WEBVTT 00:00:00.100 --> 00:00:01.400 Во летото 2015 г., 00:00:01.400 --> 00:00:05.539 Европа го доживеа најголемиот прилив на бегалци по Втората Светска Војна. 00:00:05.789 --> 00:00:06.144 Зошто? 00:00:06.564 --> 00:00:10.748 Главната причина е зашто Сирија стана најголемиот извор на бегалци во светот. 00:00:10.988 --> 00:00:12.694 Сирија е лоцирана во Блискиот Исток, 00:00:12.694 --> 00:00:16.163 античка плодна земја населена најмалку 10 илјади години. 00:00:16.403 --> 00:00:19.129 Од 1960-тите, ја води семејството ал-Асад, 00:00:19.129 --> 00:00:23.497 кои владееја како квази-диктатори сè до Арапската пролет во 2011 г., 00:00:23.497 --> 00:00:26.721 револуционерен бран на протести и конфликти во арапскиот свет 00:00:26.721 --> 00:00:28.913 што сруши многу авторитарни режими. 00:00:29.163 --> 00:00:33.173 Но Асадови одбија да се повлечат и започнаа сурова граѓанска војна. 00:00:33.573 --> 00:00:37.214 Различните етнички и религиозни групи се бореа меѓусебно во променливи коалиции. 00:00:37.464 --> 00:00:40.452 ИСИС, милитаристичко-џихадистичка група, ја искористи можноста 00:00:40.452 --> 00:00:44.156 и влезе во хаосот со цел да изгради тоталитарен исламски калифат. 00:00:44.156 --> 00:00:46.251 Набрзо, стана една од најнасилните 00:00:46.251 --> 00:00:49.616 и најуспешни екстремистички организации на земјата. 00:00:49.846 --> 00:00:54.095 Сите страни извршија ужасни воени злосторства, користејќи хемиско оружје, масовни погубувања, 00:00:54.095 --> 00:00:58.071 измачување во големи размери и повторливи смртоносни напади на цивили. 00:00:58.311 --> 00:00:59.819 Сириското население беше заробено 00:00:59.819 --> 00:01:02.814 помеѓу режимот, бунтовничките групи и религиозните екстремисти. 00:01:03.144 --> 00:01:06.098 Една третина од Сиријците се раселени во рамките на Сирија, 00:01:06.098 --> 00:01:08.204 додека околу четири милиони ја напуштија земјата. 00:01:08.564 --> 00:01:12.196 Најголемиот дел од нив сега престојува во кампови во соседните земји, 00:01:12.196 --> 00:01:15.166 што се грижат за 95% од бегалците, 00:01:15.166 --> 00:01:17.521 додека арапските држави од Персискиот Залив заедно 00:01:17.521 --> 00:01:19.893 прифатија нула сириски бегалци, 00:01:19.893 --> 00:01:23.371 што Амнести Интернешенал го нарече особено срамно. 00:01:23.841 --> 00:01:25.376 ОН и Светската програма за храна 00:01:25.376 --> 00:01:28.602 не беа подготвени за бегалска криза од овој размер. 00:01:28.802 --> 00:01:32.707 Поради тоа, повеќето бегалски кампови се преполни и недоволно снабдени, 00:01:32.707 --> 00:01:35.854 а луѓето се изложени на студ, глад и болести. 00:01:36.234 --> 00:01:39.830 Сиријците изгубија надеж дека ситуацијата ќе им се подобри во скоро време, 00:01:39.830 --> 00:01:42.143 па многумина решија да побараат азил во Европа. 00:01:42.563 --> 00:01:48.124 Од 2007 до 2014, Европската Унија инвестираше околу 2 милијарди евра 00:01:48.124 --> 00:01:51.578 во одбрана, високо-развиена технологија за безбедност и гранични патроли, 00:01:51.578 --> 00:01:54.779 но не премногу во подготовките за приливот на бегалци. 00:01:55.049 --> 00:01:58.223 Така што, беше недоволно подготвена за бурата од баратели на азил. 00:01:58.523 --> 00:02:02.163 Во ЕУ, бегалецот мора да остане во државата во која прво пристигнал, 00:02:02.163 --> 00:02:05.749 а тоа стави огромен притисок врз граничните држави, кои веќе имаа проблеми. 