1 00:00:00,000 --> 00:00:02,740 Може да ве замолам да се сетите на случка 2 00:00:02,740 --> 00:00:04,960 кога навистина нешто многу ви се допаднало - 3 00:00:05,010 --> 00:00:07,000 филм, албум, песна или книга - 4 00:00:07,000 --> 00:00:10,000 и од срце сте го препорачале 5 00:00:10,000 --> 00:00:12,000 на некој, многу близок, 6 00:00:12,000 --> 00:00:14,000 и ја очекувате реакцијата, чекате, чекате 7 00:00:14,000 --> 00:00:17,000 и на крај ви велат дека воопшто не им се допаѓа? 8 00:00:17,000 --> 00:00:19,000 Само како вовед, 9 00:00:19,000 --> 00:00:21,000 тоа е истата состојба 10 00:00:21,000 --> 00:00:24,000 во која го поминав секој работен ден од последните шест години. (Смеа) 11 00:00:24,000 --> 00:00:26,000 Јас предавам математика во средно училиште. 12 00:00:26,000 --> 00:00:29,000 Јас продавам производ на пазар 13 00:00:29,000 --> 00:00:32,000 што не го сака, но законски е принуден да го купи. 14 00:00:32,000 --> 00:00:35,000 Мислам, тоа е само залуден труд. 15 00:00:35,000 --> 00:00:38,000 Значи, има корисен стереотип за учениците што ги гледам, 16 00:00:38,000 --> 00:00:40,000 стереотип и за сите вас. 17 00:00:40,000 --> 00:00:42,000 Можам да ви дадам 18 00:00:42,000 --> 00:00:44,000 завршен испит од Aлгебра 2 19 00:00:44,000 --> 00:00:46,000 и не би очекувал да го поминат 20 00:00:46,000 --> 00:00:48,000 повеќе од 25 проценти. 21 00:00:48,000 --> 00:00:51,000 Овие факти кажуваат помалку за вас или за моите студенти 22 00:00:51,000 --> 00:00:53,000 отколку што кажуваат за она што го нарекуваме 23 00:00:53,000 --> 00:00:55,000 математичко образование во САД денес. 24 00:00:55,000 --> 00:00:58,000 За почеток, би сакал да ја поделам математиката во две категории. 25 00:00:58,000 --> 00:01:01,000 Едната е сметање - тоа е нешто што сте го заборавиле. 26 00:01:01,000 --> 00:01:03,000 Пример, разложување квадратна равенка со 27 00:01:03,000 --> 00:01:05,000 водечки коефициенти поголеми од еден. 28 00:01:05,000 --> 00:01:07,000 Ова може лесно повторно да се научи, 29 00:01:07,000 --> 00:01:09,000 под услов да имате навистина силна основа 30 00:01:09,000 --> 00:01:11,000 во размислување.Математичкото размислување - 31 00:01:11,000 --> 00:01:13,000 што го нарекуваме „апликација 32 00:01:13,000 --> 00:01:15,000 на математичките процеси врз околниот свет, 33 00:01:15,000 --> 00:01:17,000 е потешко да се научи. 34 00:01:17,000 --> 00:01:19,000 Ние сакаме учениците да го стекнат, 35 00:01:19,000 --> 00:01:21,000 дури и да не се определат за математика. 36 00:01:21,000 --> 00:01:23,000 Но поради начинот на кој се учи во САД, 37 00:01:23,000 --> 00:01:25,000 тоа со сигурност нема да го стекнат. 38 00:01:26,000 --> 00:01:27,000 Ќе зборувам за тоа, 39 00:01:27,000 --> 00:01:30,000 за една трагедија на општеството, што можеме да направиме 40 00:01:30,000 --> 00:01:32,000 и на крај,зошто е ова вистинско време 41 00:01:32,000 --> 00:01:34,000 да се биде наставник по математика. 