0:00:01.666,0:00:05.541 Кое е најубавото место [br]што сте го посетиле? 0:00:05.778,0:00:08.720 И кога го посетивте, [br]го сликавте ли? 0:00:09.359,0:00:11.761 Ќе ви го покажам[br]местото бр. 1 за мене. 0:00:11.785,0:00:15.252 Ова е сводот Меса,[br]во националниот парк Канјонлендс во Јута 0:00:15.276,0:00:16.431 на изгрејсонце. 0:00:16.455,0:00:19.090 Ова е татковината на [br]народите Пуебло, Јут, 0:00:19.114,0:00:21.005 Паиjут и Навахо, 0:00:21.029,0:00:22.643 и кога сте таму, 0:00:22.667,0:00:24.452 е прекрасно во секој поглед. 0:00:24.476,0:00:27.573 Долниот дел од сводот[br]обоен портокалово од изгрејсонцето, 0:00:27.597,0:00:31.798 а пред вас се карпите останци, [br]облаци и гребени. 0:00:31.822,0:00:34.009 Но, она што не го гледате 0:00:34.033,0:00:37.587 се 30-те луѓе зад мене[br]што исто така сликаа. 0:00:37.611,0:00:40.842 И ова се само најупорните,[br]ранобудните, нели? 0:00:40.866,0:00:42.477 Кога ќе подразмислите, 0:00:42.501,0:00:47.852 сигурно излегуваат по стотици[br]слики од сводов секоја недела. 0:00:47.876,0:00:51.138 Со години ги објавувам моите фотографии[br]на Инстаграм, 0:00:51.162,0:00:55.745 и ми стана интересно, [br]дури и чудно, 0:00:55.769,0:00:59.347 колку слични слики[br]од истите места 0:00:59.371,0:01:01.101 гледам на Интернет. 0:01:01.125,0:01:03.252 И јас бев дел од нив. 0:01:03.784,0:01:05.090 Па ова ме замисли: 0:01:05.114,0:01:08.215 Која е причината што сликаме? 0:01:08.239,0:01:11.021 Некогаш, кога посетувам [br]познати туристички точки -- 0:01:11.045,0:01:14.088 ова е свиокот Потковица во Аризона -- 0:01:14.112,0:01:16.862 гледам како сите ги извадиле [br]мобилните и апаратите 0:01:16.886,0:01:18.054 чкрапнуваат слика, 0:01:18.078,0:01:21.335 и се враќаат в кола или [br]на патеката. 0:01:21.359,0:01:25.187 И некогаш се чини дека[br]не ја сфаќаме идејата зад 0:01:25.211,0:01:29.582 посетување одредено место[br]за да го доживееме лично 0:01:29.606,0:01:32.194 или да го видиме со свои очи. 0:01:32.858,0:01:34.361 Кога сум зад апаратот, 0:01:34.385,0:01:36.987 ги забележувам најситните детали: 0:01:37.011,0:01:39.719 слоевите светлина на планините 0:01:39.743,0:01:42.193 по залезот на сонцето; 0:01:42.217,0:01:45.471 фигурите што природата вешто ги создава, 0:01:45.495,0:01:48.201 апстрактни, а потполно совршени. 0:01:48.978,0:01:52.588 Можам до бескрај да зборувам [br]за комплексноста на планетава 0:01:52.612,0:01:54.462 и какви чувства предизвикува во мене. 0:01:55.544,0:01:58.722 Да ја фотографирам убавината и [br]комплексноста на светов 0:01:58.746,0:02:01.544 е како да правам портрет на [br]личност што ја сакам. 0:02:02.164,0:02:03.574 И кога фотографирам, 0:02:03.598,0:02:06.685 треба да размислам каква[br]порака сакам да пренесам. 0:02:06.888,0:02:09.903 Треба да се запрашам какви[br]чувства сакам да предизвикам. 0:02:09.927,0:02:12.033 Кога комуницирате преку слика, 0:02:12.057,0:02:13.872 секој уметнички избор е важен. 0:02:13.896,0:02:15.893 Некогаш, планирам да ги споделам сликите 0:02:15.917,0:02:18.022 а некогаш, ги сликам лично за мене. 0:02:18.480,0:02:21.421 Моментално, водам серијал[br]за иднината на живеењето во природа, 0:02:21.445,0:02:24.287 и во една епизода[br]сакавме да ја истражиме 0:02:24.311,0:02:27.864 врската меѓу фотографијата и природата. 0:02:27.888,0:02:30.019 Дознав за истражувањето на Кристин Диел 0:02:30.043,0:02:31.529 и нејзините колеги на УЈК, 0:02:31.553,0:02:34.701 кои проучуваат [br]како сликањето влијае врз задоволството. 0:02:34.725,0:02:37.135 Тие откриле дека кога [br]се наоѓаме зад апаратот, 0:02:37.159,0:02:39.055 и ние ја создаваме сликата, 0:02:39.079,0:02:41.656 уживаме повеќе, а не помалку. 0:02:41.680,0:02:43.224 Но, ова било делумно точно. 