Керолин Стил: Како храната ги обликува нашите градови
-
0:00 - 0:04Како да се нахрани еден град?
-
0:04 - 0:06Тоа е едно од големите прашања на нашето време.
-
0:06 - 0:08А, сепак, ретко се поставува.
-
0:08 - 0:11Го земаме здраво за готово фактот дека кога ќе влеземе во продавница,
-
0:11 - 0:15ресторан или, на пример, во фоајето на овој театар за еден час,
-
0:15 - 0:18ќе нè чека храна,
-
0:18 - 0:20која магично стигнала од кој знае каде.
-
0:20 - 0:25Но, кога ќе помислиме дека секој ден за град голем како Лондон
-
0:25 - 0:28треба да се произведе, транспортира,
-
0:28 - 0:31да се купи, продаде,
-
0:31 - 0:35да се зготви, изеде и фрли доволно храна,
-
0:35 - 0:37и дека истиот процес треба да се повтори секој ден,
-
0:37 - 0:39во секој град на светот,
-
0:39 - 0:42тогаш неверојатно е како градовите воопшто се хранат.
-
0:42 - 0:44Живееме на вакви места,
-
0:44 - 0:47како тие да се нешто најприродно во светот,
-
0:47 - 0:49заборавајќи дека, поради тоа што сме животни
-
0:49 - 0:51и мора да се храниме,
-
0:51 - 0:55подеднакво сме зависни од природата
-
0:55 - 0:57како и нашите претци низ историјата.
-
0:57 - 0:59Како што сè повеќе луѓе се селат во градовите,
-
0:59 - 1:02сè поголем дел од природата се трансформира
-
1:02 - 1:05во извонредни предели, како овој зад мене,
-
1:05 - 1:08на кој се гледаат полиња со соја во Мата Гросо во Бразил,
-
1:08 - 1:11за да нè нахранат.
-
1:11 - 1:13Ова се навистина изнонредни предели,
-
1:13 - 1:15но малкумина од нас имаат шанса да ги видат.
-
1:15 - 1:17И сè почесто овие предели
-
1:17 - 1:19не се создаваат за да нè хранат само нас.
-
1:19 - 1:21Како што сè повеќе луѓе се населуваат во градовите,
-
1:21 - 1:23се јаде сè повеќе месо,
-
1:23 - 1:26па со една третина од глобалната годишна жетва на житарици
-
1:26 - 1:28сега се хранат животни,
-
1:28 - 1:30а не ние - човечките животни.
-
1:30 - 1:34А, со оглед на тоа што се потребни три пати повеќе житарици -
-
1:34 - 1:36всушност, десет пати повеќе житарици -
-
1:36 - 1:39за да се нахрани еден човек доколку тие прво поминале низ животни,
-
1:39 - 1:44тогаш тоа не е баш ефикасен начин за хранење на луѓето.
-
1:44 - 1:46А, проблемот станува сè поголем.
-
1:46 - 1:49Се проценува дека до 2050-та година
-
1:49 - 1:51бројот на луѓето кои живеат во градови ќе биде двојно поголем.
-
1:51 - 1:53Се проценува и дека ќе се конзумира
-
1:53 - 1:55двојно повеќе месо и млеко.
-
1:55 - 2:00Значи, месото и урбанизмот растат заедно.
-
2:00 - 2:02Тоа ќе предизвика огромен проблем.
-
2:02 - 2:05До 2050-та ќе треба да се хранат шест милијарди
-
2:05 - 2:09гладни месојатци.
-
2:09 - 2:11Тоа е голем проблем. А, ако продолжиме како до сега,
-
2:11 - 2:14тешко и дека би можеле да го решиме.
-
2:14 - 2:18Секоја година, се уништуваат 19 милиони хектари прашума,
-
2:18 - 2:20за да се создаде нова обработлива земја.
-
2:20 - 2:23Иако, во исто време, се губи подеднаква површина од постоечкото
-
2:23 - 2:27обработливо земјиште, поради салинизација и ерозија.
-
2:27 - 2:30Многу сме гладни и за фосилни горива, исто така.
-
2:30 - 2:33Потребни се околу 10 калории за да се произведе секоја калорија
-
2:33 - 2:37од храната која ја консумираме во Западниот свет.
-
2:37 - 2:41А, сепак, храна која толку скапо ја произведуваме
-
2:41 - 2:43воопшто не ја цениме.
