0:00:00.471,0:00:02.955 Големите текстови од античкиот свет 0:00:02.955,0:00:06.270 не доспеваат до нас во нивната оригинална форма. 0:00:06.270,0:00:09.789 Тие опстоиле зашто средновековните писари 0:00:09.789,0:00:11.788 ги препишувале и ги препишувале и ги препишувале. 0:00:11.788,0:00:14.438 А истото е случај и со Архимед, 0:00:14.438,0:00:16.204 големиот грчки математичар. 0:00:16.204,0:00:19.206 Сè што знаеме за Архимед како математичар 0:00:19.206,0:00:21.904 знаеме врз основа на само три книги, 0:00:21.904,0:00:23.820 ословени А, Б и В (латинично: A, B, C). 0:00:23.820,0:00:28.653 Книгата А ја изгубил италијански хуманист во 1564 год, 0:00:28.653,0:00:31.456 а за Б последен пат се чуло во библиотеката на папата, 0:00:31.456,0:00:37.288 на стотина милји северно од Рим, во Витербо, 1311 год. 0:00:37.288,0:00:41.585 Е сега... Кодексот В бил откриен дури во 1906 година, 0:00:41.585,0:00:44.134 а слета на моето биро во Балтимор 0:00:44.134,0:00:48.260 на 19 јануари 1999 година. 0:00:48.260,0:00:50.678 И ова овде е Кодексот В. 0:00:50.678,0:00:55.847 Е сега, Кодексот В, всушност, е закопан во оваа книга. 0:00:55.847,0:00:57.297 Тоа е закопано богатство 0:00:57.297,0:00:59.632 зашто оваа книга, всушност, е молитвеник, 0:00:59.632,0:01:02.596 изготвен од страна на извесен Јоханес Миронес 0:01:02.596,0:01:06.213 на 14 април 1229 година. 0:01:06.213,0:01:08.698 За да го направи молитвеникот, користел пергамент. 0:01:08.698,0:01:11.113 Но не употребил нов пергамент, 0:01:11.113,0:01:14.427 туку рециклиран пергамент од стари ракописи, 0:01:14.427,0:01:16.164 а имало седум на број. 0:01:16.164,0:01:19.647 Архимедовиот Кодекс В бил само еден од тие седум. 0:01:19.647,0:01:25.114 Ги извадил и ги разделил страницитете од Архимедовиот и од останатите седум ракописи, 0:01:25.114,0:01:28.497 целосно ги избришал текстовите, 0:01:28.497,0:01:30.915 потоа ги пресекол листовите долж средина, 0:01:30.915,0:01:33.159 ги помешал, 0:01:33.159,0:01:35.077 ги ротирал за 90 степени 0:01:35.077,0:01:37.129 и испишал молитви врз овие книги. 0:01:37.129,0:01:38.826 И, во суштина, овие седум ракописи 0:01:38.826,0:01:43.174 исчезнале на 700 години, а ние сега имаме молитвеник. 0:01:43.174,0:01:46.423 Молитвеникот бил откриен од овој дечко, 0:01:46.423,0:01:49.150 Јохан Лудвиг Хеиберг, во 1906 година. 0:01:49.150,0:01:50.591 И тој, само со лупа, 0:01:50.591,0:01:53.475 препишал од текстот колку што можел повеќе. 0:01:53.475,0:01:56.657 Интересното е што открил два текста во овој ракопис 0:01:56.657,0:01:58.425 коишто биле уникатни (различни) текстови. 0:01:58.425,0:02:00.025 Тие воопшто не биле содржани во А и Б; 0:02:00.025,0:02:01.723 биле сосема нови текстови од Архимед 0:02:01.723,0:02:04.958 и биле наречени „Методот“ и „Стомакион“. 0:02:04.958,0:02:07.227 И ова постанува светски познат ракопис. 0:02:07.227,0:02:09.042 Значи, веќе би требало да е јасно 0:02:09.042,0:02:11.756 дека оваа книга е во лоша состојба. 0:02:11.756,0:02:15.226 Нејзината состојба се влошила во 20-от век, 0:02:15.226,0:02:16.958 откако Хеиберг ја видел. 0:02:16.958,0:02:18.475 Врз неа биле насликани фалсификати, 0:02:18.475,0:02:21.558 а и сериозно настрадала од мувла. 0:02:21.558,0:02:25.308 Оваа книга е дефиниција за обезвреднување. 0:02:25.308,0:02:27.042 Тоа е таква книга 0:02:27.042,0:02:29.707 за која си мислиш дека би била во институција. 