1 00:00:01,666 --> 00:00:05,541 Кое е најубавото место што сте го посетиле? 2 00:00:05,778 --> 00:00:08,720 И кога го посетивте, го сликавте ли? 3 00:00:09,359 --> 00:00:11,761 Ќе ви го покажам местото бр. 1 за мене. 4 00:00:11,785 --> 00:00:15,252 Ова е сводот Меса, во националниот парк Канјонлендс во Јута 5 00:00:15,276 --> 00:00:16,431 на изгрејсонце. 6 00:00:16,455 --> 00:00:19,090 Ова е татковината на народите Пуебло, Јут, 7 00:00:19,114 --> 00:00:21,005 Паиjут и Навахо, 8 00:00:21,029 --> 00:00:22,643 и кога сте таму, 9 00:00:22,667 --> 00:00:24,452 е прекрасно во секој поглед. 10 00:00:24,476 --> 00:00:27,573 Долниот дел од сводот обоен портокалово од изгрејсонцето, 11 00:00:27,597 --> 00:00:31,798 а пред вас се карпите останци, облаци и гребени. 12 00:00:31,822 --> 00:00:34,009 Но, она што не го гледате 13 00:00:34,033 --> 00:00:37,587 се 30-те луѓе зад мене што исто така сликаа. 14 00:00:37,611 --> 00:00:40,842 И ова се само најупорните, ранобудните, нели? 15 00:00:40,866 --> 00:00:42,477 Кога ќе подразмислите, 16 00:00:42,501 --> 00:00:47,852 сигурно излегуваат по стотици слики од сводов секоја недела. 17 00:00:47,876 --> 00:00:51,138 Со години ги објавувам моите фотографии на Инстаграм, 18 00:00:51,162 --> 00:00:55,745 и ми стана интересно, дури и чудно, 19 00:00:55,769 --> 00:00:59,347 колку слични слики од истите места 20 00:00:59,371 --> 00:01:01,101 гледам на Интернет. 21 00:01:01,125 --> 00:01:03,252 И јас бев дел од нив. 22 00:01:03,784 --> 00:01:05,090 Па ова ме замисли: 23 00:01:05,114 --> 00:01:08,215 Која е причината што сликаме? 24 00:01:08,239 --> 00:01:11,021 Некогаш, кога посетувам познати туристички точки -- 25 00:01:11,045 --> 00:01:14,088 ова е свиокот Потковица во Аризона -- 26 00:01:14,112 --> 00:01:16,862 гледам како сите ги извадиле мобилните и апаратите 27 00:01:16,886 --> 00:01:18,054 чкрапнуваат слика, 28 00:01:18,078 --> 00:01:21,335 и се враќаат в кола или на патеката. 29 00:01:21,359 --> 00:01:25,187 И некогаш се чини дека не ја сфаќаме идејата зад 30 00:01:25,211 --> 00:01:29,582 посетување одредено место за да го доживееме лично 31 00:01:29,606 --> 00:01:32,194 или да го видиме со свои очи. 32 00:01:32,858 --> 00:01:34,361 Кога сум зад апаратот, 33 00:01:34,385 --> 00:01:36,987 ги забележувам најситните детали: 34 00:01:37,011 --> 00:01:39,719 слоевите светлина на планините 35 00:01:39,743 --> 00:01:42,193 по залезот на сонцето; 36 00:01:42,217 --> 00:01:45,471 фигурите што природата вешто ги создава, 37 00:01:45,495 --> 00:01:48,201 апстрактни, а потполно совршени. 38 00:01:48,978 --> 00:01:52,588 Можам до бескрај да зборувам за комплексноста на планетава 39 00:01:52,612 --> 00:01:54,462 и какви чувства предизвикува во мене. 40 00:01:55,544 --> 00:01:58,722 Да ја фотографирам убавината и комплексноста на светов 41 00:01:58,746 --> 00:02:01,544 е како да правам портрет на личност што ја сакам. 42 00:02:02,164 --> 00:02:03,574 И кога фотографирам, 43 00:02:03,598 --> 00:02:06,685 треба да размислам каква порака сакам да пренесам. 44 00:02:06,888 --> 00:02:09,903 Треба да се запрашам какви чувства сакам да предизвикам. 