WEBVTT 00:00:00.471 --> 00:00:02.955 Големите текстови од античкиот свет 00:00:02.955 --> 00:00:06.270 не доспеваат до нас во нивната оригинална форма. 00:00:06.270 --> 00:00:09.789 Тие опстоиле зашто средновековните писари 00:00:09.789 --> 00:00:11.788 ги препишувале и ги препишувале и ги препишувале. 00:00:11.788 --> 00:00:14.438 А истото е случај и со Архимед, 00:00:14.438 --> 00:00:16.204 големиот грчки математичар. NOTE Paragraph 00:00:16.204 --> 00:00:19.206 Сè што знаеме за Архимед како математичар 00:00:19.206 --> 00:00:21.904 знаеме врз основа на само три книги, 00:00:21.904 --> 00:00:23.820 ословени А, Б и В (латинично: A, B, C). 00:00:23.820 --> 00:00:28.653 Книгата А ја изгубил италијански хуманист во 1564 год, 00:00:28.653 --> 00:00:31.456 а за Б последен пат се чуло во библиотеката на папата, 00:00:31.456 --> 00:00:37.288 на стотина милји северно од Рим, во Витербо, 1311 год. 00:00:37.288 --> 00:00:41.585 Е сега... Кодексот В бил откриен дури во 1906 година, 00:00:41.585 --> 00:00:44.134 а слета на моето биро во Балтимор 00:00:44.134 --> 00:00:48.260 на 19 јануари 1999 година. 00:00:48.260 --> 00:00:50.678 И ова овде е Кодексот В. NOTE Paragraph 00:00:50.678 --> 00:00:55.847 Е сега, Кодексот В, всушност, е закопан во оваа книга. 00:00:55.847 --> 00:00:57.297 Тоа е закопано богатство 00:00:57.297 --> 00:00:59.632 зашто оваа книга, всушност, е молитвеник, 00:00:59.632 --> 00:01:02.596 изготвен од страна на извесен Јоханес Миронес 00:01:02.596 --> 00:01:06.213 на 14 април 1229 година. 00:01:06.213 --> 00:01:08.698 За да го направи молитвеникот, користел пергамент. 00:01:08.698 --> 00:01:11.113 Но не употребил нов пергамент, 00:01:11.113 --> 00:01:14.427 туку рециклиран пергамент од стари ракописи, 00:01:14.427 --> 00:01:16.164 а имало седум на број. 00:01:16.164 --> 00:01:19.647 Архимедовиот Кодекс В бил само еден од тие седум. 00:01:19.647 --> 00:01:25.114 Ги извадил и ги разделил страницитете од Архимедовиот и од останатите седум ракописи, 00:01:25.114 --> 00:01:28.497 целосно ги избришал текстовите, 00:01:28.497 --> 00:01:30.915 потоа ги пресекол листовите долж средина, 00:01:30.915 --> 00:01:33.159 ги помешал, 00:01:33.159 --> 00:01:35.077 ги ротирал за 90 степени 00:01:35.077 --> 00:01:37.129 и испишал молитви врз овие книги. 00:01:37.129 --> 00:01:38.826 И, во суштина, овие седум ракописи 00:01:38.826 --> 00:01:43.174 исчезнале на 700 години, а ние сега имаме молитвеник. NOTE Paragraph 00:01:43.174 --> 00:01:46.423 Молитвеникот бил откриен од овој дечко, 00:01:46.423 --> 00:01:49.150 Јохан Лудвиг Хеиберг, во 1906 година. 00:01:49.150 --> 00:01:50.591 И тој, само со лупа, 00:01:50.591 --> 00:01:53.475 препишал од текстот колку што можел повеќе. 00:01:53.475 --> 00:01:56.657 Интересното е што открил два текста во овој ракопис 00:01:56.657 --> 00:01:58.425 коишто биле уникатни (различни) текстови. 00:01:58.425 --> 00:02:00.025 Тие воопшто не биле содржани во А и Б; 00:02:00.025 --> 00:02:01.723 биле сосема нови текстови од Архимед 00:02:01.723 --> 00:02:04.958 и биле наречени „Методот“ и „Стомакион“. 