0:02:43.248,0:02:47.059 Ако некој сликал само [br]за да ја сподели сликата, 0:02:47.083,0:02:48.784 задоволството не се зголемувало, 0:02:48.808,0:02:51.038 затоа што не сликале за себеси. 0:02:51.062,0:02:53.480 Ова укажува на важна особеност: 0:02:53.504,0:02:55.913 фотографирањето може [br]да го подобри доживувањето 0:02:55.937,0:02:57.745 само ако е со некаква намера. 0:02:57.769,0:03:00.242 Намерата е важна. 0:03:00.691,0:03:03.806 Како фотограф, [br]морав да се преиспитам за ова. 0:03:03.830,0:03:06.371 Кога ми е корисно [br]да го извадам апаратот, 0:03:06.395,0:03:08.639 а кога треба едноставно да го тргнам? 0:03:08.663,0:03:13.298 Кога бев во Алјаска, имав можност [br]да сликам кафеави мечки. 0:03:13.322,0:03:15.632 Бев во чамец со [br]четири други фотографи, 0:03:15.656,0:03:18.129 и сите бевме фасцинирани 0:03:18.153,0:03:19.396 истовремено 0:03:19.420,0:03:21.980 толку близу до овие животни. 0:03:22.004,0:03:24.184 Тоа е доживување преполно со чувства. 0:03:24.208,0:03:27.545 Поради близината до мечките [br]почувствував поврзаност 0:03:27.569,0:03:29.109 што не се опишува со зборови 0:03:29.133,0:03:33.554 и имањето апарат при мене[br]само го засили чувството. 0:03:33.698,0:03:37.338 Сите сликавме самостојно,[br]и целосно бевме внесени во мигот, 0:03:37.362,0:03:39.350 со природата, и еден со друг. 0:03:39.374,0:03:40.840 Јасно се сеќавам 0:03:40.864,0:03:44.431 како ги фатив капките вода[br]и пливањето на мечките 0:03:44.455,0:03:47.302 и слатките мечиња што ги следеа мајките. 0:03:47.793,0:03:50.482 Ова доживување ќе го делам со групата, 0:03:50.506,0:03:52.359 и сликиве на кои ќе се навраќаме 0:03:52.359,0:03:53.589 одново и одново 0:03:53.613,0:03:57.704 и токму фотографијата ни овозможи[br]заеднички да го споделиме ова. 0:03:58.518,0:04:00.935 Во други случаи, [br]одлучувам да го оставам апаратот 0:04:00.959,0:04:04.797 и мислам дека ваквиот избор[br]го подобрува доживувањето 0:04:04.821,0:04:06.477 и моето творештво. 0:04:06.672,0:04:09.752 Неодамна го посетив островот Тонга[br]во Јужниот Пацифик 0:04:09.776,0:04:11.413 за да пливам со грбави китови. 0:04:11.887,0:04:14.264 Забележав дека чувстувам притисок 0:04:14.288,0:04:17.146 и обврска да го понесам[br]апаратот со себе, 0:04:17.170,0:04:20.346 а некогаш само сакам [br]да го доживеам моментот. 0:04:20.370,0:04:22.796 Доживувањето е навистина неверојатно. 0:04:22.820,0:04:24.705 Се наоѓате во водата 0:04:24.729,0:04:27.493 заедно со младенче[br]со големина на караван 0:04:27.517,0:04:31.272 опколени сте [br]со ситни светкави честички, 0:04:31.296,0:04:34.044 а мајката грациозно плива[br]под вас. 0:04:34.068,0:04:37.093 Понекогаш[br]го носев апаратот со мене, 0:04:37.117,0:04:40.080 и беше неверојатно [br]да ги фатам тие моменти. 0:04:40.104,0:04:41.976 Но опремата е прилично гломазна. 0:04:42.000,0:04:44.503 Наликува на голема кутија,[br]еве како изгледа. 0:04:44.527,0:04:46.583 Ова стои помеѓу мене и китовите, 0:04:46.607,0:04:50.270 и на моменти е како препрека[br]помеѓу вас и реалноста. 0:04:50.294,0:04:52.605 Различно ли е [br]кога носите само телефон? 0:04:53.135,0:04:55.658 Лани го посетив Улуру, [br]во Централна Австралија, 0:04:55.682,0:04:59.087 тоа е огромна карпа што се [br]издигнува среде пустината. 0:04:59.666,0:05:02.521 Улуру е свето место за Анангу, 0:05:02.545,0:05:04.633 Абориџините од оваа област 0:05:04.657,0:05:06.933 и домородци на таа земја. 0:05:07.455,0:05:11.903 Одредени точки не смеат[br]да се фотографираат професионално, 0:05:11.927,0:05:14.484 бидејќи се чувствителен дел [br]од културата, 0:05:14.508,0:05:17.470 како свето писмо [br]за Анангу племето. 