45 00:02:09,927 --> 00:02:12,033 Кога комуницирате преку слика, 46 00:02:12,057 --> 00:02:13,872 секој уметнички избор е важен. 47 00:02:13,896 --> 00:02:15,893 Некогаш, планирам да ги споделам сликите 48 00:02:15,917 --> 00:02:18,022 а некогаш, ги сликам лично за мене. 49 00:02:18,480 --> 00:02:21,421 Моментално, водам серијал за иднината на живеењето во природа, 50 00:02:21,445 --> 00:02:24,287 и во една епизода сакавме да ја истражиме 51 00:02:24,311 --> 00:02:27,864 врската меѓу фотографијата и природата. 52 00:02:27,888 --> 00:02:30,019 Дознав за истражувањето на Кристин Диел 53 00:02:30,043 --> 00:02:31,529 и нејзините колеги на УЈК, 54 00:02:31,553 --> 00:02:34,701 кои проучуваат како сликањето влијае врз задоволството. 55 00:02:34,725 --> 00:02:37,135 Тие откриле дека кога се наоѓаме зад апаратот, 56 00:02:37,159 --> 00:02:39,055 и ние ја создаваме сликата, 57 00:02:39,079 --> 00:02:41,656 уживаме повеќе, а не помалку. 58 00:02:41,680 --> 00:02:43,224 Но, ова било делумно точно. 59 00:02:43,248 --> 00:02:47,059 Ако некој сликал само за да ја сподели сликата, 60 00:02:47,083 --> 00:02:48,784 задоволството не се зголемувало, 61 00:02:48,808 --> 00:02:51,038 затоа што не сликале за себеси. 62 00:02:51,062 --> 00:02:53,480 Ова укажува на важна особеност: 63 00:02:53,504 --> 00:02:55,913 фотографирањето може да го подобри доживувањето 64 00:02:55,937 --> 00:02:57,745 само ако е со некаква намера. 65 00:02:57,769 --> 00:03:00,242 Намерата е важна. 66 00:03:00,691 --> 00:03:03,806 Како фотограф, морав да се преиспитам за ова. 67 00:03:03,830 --> 00:03:06,371 Кога ми е корисно да го извадам апаратот, 68 00:03:06,395 --> 00:03:08,639 а кога треба едноставно да го тргнам? 69 00:03:08,663 --> 00:03:13,298 Кога бев во Алјаска, имав можност да сликам кафеави мечки. 70 00:03:13,322 --> 00:03:15,632 Бев во чамец со четири други фотографи, 71 00:03:15,656 --> 00:03:18,129 и сите бевме фасцинирани 72 00:03:18,153 --> 00:03:19,396 истовремено 73 00:03:19,420 --> 00:03:21,980 толку близу до овие животни. 74 00:03:22,004 --> 00:03:24,184 Тоа е доживување преполно со чувства. 75 00:03:24,208 --> 00:03:27,545 Поради близината до мечките почувствував поврзаност 76 00:03:27,569 --> 00:03:29,109 што не се опишува со зборови 77 00:03:29,133 --> 00:03:33,554 и имањето апарат при мене само го засили чувството. 78 00:03:33,698 --> 00:03:37,338 Сите сликавме самостојно, и целосно бевме внесени во мигот, 79 00:03:37,362 --> 00:03:39,350 со природата, и еден со друг. 80 00:03:39,374 --> 00:03:40,840 Јасно се сеќавам 81 00:03:40,864 --> 00:03:44,431 како ги фатив капките вода и пливањето на мечките 82 00:03:44,455 --> 00:03:47,302 и слатките мечиња што ги следеа мајките. 83 00:03:47,793 --> 00:03:50,482 Ова доживување ќе го делам со групата, 84 00:03:50,506 --> 00:03:52,359 и сликиве на кои ќе се навраќаме 85 00:03:52,359 --> 00:03:53,589 одново и одново 86 00:03:53,613 --> 00:03:57,704 и токму фотографијата ни овозможи заеднички да го споделиме ова. 87 00:03:58,518 --> 00:04:00,935 Во други случаи, одлучувам да го оставам апаратот 88 00:04:00,959 --> 00:04:04,797 и мислам дека ваквиот избор го подобрува доживувањето 89 00:04:04,821 --> 00:04:06,477 и моето творештво. 