00:02:04.958 --> 00:02:07.227 И ова постанува светски познат ракопис. NOTE Paragraph 00:02:07.227 --> 00:02:09.042 Значи, веќе би требало да е јасно 00:02:09.042 --> 00:02:11.756 дека оваа книга е во лоша состојба. 00:02:11.756 --> 00:02:15.226 Нејзината состојба се влошила во 20-от век, 00:02:15.226 --> 00:02:16.958 откако Хеиберг ја видел. 00:02:16.958 --> 00:02:18.475 Врз неа биле насликани фалсификати, 00:02:18.475 --> 00:02:21.558 а и сериозно настрадала од мувла. 00:02:21.558 --> 00:02:25.308 Оваа книга е дефиниција за обезвреднување. 00:02:25.308 --> 00:02:27.042 Тоа е таква книга 00:02:27.042 --> 00:02:29.707 за која си мислиш дека би била во институција. 00:02:29.707 --> 00:02:31.893 Но не е во институција, 00:02:31.893 --> 00:02:36.525 била купена од приватен сопственик во 1998 год. NOTE Paragraph 00:02:36.525 --> 00:02:38.275 Зошто ја купил оваа книга? 00:02:38.275 --> 00:02:41.812 Затоа што сакал кревкото да го направи безбедно. 00:02:41.812 --> 00:02:45.058 Сакал уникатното да го направи сеприсутно. 00:02:45.058 --> 00:02:49.724 Сакал скапоценото да го направи бесплатно. 00:02:49.724 --> 00:02:52.859 И сакал ова да го направи по прашање на принцип. 00:02:52.859 --> 00:02:57.391 Зашто, навистина, не многу луѓе би го читале Архимед на антички грчки, 00:02:57.391 --> 00:03:00.075 но би требало да имаат шанса да го сторат тоа. NOTE Paragraph 00:03:00.075 --> 00:03:03.374 Па... ги собрал околу себе пријателите на Архимед 00:03:03.374 --> 00:03:05.510 и ветил дека ќе им плати за севкупната работа. 00:03:05.510 --> 00:03:07.208 А ова било скапа работа, 00:03:07.208 --> 00:03:10.678 но, реално, и не толку колку што си мислите 00:03:10.678 --> 00:03:12.843 бидејќи овие луѓе... тие не дошле поради пари, 00:03:12.843 --> 00:03:14.662 дошле поради Архимед. 00:03:14.662 --> 00:03:16.378 А дошле од разноразни видови профили: 00:03:16.378 --> 00:03:18.561 дошле од полето на физика на елементарни честички 00:03:18.561 --> 00:03:20.127 дошле од полето на класичната филологија, 00:03:20.127 --> 00:03:22.095 дошле од полето на конзервација на книги, 00:03:22.095 --> 00:03:24.677 од полето на старогрчка математика, 00:03:24.677 --> 00:03:26.594 од полето на менаџмент на податоци, 00:03:26.594 --> 00:03:29.511 на научна обработка на слики и управување со програми. 00:03:29.511 --> 00:03:33.067 И тие се собраа за заедно да работат на овој ракопис. NOTE Paragraph 00:03:33.067 --> 00:03:36.878 Првиот проблем беше проблемот на конзервација. 00:03:36.878 --> 00:03:39.311 А ова е нештото со коешто требаше да се справиме: 00:03:39.311 --> 00:03:41.511 Имаше лепак на 'рбетот на книгата. 00:03:41.511 --> 00:03:43.712 И ако погледнете внимателно во оваа фотографија, 00:03:43.712 --> 00:03:45.760 долната половина е прилично кафеава. 00:03:45.760 --> 00:03:47.128 Тој лепак е туткал од (животинска) кожа. 00:03:47.128 --> 00:03:48.513 Е сега, ако сте конзерватор, 00:03:48.513 --> 00:03:50.645 овој лепак можете да го отстраните прилично лесно. 00:03:50.645 --> 00:03:54.010 Горната половина е Елмеров лепак за дрво (дрвофикс). 