WEBVTT 00:00:00.360 --> 00:00:04.494 Иако половина век се обидувам да помогнам во спречувањето на војни, 00:00:04.494 --> 00:00:08.009 има едно прашање што секогаш си го поставувам: 00:00:08.025 --> 00:00:11.725 Како да се справиме со екстремното насилство 00:00:11.725 --> 00:00:15.226 без да возвратиме со сила? 00:00:15.226 --> 00:00:17.777 Кога се соочувате со бруталност, 00:00:17.777 --> 00:00:20.693 дали е тоа дете што се соочува со силеџија на игралиштето 00:00:20.693 --> 00:00:22.393 или домашно насилство 00:00:22.393 --> 00:00:25.309 или денес, на улиците на Сирија, 00:00:25.309 --> 00:00:27.860 соочувањето со тенкови и шрапнели, 00:00:27.860 --> 00:00:31.207 што е најдобро да се направи? 00:00:31.207 --> 00:00:33.805 Да возратиме? Да се предадеме? 00:00:33.805 --> 00:00:37.146 Да примениме повеќе сила? NOTE Paragraph 00:00:37.176 --> 00:00:41.138 Прашањето: Како да се справам со силеџија 00:00:41.138 --> 00:00:44.888 без притоа да се претворам во насилник? 00:00:44.888 --> 00:00:47.904 ме следи од дете. 00:00:47.904 --> 00:00:50.455 Се сеќавам дека имав околу 13 год. 00:00:50.455 --> 00:00:55.441 бев залепена за црно-белиот телевизор во дневната соба на моите родители 00:00:55.441 --> 00:00:59.706 кога советските тенкови влегоа во Будимпешта, 00:00:59.706 --> 00:01:02.505 а деца, не многу постари од мене 00:01:02.505 --> 00:01:05.006 се фрлаа пред тенковите 00:01:05.006 --> 00:01:07.174 за да бидат убиени. 00:01:07.174 --> 00:01:10.975 Се стрчав по скалите горе и почнав да си го пакувам куферот NOTE Paragraph 00:01:10.975 --> 00:01:13.689 Мајка ми дојде и ми рече: „Што правиш“? NOTE Paragraph 00:01:13.689 --> 00:01:15.971 И реков: „Одам за Будимпешта.“ NOTE Paragraph 00:01:15.971 --> 00:01:18.605 Таа рече: „Зошто?“ NOTE Paragraph 00:01:18.605 --> 00:01:20.654 И реков: „Таму убиваат деца. 00:01:20.654 --> 00:01:22.506 Нешто страшно се случува.“ NOTE Paragraph 00:01:22.506 --> 00:01:24.523 А таа ми рече: „Не биди смешна.“ 00:01:24.523 --> 00:01:27.123 Јас заплакав. 00:01:27.123 --> 00:01:29.338 Таа разбра и ми рече, 00:01:29.338 --> 00:01:31.105 „Добро, гледам дека си сериозна. 00:01:31.105 --> 00:01:33.939 Премлада си за да помогнеш. 00:01:33.939 --> 00:01:36.574 Ти треба обука. Ќе ти помогнам. 00:01:36.574 --> 00:01:38.739 Само отпакувај го куферот.“ NOTE Paragraph 00:01:38.739 --> 00:01:42.305 И така, поминав одредена обука 00:01:42.305 --> 00:01:46.238 и заминав да работам во Африка поголем дел од моите двесетти години. 00:01:46.238 --> 00:01:49.939 Но, сфатив дека она што навистина сакав да го знам 00:01:49.939 --> 00:01:52.338 не можев да го научам на курсеви за обука. 00:01:52.338 --> 00:01:54.524 Сакав да разберам 00:01:54.524 --> 00:01:58.974 како функционираат насилството, опресијата. 00:01:58.974 --> 00:02:03.922 Оттогаш открив дека: 00:02:03.922 --> 00:02:07.988 Силеџиите се служат со насилство на три начини. 00:02:07.988 --> 00:02:13.291 Користат политичко насилство за да заплашуваат, 00:02:13.291 --> 00:02:18.705 физичко насилство за да тероризираат 00:02:18.705 --> 00:02:26.229 и психичко или емоционално насилство за да ве понижат. 