Во јули 1911год.,
35 годишниот професор на Јеил тргна од
кампот во џунглата
со неговиот тим.
По искачувањето на стрмен рид
и по бришењето на потта од веѓите,
тој опиша што гледа под него.
Го здогледал под густата вегетација на
џунглата
овој прекрасен лавиринт на структури
изградени од гранит,
прекрасно составени
Тоа што е неверојатно за овој проект
е тоа што е првиот финансиран од
Нешнл Џиографик,
и стоел на насловната страна на магазинот
во 1912 год.
Овој професор ја користел најдобрата
опрема за фотографија
да го забележи овој локалитет,
засекогаш менувајќи го лицето на
истражувањето.
Овој локалитет беше Мачу Пикчу,
откриен и истражен од Хирам Бингам.
Кога го здогледал локалитетот, прашал,
"Ова е невозможен сон.
Што може да биде?"
Денес,
100 год. подоцна,
ве канам на неверојатно патување со мене,
37 годишен професор на Јеил.
(Честитки)
Нема да правиме ништо друго освен
користење на најнова технологија
за да мапираме една цела земја.
Овој сон е започнат од Хирам Бингам,
но го прошируваме низ светот,
правејќи го археолошкото истражување
поотворено, инклузивно,
на ниво кое претходно не било возможно.
Поради ова сум многу возбудена
да споделам со вас денеска
дека ќе ја започнеме 2016 TED Prize
платформата
во Латинска Америка
поточно во Перу.
(Аплауз)
Ви Благодарам.
Ќе го земеме невозможниот сон на Хирам
Бингам
и ќе го претвориме во неверојатна иднина
која сите заедно можеме да ја споделиме.
Перу го нема само Мачу Пикчу.
Има навистина прекрасен накит,
како што можете да видите овде.
Има неверојатни Моче глинени човечки
фигури
Ги има Назка линиите
и неверојатен текстил.
Како дел од TED Prize платформата,
ќе створиме партнерство со некои
организации,
најпрво со DigitalGlobe, светскиот број
еден снабдувач
на комерцијални сателитски снимки со
висока резолуција.
Ќе ни помогнат да ја изградиме
оваа неверојатна платформа која ќе
собира информации.
Можеби некој од вас ја користи
со уривањето на MH370 и потрагата по
авионот.
Секако тие ќе нè снабдуваат со
сателитските снимки.
Нешнл Џиографик ќе ни помогне со
едукацијата и истражувањето.
Исто така ќе нè снабдат и со богата
содржина за платформата,
вклучувајќи и некои архивски слики како
онаа што ја видовте на почетокот
исто така и некои документарни снимки.
Веќе почнавме да ја градиме и
планираме платформата,
и многу сум возбудена.
Еве интересен дел.
Мојот тим воден од Чејс Чајлдс,
веќе почна да ги разгледува сателитските
снимки.
Се разбира овде можете да видите податоци
од 0.3-метри
Овој локалитет се вика Чан Чан во Северно
Перу
Датира од 850 год. п.н.е.
Тоа е навистина интересен град, но да
зумираме.
Ова е видот и квалитетот на податоците кои
сите вие ќе можете да ги видите.
Можете да видите посебни структури,
градби.
Почнавме да наоѓаме досега непознати
локации.
Можеме да кажеме дека како дел од
платформата,
ќе ни помогнете да откриеме илјадници
претходно непознати локации,
како овој овде,
и можеби како овој поголемиот овде.
За жал, почнавме и да наоѓаме големо ниво
на кражби на локациите,
како што гледате овде.
Многу локации во Перу се загрозени,
но добрата вест е тоа што сите овие
податоци
ќе бидат споделени со археолози од
првите редови
кои ги штитат овие локации.
Неодамна бев во Перу, се сретнав со
министерот за култура
исто како и со УНЕСКО.
Ќе бидеме блиски соработници со нив.
Само за да знаете,
локалитетот ќе биде на Англиски, а воедно
и на Шпански,
што е апсолутно потребно за да се
осигура
дека луѓето во Перу и низ Латинска Америка
можат да учествуваат.
Нашиот главен истражувач е господинот што
го гледате овде,
Др. Луис Хаиме Кастило,
професор на Католичкиот Универзитет.
Како реномиран Перуански археолог и
поранешен заменик-министер,
Др. Кастило ќе ни помогне податоците да се
координираат и споделат со археолозите
за тие да можат да истражуваат
Тој исто така ја води програмата за
мапирање со дронови,
некои од снимките кои можете да ги видите
позади мене овде и овде.
Овие податоци ќе бидат вметнати
во платформата,
и исто така ќе ни помогне да снимиме некои
од локалитетите кои вие ќе ги најдете.
Нашиот партнер
кој ќе ни помогне со едукацијата,
и со зачувување на компонентите
е Sustainable Preservation Initiative,
водена од Др. Лару Кобен.
Некој од вас можеби не знае
дека едни од најсиромашните заедници
на планетата
се наоѓаат близу до некои од најпознатите
археолошки локалитети.
Тоа што SPI го прави
е зајакнување на овие заедници,
во главно жените,
со нови економски пристапи и бизнис
обуки.
Тоа им помага да создадат прекрасни
ракотворби
кои потоа ги продаваат на туристи.
Ги потикнуваат жените да го ценат
културното наследство
и да го присвојат истото.
Имав шанса да поминам некое време со 24
од овие жени
на добро познатиот археолошки локалитет
Пачакамак, веднаш до Лима.
Овие жени инспирираат,
тоа што SPI го прави ќе ни помогне да ги
преобратиме заедниците
близу некои локалитети кои вие ќе
помогнете да се откријат
Перу е само почетокот.
Ќе ја прошириме оваа платформа низ светот,
но веќе добив илјадници мејлови
од луѓе насекаде низ светот --
професори, едукатори, студенти,
и други археолози --
кои се возбудени да учествуваат.
Всушност тие предложуваат интересни
локации кои можеме да ги откриеме,
вклучувајќи го и Атлантис.
Не знам дали ќе го бараме Атлантис, но
никогаш не се знае.
Многу сум возбудена што ќе ја започнеме
оваа платформа.
Формално ќе започне на крајот на годината.
Морам да кажам,
ако тоа што мојот тим го откри во минатите
неколку недели е индикатор,
тоа што светот ќе го открие е надвор од
сите замисли.
Задолжително држете се за вашите
алпаки.
Ви Благодарам.
(Аплауз)
Ви Благодарам
(Аплауз)