1 00:00:00,100 --> 00:00:01,400 Во летото 2015 г., 2 00:00:01,400 --> 00:00:05,539 Европа го доживеа најголемиот прилив на бегалци по Втората Светска Војна. 3 00:00:05,789 --> 00:00:06,144 Зошто? 4 00:00:06,564 --> 00:00:10,748 Главната причина е зашто Сирија стана најголемиот извор на бегалци во светот. 5 00:00:10,988 --> 00:00:12,694 Сирија е лоцирана во Блискиот Исток, 6 00:00:12,694 --> 00:00:16,163 античка плодна земја населена најмалку 10 илјади години. 7 00:00:16,403 --> 00:00:19,129 Од 1960-тите, ја води семејството ал-Асад, 8 00:00:19,129 --> 00:00:23,497 кои владееја како квази-диктатори сè до Арапската пролет во 2011 г., 9 00:00:23,497 --> 00:00:26,721 револуционерен бран на протести и конфликти во арапскиот свет 10 00:00:26,721 --> 00:00:28,913 што сруши многу авторитарни режими. 11 00:00:29,163 --> 00:00:33,173 Но Асадови одбија да се повлечат и започнаа сурова граѓанска војна. 12 00:00:33,573 --> 00:00:37,214 Различните етнички и религиозни групи се бореа меѓусебно во променливи коалиции. 13 00:00:37,464 --> 00:00:40,452 ИСИС, милитаристичко-џихадистичка група, ја искористи можноста 14 00:00:40,452 --> 00:00:44,156 и влезе во хаосот со цел да изгради тоталитарен исламски калифат. 15 00:00:44,156 --> 00:00:46,251 Набрзо, стана една од најнасилните 16 00:00:46,251 --> 00:00:49,616 и најуспешни екстремистички организации на земјата. 17 00:00:49,846 --> 00:00:54,095 Сите страни извршија ужасни воени злосторства, користејќи хемиско оружје, масовни погубувања, 18 00:00:54,095 --> 00:00:58,071 измачување во големи размери и повторливи смртоносни напади на цивили. 19 00:00:58,311 --> 00:00:59,819 Сириското население беше заробено 20 00:00:59,819 --> 00:01:02,814 помеѓу режимот, бунтовничките групи и религиозните екстремисти. 21 00:01:03,144 --> 00:01:06,098 Една третина од Сиријците се раселени во рамките на Сирија, 22 00:01:06,098 --> 00:01:08,204 додека околу четири милиони ја напуштија земјата. 23 00:01:08,564 --> 00:01:12,196 Најголемиот дел од нив сега престојува во кампови во соседните земји, 24 00:01:12,196 --> 00:01:15,166 што се грижат за 95% од бегалците, 25 00:01:15,166 --> 00:01:17,521 додека арапските држави од Персискиот Залив заедно 26 00:01:17,521 --> 00:01:19,893 прифатија нула сириски бегалци, 27 00:01:19,893 --> 00:01:23,371 што Амнести Интернешенал го нарече особено срамно. 28 00:01:23,841 --> 00:01:25,376 ОН и Светската програма за храна 29 00:01:25,376 --> 00:01:28,602 не беа подготвени за бегалска криза од овој размер. 30 00:01:28,802 --> 00:01:32,707 Поради тоа, повеќето бегалски кампови се преполни и недоволно снабдени, 31 00:01:32,707 --> 00:01:35,854 а луѓето се изложени на студ, глад и болести. 32 00:01:36,234 --> 00:01:39,830 Сиријците изгубија надеж дека ситуацијата ќе им се подобри во скоро време, 33 00:01:39,830 --> 00:01:42,143 па многумина решија да побараат азил во Европа. 34 00:01:42,563 --> 00:01:48,124 Од 2007 до 2014, Европската Унија инвестираше околу 2 милијарди евра 35 00:01:48,124 --> 00:01:51,578 во одбрана, високо-развиена технологија за безбедност и гранични патроли, 36 00:01:51,578 --> 00:01:54,779 но не премногу во подготовките за приливот на бегалци. 37 00:01:55,049 --> 00:01:58,223 Така што, беше недоволно подготвена за бурата од баратели на азил. 38 00:01:58,523 --> 00:02:02,163 Во ЕУ, бегалецот мора да остане во државата во која прво пристигнал, 39 00:02:02,163 --> 00:02:05,749 а тоа стави огромен притисок врз граничните држави, кои веќе имаа проблеми. 