WEBVTT 00:00:00.000 --> 00:00:08.163 Нашата компанија има нова стратешка иницијатива за да се зголеми пробивот на пазарот, да се зголеми лојалноста кон брендот и да се засилат нематеријалните добра. 00:00:08.197 --> 00:00:11.714 За да ги постигнеме овие цели започнавме нов проект -- 00:00:11.715 --> 00:00:14.103 за кој имаме потреба од 7 црвени линии. 00:00:14.103 --> 00:00:16.533 Разбрав дека вашата компанија може да ни помогне со ова. 00:00:16.534 --> 00:00:17.534 Секако! 00:00:17.719 --> 00:00:22.610 Волтер ќе биде менаџер на проектот. Волтер, ние може да го направиме ова, нели? 00:00:22.611 --> 00:00:23.611 Да, секако. 00:00:23.685 --> 00:00:26.942 Андерсон е нашиот експерт за сите работи поврзани со цртање на црвени линии. 00:00:26.943 --> 00:00:29.757 Го донесовме денес со нас за да го сподели неговото професионално мислење. 00:00:30.117 --> 00:00:32.070 Мило ми е што ве запознав! Мене ме знаете сите. 00:00:32.070 --> 00:00:35.091 Ова е Џастин, специјалистот за дизајн на нашата компанија. 00:00:35.450 --> 00:00:36.043 Здраво... 00:00:36.044 --> 00:00:39.138 Ние сакаме да ни нацртате седум црвени линии. 00:00:39.139 --> 00:00:44.675 Сите од нив строго нормални едни на други; некои со зелено мастило, и некои со проѕирно. Можете ли да го направите ова? 00:00:46.249 --> 00:00:47.719 Не. За жал ние -- 00:00:47.720 --> 00:00:51.663 Ајде да не брзаме со непромислени одговори Андерсон! Задачата е поставена и треба да биде извршена. 00:00:51.664 --> 00:00:53.158 На крајот од краиштата, ти си експертот. 00:00:53.623 --> 00:00:58.384 Под терминот "црвена линија" се подразбира дека бојата на линијата треба да биде црвена. Да се нацрта црвена линија со зелено мастило е -- 00:00:58.385 --> 00:01:02.435 ако не е невозможно, тогаш е многу блиску да биде невозможно. 00:01:02.436 --> 00:01:04.187 Што значи ова: "невозможно"? 00:01:04.667 --> 00:01:08.450 Мислам, можно е да има луѓе кои да речеме страдаат од далтонизам, 00:01:08.451 --> 00:01:10.956 за кои боите на линиите не прават голема разлика. 00:01:10.957 --> 00:01:15.756 Но сигурен сум дека целната група на вашиот проект не се состои само од такви луѓе. 00:01:15.757 --> 00:01:17.730 Значи, сепак ова е можно. 00:01:19.789 --> 00:01:21.090 Ќе поедноставам. 00:01:21.091 --> 00:01:24.015 Една линија може да биде нацртана со било какво мастило. 00:01:24.015 --> 00:01:27.541 Но ако сакате црвена линија, ви треба црвено мастило. 00:01:28.200 --> 00:01:30.037 Што ако ги нацртаме со сино мастило? 00:01:30.252 --> 00:01:34.623 Пак нема да работи. Ако користите сино мастило, ќе добиете сини линии. 00:01:37.107 --> 00:01:40.076 И што точно мислевте кога зборувавте за проѕирното мастило? 00:01:40.077 --> 00:01:42.770 Како подобро да објаснам? 00:01:42.771 --> 00:01:44.576 Сигурен сум дека знаете што значи "проѕирно", нели? 00:01:44.577 --> 00:01:45.984 Да, знам. 00:01:45.985 --> 00:01:49.492 И што значи "црвена линија", се надевам нема потреба да ви објаснувам? 00:01:49.493 --> 00:01:50.457 Секако дека не. 00:01:50.457 --> 00:01:55.457 Епа добро... Треба да нацртате црвени линии со проѕирно мастило. 00:01:55.873 --> 00:01:58.858 Може да опишете како би изгледал крајниот резултат? 00:01:58.859 --> 00:02:01.036 Ајде Андерсон! Што е ова? Градинка? 00:02:01.495 --> 00:02:05.365 Да не си го губиме времето со овие непродуктивни расправии. 