Во летото 2015 г.,
Европа го доживеа најголемиот прилив
на бегалци по Втората Светска Војна.
Зошто?
Главната причина е зашто Сирија стана
најголемиот извор на бегалци во светот.
Сирија е лоцирана во Блискиот Исток,
античка плодна земја
населена најмалку 10 илјади години.
Од 1960-тите, ја води
семејството ал-Асад,
кои владееја како квази-диктатори
сè до Арапската пролет во 2011 г.,
револуционерен бран на протести
и конфликти во арапскиот свет
што сруши многу авторитарни режими.
Но Асадови одбија да се повлечат
и започнаа сурова граѓанска војна.
Различните етнички и религиозни групи
се бореа меѓусебно во променливи коалиции.
ИСИС, милитаристичко-џихадистичка група,
ја искористи можноста
и влезе во хаосот со цел
да изгради тоталитарен исламски калифат.
Набрзо, стана една од најнасилните
и најуспешни екстремистички
организации на земјата.
Сите страни извршија ужасни воени злосторства,
користејќи хемиско оружје, масовни погубувања,
измачување во големи размери и повторливи
смртоносни напади на цивили.
Сириското население беше заробено
помеѓу режимот, бунтовничките групи
и религиозните екстремисти.
Една третина од Сиријците
се раселени во рамките на Сирија,
додека околу четири милиони
ја напуштија земјата.
Најголемиот дел од нив сега престојува
во кампови во соседните земји,
што се грижат за
95% од бегалците,
додека арапските држави
од Персискиот Залив заедно
прифатија нула сириски бегалци,
што Амнести Интернешенал
го нарече особено срамно.
ОН и Светската програма за храна
не беа подготвени
за бегалска криза од овој размер.
Поради тоа, повеќето бегалски кампови
се преполни и недоволно снабдени,
а луѓето се изложени
на студ, глад и болести.
Сиријците изгубија надеж дека ситуацијата
ќе им се подобри во скоро време,
па многумина решија да побараат азил во Европа.
Од 2007 до 2014, Европската Унија
инвестираше околу 2 милијарди евра
во одбрана, високо-развиена технологија
за безбедност и гранични патроли,
но не премногу во подготовките
за приливот на бегалци.
Така што, беше недоволно подготвена
за бурата од баратели на азил.
Во ЕУ, бегалецот мора да остане
во државата во која прво пристигнал,
а тоа стави огромен притисок врз граничните
држави, кои веќе имаа проблеми.
Грција, среде економска криза
што се споредува со Големата депресија,
не можеше да се грижи
за толку многу луѓе оддеднаш,
што доведе до страшни сцени
на очајни, гладни луѓе на островите
обично резервирани за туристи.
Светот мораше да се обедини
и да дејствува како обединет фронт,
но, наместо тоа, се подели уште повеќе.
Многу држави категорично одбија
да примат бегалци,
оставајќи ги граничните држави
сами со нивната мака.
Во 2014, Обединетото Кралство
лобираше за прекинување
на огромната операција за пронаоѓање
и спасување наречена Маре Нострум
што имаше за цел да го сопре давењето
на барателите на азил во Медитеранот.
Идејата изгледа беше дека
повисокиот број на жртви на море
би значел помал број баратели на азил
кои ќе се обидат да патуваат.
Но, се разбира, во стварноста,
тоа не се случи.
Согледувањето на кризата
низ светот одеднаш се смени
со појавата на фотографиите
на мртво момче од Сирија
најдено легнато на стомак
на плажа во Турција.
Германија изјави дека ќе ги прими,
без исклучок, сите сириски бегалци,
и сега се подготвува да прими
800 илјади луѓе во 2015,
повеќе отколку што цела Европа прими во 2014,
за само неколку дена подоцна
да воведе привремени гранични контроли
и да побара решение
што ќе се применува низ цела Европа.
На запад, сè повеќе и повеќе луѓе
започнаа да преземаат акција,
иако поддршката за барателите на азил
најчесто доаѓа од граѓаните,
а не од политичарите.
Но, постои страв во западните земји:
ислам, висока стапка на раѓања, криминал
и пропаѓање на социјалните системи.
Ајде да го признаеме ова
и да ги разгледаме фактите.
Дури и ако ЕУ самата ги прифати
сите четири милиони сириски бегалци
и ако 100% од нив се муслимани,
процентот на муслимани во Европската Унија
ќе се зголеми од околу 4% на околу 5%.
Ова не е драстична промена и сигурно
нема да го направи континетот муслимански.
Муслиманското малцинство не е ниту ново,
ниту причина за страв.
Стапките на раѓање во најголем дел
од западниот свет се ниски
и некои стравуваат дека барателите на азил
може да ја надминат домашната популација
за неколку декади.
Студиите покажуваат дека иако стапките на раѓање
се повисоки кај муслиманите во Европа,
тие се намалуваат и приспособуваат
со зголемувањето на стандардот на живот
и нивото на образование.
Повеќето сириски бегалци веќе се образовани,
стапката на раѓање во Сирија
пред граѓанската војна не беше многу висока,
а населението всушност
се намалуваше, не растеше.
Стравот од повисоки стапки на криминал
исто така се покажа погрешен.
Бегалците кои стануваат имигранти
имаат помала веројатност да извршат
криминал отколку домашното население.
Кога им е дозволено да работат,
тие обично почнуваат бизниси
и се интегрираат во работната сила
што е можно побрзо
и внесуваат повеќе во социјалните системи
отколку што изнесуваат од нив.
Сиријците што доаѓаат на запад
се потенцијални стручни работници,
очајно потребни за поддршка
на остареното население на Европа.
Бегалците кои патуваат со паметни телефони
доведоа до погрешен заклучок
дека нив всушност не им е потребна помош.
Социјалните медиуми и интернетот
станаа значајни за бегалците.
ГПС се користи за навигација
на долгото патување до Европа;
групите на Facebook даваат совети
и информации за препреки во реално време.
Ова наједноставно докажува
дека овие луѓе се како нас:
ако мора да одите на опасно патување,
дали би го оставиле мобилниот дома?
Европската унија е најбогатата
групна економија на земјата,
добро организирани држави
со функционални социјални системи,
инфраструктура, демократија
и огромни индустрии.
Таа може да се справи со предизвикот
на бегалската криза ако сака.
Истото може да се каже
за целиот западен свет.
Но, додека малиот Јордан
прифати над 600 илјади сириски бегалци,
Обединетото Кралство,
со 78 пати поголем БНП од Јордан,
рече дека ќе пушти само 20 илјади Сиријци
преку својата граница
во наредниве пет години.
САД се согласија да прифатат 10 илјади,
Австралија 12 илјади луѓе.
Генерално, нештата полека се подобруваат,
но не доволно брзо.
Ние ја пишуваме историјата во моментов.
Како сакаме да бидеме запаметени?
Како ксенофобични богати плашливци зад оградите?
Мора да сфатиме дека овие луѓе
кои бегаат од смрт и уништување
не се поразлични од нас.
Со нивно прифаќање во нашите земји
и вклопување во нашите општества,
имаме многу да добиеме.
Имаме и што да изгубиме
ако ја игнорираме оваа криза.
Повеќе мртви деца ќе испловат на брегот
ако не дејствуваме со човечност и разум.
Ајде да го направиме ова како што треба
и да бидеме најдобри што можеме.