Дали ме слушаш? Да, Мислам дека можеш да ме слушнеш сега, но не ме гледаш. Тоа е бидејќи имаш уши. Ако ги затвориш очите и ако посегнеш кон екранот, ќе знаеш дека е таму. Го чуствуваш преку твојата кожа. Ако не ти е дозволено да го допреш, можеш да го помирисаш и после миризбата на жешка пластика ќе видиш дека твојот монитор мора да е таму. За среќа, имаш нос. Но, што ако го вкусиш? Епа, тоа би било многу тешко, но најпосле ќе ја осетиш пластиката, бидејќи имаш јазик. Го разбираш светот околу тебе, Мислам, се што е околу тебе, низ овие пет сетила. Ако имаш уши, можеш да слушаш. Ако имаш очи, можеш да гледаш. Низ твојата кожа, можеш да чуствуваш. Твојот јазик ќе ти помогне за вкусот, и ако имаш нос, можеш да помирисаш. Очи, уши, нос, јазик и кожа се "алатките" со коишто си роден. Алатки кои ти помагаат да го разбереш светот околу тебе. Но, како го знаеш сево ова? Само затоа што забележа? И како ги делиме на пет сетила? НАУКА Одговорот е наука. Бидејќи светот е толку комплициран, ние употребуваме наука за да откриеме и дефинираме. Но, што е наука? "Истражување и проучување на природата со набљудување и објаснување." или "сума од сите познавања содржани преку истражување." Во основа сума од тестови, бројки и букви, коишто сите заедно можат да се дефинираат. Но како? Многу луѓе пропознаваат знаци како вредности, а најпознатите групи се буквите и бројките. Тие се пронајдоци кои ни помагаат да ја разбереме нашата околина. За подобро да разбереме како овие знаци дојдоја до постоење да погледнеме кратка историја за математиката: Човечките суштества, од нашето најрано постоење, барале решенија за основни проблеми Граделе куќи, мереле простор, го следеле менувањето на сезоните и броеле објекти. Пред околу 30 илјади години, раниот палеолитски човек го следел менувањето на сезоните и промената на времето за посадување. За да го бележи одминувањето на времето, режел црти на пештерските ѕидови или резбал црти на коски, дрво или камен. Секоја црта означувала еден. Но овој систем бил чуден кога дошле на ред големите суми, така што симболите биле измислени и означувале група на објекти. Сумерски глинен камен е најден што датира од четвртиот милениум п.н.е. Малечок глинен столб е употребен за 1, топка од глина е употребена за 10 и голем конус за 60. Напишани записи пред околу 3300 год пред н.е. покажаа дека Вавилонците запишувале суми на глинени плочи со трска. Употребиле форма на клинец како единица/и а формата V странично, како десетка/и комбинирајќи ги овие симболи за да напишат други броеви. На пример, Вавилонците го пишувале бројот 19 како... Античките Египќани употребувале објекти од нивното секојдневие како симболи. Прачка означувала 1, добитокот бил 10, навиткано јаже како 100, лотосов цвет бил илјада и.т.н. Бројот 19 бил добиток и 9 прачки. Раните Римјани креирале систем од броеви кој што го гледаме и ден денес. Заедно со други симболи тие употребувале X како 10, и I како 1 До средните векови, Римјаните ставале I десно од X за 11, а лево за 9. Така да 19 го пишувале како XIX. Сите овие креативни системи на броеви покажуваат група на објекти, како и индивидуални објекти. Некои од најстарите човечки системи за броење се заосновуваат на прстите на рацете и нозете. Така да тие се базирани на единици, петтки, десеттки и дваесеттки Зулу зборот за 6 значи, да го земеш палецот од десната рака, што значи сите прсти од левата рака да се додадат, а и другиот палец бил потребен. Други системи настанале од трговија. Јоруба во Нигерија, употребувале школки како валута и развиле неверојатно комплексен систем од бројки. Бил базиран на дваесеттки и на операцијата на множење, одземање и додавање. На пример: тие мислеле за 45 како (3x20)-10-5. Јазли заврзани во јаже и низи биле употребувани за бележење суми од страна на многу култури, како Персиците. Инките употребувале подобра верзија наречена "куипу": Дебело јаже се држело хоризонтално од кое виселе врвци полни со јазли. Видот на јазолот кој што Инките го употребувале заедно со должината и бојата на врвцата означувало единици, десеттки и стоттки. Во денешен свет скоро секоја индустриска култура ги употребува броевите од 0 до 9. Но овие симболи не биле пронајдени се до третиот век пред н.е. во Индија и требало уште други 800 години за идејата да 0 биде поставена како вредност. Оваа голема идеја драматично ја променило математиката. Ние луѓето отсекогаш сме делеле еден со друг. Кога раните култури ја делеле својата храна и вода или сакале да го поделат своето земјиште на начин кој што бил фер и еднаков, постепено настанале дропките како симболи за овие ситуации. Античките Египќани употребувале единични дропки. Дропки каде броителот е 1, како 1/2, 1/3 и 1/5, и би додале и поделиле овие дропки. Ако сакале да поделат три парчина леб еднакво за пет семејни членови, тие прво ќе ги поделеле првото и второто парче на третини. Потоа, третото парче леб ќе го поделеле на петтини. И на крај ќе ја земеле останатата една третина од второто парче и ќе го поделеле на пет делови. Тие го запишувале ова како 1/3, 1/5, 1/15. Денес ова делење ќе го претставиме со дропката 3/5. 