00:02:05.366 --> 00:02:07.762 Задачата е поставена; задачата е едноставна и јасна. 00:02:07.763 --> 00:02:11.474 Сега, ако имате некои посебни прашања, повелете! 00:02:11.475 --> 00:02:13.168 Ти си експертот тука! 00:02:13.583 --> 00:02:16.814 Добро, да ја оставиме бојата на страна за сега. 00:02:16.815 --> 00:02:20.376 Кажавте уште нешто поврзано со тоа линиите да бидат нормални?.. 00:02:20.377 --> 00:02:22.614 Седум линии, сите нормални. 00:02:23.101 --> 00:02:24.399 На што? 00:02:26.597 --> 00:02:30.586 Хмм, на се. Едни на други. 00:02:30.587 --> 00:02:32.806 Подразбирам знаете какви се линиите кои се нормални меѓу себе! 00:02:32.807 --> 00:02:34.293 Секако дека знае. Тој е експертот! 00:02:35.039 --> 00:02:36.801 Две линии можат да бидат нормални една на друга. 00:02:36.802 --> 00:02:40.219 Сите седум не можат да бидат истовремено нормални едни на други. 00:02:41.550 --> 00:02:42.950 Ќе ви покажам. 00:02:45.712 --> 00:02:48.412 Ова е линија, така? 00:02:48.755 --> 00:02:49.413 Да. 00:02:49.414 --> 00:02:54.408 Еве уште една. Нормална е на првата, така? 00:02:55.534 --> 00:02:57.321 Епа... 00:02:57.928 --> 00:02:59.251 Да, нормална е на неа. 00:02:59.252 --> 00:03:00.252 Точно! 00:03:00.253 --> 00:03:05.062 Чекајте, чекајте, не сум завршил. И трета линија: дали е нормална на првата линија? 00:03:06.232 --> 00:03:11.353 Да, нормална е! Но не ја сече втората линија. Тие две се паралелни. 00:03:12.532 --> 00:03:13.647 Не се нормални! 00:03:16.359 --> 00:03:17.605 Претпоставувам дека е така. 00:03:17.606 --> 00:03:21.137 Ете ви. Две линии може да бидат нормални една на друга -- 00:03:21.138 --> 00:03:22.397 Може да го добијам маркерот? 00:03:42.418 --> 00:03:43.629 Што велите за ова? 00:03:48.044 --> 00:03:49.563 Тоа е триаголник. 00:03:49.564 --> 00:03:53.306 Сигурно не се нормални меѓу себе. 00:03:53.307 --> 00:03:56.013 И има три, а не седум. 00:03:57.853 --> 00:03:58.735 Зошто се сини? 00:03:58.736 --> 00:04:00.454 Точно. Сакав и јас да прашам за тоа.Indeed. 00:04:01.387 --> 00:04:04.026 Имам син маркер. Ова беше само демонстрација -- 00:04:04.027 --> 00:04:07.459 Тоа е проблемот, линиите се сини. Нацртај ги со црвено мастило! 00:04:07.460 --> 00:04:09.012 Нема да го реши проблемот. 00:04:09.013 --> 00:04:10.946 Како може да знаеш ако не си пробал? 00:04:10.946 --> 00:04:12.965 Ајде да ги нацртаме со црвено мастило и ќе видиме. 00:04:12.966 --> 00:04:13.966 Немам црвен маркер со мене, -- 00:04:13.967 --> 00:04:19.099 но целосно сум сигурен дека со црвено мастило резултатот ќе биде ист. 00:04:19.100 --> 00:04:22.345 Зар не ни кажа претходно дека може да се нацртаат само црвени линии со црвено мастило? 00:04:22.346 --> 00:04:24.334 Всушност, да. Си го запишав тука! 00:04:24.335 --> 00:04:28.914 И сега сакаш да ги нацрташ со сино мастило. Дали тврдиш дека тоа се црвени линии? 00:04:29.440 --> 00:04:33.050 Мислам дека разбирам. Сега не зборувате за боите, нели? 00:04:33.051 --> 00:04:37.472 Зборувате за тоа, како го нарекувате: нор-нор, мал-мал -- 00:04:37.473 --> 00:04:38.966 Нормални, да! 00:04:38.967 --> 00:04:41.459 Ете, сега ги збркавте сите. 00:04:41.459 --> 00:04:44.742 Што точно не спречува да го направиме ова? 00:04:44.943 --> 00:04:46.242 Геометријата. 00:04:46.243 --> 00:04:47.398 Едноставно игнорирајте ја! 00:04:47.399 --> 00:04:52.856 Имаме задача. Седум црвени линии. Не се дваесет; само седум. 