1 00:00:00,302 --> 00:00:02,913 Сакам да започнам со тоа што ќе ви поставам прашање: 2 00:00:03,026 --> 00:00:04,784 На колкумина од вас ви е сосема пријатно 3 00:00:04,784 --> 00:00:07,602 да се нарекувате себеси лидер? 4 00:00:07,602 --> 00:00:10,471 Видете, го поставив истото прашање ширум земјата 5 00:00:10,471 --> 00:00:12,306 и каде и да го поставев, без разлика, 6 00:00:12,306 --> 00:00:15,410 голем дел од публиката не креваше рака. 7 00:00:15,410 --> 00:00:17,435 И сфатив дека сме го претвориле лидерството 8 00:00:17,435 --> 00:00:18,836 во нешто поголемо од нас. 9 00:00:18,836 --> 00:00:20,405 Сме го претвориле во нешто над нас, 10 00:00:20,405 --> 00:00:22,378 божем постои само за промена на светот. 11 00:00:22,378 --> 00:00:24,260 А титулата лидер ја третираме 12 00:00:24,260 --> 00:00:27,325 како да е нешто што еден ден ќе го заслужиме, 13 00:00:27,325 --> 00:00:29,208 но да си ја припишеме себеси сега 14 00:00:29,208 --> 00:00:32,320 значи дека сме арогантни или самобендисани, кое пак прави да се чувствуваме непријатно. 15 00:00:32,320 --> 00:00:34,847 И се грижам понекогаш дека поминуваме многу време 16 00:00:34,847 --> 00:00:38,284 славејќи неверојатни работи кои се недостижни за обичниот човек, 17 00:00:38,284 --> 00:00:39,338 веруваме дека тие се 18 00:00:39,338 --> 00:00:41,354 единствените работи вредни за славење, и почнуваме 19 00:00:41,354 --> 00:00:43,493 да ги обезвреднуваме работите кои ги правиме секојдневно, 20 00:00:43,493 --> 00:00:46,304 а за моментите пак во кои сме навистина лидери 21 00:00:46,304 --> 00:00:48,200 не си даваме заслуга, и не си дозволуваме 22 00:00:48,200 --> 00:00:49,635 да се чувствуваме добро во врска со тоа. 23 00:00:49,635 --> 00:00:51,482 И бев особено среќен во изминатите 24 00:00:51,482 --> 00:00:53,405 10 години да работам со едни неверојатни луѓе 25 00:00:53,405 --> 00:00:54,872 кои ми помогнаа да го редефинирам лидерството на начин 26 00:00:54,872 --> 00:00:56,198 што мислам дека ме направи посреќен. 27 00:00:56,198 --> 00:00:58,747 И накратко денес, сакам само да споделам со вас 28 00:00:58,747 --> 00:01:03,146 една приказна која најверојатно е „виновна“ за таа редефиниција. 29 00:01:03,146 --> 00:01:05,341 Бев на факултет на еден мал универзитет наречен 30 00:01:05,341 --> 00:01:07,714 Маунт Алисон Универзитет во Секвил, Њу Брунсвик 31 00:01:07,714 --> 00:01:09,741 и на мојот последен ден таму, дојде една девојка кај мене 32 00:01:09,741 --> 00:01:12,945 и ми вели, „Се сеќавам на првиот пат кога те сретнав.“ 33 00:01:12,945 --> 00:01:15,354 И потоа ми раскажа приказна за тоа што се случило четири години претходно. 34 00:01:15,354 --> 00:01:18,300 Ми рече, „Дента пред да тргнам на факултет, 35 00:01:18,300 --> 00:01:20,450 бев во хотелската соба со мајка ми и татко ми и 36 00:01:20,450 --> 00:01:23,066 бев толку исплашена и толку убедена дека не можам да го направам ова, 37 00:01:23,066 --> 00:01:26,232 дека не бев спремна за факултет, што постојано плачев. 