00:03:54.010 --> 00:03:56.127 Тоа е емулзија од поливинилски ацетат 00:03:56.127 --> 00:03:58.794 којашто не се раствора во вода откако ќе се исуши. 00:03:58.794 --> 00:04:01.960 И многу е поцврста од пергаментот врз кој е пишувано. 00:04:01.960 --> 00:04:05.311 Така, пред да можеме да отпочнеме со вадење снимки од Архимед 00:04:05.311 --> 00:04:06.760 моравме да ги вадиме страниците од книгата. 00:04:06.760 --> 00:04:09.611 Па, за да се извадат, потребни беа четири години. 00:04:09.611 --> 00:04:13.144 А ова е ретка снимка од акцијата, дами и господа. NOTE Paragraph 00:04:13.144 --> 00:04:15.915 (смеа) NOTE Paragraph 00:04:15.915 --> 00:04:20.181 Друга работа е тоа што требаше да се ослободиме од сиот восок, 00:04:20.181 --> 00:04:22.416 бидејќи ова било користено при литургиите 00:04:22.416 --> 00:04:24.157 на Грчката Православна Црква, 00:04:24.157 --> 00:04:25.468 а тие користеле восок од свеќа. 00:04:25.468 --> 00:04:27.331 А восок од свеќа беше валкан, 00:04:27.331 --> 00:04:28.564 па не можевме да правиме снимки преку восокот. 00:04:28.564 --> 00:04:31.899 Затоа требаше многу внимателно, механички да го истругаме целиот восок. NOTE Paragraph 00:04:31.899 --> 00:04:33.801 Тешко е прецизно да ви се каже 00:04:33.801 --> 00:04:36.515 колку е лоша состојбата на оваа книга, 00:04:36.515 --> 00:04:39.281 но многу често од неа се одвојуваа мали делчиња. 00:04:39.281 --> 00:04:41.631 И, вообичаено, не би се грижеле за вака мали делчиња кај една книга, 00:04:41.631 --> 00:04:44.631 но овие мали делчиња би можеле да содржат уникатен текст на Архимед. 00:04:44.631 --> 00:04:46.930 Значи, ситни фрагменти, 00:04:46.930 --> 00:04:51.671 всушност, успеавме да ги вратиме на вистинското место. NOTE Paragraph 00:04:51.671 --> 00:04:55.381 Потоа, откако го направивме тоа, започнавме да вадиме снимки од ракописот. 00:04:55.381 --> 00:04:56.881 И извадивме снимки од ракописот 00:04:56.881 --> 00:04:58.909 во 14 различни групи бранови должини на светлина. 00:04:58.909 --> 00:05:02.815 Бидејќи ако гледате нешто во различни групи бранови должини на светлина, 00:05:02.815 --> 00:05:04.031 гледате различни работи. 00:05:04.031 --> 00:05:05.598 А ова е снимка на страница 00:05:05.598 --> 00:05:08.115 снимена со 14 различни групи бранови должини на светлина. NOTE Paragraph 00:05:08.115 --> 00:05:10.248 Но ниедна од нив не заврши работа. 00:05:10.248 --> 00:05:14.665 Потоа направивме взаемно процесирање на сликите, 00:05:14.665 --> 00:05:17.965 и две од нив сместивме на празен екран. 00:05:17.965 --> 00:05:20.798 И, еве, тука имаме две различни снимки од Архимедовиот ракопис. 00:05:20.798 --> 00:05:22.614 Сликата лево 00:05:22.614 --> 00:05:23.965 е нормална црвена снимка. 00:05:23.965 --> 00:05:25.877 А сликата десно е ултравиолетова снимка. 00:05:25.877 --> 00:05:27.017 Во сликата десно 00:05:27.017 --> 00:05:29.465 можеби ќе успеете да видите по нешто од Архимедовиот текст. 00:05:29.465 --> 00:05:32.447 Ако ги споите на една дигитална површина 00:05:32.447 --> 00:05:35.265 пергаментот е светол кај двете снимки 00:05:35.265 --> 00:05:37.140 и излегува светол. 