0:02:29.707,0:02:31.893 Но не е во институција, 0:02:31.893,0:02:36.525 била купена од приватен сопственик во 1998 год. 0:02:36.525,0:02:38.275 Зошто ја купил оваа книга? 0:02:38.275,0:02:41.812 Затоа што сакал кревкото да го направи безбедно. 0:02:41.812,0:02:45.058 Сакал уникатното да го направи сеприсутно. 0:02:45.058,0:02:49.724 Сакал скапоценото да го направи бесплатно. 0:02:49.724,0:02:52.859 И сакал ова да го направи по прашање на принцип. 0:02:52.859,0:02:57.391 Зашто, навистина, не многу луѓе би го читале Архимед на антички грчки, 0:02:57.391,0:03:00.075 но би требало да имаат шанса да го сторат тоа. 0:03:00.075,0:03:03.374 Па... ги собрал околу себе пријателите на Архимед 0:03:03.374,0:03:05.510 и ветил дека ќе им плати за севкупната работа. 0:03:05.510,0:03:07.208 А ова било скапа работа, 0:03:07.208,0:03:10.678 но, реално, и не толку колку што си мислите 0:03:10.678,0:03:12.843 бидејќи овие луѓе... тие не дошле поради пари, 0:03:12.843,0:03:14.662 дошле поради Архимед. 0:03:14.662,0:03:16.378 А дошле од разноразни видови профили: 0:03:16.378,0:03:18.561 дошле од полето на физика на елементарни честички 0:03:18.561,0:03:20.127 дошле од полето на класичната филологија, 0:03:20.127,0:03:22.095 дошле од полето на конзервација на книги, 0:03:22.095,0:03:24.677 од полето на старогрчка математика, 0:03:24.677,0:03:26.594 од полето на менаџмент на податоци, 0:03:26.594,0:03:29.511 на научна обработка на слики и управување со програми. 0:03:29.511,0:03:33.067 И тие се собраа за заедно да работат на овој ракопис. 0:03:33.067,0:03:36.878 Првиот проблем беше проблемот на конзервација. 0:03:36.878,0:03:39.311 А ова е нештото со коешто требаше да се справиме: 0:03:39.311,0:03:41.511 Имаше лепак на 'рбетот на книгата. 0:03:41.511,0:03:43.712 И ако погледнете внимателно во оваа фотографија, 0:03:43.712,0:03:45.760 долната половина е прилично кафеава. 0:03:45.760,0:03:47.128 Тој лепак е туткал од (животинска) кожа. 0:03:47.128,0:03:48.513 Е сега, ако сте конзерватор, 0:03:48.513,0:03:50.645 овој лепак можете да го отстраните прилично лесно. 0:03:50.645,0:03:54.010 Горната половина е Елмеров лепак за дрво (дрвофикс). 0:03:54.010,0:03:56.127 Тоа е емулзија од поливинилски ацетат 0:03:56.127,0:03:58.794 којашто не се раствора во вода откако ќе се исуши. 0:03:58.794,0:04:01.960 И многу е поцврста од пергаментот врз кој е пишувано. 0:04:01.960,0:04:05.311 Така, пред да можеме да отпочнеме со вадење снимки од Архимед 0:04:05.311,0:04:06.760 моравме да ги вадиме страниците од книгата. 0:04:06.760,0:04:09.611 Па, за да се извадат, потребни беа четири години. 0:04:09.611,0:04:13.144 А ова е ретка снимка од акцијата, дами и господа. 0:04:13.144,0:04:15.915 (смеа) 0:04:15.915,0:04:20.181 Друга работа е тоа што требаше да се ослободиме од сиот восок, 0:04:20.181,0:04:22.416 бидејќи ова било користено при литургиите 0:04:22.416,0:04:24.157 на Грчката Православна Црква, 0:04:24.157,0:04:25.468 а тие користеле восок од свеќа. 0:04:25.468,0:04:27.331 А восок од свеќа беше валкан, 0:04:27.331,0:04:28.564 па не можевме да правиме снимки преку восокот. 0:04:28.564,0:04:31.899 Затоа требаше многу внимателно, механички да го истругаме целиот восок. 0:04:31.899,0:04:33.801 Тешко е прецизно да ви се каже 0:04:33.801,0:04:36.515 колку е лоша состојбата на оваа книга, 0:04:36.515,0:04:39.281 но многу често од неа се одвојуваа мали делчиња. 