0:00:00.000,0:00:02.000 Ерез Либерман Ејден: Сите знаат 0:00:02.000,0:00:05.000 дека една слика вреди илјада зборови. 0:00:07.000,0:00:09.000 Но, ние од Харвард 0:00:09.000,0:00:12.000 се прашувавме дали ова навистина е така. 0:00:12.000,0:00:14.000 (смеа) 0:00:14.000,0:00:18.000 Па, составивме тим од експерти 0:00:18.000,0:00:20.000 од Харвард, МИТ, 0:00:20.000,0:00:23.000 Американскиот речник на зборови, Енциклопедија Британика, 0:00:23.000,0:00:25.000 па дури и од нашиот горд спонзор 0:00:25.000,0:00:28.000 Гугл. 0:00:28.000,0:00:30.000 Внимателно работевме на ова 0:00:30.000,0:00:32.000 околу четири години. 0:00:32.000,0:00:37.000 И дојдовме до неверојатен заклучок. 0:00:37.000,0:00:40.000 Дами и господа, сликата не вреди илјада зборови. 0:00:40.000,0:00:42.000 Всушност, најдовме некои слики 0:00:42.000,0:00:47.000 кои вредат 500 милијарди зборови. 0:00:47.000,0:00:49.000 Жан-Батист Мишел: Како дојдовме до овој заклучок? 0:00:49.000,0:00:51.000 Јас и Ерез размислувавме како 0:00:51.000,0:00:53.000 да добиеме голема слика за човечката култура 0:00:53.000,0:00:56.000 и човечката историја, за промените низ времето. 0:00:56.000,0:00:58.000 Досега се напишани многу книги 0:00:58.000,0:01:00.000 и си рековме дека најдобриот начин да учиме од нив 0:01:00.000,0:01:02.000 е да ги прочитаме сите тие милиони книги. 0:01:02.000,0:01:05.000 Се разбира, доколку постои скала на луди нешта, 0:01:05.000,0:01:08.000 ова мора да се рангира екстремно високо. 0:01:08.000,0:01:10.000 Проблемот е што истовремено постои и Х оска, 0:01:10.000,0:01:12.000 која е многу практична оска. 0:01:12.000,0:01:14.000 На неа сме многу ниско. 0:01:14.000,0:01:17.000 (аплауз) 0:01:17.000,0:01:20.000 Луѓето често користат алтернативен пристап, 0:01:20.000,0:01:22.000 т.е. земаат неколку извори и ги читаат многу внимателно. 0:01:22.000,0:01:24.000 Ова е многу практично, но не и многу луда работа. 0:01:24.000,0:01:27.000 Она што навистина сакате да го направите 0:01:27.000,0:01:30.000 е да дојдете до лудиот, но и практичен дел од овој простор. 0:01:30.000,0:01:33.000 Излезе дека има една компанија преку реката што се вика Гугл, 0:01:33.000,0:01:35.000 која неколку години претходно започнала проект за дигитализација, 0:01:35.000,0:01:37.000 кој би можел да го овозможи овој пристап. 0:01:37.000,0:01:39.000 Тие имаат дигитализирано милиони книги. 0:01:39.000,0:01:42.000 Тоа значи дека можат да се користат методи за пресметка 0:01:42.000,0:01:44.000 кои ќе овозможат читање на сите книги со еден клик. 0:01:44.000,0:01:47.000 Тоа е многу практично и ептен лудо. 0:01:48.000,0:01:50.000 Да ви кажам малку за тоа од каде доаѓаат книгите. 0:01:50.000,0:01:53.000 Уште од памтивек постоеле автори, 0:01:53.000,0:01:56.000 кои настојувале да пишуваат книги, 0:01:56.000,0:01:58.000 што станало значително полесно 0:01:58.000,0:02:00.000 со развојот на машината за печатење пред неколку века. 0:02:00.000,0:02:03.000 Оттогаш, авторите успеале 0:02:03.000,0:02:05.000 во 129 милиони поединечни случаи 0:02:05.000,0:02:07.000 да објават книги. 