42 00:01:34,000 --> 00:01:36,000 Значи, прво петте симптоми 43 00:01:36,000 --> 00:01:38,000 дека погрешно размислувате математички 44 00:01:38,000 --> 00:01:40,000 во вашето одделение. 45 00:01:40,000 --> 00:01:43,000 Првата е недостаток на иницијатива; учениците не се активираат сами. 46 00:01:43,000 --> 00:01:45,000 Го завршувате предавањето 47 00:01:45,000 --> 00:01:47,000 и веднаш имате пет кренати раце 48 00:01:47,000 --> 00:01:49,000 со барање повторно сѐ да им ги објасните. 49 00:01:49,000 --> 00:01:51,000 Учениците немаат упорност. 50 00:01:51,000 --> 00:01:53,000 Во едно уво влегува од друго излегува; 51 00:01:53,000 --> 00:01:55,000 по три месеци повторно сѐ објаснувате, 52 00:01:55,000 --> 00:01:57,000 Постои аверзија кон текстуалните задачи, 53 00:01:57,000 --> 00:01:59,000 што е случај кај 99% од моите ученици. 54 00:01:59,000 --> 00:02:01,000 А преостанатиот 1% пак, 55 00:02:01,000 --> 00:02:03,000 веднаш бара некоја формула 56 00:02:03,000 --> 00:02:05,000 која би го решила проблемот. 57 00:02:05,000 --> 00:02:07,000 Ова е навистина деструктивно. 58 00:02:07,000 --> 00:02:10,000 Дејвид Милч, авторот на „Дедвуд“ и други прекрасни ТВ емисии, 59 00:02:10,000 --> 00:02:13,000 навистина добро го опишува ова. 60 00:02:13,000 --> 00:02:15,000 Тој тврди дека ќе создаде 61 00:02:15,000 --> 00:02:17,000 модерна драма, 62 00:02:17,000 --> 00:02:19,000 која се прикажува во сегашноста, 63 00:02:19,000 --> 00:02:21,000 зашто сфатил,кога луѓето ги полнат главите 64 00:02:21,000 --> 00:02:24,000 со 4 часа, на пр. „Два и пол мажи“ серија- без увреда- 65 00:02:24,000 --> 00:02:26,000 тоа им ги формира врските во мозокот, 66 00:02:26,000 --> 00:02:29,000 на тој начин што тие очекуваат само едноставни проблеми. 67 00:02:29,000 --> 00:02:32,000 Тој тоа го нарече "нестрпливост со нерешителност". 68 00:02:32,000 --> 00:02:35,000 Луѓето се нестрпливи со нешта кои не се разрешуваат брзо. 69 00:02:35,000 --> 00:02:38,000 Очекуваат лесни проблеми како во 22 мин. ТВ-серија 70 00:02:38,000 --> 00:02:41,000 со три паузи за реклами и снимено смеење. 71 00:02:41,000 --> 00:02:43,000 И ќе ви го кажам ова на сите, 72 00:02:44,000 --> 00:02:47,000 иако знаете, ниеден проблем вреден да се реши не е едноставен. 73 00:02:47,000 --> 00:02:49,000 Јас сум многу загрижен за ова затоа што 74 00:02:49,000 --> 00:02:52,000 ќе се пензионирам во свет што ќе го водат моите ученици. 75 00:02:52,000 --> 00:02:54,000 Правам лоши работи 76 00:02:54,000 --> 00:02:56,000 за мојата иднина и благосостојба 77 00:02:56,000 --> 00:02:58,000 кога предавам на овој начин. 78 00:02:58,000 --> 00:03:01,000 Тука сум да ви кажам, дека, посебно, нашите учебници, 79 00:03:01,000 --> 00:03:04,000 масовно прифатените учебници - учат математичко размислување 80 00:03:04,000 --> 00:03:06,000 и сталожено и стрпливо решавање проблеми, 81 00:03:06,000 --> 00:03:09,000 со функционалност еднаква на гледање „Два и пол мажи“. 82 00:03:09,000 --> 00:03:11,000 (Смеа) 83 00:03:11,000 --> 00:03:14,000 Со сета сериозност. Еве еден пример од учебник по физика. 