Кога имав 21 год. знаев само англиски да зборувам, што е нормално за нас од земјите од англиско говорно подрачје и имав многу причини дека ова ќе остане така за мене до крајот на животот. Бев убеден во тоа зашто немав природен талент, имав лошо паметење, не можев да патувам се` уште во земјите бев стар, се чувствував стар и бев убеден дека ќе ги нервирам локалните луѓе а јас ќе се срамам. Како капак на сето тоа, на училиште, слабо ми одеа јазиците. Но, имав прилика да се занимавам со јазици откако дипломирав како електро-инжењер, кој зборуваше само англиски. Заминав во Шпанија. Мислев, тоа е тоа. Ќе се се решат проблемите со тоа што ќе живеам во земјата. Не! После 6 месеци во Шпанија не знаев да зборувам шпански. Разумен човек тука би се откажал и би сфатил. Но, јас не сум разумен. Мислев ако го сменам пристапот и начинот, можеби и ќе си ги подобрам јазичните вештини. Она што ме инспирира да почнам да учам јазици е тоа што сретнав еден полиглот. Полигот е човек кој зборува повеќе јазици. Кога првпат ќе сретнете таков човек, не може а да не сте воодушевени. На пример, некој Британец по име Ричард на онлајн видео зборува 16 јазици. Ќе ви покажам еден исечок овде и може да го видите: француски, естонски, чешки и каталонски што е многу импресивно. Лука од Италија истотака, слушнете како зборува германски и португалски. Еве ја и Сузана овде со италијански и руски. Има едно импресивно видео што го гледав за 16-годишниот Тим од Америка, кој зборува 20 јазици на снимката, еве тука може да го видите: волоф, јидиш, хебрејски, арапски, турски, свахили и хинди, Навистина чудесно. Имам сретнато вакви луѓе и навистина сум импресиониран. Помислував колку сакав да бидам како нив. Но причината зошто сакав да бидат таков беше потребата луѓето да ме сметаат за паметен, да бидат воодушевени од мене, така, кога го сретнав овој полиглот во Шпанија со мојата, навидум мотивираност, зашто сметав дека е кул да се учат јазици, не успеав. Во текот на тие 6 месеци открив дека најголемиот проблем при учењето на странски јазици кој не го знаеме, е мотивацијата. Повеќето од нас тргнуваат со погрешна мотивација за да научат јазик. Учиме јазик колку да положиме испит, или да напредуваме во кариерата, или, како во мојот случај за нереални причини да оставиш впечаток кај луѓето. Сфатив дека тие полиглоти кои ги видовте на видеото, причината зашто учеле јазици била страста кон јазиците. Имаат страст кон литература, филмови и желба да можат да читаат на друг јазик и да го применуваат во комуникација со други луѓе. Кога го сменав приоритетот на употребата на јазикот кај луѓето можев сам да учам јазици. Има многу работи кои луѓето сметаат дека ги попречуваат за да учат јазик. Сега ќе ви предочам.. Мислам дека има 5, прашав многумина, има 5 главни причини поради кои тие никогаш не учеле јазици. Да видиме кои се тие. Прво, тие немаат ген за јазици, немаат талент. Да се нема ген или талент, што значи тоа? Ова понекогаш е самоисполнувачко пророштво. Во мојот случај, кога морав да учам јазик додека растев, или 6-те безуспешни месеци учење шпански сам себе си повторував: `Немам дарба за јазици, и нема смисла да вложувам напори.