40 00:02:05,949 --> 00:02:09,306 Грција, среде економска криза што се споредува со Големата депресија, 41 00:02:09,306 --> 00:02:11,750 не можеше да се грижи за толку многу луѓе оддеднаш, 42 00:02:11,750 --> 00:02:15,370 што доведе до страшни сцени на очајни, гладни луѓе на островите 43 00:02:15,370 --> 00:02:17,066 обично резервирани за туристи. 44 00:02:17,516 --> 00:02:20,725 Светот мораше да се обедини и да дејствува како обединет фронт, 45 00:02:20,725 --> 00:02:23,569 но, наместо тоа, се подели уште повеќе. 46 00:02:23,919 --> 00:02:26,820 Многу држави категорично одбија да примат бегалци, 47 00:02:26,820 --> 00:02:29,216 оставајќи ги граничните држави сами со нивната мака. 48 00:02:29,478 --> 00:02:31,895 Во 2014, Обединетото Кралство лобираше за прекинување 49 00:02:31,895 --> 00:02:34,962 на огромната операција за пронаоѓање и спасување наречена Маре Нострум 50 00:02:34,962 --> 00:02:38,326 што имаше за цел да го сопре давењето на барателите на азил во Медитеранот. 51 00:02:38,746 --> 00:02:41,344 Идејата изгледа беше дека повисокиот број на жртви на море 52 00:02:41,344 --> 00:02:44,110 би значел помал број баратели на азил кои ќе се обидат да патуваат. 53 00:02:44,200 --> 00:02:46,920 Но, се разбира, во стварноста, тоа не се случи. 54 00:02:47,240 --> 00:02:49,974 Согледувањето на кризата низ светот одеднаш се смени 55 00:02:49,974 --> 00:02:52,602 со појавата на фотографиите на мртво момче од Сирија 56 00:02:52,602 --> 00:02:55,103 најдено легнато на стомак на плажа во Турција. 57 00:02:55,403 --> 00:02:59,246 Германија изјави дека ќе ги прими, без исклучок, сите сириски бегалци, 58 00:02:59,246 --> 00:03:02,875 и сега се подготвува да прими 800 илјади луѓе во 2015, 59 00:03:02,875 --> 00:03:05,720 повеќе отколку што цела Европа прими во 2014, 60 00:03:05,720 --> 00:03:08,505 за само неколку дена подоцна да воведе привремени гранични контроли 61 00:03:08,505 --> 00:03:10,669 и да побара решение што ќе се применува низ цела Европа. 62 00:03:10,939 --> 00:03:13,981 На запад, сè повеќе и повеќе луѓе започнаа да преземаат акција, 63 00:03:13,981 --> 00:03:15,442 иако поддршката за барателите на азил 64 00:03:15,442 --> 00:03:18,189 најчесто доаѓа од граѓаните, а не од политичарите. 65 00:03:18,519 --> 00:03:20,311 Но, постои страв во западните земји: 66 00:03:20,311 --> 00:03:24,233 ислам, висока стапка на раѓања, криминал и пропаѓање на социјалните системи. 67 00:03:24,583 --> 00:03:26,466 Ајде да го признаеме ова и да ги разгледаме фактите. 68 00:03:26,796 --> 00:03:30,505 Дури и ако ЕУ самата ги прифати сите четири милиони сириски бегалци 69 00:03:30,505 --> 00:03:32,664 и ако 100% од нив се муслимани, 70 00:03:32,664 --> 00:03:34,984 процентот на муслимани во Европската Унија 71 00:03:34,984 --> 00:03:38,448 ќе се зголеми од околу 4% на околу 5%. 72 00:03:38,618 --> 00:03:42,777 Ова не е драстична промена и сигурно нема да го направи континетот муслимански. 73 00:03:43,027 --> 00:03:46,853 Муслиманското малцинство не е ниту ново, ниту причина за страв. 74 00:03:47,303 --> 00:03:49,842 Стапките на раѓање во најголем дел од западниот свет се ниски 75 00:03:49,842 --> 00:03:53,455 и некои стравуваат дека барателите на азил може да ја надминат домашната популација 76 00:03:53,455 --> 00:03:54,458 за неколку декади. 77 00:03:54,728 --> 00:03:56,207 Студиите покажуваат дека иако стапките на раѓање 78 00:03:56,207 --> 00:04:00,051 се повисоки кај муслиманите во Европа, тие се намалуваат и приспособуваат 79 00:04:00,051 --> 00:04:02,899 со зголемувањето на стандардот на живот и нивото на образование. 