00:02:26.229 --> 00:02:29.456 И само многу ретко во многу малку случаи 00:02:29.456 --> 00:02:32.972 функционира примената на поголемо насилство за возврат. NOTE Paragraph 00:02:32.972 --> 00:02:39.181 Нелсон Мандела отиде во затвор верувајќи во насилство, 00:02:39.181 --> 00:02:41.205 и 27 години подоцна 00:02:41.205 --> 00:02:43.188 тој и неговите колеги 00:02:43.188 --> 00:02:45.173 бавно и внимателно 00:02:45.173 --> 00:02:50.139 ги усовршуваа вештините, неверојатните вештини, кои им беа потребни 00:02:50.139 --> 00:02:54.339 за да ја претворат една од најбруталните влади познати на светот 00:02:54.339 --> 00:02:56.205 во демократија. 00:02:56.205 --> 00:03:00.937 Тоа го остварија со целосна посветеност на ненасилство. 00:03:00.937 --> 00:03:08.104 Тие сфатија дека возвраќањето на сила со сила 00:03:08.104 --> 00:03:13.300 не функционира. NOTE Paragraph 00:03:13.300 --> 00:03:15.493 Но, што функционира? 00:03:15.493 --> 00:03:18.962 Со текот на времето собрав околу шест методи 00:03:18.962 --> 00:03:20.795 што функционираат --секако има многу повеќе-- 00:03:20.795 --> 00:03:23.141 коишто функционираат и коишто се ефикасни. 00:03:23.141 --> 00:03:24.508 Првиот е 00:03:24.508 --> 00:03:27.026 дека промената што треба да се случи 00:03:27.026 --> 00:03:31.491 треба да се случи тука, во мене. 00:03:31.491 --> 00:03:35.591 Тоа е мојата реакција, мојот став кон опресијата 00:03:35.591 --> 00:03:38.442 врз којшто имам контрола, 00:03:38.442 --> 00:03:40.742 и за којшто можам нешто да преземам. NOTE Paragraph 00:03:40.742 --> 00:03:44.925 А за да го направам тоа треба да се спознаам самата себе. 00:03:44.925 --> 00:03:47.424 Тоа значи дека треба да знам како функционирам, 00:03:47.424 --> 00:03:49.675 кога ќе паднам, 00:03:49.675 --> 00:03:54.009 да знам каде ми се силните точки, 00:03:54.009 --> 00:03:56.507 и каде ми се оние послабите. 00:03:56.507 --> 00:03:57.975 Кога да се предадам? 00:03:57.975 --> 00:04:03.238 За што ќе се заложам? 00:04:03.238 --> 00:04:08.377 А медитацијата или самопроверката 00:04:08.377 --> 00:04:10.911 е еден од начините -- повторно не е единствениот начин -- 00:04:10.911 --> 00:04:12.029 е еден од начините 00:04:12.029 --> 00:04:16.146 за здобивање со ваков вид на внатрешна моќ. NOTE Paragraph 00:04:16.146 --> 00:04:18.628 А мојата хероина тука -- како и на Сатиш -- 00:04:18.628 --> 00:04:21.661 е Аун Сан Су Чи во Бурма. 00:04:21.661 --> 00:04:25.294 Таа предводеше група студенти 00:04:25.294 --> 00:04:27.694 на протест по улиците на Рангун. 00:04:27.694 --> 00:04:31.877 Во еден ќош, тие се соочија со редица митралези. 00:04:31.877 --> 00:04:33.044 А таа веднаш сфати 00:04:33.044 --> 00:04:36.962 дека војниците со нивните прсти кои се тресеа на чкрапалата 00:04:36.962 --> 00:04:42.660 се поисплашени од студентите - демонстранти - зад неа. 00:04:42.660 --> 00:04:45.365 Но таа им кажа на студентите да седнат. 