  • 3:03 - 3:07
    Од 1938, сме ги следеле животите на две
  • 3:07 - 3:10
    групи на луѓе. Првата група почнала со
  • 3:10 - 3:12
    студијата кога биле втора година на
  • 3:12 - 3:15
    Харвард колеџот. Сите завршиле за време на
  • 3:15 - 3:17
    Втора светска војна и потоа голем дел
  • 3:17 - 3:20
    заминале да служат во војната. Втората
  • 3:20 - 3:22
    група што ја имаме следено е група од
  • 3:22 - 3:25
    момци од најсиромашните населби на Бостон,
  • 3:26 - 3:28
    момци кои биле одбрани за студијата
  • 3:28 - 3:30
    специјално затоа што биле од едни од
  • 3:30 - 3:32
    најпроблематичните и најобесправените
  • 3:32 - 3:36
    семејства во Бостон во 1930-тите. Мнозина
  • 3:36 - 3:39
    од нив живееле во згради без топла
  • 3:39 - 3:40
    и ладна вода.
  • 3:43 - 3:45
    Кога се вклучиле во студијата, сите овие
  • 3:45 - 3:48
    тинејџери биле интервјуирани. Им биле
  • 3:48 - 3:50
    направени медицински прегледи. Отидовме во
  • 3:50 - 3:52
    нивните домови и ги интервјуиравме
  • 3:52 - 3:55
    родителите. Потоа овие тинејџери станаа
  • 3:55 - 3:57
    возрасни кои продреа во сите области на
  • 3:57 - 4:00
    животот. Тие станаа фабрички работници,
  • 4:00 - 4:05
    адвокати, ѕидари и доктори, еден
  • 4:05 - 4:09
    председател на САД. Некои станаа
  • 4:09 - 4:14
    алкохоличари, неколку шизофреници.
    Некои се
  • 4:14 - 4:17
    искачија од дното до врвот на социјалната
  • 4:17 - 4:20
    скала и некои го направија тоа патување во
  • 4:20 - 4:22
    обратната насока.
  • 4:24 - 4:26
    Основачите на студијата не би замислиле ни
  • 4:26 - 4:28
    во најлудите соништа дека Јас ќе стојам
  • 4:29 - 4:33
    овде денес 75год. подоцна,
    зборувајќи ви дека
  • 4:33 - 4:37
    студијата сеуште продолжува. Секои две
  • 4:37 - 4:41
    години, нашиот трпелив и посветен персонал
  • 4:41 - 4:44
    ги собира нашите мажи и ги прашува дали
  • 4:44 - 4:46
    можеме да им пратиме по еден сет прашања
  • 4:46 - 4:48
    за нивните животи.
  • 4:48 - 4:51
    Многу од мажите од внатрешноста на Бостон
  • 4:51 - 4:53
    нѐ прашуваат: "Зошто сакате да продолжите
  • 4:53 - 4:55
    да ме истражувате? Мојот живот не е толку
  • 4:55 - 4:58
    интересен." Maжите од Харвард никогаш не
  • 4:58 - 5:00
    го поставуваат тоа прашање.
  • 5:02 - 5:04
    (Смеа)
  • 5:09 - 5:11
    За да ја добиеме најјасната слика за овие
  • 5:11 - 5:15
    животи, не им праќаме само прашалници. Ги
  • 5:15 - 5:18
    интервјуираме во нивните дневни соби. Ги
  • 5:18 - 5:20
    земаме медицинските досиеја од нивните
  • 5:20 - 5:22
    доктори. Им земаме крв, им ги скенираме
  • 5:22 - 5:25
    мозоците,зборуваме со нивните деца. Ги
  • 5:25 - 5:27
    снимаме додека зборуваат со нивните
  • 5:27 - 5:31
    сопруги за нивните најдлабоки грижи. Кога
  • 5:31 - 5:33
    пред една декада конечно ги прашавме
  • 5:33 - 5:35
    сопругите дали би ни се придружиле како
  • 5:35 - 5:37
    членови на студијата. Многу од нив рекоа:
  • 5:37 - 5:39
    "Знаете, време беше."
  • 5:39 - 5:39
    (Смеа)
  • 5:39 - 5:41
    Што научивме?
  • 5:41 - 5:45
    Кои се лекциите што доаѓаат од десетиците
  • 5:45 - 5:48
    илјади страници на информации кои сме ги
  • 5:48 - 5:50
    генерирале за овие животи?
  • 5:52 - 5:56
    Лекциите не се за богатство, слава или
  • 5:56 - 6:00
    работење повеќе и повеќе. Најјасната порака
  • 6:00 - 6:04
    што ја добиваме од овие 75год. студија е:
  • 6:05 - 6:08
    Добрите односи нѐ прават посреќни и
  • 6:08 - 6:10
    поздрави. Точка.
  • 6:11 - 6:15
    Сме научиле три големи лекции за односите.