84 00:03:14,000 --> 00:03:16,000 Тоа важи подеднакво и за математика. 85 00:03:16,000 --> 00:03:18,000 Забележете, пред сѐ 86 00:03:18,000 --> 00:03:20,000 дека имате точно три информации таму, 87 00:03:20,000 --> 00:03:22,000 од кои секоја ќе заврши во формула, 88 00:03:22,000 --> 00:03:24,000 некаде, на крајот, 89 00:03:24,000 --> 00:03:26,000 која ученикот потоа ќе ја пресметува. 90 00:03:26,000 --> 00:03:28,000 Јас пак верувам во реалниот живот. 91 00:03:28,000 --> 00:03:30,000 И прашајте се, кој проблем сте го решиле, 92 00:03:30,000 --> 00:03:32,000 што бил вреден за решавање, 93 00:03:32,000 --> 00:03:34,000 каде пред тоа сте ги знаеле информациите, 94 00:03:34,000 --> 00:03:37,000 каде немавте вишок информации кои треба да ги занемарите, 95 00:03:37,000 --> 00:03:39,000 или пак немавте доволно информации, 96 00:03:39,000 --> 00:03:41,000 и моравте сами да ги побарате. 97 00:03:41,000 --> 00:03:44,000 Ќе се согласите, дека реално нема таков проблем. 98 00:03:44,000 --> 00:03:47,000 Учебникот, мислам, знае како да ги уназади учениците 99 00:03:47,000 --> 00:03:50,000 бидејќи, погледнете, ова е реален проблем. 100 00:03:50,000 --> 00:03:52,000 Кога е време за решавање реални задачи, 101 00:03:52,000 --> 00:03:54,000 имаме задачи како оваа овде 102 00:03:54,000 --> 00:03:57,000 каде што само ги менуваме бројките и сосема малку контекстот. 103 00:03:57,000 --> 00:04:00,000 И ако учениците не го препознаваат шаблонот на задачата 104 00:04:00,000 --> 00:04:02,000 учебникот им помага да најдат 105 00:04:02,000 --> 00:04:05,000 на кој пример да се вратат за да ја најдат формулата. 106 00:04:05,000 --> 00:04:07,000 Можат буквално, навистина го мислам ова, 107 00:04:07,000 --> 00:04:10,000 да ја поминат оваа лекција без да знаат физика, 108 00:04:10,000 --> 00:04:13,000 само треба да знаат како да користат учебник. Тоа е штета! 109 00:04:13,000 --> 00:04:16,000 Можам да го одредам проблемот поконкретно во математиката. 110 00:04:16,000 --> 00:04:18,000 Еве еден добар проблем. Ми се допаѓа. 111 00:04:18,000 --> 00:04:20,000 Дефинирање на стрмнина и aгол 112 00:04:20,000 --> 00:04:22,000 користејќи ски лифт. 113 00:04:22,000 --> 00:04:24,000 Но, тука гледаме четири одделни нивоа, 114 00:04:24,000 --> 00:04:27,000 и ме интересира кој од вас ги гледа четирите одделни нивоа 115 00:04:27,000 --> 00:04:30,000 особено, кога тие се збиени меѓу себе 116 00:04:30,000 --> 00:04:32,000 и наеднаш им ги даваме на учениците 117 00:04:32,000 --> 00:04:35,000 и како тоа доведува до нестрпливост во решавање проблеми. 118 00:04:35,000 --> 00:04:37,000 Ќе ги дефинирам тука. Ги имате на сликата. 119 00:04:37,000 --> 00:04:39,000 Исто така имаме и математичка структура, 120 00:04:39,000 --> 00:04:41,000 зборуваме за мрежи, мерења, ознаки, 121 00:04:41,000 --> 00:04:43,000 точки, оски, слични работи. 122 00:04:43,000 --> 00:04:46,000 Имате елементи, кои водат до она за што сакаме да зборуваме: 123 00:04:46,000 --> 00:04:48,000 кој дел е најстрмен. 124 00:04:48,000 --> 00:04:50,000 Се надеваме дека може да видите. 