00:05:37.140 --> 00:05:40.156 Молитвеникот е темен кај двете снимки 00:05:40.156 --> 00:05:41.853 и излегува темен. 00:05:41.853 --> 00:05:45.204 Архимедовиот текст, пак, е темен на едната снимка, а светол на другата. 00:05:45.204 --> 00:05:47.604 Тој ќе излезе дека е темен, но црвен 00:05:47.604 --> 00:05:49.871 и тогаш можеш да почнеш да го читаш прилично јасно. 00:05:49.871 --> 00:05:52.713 И тоа изгледа вака. NOTE Paragraph 00:05:52.713 --> 00:05:56.055 Е сега, ова е снимка на пред и потоа, 00:05:56.055 --> 00:05:59.037 но вака не можеш да ја прочиташ снимката. 00:05:59.037 --> 00:06:01.656 Зумираш и зумираш 00:06:01.656 --> 00:06:05.204 и зумираш и зумираш, 00:06:05.204 --> 00:06:07.272 па дури сега можеш да ја прочиташ. NOTE Paragraph 00:06:07.272 --> 00:06:13.620 (аплауз) NOTE Paragraph 00:06:13.620 --> 00:06:17.200 Ако ги процесирате истите две снимки на различен начин, 00:06:17.200 --> 00:06:19.770 всушност, би можеле да се ослободите од текстот на молитвеникот. 00:06:19.770 --> 00:06:20.788 А ова е ужасно важно 00:06:20.788 --> 00:06:23.771 зашто дијаграмите во ракописот 00:06:23.771 --> 00:06:26.238 се уникатниот извор на дијаграми 00:06:26.238 --> 00:06:29.055 коишто Архимед ги нацртал во песокот во 4 век п.н.е. 00:06:29.055 --> 00:06:32.094 И, еве сме... можам да ви ги дадам на вас. NOTE Paragraph 00:06:32.094 --> 00:06:34.438 Со ваков вид на снимање -- 00:06:34.438 --> 00:06:37.104 ваков вид на снимање со инфрацрвени, ултравиолетови и невидливи светлини -- 00:06:37.104 --> 00:06:39.704 никогаш немаше да снимиме низ златната основа на фалсификатите. 00:06:39.704 --> 00:06:41.557 Како ќе го направевме тоа? 00:06:41.557 --> 00:06:43.520 Па, го земавме ракописот 00:06:43.520 --> 00:06:47.807 и решивме истиот да го снимиме со рендгенско флуоресцентно снимање. 00:06:47.807 --> 00:06:50.821 Така, рендген зракот влегува во дијаграмот лево 00:06:50.821 --> 00:06:54.673 и исфрла електрон од внатрешна обвивка на атомот. 00:06:54.673 --> 00:06:56.671 И тој електрон исчезнува. 00:06:56.671 --> 00:07:00.306 Како што тој исчезнува, електрон од подалечна обвивка 00:07:00.306 --> 00:07:02.788 доскокнува и му го завзема местото. 00:07:02.788 --> 00:07:04.221 И кога ќе му го завземе местото 00:07:04.221 --> 00:07:07.055 ослободува електромагнетна радијација. 00:07:07.055 --> 00:07:08.487 Ослободува рендген зрак. 00:07:08.487 --> 00:07:11.138 Овој рендген зрак има специфична бранова должина 00:07:11.138 --> 00:07:13.020 во однос на атомот којшто го погодува. NOTE Paragraph 00:07:13.020 --> 00:07:15.188 А она што сакавме да го добиеме 00:07:15.188 --> 00:07:16.921 беше железото. 00:07:16.921 --> 00:07:18.788 Зашто мастилото беше испишано на железо. 