00:04:45.365 --> 00:04:52.661 И таа тргна напред со таква смиреност и јаснотија 00:04:52.661 --> 00:04:56.111 и целосно отсуство на страв 00:04:56.111 --> 00:05:00.211 што успеа да дојде до првата пушка, 00:05:00.211 --> 00:05:04.287 да ја стави раката врз неа и да ја спушти. 00:05:08.564 --> 00:05:12.082 И никој не загина. NOTE Paragraph 00:05:12.097 --> 00:05:16.039 Тоа може да се случи кога ќе го совладате стравот -- 00:05:16.039 --> 00:05:18.340 не само кога се соочувате со митралези, 00:05:18.340 --> 00:05:22.506 туку и ако наидете на тепачка со ножеви на улица. 00:05:22.506 --> 00:05:24.871 Но мора да вежбаме. 00:05:24.871 --> 00:05:26.772 Што со нашиот страв? 00:05:26.772 --> 00:05:31.726 Јас имам мала мантра. 00:05:31.726 --> 00:05:35.167 Мојот страв расте 00:05:35.167 --> 00:05:37.384 од енергијата со која го хранам. 00:05:37.384 --> 00:05:39.671 И ако порасне многу голем 00:05:39.671 --> 00:05:42.033 веројатно ќе се оствари. NOTE Paragraph 00:05:42.033 --> 00:05:46.468 Сите ние го знаеме синдромот на три часот наутро 00:05:46.468 --> 00:05:49.184 кога нешто што ве загрижува ќе ве разбуди -- 00:05:49.184 --> 00:05:51.574 гледам многу луѓе -- 00:05:51.574 --> 00:05:55.184 и еден час се вртите и превртувате 00:05:55.184 --> 00:05:56.862 станува сѐ полошо и полошо, 00:05:56.862 --> 00:05:59.984 и до четири часот веќе сте врзани за перницата 00:05:59.984 --> 00:06:02.187 од едно толку големо чудовиште. 00:06:02.187 --> 00:06:04.121 Единственото нешто 00:06:04.121 --> 00:06:05.955 е да станете, да си сварите чај 00:06:05.955 --> 00:06:11.271 и да седнете со стравот како дете покрај вас. 00:06:11.271 --> 00:06:13.752 Вие сте возрасниот. 00:06:13.752 --> 00:06:15.639 Стравот е детето. 00:06:15.639 --> 00:06:17.084 Разговарате со стравот 00:06:17.084 --> 00:06:20.270 и го прашувате што сака, што му треба. 00:06:20.270 --> 00:06:24.887 Како може ова да се подобри? 00:06:24.887 --> 00:06:26.637 Како може детето да се чувствува посилно? 00:06:26.637 --> 00:06:28.086 Правите план. 00:06:28.086 --> 00:06:30.091 И велите: „Добро, сега ќе се вратиме во кревет. 00:06:30.091 --> 00:06:33.858 Во седум и триесет, ќе станеме и тоа ќе го направиме.“ NOTE Paragraph 00:06:33.858 --> 00:06:39.590 Имав една од тие епизоди во 3 часот наутро во Неделата -- 00:06:39.606 --> 00:06:43.591 парализирана од страв, поради овој говор. 00:06:43.591 --> 00:06:45.589 (смеа) 00:06:45.589 --> 00:06:47.096 Го направив тоа. 00:06:47.096 --> 00:06:51.225 Станав, си сварив чај, седнав со него, сѐ завршив 00:06:51.225 --> 00:06:55.381 и еве сум -- сѐ уште делумно парализирана, но тука сум. NOTE Paragraph 00:06:55.381 --> 00:06:59.780 (аплауз) NOTE Paragraph 00:06:59.780 --> 00:07:02.296 Тоа е стравот. Што е со гневот? 00:07:02.296 --> 00:07:06.698 Секаде каде што има неправда, има гнев. 00:07:06.698 --> 00:07:09.546 Но, гневот е како бензин, 00:07:09.546 --> 00:07:13.000 ако со него испрскате наоколу и некој употреби запалка, 00:07:13.000 --> 00:07:15.000 тогаш добивате пекол. 