0:04:39.281,0:04:41.631 И, вообичаено, не би се грижеле за вака мали делчиња кај една книга, 0:04:41.631,0:04:44.631 но овие мали делчиња би можеле да содржат уникатен текст на Архимед. 0:04:44.631,0:04:46.930 Значи, ситни фрагменти, 0:04:46.930,0:04:51.671 всушност, успеавме да ги вратиме на вистинското место. 0:04:51.671,0:04:55.381 Потоа, откако го направивме тоа, започнавме да вадиме снимки од ракописот. 0:04:55.381,0:04:56.881 И извадивме снимки од ракописот 0:04:56.881,0:04:58.909 во 14 различни групи бранови должини на светлина. 0:04:58.909,0:05:02.815 Бидејќи ако гледате нешто во различни групи бранови должини на светлина, 0:05:02.815,0:05:04.031 гледате различни работи. 0:05:04.031,0:05:05.598 А ова е снимка на страница 0:05:05.598,0:05:08.115 снимена со 14 различни групи бранови должини на светлина. 0:05:08.115,0:05:10.248 Но ниедна од нив не заврши работа. 0:05:10.248,0:05:14.665 Потоа направивме взаемно процесирање на сликите, 0:05:14.665,0:05:17.965 и две од нив сместивме на празен екран. 0:05:17.965,0:05:20.798 И, еве, тука имаме две различни снимки од Архимедовиот ракопис. 0:05:20.798,0:05:22.614 Сликата лево 0:05:22.614,0:05:23.965 е нормална црвена снимка. 0:05:23.965,0:05:25.877 А сликата десно е ултравиолетова снимка. 0:05:25.877,0:05:27.017 Во сликата десно 0:05:27.017,0:05:29.465 можеби ќе успеете да видите по нешто од Архимедовиот текст. 0:05:29.465,0:05:32.447 Ако ги споите на една дигитална површина 0:05:32.447,0:05:35.265 пергаментот е светол кај двете снимки 0:05:35.265,0:05:37.140 и излегува светол. 0:05:37.140,0:05:40.156 Молитвеникот е темен кај двете снимки 0:05:40.156,0:05:41.853 и излегува темен. 0:05:41.853,0:05:45.204 Архимедовиот текст, пак, е темен на едната снимка, а светол на другата. 0:05:45.204,0:05:47.604 Тој ќе излезе дека е темен, но црвен 0:05:47.604,0:05:49.871 и тогаш можеш да почнеш да го читаш прилично јасно. 0:05:49.871,0:05:52.713 И тоа изгледа вака. 0:05:52.713,0:05:56.055 Е сега, ова е снимка на пред и потоа, 0:05:56.055,0:05:59.037 но вака не можеш да ја прочиташ снимката. 0:05:59.037,0:06:01.656 Зумираш и зумираш 0:06:01.656,0:06:05.204 и зумираш и зумираш, 0:06:05.204,0:06:07.272 па дури сега можеш да ја прочиташ. 0:06:07.272,0:06:13.620 (аплауз) 0:06:13.620,0:06:17.200 Ако ги процесирате истите две снимки на различен начин, 0:06:17.200,0:06:19.770 всушност, би можеле да се ослободите од текстот на молитвеникот. 0:06:19.770,0:06:20.788 А ова е ужасно важно 0:06:20.788,0:06:23.771 зашто дијаграмите во ракописот 0:06:23.771,0:06:26.238 се уникатниот извор на дијаграми 0:06:26.238,0:06:29.055 коишто Архимед ги нацртал во песокот во 4 век п.н.е. 0:06:29.055,0:06:32.094 И, еве сме... можам да ви ги дадам на вас. 0:06:32.094,0:06:34.438 Со ваков вид на снимање -- 0:06:34.438,0:06:37.104 ваков вид на снимање со инфрацрвени, ултравиолетови и невидливи светлини -- 0:06:37.104,0:06:39.704 никогаш немаше да снимиме низ златната основа на фалсификатите. 0:06:39.704,0:06:41.557 Како ќе го направевме тоа? 0:06:41.557,0:06:43.520 Па, го земавме ракописот 0:06:43.520,0:06:47.807 и решивме истиот да го снимиме со рендгенско флуоресцентно снимање. 0:06:47.807,0:06:50.821 Така, рендген зракот влегува во дијаграмот лево 0:06:50.821,0:06:54.673 и исфрла електрон од внатрешна обвивка на атомот. 0:06:54.673,0:06:56.671 И тој електрон исчезнува. 0:06:56.671,0:07:00.306 Како што тој исчезнува, електрон од подалечна обвивка 0:07:00.306,0:07:02.788 доскокнува и му го завзема местото. 