Големо добредојде! Здраво Сан Франциско! TEDx- Леле, заслепувачка светлина! Здраво на сите! Како сте? (Извици од публиката) Убаво? Леле, ОК...значи... Се викам Мел Робинс и последниве 17 години им помагам на луѓето да добијат се` што сакаат. Со причина! Мојот сопруг е тука. Го правев тоа во судница, канцеларија, спална соба, во дневна соба на некои луѓе, во било која просторија, ако сум таму, ќе ви помогнам да добиете што сакате. Последниве 3 години водам еднa радио емисија. Пет пати неделно во живо одам во 40 градови и зборувам со мажи и жени низ Америка кои се чувствуваат заробени. Знаете дека 1/3 од Американците се незадоволни од нивниот живот? Тоа се 100 милиони луѓе. Тоа е лудост! Се соочив со тоа во емисијата која ја водам која е исто лудница и се вика „Сватови“. Се вселувам во семејства низ Америка- (смеа) Погодивте! Кои се караат со своите сватови. Ги вселуваме во исти домови и буквално ги напаѓам сите, ја отвараме кутијата на Пандора, и ги терам луѓето да престанат да се караат за крофните и за тоа кој е домаќин на празничната вечера, и зборуваме за вистински нешта. Токму за тоа сакам да зборуваме. Тука сум за вас. Ќе ви кажам се` што знам за помалку од 18 минути за тоа како да добиете се` што сакате. Сега, сакам за една милисекунда да размислете што сакате. Вие! Сакам да сте себични. Нема да мислам на Сајмон и „НИЕ“, ова е за мене сега. (Смеа) (Аплауз) Извини Сајмон. Што сакаш? Еве го договорот. Не сакам ова да им звучи добро на другите луѓе. Здравјето не е доволна причина да одите во теретана. Губењето на машките гради и желбата да најдете некоја, е тоа е веќе мотивација. (Смеа) Сакам да знам: Што сакате? Сакате да изгубите тежина? Сакате да ги мултиплицирате приходите? Сакате да започнете невладина? Сакате да најдете љубов? Што е тоа што сакате? Кажете! Знаете што е, не анализирајте до бесвест, одберете нешто. Тоа е проблемот. Нема да одберете. Значи, ќе зборуваме за тоа како да добиете што сакате. Искрено, да се добие што се сака е едноставно. Но гледајте. Не реков дека е лесно. Реков, едноставно е. Всушност, ако размислите за тоа, го живееме најчудесното време. Она што ви е во главата сега, што и да е, сакате да го излечите дијабетот со здрава храна, сакате да смислите како да се грижите за постарите и да основате болница, сакате да одите во Африка и да изградите школо? Знаете што? Можете сега веднаш да одите во книжарница и да купите 10-ина книги напишани од познати автори како да го сторите тоа. Можете и да изгуглате. Може да најдете барем 1000 блогови кои даваат инструкции, чекор по чекор до промената која некој друг веќе ја прави. Можете и на интернет да најдете некој и виртуелно да го давите! (Смеа) Треба да го правите тоа што тој го прави- употребете го методот на избор. Следете она што сите го правеле бидејќи некој веќе го прави тоа. Па, зошто тогаш го немате тоа што го сакате? Ги имате сите потребни информации, ги имате контактите кои ви требаат, веројатно има и бесплатни онјалјн алатки кои ви овозможуваат да почнете бизнис или да се приклучите на група и да правиш било што. Се` се сведува на еден збор: Е*©#. Затворете ја влезната врата, знаете за што зборувам? Е-бомбата. Таа е насекаде! Ја слушате цело време. Навистина не разбирам која е привлечноста на зборот. Не звучите паметно кога го изговарате. И не кажува навистина како се чувствувате. Изгледа како ефтин удар. Се разбира знаете дека мислам на зборобите `Еве, добро`. „Што правиш?