1 00:00:00,360 --> 00:00:04,494 Иако половина век се обидувам да помогнам во спречувањето на војни, 2 00:00:04,494 --> 00:00:08,009 има едно прашање што секогаш си го поставувам: 3 00:00:08,025 --> 00:00:11,725 Како да се справиме со екстремното насилство 4 00:00:11,725 --> 00:00:15,226 без да возвратиме со сила? 5 00:00:15,226 --> 00:00:17,777 Кога се соочувате со бруталност, 6 00:00:17,777 --> 00:00:20,693 дали е тоа дете што се соочува со силеџија на игралиштето 7 00:00:20,693 --> 00:00:22,393 или домашно насилство 8 00:00:22,393 --> 00:00:25,309 или денес, на улиците на Сирија, 9 00:00:25,309 --> 00:00:27,860 соочувањето со тенкови и шрапнели, 10 00:00:27,860 --> 00:00:31,207 што е најдобро да се направи? 11 00:00:31,207 --> 00:00:33,805 Да возратиме? Да се предадеме? 12 00:00:33,805 --> 00:00:37,146 Да примениме повеќе сила? 13 00:00:37,176 --> 00:00:41,138 Прашањето: Како да се справам со силеџија 14 00:00:41,138 --> 00:00:44,888 без притоа да се претворам во насилник? 15 00:00:44,888 --> 00:00:47,904 ме следи од дете. 16 00:00:47,904 --> 00:00:50,455 Се сеќавам дека имав околу 13 год. 17 00:00:50,455 --> 00:00:55,441 бев залепена за црно-белиот телевизор во дневната соба на моите родители 18 00:00:55,441 --> 00:00:59,706 кога советските тенкови влегоа во Будимпешта, 19 00:00:59,706 --> 00:01:02,505 а деца, не многу постари од мене 20 00:01:02,505 --> 00:01:05,006 се фрлаа пред тенковите 21 00:01:05,006 --> 00:01:07,174 за да бидат убиени. 22 00:01:07,174 --> 00:01:10,975 Се стрчав по скалите горе и почнав да си го пакувам куферот 23 00:01:10,975 --> 00:01:13,689 Мајка ми дојде и ми рече: „Што правиш“? 24 00:01:13,689 --> 00:01:15,971 И реков: „Одам за Будимпешта.“ 25 00:01:15,971 --> 00:01:18,605 Таа рече: „Зошто?“ 26 00:01:18,605 --> 00:01:20,654 И реков: „Таму убиваат деца. 27 00:01:20,654 --> 00:01:22,506 Нешто страшно се случува.“ 28 00:01:22,506 --> 00:01:24,523 А таа ми рече: „Не биди смешна.“ 29 00:01:24,523 --> 00:01:27,123 Јас заплакав. 30 00:01:27,123 --> 00:01:29,338 Таа разбра и ми рече, 31 00:01:29,338 --> 00:01:31,105 „Добро, гледам дека си сериозна. 32 00:01:31,105 --> 00:01:33,939 Премлада си за да помогнеш. 33 00:01:33,939 --> 00:01:36,574 Ти треба обука. Ќе ти помогнам. 34 00:01:36,574 --> 00:01:38,739 Само отпакувај го куферот.“ 35 00:01:38,739 --> 00:01:42,305 И така, поминав одредена обука 36 00:01:42,305 --> 00:01:46,238 и заминав да работам во Африка поголем дел од моите двесетти години. 37 00:01:46,238 --> 00:01:49,939 Но, сфатив дека она што навистина сакав да го знам 38 00:01:49,939 --> 00:01:52,338 не можев да го научам на курсеви за обука. 39 00:01:52,338 --> 00:01:54,524 Сакав да разберам 40 00:01:54,524 --> 00:01:58,974 како функционираат насилството, опресијата. 41 00:01:58,974 --> 00:02:03,922 Оттогаш открив дека: 42 00:02:03,922 --> 00:02:07,988 Силеџиите се служат со насилство на три начини. 43 00:02:07,988 --> 00:02:13,291 Користат политичко насилство за да заплашуваат, 44 00:02:13,291 --> 00:02:18,705 физичко насилство за да тероризираат 45 00:02:18,705 --> 00:02:26,229 и психичко или емоционално насилство за да ве понижат. 