` Оти не се трудев, не го научив јазикот. Тоа е еден маѓепсан круг, сето тоа е во вашата глава. Не постои ген за јазици, ние веќе го имаме. Но, понекогаш помислуваме на оние кои умеат подобро од нас, сме ги гледале на училиште, луѓе кои побрзо напредуваат од останатите. Може да има некоја вродена особина која дава 20% предност во однос на останатите. Блазе ним! Но тоа не значи дека вие не можете, тоа значи дека ќе мора да работите 20% повеќе. Тоа го открив кај себе, кога работам понапорно, можам да ги стигнам природните таленти, дури и да ги надминам. Значи, немањето талент не е оправдување. Следната причина, ако сте веќе стари за да учите странски јазик, вака се чувствував и јас, зашто до 21-год. не научив ниту еден друг јазик, и многумина сметаме дека децата.. нивниот мозок е програмиран да учи јазици побрзо. Но, овде игра улога неврологијата или можеби околината во која детето го учи јазикот. Една студија на Хаифа Универзитетот во Израел открива дека во погодни услови возрасните подобро учат јазици од децата. Звучи неверојатно, но зависи од средината, од мотивацијата, од ентузијазмот и охрабрувањето што го добиваме од другите. Помислете на тоа, возрасните учат од стари граматики и решаваат досадни вежби, додека децата си играат со јазикот низ игра. Кога сфатив дека треба да живеам низ јазикот, не да го учам туку да го живеам, тогаш ќе бидам поуспешен. Значи не сте престари за да учите јазик. Среќавав луѓе на 60 год. возраст кои почнуваа да учат јазик и беа успешни во тоа. Следното оправдување на луѓето би било дека немаат можност да патуваат во земјата. Пред 20 год. ова можеби ќе беше реална причина, но денес светот е помал отколку што мислиме. Заради интернетот, можеме да се поврземе со изворни говорници од цел свет и може да видите дека во голем број случаеви тие би го учеле вашиот јазик, парите дури и не се проблем зашто вие ги учите по нешто и тие ве учат вам. Но, да го оставиме интернетот за миг. Могумина живееме во градови кои се интернационални повеќе од што мислиме. Кога патував во Америка, бев во Колумбус, Охајо за да се сретнам со еден интересен полиглот, Мозес. Тој прави нешто што го нарекува `leveling up`- -оди на мали места и наоѓа странци со кои може да вежба некој јазик. Му се придружив во еден мал трговски центар во Колумбус, и успеавме да вежбаме 12 јазици. На овој инсерт можете да видите: кантонски, кмерски и можете да видите како го почитуваат неговиот напор. Значи, може да се учи јазик било каде; сакав да видам до каде е границата, и со мојот последен проект отидов во средиштето на Бразил, од сите можни места, за да учам египетско-арапски. И успеав, зашто иако немаше египќани околу мене, отидов на Скајп и зборувв 1-2 часа дневно и успеав да стигнам на разговорно ниво. Значи НЕ! Неможноста да се патува во земјата не е оправдание. Друго нешто што луѓето би можеле да речат е дека имаат лоша меморија за учење зборови. Токму тоа го почувствував зашто кога првпат се обидов да учам шпански, имав голем список со зборови кои се обидував да ги научам и брзо ги заборавав. Но, истржувањата на капацитетот на памтењето ни откриваат дека е подобро да ги повторувате зборовите со точна фреквенција. Постои едн техника наречена `интервално повторување` кога ги повторувате зборовите пред да ги заборавите. Тоа е нешто слично на оваа линија на заборавање, црвената линија е она што обично се случува кога првпат го гледате зборот, но за да влезе во главата и да остане таму трајно повторувајте го да бидете сигурни, на пример утредента или после 1 недела, па после еден месец. Постојат апликации и во вашите телефони и бесплатни програми кои ги спуштате и ви помагаат да усогласите сѐ. Тоа е одлично, но можете да учите зборови уште побрзо и подобро ако го комбинирате со техника на асоцијација со слика. На пример,ако сакам да запаметам дека на шпански за `дава` се вика `dar`, ќе замислам дека давам подарок /дар. `Dar`-дар (дава дар). Ова може да се прави со многу зборови и со време станува сѐ полесно и можете брзо да учите зборови. Значи, лошата мемморија не е добра причина. Друго, и мислам дека е најважно, кога луѓето велат дека ќе ги нервираат изворните говорници, што не е вистина. Имам одено на многу места, имам зборувано со многу луѓе и кога