80 00:04:03,469 --> 00:04:06,055 Повеќето сириски бегалци веќе се образовани, 81 00:04:06,055 --> 00:04:09,341 стапката на раѓање во Сирија пред граѓанската војна не беше многу висока, 82 00:04:09,341 --> 00:04:11,952 а населението всушност се намалуваше, не растеше. 83 00:04:12,325 --> 00:04:15,730 Стравот од повисоки стапки на криминал исто така се покажа погрешен. 84 00:04:15,860 --> 00:04:17,652 Бегалците кои стануваат имигранти 85 00:04:17,652 --> 00:04:20,356 имаат помала веројатност да извршат криминал отколку домашното население. 86 00:04:20,556 --> 00:04:22,832 Кога им е дозволено да работат, тие обично почнуваат бизниси 87 00:04:22,832 --> 00:04:26,121 и се интегрираат во работната сила што е можно побрзо 88 00:04:26,121 --> 00:04:28,823 и внесуваат повеќе во социјалните системи отколку што изнесуваат од нив. 89 00:04:29,173 --> 00:04:32,257 Сиријците што доаѓаат на запад се потенцијални стручни работници, 90 00:04:32,257 --> 00:04:35,508 очајно потребни за поддршка на остареното население на Европа. 91 00:04:35,898 --> 00:04:39,447 Бегалците кои патуваат со паметни телефони доведоа до погрешен заклучок 92 00:04:39,447 --> 00:04:41,046 дека нив всушност не им е потребна помош. 93 00:04:41,346 --> 00:04:42,720 Социјалните медиуми и интернетот 94 00:04:42,720 --> 00:04:45,138 станаа значајни за бегалците. 95 00:04:45,428 --> 00:04:48,071 ГПС се користи за навигација на долгото патување до Европа; 96 00:04:48,071 --> 00:04:51,831 групите на Facebook даваат совети и информации за препреки во реално време. 97 00:04:52,191 --> 00:04:54,560 Ова наједноставно докажува дека овие луѓе се како нас: 98 00:04:54,560 --> 00:04:58,457 ако мора да одите на опасно патување, дали би го оставиле мобилниот дома? 99 00:04:58,977 --> 00:05:01,888 Европската унија е најбогатата групна економија на земјата, 100 00:05:01,888 --> 00:05:04,587 добро организирани држави со функционални социјални системи, 101 00:05:04,587 --> 00:05:07,839 инфраструктура, демократија и огромни индустрии. 102 00:05:08,219 --> 00:05:11,343 Таа може да се справи со предизвикот на бегалската криза ако сака. 103 00:05:11,683 --> 00:05:13,969 Истото може да се каже за целиот западен свет. 104 00:05:14,209 --> 00:05:18,249 Но, додека малиот Јордан прифати над 600 илјади сириски бегалци, 105 00:05:18,249 --> 00:05:21,744 Обединетото Кралство, со 78 пати поголем БНП од Јордан, 106 00:05:21,744 --> 00:05:25,252 рече дека ќе пушти само 20 илјади Сиријци преку својата граница 107 00:05:25,252 --> 00:05:26,899 во наредниве пет години. 108 00:05:27,159 --> 00:05:30,989 САД се согласија да прифатат 10 илјади, Австралија 12 илјади луѓе. 109 00:05:31,519 --> 00:05:35,255 Генерално, нештата полека се подобруваат, но не доволно брзо. 110 00:05:35,535 --> 00:05:37,381 Ние ја пишуваме историјата во моментов. 111 00:05:37,641 --> 00:05:39,005 Како сакаме да бидеме запаметени? 112 00:05:39,075 --> 00:05:41,610 Како ксенофобични богати плашливци зад оградите? 113 00:05:41,960 --> 00:05:44,700 Мора да сфатиме дека овие луѓе кои бегаат од смрт и уништување 114 00:05:44,700 --> 00:05:46,156 не се поразлични од нас. 115 00:05:46,656 --> 00:05:50,678 Со нивно прифаќање во нашите земји и вклопување во нашите општества, 116 00:05:50,678 --> 00:05:52,072 имаме многу да добиеме. 117 00:05:52,482 --> 00:05:55,766 Имаме и што да изгубиме ако ја игнорираме оваа криза. 118 00:05:55,996 --> 00:06:00,499 Повеќе мртви деца ќе испловат на брегот ако не дејствуваме со човечност и разум. 119 00:06:00,699 --> 00:06:04,623 Ајде да го направиме ова како што треба и да бидеме најдобри што можеме.