125 00:04:50,000 --> 00:04:52,000 Се надевам гледате дека ова 126 00:04:52,000 --> 00:04:54,000 е интересно прашање, со интересен одговор, 127 00:04:54,000 --> 00:04:56,000 но ние им правиме рамна, права патека, 128 00:04:56,000 --> 00:04:58,000 од едното до другото, 129 00:04:58,000 --> 00:05:00,000 и ги пофалуваме учениците колку добро 130 00:05:00,000 --> 00:05:02,000 поминале низ малите нерамнини на патот. 131 00:05:02,000 --> 00:05:04,000 Тоа е сè што правиме. 132 00:05:04,000 --> 00:05:06,000 Сакам да ве поттикнам да најдеме друг пат 133 00:05:06,000 --> 00:05:08,000 и да го изградиме со учениците, 134 00:05:08,000 --> 00:05:11,000 можеме да имаме сè што бараме во смисла на стрпливо решавање на проблемите. 135 00:05:11,000 --> 00:05:13,000 Тука започнувам со скицава, 136 00:05:13,000 --> 00:05:15,000 и веднаш го поставувам прашањето: 137 00:05:15,000 --> 00:05:17,000 Кој дел е најстрмен? 138 00:05:17,000 --> 00:05:19,000 И тоа поттикнува разговор 139 00:05:19,000 --> 00:05:22,000 затоа што сликата е направена да сугерира два одговора. 140 00:05:22,000 --> 00:05:24,000 Така луѓето почнуваат расправа меѓусебно, 141 00:05:24,000 --> 00:05:26,000 пријател со пријател, 142 00:05:26,000 --> 00:05:28,000 во парови или било како. 143 00:05:28,000 --> 00:05:30,000 И одеднаш заклучуваме 144 00:05:30,000 --> 00:05:32,000 дека станува нервозно да се зборува за 145 00:05:32,000 --> 00:05:34,000 скијачот во левиот долен дел од екранот 146 00:05:34,000 --> 00:05:36,000 или за скијачот над средишната линија. 147 00:05:36,000 --> 00:05:38,000 И заклучуваме колку добро би било 148 00:05:38,000 --> 00:05:40,000 да имаме ознаки А, Б, Ц и Д 149 00:05:40,000 --> 00:05:42,000 за да можеме да се разбереме полесно. 150 00:05:42,000 --> 00:05:45,000 И потоа, кога дефинираме што е стрмнина, 151 00:05:45,000 --> 00:05:47,000 сфаќаме дека ни треба систем за мерење, 152 00:05:47,000 --> 00:05:50,000 за да видиме што точно значи тоа. 153 00:05:50,000 --> 00:05:52,000 И потоа, и само потоа, 154 00:05:52,000 --> 00:05:54,000 ја поставуваме математичката структура. 155 00:05:54,000 --> 00:05:56,000 Математиката го поткрепува разговорот, 156 00:05:56,000 --> 00:05:58,000 а не обратно. 157 00:05:58,000 --> 00:06:01,000 А тогаш, 9 од 10 одделенија можат 158 00:06:01,000 --> 00:06:03,000 да решат проблем со агол и стрмнина. 159 00:06:03,000 --> 00:06:05,000 Но, ако треба, учениците можат 160 00:06:05,000 --> 00:06:07,000 заеднички да ги смислат подчекорите. 161 00:06:07,000 --> 00:06:10,000 Дали го гледате ова, споредено со тоа ? 162 00:06:10,000 --> 00:06:13,000 Кое поттикнува стрпливо решавање и математичко резонирање? 163 00:06:13,000 --> 00:06:16,000 Низ моето искуство ми стана јасно. 164 00:06:16,000 --> 00:06:18,000 Ќе го споменам Ајнштајн, 165 00:06:18,000 --> 00:06:20,000 кој сфатил, зашто морал, 166 00:06:20,000 --> 00:06:23,000 и вели дека формулирањето на проблемот е од огромна важност, 167 00:06:23,000 --> 00:06:25,000 а ние тука во САД, 168 00:06:25,000 --> 00:06:27,000 само им задаваме задачи на учениците 169 00:06:27,000 --> 00:06:30,000 наместо да ги вклучиме во формулирање на проблемот. 