-
2:43 - 2:47Половина од храната произведена во САД се фрла.
-
2:47 - 2:50А, на крајот на целиот овој долг процес,
-
2:50 - 2:53не ни успеваме да ја нахраниме планетата како што треба.
-
2:53 - 2:58Една милијарда од нас се предебели, додека друга милијарда гладуваат.
-
2:58 - 3:00Сето ова нема многу смисла.
-
3:00 - 3:03А, кога ќе сфатите дека 80% од глобалната трговија со храна
-
3:03 - 3:08е под контрола на само пет мултинационални корпорации,
-
3:08 - 3:10сликата станува тмурна.
-
3:10 - 3:13Со преселбата во градовите, се прифаќа и исхраната на Западниот свет.
-
3:13 - 3:16А, ако гледаме кон иднината,
-
3:16 - 3:18овој начин на исхрана не може да се одржи.
-
3:18 - 3:20Па, како стигнавме овде?
-
3:20 - 3:23И, што е уште поважно, што ќе сториме сега?
-
3:23 - 3:27Прво да го одговорам малку полесното прашање.
-
3:27 - 3:29Почетокот на овој процес е некаде
-
3:29 - 3:31пред околу 10.000 години,
-
3:31 - 3:33во стариот Близок Исток,
-
3:33 - 3:35познат и како „плодната полумесечина“,
-
3:35 - 3:37затоа што, како што гледате, регионот има форма на полумесечина
-
3:37 - 3:39и бил плоден.
-
3:39 - 3:42Тука, пред околу 10.000 години,
-
3:42 - 3:44откриени се два извонредни пронајдоци,
-
3:44 - 3:47земјоделството и урбанизмот,
-
3:47 - 3:50приближно во исто време и на исто место.
-
3:50 - 3:52Ова не е случајност.
-
3:52 - 3:56Земјоделството и градовите се тесно поврзани. Не можат едно без друго.
-
3:56 - 3:58Бидејќи со пронајдокот на житариците
-
3:58 - 4:01нашите претци за прв пат
-
4:01 - 4:04имале извор на храна кој бил доволно голем и стабилен
-
4:04 - 4:08за да ги одржува постојаните населби.
-
4:08 - 4:10Ако погледнеме како изгледале овие населби,
-
4:10 - 4:12ќе видиме дека биле збиени,
-
4:12 - 4:14опколени со плодни ниви
-
4:14 - 4:17и во нив доминирале големи комплекси на храмови,
-
4:17 - 4:19како овој во Ур,
-
4:19 - 4:21кои, всушност,
-
4:21 - 4:24биле духовни, централизирани центри за дистрибуција на храна,
-
4:24 - 4:27бидејќи храмовите ја организирале жетвата,
-
4:27 - 4:29го собирале житото, го принесувале на боговите,
-
4:29 - 4:33а житото што боговите не го јаделе, го делеле на народот.
-
4:33 - 4:35Па, може да се рече
-
4:35 - 4:37дека севкупниот духовен и физички живот на овие градови
-
4:37 - 4:40зависел од житото и од жетвата,
-
4:40 - 4:43кои ги одржувале.
-
4:43 - 4:46Всушност, тоа важи за сите антички градови.
-
4:46 - 4:48Но, секако, не биле сите толку мали.
-
4:48 - 4:51Па така, познато е дека Рим имал околу еден милион жители
-
4:51 - 4:53во првиот век од нашата ера.
-
4:53 - 4:57Па, како успевале да нахранат толкав град?
-
4:57 - 5:00Решението е она што јас го нарекувам „антички пат на храната“.
-
5:00 - 5:03Рим имал излез на море,
-
5:03 - 5:06што му овозможувало да увезува храна од многу оддалечени места.
-
5:06 - 5:09Тоа е единствениот начин на кој ова било изводливо во античко време,
-
5:09 - 5:12затоа што било многу тешко да се пренесе храна преку патиштата,
-
5:12 - 5:14кои биле многу тешки за патување,
-
5:14 - 5:16а и храната многу бргу се расипувала.
-
5:16 - 5:18Римјаните вешто војувале со
-
5:18 - 5:21други држави, како Картагина и Египет,
-
5:21 - 5:23само за да дојдат до нивните резерви на жито.
-
5:23 - 5:26Всушност, може да се рече дека ширењето на империјата
-
5:26 - 5:29било еден вид многу долго, растегнато,
-
5:29 - 5:31милитаризирано пазарување.