38 00:01:26,232 --> 00:01:27,851 А мајка ми и татко ми беа неверојатни. Ми рекоа, 39 00:01:27,851 --> 00:01:30,946 „Види, знаеме дека си исплашена, ама ајде да одиме утре. 40 00:01:30,946 --> 00:01:32,573 Ајде да одиме на првиот ден и ако 41 00:01:32,573 --> 00:01:35,165 почувствуваш дека не можеш да се справиш, во ред е, само кажи 42 00:01:35,165 --> 00:01:37,764 и ќе те однесеме дома. Те сакаме без оглед на сè.“ 43 00:01:37,764 --> 00:01:38,902 Потоа вели, „Отидовме следниот ден 44 00:01:38,902 --> 00:01:41,107 и стоев во редот припремајќи се за регистрација 45 00:01:41,107 --> 00:01:43,091 и разгледав наоколу и едноставно знаев дека не можам. 46 00:01:43,091 --> 00:01:45,542 Знаев дека не сум подготвена. Знаев дека мора да се откажам.“ 47 00:01:45,542 --> 00:01:47,495 И вели, „Ја донесов одлуката и само што се решив, 48 00:01:47,495 --> 00:01:49,946 ме обзеде некое неверојатно чувство на смиреност. 49 00:01:49,946 --> 00:01:51,817 И се свртев кон мајка ми и татко ми да им кажам 50 00:01:51,817 --> 00:01:53,948 дека треба да одиме дома, и токму во тој момент, 51 00:01:53,948 --> 00:01:55,909 се појави ти од зградата на Студентската унија 52 00:01:55,909 --> 00:01:59,029 носејќи го најглупавиот шешир што некогаш сум го видела во мојот живот.“ (Смеа) 53 00:01:59,029 --> 00:02:00,749 „Беше прекрасно. 54 00:02:00,749 --> 00:02:02,888 И имаше голем знак, ја промовираше Шинерама, 55 00:02:02,888 --> 00:02:04,435 т.е. Студентите кои се борат против цистична фиброза,“ 56 00:02:04,435 --> 00:02:05,495 -- добротворна организација -- 57 00:02:05,495 --> 00:02:07,484 „и имаше една кофа полна со лижавчиња. 58 00:02:07,484 --> 00:02:09,882 И така одеше делејќи ги лижавчињата 59 00:02:09,882 --> 00:02:12,426 на луѓето во редот и зборувајќи за Шинерама. 60 00:02:12,426 --> 00:02:15,828 И сосема одеднаш, доаѓаш до мене и застана, 61 00:02:15,828 --> 00:02:19,463 и само гледаш. Беше морничаво.“ (Смеа) 62 00:02:19,463 --> 00:02:22,265 Оваа девојка овде знае точно за што зборувам. (Смеа) 63 00:02:22,265 --> 00:02:24,265 „И тогаш го погледна типот до мене, 64 00:02:24,265 --> 00:02:25,883 се насмевна, посегна во кофата и извади 65 00:02:25,883 --> 00:02:27,968 лижавче и му го подаде, велејќи, 66 00:02:27,968 --> 00:02:31,849 „Дај го лижавчево на убавата девојка до тебе.“ 67 00:02:31,849 --> 00:02:36,046 И таа вели, „Немав видено некој да се засрами толку брзо. 68 00:02:36,046 --> 00:02:37,717 Тој стана црвен во образите и не сакаше ни да ме погледне. 69 00:02:37,717 --> 00:02:41,851 Само го држеше лижавчето вака.“ (Смеа) 70 00:02:41,851 --> 00:02:44,292 „И се чувствував толку лошо за дечкото што го земав лижавчето, 71 00:02:44,292 --> 00:02:46,857 и само што го сторив тоа, ти направи еден сериозен израз 72 00:02:46,857 --> 00:02:48,373 и погледна кон мајка ми и татко ми, 73 00:02:48,373 --> 00:02:50,692 и им рече, „Погледнете. Погледнете го ова. 74 00:02:50,692 --> 00:02:53,934 Прв ден надвор од дома, и веќе зема благо 75 00:02:53,934 --> 00:02:56,850 од непознат!?“ (Смеа) 76 00:02:56,850 --> 00:02:59,252 И вели, „Сите се изнасмејаа. Наоколу во секоја насока, 77 00:02:59,252 --> 00:03:01,257 секој се кикотеше до завивање. 