Google Translate е бесплатна алатка што ви овозможува веднаш да преведувате реченици, документи и
дури и цели веб-страници.
Како, всушност, ова работи? Може да се чини дека имаме соба полна со двојазични џуџиња кои
работат за нас, но всушност, сите наши преводи ги работат компјутери. Овие компјутери користат
процес којшто е наречен „статистички машински превод“, што претставува современ начин на изразување дека
нашите компјутери создаваат преводи врз основа на пронајдени примероци во големи количества на текст.
Но, да се вратиме еден чекор назад. Ако сакате да предавате нов јазик, може да започнете со
подучување зборови и граматички правила коишто објаснуваат како да образувате реченица. Компјутерот
може да научи странски јазик на истиот начин – со упатување кон азбуката и група на правила.
Но, јазиците се сложени, и секој кој изучува јазици може да ви каже дека од секое правило постојат
исклучоци. Кога се обидувате да ги сфатите сите ови исклучоци, и исклучоците од исклучоците,
квалитетот на преводот во компјутерската програма започнува да опаѓа.
Google Translate има поинаков пристап. Наместо да се обидуваме да ги научиме нашите компјутери
на сите правила од еден јазик, ги оставаме нашите компјутери сами да ги откриваат правилата. Тие
го прават тоа преку анализирање илјадници документи кои веќе биле преведени од страна на луѓето.
Овие преведени текстови се од книги, организации како што се Обединетите Нации и
веб-страници од целиот свет.
Нашите компјутери ги скенираат овие текстови и бараат статистички значајни примероци, односно,
примероци помеѓу преводот и оригиналниот текст коишто тешко би се појавиле случајно.
Откако компјутерот ќе пронајде таков примерок, истиот може да го користи за да преведува
слични текстови во иднина. Кога ќе ја повторите оваа постапка милијарда пати, ќе имате
милијарда примероци и една многу умна компјутерска програма.
За некои јазици, на располагање имаме помалку преведени документи и затоа нашиот софтвер ќе
открие помалку примероци. Ова е причината зошто квалитетот на нашиот превод може да варира од
еден до друг јазичен пар. Ние знаеме дека нашите преводи не се секогаш совршени, но со постојано
пронаоѓање нови преведени текстови, ќе ги направиме компјутерите попаметни,
а преводите подобри.
Затоа, кога следниот пат ќе преведувате реченица или веб-страница со Google Translate,
помислете на оние илјадници документи и милијарди на примероци кои со сигурност ќе ви го дадат вашиот
превод - и сето тоа се случува додека да трепнете.
Одлично, зар не?
Проверете го ова на translate.google.com