00:07:18.788 --> 00:07:20.471 И ако можеме да мапираме 00:07:20.471 --> 00:07:23.055 од каде излегува овој рендген зрак, од каде доаѓа, 00:07:23.055 --> 00:07:25.121 ќе можеме да го мапираме целото железо на страницата, 00:07:25.121 --> 00:07:27.720 и тогаш, теоретски, можеме да ги прочитаме снимките. NOTE Paragraph 00:07:27.720 --> 00:07:32.055 Работата е во тоа што ви треба многу моќен светлосен извор за да го направите ова. 00:07:32.055 --> 00:07:35.429 Па, го однесовме во лабораторијата за синхротона радијација во Стенфорд, 00:07:35.429 --> 00:07:36.871 во Калифорнија, 00:07:36.871 --> 00:07:38.439 којашто е забрзувач (акцелератор) на честички. 00:07:38.439 --> 00:07:40.171 Електроните кружат во една насока, 00:07:40.171 --> 00:07:41.788 а позитроните во друга. 00:07:41.788 --> 00:07:43.104 Тие се среќаваат на средина 00:07:43.104 --> 00:07:45.540 и создаваат субатомски честички 00:07:45.540 --> 00:07:47.770 како ц-кваркот (charm-quark) и тау лептонот (tau lepton). 00:07:47.770 --> 00:07:50.792 Е сега, реално, немавме намера Архимед да го ставиме во тој зрак. 00:07:50.792 --> 00:07:54.340 Но, како што електроните кружат со брзина на светлината, 00:07:54.340 --> 00:07:55.607 тие ослободуваат рендгенски зраци. 00:07:55.607 --> 00:07:58.257 И ова е најмоќниот светлински извор во Сончевиот систем. 00:07:58.257 --> 00:08:00.206 Ова се нарекува синхротрона радијација 00:08:00.206 --> 00:08:02.024 и таа вообичаено се користи за да се гледа на нешта 00:08:02.024 --> 00:08:03.691 како протеини и такви слични работи. 00:08:03.691 --> 00:08:07.688 Но, сакавме да гледаме атоми, железни атоми, 00:08:07.688 --> 00:08:10.557 како би можеле да ја читаме страницата пред и потоа. 00:08:10.557 --> 00:08:12.855 И, да видиш, да не веруваш, откривме дека можеме да го направиме тоа. 00:08:12.855 --> 00:08:16.303 Беа потребни околу 17 минути за една страна. NOTE Paragraph 00:08:16.303 --> 00:08:18.958 Значи, што откривме? 00:08:18.958 --> 00:08:21.140 Па... еден од уникатните текстови на Архимед 00:08:21.140 --> 00:08:22.943 е именуван „Стомакион“. 00:08:22.943 --> 00:08:25.357 А ова не постоеше во Кодексите А и Б. 00:08:25.357 --> 00:08:27.776 А знаевме дека го вклучуваше овој квадрат. 00:08:27.776 --> 00:08:29.569 Ова е совршен квадрат 00:08:29.569 --> 00:08:31.590 и е поделен на 14 делчиња. 00:08:31.590 --> 00:08:34.373 Но, никој не знаеше што правел Архимед со овие 14 делчиња. 00:08:34.373 --> 00:08:36.557 А сега мислиме дека веќе знаеме. 00:08:36.557 --> 00:08:38.324 Тој се обидувал да реши 00:08:38.324 --> 00:08:40.857 на колку начини можеш да ги рекомбинираш тие 14 делови 00:08:40.857 --> 00:08:43.184 и повторно да добиеш совршен квадрат. 00:08:43.184 --> 00:08:46.686 Сака некој да го погоди одговорот? 00:08:46.686 --> 00:08:52.048 Тоа е 17.152 поделено на 536 семејства. 00:08:52.048 --> 00:08:54.415 A важната поента околу ова 00:08:54.415 --> 00:08:58.129 е што ова е најдамнешното проучување на комбинаториката во математиката. 00:08:58.129 --> 00:09:01.893 А комбинаториката е прекрасна и интересна гранка на математиката. NOTE Paragraph 00:09:01.893 --> 00:09:05.128 Вистинската воодушевувачка работа околу овој ракопис 00:09:05.128 --> 00:09:07.497 е тоа дека ги гледавме и другите ракописи 00:09:07.497 --> 00:09:08.915 коишто палимпсестерот ги имал направено 00:09:08.915 --> 00:09:11.481 (од кои писарот ја составил својата книга) 00:09:11.481 --> 00:09:14.413 и еден од тие беше ракопис кој содржи текст од Хиперид. 