78 00:03:01,257 --> 00:03:03,913 Знам дека ова е клише и не знам зошто ви го раскажувам ова, 79 00:03:03,913 --> 00:03:05,402 но во тој момент кога секој се смееше, 80 00:03:05,402 --> 00:03:07,093 знаев дека не треба да се откажам. 81 00:03:07,093 --> 00:03:08,988 Знаев дека сум онаму каде што треба да бидам 82 00:03:08,988 --> 00:03:11,653 и знаев дека тука ми е местото, а немам зборувано со тебе 83 00:03:11,653 --> 00:03:13,760 ниту еднаш од тој ден, 84 00:03:13,760 --> 00:03:15,354 но слушнав дека си заминуваш 85 00:03:15,354 --> 00:03:16,987 и сакав да дојдам и да ти кажам дека ти беше 86 00:03:16,987 --> 00:03:21,299 навистина важна личност во мојот живот и ќе ми недостигаш. Со среќа.“ 87 00:03:21,299 --> 00:03:23,428 Тргна да си оди, а јас бев шокиран. 88 00:03:23,428 --> 00:03:26,107 Се оддалечи околу два метри, се сврте, се насмевна и ми рече, 89 00:03:26,107 --> 00:03:27,518 „Би требало да го знаеш и ова. 90 00:03:27,518 --> 00:03:31,005 И после четири години сè уште се гледам со истиот тој дечко.“ (Смеа) 91 00:03:31,005 --> 00:03:34,012 Година и пол откако се преселив во Торонто, 92 00:03:34,012 --> 00:03:37,038 добив покана за нивната свадба. 93 00:03:37,038 --> 00:03:39,673 Но еве што е интересно. Не се сеќавам на тоа. 94 00:03:39,673 --> 00:03:41,477 Не се сеќавам на тој момент, 95 00:03:41,477 --> 00:03:43,385 пробав да се присетам, а бидејќи е смешно би требало 96 00:03:43,385 --> 00:03:45,994 да се сеќавам дека сум направил такво нешто, а не се сеќавам. 97 00:03:45,994 --> 00:03:48,445 И тоа толку многу ми ги отвори очите, ме преобрази, 98 00:03:48,445 --> 00:03:50,978 што мислам дека тоа е најголемото влијание што некогаш сум го имал 99 00:03:50,978 --> 00:03:53,322 врз нечиј живот, момент кој ја натера оваа жена да му пријде 100 00:03:53,322 --> 00:03:55,400 на еден непознат четири години подоцна и да му каже 101 00:03:55,400 --> 00:03:57,096 „Ти беше навистина важна личност во мојот живот,“ 102 00:03:57,096 --> 00:03:59,674 а беше момент на кој не се ни сеќавам. 103 00:03:59,674 --> 00:04:01,142 Колкумина од вас сте имале момент-лижавче, 104 00:04:01,142 --> 00:04:03,418 момент кога некој кажал или направил нешто 105 00:04:03,418 --> 00:04:05,868 што од корен ви го подобрило животот? 106 00:04:05,868 --> 00:04:10,048 Во ред. Колкумина од вас сте ѝ кажале на таа личност за тоа? 107 00:04:10,048 --> 00:04:12,374 Гледате, зошто не? Славиме родендени, 108 00:04:12,374 --> 00:04:16,786 каде сè што треба да направите е да не умрете во наредните 365 дена -- 109 00:04:16,786 --> 00:04:18,589 а сепак дозволуваме луѓето кои ни го разубавиле животот 110 00:04:18,589 --> 00:04:20,214 да шетаат наоколу без да го знаат тоа. 111 00:04:20,214 --> 00:04:22,679 И секој од вас, секој поединечно 112 00:04:22,679 --> 00:04:24,114 предизвикал момент-лижавче. 113 00:04:24,114 --> 00:04:25,742 Сте разубавиле нечиј живот со нешто 114 00:04:25,742 --> 00:04:28,295 што сте го кажале или направиле и ако мислите дека не е така 115 00:04:28,295 --> 00:04:30,960 размислете само за не-кренатите рацете кога го поставив тоа прашање. 