00:07:15.000 --> 00:07:20.117 Но, гневот како двигател -- во мотор -- е моќен. 00:07:20.117 --> 00:07:24.283 Ако можеме нашиот гнев да го ставиме во мотор, 00:07:24.283 --> 00:07:26.066 може да нѐ движи напред, 00:07:26.066 --> 00:07:29.054 може да ни помогне во тешките моменти 00:07:29.054 --> 00:07:33.017 и може да ни даде вистинска внатрешна моќ. NOTE Paragraph 00:07:33.017 --> 00:07:36.135 Го научив ова преку мојата работа 00:07:36.135 --> 00:07:38.399 со креаторите на политиките за нуклеарно оружје. 00:07:38.399 --> 00:07:41.118 Затоа што на почетокот бев толку бесна 00:07:41.118 --> 00:07:44.434 поради опасностите на кои нè изложуваа 00:07:44.434 --> 00:07:49.568 што сакав само да се расправам со нив, да ги обвинувам и да ги окривувам. 00:07:49.568 --> 00:07:52.101 Крајно неефективно. 00:07:52.101 --> 00:07:55.850 Со цел да изградиме дијалог за промена, 00:07:55.850 --> 00:07:57.923 треба да се справиме со нашиот гнев. 00:07:57.923 --> 00:08:02.600 Во ред е да бидете гневни на нештото -- 00:08:02.600 --> 00:08:04.700 нуклеарното оружје во овој случај -- 00:08:04.700 --> 00:08:08.551 но безнадежно е да бидете гневни на луѓето. 00:08:08.551 --> 00:08:11.166 Тие се човечки суштества исто како и ние. 00:08:11.166 --> 00:08:13.817 Го прават она што мислат дека е најдобро. 00:08:13.817 --> 00:08:17.800 Тоа е основата врз која треба да разговараме со нив. NOTE Paragraph 00:08:17.800 --> 00:08:20.717 Значи, тоа е третото, гневот. 00:08:20.717 --> 00:08:22.117 А тоа ме води до сржта 00:08:22.117 --> 00:08:25.351 на она што се случува, она што гледам дека се случува, 00:08:25.351 --> 00:08:26.416 во светот денеска, 00:08:26.416 --> 00:08:30.434 а тоа е дека изминатиов век моќта доаѓаше од горе- надолу. 00:08:30.434 --> 00:08:34.699 Владите сѐ уште им кажуваа на луѓето што да прават. 00:08:34.699 --> 00:08:36.734 Во овој век настапи промена. 00:08:36.734 --> 00:08:40.617 Таа е од долу-нагоре или моќ на народот. 00:08:40.617 --> 00:08:43.833 Како печурки кои пробиваат низ бетон. 00:08:43.833 --> 00:08:50.514 Тоа се луѓе кои се здружуваат со луѓе, како што рече Банди, оддалечени со километри 00:08:50.514 --> 00:08:52.787 за да донесат промена. NOTE Paragraph 00:08:52.787 --> 00:08:57.053 „Пис Дајрект“ многу рано сфатија 00:08:57.053 --> 00:09:00.604 дека локалното население во области на жесток конфликт 00:09:00.604 --> 00:09:03.040 знаат што треба да прават. 00:09:03.040 --> 00:09:05.256 Тие најдобро знаат што да прават. 00:09:05.256 --> 00:09:08.538 Затоа, „Пис Дајрект“ застанува зад нив, за да го прават тоа. 00:09:08.538 --> 00:09:10.737 Некои од нештата што тие ги прават, 00:09:10.737 --> 00:09:13.905 се демобилизирање на милицијата, 00:09:13.905 --> 00:09:16.508 обнова на економиите, 00:09:16.508 --> 00:09:18.858 повторно населување на бегалци, 00:09:18.858 --> 00:09:24.359 дури и ослободување на деца-војници. 