  • 6:15 - 6:18
    Првата е дека социјалната поврзаност е
  • 6:18 - 6:20
    многу добра за нас и дека
    осаменоста убива.
  • 6:21 - 6:24
    Излегува дека луѓето што се повеќе
  • 6:24 - 6:27
    поврзани со семејството, пријателите,
  • 6:27 - 6:32
    општеството се посреќни,
    физички поздрави и
  • 6:32 - 6:34
    живеат подолго отколку луѓето што се
  • 6:34 - 6:38
    помалку поврзани. Искусувањето на
  • 6:38 - 6:41
    осаменоста е токсична. Луѓето што се
  • 6:41 - 6:44
    поизолирани отколку што сакаат да бидат од
  • 6:44 - 6:49
    другите се помалку среќни, здравјето им се
  • 6:49 - 6:52
    влошува порано во средовечноста, нивните
  • 6:52 - 6:54
    мозочни функции се намалуваат порано и
  • 6:54 - 6:57
    живеат пократко од луѓето кои не се
  • 6:57 - 7:02
    осамени. Жалниот факт е
    дека во секое време
  • 7:02 - 7:05
    повеќе од 1 во 5 Американци ќе изјави дека
  • 7:05 - 7:07
    е осамен.
  • 7:07 - 7:10
    Знаеме дека можеме да бидеме осамени во
  • 7:10 - 7:12
    толпата и можеме да бидеме осамени во брак
  • 7:12 - 7:15
    затоа втората голема лекција која ја
  • 7:15 - 7:17
    научивме е дека не е важен бројот на
  • 7:17 - 7:20
    пријатели кои ги имате и не е важно дали
  • 7:20 - 7:23
    сте во врска,но важен е квалитетот на
  • 7:23 - 7:28
    блиските односи. Излегува дека
    живеењето во
  • 7:28 - 7:30
    средината на конфликтите е многу лошо за
  • 7:30 - 7:33
    нашето здравје. Бракови со висок степен на
  • 7:33 - 7:36
    конфликти, на пример, без многу љубов се
  • 7:36 - 7:39
    многу лоши за нашето
    здравје, дури и полоши
  • 7:39 - 7:43
    од разведувањето. А живеењето во средината
  • 7:43 - 7:46
    на добри, топли односи е заштитничко.
  • 7:46 - 7:48
    Откако ги проследивме мажите до
  • 7:48 - 7:51
    нивните 80ти сакавме да се вратиме кон
  • 7:51 - 7:53
    нивната средовечност и да видиме дали
  • 7:53 - 7:56
    можеме да предвидиме кој ќе стане среќен
  • 7:56 - 7:59
    здрав осумдесетгодишник, а кој не.
  • 8:00 - 8:04
    Кога собравме сѐ што знаевме за нив на
  • 8:04 - 8:07
    возраст од 50год. тоа не
    беше нивното ниво на
  • 8:07 - 8:10
    холестерол што предвиде како ќе
  • 8:10 - 8:13
    стареат, туку беше задоволството кое го
  • 8:13 - 8:16
    имаат од нивните односи. Луѓето кои беа
  • 8:16 - 8:20
    најзадоволни од нивните врски на 50год.
  • 8:20 - 8:22
    беа најздрави на 80 год.
  • 8:24 - 8:27
    Се чини дека добрите, блиски односи нѐ
  • 8:27 - 8:29
    чуваат од некои од несаканите дејства на
  • 8:29 - 8:35
    стареењето. Најсреќните парови во нивните
  • 8:35 - 8:38
    80ти изјавиле дека во деновите кога имале
  • 8:38 - 8:41
    повеќе физичка болка останале исто среќни.
  • 8:41 - 8:45
    Но, луѓето кои биле во несреќни врски, во
  • 8:45 - 8:48
    деновите кога покажале повеќе физичка
  • 8:48 - 8:51
    болка, таа била зголемена со поголема
  • 8:51 - 8:52
    емоционална болка.
  • 8:52 - 8:55
    Третата голема лекција која ја научивме за
  • 8:55 - 8:58
    односите и нашето здравје е дека добрите
  • 8:58 - 9:01
    односи не ги чуваат само нашите тела,туку
  • 9:01 - 9:02
    и нашите мозоци.
  • 9:03 - 9:07
    Се чини дека сигурните и посветени односи
  • 9:07 - 9:11
    со друга личност во 80тите се заштитнички.
  • 9:11 - 9:14
    Луѓето кои се во врски каде тие вистина
  • 9:14 - 9:16
    можат да се потпрат на другата личност
  • 9:16 - 9:19
    кога имаат потреба,
    меморијата на тие луѓе е
  • 9:19 - 9:23
    поостра. А, луѓето во врски каде што не
  • 9:23 - 9:27
    можат да се потпрат еден на друг, тие луѓе
  • 9:27 - 9:30
    искусуваат рано губење на меморијата.