00:02:05.949 --> 00:02:09.306 Грција, среде економска криза што се споредува со Големата депресија, 00:02:09.306 --> 00:02:11.750 не можеше да се грижи за толку многу луѓе оддеднаш, 00:02:11.750 --> 00:02:15.370 што доведе до страшни сцени на очајни, гладни луѓе на островите 00:02:15.370 --> 00:02:17.066 обично резервирани за туристи. 00:02:17.516 --> 00:02:20.725 Светот мораше да се обедини и да дејствува како обединет фронт, 00:02:20.725 --> 00:02:23.569 но, наместо тоа, се подели уште повеќе. 00:02:23.919 --> 00:02:26.820 Многу држави категорично одбија да примат бегалци, 00:02:26.820 --> 00:02:29.216 оставајќи ги граничните држави сами со нивната мака. 00:02:29.478 --> 00:02:31.895 Во 2014, Обединетото Кралство лобираше за прекинување 00:02:31.895 --> 00:02:34.962 на огромната операција за пронаоѓање и спасување наречена Маре Нострум 00:02:34.962 --> 00:02:38.326 што имаше за цел да го сопре давењето на барателите на азил во Медитеранот. 00:02:38.746 --> 00:02:41.344 Идејата изгледа беше дека повисокиот број на жртви на море 00:02:41.344 --> 00:02:44.110 би значел помал број баратели на азил кои ќе се обидат да патуваат. 00:02:44.200 --> 00:02:46.920 Но, се разбира, во стварноста, тоа не се случи. 00:02:47.240 --> 00:02:49.974 Согледувањето на кризата низ светот одеднаш се смени 00:02:49.974 --> 00:02:52.602 со појавата на фотографиите на мртво момче од Сирија 00:02:52.602 --> 00:02:55.103 најдено легнато на стомак на плажа во Турција. 00:02:55.403 --> 00:02:59.246 Германија изјави дека ќе ги прими, без исклучок, сите сириски бегалци, 00:02:59.246 --> 00:03:02.875 и сега се подготвува да прими 800 илјади луѓе во 2015, 00:03:02.875 --> 00:03:05.720 повеќе отколку што цела Европа прими во 2014, 00:03:05.720 --> 00:03:08.505 за само неколку дена подоцна да воведе привремени гранични контроли 00:03:08.505 --> 00:03:10.669 и да побара решение што ќе се применува низ цела Европа. 00:03:10.939 --> 00:03:13.981 На запад, сè повеќе и повеќе луѓе започнаа да преземаат акција, 00:03:13.981 --> 00:03:15.442 иако поддршката за барателите на азил 00:03:15.442 --> 00:03:18.189 најчесто доаѓа од граѓаните, а не од политичарите. 00:03:18.519 --> 00:03:20.311 Но, постои страв во западните земји: 00:03:20.311 --> 00:03:24.233 ислам, висока стапка на раѓања, криминал и пропаѓање на социјалните системи. 00:03:24.583 --> 00:03:26.466 Ајде да го признаеме ова и да ги разгледаме фактите. 00:03:26.796 --> 00:03:30.505 Дури и ако ЕУ самата ги прифати сите четири милиони сириски бегалци 00:03:30.505 --> 00:03:32.664 и ако 100% од нив се муслимани, 00:03:32.664 --> 00:03:34.984 процентот на муслимани во Европската Унија 00:03:34.984 --> 00:03:38.448 ќе се зголеми од околу 4% на околу 5%. 00:03:38.618 --> 00:03:42.777 Ова не е драстична промена и сигурно нема да го направи континетот муслимански. 00:03:43.027 --> 00:03:46.853 Муслиманското малцинство не е ниту ново, ниту причина за страв. 00:03:47.303 --> 00:03:49.842 Стапките на раѓање во најголем дел од западниот свет се ниски 00:03:49.842 --> 00:03:53.455 и некои стравуваат дека барателите на азил може да ја надминат домашната популација 00:03:53.455 --> 00:03:54.458 за неколку декади. 00:03:54.728 --> 00:03:56.207 Студиите покажуваат дека иако стапките на раѓање 00:03:56.207 --> 00:04:00.051 се повисоки кај муслиманите во Европа, тие се намалуваат и приспособуваат 00:04:00.051 --> 00:04:02.899 со зголемувањето на стандардот на живот и нивото на образование. 