46 00:02:26,229 --> 00:02:29,456 И само многу ретко во многу малку случаи 47 00:02:29,456 --> 00:02:32,972 функционира примената на поголемо насилство за возврат. 48 00:02:32,972 --> 00:02:39,181 Нелсон Мандела отиде во затвор верувајќи во насилство, 49 00:02:39,181 --> 00:02:41,205 и 27 години подоцна 50 00:02:41,205 --> 00:02:43,188 тој и неговите колеги 51 00:02:43,188 --> 00:02:45,173 бавно и внимателно 52 00:02:45,173 --> 00:02:50,139 ги усовршуваа вештините, неверојатните вештини, кои им беа потребни 53 00:02:50,139 --> 00:02:54,339 за да ја претворат една од најбруталните влади познати на светот 54 00:02:54,339 --> 00:02:56,205 во демократија. 55 00:02:56,205 --> 00:03:00,937 Тоа го остварија со целосна посветеност на ненасилство. 56 00:03:00,937 --> 00:03:08,104 Тие сфатија дека возвраќањето на сила со сила 57 00:03:08,104 --> 00:03:13,300 не функционира. 58 00:03:13,300 --> 00:03:15,493 Но, што функционира? 59 00:03:15,493 --> 00:03:18,962 Со текот на времето собрав околу шест методи 60 00:03:18,962 --> 00:03:20,795 што функционираат --секако има многу повеќе-- 61 00:03:20,795 --> 00:03:23,141 коишто функционираат и коишто се ефикасни. 62 00:03:23,141 --> 00:03:24,508 Првиот е 63 00:03:24,508 --> 00:03:27,026 дека промената што треба да се случи 64 00:03:27,026 --> 00:03:31,491 треба да се случи тука, во мене. 65 00:03:31,491 --> 00:03:35,591 Тоа е мојата реакција, мојот став кон опресијата 66 00:03:35,591 --> 00:03:38,442 врз којшто имам контрола, 67 00:03:38,442 --> 00:03:40,742 и за којшто можам нешто да преземам. 68 00:03:40,742 --> 00:03:44,925 А за да го направам тоа треба да се спознаам самата себе. 69 00:03:44,925 --> 00:03:47,424 Тоа значи дека треба да знам како функционирам, 70 00:03:47,424 --> 00:03:49,675 кога ќе паднам, 71 00:03:49,675 --> 00:03:54,009 да знам каде ми се силните точки, 72 00:03:54,009 --> 00:03:56,507 и каде ми се оние послабите. 73 00:03:56,507 --> 00:03:57,975 Кога да се предадам? 74 00:03:57,975 --> 00:04:03,238 За што ќе се заложам? 75 00:04:03,238 --> 00:04:08,377 А медитацијата или самопроверката 76 00:04:08,377 --> 00:04:10,911 е еден од начините -- повторно не е единствениот начин -- 77 00:04:10,911 --> 00:04:12,029 е еден од начините 78 00:04:12,029 --> 00:04:16,146 за здобивање со ваков вид на внатрешна моќ. 79 00:04:16,146 --> 00:04:18,628 А мојата хероина тука -- како и на Сатиш -- 80 00:04:18,628 --> 00:04:21,661 е Аун Сан Су Чи во Бурма. 81 00:04:21,661 --> 00:04:25,294 Таа предводеше група студенти 82 00:04:25,294 --> 00:04:27,694 на протест по улиците на Рангун. 83 00:04:27,694 --> 00:04:31,877 Во еден ќош, тие се соочија со редица митралези. 84 00:04:31,877 --> 00:04:33,044 А таа веднаш сфати 85 00:04:33,044 --> 00:04:36,962 дека војниците со нивните прсти кои се тресеа на чкрапалата 86 00:04:36,962 --> 00:04:42,660 се поисплашени од студентите - демонстранти - зад неа. 87 00:04:42,660 --> 00:04:45,365 Но таа им кажа на студентите да седнат. 