0:07:02.788,0:07:04.221 И кога ќе му го завземе местото 0:07:04.221,0:07:07.055 ослободува електромагнетна радијација. 0:07:07.055,0:07:08.487 Ослободува рендген зрак. 0:07:08.487,0:07:11.138 Овој рендген зрак има специфична бранова должина 0:07:11.138,0:07:13.020 во однос на атомот којшто го погодува. 0:07:13.020,0:07:15.188 А она што сакавме да го добиеме 0:07:15.188,0:07:16.921 беше железото. 0:07:16.921,0:07:18.788 Зашто мастилото беше испишано на железо. 0:07:18.788,0:07:20.471 И ако можеме да мапираме 0:07:20.471,0:07:23.055 од каде излегува овој рендген зрак, од каде доаѓа, 0:07:23.055,0:07:25.121 ќе можеме да го мапираме целото железо на страницата, 0:07:25.121,0:07:27.720 и тогаш, теоретски, можеме да ги прочитаме снимките. 0:07:27.720,0:07:32.055 Работата е во тоа што ви треба многу моќен светлосен извор за да го направите ова. 0:07:32.055,0:07:35.429 Па, го однесовме во лабораторијата за синхротона радијација во Стенфорд, 0:07:35.429,0:07:36.871 во Калифорнија, 0:07:36.871,0:07:38.439 којашто е забрзувач (акцелератор) на честички. 0:07:38.439,0:07:40.171 Електроните кружат во една насока, 0:07:40.171,0:07:41.788 а позитроните во друга. 0:07:41.788,0:07:43.104 Тие се среќаваат на средина 0:07:43.104,0:07:45.540 и создаваат субатомски честички 0:07:45.540,0:07:47.770 како ц-кваркот (charm-quark) и тау лептонот (tau lepton). 0:07:47.770,0:07:50.792 Е сега, реално, немавме намера Архимед да го ставиме во тој зрак. 0:07:50.792,0:07:54.340 Но, како што електроните кружат со брзина на светлината, 0:07:54.340,0:07:55.607 тие ослободуваат рендгенски зраци. 0:07:55.607,0:07:58.257 И ова е најмоќниот светлински извор во Сончевиот систем. 0:07:58.257,0:08:00.206 Ова се нарекува синхротрона радијација 0:08:00.206,0:08:02.024 и таа вообичаено се користи за да се гледа на нешта 0:08:02.024,0:08:03.691 како протеини и такви слични работи. 0:08:03.691,0:08:07.688 Но, сакавме да гледаме атоми, железни атоми, 0:08:07.688,0:08:10.557 како би можеле да ја читаме страницата пред и потоа. 0:08:10.557,0:08:12.855 И, да видиш, да не веруваш, откривме дека можеме да го направиме тоа. 0:08:12.855,0:08:16.303 Беа потребни околу 17 минути за една страна. 0:08:16.303,0:08:18.958 Значи, што откривме? 0:08:18.958,0:08:21.140 Па... еден од уникатните текстови на Архимед 0:08:21.140,0:08:22.943 е именуван „Стомакион“. 0:08:22.943,0:08:25.357 А ова не постоеше во Кодексите А и Б. 0:08:25.357,0:08:27.776 А знаевме дека го вклучуваше овој квадрат. 0:08:27.776,0:08:29.569 Ова е совршен квадрат 0:08:29.569,0:08:31.590 и е поделен на 14 делчиња. 0:08:31.590,0:08:34.373 Но, никој не знаеше што правел Архимед со овие 14 делчиња. 0:08:34.373,0:08:36.557 А сега мислиме дека веќе знаеме. 0:08:36.557,0:08:38.324 Тој се обидувал да реши 0:08:38.324,0:08:40.857 на колку начини можеш да ги рекомбинираш тие 14 делови 0:08:40.857,0:08:43.184 и повторно да добиеш совршен квадрат. 0:08:43.184,0:08:46.686 Сака некој да го погоди одговорот? 0:08:46.686,0:08:52.048 Тоа е 17.152 поделено на 536 семејства. 0:08:52.048,0:08:54.415 A важната поента околу ова 0:08:54.415,0:08:58.129 е што ова е најдамнешното проучување на комбинаториката во математиката. 0:08:58.129,0:09:01.893 А комбинаториката е прекрасна и интересна гранка на математиката. 