00:09:14.413 --> 00:09:18.781 Е сега... Хиперид бил атински оратор од 4-от век п.н.е. 00:09:18.781 --> 00:09:21.198 Тој бил вистински современик на Демостен. 00:09:21.198 --> 00:09:25.597 И, во 338 година п.н.е, тој и Демостен заедно 00:09:25.597 --> 00:09:27.281 одлучиле дека сакаат да се спротивстават 00:09:27.281 --> 00:09:29.281 на воената моќ на Филип Македонски. 00:09:29.281 --> 00:09:32.930 Па така, Атина и Теба тргнале да се борат против Филип Македонски 00:09:32.930 --> 00:09:34.198 Ова било лоша идеја 00:09:34.198 --> 00:09:37.631 зашто Филип Македонски имал син, Александар Велики, 00:09:37.631 --> 00:09:39.914 па ја изгубиле битката кај Херонеја. NOTE Paragraph 00:09:39.914 --> 00:09:42.632 Александар Велики продолжил да го освојува познатиот свет; 00:09:42.632 --> 00:09:45.382 а Хиперид го снашло судење за предавство. 00:09:45.382 --> 00:09:48.982 И ова е говорот којшто тој го дал додека бил на судење. 00:09:48.982 --> 00:09:50.130 А говорот е одличен: 00:09:50.130 --> 00:09:52.398 „Најдобро од сè е да се победи. 00:09:52.398 --> 00:09:54.132 Но ако не можеш да победиш, 00:09:54.132 --> 00:09:56.173 тогаш треба да се бориш за благородна кауза 00:09:56.173 --> 00:09:57.748 зашто тогаш ќе бидеш запаметен. 00:09:57.748 --> 00:09:59.346 Размислете за спартанците. 00:09:59.346 --> 00:10:01.214 Тие извојувале бројни победи, 00:10:01.214 --> 00:10:03.046 но никој не се сеќава што се тие 00:10:03.046 --> 00:10:05.181 бидејќи тие војувале за себични цели. 00:10:05.181 --> 00:10:08.747 Единствената битка која спартанците ја биеле и на која сите се сеќаваат 00:10:08.747 --> 00:10:10.463 е битката кај Термопилите 00:10:10.463 --> 00:10:12.466 каде тие биле заклани до последна душа, 00:10:12.466 --> 00:10:14.398 но се бореле за слобода на Грција.“ 00:10:14.398 --> 00:10:16.663 Тоа бил до толку величествен говор 00:10:16.663 --> 00:10:20.398 што атинските судови го ослободиле Хиперид. 00:10:20.398 --> 00:10:22.464 Тој живеел уште 10 години, 00:10:22.464 --> 00:10:25.115 а потоа македонската фракција го фатила. 00:10:25.115 --> 00:10:27.699 Му го исекле јазикот во знак на исмевање на неговото ораторство 00:10:27.699 --> 00:10:31.130 и никој не знае што направиле со неговото тело. 00:10:31.130 --> 00:10:34.281 Значи, ова е откритие на еден изгубен глас од антиката 00:10:34.281 --> 00:10:36.263 кој ни зборува, но не од гробот, 00:10:36.263 --> 00:10:37.741 зашто неговиот гроб не постои, 00:10:37.741 --> 00:10:39.514 туку од атинските судови. NOTE Paragraph 00:10:39.514 --> 00:10:41.163 Е сега, во овој момент би требало да кажам 00:10:41.163 --> 00:10:43.930 дека, вообичаено, кога гледате 00:10:43.930 --> 00:10:45.926 во средновековните ракописи кои биле стругани, 00:10:45.926 --> 00:10:47.412 не наоѓате уникатни текстови. 00:10:47.412 --> 00:10:50.514 А да најдете два текста во еден ракопис, тоа навистина е нешто. 