  • 9:31 - 9:34
    Добрите односи, тие не мора да бидат мирни
  • 9:34 - 9:36
    цело време. Некои од осумдесетгодишните
  • 9:36 - 9:40
    парови можеби се карале секој ден, но
  • 9:40 - 9:42
    сѐ додека чувствувале дека можат да се
  • 9:42 - 9:44
    потпрат еден на друг,
    кога ќе станело тешко
  • 9:44 - 9:47
    тие караници немале влијание на нивните
  • 9:47 - 9:49
    сеќавања.
  • 9:50 - 9:52
    Оваа порака,
  • 9:52 - 9:56
    дека добри, блиски односи се добри за
  • 9:56 - 9:59
    нашето здравје и благосостојба, oва е
  • 9:59 - 10:02
    прастара мудрост. Зошто е ова тешко да се
  • 10:02 - 10:07
    сфати и лесно да се игнорира? Сите сме
  • 10:07 - 10:10
    луѓе. Тоа што ни треба e брз ремонт,
    нешто што
  • 10:10 - 10:12
    можеме да добиеме и што ќе ги направи
  • 10:12 - 10:14
    нашите животи добри и ќе ги зачува.
  • 10:15 - 10:19
    Односите се замрсени и сложени
  • 10:19 - 10:21
    и напорно е да се обрнува внимание на
  • 10:21 - 10:24
    семејството и пријателите, не е ни секси
  • 10:24 - 10:27
    ни гламурзно. И трае доживотно. Никогаш не
  • 10:27 - 10:32
    завршува. Луѓето во 75год. студија кои беа
  • 10:32 - 10:34
    најсреќни кога се пензионираа, беа луѓе
  • 10:34 - 10:36
    кои всушност активно работеле да ги
  • 10:36 - 10:39
    заменат колегите со нови
    пријатели за забава,
  • 10:40 - 10:42
    Исто како луѓето родени во 2000 год. во
  • 10:42 - 10:44
    неодамнешната анкета, многу од мажите
  • 10:44 - 10:48
    кога биле млади адолесценти мислеле дека
  • 10:48 - 10:50
    славата, богатството и високите
  • 10:50 - 10:52
    достигнувања се нештата по кои требало да
  • 10:52 - 10:55
    се стремат за да имаат добар живот.
    Но, одново и
  • 10:55 - 10:58
    одново, за време на овие 75год. студијата
  • 10:58 - 11:00
    покажала дека луѓето кои поминале
  • 11:00 - 11:04
    најдобро се оние кои се впуштиле во односи
  • 11:04 - 11:07
    со семејството, пријателите, општеството.
  • 11:09 - 11:11
    Што е со вас?
  • 11:11 - 11:15
    Да речеме дека имате 25, 40 или 60 год.
  • 11:16 - 11:19
    Како воопшто изгледа впуштањето во врски?
  • 11:20 - 11:24
    Можностите се бескрајни. Може да е нешто
  • 11:24 - 11:27
    едноставно како замена на времето
  • 11:27 - 11:29
    поминато пред екраните со време поминато
  • 11:29 - 11:33
    со луѓе, оживување на здодевна врска со
  • 11:33 - 11:35
    нова заедничка активност, долги прошетки
  • 11:35 - 11:39
    или вечерни состаноци, или повтоно контакт
  • 11:39 - 11:41
    со роднина со кој не си зборувал со години
  • 11:42 - 11:45
    бидејќи тие чести семејни непријателства
  • 11:45 - 11:49
    имаат ужасни последици врз луѓето кои
  • 11:49 - 11:51
    држат лутина.
  • 11:52 - 11:56
    Сакам да завршам со цитат на Марк Твен.
  • 11:57 - 12:01
    Пред повеќе од еден век,гледал
    назад на својот
  • 12:01 - 12:07
    животот и го напишал ова: "Нема време,
  • 12:07 - 12:10
    животот е толку краток за
    надмудрувања, извинувања,
  • 12:10 - 12:14
    каења и префрлувања.
  • 12:15 - 12:19
    Има време само за сакање,
    и ако смеам да речам
  • 12:19 - 12:21
    имаме само еден миг за тоа.“
  • 12:23 - 12:26
    Добриот живот е изграден
    од добри односи.
  • 12:27 - 12:29
    Ви благодарам!
  • 12:29 - 12:31
    (Аплауз)
Title:
Што го прави животот добар? Лекции од најдолгата студија за среќата
Speaker:
Роберт Валдингер
Description:

Што нѐ прави среќни и здрави додека минуваме низ животот? Ако мислите дека тоа е славата и парите не сте сами,но според психијатарот Роберт Валдингер, грешите.Како директор на 75 годишна студија за развојот на возрасните, Валдингер има неограничен пристап до информации за вистинската среќа и задоволство. Во овој говор тој ќе ги сподели трите важни лекции научени од студијата исто како и неколку практични мудрости за тоа како да изградиме долг и исполнет живот.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:46

Macedonian subtitles

Revisions