90 00:04:06,672 --> 00:04:09,752 Неодамна го посетив островот Тонга во Јужниот Пацифик 91 00:04:09,776 --> 00:04:11,413 за да пливам со грбави китови. 92 00:04:11,887 --> 00:04:14,264 Забележав дека чувстувам притисок 93 00:04:14,288 --> 00:04:17,146 и обврска да го понесам апаратот со себе, 94 00:04:17,170 --> 00:04:20,346 а некогаш само сакам да го доживеам моментот. 95 00:04:20,370 --> 00:04:22,796 Доживувањето е навистина неверојатно. 96 00:04:22,820 --> 00:04:24,705 Се наоѓате во водата 97 00:04:24,729 --> 00:04:27,493 заедно со младенче со големина на караван 98 00:04:27,517 --> 00:04:31,272 опколени сте со ситни светкави честички, 99 00:04:31,296 --> 00:04:34,044 а мајката грациозно плива под вас. 100 00:04:34,068 --> 00:04:37,093 Понекогаш го носев апаратот со мене, 101 00:04:37,117 --> 00:04:40,080 и беше неверојатно да ги фатам тие моменти. 102 00:04:40,104 --> 00:04:41,976 Но опремата е прилично гломазна. 103 00:04:42,000 --> 00:04:44,503 Наликува на голема кутија, еве како изгледа. 104 00:04:44,527 --> 00:04:46,583 Ова стои помеѓу мене и китовите, 105 00:04:46,607 --> 00:04:50,270 и на моменти е како препрека помеѓу вас и реалноста. 106 00:04:50,294 --> 00:04:52,605 Различно ли е кога носите само телефон? 107 00:04:53,135 --> 00:04:55,658 Лани го посетив Улуру, во Централна Австралија, 108 00:04:55,682 --> 00:04:59,087 тоа е огромна карпа што се издигнува среде пустината. 109 00:04:59,666 --> 00:05:02,521 Улуру е свето место за Анангу, 110 00:05:02,545 --> 00:05:04,633 Абориџините од оваа област 111 00:05:04,657 --> 00:05:06,933 и домородци на таа земја. 112 00:05:07,455 --> 00:05:11,903 Одредени точки не смеат да се фотографираат професионално, 113 00:05:11,927 --> 00:05:14,484 бидејќи се чувствителен дел од културата, 114 00:05:14,508 --> 00:05:17,470 како свето писмо за Анангу племето. 115 00:05:17,494 --> 00:05:22,032 Затоа, најголем дел од сликите се од многу далеку, како оваа, 116 00:05:22,056 --> 00:05:24,961 или од одреден агол во паркот. 117 00:05:24,985 --> 00:05:29,490 Може да се рече дека најинтересните и најубавите глетки во Улуру 118 00:05:29,514 --> 00:05:31,926 се во чувствителните области, 119 00:05:31,950 --> 00:05:37,511 но барањето да не ги фотографирате е јасен и директен повик 120 00:05:37,535 --> 00:05:41,624 да дознаете повеќе за значајноста на земјата и на луѓето. 121 00:05:41,648 --> 00:05:43,913 Не треба и онака да го правиме тоа? 122 00:05:43,937 --> 00:05:46,963 Одеднаш, веќе не бев јас најважна 123 00:05:46,987 --> 00:05:50,171 важно беше да се поврзам со местото. 124 00:05:50,983 --> 00:05:52,465 Иронично и очекувано, 125 00:05:52,489 --> 00:05:54,622 сфатив дека присутноста и поврзаноста 126 00:05:54,646 --> 00:05:57,849 придонесуваат за помоќни слики. 127 00:05:58,413 --> 00:06:00,775 Сите ги сметаме друштвените мрежи 128 00:06:00,799 --> 00:06:04,728 како добро место за споделување слики од патувањата и животот. 