00:09:24.359 --> 00:09:27.225 И речиси секој ден треба да го ризикуваат својот живот 00:09:27.225 --> 00:09:30.444 за да сторат тоа. 00:09:30.444 --> 00:09:34.258 Тие сфатиле 00:09:34.258 --> 00:09:39.191 дека примената на насилство во такви ситуации 00:09:39.191 --> 00:09:43.710 не само што е помалку хумано, 00:09:43.710 --> 00:09:45.845 туку е помалку ефективно 00:09:45.845 --> 00:09:52.376 отколку користењето на методи кои ги поврзуваат луѓето со луѓе, кои обновуваат. NOTE Paragraph 00:09:52.376 --> 00:09:56.308 Мислам дека армијата на САД 00:09:56.308 --> 00:10:03.188 конечно почна да го разбира тоа. 00:10:03.188 --> 00:10:05.897 Досега, нивната политика против тероризмот 00:10:05.897 --> 00:10:10.730 беше убивање на бунтовниците по секоја цена, 00:10:10.730 --> 00:10:13.933 а ако по пат загинат цивили, 00:10:13.933 --> 00:10:18.199 тоа се припишува како „колатерална штета“. 00:10:18.199 --> 00:10:24.932 Тоа е толку навредливо и понижувачко 00:10:24.932 --> 00:10:27.282 за населението на Авганистан, 00:10:27.282 --> 00:10:31.630 и заради тоа регрутирањето од Алкаеда е многу лесно, 00:10:31.630 --> 00:10:34.800 кога луѓето толку многу ќе се згрозат, на пример, 00:10:34.800 --> 00:10:37.179 од палењето на Куранот. NOTE Paragraph 00:10:37.179 --> 00:10:40.180 Затоа, обуката на војската треба да се промени. 00:10:40.180 --> 00:10:45.288 Јас верувам дека има знаци на промена. 00:10:45.288 --> 00:10:48.072 Британската армија отсекогаш била многу подобра во ова. 00:10:48.072 --> 00:10:53.754 Но, има еден извонреден пример на кој тие може да се угледаат, 00:10:53.754 --> 00:10:56.922 а тоа е брилијантниот потполковник на САД, 00:10:56.922 --> 00:10:58.587 кој се вика Крис Хјуз. 00:10:58.587 --> 00:11:02.804 Тој ги водел своите луѓе низ улиците на Наџаф 00:11:02.804 --> 00:11:04.972 поточно во Ирак -- 00:11:04.972 --> 00:11:10.005 и одеднаш луѓето почнале да излегуваат од куќите на двете страни од улицата, 00:11:10.005 --> 00:11:14.603 вриштејќи, викајќи, крајно бесни, 00:11:14.603 --> 00:11:19.071 и ги опколиле младите војници кои биле целосно престрашени, 00:11:19.071 --> 00:11:21.571 не знаеле што се случува, не зборувале арапски. 00:11:21.571 --> 00:11:25.821 А Крис Хјуз зачекорил среде толпата 00:11:25.821 --> 00:11:29.690 со неговото оружје над главата, посочувајќи кон земјата, 00:11:29.690 --> 00:11:31.388 и рекол, „Клекнете“. 00:11:31.388 --> 00:11:34.188 И тие огромни војници 00:11:34.188 --> 00:11:36.821 со нивните ранци и нивното телесно оружје, 00:11:36.821 --> 00:11:41.295 се стресле на земјата. 00:11:41.295 --> 00:11:47.380 Завладеала целосна тишина. 00:11:47.380 --> 00:11:49.938 И по околу две минути, 00:11:49.938 --> 00:11:54.214 сите се повлекле и си заминале дома. NOTE Paragraph 00:11:54.214 --> 00:11:59.696 За мене, тоа е мудро дејствување. 00:11:59.696 --> 00:12:03.862 Во тој момент, тоа го направил. 00:12:03.862 --> 00:12:09.624 И тоа сега се случува насекаде. 00:12:09.624 --> 00:12:11.533 Не ми верувате? 00:12:11.533 --> 00:12:15.192 Дали сте се запрашале 00:12:15.192 --> 00:12:19.632 зошто и како толку многу диктаторства се срушија 00:12:19.632 --> 00:12:22.983 во изминатите 30 години? 