“-„Еве, добар“ Да? Навистина? Додека ги влечкаш дополнителните 20 кг, еве добар си. Со женати сте како цимери-еве, добар си? Немате секс веќе 4 месеци, еве добар си? Навистина? Мислам дека не е така! Еве во што се состои ова `Еве, ОК`. Генијално е! Бидејќи ако ви е добро, нема да правите ништо околу тоа. Но,кога мислите на зборот „добар сум“ тоа ме разлутува. На конференција сме за како да се биде жив и вие ќе го опишете чувството да се биде жив како „добро“? Колку неубедлив и невистински свет! Ако сте очајни, признајте! Ако сте среќни, кажете дека сте! Кажете ја вистината! Ова не важи само за социјалната рамка: „Не сакам да те оптоварувам со моите проблеми“, или „ Еј, супер ми е! Ама тоа тебе ќе те онерасположи.“ Поголемиот проблем- Поголемиот проблем е тоа што сами себе си велите „добро ми е“. Во врска со она што го сакате, ви тврдам, се имате убедено себе си дека сте ОК што го немате. Затоа не се трудите понатаму. Тоа се деловите во вашиот живот каде се предавате. Таму велите: „Добро ми е. Мајка ми и никогаш нема да се промени, затоа нема да зборувам за тоа“. „Еве добра сум.Ќе мора да чекаме додека децата пораснат па да се разведеме, во меѓувреме ќе спиеме во одвоени соби.“ „Еве, добар сум, останав без работа и едвај плаќам сметки, како и да е-тешко се наоѓа работа.“ Една од причините зошто овој свет ме нервира е, научниците пресметале- Да, да, идам! (Смеа) Научниците ги пресметале шансите за вашето раѓање. Точно е! Долго време пресметувале. Ве гледам таму горе. Убаво пресметале- Дечки, вие кои стоите ќе сакате да седните кога ќе го чуете ова. Ги собрале бројките за да го одредат вашето раѓање Ги зеле предвид сите војни, сите природни катастрофи и диносаурите, се` зеле предвид. Верувате дека веројатноста за вас да, токму тука, тргни го компјутерот, стани една секунда Даг! Смеа) Значи веројатноста за Даг овде, веројатноста Даг да биде роден во мигот и времете кога е роден, од неговите родители, со неговата ДНК структура, е една во 400 трилиони! Зарем не е тоа чудесно? Даг: Јас имам среќа! Јас: Да! Тебе не ти е добро, тебе ти е фантастично. Имаш идеи кои кои треба да го сменат светот а не да се измачуваш себе си. Благодарам. Благодарам Даг. (Аплауз) Кристин имаше право кога рече дека сите вие би можеле да сте на сцена. Бидејќи сите вие - сите сме во оваа категорија. Еден во 400 трилиони. Цел ден имате идеи кои би можеле да го сменат вашиот живот, кои можат да го сменат светот, да го сменат начинот на кој чувствувате, и што правите со нив? Ништо! Упс..се надевам нема да ве сликам. (Смеа) Немате платено за тоа. (Смеа) Сакам малку да размислите, за нешто што сите го имаме, сакам да употребувам споредби- а тоа е внатрешното копче „snooze “- ги имате овие чудесни идеи кои се појавуваат. Ги гледате луѓето цел ден, сигурно како пинг-понг топчиња и секогаш кога имате идеја, што правите? Стискате "snooze" Која е првата одлука што ја донесовте утрово? Сигурна сум тоа беше желбата да се вратите в кревет. „Да, првата одлука денес, јас сум еден од 400-те трилиони, ќе се вратам да спијам.“ Ве разбирам! Имате толку удобен кревет! Топол и мек! Ако имате среќа, има некој кој го сакате покрај вас, или во мојот случај, го имам мојот сопруг, моите две деца и по можност куче. Причината зошто ја спомнав првата одлука која ја донесовте денес, и „snooze" алармот е затоашто во секоја област на вашиот живот каде сакате промени, било какви-има еден факт кој треба да го знаете. Овој: Никогаш нема да имате желба за тоа. Никогаш. Никој нема да дојде, нема да има мотивација, Никогаш нема да сакате да направите нешто. Научниците ова го нарекуваат активациска енергија. Така ја нарекуваат силата која е потребна да ве претвори од некој што прави автоматски, во некој кој ќе направи нешто ново. Пробајте го овој тест утре. Мислите дека сте модерни, дел сте од ТЕД. (Смеа) Пробајте го ова. Ставете го алармот за утре наутро да ви ѕвони 30 мин. порано. И кога ќе престане да ѕвони, тргнете ја покривката, фрлете ја настрана, станете и започнете го денот. Без „snooze", без одложување. Немојте „ќе почекам само 5 секунди зашто Мел и така не е тука.