0:02:07.000,0:02:09.000 Доколку овие книги не се изгубени, 0:02:09.000,0:02:11.000 тогаш се наоѓаат некаде во некоја библиотека. 0:02:11.000,0:02:14.000 Многу од овие книги 0:02:14.000,0:02:16.000 се дигитализирани од страна на Гугл, 0:02:16.000,0:02:18.000 кој досега има скенирано 15 милиони книги. 0:02:18.000,0:02:21.000 Кога Гугл дигитализира книга, ја става во навистина убав формат. 0:02:21.000,0:02:23.000 Сега ги имаме податоците, плус имаме и метаподатоци, 0:02:23.000,0:02:26.000 т.е. каде била објавена книгата, 0:02:26.000,0:02:28.000 кој е авторот, кога била објавена. 0:02:28.000,0:02:31.000 Потоа, ги прегледавме сите овие податоци 0:02:31.000,0:02:35.000 и елиминиравме сè што не е со највисок квалитет. 0:02:35.000,0:02:37.000 Она што ни останува 0:02:37.000,0:02:40.000 е колекција од пет милиони книги. 0:02:40.000,0:02:43.000 500 милијарди зборови. 0:02:43.000,0:02:45.000 Низа од знаци илјада пати подолга 0:02:45.000,0:02:48.000 од човечкиот геном - 0:02:48.000,0:02:50.000 текст кој, кога би бил испишан, 0:02:50.000,0:02:52.000 би се протегал од овде до Месечината и назад 0:02:52.000,0:02:54.000 10 пати последователно - 0:02:54.000,0:02:58.000 вистински сведок на нашиот културолошки геном. 0:02:58.000,0:03:00.000 Се разбира, она што тогаш го направивме, 0:03:00.000,0:03:03.000 соочени со една ваква безгранична хипербола... 0:03:03.000,0:03:05.000 (смеа) 0:03:05.000,0:03:08.000 е она што секои истражувачи со самопочит 0:03:08.000,0:03:11.000 би го направиле. 0:03:11.000,0:03:13.000 Како и во XKCD стриповите, 0:03:13.000,0:03:15.000 рековме „Настрана, ве молиме. 0:03:15.000,0:03:17.000 Одиме со наука.“ 0:03:17.000,0:03:19.000 (смеа) 0:03:19.000,0:03:21.000 Се разбира, си рековме 0:03:21.000,0:03:23.000 „Ајде, прво да ги објавиме податоците, 0:03:23.000,0:03:25.000 за луѓето да можат научно да ги обработат“. 0:03:25.000,0:03:27.000 Се прашавме кои податоци да ги објавиме. 0:03:27.000,0:03:29.000 Секако, би сакале 0:03:29.000,0:03:31.000 да го објавите целиот текст од овие пет милиони книги. 0:03:31.000,0:03:33.000 Гугл, а особено Џон Орвант, 0:03:33.000,0:03:35.000 ни кажа една мала равенка што требаше да ја научиме. 0:03:35.000,0:03:38.000 Значи, имате пет милиони. Тоа се пет милиони автори. 0:03:38.000,0:03:41.000 А, тоа се пет милиони тужители. 0:03:41.000,0:03:43.000 И макар што тоа би било навистина супер, 0:03:43.000,0:03:46.000 сепак е многу непрактично. 0:03:46.000,0:03:48.000 (смеа) 0:03:48.000,0:03:50.000 Повторно се предомисливме 0:03:50.000,0:03:53.000 и се насочивме кон попрактичниот пристап, кој не е толку луд. 0:03:53.000,0:03:55.000 Па, наместо да го објавиме целиот текст, 0:03:55.000,0:03:57.000 решивме да ја објавиме статистиката за книгите. 0:03:57.000,0:03:59.000 Земете, на пример, „Блесок на среќа“. 0:03:59.000,0:04:01.000 Тоа се три збора. Ние го викаме три-грам. 0:04:01.000,0:04:03.000 Ќе ви покажеме колку пати одреден три-грам 0:04:03.000,0:04:05.000 се појавил во книгите од 1801, 1802, 1803, 0:04:05.000,0:04:07.000 сè до 2008 година. 