88 00:04:45,365 --> 00:04:52,661 И таа тргна напред со таква смиреност и јаснотија 89 00:04:52,661 --> 00:04:56,111 и целосно отсуство на страв 90 00:04:56,111 --> 00:05:00,211 што успеа да дојде до првата пушка, 91 00:05:00,211 --> 00:05:04,287 да ја стави раката врз неа и да ја спушти. 92 00:05:08,564 --> 00:05:12,082 И никој не загина. 93 00:05:12,097 --> 00:05:16,039 Тоа може да се случи кога ќе го совладате стравот -- 94 00:05:16,039 --> 00:05:18,340 не само кога се соочувате со митралези, 95 00:05:18,340 --> 00:05:22,506 туку и ако наидете на тепачка со ножеви на улица. 96 00:05:22,506 --> 00:05:24,871 Но мора да вежбаме. 97 00:05:24,871 --> 00:05:26,772 Што со нашиот страв? 98 00:05:26,772 --> 00:05:31,726 Јас имам мала мантра. 99 00:05:31,726 --> 00:05:35,167 Мојот страв расте 100 00:05:35,167 --> 00:05:37,384 од енергијата со која го хранам. 101 00:05:37,384 --> 00:05:39,671 И ако порасне многу голем 102 00:05:39,671 --> 00:05:42,033 веројатно ќе се оствари. 103 00:05:42,033 --> 00:05:46,468 Сите ние го знаеме синдромот на три часот наутро 104 00:05:46,468 --> 00:05:49,184 кога нешто што ве загрижува ќе ве разбуди -- 105 00:05:49,184 --> 00:05:51,574 гледам многу луѓе -- 106 00:05:51,574 --> 00:05:55,184 и еден час се вртите и превртувате 107 00:05:55,184 --> 00:05:56,862 станува сѐ полошо и полошо, 108 00:05:56,862 --> 00:05:59,984 и до четири часот веќе сте врзани за перницата 109 00:05:59,984 --> 00:06:02,187 од едно толку големо чудовиште. 110 00:06:02,187 --> 00:06:04,121 Единственото нешто 111 00:06:04,121 --> 00:06:05,955 е да станете, да си сварите чај 112 00:06:05,955 --> 00:06:11,271 и да седнете со стравот како дете покрај вас. 113 00:06:11,271 --> 00:06:13,752 Вие сте возрасниот. 114 00:06:13,752 --> 00:06:15,639 Стравот е детето. 115 00:06:15,639 --> 00:06:17,084 Разговарате со стравот 116 00:06:17,084 --> 00:06:20,270 и го прашувате што сака, што му треба. 117 00:06:20,270 --> 00:06:24,887 Како може ова да се подобри? 118 00:06:24,887 --> 00:06:26,637 Како може детето да се чувствува посилно? 119 00:06:26,637 --> 00:06:28,086 Правите план. 120 00:06:28,086 --> 00:06:30,091 И велите: „Добро, сега ќе се вратиме во кревет. 121 00:06:30,091 --> 00:06:33,858 Во седум и триесет, ќе станеме и тоа ќе го направиме.“ 122 00:06:33,858 --> 00:06:39,590 Имав една од тие епизоди во 3 часот наутро во Неделата -- 123 00:06:39,606 --> 00:06:43,591 парализирана од страв, поради овој говор. 124 00:06:43,591 --> 00:06:45,589 (смеа) 125 00:06:45,589 --> 00:06:47,096 Го направив тоа. 126 00:06:47,096 --> 00:06:51,225 Станав, си сварив чај, седнав со него, сѐ завршив 127 00:06:51,225 --> 00:06:55,381 и еве сум -- сѐ уште делумно парализирана, но тука сум. 128 00:06:55,381 --> 00:06:59,780 (аплауз) 129 00:06:59,780 --> 00:07:02,296 Тоа е стравот. Што е со гневот? 130 00:07:02,296 --> 00:07:06,698 Секаде каде што има неправда, има гнев. 131 00:07:06,698 --> 00:07:09,546 Но, гневот е како бензин, 132 00:07:09,546 --> 00:07:13,000 ако со него испрскате наоколу и некој употреби запалка, 133 00:07:13,000 --> 00:07:15,000 тогаш добивате пекол. 134 00:07:15,000 --> 00:07:20,117 Но, гневот како двигател -- во мотор -- е моќен. 