3/5 парчина леб за секој член, или 3 парчина леб поделени на 5 луѓе. Сумерите и раните Вавилонци измислиле броен систем од делови базиран на 60, кој што и ние после 4000 години го користиме. Нашите денови имаат 60 минутни часови и 60 секунди во минута, и нашиот круг има 360 степени. Кинеските општества користеле абакус со систем базиран на десеттки, иако немало 0. Рана форма на децимални делови дојдени се од абакусот. На пример: 3/5 би било 6 од 10 на абакус. Кинезите го нарекле броителот "синот" а именителот "мајката". Не било така се до 12 век тие општи поделби, со преграда (дробна црта) кои што ги користиме ден денес, биле измислени. Дури тогаш, овие поделби не биле широко користени се до ренесансниот период до пред 500 год. Низ историјата секој култура околу светот имала креирано инвентивни начини за сметање. Да се реши проблемот, на пример 12x15, старите Руски селани користеле систем на дуплирање и преполовување. Кога непарен број поделен резултира со дропка, тие го заобиколувале, потоа ги додавале факторите поврзани со непарните множители. Старите Египќани се потпирале на двојна процедура се додека не произведат доволно групи. Потоа ги додаваат овие групи за да го најдат одговорот. Низ Европа и Азија, за време на средните векови, абакусот бил секојдневен калкулатор. Но само неколку луѓе знаеле да го користат, обично богатите трговци и големите лидери Со едноставно поместување на зрнцата, така што секое зрнце имало своја вредност абакусот бил високо ефикасен начин за сметање. Тогаш, големиот арапски математичар al-KhwÄrizmÄŤ ги вовел Хинду Арапските бројки од 0 до 9, во Северна Америка и Европа и креирал нови процедури на сметање. Овие алгоритми можат да се напишат на хартија Низ вековите учењето на алгоритмите станало посебна гранка на едукација, како што студентите учеле да сметаат долги колони броеви и симболи, позајмувале и спроведувале, а големите делења ги правеле ефикасно и сигурно. Сега тие можеле да чуваат податоци за овие процедури и да ги проверуваат резултатите. Денес, комплексните калкулации се прават со помош на дигитрон. Ова значи дека на студентите им е потребна способноста за да ги проверат разумните одговори и да имаат богат репертоар на ментални математички стратегии за да го направат тоа. Наједноставните пресметувања како 12x15 можат да се решат ментално со употреба на различни стратегии. Како што патуваме кон богатата и жива историја на математиката можеме да видиме како идеите и креациите растат надвор од нашите човечки потреби за да ги решиме секојдневните проблеми. Низ времето, математичките испитувања на мажот и жената од целиот свет, ни дале фасцинантни леќи кои ни помогаат да математички го погледнеме и да побараме смисла во нашиот свет. Науката е збирка од факти постигнати со дефинирање на она што го гледаме и правење тестови за да се открие. Математиката, хемијата и физиката репрезентираат фиксирани јазици коишто не се подложни на толкување. Јазиците служат да опишат што набљудуваме и да ги тестираме тие набљудувања со цел да ги подобриме. Размислете за ДНК, ќелии, галаксии, овошје, лаптопи, климатизатори. Размислете за автомобили, храна, куќи, фауна, флора, Размислете за атоми, делови од телото, климата, или за облеката која ја носиш. И сфати дека се е дефинирано, или креирано од науката. За да го разбериш целиот концепт на науката, треба да знаеш што е научна теорија: "Научната теорија опфатува збирка од концепти, вклучувајќи абстракции од видлив феномен, изразени како мерливи својства, заедно со правила (наречени научни закони) кои изразуваат врска помеѓу набљудувањата на таквите концепти." Научната теорија е конструирана да се прилагоди на достапни емпириски податоци како набљудувањата, и е поставена како принцип или тело од принципи за појаснување на класа феномен. Научната теорија е тотално различна од другите теории, и е најможната варијанта резултирајќи од неодамнешните откритија. Науката е најдобрата алатка измислена за разбирање како светот работи. Науката е многу хумана форма на знаење. Ние сме секогаш на работ на познатото. Науката е колаборативно претпријатие кое опфаќа нови генерации. Ние се сеќаваме на оние кои го подготвија патот, исто така гледајќи низ нив ако си научно образуван светот изгледа многу поразличен за тебе, и тоа разбирање те прави помоќен. Постои реална поезија во реалниот свет. Науката е поезија на реалноста. Можеме да правиме наука, и со неа, можеме да ги подобриме нашите животи. Постои реална поезија во реалниот свет. Науката е поезија на реалноста. Приказната на луѓето е приказна за идеите која свети силно во мрачните ќошеви. Научниците сакаат мистерии, тие сакаат да незнаат. Тие не се плашат да незнаат. Мислам дека е многу поинтересно. Има поголема универзална реалност од која сите сме дел. Колку подалеку одиме во универзумот, толку повеќе извонредни се откритијата. Потрагата за вистината, во себе и за себе, е приказна која е исполнета со интуиција. Има реална поезија во реалниот свет. Науката е поезија на реалноста. Ние можеме да правиме наука, и со неа, можеме да ги подобриме нашите животи. Има реална поезија во реалниот свет. Науката е поезија на реалноста. Приказната за луѓето е приказна од идеи која што свети во мрачните ќошеви. Од нашата осамена точка во космосот, преку моќта на мислата сме способни да загледаме назад за момент после почетокот на универзумот. Мислам дека науката го менува начинот на кој што твојот мозок работи. Да размислува малку подлабоко за нештата. Науката ја заменува приватната предрасуда со општ потврдлив доказ. Постои реална поезија во реалниот свет. Науката е поезија на реалноста. Ние можеме да правиме наука, и со неа, ние можеме да ги подобриме нашите животи. Науката е прекрасна алатка за разбирање на средината на светот мисли на тоа како стакло за ЗГОЛЕМУВАЊЕ со кое можеш да ја видиш реалноста околу тебе