0:04:07.000,0:04:09.000 Тоа ни дава временска низа 0:04:09.000,0:04:11.000 за тоа колку често оваа реченица била користена низ времето. 0:04:11.000,0:04:14.000 Тоа го повторивме со сите зборови и фрази што се појавуваат во овие книги, 0:04:14.000,0:04:17.000 и така добивме голема табела од две милијарди низи 0:04:17.000,0:04:19.000 кои ни кажуваат како се менувала културата низ времето. 0:04:19.000,0:04:21.000 Значи, имаме две милијарди низи, 0:04:21.000,0:04:23.000 или, како што ние ги викаме, два милијарди ен-грами. 0:04:23.000,0:04:25.000 Што ни кажуваат тие? 0:04:25.000,0:04:27.000 Поединечните ен-грами ги мерат културолошките трендови. 0:04:27.000,0:04:29.000 Да ви дадам еден пример. 0:04:29.000,0:04:31.000 Да претпоставиме дека просперирам 0:04:31.000,0:04:33.000 и утре сакам да ви кажам колку добро ми одело. 0:04:33.000,0:04:36.000 Можам да речам „Вчера, напредував“. 0:04:36.000,0:04:39.000 Или, можам да кажам „Вчера, просперирав“. 0:04:39.000,0:04:42.000 Кој збор да го употребам? 0:04:42.000,0:04:44.000 Од каде да знам? 0:04:44.000,0:04:46.000 Од пред околу шест месеци, 0:04:46.000,0:04:48.000 со најмодерните алатки можете, 0:04:48.000,0:04:50.000 на пример, 0:04:50.000,0:04:52.000 да му се обратите на овој психолог со неверојатна фризура 0:04:52.000,0:04:54.000 и да го прашате 0:04:54.000,0:04:57.000 „Стив, ти си експерт за неправилни глаголи. 0:04:57.000,0:04:59.000 Што да правам?“. 0:04:59.000,0:05:01.000 А, тој ќе ви рече „Па, повеќето луѓе велат просперирав, 0:05:01.000,0:05:04.000 но некои луѓе велат напредував.“ 0:05:04.000,0:05:06.000 Исто така знаете, повеќе или помалку, 0:05:06.000,0:05:09.000 дека ако се вратите за 200 години назад во времето 0:05:09.000,0:05:12.000 и го прашате овој државник со еднакво неверојатна фризура... 0:05:12.000,0:05:15.000 (смеа) 0:05:15.000,0:05:17.000 „Том, што да правам?“, 0:05:17.000,0:05:19.000 тој ќе ви каже „Па, во мое време, повеќето луѓе напредуваа, 0:05:19.000,0:05:22.000 но некои просперираа“. 0:05:22.000,0:05:24.000 Сега ќе ви ги покажам необработените податоци. 0:05:24.000,0:05:28.000 Два реда од оваа табела со две милијарди записи. 0:05:28.000,0:05:30.000 Ја гледате фреквенцијата по години 0:05:30.000,0:05:33.000 на „просперира“ и „напредува“ низ времето. 0:05:34.000,0:05:36.000 Ова се само два реда 0:05:36.000,0:05:39.000 од две милијарди редови. 0:05:39.000,0:05:41.000 Значи, вкупниот сет на податоци 0:05:41.000,0:05:44.000 е милијарди пати поневеројатен од овој слајд. 0:05:44.000,0:05:46.000 (смеа) 0:05:46.000,0:05:50.000 (аплауз) 0:05:50.000,0:05:52.000 Постојат многу други слики кои вредат 500 милијарди зборови. 0:05:52.000,0:05:54.000 На пример, оваа. 0:05:54.000,0:05:56.000 Да го земеме грипот. 0:05:56.000,0:05:58.000 Ќе видите скокови во времето кога знаете дека 0:05:58.000,0:06:01.000 големи епидемии на грип убивале многу луѓе низ светот. 0:06:01.000,0:06:04.000 Ако сè уште не сте убедени, 0:06:04.000,0:06:06.000 нивото на морињата расте, 0:06:06.000,0:06:09.000 како и атмосферскиот јаглерод диоксид и глобалната температура. 