-
5:31 - 5:33(смеа)
-
5:33 - 5:35Всушност, многу го сакам овој податок и едноставно мора да го споменам:
-
5:35 - 5:38Римјаните увезувале остриги од Лондон,
-
5:38 - 5:40во еден период. Мислам дека тоа е неверојатно.
-
5:40 - 5:43Значи, Римјаните ги обликувале границите на империјата
-
5:43 - 5:45според својот апетит.
-
5:45 - 5:47Но, интересно е што уште нешто
-
5:47 - 5:49се случило во прединдустрискиот свет.
-
5:49 - 5:52Ако ја разгледаме картата на Лондон во 17-тиот век,
-
5:52 - 5:55гледаме дека житото, кое доаѓа преку Темза,
-
5:55 - 5:57се наоѓа на дното од картава.
-
5:57 - 6:00Па така, пазарите за жито биле на југот на градот,
-
6:00 - 6:02а улиците кои воделе од нив
-
6:02 - 6:04до Чипсајд, кој бил главниот пазар,
-
6:04 - 6:06исто така биле пазари за жито.
-
6:06 - 6:08Ако се земе предвид името на една од овие улици,
-
6:08 - 6:11Бред Стрит (Лебна улица), јасно е
-
6:11 - 6:14што се случувало таму пред 300 години.
-
6:14 - 6:16Истото важело и за рибата.
-
6:16 - 6:19И таа доаѓала до градот преку реката. Ја имаме истата ситуација.
-
6:19 - 6:22Билингсгејт е познат пазар за риби во Лондон,
-
6:22 - 6:26кој опстојувал на истото место сè до средината на 1980-тите.
-
6:26 - 6:28Тоа е навистина неверојатно.
-
6:28 - 6:30Сите се шетале наоколу
-
6:30 - 6:32со мобилни телефони што изгледаат како цигли,
-
6:32 - 6:35а долу на пристаништето се продавале смрдливи риби.
-
6:35 - 6:38Ова е уште една важна работа за храната и градовите:
-
6:38 - 6:41кога еднаш ќе се пуштат корења на некое место,
-
6:41 - 6:43многу ретко се поместува оттаму.
-
6:43 - 6:45Месото е сосема друга приказна,
-
6:45 - 6:47бидејќи животните можат сами да влезат во градот.
-
6:47 - 6:49Најголем дел од месото пристигнувало
-
6:49 - 6:51во Лондон од северозапад,
-
6:51 - 6:53од Шкотска и Велс.
-
6:53 - 6:56Влегувало и пристигнувало во северозападниот дел од градот,
-
6:56 - 6:58па затоа и Смитфилд,
-
6:58 - 7:01познатиот пазар за месо во Лондон, се наоѓал таму.
-
7:01 - 7:05Живината доаѓала од Источна Англија, од североистокот.
-
7:05 - 7:06Се чувствувам како презентерка на метео-вести...
-
7:06 - 7:10Птиците доаѓале со
-
7:10 - 7:13стапала заштитени со платнени чевлички.
-
7:13 - 7:15Кога ќе стигнеле до источниот крај
-
7:15 - 7:17на Чипсајд, таму биле продавани.
-
7:17 - 7:19Затоа и тоа место се вика Полтри (живина).
-
7:19 - 7:22Всушност, ако ја погледнете картата на кој било град
-
7:22 - 7:26изграден пред индустриското време,
-
7:26 - 7:28може да ги препознаете патиштата за влез на храната.
-
7:28 - 7:31Може да видите како градот физички бил обликуван од храната,
-
7:31 - 7:34преку имињата на улиците, кои ви даваат многу знаци.
-
7:34 - 7:36Како, на пример, Фрајдеј стрит (ул. Петок),
-
7:36 - 7:38каде што се купувала риба во петок.
-
7:38 - 7:40Но, исто така, треба градот да го замислите полн со храна,
-
7:40 - 7:43затоа што улиците и јавните простори биле
-
7:43 - 7:46единствените места каде што се купувала и продавала храна.
-
7:46 - 7:49Ако погледнеме слика од Смитфилд од 1830 година,
-
7:49 - 7:52може да видите дека би било многу тешко да живеете во ваков град,
-
7:52 - 7:54а да не знаете од каде ви доаѓа храната.