00:04:03.469 --> 00:04:06.055 Повеќето сириски бегалци веќе се образовани, 00:04:06.055 --> 00:04:09.341 стапката на раѓање во Сирија пред граѓанската војна не беше многу висока, 00:04:09.341 --> 00:04:11.952 а населението всушност се намалуваше, не растеше. 00:04:12.325 --> 00:04:15.730 Стравот од повисоки стапки на криминал исто така се покажа погрешен. 00:04:15.860 --> 00:04:17.652 Бегалците кои стануваат имигранти 00:04:17.652 --> 00:04:20.356 имаат помала веројатност да извршат криминал отколку домашното население. 00:04:20.556 --> 00:04:22.832 Кога им е дозволено да работат, тие обично почнуваат бизниси 00:04:22.832 --> 00:04:26.121 и се интегрираат во работната сила што е можно побрзо 00:04:26.121 --> 00:04:28.823 и внесуваат повеќе во социјалните системи отколку што изнесуваат од нив. 00:04:29.173 --> 00:04:32.257 Сиријците што доаѓаат на запад се потенцијални стручни работници, 00:04:32.257 --> 00:04:35.508 очајно потребни за поддршка на остареното население на Европа. 00:04:35.898 --> 00:04:39.447 Бегалците кои патуваат со паметни телефони доведоа до погрешен заклучок 00:04:39.447 --> 00:04:41.046 дека нив всушност не им е потребна помош. 00:04:41.346 --> 00:04:42.720 Социјалните медиуми и интернетот 00:04:42.720 --> 00:04:45.138 станаа значајни за бегалците. 00:04:45.428 --> 00:04:48.071 ГПС се користи за навигација на долгото патување до Европа; 00:04:48.071 --> 00:04:51.831 групите на Facebook даваат совети и информации за препреки во реално време. 00:04:52.191 --> 00:04:54.560 Ова наједноставно докажува дека овие луѓе се како нас: 00:04:54.560 --> 00:04:58.457 ако мора да одите на опасно патување, дали би го оставиле мобилниот дома? 00:04:58.977 --> 00:05:01.888 Европската унија е најбогатата групна економија на земјата, 00:05:01.888 --> 00:05:04.587 добро организирани држави со функционални социјални системи, 00:05:04.587 --> 00:05:07.839 инфраструктура, демократија и огромни индустрии. 00:05:08.219 --> 00:05:11.343 Таа може да се справи со предизвикот на бегалската криза ако сака. 00:05:11.683 --> 00:05:13.969 Истото може да се каже за целиот западен свет. 00:05:14.209 --> 00:05:18.249 Но, додека малиот Јордан прифати над 600 илјади сириски бегалци, 00:05:18.249 --> 00:05:21.744 Обединетото Кралство, со 78 пати поголем БНП од Јордан, 00:05:21.744 --> 00:05:25.252 рече дека ќе пушти само 20 илјади Сиријци преку својата граница 00:05:25.252 --> 00:05:26.899 во наредниве пет години. 00:05:27.159 --> 00:05:30.989 САД се согласија да прифатат 10 илјади, Австралија 12 илјади луѓе. 00:05:31.519 --> 00:05:35.255 Генерално, нештата полека се подобруваат, но не доволно брзо. 00:05:35.535 --> 00:05:37.381 Ние ја пишуваме историјата во моментов. 00:05:37.641 --> 00:05:39.005 Како сакаме да бидеме запаметени? 00:05:39.075 --> 00:05:41.610 Како ксенофобични богати плашливци зад оградите? 00:05:41.960 --> 00:05:44.700 Мора да сфатиме дека овие луѓе кои бегаат од смрт и уништување 00:05:44.700 --> 00:05:46.156 не се поразлични од нас. 00:05:46.656 --> 00:05:50.678 Со нивно прифаќање во нашите земји и вклопување во нашите општества, 00:05:50.678 --> 00:05:52.072 имаме многу да добиеме. 00:05:52.482 --> 00:05:55.766 Имаме и што да изгубиме ако ја игнорираме оваа криза. 00:05:55.996 --> 00:06:00.499 Повеќе мртви деца ќе испловат на брегот ако не дејствуваме со човечност и разум. 00:06:00.699 --> 00:06:04.623 Ајде да го направиме ова како што треба и да бидеме најдобри што можеме.