00:12:22.983 --> 00:12:28.050 Диктаторства во Чехословачка, Источна Германија, 00:12:28.050 --> 00:12:32.265 Естонија, Латвија, Литванија, 00:12:32.265 --> 00:12:35.151 Мали, Мадагаскар, 00:12:35.151 --> 00:12:38.933 Полска и Филипините, 00:12:38.933 --> 00:12:44.016 Србија, Словенија, има уште, 00:12:44.016 --> 00:12:48.606 а сега Тунис и Египет. 00:12:48.606 --> 00:12:52.656 Сето тоа не се случи само од себе. 00:12:52.656 --> 00:12:55.807 Голем дел од тоа се должи на книга 00:12:55.807 --> 00:13:00.272 напишана од еден 80-годишен човек во Бостон, Џин Шарп. 00:13:00.272 --> 00:13:04.289 Тој напиша книга со наслов „Од диктаторство до демократија“ 00:13:04.289 --> 00:13:09.685 со 81 методологии за ненасилен отпор. 00:13:09.685 --> 00:13:11.772 Таа е преведена на 26 јазици. 00:13:11.772 --> 00:13:13.856 Го прелета светот. 00:13:13.856 --> 00:13:21.043 Ја користат млади луѓе и постари луѓе насекаде, 00:13:21.043 --> 00:13:26.465 затоа што функционира и е делотворна. NOTE Paragraph 00:13:26.465 --> 00:13:31.023 Тоа е она што ми дава надеж -- 00:13:31.023 --> 00:13:34.776 и не само надеж, тоа прави да се чувствувам многу позитивно сега. 00:13:34.776 --> 00:13:38.792 Затоа што конечно, луѓето почнаа да разбираат. 00:13:38.792 --> 00:13:46.410 Доаѓаме до практични, остварливи методологии 00:13:46.410 --> 00:13:47.994 за да одговориме на моето прашање: 00:13:47.994 --> 00:13:54.296 Како да се справиме со силеџија, без да станеме насилници? 00:13:54.296 --> 00:13:58.706 Се служиме со вештините кои ги нагласив: 00:13:58.706 --> 00:14:02.424 внатрешната моќ -- развојот на внатрешна моќ -- преку себе-спознавање 00:14:02.424 --> 00:14:05.990 прифаќање и работење со нашиот страв, 00:14:05.990 --> 00:14:09.508 користење на гневот како гориво, 00:14:09.508 --> 00:14:12.073 соработување со други, 00:14:12.073 --> 00:14:14.008 групирање со други, 00:14:14.008 --> 00:14:16.190 храброст, 00:14:16.190 --> 00:14:23.159 а најважно од сѐ, посветеноста на активно ненасилство. NOTE Paragraph 00:14:23.159 --> 00:14:27.273 Денес, не само што верувам во ненасилство. 00:14:27.273 --> 00:14:30.208 Не мора да верувам во него. 00:14:30.208 --> 00:14:33.758 Насекаде гледам докази за неговото функционирање. 00:14:33.758 --> 00:14:39.808 и гледам дека ние, обичните луѓе, 00:14:39.808 --> 00:14:46.126 можеме да направиме нешто што го направиле Аун Сан Су Чи и Ганди и Мендела. 00:14:46.126 --> 00:14:48.849 Можеме да го окончаме 00:14:48.849 --> 00:14:53.848 најкрвавиот век што го памети човештвото. 00:14:53.848 --> 00:15:01.789 И можеме да се организираме за да ја надминеме опресијата 00:15:01.789 --> 00:15:04.407 со отворање на нашите срца 00:15:04.407 --> 00:15:10.257 како и зајакнување на тоа неверојатно откритие. NOTE Paragraph 00:15:10.257 --> 00:15:14.857 И токму таа отвореност на срцата ја почувствував 00:15:14.857 --> 00:15:19.291 кај сите организатори на овој собир, откако пристигнав вчера. 00:15:19.291 --> 00:15:21.412 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:15:21.412 --> 00:15:25.981 (аплауз)