0:09:01.893,0:09:05.128 Вистинската воодушевувачка работа околу овој ракопис 0:09:05.128,0:09:07.497 е тоа дека ги гледавме и другите ракописи 0:09:07.497,0:09:08.915 коишто палимпсестерот ги имал направено 0:09:08.915,0:09:11.481 (од кои писарот ја составил својата книга) 0:09:11.481,0:09:14.413 и еден од тие беше ракопис кој содржи текст од Хиперид. 0:09:14.413,0:09:18.781 Е сега... Хиперид бил атински оратор од 4-от век п.н.е. 0:09:18.781,0:09:21.198 Тој бил вистински современик на Демостен. 0:09:21.198,0:09:25.597 И, во 338 година п.н.е, тој и Демостен заедно 0:09:25.597,0:09:27.281 одлучиле дека сакаат да се спротивстават 0:09:27.281,0:09:29.281 на воената моќ на Филип Македонски. 0:09:29.281,0:09:32.930 Па така, Атина и Теба тргнале да се борат против Филип Македонски 0:09:32.930,0:09:34.198 Ова било лоша идеја 0:09:34.198,0:09:37.631 зашто Филип Македонски имал син, Александар Велики, 0:09:37.631,0:09:39.914 па ја изгубиле битката кај Херонеја. 0:09:39.914,0:09:42.632 Александар Велики продолжил да го освојува познатиот свет; 0:09:42.632,0:09:45.382 а Хиперид го снашло судење за предавство. 0:09:45.382,0:09:48.982 И ова е говорот којшто тој го дал додека бил на судење. 0:09:48.982,0:09:50.130 А говорот е одличен: 0:09:50.130,0:09:52.398 „Најдобро од сè е да се победи. 0:09:52.398,0:09:54.132 Но ако не можеш да победиш, 0:09:54.132,0:09:56.173 тогаш треба да се бориш за благородна кауза 0:09:56.173,0:09:57.748 зашто тогаш ќе бидеш запаметен. 0:09:57.748,0:09:59.346 Размислете за спартанците. 0:09:59.346,0:10:01.214 Тие извојувале бројни победи, 0:10:01.214,0:10:03.046 но никој не се сеќава што се тие 0:10:03.046,0:10:05.181 бидејќи тие војувале за себични цели. 0:10:05.181,0:10:08.747 Единствената битка која спартанците ја биеле и на која сите се сеќаваат 0:10:08.747,0:10:10.463 е битката кај Термопилите 0:10:10.463,0:10:12.466 каде тие биле заклани до последна душа, 0:10:12.466,0:10:14.398 но се бореле за слобода на Грција.“ 0:10:14.398,0:10:16.663 Тоа бил до толку величествен говор 0:10:16.663,0:10:20.398 што атинските судови го ослободиле Хиперид. 0:10:20.398,0:10:22.464 Тој живеел уште 10 години, 0:10:22.464,0:10:25.115 а потоа македонската фракција го фатила. 0:10:25.115,0:10:27.699 Му го исекле јазикот во знак на исмевање на неговото ораторство 0:10:27.699,0:10:31.130 и никој не знае што направиле со неговото тело. 0:10:31.130,0:10:34.281 Значи, ова е откритие на еден изгубен глас од [br]антиката 0:10:34.281,0:10:36.263 кој ни зборува, но не од гробот, 0:10:36.263,0:10:37.741 зашто неговиот гроб не постои, 0:10:37.741,0:10:39.514 туку од атинските судови. 0:10:39.514,0:10:41.163 Е сега, во овој момент би требало да кажам 0:10:41.163,0:10:43.930 дека, вообичаено, кога гледате 0:10:43.930,0:10:45.926 во средновековните ракописи кои биле стругани, 0:10:45.926,0:10:47.412 не наоѓате уникатни текстови. 0:10:47.412,0:10:50.514 А да најдете два текста во еден ракопис, тоа навистина е нешто. 0:10:50.514,0:10:53.731 Да најдете три е сосема чудно. 0:10:53.731,0:10:55.412 А ние најдовме три. 0:10:55.412,0:10:56.678 Аристотеловиот „Категории“ 0:10:56.678,0:10:59.131 е еден од базичните текстови на западната филозофија. 0:10:59.131,0:11:03.547 А ние пронајдовме и коментар за него, од 3 век од н.е, 0:11:03.547,0:11:06.731 можно од Гален и веројатно од Порфириј. 