WEBVTT 00:00:09.305 --> 00:00:15.209 Англискиот јазик е мајчин јазик на околу 365 милиони луѓе. 00:00:16.609 --> 00:00:20.710 Повеќе од 2 милијарди учат да зборуваат англиски 00:00:20.711 --> 00:00:23.059 како втор или трет јазик. 00:00:24.376 --> 00:00:26.082 Aко зборувате Англиски, 00:00:26.083 --> 00:00:31.535 речиси 2,5 милијарди луѓе ќе ве разберат. 00:00:32.485 --> 00:00:36.838 Зошто ви е потребно да учите друг странски јазик? 00:00:36.839 --> 00:00:41.143 Зар тоа не е огромно губење на време? 00:00:41.144 --> 00:00:45.382 Нелсон Мандела остро го критикуваа 00:00:45.383 --> 00:00:49.112 црнците од Јужна Африка затоа што зборувал африкански. 00:00:50.022 --> 00:00:51.488 Тој им одговори: 00:00:51.489 --> 00:00:55.225 „Кога му зборувате на човек на јазик кој го разбира 00:00:56.055 --> 00:00:57.613 зборовите му влегуваат во глава. 00:00:59.023 --> 00:01:02.040 Кога му зборувате на неговиот јазик, 00:01:02.720 --> 00:01:04.592 зборовите одат во неговото срце.“ 00:01:05.391 --> 00:01:06.661 Значи, 00:01:06.662 --> 00:01:09.330 ако сакате да придобиете некого, 00:01:09.331 --> 00:01:11.705 треба да му зборувате на неговото срце. 00:01:13.185 --> 00:01:14.973 Папите го знаат тоа. 00:01:14.974 --> 00:01:18.884 Јован Павле II зборувал течно 10-ина јазици 00:01:18.885 --> 00:01:22.343 и дузина други на основно ниво. 00:01:22.953 --> 00:01:26.591 Каде и да одел ги поздравувал луѓето 00:01:26.592 --> 00:01:30.847 барем со неколку реченици на нивниот јазик 00:01:30.848 --> 00:01:35.845 и тоа беше клучот за неговата популарност. 00:01:37.395 --> 00:01:39.804 Луѓето со свекрви/тешти од странство, 00:01:39.805 --> 00:01:43.265 или идни свекрви/тешти од странство го знаат тоа. 00:01:44.005 --> 00:01:46.696 Мажот може да зборува на англиски со својата девојка 00:01:46.696 --> 00:01:50.552 но ако сака да има добри односи со мајката на девојката 00:01:51.222 --> 00:01:55.181 тој е спремен да ги учи и најлудите јазици, 00:01:55.185 --> 00:01:56.872 вклучувајќи и холандски. 00:01:56.876 --> 00:01:58.668 (Смеа) 00:01:58.676 --> 00:02:01.104 И тоа обично врши работа. 00:02:01.974 --> 00:02:03.300 Зошто? 00:02:04.030 --> 00:02:09.044 Нашиот мајчин јазик е целосно испреплетен 00:02:09.045 --> 00:02:13.050 со нашата личност, нашиот идентитет. 00:02:13.051 --> 00:02:17.694 Целата наша лична историја е длабоко вкоренета, 00:02:17.695 --> 00:02:20.727 претопена е во нашиот мајчин јазик. 00:02:21.451 --> 00:02:27.648 Постојат толку многу сеќавања и чувства поврзани со зборови и изрази, 00:02:28.764 --> 00:02:31.642 дури и со граматиката со која сме пораснале. 00:02:32.646 --> 00:02:37.141 Ако го научите јазикот на другиот, 00:02:37.142 --> 00:02:40.350 покажувате дека сте искрено заинтересирани 00:02:40.351 --> 00:02:44.168 за нивниот живот, за нивната личност. 00:02:44.959 --> 00:02:47.585 Која тешта не би била поласкана? 00:02:48.711 --> 00:02:52.581 Кога си го слушате својот јазик, се чувствувате поврзани. 