170 00:06:31,000 --> 00:06:33,000 Така, 90 проценти од она што го правам 171 00:06:33,000 --> 00:06:35,000 со моите пет часа подготовка неделно 172 00:06:35,000 --> 00:06:38,000 е да земам прилично релевантни елементи 173 00:06:38,000 --> 00:06:40,000 од проблеми како овој од учебникот 174 00:06:40,000 --> 00:06:43,000 и да ги изменам за поткрепат математичкото размислување. 175 00:06:43,000 --> 00:06:45,000 И еве како тоа финкционира. 176 00:06:45,000 --> 00:06:47,000 Ја сакам задачата со резервоарот за вода. 177 00:06:47,000 --> 00:06:49,000 Прашањето е: за колку време се полни? 178 00:06:49,000 --> 00:06:51,000 Најпрвин - ги елиминираме сите под-чекори. 179 00:06:51,000 --> 00:06:53,000 Нив треба учениците да ги смислат, 180 00:06:53,000 --> 00:06:55,000 треба да ги формулираат. 181 00:06:55,000 --> 00:06:58,000 А потоа да увидат дека сите запишани информации се потребни. 182 00:06:58,000 --> 00:07:00,000 Ниедна не одвлекува одвлекува внимание. 183 00:07:00,000 --> 00:07:02,000 Учениците треба да одлучат: „Значи, 184 00:07:02,000 --> 00:07:04,000 Дали се важни висината и страната? 185 00:07:04,000 --> 00:07:07,000 Важна е бојата на вентилот? Што всушност е важно?„ 186 00:07:07,000 --> 00:07:10,000 Досега невидено прашање во наставната програма по математика. 187 00:07:10,000 --> 00:07:12,000 Значи го имаме базенот за вода. 188 00:07:12,000 --> 00:07:14,000 За колку време се полни? Тоа е тоа. 189 00:07:14,000 --> 00:07:16,000 И бидејќи ова е 21-ви век 190 00:07:16,000 --> 00:07:19,000 и сакаме зборуваме за реалниот свет по сопствено убедување, 191 00:07:19,000 --> 00:07:22,000 а не со термини на цртање или ликовна уметност 192 00:07:22,000 --> 00:07:24,000 кои толку често ги гледаме во учебниците, 193 00:07:24,000 --> 00:07:26,000 излегуваме и сликаме. 194 00:07:26,000 --> 00:07:28,000 Сега имаме вистинско нешто. 195 00:07:28,000 --> 00:07:30,000 Колку време треба за да се наполни? 196 00:07:30,000 --> 00:07:32,000 Или уште подобро, правиме видео клип, 197 00:07:32,000 --> 00:07:35,000 видео како некој го полни. 198 00:07:35,000 --> 00:07:37,000 А се полни бавно, ужасно бавно. 199 00:07:37,000 --> 00:07:39,000 Дури и досадно е. 200 00:07:39,000 --> 00:07:41,000 Учениците чекаат, вртат со очите, 201 00:07:41,000 --> 00:07:44,000 и се прашуваат од време на време: 202 00:07:44,000 --> 00:07:47,000 „Човече, колку време ќе му треба да се наполни?„ 203 00:07:47,000 --> 00:07:52,000 (Смеа) 204 00:07:52,000 --> 00:07:55,000 Тогаш знаеш дека мамецот е голтнат така? 205 00:07:56,000 --> 00:07:59,000 Прашањето овде, навистина ми е смешно 206 00:07:59,000 --> 00:08:01,000 бидејќи, како во воведот, 207 00:08:01,000 --> 00:08:04,000 ги учам децата -- и поради моето неискуство -- 208 00:08:04,000 --> 00:08:06,000 ги учам тие на кои најмногу им треба помош. 