-
7:54 - 7:56Всушност, додека уживате во вашиот неделен ручек,
-
7:56 - 7:58многу е веројатно дека тој мукал или блеел
-
7:58 - 8:00под вашиот прозорец при дена претходно.
-
8:00 - 8:03Очигледно е дека ова бил органски град
-
8:03 - 8:06и дел од еден органски циклус.
-
8:06 - 8:09Десет години подоцна сè се сменило.
-
8:09 - 8:12Ова е слика од Големата западна железница од 1840 година.
-
8:12 - 8:14Како што гледате, овците и свињите биле меѓу првите
-
8:14 - 8:16патинци на возовите.
-
8:16 - 8:20Наеднаш, овие животни повеќе не оделе до пазарите,
-
8:20 - 8:22туку биле колени далеку од очите и совеста на граѓаните,
-
8:22 - 8:24некаде на село,
-
8:24 - 8:26а во градовите ги носеле преку железницата.
-
8:26 - 8:29Ова менува сè.
-
8:29 - 8:31За почеток, овозможува, за прв пат,
-
8:31 - 8:32да се развиваат градови
-
8:32 - 8:34со секаква големина и форма на кое било место.
-
8:34 - 8:38Градовите порано биле ограничени од географијата.
-
8:38 - 8:41Доаѓале до храна на физички многу тежок начин.
-
8:41 - 8:45И, одеднаш, успешно се ослободуваат од географските пречки.
-
8:45 - 8:48Како што може да се види од овие карти на Лондон,
-
8:48 - 8:50во текот на 90 години по доаѓањето на возовите,
-
8:50 - 8:54тој се менува од мала дамка, која може лесно да се нахрани,
-
8:54 - 8:56со животни кои влегуваат пеш и сл.
-
8:56 - 8:58до огромно место,
-
8:58 - 9:01во кое би било претешко да се влезе пеш,
-
9:01 - 9:04било тоа да се однесува на животните или луѓето.
-
9:04 - 9:07Секако, тоа беше само почетокот. По возовите дојдоа автомобилите.
-
9:07 - 9:11Ова навистина го обележува крајот на тој процес.
-
9:11 - 9:13Тоа е последното ослободување на градот
-
9:13 - 9:16од секаква очигледна врска со природата.
-
9:16 - 9:19Ова е град кој е испразнет од мириси,
-
9:19 - 9:21мешаници и, секако, испразнет од луѓе,
-
9:21 - 9:24затоа што никој не би ни помислил да оди пеш во ова опкружување.
-
9:24 - 9:27Сè што треба да направат за да дојдат до храна е да седнат во кола,
-
9:27 - 9:30да се одвезат до некаква кутија некаде на крајот од градот
-
9:30 - 9:32да се вратат со намирници доволни за една недела,
-
9:32 - 9:34и да се чудат што да прават со нив.
-
9:34 - 9:37Ова, всушност, е моментот кога нашата врска
-
9:37 - 9:40со храната и градовите целосно се менува.
-
9:40 - 9:43Храната, која некогаш била центарот
-
9:43 - 9:46и социјалното јадро на градот, сега е на периферијата.
-
9:46 - 9:48Продавањето и купувањето на храна тогаш бил друштвен настан.
-
9:48 - 9:50Сега е анонимен процес.
-
9:50 - 9:52Некогаш готвевме, а сега само додаваме вода
-
9:52 - 9:57или едно јајце ако правиме торта или нешто слично.
-
9:57 - 10:01Не ја мирисаме храната за да провериме дали може да се јаде.
-
10:01 - 10:04Само го читаме датумот на етикетата на пакувањето.
-
10:04 - 10:07И не ја цениме храната. Не ѝ веруваме.
-
10:07 - 10:09Наместо да ѝ веруваме, ние се плашиме од неа.
-
10:09 - 10:13А, наместо да ја цениме, ја фрламе.
-
10:13 - 10:16Една од најголемите иронии на модерните системи за храна
-
10:16 - 10:18е во тоа што она што ветуваа дека ќе го олеснат
-
10:18 - 10:20го направија многу потешко.
-
10:20 - 10:24Со тоа што овозможија градовите да бидат градени на кое било место,
-
10:24 - 10:28тие нè дистанцираа од нашата најважна врска,
-
10:28 - 10:31а тоа е врската со природата.
-
10:31 - 10:34Нè направија и зависни од системи кои само тие можат да ги опслужуваат
-
10:34 - 10:36и кои, како што видовме, се неодржливи.