00:02:53.834 --> 00:02:55.617 Кога патувате, 00:02:55.618 --> 00:02:59.592 и со денови и недели зборувате странски јазик, 00:03:00.642 --> 00:03:03.011 мигот кога ќе се качите на авион 00:03:03.012 --> 00:03:06.279 кога стјуардесата ќе ве поздрави на вашиот јазик 00:03:06.280 --> 00:03:08.408 знаете дека одите дома. 00:03:10.478 --> 00:03:14.450 Ако мајчиниот јазик има мирис, 00:03:14.451 --> 00:03:18.680 мислам дека ќе мириса на колачиња 00:03:18.681 --> 00:03:21.103 и на вкусна пилешка супа, 00:03:21.773 --> 00:03:23.828 и мирисот на баба- 00:03:24.668 --> 00:03:27.941 можеби и на нафталин малку. 00:03:28.742 --> 00:03:34.000 Ова е причината што вештачките јазици 00:03:34.001 --> 00:03:40.301 како Есперанто, никогаш не биле прифатени онака како што се очекувало. 00:03:41.212 --> 00:03:44.212 Иако биле мудро креирани 00:03:44.213 --> 00:03:46.995 едноставни и лесни за учење, 00:03:48.334 --> 00:03:53.085 ниедна земја досега нема прифатено вештачки јазик, како прв јазик. 00:03:53.948 --> 00:03:58.939 Ниту пак како странски јазик, кој би се изучувал систематски, 00:03:58.940 --> 00:04:02.564 масовно, во тек на подолг временски период, 00:04:03.414 --> 00:04:05.161 иако имало обиди. 00:04:05.831 --> 00:04:11.871 Но, и покрај тешкотиите со природните јазици- 00:04:11.872 --> 00:04:15.434 како на пример неправилностите, 00:04:15.435 --> 00:04:20.154 неусогласеноста меѓу спелувањето и изговорот, 00:04:20.156 --> 00:04:24.694 апсурдната сложеност на граматиката- 00:04:25.655 --> 00:04:27.304 и покрај сето тоа, 00:04:28.304 --> 00:04:34.192 ние повеќе сакаме да учиме јазици кои природно се развивале со луѓето. 00:04:35.812 --> 00:04:39.654 Конструираните јазици ѝ зборуваат на главата. 00:04:40.774 --> 00:04:44.772 Природните јазици мирисаат на колачиња. 00:04:46.056 --> 00:04:51.981 За Нелсон Мандела учењето африкански значело "запознавање на непријателот". 00:04:51.982 --> 00:04:56.910 Тој велел: „Треба да го знаете нивниот јазик, нивните пасии, 00:04:56.911 --> 00:05:00.243 надежи и стравови ако сакате да ги поразите.“ 00:05:01.073 --> 00:05:03.644 Тој го направи тоа. И му успеа. 00:05:04.724 --> 00:05:08.186 Но, не се работи само за непријателите, нели? 00:05:09.254 --> 00:05:12.111 Ова се однесува на сите видови меѓучовечки односи. 00:05:13.445 --> 00:05:17.746 Јас сум последната која ќе каже дека свекрвите/тештите се непријатели- 00:05:17.747 --> 00:05:18.983 по дефиниција. 00:05:19.833 --> 00:05:22.762 Пред 7-8 години, 00:05:22.763 --> 00:05:25.642 патував низ Полска со семејството. 00:05:27.172 --> 00:05:31.413 Продавниците затвараа а ние требаше да купиме храна. 00:05:32.257 --> 00:05:35.692 Конечно видовме еден супермаркет на другата страна од улицата. 00:05:36.908 --> 00:05:41.637 Единствениот начин да се стигне до него беше со полукружно свртување. 00:05:41.638 --> 00:05:43.328 Го направив тоа. 00:05:44.368 --> 00:05:46.578 Беше можеби опасно, 00:05:47.528 --> 00:05:49.696 но дефинитивно незаконски. 