209 00:08:06,000 --> 00:08:09,000 Има деца кои не сакаат да се вклучат во разговор за математика 210 00:08:09,000 --> 00:08:11,000 затоа што некој друг ја има формулата; 211 00:08:11,000 --> 00:08:14,000 некој друг знае како да формулира подобро од мене, 212 00:08:14,000 --> 00:08:16,000 но нема да зборувам за тоа. 213 00:08:16,000 --> 00:08:19,000 Но тука, секој ученик е на ниво на играње со интуиција. 214 00:08:19,000 --> 00:08:22,000 Секој некогаш нешто наполнил со вода, 215 00:08:22,000 --> 00:08:25,000 а јас барам да одговорат: „За колку време ќе се наполни?„ 216 00:08:25,000 --> 00:08:28,000 Има деца коисе плашат од математика и од разговори, 217 00:08:28,000 --> 00:08:30,000 но, земаат учество во разговорот. 218 00:08:30,000 --> 00:08:33,000 Ставаме имиња на таблата, им прикачуваме претпоставки, 219 00:08:33,000 --> 00:08:35,000 и на децата тоа им се допаѓа. 220 00:08:35,000 --> 00:08:37,000 А потоа го следиме процесот што го опишав. 221 00:08:37,000 --> 00:08:39,000 И најдобриот дел тука, или еден од најдобрите, 222 00:08:39,000 --> 00:08:41,000 е дека не го земаме одговорот од решението 223 00:08:41,000 --> 00:08:43,000 на крајот од учебникот. 224 00:08:43,000 --> 00:08:46,000 Наместо тоа, го гледаме крајот на видео клипот. 225 00:08:46,000 --> 00:08:48,000 (Смеа) 226 00:08:48,000 --> 00:08:50,000 И тоа е застрашувачко, 227 00:08:50,000 --> 00:08:52,000 бидејќи кога теоретските модели го даваат 228 00:08:52,000 --> 00:08:54,000 одговорот од крајот од учебникот, 229 00:08:54,000 --> 00:08:56,000 тогаш е одлично, но 230 00:08:56,000 --> 00:08:58,000 страшно е да се зборува за грешките 231 00:08:58,000 --> 00:09:00,000 кога теоријата не се совпаѓа со праксата. 232 00:09:00,000 --> 00:09:02,000 Тие дискусии се многу важни, 233 00:09:02,000 --> 00:09:04,000 би рекол меѓу најважните. 234 00:09:04,000 --> 00:09:06,000 Значи, дојдов да ви кажам забавни игри 235 00:09:06,000 --> 00:09:08,000 со учениците кои дојдоа со вметнати 236 00:09:08,000 --> 00:09:10,000 вируси на првиот ден од школската година. 237 00:09:10,000 --> 00:09:13,000 Тоа се деца на кои сега, после едно полугодие, 238 00:09:13,000 --> 00:09:15,000 ќе им напишам нешто на табла, 239 00:09:15,000 --> 00:09:17,000 нешто сосема ново и непознато, 240 00:09:17,000 --> 00:09:19,000 ќе зборуваат за тоа 3-4 мин повеќе 241 00:09:19,000 --> 00:09:21,000 отколку на почетокот од годината, 242 00:09:21,000 --> 00:09:23,000 што е многу забавно. 243 00:09:23,000 --> 00:09:26,000 Веќе немаме аверзија кон текстуалните задачи, 244 00:09:26,000 --> 00:09:29,000 бидејќи го редефиниравме значењето на текстуалните задачи. 245 00:09:29,000 --> 00:09:31,000 Повеќе не се плашиме од математика, 246 00:09:31,000 --> 00:09:33,000 зашто полека ја редефинираме. 247 00:09:33,000 --> 00:09:35,000 Ова беше многу забавно. 