129 00:06:05,255 --> 00:06:08,144 Не само што споделуваме делови од светот 130 00:06:08,168 --> 00:06:10,640 туку и делови од нашите секојдневни доживувања. 131 00:06:10,664 --> 00:06:14,507 И ако ги правиме сликите со намера 132 00:06:14,531 --> 00:06:17,631 се надевам и дека ги споделуваме намерно. 133 00:06:18,380 --> 00:06:23,466 Споделувањето делови од мојата приказна и перспектива 134 00:06:23,490 --> 00:06:26,228 ме потсети дека не сум сама. 135 00:06:26,252 --> 00:06:28,475 Ми помогна да создадам поддршка и заедница 136 00:06:28,499 --> 00:06:30,252 што ќе го прави истото за другите. 137 00:06:31,212 --> 00:06:32,382 Не ме сфаќајте погрешно: 138 00:06:32,406 --> 00:06:36,017 Не сакам да ве обесхрабрам. 139 00:06:36,688 --> 00:06:40,431 Дури и кога има илјадници што го посетиле истото место 140 00:06:40,455 --> 00:06:42,583 и ја направиле истата слика, 141 00:06:42,607 --> 00:06:44,936 ве охрабрувам да одите и да направите и вие. 142 00:06:44,960 --> 00:06:47,286 На светот му треба сечиј глас и перспектива, 143 00:06:47,310 --> 00:06:48,862 вклучително вашата. 144 00:06:49,640 --> 00:06:52,858 Но, сакам да ви покажам дека мобилниот или апаратот 145 00:06:52,882 --> 00:06:55,189 не мора постојано да ви се во раце. 146 00:06:55,376 --> 00:06:57,221 Сакам да ве охрабрам 147 00:06:57,245 --> 00:06:59,782 да го тргнете, само за момент -- 148 00:06:59,806 --> 00:07:01,406 момент за вас. 149 00:07:01,670 --> 00:07:03,351 Да се вратиме на сводот Меса, 150 00:07:03,375 --> 00:07:05,694 начинот на кој каменот има портокалов отсјај 151 00:07:05,718 --> 00:07:09,140 и прекрасните сини нијанси во позадината. 152 00:07:09,846 --> 00:07:12,624 Што ако следниот пат кога ќе отидете некаде, 153 00:07:12,648 --> 00:07:15,425 не можете да го понесете апаратот или мобилниот? 154 00:07:15,601 --> 00:07:18,487 Што ако е забрането фотографирање? 155 00:07:19,035 --> 00:07:20,859 Ќе се почувстувате ограничено? 156 00:07:21,618 --> 00:07:24,388 Или ќе ви олесни? 157 00:07:24,983 --> 00:07:26,159 Што можеме да сториме? 158 00:07:26,183 --> 00:07:30,017 Кога ќе бидете поттикнати да го извадите апаратот или мобилниот, 159 00:07:30,041 --> 00:07:33,342 или, во мојот случај, кога ќе сфатите дека веќе сте го извадиле -- 160 00:07:33,366 --> 00:07:34,446 (смеа) 161 00:07:34,470 --> 00:07:35,875 Прво: запрете. 162 00:07:36,567 --> 00:07:37,879 Почекајте. 163 00:07:37,903 --> 00:07:39,236 Вдишете длабоко. 164 00:07:40,148 --> 00:07:42,187 Погледнете наоколу. Што забележувате? 165 00:07:44,045 --> 00:07:46,716 Го доживувате овој момент заедно со некого? 166 00:07:47,191 --> 00:07:49,867 Запомнете дека моментов се случува само сега. 167 00:07:50,267 --> 00:07:53,280 Фотографијата може да биде дел од прекрасно доживување. 168 00:07:53,304 --> 00:07:56,503 Но не давајте ѝ да биде пречка меѓу вас и реалноста. 169 00:07:56,527 --> 00:07:57,940 Бидете промислени, 170 00:07:57,964 --> 00:08:01,594 и не губете прекрасен, незаменлив спомен 171 00:08:01,618 --> 00:08:04,388 зашто сте биле преконцентрирани да направите слика. 172 00:08:04,677 --> 00:08:05,911 Благодарам. 173 00:08:05,935 --> 00:08:08,758 (аплауз)