0:06:09.000,0:06:12.000 Можеби ќе сакате да го погледнете и овој ен-грам, 0:06:12.000,0:06:15.000 за да му кажете на Ниче дека Бог не е мртов, 0:06:15.000,0:06:18.000 иако можеби ќе се согласите дека му треба подобра реклама. 0:06:18.000,0:06:20.000 (смеа) 0:06:20.000,0:06:23.000 Можете да налетате на некои прилично апстрактни концепти. 0:06:23.000,0:06:25.000 На пример, да ви ја кажам историјата 0:06:25.000,0:06:27.000 за 1950-тата година. 0:06:27.000,0:06:29.000 Претежно во минатото 0:06:29.000,0:06:31.000 на никого не му било гајле за 1950. 0:06:31.000,0:06:33.000 Во 1700, во 1800, во 1900... 0:06:33.000,0:06:36.000 на никого не му било гајле. 0:06:37.000,0:06:39.000 Низ 30-тите и 40-тите 0:06:39.000,0:06:41.000 на никого не му било гајле. 0:06:41.000,0:06:43.000 Наеднаш, во средината на 40-тите, 0:06:43.000,0:06:45.000 почнало нешто да се шушка. 0:06:45.000,0:06:47.000 Луѓето сфатиле дека ќе се случи 1950 година 0:06:47.000,0:06:49.000 и дека тоа може да биде доста важно. 0:06:49.000,0:06:52.000 (смеа) 0:06:52.000,0:06:55.000 Но, ништо не ги заинтересирало луѓето за 1950 година 0:06:55.000,0:06:58.000 како годината 1950. 0:06:58.000,0:07:01.000 (смеа) 0:07:01.000,0:07:03.000 Луѓето шетале наоколу преокупирани. 0:07:03.000,0:07:05.000 Не можеле да престанат да зборуваат 0:07:05.000,0:07:08.000 за сите работи кои ги направиле во 1950, 0:07:08.000,0:07:11.000 за сите работи што планирале да ги направат во 1950, 0:07:11.000,0:07:16.000 сите соништа за она што сакале да го постигнат во 1950. 0:07:16.000,0:07:18.000 Всушност, 1950 била толку фасцинантна 0:07:18.000,0:07:20.000 што со години подоцна 0:07:20.000,0:07:23.000 луѓето продолжиле да зборуваат за сите неверојатни нешта што се случиле тогаш. 0:07:23.000,0:07:25.000 Во '51, '52, '53... 0:07:25.000,0:07:27.000 Конечно во 1954, 0:07:27.000,0:07:29.000 некој се разбудил и сфатил 0:07:29.000,0:07:33.000 дека 1950 одамна поминала. 0:07:33.000,0:07:35.000 (смеа) 0:07:35.000,0:07:37.000 И така, одеднаш, целата работа спласнала. 0:07:37.000,0:07:39.000 (смеа) 0:07:39.000,0:07:41.000 Приказната за 1950 година 0:07:41.000,0:07:43.000 е приказната за секоја година што ја имаме евидентирано, 0:07:43.000,0:07:46.000 со мала промена, бидејќи сега ги имаме овие убави табели. 0:07:46.000,0:07:49.000 Па, така, можеме да ги мериме нештата. 0:07:49.000,0:07:51.000 Може да речеме „Колку брзо спласнала работата?“. 0:07:51.000,0:07:54.000 Излезе дека многу прецизно можеме да го измериме тоа. 0:07:54.000,0:07:57.000 Беа изведени равенки, беа направени графикони, 0:07:57.000,0:07:59.000 и крајниот резултат 0:07:59.000,0:08:02.000 ни говори дека работите спласнуваат сè побрзо и побрзо 0:08:02.000,0:08:04.000 со секоја измината година. 0:08:04.000,0:08:09.000 Сега побрзо губиме интерес за минатото. 0:08:09.000,0:08:11.000 Еден мал професионален совет. 0:08:11.000,0:08:13.000 Оние од вас кои сакаат да бидат славни 0:08:13.000,0:08:15.000 може да учат од 25-те најславни политички фигури, 0:08:15.000,0:08:17.000 автори, актери и така натаму. 