-
10:36 - 10:39Па, што ќе направиме околу сево ова?
-
10:39 - 10:41Тоа не е ново прашање.
-
10:41 - 10:45Пред 500 години и Томас Мур си го поставувал истото прашање.
-
10:45 - 10:48Ова е воведната илустрација од неговата книга „Утопија“.
-
10:48 - 10:51Прикажана е серија полунезависни градови-држави,
-
10:51 - 10:53ако тоа ви звучи бар малку познато.
-
10:53 - 10:56Оддалечени се на ден одење, во нив сите се занимаваат со земјоделство,
-
10:56 - 10:58одгледуваат зеленчук во дворовите,
-
10:58 - 11:00јадат заеднички оброци и така натаму.
-
11:00 - 11:02Може да се каже дека
-
11:02 - 11:05храната е основен принцип на уредување во Утопија,
-
11:05 - 11:08иако Мур тоа никогаш не го формулирал на тој начин.
-
11:08 - 11:11Еве уште една многу позната визија на Утопија,
-
11:11 - 11:13познатиот „Град градина“ на Ебенизер Хауард.
-
11:13 - 11:16Истата идеја. Серија полунезависни градови-држави.
-
11:16 - 11:20Мали градови со обработлива земја околу нив,
-
11:20 - 11:22поврзани меѓусебно со железница.
-
11:22 - 11:24Повторно може да се каже дека храната е
-
11:24 - 11:27принципот на уредување во неговата визија.
-
11:27 - 11:29Таа дури и беше изградена, но немаше врска
-
11:29 - 11:31со визијата на Хауард.
-
11:31 - 11:34Тоа е и проблемот со овие утописки идеи.
-
11:34 - 11:36Тие едноставно се утописки.
-
11:36 - 11:39Томас Мур намерно го искористил зборот утопија.
-
11:39 - 11:43Тоа било шега, затоа што зборот има двојна етимологија од грчкиот јазик.
-
11:43 - 11:45Може да значи или „добро место“ или „никакво место“.
-
11:45 - 11:49Тоа е идеал. Нешто замислено. Не можеме да го имаме.
-
11:49 - 11:51И мислам дека, како концептуална алатка
-
11:51 - 11:54за размислување за длабокиот проблем на човековото опстојување,
-
11:54 - 11:56овој збор и не е премногу корисен.
-
11:56 - 11:59Па, затоа изнајдов алтернатива,
-
11:59 - 12:02а тоа е Ситопија, од старогрчкиот
-
12:02 - 12:04„sitos“ - храна и „topos“ - место.
-
12:04 - 12:06Верувам дека веќе живееме во Ситопија.
-
12:06 - 12:09Живееме во свет кој е обликуван од храната,
-
12:09 - 12:12и ако го сфатиме тоа, ќе може храната да ја искористиме како навистина моќна алатка -
-
12:12 - 12:16концептуална алатка, алатка за дизајн со која би го обликувале светот поинаку.
-
12:16 - 12:21Па, ако го направиме тоа, како би изгледала Ситопија?
-
12:21 - 12:23Мислам дека изгледа вака некако.
-
12:23 - 12:25Мора да го користам овој слајд. само заради фацата на кучето.
-
12:25 - 12:28Како и да е... (смеа)
-
12:28 - 12:30Храната овде е во центарот на животот,
-
12:30 - 12:32во центарот на семејниот живот, се слави,
-
12:32 - 12:34се ужива во неа, луѓето одвојуваат време за неа.
-
12:34 - 12:37Тоа е местото што храната треба да го има во нашето општество.
-
12:37 - 12:42Но, не може да имаме вакви сцени, ако немаме и вакви луѓе.
-
12:42 - 12:44Секако, ова може да бидат и мажи.
-
12:44 - 12:47Тоа се луѓе кои размислуваат за храната,
-
12:47 - 12:49кои гледаат напред, планираат,
-
12:49 - 12:51кои можат да гледаат цел куп зеленчук
-
12:51 - 12:53и да го препознаат секој вид зеленчук таму.
-
12:53 - 12:56Ни требаат овие луѓе. Тие се дел од мрежа.
-
12:56 - 12:59Без овие луѓе не може да имаме вакви места.
-
12:59 - 13:02Намерно ја одбрав оваа слика бидејќи се гледа маж како купува зеленчук.
-
13:02 - 13:06Тоа се мрежи и пазари, каде се продава локална храна.