“ Сторете го тоа! Сакам да го сторите тоа зашто ќе се сретнете лице в лице со физичката сила која е потребна да го смените вашето однесување. Дали мислите дека некој кој треба да ослабне некогаш имал желба да не јаде? Се разбира дека не. Мислите дека повеќе би сакал да јаде варено пилешко со грашак наместо кроасан? Мислам дека не. Активациската енергија потребна за да го мрднете задникот од компјутерот и да излезете низ вратата, да се прошетате како што рековте, е истата онаа енергиј која ви треба да се оттргнете од топлата постела во студената просторија. Интересно е да се биде возрасен зашто кога имате 18 години никој не ви кажува дека тоа е мигот кога сами ќе си се грижите за себе. Кога велам „грижите“ мислам на сите работи кои не ги сакате а мора сами да ги завршите, за да бидете се` она што треба да бидете. А вие сте проклето зафатени за да го сакате тоа. И никогаш нема да сакате. Син ми не сака да се тргне од игрите. Тоа е моја работа. Тргни се од проклетата игра! Кендал, среди ги куклите! Ако сакаш нудистичка забава во бањата, барем исчисти! (Смеа) Боже, затвори ја устата кога јадеш. Не сме во штала, не врескај. Вечерата е готова, прибирајте се. Како родители, а бевте и вие дете, и родителите ве тераа да правите работи кои не сакавте да ги правите. Бидејќи не сакате. Никогаш! Ниту денес, ниту утре ниту никогаш! Дури и да сте добри во нешто, ќе откриете нешто друго што не сакате правите. Се` ќе стане монотоно, досадно ќе ви е; „Ја мразам работата, бла, бла..“ Но, ќе побарате нова? Не! Само ќе негодувате околу оваа. Многу е едноставно да добиете што сакате. Но не е лесно. Треба да се натерате себе си. Мислам, да се прислите. Го употребувам зборот „сила“ зашто- кога беше Роуз овде и зборуваше за емоциите и ни ја покажа сликата за двете страни на мозокот- и јас гледам на мозокот на ист начин. Само јас ја опишувам едната страна на мозокот како автопилот а другата како сигурносни сопирачки. Тоа се двете брзини: автопилотот и сопирачките. Погодете која брзина повеќе ја сака вашиот мозок?Автопилотот. Имате искуство веќе, стигнувате со кола на работа и си велите:„Не се ни сеќавам како возев.“ (Смеа) Не сте пијани. Тоа е автопилотот во вашиот мозок. Тој функционира токму на ова ниво. Проблемот со вашиот мозок е тоа што секогаш кога правите нешто различно од вашата нормална рутина, погодете што прави мозокот -ги користи сигурносните сопирачки. И реагира на се` и сешто. Влегувате во кујна и гледате сите ги оставија садовите вие да ги измиете. По стоти пат помислувате: „Ќе ти отепам. Односно, ќе ги оставам тие да си ги измијат.“ Но,тоа не е вашата нормална рутина, нели? Значи, се случуваат сопирачките. И одите со автопилотот. „Ќе ги измијам, ќе бидам бесна и нема да има секс. Така ќе направам.“ (Смеа) Кога велам „сила“, се` што е запирање на вашата рутина бара сила. Ако размислите за вашиот живот, смешно е зашто прво сме деца па стануваме возрасни и трошиме време во обид да го турнеме животот во некаква стабилност за на крај да ни се смачи сето тоа. Станувате во исто време секој ден, јадете речиси ист појадок возите до работа по истиот пат, работите, изгледате зафатено, избегнувате телефонски повици, проверувате Фејбук, одите на состаноци и се досадувате цело време, се враќате,проверувате Фејбук, правите планови за вечер и уште повеќе сте зафатени, пак возите назад до дома, јадете речиси иста храна за вечера или нешто различно, ги гледате истите емисии, потоа легнувате и ги правите истите нешта повторно. Се разбира дека ви е проклето досадно. Тоа е рутината која ве убива. Имам теорија зошто луѓето се фатени во стапицата на животот. Повеќето од вас сигурни биле на часови по Основи на Психологија и сте чуле за теоријата на Маслов за хиерархија на потребите. Вашето тело е смирено зашто ги имате овие основни потреби. И вашето тело е приспособено да ви праќа