00:10:50.514 --> 00:10:53.731 Да најдете три е сосема чудно. 00:10:53.731 --> 00:10:55.412 А ние најдовме три. NOTE Paragraph 00:10:55.412 --> 00:10:56.678 Аристотеловиот „Категории“ 00:10:56.678 --> 00:10:59.131 е еден од базичните текстови на западната филозофија. 00:10:59.131 --> 00:11:03.547 А ние пронајдовме и коментар за него, од 3 век од н.е, 00:11:03.547 --> 00:11:06.731 можно од Гален и веројатно од Порфириј. NOTE Paragraph 00:11:06.731 --> 00:11:08.929 Е сега, сиве овие податоци кои ги собравме, 00:11:08.929 --> 00:11:11.464 сите снимки, сите необработени слики, 00:11:11.464 --> 00:11:13.814 сите транскрипции кои ги направивме и слично, 00:11:13.814 --> 00:11:17.300 се поставени онлајн под Creative Commons лиценца 00:11:17.300 --> 00:11:20.214 за да може кој било да ги користи за комерцијални цели. NOTE Paragraph 00:11:20.214 --> 00:11:26.747 (аплауз) NOTE Paragraph 00:11:26.747 --> 00:11:30.051 Зошто сопственикот на ракописот го направил ова? 00:11:30.051 --> 00:11:33.797 Го направил ова бидејќи тој ги разбира податоците исто како и книгите. 00:11:33.797 --> 00:11:35.132 Сега, работата којашто има врска со книгите, 00:11:35.132 --> 00:11:37.263 ако сакате да ја осигурате нивната долгорочна корисност, 00:11:37.263 --> 00:11:39.479 треба да ги сокриете настрана во плакари 00:11:39.479 --> 00:11:41.279 и да дозволите само мал број луѓе да ѕирнат во нив. 00:11:41.279 --> 00:11:43.698 Работата којашто има врска со податоците, ако сакате тие да опстојат, 00:11:43.698 --> 00:11:46.999 е да ги ослободите и да дозволите секој да ги има 00:11:46.999 --> 00:11:50.098 со најмала можна контрола врз нив. 00:11:50.098 --> 00:11:51.262 Ете, тоа е она кое тој го направил. NOTE Paragraph 00:11:51.262 --> 00:11:54.690 А институциите можат да учат од ова! 00:11:54.690 --> 00:11:57.242 Зашто институциите во моментов 00:11:57.242 --> 00:12:00.299 ги ограничуваат податоците преку авторски права и слични рестрикции. 00:12:00.299 --> 00:12:02.491 И ако сакате да ги погледнете средновековните ракописи на интернет, 00:12:02.491 --> 00:12:05.962 моментално ќе треба да појдете до X-веб страната на националната библиотека 00:12:05.962 --> 00:12:08.630 или на Y-веб страната на универзитетската библиотека, 00:12:08.630 --> 00:12:10.529 што, отприлика, е најздодевниот начин 00:12:10.529 --> 00:12:12.306 за справување со дигитални податоци. 00:12:12.306 --> 00:12:15.299 Она што сакате да го направите е да ги соберете сите податоци заедно NOTE Paragraph 00:12:15.299 --> 00:12:18.396 зашто мрежата од античките ракописи на иднината 00:12:18.396 --> 00:12:20.682 нема да биде изградена од страна на институциите. 00:12:20.682 --> 00:12:23.790 Таа ќе биде изградена од страна на корисниците, 00:12:23.790 --> 00:12:25.564 од луѓе кои ги собираат овие податоци, 00:12:25.564 --> 00:12:29.099 од луѓе кои сакаат да насоберат секакви видови мапи 00:12:29.099 --> 00:12:30.731 ма од каде и да доаѓаат, 00:12:30.731 --> 00:12:32.531 секакви видови средновековни романси 00:12:32.531 --> 00:12:34.080 ма од каде и да доаѓаат, 00:12:34.080 --> 00:12:37.863 луѓе кои едноставно сакаат да ги конзервираат своите славни селекции 00:12:37.863 --> 00:12:39.380 од прекрасни нешта. 