Англискиот јазик е мајчин јазик
на околу 365 милиони луѓе.
Повеќе од 2 милијарди
учат да зборуваат англиски
како втор или трет јазик.
Aко зборувате Англиски,
речиси 2,5 милијарди луѓе ќе ве разберат.
Зошто ви е потребно да учите
друг странски јазик?
Зар тоа не е огромно губење на време?
Нелсон Мандела остро го критикуваа
црнците од Јужна Африка затоа што
зборувал африкански.
Тој им одговори:
„Кога му зборувате на човек
на јазик кој го разбира
зборовите му влегуваат во глава.
Кога му зборувате на неговиот јазик,
зборовите одат во неговото срце.“
Значи,
ако сакате да придобиете некого,
треба да му зборувате на неговото срце.
Папите го знаат тоа.
Јован Павле II зборувал течно
10-ина јазици
и дузина други на основно ниво.
Каде и да одел ги поздравувал луѓето
барем со неколку реченици
на нивниот јазик
и тоа беше клучот
за неговата популарност.
Луѓето со свекрви/тешти од странство,
или идни свекрви/тешти
од странство го знаат тоа.
Мажот може да зборува на англиски
со својата девојка
но ако сака да има добри односи
со мајката на девојката
тој е спремен да ги учи и
најлудите јазици,
вклучувајќи и холандски.
(Смеа)
И тоа обично врши работа.
Зошто?
Нашиот мајчин јазик е целосно испреплетен
со нашата личност, нашиот идентитет.
Целата наша лична историја
е длабоко вкоренета,
претопена е во нашиот мајчин јазик.
Постојат толку многу сеќавања и чувства
поврзани со зборови и изрази,
дури и со граматиката
со која сме пораснале.
Ако го научите јазикот на другиот,
покажувате дека сте искрено заинтересирани
за нивниот живот, за нивната личност.
Која тешта не би била поласкана?
Кога си го слушате својот јазик,
се чувствувате поврзани.
Кога патувате,
и со денови и недели зборувате
странски јазик,
мигот кога ќе се качите на авион
кога стјуардесата ќе ве
поздрави на вашиот јазик
знаете дека одите дома.
Ако мајчиниот јазик има мирис,
мислам дека ќе мириса на колачиња
и на вкусна пилешка супа,
и мирисот на баба-
можеби и на нафталин малку.
Ова е причината што вештачките јазици
како Есперанто, никогаш не биле прифатени
онака како што се очекувало.
Иако биле мудро креирани
едноставни и лесни за учење,
ниедна земја досега нема прифатено
вештачки јазик, како прв јазик.
Ниту пак како странски јазик,
кој би се изучувал систематски,
масовно, во тек на
подолг временски период,
иако имало обиди.
Но, и покрај тешкотиите
со природните јазици-
како на пример неправилностите,
неусогласеноста меѓу спелувањето
и изговорот,
апсурдната сложеност
на граматиката-
и покрај сето тоа,
ние повеќе сакаме да учиме јазици
кои природно се развивале со луѓето.
Конструираните јазици ѝ зборуваат
на главата.
Природните јазици мирисаат на колачиња.
За Нелсон Мандела учењето африкански
значело "запознавање на непријателот".
Тој велел: „Треба да го знаете нивниот
јазик, нивните пасии,
надежи и стравови ако сакате
да ги поразите.“
Тој го направи тоа. И му успеа.
Но, не се работи само
за непријателите, нели?
Ова се однесува на сите видови
меѓучовечки односи.
Јас сум последната која ќе каже дека
свекрвите/тештите се непријатели-
по дефиниција.
Пред 7-8 години,
патував низ Полска со семејството.
Продавниците затвараа а ние
требаше да купиме храна.
Конечно видовме еден супермаркет
на другата страна од улицата.
Единствениот начин да се стигне до него
беше со полукружно свртување.
Го направив тоа.