0:08:17.000,0:08:20.000 Ако сакате да станете славни кога сте помлади, треба да бидете актер, 0:08:20.000,0:08:22.000 бидејќи кај нив славата врвот го достигнува кон крајот на 20-тите години од животот. 0:08:22.000,0:08:24.000 Сè уште сте млади, баш супер. 0:08:24.000,0:08:26.000 Ако можете да почекате малку, тогаш треба да бидете автор, 0:08:26.000,0:08:28.000 бидејќи тогаш ќе ги достигнете најголемите височини, 0:08:28.000,0:08:30.000 како Марк Твен, на пример. Тој е екстремно славен. 0:08:30.000,0:08:32.000 Но, ако сакате да дојдете до самиот врв, 0:08:32.000,0:08:34.000 тогаш треба да го одложите задоволството 0:08:34.000,0:08:36.000 и, се разбира, да станете политичар. 0:08:36.000,0:08:38.000 Тогаш ќе станете славни кон крајот од вашите 50-ти, 0:08:38.000,0:08:40.000 а потоа ќе станувате уште пославни. 0:08:40.000,0:08:43.000 Научниците, исто така, стануваат славни кога се многу постари. 0:08:43.000,0:08:45.000 Како на пример, биолозите и физичарите 0:08:45.000,0:08:47.000 можат да бидат славни речиси како актерите. 0:08:47.000,0:08:50.000 Но, никако не смеете да станете математичар. 0:08:50.000,0:08:52.000 (смеа) 0:08:52.000,0:08:54.000 Ако го направите тоа, 0:08:54.000,0:08:57.000 ќе си мислите „Супер. Најголемите резултати ќе ги постигнам во моите 20-ти.“ 0:08:57.000,0:08:59.000 Но, никому нема да му е гајле. 0:08:59.000,0:09:02.000 (смеа) 0:09:02.000,0:09:04.000 Има и потрезвени податоци 0:09:04.000,0:09:06.000 помеѓу ен-грамите. 0:09:06.000,0:09:08.000 На пример, еве ја траекторијата за Марк Шагал, 0:09:08.000,0:09:10.000 уметник роден во 1887. 0:09:10.000,0:09:13.000 Ова изгледа како нормална траекторија за една славна личност. 0:09:13.000,0:09:17.000 Тој станува сè пославен. 0:09:17.000,0:09:19.000 Но, не ако барате на германски. 0:09:19.000,0:09:21.000 Ако барате на германски, ќе видите нешто сосема бизарно, 0:09:21.000,0:09:23.000 нешто што ретко се гледа. 0:09:23.000,0:09:25.000 Тој станува екстремно славен, 0:09:25.000,0:09:27.000 потоа наеднаш славата му паѓа, 0:09:27.000,0:09:30.000 достигнувајќи најниска точка од 1933 до 1945, 0:09:30.000,0:09:33.000 пред пак да се врати. 0:09:33.000,0:09:35.000 Се разбира, од ова гледаме 0:09:35.000,0:09:38.000 дека Марк Шагал бил еврејски уметник 0:09:38.000,0:09:40.000 во нацистичка Германија. 0:09:40.000,0:09:42.000 Овие показатели 0:09:42.000,0:09:44.000 се толку силни, 0:09:44.000,0:09:47.000 што не мора да знаеме дали некој бил цензуриран. 0:09:47.000,0:09:49.000 Самите може да го откриеме тоа 0:09:49.000,0:09:51.000 преку просто анализирање на показателот. 0:09:51.000,0:09:53.000 Еве едноставен начин како да се направи тоа. 0:09:53.000,0:09:55.000 Разумно очекување 0:09:55.000,0:09:57.000 е дека нечија слава во еден даден временски период 0:09:57.000,0:09:59.000 треба да биде приближно колку и просекот од нивната слава 0:09:59.000,0:10:01.000 пред и по тој период. 0:10:01.000,0:10:03.000 Тоа би го очекувале. 