116 00:04:30,960 --> 00:04:32,942 Вие сте само еден од луѓето кому не му е кажано тоа. 117 00:04:32,942 --> 00:04:35,745 Навистина е страшно кога ќе помислиме дека сме толку моќни. 118 00:04:35,745 --> 00:04:37,864 Застрашувачки е дека можеме да имаме толкаво значење 119 00:04:37,864 --> 00:04:41,286 за други луѓе, а тоа е така бидејќи мислиме дека лидерството е нешто поголемо од нас, 120 00:04:41,286 --> 00:04:43,158 и сè додека сметаме дека не сме дораснати за него, 121 00:04:43,158 --> 00:04:44,898 сè додека го воздигнуваме, 122 00:04:44,898 --> 00:04:46,861 си даваме себеси изговор да не бидеме 123 00:04:46,861 --> 00:04:49,734 лидери во секојдневниот живот. 124 00:04:49,734 --> 00:04:52,478 Мериен Вилијамсон рекла, „Нашиот најголем страв не е од тоа дека не вредиме. 125 00:04:52,478 --> 00:04:54,837 Нашиот најголем страв е од тоа дека сме моќни вон сите граници. 126 00:04:54,837 --> 00:04:57,749 Нè плаши нашата светлина, а не нашата темнина.“ 127 00:04:57,749 --> 00:05:00,205 И Ве повикувам сите заедно да го надминеме тоа. 128 00:05:00,205 --> 00:05:02,204 Треба да го надминеме стравот од тоа колку 129 00:05:02,204 --> 00:05:03,747 силно можеме да влијаеме едни врз други. 130 00:05:03,747 --> 00:05:06,152 Треба да го надминеме за да можеме да продолжиме 131 00:05:06,152 --> 00:05:09,040 и нашите мали браќа и сестри, а еден ден и нашите деца -- 132 00:05:09,040 --> 00:05:11,362 или нашите деца сега -- да можат да го видат и да почнат да го ценат 133 00:05:11,362 --> 00:05:13,438 влијанието кое можеме да го имаме едни врз други, 134 00:05:13,438 --> 00:05:16,690 да го ценат повеќе од парите, моќта, титулите и статусот. 135 00:05:16,690 --> 00:05:19,325 Лидерството треба да го поврземе со ваквите моменти-лижавче, 136 00:05:19,325 --> 00:05:22,212 да создадеме и да препознаеме што повеќе вакви моменти, 137 00:05:22,212 --> 00:05:25,645 да возвратиме со исти вакви моменти и да се заблагодариме за истите. 138 00:05:25,645 --> 00:05:28,003 Мислиме дека лидерството служи за менување на светот, 139 00:05:28,003 --> 00:05:31,338 но всушност нема свет. Има само 6 милијарди сфаќања за светот, 140 00:05:31,338 --> 00:05:33,149 и ако го промените сфаќањето на еден човек, 141 00:05:33,149 --> 00:05:35,467 сфаќањето за тоа што е способен да направи, 142 00:05:35,467 --> 00:05:37,852 сфаќањето за тоа колку луѓе се грижат за него, 143 00:05:37,852 --> 00:05:40,316 сфаќањето за тоа колку е моќен да предизвика 144 00:05:40,316 --> 00:05:43,780 промена во светот, е тогаш сте завршиле голема работа. 145 00:05:43,780 --> 00:05:46,571 И ако можеме вака да гледаме на лидерството, 146 00:05:46,571 --> 00:05:48,866 ако можеме да го редефинираме на овој начин, 147 00:05:48,866 --> 00:05:50,839 мислам дека можеме да промениме сè. 148 00:05:50,839 --> 00:05:53,535 Ова е едноставна идеја, но не мислам дека е мала, 149 00:05:53,535 --> 00:05:56,835 и сакам да ви се заблагодарам многу на сите што ми дозволивте да ја споделам со вас денес.