135 00:07:20,117 --> 00:07:24,283 Ако можеме нашиот гнев да го ставиме во мотор, 136 00:07:24,283 --> 00:07:26,066 може да нѐ движи напред, 137 00:07:26,066 --> 00:07:29,054 може да ни помогне во тешките моменти 138 00:07:29,054 --> 00:07:33,017 и може да ни даде вистинска внатрешна моќ. 139 00:07:33,017 --> 00:07:36,135 Го научив ова преку мојата работа 140 00:07:36,135 --> 00:07:38,399 со креаторите на политиките за нуклеарно оружје. 141 00:07:38,399 --> 00:07:41,118 Затоа што на почетокот бев толку бесна 142 00:07:41,118 --> 00:07:44,434 поради опасностите на кои нè изложуваа 143 00:07:44,434 --> 00:07:49,568 што сакав само да се расправам со нив, да ги обвинувам и да ги окривувам. 144 00:07:49,568 --> 00:07:52,101 Крајно неефективно. 145 00:07:52,101 --> 00:07:55,850 Со цел да изградиме дијалог за промена, 146 00:07:55,850 --> 00:07:57,923 треба да се справиме со нашиот гнев. 147 00:07:57,923 --> 00:08:02,600 Во ред е да бидете гневни на нештото -- 148 00:08:02,600 --> 00:08:04,700 нуклеарното оружје во овој случај -- 149 00:08:04,700 --> 00:08:08,551 но безнадежно е да бидете гневни на луѓето. 150 00:08:08,551 --> 00:08:11,166 Тие се човечки суштества исто како и ние. 151 00:08:11,166 --> 00:08:13,817 Го прават она што мислат дека е најдобро. 152 00:08:13,817 --> 00:08:17,800 Тоа е основата врз која треба да разговараме со нив. 153 00:08:17,800 --> 00:08:20,717 Значи, тоа е третото, гневот. 154 00:08:20,717 --> 00:08:22,117 А тоа ме води до сржта 155 00:08:22,117 --> 00:08:25,351 на она што се случува, она што гледам дека се случува, 156 00:08:25,351 --> 00:08:26,416 во светот денеска, 157 00:08:26,416 --> 00:08:30,434 а тоа е дека изминатиов век моќта доаѓаше од горе- надолу. 158 00:08:30,434 --> 00:08:34,699 Владите сѐ уште им кажуваа на луѓето што да прават. 159 00:08:34,699 --> 00:08:36,734 Во овој век настапи промена. 160 00:08:36,734 --> 00:08:40,617 Таа е од долу-нагоре или моќ на народот. 161 00:08:40,617 --> 00:08:43,833 Како печурки кои пробиваат низ бетон. 162 00:08:43,833 --> 00:08:50,514 Тоа се луѓе кои се здружуваат со луѓе, како што рече Банди, оддалечени со километри 163 00:08:50,514 --> 00:08:52,787 за да донесат промена. 164 00:08:52,787 --> 00:08:57,053 „Пис Дајрект“ многу рано сфатија 165 00:08:57,053 --> 00:09:00,604 дека локалното население во области на жесток конфликт 166 00:09:00,604 --> 00:09:03,040 знаат што треба да прават. 167 00:09:03,040 --> 00:09:05,256 Тие најдобро знаат што да прават. 168 00:09:05,256 --> 00:09:08,538 Затоа, „Пис Дајрект“ застанува зад нив, за да го прават тоа. 169 00:09:08,538 --> 00:09:10,737 Некои од нештата што тие ги прават, 170 00:09:10,737 --> 00:09:13,905 се демобилизирање на милицијата, 171 00:09:13,905 --> 00:09:16,508 обнова на економиите, 172 00:09:16,508 --> 00:09:18,858 повторно населување на бегалци, 173 00:09:18,858 --> 00:09:24,359 дури и ослободување на деца-војници. 