0:10:03.000,0:10:06.000 Тоа ќе го споредиме со фактичката слава. 0:10:06.000,0:10:08.000 Едното го делиме со другото 0:10:08.000,0:10:10.000 и добиваме т.н. индекс на супресија (потиснување). 0:10:10.000,0:10:13.000 Доколку овој индекс е многу, многу мал, 0:10:13.000,0:10:15.000 тогаш веројатно сте биле потиснати. 0:10:15.000,0:10:18.000 Доколку е многу голем, тогаш можеби користите пропаганда. 0:10:19.000,0:10:21.000 Можете да ја погледнете 0:10:21.000,0:10:24.000 дистрибуцијата на индексите на супресија низ цели популации. 0:10:24.000,0:10:26.000 На пример, овде... 0:10:26.000,0:10:28.000 ова е индекс на супресија за 5.000 луѓе 0:10:28.000,0:10:30.000 добиен од англиските книги за кои нема супресија. 0:10:30.000,0:10:32.000 Тој изгледа вака. Во основа, цврсто е центриран на еден. 0:10:32.000,0:10:34.000 Го гледате тоа и што би го очекувале. 0:10:34.000,0:10:36.000 Оваа дистрибуција е од Германија. 0:10:36.000,0:10:38.000 Многу е различна. Поместена е на лево. 0:10:38.000,0:10:41.000 Луѓето за нив зборувале два пати помалку отколку што би требало. 0:10:41.000,0:10:43.000 Но, што е уште поважно, дистрибуцијата е многу поширока. 0:10:43.000,0:10:46.000 Има многу луѓе на самиот лев крај од дистрибуцијата, 0:10:46.000,0:10:49.000 за кои е зборувано десет пати помалку одошто е нормално. 0:10:49.000,0:10:51.000 Но, има и многу луѓе на десниот крај, 0:10:51.000,0:10:53.000 на кои изгледа им помогнала пропаганда. 0:10:53.000,0:10:56.000 Оваа слика е показател за цензурата на книгите. 0:10:56.000,0:10:58.000 Овој метод 0:10:58.000,0:11:00.000 го нарекуваме културомика. 0:11:00.000,0:11:02.000 Сличен е на геномиката, 0:11:02.000,0:11:04.000 со таа разлика што со геномиката ја разбираме билогијата, 0:11:04.000,0:11:07.000 преку базните секвенци во човечкиот геном. 0:11:07.000,0:11:09.000 Културомиката е слична. 0:11:09.000,0:11:12.000 Тоа е применета анализа врз податоци од голем размер 0:11:12.000,0:11:14.000 со цел да се проучи човечката култура. 0:11:14.000,0:11:16.000 Наместо да гледаме низ призмата на геномот, 0:11:16.000,0:11:19.000 овде гледаме низ призмата на дигитализираните историски податоци. 0:11:19.000,0:11:21.000 Она што е супер кај културомиката 0:11:21.000,0:11:23.000 е што секој може да ја примени. 0:11:23.000,0:11:25.000 Зошто? 0:11:25.000,0:11:27.000 Затоа што тројца момци, 0:11:27.000,0:11:30.000 Џон Орвант, Мет Греј и Вил Брокман од Гугл, 0:11:30.000,0:11:32.000 го видоа прототипот за „Ngram Viewer“ 0:11:32.000,0:11:34.000 и рекоа „Ова е баш забавно. 0:11:34.000,0:11:37.000 Мора да го направиме достапно за луѓето.“ 0:11:37.000,0:11:39.000 Во период од две недели, пред да излезе нашата статија, 0:11:39.000,0:11:42.000 тие направија верзија на „Ngram Viewer“ наменета за широката јавност. 0:11:42.000,0:11:45.000 Па, така и вие може да напишете збор или фраза што ве интересираат 0:11:45.000,0:11:47.000 и веднаш да го видите ен-грамот за нив. 0:11:47.000,0:11:49.000 Исто така, можете да ги пребарате и книгите 0:11:49.000,0:11:51.000 во кои се појавува вашиот ен-грам. 0:11:51.000,0:11:53.000 Во само првиот ден оваа алатка беше искористена преку милион пати. 0:11:53.000,0:11:55.000 Тоа е најдоброто од сите пребарувања. 