Беше можеби опасно,
но дефинитивно незаконски.
На паркингот, пред да го згаснам моторот-
слушнав тропање.
Го спуштив стаклото и се појавија два
пара очи.
Тое беа двајца полицајци.
Не тврдам дека течно зборував Полски
кога имав потреба,
но умеев да водам едноставна
конверзација.
Но во дадените услови,
со чувството на вина,
очи во очи со двајца луѓе на законот,
во униформи,
сите зборови кои ги знаев на Полски
исчезнаа.
Сепак, не помислив ниту еден миг
да се обидам да им зборувам на Англиски.
Англискиот ќе ми ја дадеше
јазичната предност,
но тоа ќе ги збунеше полицајците.
Одлучив да се обидам со полскиот.
Како?
Малиот полски агол во мојот ум моментално
се испразни,
и остана само една работа.
Имаше нешто што постојано го повторував
дури и во сон.
Тоа беше една детска песничка
за една болна жаба.
(Смеа)
Го имав само тоа.
Знам дека беше бизарно, но ја изрецитирав:
(Полски) Една жаба падна болна
и отиде на лекар и рече дека е болна.
Докторот ги стави очилата
зашто беше многу стар.“
Ги погледнав полицајците.
А тие зјапаа во мене.
(Смеа)
Мислам дека едниот од нив
се почеша по главата.
Потоа се насмевнаа.
Се насмевнаа.
Ми олесна,
толку што неколку прикладни зборови
ми дојдоа на ум.
Успеав да промумлам неколку
половични реченици,
„Жалам, требаше храна, никогаш
нема да се повтори.“
Ме пуштија.
Кога тргнав кон продавницата, тие
извикаа: (Полски) “Szczęśliwej podróży!"
„Добар пат!“
Немам намера да ве натерам да учите јазици
за да патувате низ светот, да ги
прекршувате правилата и да се извлечете.
Но оваа куса епизода покажува
како неколку збора
колку и да се едноставни или глупави,
само неколку збора
можат да допрат до срцето и да го стопат.
Патем, освен за болната
жаба, знам уште една.
Песна што еднакво добро ја знам:
песна за пијаниците.
(Смеа)
Таа немаше да ми донесе насмевки,
можеби патување до најблиската
полициска станица
за крвна слика.
Не мора да учите многу јазици,
и не мора темелно да ги учите.
Малку може да ве одведе далеку.
Десет збора упатени до срцето можат да
имаат поголемо влијание
отколку илјада зборови упатени до главата.
Секогаш можете да го употребите англискиот
и да сте на средина.
Но, можете да бидете и оној што
ќе ја премине средната линија
и да го сретнете новиот познаник
или противник, кој и да е,
да го сретнете на негова територија.
Да го зборувате јазикот на другиот
не ве прави послаб,
ве прави посилен.
Оној кој има храброст и прави напори
да ја премине линијата
е победник на крај.
Не плашете се да грешите.
Грешките ве прават човек.
А во овој случај, имате и придобивка:
Ако згрешите надвор,
им давате можност на другите
да ви помогнат и да ве запознаат.
На овој начин, врската која штотуку
сте ја иницирале ќе биде уште посилна.
Значи, сакате да ве разберат
или пак сакате да се поврзете?
Да продолжиме да го учиме и да го
употребуваме англискиот јазик.
Така, ќе комуницираме со различни публики
како овде на TEDx.
Англискиот јазик е моќна алатка
за споделување на знаење,
за меѓународни конвенции
околу глобални проблеми.
Пред сѐ, англискиот јазик е патот
до 365 милиони срца.
На 365 милиони луѓе англискиот јазик
им мириса на колачиња.
Но, зошто да запреме тука?
Зошто да не вложиме дополнителен напор
и да научиме барем уште еден
странски јазик?
Во светот постојат колачиња
со многу различни вкусови.
Да одиме и да вкусиме некое ново.
Ви благодарам!
(Аплауз)