00:05:52.065 --> 00:05:57.638 На паркингот, пред да го згаснам моторот- 00:05:58.238 --> 00:06:00.053 слушнав тропање. 00:06:01.250 --> 00:06:06.096 Го спуштив стаклото и се појавија два пара очи. 00:06:07.624 --> 00:06:11.963 Тое беа двајца полицајци. 00:06:13.296 --> 00:06:17.564 Не тврдам дека течно зборував Полски 00:06:17.565 --> 00:06:19.255 кога имав потреба, 00:06:19.985 --> 00:06:23.526 но умеев да водам едноставна конверзација. 00:06:24.336 --> 00:06:27.780 Но во дадените услови, со чувството на вина, 00:06:28.620 --> 00:06:31.755 очи во очи со двајца луѓе на законот, во униформи, 00:06:33.175 --> 00:06:38.315 сите зборови кои ги знаев на Полски исчезнаа. 00:06:39.719 --> 00:06:43.789 Сепак, не помислив ниту еден миг 00:06:44.549 --> 00:06:47.728 да се обидам да им зборувам на Англиски. 00:06:49.078 --> 00:06:53.318 Англискиот ќе ми ја дадеше јазичната предност, 00:06:54.278 --> 00:06:57.280 но тоа ќе ги збунеше полицајците. 00:06:58.244 --> 00:07:00.934 Одлучив да се обидам со полскиот. 00:07:01.774 --> 00:07:02.798 Како? 00:07:04.479 --> 00:07:08.699 Малиот полски агол во мојот ум моментално се испразни, 00:07:10.388 --> 00:07:11.965 и остана само една работа. 00:07:13.204 --> 00:07:17.942 Имаше нешто што постојано го повторував 00:07:17.943 --> 00:07:20.814 дури и во сон. 00:07:22.501 --> 00:07:24.960 Тоа беше една детска песничка 00:07:27.563 --> 00:07:29.652 за една болна жаба. 00:07:30.273 --> 00:07:32.251 (Смеа) 00:07:32.951 --> 00:07:34.522 Го имав само тоа. 00:07:34.523 --> 00:07:39.523 Знам дека беше бизарно, но ја изрецитирав: 00:07:40.417 --> 00:07:42.532 (Полски) Една жаба падна болна 00:07:42.532 --> 00:07:46.084 и отиде на лекар и рече дека е болна. 00:07:46.085 --> 00:07:50.458 Докторот ги стави очилата зашто беше многу стар.“ 00:07:51.564 --> 00:07:53.882 Ги погледнав полицајците. 00:07:53.883 --> 00:07:56.483 А тие зјапаа во мене. 00:07:56.484 --> 00:07:57.813 (Смеа) 00:07:58.653 --> 00:08:01.659 Мислам дека едниот од нив се почеша по главата. 00:08:02.669 --> 00:08:05.242 Потоа се насмевнаа. 00:08:06.112 --> 00:08:07.339 Се насмевнаа. 00:08:07.340 --> 00:08:10.879 Ми олесна, 00:08:10.880 --> 00:08:14.256 толку што неколку прикладни зборови 00:08:14.257 --> 00:08:16.677 ми дојдоа на ум. 00:08:16.688 --> 00:08:19.687 Успеав да промумлам неколку половични реченици, 00:08:19.688 --> 00:08:23.483 „Жалам, требаше храна, никогаш нема да се повтори.“ 00:08:24.763 --> 00:08:26.262 Ме пуштија. 00:08:27.334 --> 00:08:32.458 Кога тргнав кон продавницата, тие извикаа: (Полски) “Szczęśliwej podróży!" 00:08:32.480 --> 00:08:34.020 „Добар пат!“ 00:08:34.650 --> 00:08:39.006 Немам намера да ве натерам да учите јазици 00:08:39.006 --> 00:08:42.696 за да патувате низ светот, да ги прекршувате правилата и да се извлечете. 00:08:44.586 --> 00:08:49.481 Но оваа куса епизода покажува како неколку збора 00:08:50.261 --> 00:08:53.760 колку и да се едноставни или глупави, само неколку збора 00:08:53.761 --> 00:08:57.991 можат да допрат до срцето и да го стопат. 