0:00:00.420,0:00:04.660 Google Translate е бесплатна алатка што ви овозможува веднаш да преведувате реченици, документи и 0:00:04.660,0:00:07.680 дури и цели веб-страници. 0:00:07.680,0:00:12.099 Како, всушност, ова работи? Може да се чини дека имаме соба полна со двојазични џуџиња кои 0:00:12.099,0:00:17.470 работат за нас, но всушност, сите наши преводи ги работат компјутери. Овие компјутери користат 0:00:17.470,0:00:22.520 процес којшто е наречен „статистички машински превод“, што претставува современ начин на изразување дека 0:00:22.520,0:00:25.439 нашите компјутери создаваат преводи врз основа на пронајдени примероци во големи количества на текст. 0:00:25.439,0:00:30.539 Но, да се вратиме еден чекор назад. Ако сакате да предавате нов јазик, може да започнете со 0:00:30.539,0:00:34.809 подучување зборови и граматички правила коишто објаснуваат како да образувате реченица. Компјутерот 0:00:34.809,0:00:42.379 може да научи странски јазик на истиот начин – со упатување кон азбуката и група на правила. 0:00:42.379,0:00:46.309 Но, јазиците се сложени, и секој кој изучува јазици може да ви каже дека од секое правило постојат 0:00:46.309,0:00:51.679 исклучоци. Кога се обидувате да ги сфатите сите ови исклучоци, и исклучоците од исклучоците, 0:00:51.679,0:00:57.239 квалитетот на преводот во компјутерската програма започнува да опаѓа. 0:00:57.239,0:01:01.779 Google Translate има поинаков пристап. Наместо да се обидуваме да ги научиме нашите компјутери 0:01:01.779,0:01:07.060 на сите правила од еден јазик, ги оставаме нашите компјутери сами да ги откриваат правилата. Тие 0:01:07.060,0:01:10.619 го прават тоа преку анализирање илјадници документи кои веќе биле преведени од страна на луѓето. 0:01:10.619,0:01:17.259 Овие преведени текстови се од книги, организации како што се Обединетите Нации и 0:01:17.259,0:01:19.950 веб-страници од целиот свет. 0:01:19.950,0:01:23.810 Нашите компјутери ги скенираат овие текстови и бараат статистички значајни примероци, односно, 0:01:23.810,0:01:27.969 примероци помеѓу преводот и оригиналниот текст коишто тешко би се појавиле случајно. 0:01:27.969,0:01:33.829 Откако компјутерот ќе пронајде таков примерок, истиот може да го користи за да преведува 0:01:33.829,0:01:38.710 слични текстови во иднина. Кога ќе ја повторите оваа постапка милијарда пати, ќе имате 0:01:38.710,0:01:43.700 милијарда примероци и една многу умна компјутерска програма. 0:01:43.700,0:01:48.399 За некои јазици, на располагање имаме помалку преведени документи и затоа нашиот софтвер ќе 0:01:48.399,0:01:53.049 открие помалку примероци. Ова е причината зошто квалитетот на нашиот превод може да варира од 0:01:53.049,0:01:58.479 еден до друг јазичен пар. Ние знаеме дека нашите преводи не се секогаш совршени, но со постојано 0:01:58.479,0:02:03.240 пронаоѓање нови преведени текстови, ќе ги направиме компјутерите попаметни, 0:02:03.240,0:02:05.539 а преводите подобри. 0:02:05.539,0:02:09.670 Затоа, кога следниот пат ќе преведувате реченица или веб-страница со Google Translate, 0:02:09.670,0:02:15.349 помислете на оние илјадници документи и милијарди на примероци кои со сигурност ќе ви го дадат вашиот 0:02:15.349,0:02:17.650 превод - и сето тоа се случува додека да трепнете. 0:02:17.650,0:02:19.260 Одлично, зар не? 0:02:19.260,9:59:59.000 Проверете го ова на translate.google.com