-
13:06 - 13:08Заедничка. Свежа.
-
13:08 - 13:10Тоа е дел од друштвениот живот на градот.
-
13:10 - 13:13Без тоа не може да се има вакво место.
-
13:13 - 13:16Тоа е храна која се одгледува локално и истовремено е дел од пејсажот,
-
13:16 - 13:18а не е само стока
-
13:18 - 13:20далеку во некој ќумез.
-
13:20 - 13:22Крави со поглед.
-
13:22 - 13:24Купишта хумус кој испарува.
-
13:24 - 13:27Во основа, ова го спојува целиот процес.
-
13:27 - 13:29Ова е проект на една заедница,
-
13:29 - 13:31која неодамна ја посетив во Торонто.
-
13:31 - 13:33Тоа е стакленик, каде на децата им се објаснува
-
13:33 - 13:36сè за храната и за тоа како сами да одгледуваат храна.
-
13:36 - 13:39Еве едно растение кое се вика Кевин, или можеби
-
13:39 - 13:41детето што го засадило се вика Кевин. Не знам.
-
13:41 - 13:44Ваквите проекти,
-
13:44 - 13:48кои се обидуваат да нè поврзат со природата, се многу важни.
-
13:48 - 13:50За мене, Ситопија е поглед кон светот.
-
13:50 - 13:54Во основа, треба да видиме дека таа
-
13:54 - 13:56веќе постои во мали делови насекаде.
-
13:56 - 13:58Трикот е тие само да се спојат
-
13:58 - 14:01и да ја користиме храната како поглед кон светот.
-
14:01 - 14:04Ако го направиме тоа, ќе престанеме да ги гледаме градовите како
-
14:04 - 14:07големи непродуктивни дамки, како оваа.
-
14:07 - 14:09Ќе ги гледаме повеќе на овој начин,
-
14:09 - 14:12како дел од продуктивната органска мрежа,
-
14:12 - 14:14од која тие се неизбежен дел,
-
14:14 - 14:16симбиотично поврзани.
-
14:16 - 14:18Секако, и тоа не е баш најдобра слика.
-
14:18 - 14:21Повеќе не треба да произведуваме храна на овој начин.
-
14:21 - 14:23Треба повеќе да размислуваме за пермакултурата.
-
14:23 - 14:25Затоа мислам дека оваа слика
-
14:25 - 14:27го сумира начинот на кој треба да размислуваме.
-
14:27 - 14:29Тоа е реконцептуализација
-
14:29 - 14:32на начинот на кој храната ни го обликува животот.
-
14:32 - 14:35Најдобрата слика која го опишува ова е од пред 650 години.
-
14:35 - 14:38Тоа е „Алегорија на добрата влада“ на Амброџо Лоренцети.
-
14:38 - 14:41Ја претставува врската помеѓу градот и селото.
-
14:41 - 14:44И мислам дека нејзината порака е многу јасна.
-
14:44 - 14:46Ако градот се грижи за селото,
-
14:46 - 14:48селото ќе се грижи за градот.
-
14:48 - 14:50Да се запрашаме
-
14:50 - 14:53што би насликал Лоренцети
-
14:53 - 14:55кога би ја сликал сликава денес.
-
14:55 - 14:58Како би изгледала алегоријата на добрата влада денес?
-
14:58 - 15:00Мислам дека тоа е итно прашање,
-
15:00 - 15:02кое мора да го поставиме
-
15:02 - 15:04и мора да почнеме да го одговараме.
-
15:04 - 15:07Знаеме дека сме она што го јадеме.
-
15:07 - 15:09Треба да сфатиме дека и светот е она што го јадеме.
-
15:09 - 15:11Ако тргнеме од таа идеја, може да ја користиме храната
-
15:11 - 15:15како навистина моќна алатка за подобро да го обликуваме нашиот свет.
-
15:15 - 15:17Благодарам.
-
15:17 - 15:20(аплауз)
- Title:
- Керолин Стил: Како храната ги обликува нашите градови
- Speaker:
- Carolyn Steel
- Description:
-
Во град со големина на Лондон, секојдневно се сервираат 30 милиони оброци. Но, од каде доаѓа сета таа храна? Архитектот Керолин Стил зборува за магијата потребна за секојдневното снабдување со храна на еден град и ни покажува како древните патишта на храната го обликувале модерниот свет.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 15:25