248 00:09:35,000 --> 00:09:38,000 Ги охрабрувам наставниците да користат мултимедија, 249 00:09:38,000 --> 00:09:40,000 така го носат вистинскиот свет во училниците 250 00:09:40,000 --> 00:09:42,000 со висока резолиција и во боја, 251 00:09:42,000 --> 00:09:45,000 за да ја охрабрат интуицијата на учениците; 252 00:09:45,000 --> 00:09:47,000 да поставуваат најкуси можни прашања 253 00:09:47,000 --> 00:09:50,000 и да остават други прашања да произлезат од дискусија; 254 00:09:50,000 --> 00:09:52,000 и учениците да го изградат проблемот, 255 00:09:52,000 --> 00:09:54,000 бидејќи и Ајнштанј го рекол тоа; 256 00:09:54,000 --> 00:09:57,000 и на крајот, сѐвкупно помалку да помагаат, 257 00:09:57,000 --> 00:09:59,000 затоа што учебникот погрешно помага 258 00:09:59,000 --> 00:10:02,000 ве ослободува од вашата обврска, 259 00:10:02,000 --> 00:10:05,000 за стрпливо решавање на проблеми и математичко размислување. 260 00:10:05,000 --> 00:10:08,000 Зошто е чудесно да се биде наставник по математика токму сега- 261 00:10:08,000 --> 00:10:10,000 - затоа што имаме алатки за создавање 262 00:10:10,000 --> 00:10:12,000 висококвалитетна наставна програма. 263 00:10:12,000 --> 00:10:14,000 Тоа е достапно и прилично евтино, 264 00:10:14,000 --> 00:10:16,000 и алатките за да се дистрибуираат 265 00:10:16,000 --> 00:10:18,000 слободно, без лиценци, 266 00:10:18,000 --> 00:10:21,000 не биле никогаш подостапни и поевтини. 267 00:10:21,000 --> 00:10:23,000 Неодамна ставив видео серија на мојот блог 268 00:10:23,000 --> 00:10:26,000 и имав 6000 прегледи за две недели. 269 00:10:26,000 --> 00:10:29,000 Добивам мејлови од наставници од земји каде нигогаш не сум бил 270 00:10:29,000 --> 00:10:32,000 и кои велат: "Леле, да. Убаво разговаравме за ова. 271 00:10:32,000 --> 00:10:35,000 И патем, еве како ги направив твоите работи подобро ", 272 00:10:35,000 --> 00:10:37,000 што е одлично. 273 00:10:37,000 --> 00:10:39,000 Ставив еден проблем на мојот блог неодамна: 274 00:10:39,000 --> 00:10:41,000 Во продавница, во кој ред застанувате, 275 00:10:41,000 --> 00:10:43,000 оној што има една количка и 19 производи 276 00:10:43,000 --> 00:10:46,000 или ред со четири колички и три, пет, две и еден производи. 277 00:10:46,000 --> 00:10:49,000 Вклученото линеарно моделирање беше добро нешто за моите ученици, 278 00:10:49,000 --> 00:10:52,000 на крајот потоа ме одведе на "Добро утро Америка", 279 00:10:52,000 --> 00:10:54,000 што е малку бизарно, нели? 280 00:10:54,000 --> 00:10:56,000 И од сето ова, можам само да закључам 281 00:10:56,000 --> 00:10:58,000 дека луѓето, а не само учениците, 282 00:10:58,000 --> 00:11:00,000 навистина се гладни за вакво нешто. 283 00:11:00,000 --> 00:11:02,000 Математиката му дава смисла на светот. 284 00:11:02,000 --> 00:11:04,000 Математиката е речник 285 00:11:04,000 --> 00:11:06,000 за твојата интуиција. 286 00:11:06,000 --> 00:11:09,000 И ве охрабрувам, без оглед на вашиот удел во образованието - 287 00:11:09,000 --> 00:11:12,000 без разлика дали сте ученик, родител, учител, законодавец 288 00:11:12,000 --> 00:11:15,000 инсистирајте на подобра математичка наставна програма. 289 00:11:15,000 --> 00:11:18,000 Ни требаат повеќе трпеливи решавачи на проблеми. Благодарам. (Аплауз)