00:12:39.380 --> 00:12:40.997 А тоа е иднината на Мрежата (Web). 00:12:40.997 --> 00:12:44.180 Привлечна и прекрасна иднина, 00:12:44.180 --> 00:12:45.782 само да можеме да ја оствариме! NOTE Paragraph 00:12:45.782 --> 00:12:48.963 Е сега... ние, во Волтеровиот музеј на уметност, го проследивме овој пример 00:12:48.963 --> 00:12:52.313 и сите наши ракописи ги поставивме на Мрежата 00:12:52.313 --> 00:12:53.996 за луѓето да уживаат -- 00:12:53.996 --> 00:12:56.580 сите сурови податоци, сите описи, сите метаподатоци 00:12:56.580 --> 00:12:59.463 под Creative Commons лиценца. 00:12:59.463 --> 00:13:00.981 Волтеровиот музеј на уметност е мал музеј 00:13:00.981 --> 00:13:02.529 и поседува прекрасни ракописи, 00:13:02.529 --> 00:13:04.547 но податоците се фантастични. 00:13:04.547 --> 00:13:06.330 А резултат од ова 00:13:06.330 --> 00:13:09.348 е тоа што ако баш сега на Гугл ги пребарате сликите 00:13:09.348 --> 00:13:12.680 и ако напишете „илуминиран ракопис Куран“, на пример, 00:13:12.680 --> 00:13:17.097 24-те од 28-те слики кои ќе ги најдете доаѓаат од мојата институција. NOTE Paragraph 00:13:17.097 --> 00:13:22.647 (аплауз) NOTE Paragraph 00:13:22.647 --> 00:13:27.680 Сега, ајде да размислиме за ова на една минута. 00:13:27.680 --> 00:13:29.663 Каква корист има институцијата од ова? 00:13:29.663 --> 00:13:32.259 О, па секакви нешта има за институцијата од ова. 00:13:32.259 --> 00:13:34.382 Можете да зборувате за хуманистичките науки и за слични работи, 00:13:34.382 --> 00:13:36.263 но ајде да зборуваме за себичните нешта. 00:13:36.263 --> 00:13:40.131 Затоа што она кое вистински претставува корист за институцијата е ова: 00:13:40.131 --> 00:13:43.187 Зошто луѓето одат во Лувр? 00:13:43.187 --> 00:13:46.171 Одат за да ја видат Мона Лиза. 00:13:46.171 --> 00:13:49.230 Зошто одат да ја видат Мона Лиза? 00:13:49.230 --> 00:13:51.612 Бидејќи тие веќе знаат како таа изгледа. 00:13:51.612 --> 00:13:53.946 А знаат како изгледа 00:13:53.946 --> 00:13:58.648 зашто гледале слики од неа, апсолутно насекаде. NOTE Paragraph 00:13:58.648 --> 00:14:03.097 Сега, нема потреба 00:14:03.097 --> 00:14:05.376 за вакви рестрикции, воопшто. 00:14:05.376 --> 00:14:07.463 И мислам дека институциите треба да се исправат 00:14:07.463 --> 00:14:10.597 и да ги ослободат сите расположливи податоци под нерестриктивни лиценци. 00:14:10.597 --> 00:14:12.813 Е ова би било од огромна корист за сите. 00:14:12.813 --> 00:14:15.979 Зошто, едноставно, да не им дозволиме на сите да имаат пристап до овие податоци, 00:14:15.979 --> 00:14:18.315 и да си конзервираат нивни сопствени колекции 00:14:18.315 --> 00:14:20.480 на античко знаење, на извонредни и прекрасни нешта, 00:14:20.480 --> 00:14:23.568 и да се зголеми убавината и културното значење 00:14:23.568 --> 00:14:24.796 на интернетот? NOTE Paragraph 00:14:24.796 --> 00:14:26.313 Ви благодарам многу, навистина. NOTE Paragraph 00:14:26.313 --> 00:14:30.746 (аплауз)