се обидувам да зборувам на нивниот јазик тие уживат и се радуваат што се обидувам. Мислам дека, особено возрасните, кога учиме странски јазик, ние сме перфекционисти, сакаме сѐ да е на свое место, а перфекционизмот е лоша работа во учењето јазик зашто јазикот е средство за комуникација, начин да се запознаат нови луѓе и и нови култури и кога ќе го прифатите тоа, тогаш е во ред да се греши. Јас всушност имам цел да правам 200 грешки дневно зашто така знам дека одам некаде, го употребувам јазикот Значи, прифатете се себе си, излезете, зборувајте со луѓето, во ред е. Што мислите каде учев подобро јазик: овде? или овде? (Смеа) Секој може да научи јазик ако го користи со луѓето, и во ред е ако се почне да се користи рано. Важно е да не чекате додека не проговорите совршено и течно. Ќе научите побрзо отколку што мислите и ќе ви се отворат многу врати кон други култури. На пример, откако научив арапски во Бразил, отидов во Египет, дури до пустината Сахара седнав на песокот со еден Египќанец, пиевме чај, си направивме муабет вака: ( арапски) (арапски) а тука велам дека Египет е толку пространа и голема земја и многу повеќе од плоштадот Тахир во Каиро. Додека зборував со него, ќе кажев по некој погрешен збор и глаголите погрешно ги менував, но тоа е во ред бидејќи дури и на ова ниво на разговор имав чудесен разговор со него. Ова го имам правено и со други култури и други јазици дури нучив малку и американски знаковен јазик. Тука гледате како Јулијана ме прашува зошто не научив ирски знаковен јазик и реков дека кога сум во Ирска сакам да го подобрам ирскиот и галскиот јазик кои можам да ги зборувам таму; (ирски) тоа сум јас на ирското радио каде зборувв за моите патувања и слично а учев ирски 10 год. на училиште и не умеев да ги кажам основните фрази после тоа. Но, како возрасен се вратив во Ирска и прифатив да го учам јазикот како почетник. Тоа ми помогна да стигнам до овој степен. Сосема е во ред да се биде почетник, во ред е да се биде на разговорно ниво, но кога ќе се впуштите во тоа одите на наредното ниво и можете да постигнете повеќе. Сметам дека имам добро ниво на француски, шпански и други јазици. Работев како професионален преведувач како овде каде зборувам фрнцуски: (француски) и тоа е она што сите го велат кога почнуваат со учење на јазик, велат `Тоа го сакам, сакам да бидам на ова високо стручно ниво, да водм длабоки,филозофски разговори.` Тоа е фантастично и да, импресивно е кога гледате такви луѓе. Но,наместо тоа милсма дека е подобро ако се прифатите како почетник во учењето јазик. Едно од најчудесните искуства што ги имав е кога бев во Кина, во воз на 2000 км во внатрешноста на Кина, и започнав основна комуникација со`Како се викаш` и на крај го дознав моето кинеско име таму во возот, погледнете како беше: (кинески) `Како се викш?` `Се викам Бени.` (кинески) `Јас немам кинеско име.` Потоа сопатникот вели: `Јас ќе ти кажам-ти се викаш Пун Ли` бидејќи тоа звучи како твоето име а тоа значи способност или вештина.` Гледате умеам да го водам овој разговор дури и со основно ниво на кинески. И имам способност. Имам вештини за учење на јазици. Но, сум ги имал одсекогаш, сите ги имаме. Ги имам вештините, не затоа што јас сум роден со нив а другите не, туку затоашто јас така одлучив. И проблемот со кој се соочуваме е дека подобро е да учиме и да се подготвуваме да го зборуваме јазикот еден ден зашто ако го правиме тоа прерано светот ќе се сруши од силните фрустрации кои им ги предизвикуваме на луѓето. Има седум дена во неделата и некој ден не е ниту еден од нив. Велам, наместо да гледаме дали светот ќе се руши, еден нов свет ќе започне ако почнете да учите нов јазик. Се надевам ќе се обидете. Ви благодарам! (Аплауз)