174 00:09:24,359 --> 00:09:27,225 И речиси секој ден треба да го ризикуваат својот живот 175 00:09:27,225 --> 00:09:30,444 за да сторат тоа. 176 00:09:30,444 --> 00:09:34,258 Тие сфатиле 177 00:09:34,258 --> 00:09:39,191 дека примената на насилство во такви ситуации 178 00:09:39,191 --> 00:09:43,710 не само што е помалку хумано, 179 00:09:43,710 --> 00:09:45,845 туку е помалку ефективно 180 00:09:45,845 --> 00:09:52,376 отколку користењето на методи кои ги поврзуваат луѓето со луѓе, кои обновуваат. 181 00:09:52,376 --> 00:09:56,308 Мислам дека армијата на САД 182 00:09:56,308 --> 00:10:03,188 конечно почна да го разбира тоа. 183 00:10:03,188 --> 00:10:05,897 Досега, нивната политика против тероризмот 184 00:10:05,897 --> 00:10:10,730 беше убивање на бунтовниците по секоја цена, 185 00:10:10,730 --> 00:10:13,933 а ако по пат загинат цивили, 186 00:10:13,933 --> 00:10:18,199 тоа се припишува како „колатерална штета“. 187 00:10:18,199 --> 00:10:24,932 Тоа е толку навредливо и понижувачко 188 00:10:24,932 --> 00:10:27,282 за населението на Авганистан, 189 00:10:27,282 --> 00:10:31,630 и заради тоа регрутирањето од Алкаеда е многу лесно, 190 00:10:31,630 --> 00:10:34,800 кога луѓето толку многу ќе се згрозат, на пример, 191 00:10:34,800 --> 00:10:37,179 од палењето на Куранот. 192 00:10:37,179 --> 00:10:40,180 Затоа, обуката на војската треба да се промени. 193 00:10:40,180 --> 00:10:45,288 Јас верувам дека има знаци на промена. 194 00:10:45,288 --> 00:10:48,072 Британската армија отсекогаш била многу подобра во ова. 195 00:10:48,072 --> 00:10:53,754 Но, има еден извонреден пример на кој тие може да се угледаат, 196 00:10:53,754 --> 00:10:56,922 а тоа е брилијантниот потполковник на САД, 197 00:10:56,922 --> 00:10:58,587 кој се вика Крис Хјуз. 198 00:10:58,587 --> 00:11:02,804 Тој ги водел своите луѓе низ улиците на Наџаф 199 00:11:02,804 --> 00:11:04,972 поточно во Ирак -- 200 00:11:04,972 --> 00:11:10,005 и одеднаш луѓето почнале да излегуваат од куќите на двете страни од улицата, 201 00:11:10,005 --> 00:11:14,603 вриштејќи, викајќи, крајно бесни, 202 00:11:14,603 --> 00:11:19,071 и ги опколиле младите војници кои биле целосно престрашени, 203 00:11:19,071 --> 00:11:21,571 не знаеле што се случува, не зборувале арапски. 204 00:11:21,571 --> 00:11:25,821 А Крис Хјуз зачекорил среде толпата 205 00:11:25,821 --> 00:11:29,690 со неговото оружје над главата, посочувајќи кон земјата, 206 00:11:29,690 --> 00:11:31,388 и рекол, „Клекнете“. 207 00:11:31,388 --> 00:11:34,188 И тие огромни војници 208 00:11:34,188 --> 00:11:36,821 со нивните ранци и нивното телесно оружје, 209 00:11:36,821 --> 00:11:41,295 се стресле на земјата. 210 00:11:41,295 --> 00:11:47,380 Завладеала целосна тишина. 211 00:11:47,380 --> 00:11:49,938 И по околу две минути, 212 00:11:49,938 --> 00:11:54,214 сите се повлекле и си заминале дома. 213 00:11:54,214 --> 00:11:59,696 За мене, тоа е мудро дејствување. 214 00:11:59,696 --> 00:12:03,862 Во тој момент, тоа го направил. 215 00:12:03,862 --> 00:12:09,624 И тоа сега се случува насекаде. 216 00:12:09,624 --> 00:12:11,533 Не ми верувате? 217 00:12:11,533 --> 00:12:15,192 Дали сте се запрашале 218 00:12:15,192 --> 00:12:19,632 зошто и како толку многу диктаторства се срушија 219 00:12:19,632 --> 00:12:22,983 во изминатите 30 години? 