0:11:55.000,0:11:58.000 Луѓето сакаат да бидат најдобри што можат, да дадат сè од себе. 0:11:58.000,0:12:01.000 Но, изгледа дека во 18-тиот век на луѓето воопшто не им било гајле за тоа. 0:12:01.000,0:12:04.000 Не сакале да бидат најдобри (beSt), туку најдобли (beFt). 0:12:04.000,0:12:07.000 Се разбира ова е само грешка. 0:12:07.000,0:12:09.000 Не се работи за стремеж кон медиокритет, 0:12:09.000,0:12:12.000 туку тогаш буквата S се пишувала поинаку, слично на F. 0:12:12.000,0:12:15.000 Гугл го немаше забележано ова 0:12:15.000,0:12:18.000 и затоа ние го спомнавме во трудот што го објавивме. 0:12:18.000,0:12:20.000 Ова треба да биде само потсетник 0:12:20.000,0:12:22.000 дека, иако ова е многу забавно, 0:12:22.000,0:12:24.000 кога ги интерпретирате графконите мора да бидете многу внимателни 0:12:24.000,0:12:27.000 и мора да ги примените основните стандарди на науката. 0:12:27.000,0:12:30.000 Луѓето го користат ова за разни забавни цели. 0:12:30.000,0:12:37.000 (смеа) 0:12:37.000,0:12:39.000 Нема потреба да зборуваме. 0:12:39.000,0:12:42.000 Само ќе ви ги покажеме слајдовите и ќе молчиме. 0:12:42.000,0:12:45.000 Овде некој бил заинтересиран за историјата на фрустрацијата. 0:12:45.000,0:12:48.000 Има разни видови на фрустрација. 0:12:48.000,0:12:51.000 Ако си го удрите палецот, тоа е „уф“ со едно у. 0:12:51.000,0:12:53.000 Доколку Земјата е уништена од страна на Вогоните 0:12:53.000,0:12:55.000 за да се изгради меѓуѕвездена обиколница, 0:12:55.000,0:12:57.000 тоа е „уф“ со осум у. 0:12:57.000,0:12:59.000 Оваа личност ги проучувала сите видови на „уф“, 0:12:59.000,0:13:01.000 со од една до осум букви у. 0:13:01.000,0:13:03.000 Се покажало дека 0:13:03.000,0:13:05.000 поретко се користат оние „уф“ 0:13:05.000,0:13:08.000 кои кореспондираат на нештата што се пофрустрирачки, 0:13:08.000,0:13:11.000 освен, за чудо, во раните 80-ти. 0:13:11.000,0:13:13.000 Мислиме дека тоа некако е поврзано со Реган. 0:13:13.000,0:13:15.000 (смеа) 0:13:15.000,0:13:18.000 Овие податоци може да се користат на разни начини, 0:13:18.000,0:13:21.000 но она што е најважно е дека историските записи се дигитализираат. 0:13:21.000,0:13:23.000 Гугл започна со дигитализација на 15 милиони книги. 0:13:23.000,0:13:25.000 Тоа се 12 проценти од сите книги што некогаш биле објавени, 0:13:25.000,0:13:28.000 што е значаен дел од човечката култура. 0:13:28.000,0:13:31.000 Но, културата е многу повеќе: имаме ракописи, весници, 0:13:31.000,0:13:33.000 податоци кои не се текстуални, како уметноста и сликите. 0:13:33.000,0:13:35.000 Сите тие треба да се најдат на нашите компјутери, 0:13:35.000,0:13:37.000 на компјутерите низ целиот свет. 0:13:37.000,0:13:40.000 Тоа ќе го смени начинот на кој 0:13:40.000,0:13:42.000 ги разбираме нашето минато, нашата сегашност и човечката култура. 0:13:42.000,0:13:44.000 Ви благодарам многу. 0:13:44.000,0:13:47.000 (аплауз)