сигнали. Ако ви треба храна, што чувствувате? Ако ви треба вода, што сте? Ако ви треба секс, какви сте? (Смеа) Благодарам! Мислам дека кога сте заробени или незадоволни од животот тоа е сигнал. Тоа не е сигнал дека животот ви е уништен. Тоа е сигнал дека повеќето основни потреби не се задоволени. Вашата потреба за истражување. Се` што е поврзано со вашето тело созрева. Вашите клетки се регенерираат, косата и ноктите растат, се` расте во текот на вашиот живот. И вашиот дух бара да истражува и да расте. И го постигнувате тоа само со тоа што правите да ви биде неудобно. Присилувајќи се себе си да излезете надвор, надвор од вашата глава. Благодарам! Ако сте во главата,тогаш зад непријателот сте. Не зборува Бог, добро? Не е тој! Всушност ако ставам звучник и го емитуваме она што си го велите себе си ќе ве пратат на лекување. (Смеа) Не би се дружеле со луѓе кои зборуваат со вас на начин на кој зборувате сами со себе. Затоа излезете од својата глава! Вашите чувства се тие кои ве уништуваат. Не ми е грижа како се чувствувате. Грижа ми е што сакате. И ако се слушнете како се чувтвувате, кога се работи за тоа што го сакате-нема да го добиете. Затоашто никогаш не се чувствувате така. Треба да излезете од вашата комфор зона. Не се работи за превземање ризици, туку за излегување од вашата комфор зона. Оние први 3 секунди кога се терате себе си надвор од постелата се ужасни. Но штом станете веќе е подобро. Оние први 3 секунди кога седите во ваков стадиум и некој ви вели:„Стани да танцуваме,“ и си мислите: „Треба да го сторам тоа“, и потоа мрморите „Хмммм.“ Чувството што го имавте при импулсот да го сторите тоа и не ја активиравте енергијата потреба да се натерате себе си, тогаш вашите сопирачки се повлекуваат- „Не одам со оние лудаци, не сакам да танцувам....“ Ми се случи да налетам на Рејчел и кога почнавме да муабетиме испадна дека пишува и на Твитер. Пријателки сме. И бум! Излези надвор! Тука е магијата. Тука постои едниот во 400-те трилиони. Се` што правам-ОК ова е последното, извинете. Уште нешто што можете да употребите е она што викам 5 секундно правило. Вашиот ум може да процесира некој израз на лицето во 33 милисекунди. Умот прилично брзо работи. Има уште нешто што умот брзо прави, оние мали импулси кои ве влечат, и ако во наредните 5 сек. не превземете нешто, ја повлекувате сопирачката и ја убивате идејата. Идејата е уништена! Ако го имате импулсот да станете и да танцувате додека свири музиката, ако не станете во 5 секунди, ќе ја повлечете сопирачката. Ако имате импулс за нечиј говор кој ве инспирирал денес и не сторите ништо во наредните 5 секунди да запиште нешто, да си пратите текст, било што што ќе го споите со идејата, ќе ја повлечете сопирачката и ќе ја убиете идејата. Проблемот не е во идеите. Проблемот е што не дејствувате. Ги убивате. Не сум јас виновна за тоа. Никој не е виновен. Себе си го правите тоа. Престанете. Сметам на вас. Еден во 400 трилиони. Имате што да правите. Тоа нема да се случи во вашите глави. Вежбајте го ова денес. Кога ќе одиме на прослава наскоро, зашто на сите ни треба коктел, сакам да го вежбате 5 секундното правило. Гледата некој и мислите дека имате импулс, ви се гледа интересен? Пристапете! Ве инспирира некој и сакате нешто од таа личност? Сторете го тоа! Затоа сте овде. Експериментирајте и ќе се шокирате од резултатите. И уште нешто сакам да знаете дека се` што правам, дали е радио емисија или ТВ шоу, книгата што ја напишав, или статијата тоа е за вас. И ако има нешто што можам да направам, за да ве натерам да ги направите нештата кои не сакате да ги направите, за да ги имате нештата кои ги сакате, ќе го направам тоа. Но,треба да пристапите, да отворите уста и да побарате. Разбирате? Добро. (Аплауз) Благодарам!Благодарам!Сатнете! Го имате импулсот, станете! Ви благодарам!