220 00:12:22,983 --> 00:12:28,050 Диктаторства во Чехословачка, Источна Германија, 221 00:12:28,050 --> 00:12:32,265 Естонија, Латвија, Литванија, 222 00:12:32,265 --> 00:12:35,151 Мали, Мадагаскар, 223 00:12:35,151 --> 00:12:38,933 Полска и Филипините, 224 00:12:38,933 --> 00:12:44,016 Србија, Словенија, има уште, 225 00:12:44,016 --> 00:12:48,606 а сега Тунис и Египет. 226 00:12:48,606 --> 00:12:52,656 Сето тоа не се случи само од себе. 227 00:12:52,656 --> 00:12:55,807 Голем дел од тоа се должи на книга 228 00:12:55,807 --> 00:13:00,272 напишана од еден 80-годишен човек во Бостон, Џин Шарп. 229 00:13:00,272 --> 00:13:04,289 Тој напиша книга со наслов „Од диктаторство до демократија“ 230 00:13:04,289 --> 00:13:09,685 со 81 методологии за ненасилен отпор. 231 00:13:09,685 --> 00:13:11,772 Таа е преведена на 26 јазици. 232 00:13:11,772 --> 00:13:13,856 Го прелета светот. 233 00:13:13,856 --> 00:13:21,043 Ја користат млади луѓе и постари луѓе насекаде, 234 00:13:21,043 --> 00:13:26,465 затоа што функционира и е делотворна. 235 00:13:26,465 --> 00:13:31,023 Тоа е она што ми дава надеж -- 236 00:13:31,023 --> 00:13:34,776 и не само надеж, тоа прави да се чувствувам многу позитивно сега. 237 00:13:34,776 --> 00:13:38,792 Затоа што конечно, луѓето почнаа да разбираат. 238 00:13:38,792 --> 00:13:46,410 Доаѓаме до практични, остварливи методологии 239 00:13:46,410 --> 00:13:47,994 за да одговориме на моето прашање: 240 00:13:47,994 --> 00:13:54,296 Како да се справиме со силеџија, без да станеме насилници? 241 00:13:54,296 --> 00:13:58,706 Се служиме со вештините кои ги нагласив: 242 00:13:58,706 --> 00:14:02,424 внатрешната моќ -- развојот на внатрешна моќ -- преку себе-спознавање 243 00:14:02,424 --> 00:14:05,990 прифаќање и работење со нашиот страв, 244 00:14:05,990 --> 00:14:09,508 користење на гневот како гориво, 245 00:14:09,508 --> 00:14:12,073 соработување со други, 246 00:14:12,073 --> 00:14:14,008 групирање со други, 247 00:14:14,008 --> 00:14:16,190 храброст, 248 00:14:16,190 --> 00:14:23,159 а најважно од сѐ, посветеноста на активно ненасилство. 249 00:14:23,159 --> 00:14:27,273 Денес, не само што верувам во ненасилство. 250 00:14:27,273 --> 00:14:30,208 Не мора да верувам во него. 251 00:14:30,208 --> 00:14:33,758 Насекаде гледам докази за неговото функционирање. 252 00:14:33,758 --> 00:14:39,808 и гледам дека ние, обичните луѓе, 253 00:14:39,808 --> 00:14:46,126 можеме да направиме нешто што го направиле Аун Сан Су Чи и Ганди и Мендела. 254 00:14:46,126 --> 00:14:48,849 Можеме да го окончаме 255 00:14:48,849 --> 00:14:53,848 најкрвавиот век што го памети човештвото. 256 00:14:53,848 --> 00:15:01,789 И можеме да се организираме за да ја надминеме опресијата 257 00:15:01,789 --> 00:15:04,407 со отворање на нашите срца 258 00:15:04,407 --> 00:15:10,257 како и зајакнување на тоа неверојатно откритие. 259 00:15:10,257 --> 00:15:14,857 И токму таа отвореност на срцата ја почувствував 260 00:15:14,857 --> 00:15:19,291 кај сите организатори на овој собир, откако пристигнав вчера. 261 00:15:19,291 --> 00:15:21,412 Ви благодарам. 262 00:15:21,412 --> 00:15:25,981 (аплауз)