0:05:17.494,0:05:22.032 Затоа, најголем дел од сликите[br]се од многу далеку, како оваа, 0:05:22.056,0:05:24.961 или од одреден агол во паркот. 0:05:24.985,0:05:29.490 Може да се рече дека најинтересните и[br]најубавите глетки во Улуру 0:05:29.514,0:05:31.926 се во чувствителните области, 0:05:31.950,0:05:37.511 но барањето да не ги фотографирате [br]е јасен и директен повик 0:05:37.535,0:05:41.624 да дознаете повеќе [br]за значајноста на земјата и на луѓето. 0:05:41.648,0:05:43.913 Не треба и онака да го правиме тоа? 0:05:43.937,0:05:46.963 Одеднаш, веќе не бев јас најважна 0:05:46.987,0:05:50.171 важно беше да се поврзам со местото. 0:05:50.983,0:05:52.465 Иронично и очекувано, 0:05:52.489,0:05:54.622 сфатив дека присутноста и поврзаноста 0:05:54.646,0:05:57.849 придонесуваат за [br]помоќни слики. 0:05:58.413,0:06:00.775 Сите ги сметаме друштвените мрежи 0:06:00.799,0:06:04.728 како добро место за споделување слики[br]од патувањата и животот. 0:06:05.255,0:06:08.144 Не само што споделуваме [br]делови од светот 0:06:08.168,0:06:10.640 туку и делови од нашите[br]секојдневни доживувања. 0:06:10.664,0:06:14.507 И ако ги правиме сликите [br]со намера 0:06:14.531,0:06:17.631 се надевам и дека [br]ги споделуваме намерно. 0:06:18.380,0:06:23.466 Споделувањето делови[br]од мојата приказна и перспектива 0:06:23.490,0:06:26.228 ме потсети дека не сум сама. 0:06:26.252,0:06:28.475 Ми помогна да создадам[br]поддршка и заедница 0:06:28.499,0:06:30.252 што ќе го прави истото[br]за другите. 0:06:31.212,0:06:32.382 Не ме сфаќајте погрешно: 0:06:32.406,0:06:36.017 Не сакам да ве обесхрабрам. 0:06:36.688,0:06:40.431 Дури и кога има илјадници [br]што го посетиле истото место 0:06:40.455,0:06:42.583 и ја направиле истата слика, 0:06:42.607,0:06:44.936 ве охрабрувам да одите и [br]да направите и вие. 0:06:44.960,0:06:47.286 На светот му треба [br]сечиј глас и перспектива, 0:06:47.310,0:06:48.862 вклучително вашата. 0:06:49.640,0:06:52.858 Но, сакам да ви покажам[br]дека мобилниот или апаратот 0:06:52.882,0:06:55.189 не мора постојано [br]да ви се во раце. 0:06:55.376,0:06:57.221 Сакам да ве охрабрам 0:06:57.245,0:06:59.782 да го тргнете, само за момент -- 0:06:59.806,0:07:01.406 момент за вас. 0:07:01.670,0:07:03.351 Да се вратиме на сводот Меса, 0:07:03.375,0:07:05.694 начинот на кој каменот има[br]портокалов отсјај 0:07:05.718,0:07:09.140 и прекрасните сини нијанси[br]во позадината. 0:07:09.846,0:07:12.624 Што ако следниот пат[br]кога ќе отидете некаде, 0:07:12.648,0:07:15.425 не можете да го понесете [br]апаратот или мобилниот? 0:07:15.601,0:07:18.487 Што ако е забрането фотографирање? 0:07:19.035,0:07:20.859 Ќе се почувстувате ограничено? 0:07:21.618,0:07:24.388 Или ќе ви олесни? 0:07:24.983,0:07:26.159 Што можеме да сториме? 0:07:26.183,0:07:30.017 Кога ќе бидете поттикнати[br]да го извадите апаратот или мобилниот, 0:07:30.041,0:07:33.342 или, во мојот случај, кога ќе сфатите[br]дека веќе сте го извадиле -- 0:07:33.366,0:07:34.446 (смеа) 0:07:34.470,0:07:35.875 Прво: запрете. 0:07:36.567,0:07:37.879 Почекајте. 0:07:37.903,0:07:39.236 Вдишете длабоко. 0:07:40.148,0:07:42.187 Погледнете наоколу. [br]Што забележувате? 0:07:44.045,0:07:46.716 Го доживувате овој момент[br]заедно со некого? 0:07:47.191,0:07:49.867 Запомнете дека моментов[br]се случува само сега. 0:07:50.267,0:07:53.280 Фотографијата може да биде [br]дел од прекрасно доживување. 0:07:53.304,0:07:56.503 Но не давајте ѝ да биде пречка[br]меѓу вас и реалноста. 0:07:56.527,0:07:57.940 Бидете промислени, 0:07:57.964,0:08:01.594 и не губете прекрасен, незаменлив спомен 0:08:01.618,0:08:04.388 зашто сте биле преконцентрирани[br]да направите слика. 0:08:04.677,0:08:05.911 Благодарам. 0:08:05.935,0:08:08.758 (аплауз)