00:08:58.901 --> 00:09:01.771 Патем, освен за болната жаба, знам уште една. 00:09:01.772 --> 00:09:04.207 Песна што еднакво добро ја знам: 00:09:05.857 --> 00:09:07.232 песна за пијаниците. 00:09:07.233 --> 00:09:08.525 (Смеа) 00:09:09.185 --> 00:09:11.394 Таа немаше да ми донесе насмевки, 00:09:12.124 --> 00:09:14.430 можеби патување до најблиската полициска станица 00:09:14.431 --> 00:09:15.661 за крвна слика. 00:09:17.603 --> 00:09:21.133 Не мора да учите многу јазици, 00:09:21.134 --> 00:09:24.153 и не мора темелно да ги учите. 00:09:24.154 --> 00:09:26.162 Малку може да ве одведе далеку. 00:09:27.122 --> 00:09:30.383 Десет збора упатени до срцето можат да имаат поголемо влијание 00:09:30.384 --> 00:09:32.964 отколку илјада зборови упатени до главата. 00:09:34.644 --> 00:09:38.741 Секогаш можете да го употребите англискиот и да сте на средина. 00:09:39.851 --> 00:09:44.822 Но, можете да бидете и оној што ќе ја премине средната линија 00:09:44.823 --> 00:09:49.393 и да го сретнете новиот познаник или противник, кој и да е, 00:09:49.394 --> 00:09:51.480 да го сретнете на негова територија. 00:09:52.375 --> 00:09:55.334 Да го зборувате јазикот на другиот не ве прави послаб, 00:09:55.336 --> 00:09:57.066 ве прави посилен. 00:09:57.856 --> 00:10:04.241 Оној кој има храброст и прави напори да ја премине линијата 00:10:05.221 --> 00:10:06.923 е победник на крај. 00:10:08.292 --> 00:10:12.210 Не плашете се да грешите. Грешките ве прават човек. 00:10:12.918 --> 00:10:16.836 А во овој случај, имате и придобивка: 00:10:18.091 --> 00:10:20.692 Ако згрешите надвор, 00:10:20.693 --> 00:10:26.090 им давате можност на другите да ви помогнат и да ве запознаат. 00:10:26.091 --> 00:10:31.933 На овој начин, врската која штотуку сте ја иницирале ќе биде уште посилна. 00:10:32.934 --> 00:10:37.190 Значи, сакате да ве разберат 00:10:38.320 --> 00:10:39.970 или пак сакате да се поврзете? 00:10:41.650 --> 00:10:46.520 Да продолжиме да го учиме и да го употребуваме англискиот јазик. 00:10:48.080 --> 00:10:52.561 Така, ќе комуницираме со различни публики како овде на TEDx. 00:10:53.591 --> 00:10:57.697 Англискиот јазик е моќна алатка за споделување на знаење, 00:10:57.698 --> 00:11:02.920 за меѓународни конвенции околу глобални проблеми. 00:11:03.490 --> 00:11:10.161 Пред сѐ, англискиот јазик е патот до 365 милиони срца. 00:11:11.131 --> 00:11:17.170 На 365 милиони луѓе англискиот јазик им мириса на колачиња. 00:11:18.927 --> 00:11:20.837 Но, зошто да запреме тука? 00:11:22.007 --> 00:11:24.535 Зошто да не вложиме дополнителен напор 00:11:24.536 --> 00:11:27.696 и да научиме барем уште еден странски јазик? 00:11:28.776 --> 00:11:31.784 Во светот постојат колачиња со многу различни вкусови. 00:11:31.785 --> 00:11:34.181 Да одиме и да вкусиме некое ново. 00:11:34.990 --> 00:11:36.051 Ви благодарам! 00:11:36.463 --> 00:11:37.755 (Аплауз)