00:04:52.857 --> 00:04:58.024 Андерсон, разбирам; вие сте специјалист во конкретна област, не ја гледате целосната слика. 00:04:58.025 --> 00:05:01.661 Но сигурно не е тешка задача да се нацртаат седум линии! 00:05:01.662 --> 00:05:03.578 Токму така. Предложи решение! 00:05:03.579 --> 00:05:09.596 Секоја будала може да критикува, без навреда, но вие сте експертот, вие треба да знаете подобро! 00:05:10.186 --> 00:05:15.124 Добро. Дозволете ми да нацтам две совршени црвени линии нормални една на друга. -- 00:05:15.125 --> 00:05:18.583 и останатите ќе ги нацртам со проѕирно мастило. 00:05:18.584 --> 00:05:21.834 Ќе бидат невидливи, но ќе ги нацртам. 00:05:21.835 --> 00:05:23.095 Дали ова би ни одговарало? 00:05:24.186 --> 00:05:25.623 Да, ова ќе ни одговара. 00:05:26.383 --> 00:05:28.670 Да, но барем неколку со зелено мастило. 00:05:28.671 --> 00:05:31.048 Имам уште едно прашање, ако смеам. 00:05:31.049 --> 00:05:34.078 Може ли да нацртате една од линиите во форма на маче? 00:05:34.631 --> 00:05:35.320 Во што? 00:05:35.321 --> 00:05:36.617 Во форма на маче. 00:05:36.618 --> 00:05:40.710 Пазарното истражување ни покажува дека нашите корисници сакаат слатки животно. Би било навистина одлично ако -- 00:05:40.711 --> 00:05:41.711 Не... 00:05:42.462 --> 00:05:42.996 Зошто? 00:05:42.997 --> 00:05:45.059 Видете, секако дека можам да ви нацртам мачка. 00:05:45.060 --> 00:05:47.015 Не сум уметник, но можам да се обидам. 00:05:47.016 --> 00:05:49.095 Но нема да биде линија повеќе. Ќе биде мачка. 00:05:49.096 --> 00:05:51.451 Линија и мачка: тоа се две различни нешта. 00:05:51.452 --> 00:05:53.997 Маче. Не мачка, туку маче. 00:05:53.998 --> 00:05:58.674 Тоа е мало, слатко, мило. Мачките од друга страна -- 00:05:58.675 --> 00:05:59.689 Не прави разлика. 00:05:59.690 --> 00:06:01.354 Андерсон, барем ислушај ја! 00:06:01.355 --> 00:06:04.117 Не завршила со зборување, а ти веќе кажуваш "Не"! 00:06:04.118 --> 00:06:09.681 Ја сфаќам идејата, но невозможно е да се нацрта линија во форма на мачк...е. 00:06:10.097 --> 00:06:12.053 А птица? 00:06:15.274 --> 00:06:17.306 Значи, каде застанавме? Што ќе правиме? 00:06:17.307 --> 00:06:21.875 Седум црвени линии, две со црвено мастило, две со зелено мастило и останатите - со проѕирно. 00:06:21.876 --> 00:06:23.280 Дали разбрав точно? -- -- Да. 00:06:23.281 --> 00:06:26.100 Одлично! Што значи тоа е се, така? 00:06:26.101 --> 00:06:28.951 Ох, ох, скоро заборавив, имаме и црвен балон. 00:06:28.952 --> 00:06:30.911 Дали мислите дека можете да го надуете? 00:06:34.882 --> 00:06:37.020 Што имам јас со балони? 00:06:37.021 --> 00:06:38.021 Црвен е. 00:06:38.022 --> 00:06:41.654 Андерсон, можеш или не можеш да го направиш ова? Едноставно прашање. 00:06:42.119 --> 00:06:43.502 Се разбира дека можам, но -- 00:06:43.503 --> 00:06:47.923 Одлично. Организирајте работно патување, ние ќе ги покриеме трошоците, -- 00:06:47.924 --> 00:06:52.121 одете до кај нив, надујте го балонот. 00:06:52.122 --> 00:06:55.411 Оваа средба беше многу продуктивна, ви благодарам на сите! 00:07:08.303 --> 00:07:10.210 Може да прашам уште едно прашање, ве молам? 00:07:10.937 --> 00:07:14.543 Кога ќе го надуете балонот, можете ли да го направите во форма на маче? 00:07:16.005 --> 00:07:17.407 Секако дека можам! 00:07:17.408 --> 00:07:21.739 Јас можам да направам било што, јас можам да направам абсолутно било што. 00:07:23.326 --> 00:07:25.396 Јас сум експерт!