0:11:06.731,0:11:08.929 Е сега, сиве овие податоци кои ги собравме, 0:11:08.929,0:11:11.464 сите снимки, сите необработени слики, 0:11:11.464,0:11:13.814 сите транскрипции кои ги направивме и слично, 0:11:13.814,0:11:17.300 се поставени онлајн под Creative Commons лиценца 0:11:17.300,0:11:20.214 за да може кој било да ги користи за комерцијални цели. 0:11:20.214,0:11:26.747 (аплауз) 0:11:26.747,0:11:30.051 Зошто сопственикот на ракописот го направил ова? 0:11:30.051,0:11:33.797 Го направил ова бидејќи тој ги разбира податоците исто како и книгите. 0:11:33.797,0:11:35.132 Сега, работата којашто има врска со книгите, 0:11:35.132,0:11:37.263 ако сакате да ја осигурате нивната долгорочна корисност, 0:11:37.263,0:11:39.479 треба да ги сокриете настрана во плакари 0:11:39.479,0:11:41.279 и да дозволите само мал број луѓе да ѕирнат во нив. 0:11:41.279,0:11:43.698 Работата којашто има врска со податоците, ако сакате тие да опстојат, 0:11:43.698,0:11:46.999 е да ги ослободите и да дозволите секој да ги има 0:11:46.999,0:11:50.098 со најмала можна контрола врз нив. 0:11:50.098,0:11:51.262 Ете, тоа е она кое тој го направил. 0:11:51.262,0:11:54.690 А институциите можат да учат од ова! 0:11:54.690,0:11:57.242 Зашто институциите во моментов 0:11:57.242,0:12:00.299 ги ограничуваат податоците преку авторски права и слични рестрикции. 0:12:00.299,0:12:02.491 И ако сакате да ги погледнете средновековните ракописи на интернет, 0:12:02.491,0:12:05.962 моментално ќе треба да појдете до X-веб страната на националната библиотека 0:12:05.962,0:12:08.630 или на Y-веб страната на универзитетската библиотека, 0:12:08.630,0:12:10.529 што, отприлика, е најздодевниот начин 0:12:10.529,0:12:12.306 за справување со дигитални податоци. 0:12:12.306,0:12:15.299 Она што сакате да го направите е да ги соберете сите податоци заедно 0:12:15.299,0:12:18.396 зашто мрежата од античките ракописи на иднината 0:12:18.396,0:12:20.682 нема да биде изградена од страна на институциите. 0:12:20.682,0:12:23.790 Таа ќе биде изградена од страна на корисниците, 0:12:23.790,0:12:25.564 од луѓе кои ги собираат овие податоци, 0:12:25.564,0:12:29.099 од луѓе кои сакаат да насоберат секакви видови мапи 0:12:29.099,0:12:30.731 ма од каде и да доаѓаат, 0:12:30.731,0:12:32.531 секакви видови средновековни романси 0:12:32.531,0:12:34.080 ма од каде и да доаѓаат, 0:12:34.080,0:12:37.863 луѓе кои едноставно сакаат да ги конзервираат своите славни селекции 0:12:37.863,0:12:39.380 од прекрасни нешта. 0:12:39.380,0:12:40.997 А тоа е иднината на Мрежата (Web). 0:12:40.997,0:12:44.180 Привлечна и прекрасна иднина, 0:12:44.180,0:12:45.782 само да можеме да ја оствариме! 0:12:45.782,0:12:48.963 Е сега... ние, во Волтеровиот музеј на уметност, го проследивме овој пример 0:12:48.963,0:12:52.313 и сите наши ракописи ги поставивме на Мрежата 0:12:52.313,0:12:53.996 за луѓето да уживаат -- 0:12:53.996,0:12:56.580 сите сурови податоци, сите описи, сите метаподатоци 0:12:56.580,0:12:59.463 под Creative Commons лиценца. 0:12:59.463,0:13:00.981 Волтеровиот музеј на уметност е мал музеј 0:13:00.981,0:13:02.529 и поседува прекрасни ракописи, 0:13:02.529,0:13:04.547 но податоците се фантастични. 0:13:04.547,0:13:06.330 А резултат од ова 0:13:06.330,0:13:09.348 е тоа што ако баш сега на Гугл ги пребарате сликите 0:13:09.348,0:13:12.680 и ако напишете „илуминиран ракопис Куран“, на пример, 0:13:12.680,0:13:17.097 24-те од 28-те слики кои ќе ги најдете доаѓаат од мојата институција. 0:13:17.097,0:13:22.647 (аплауз) 0:13:22.647,0:13:27.680 Сега, ајде да размислиме за ова на една минута. 0:13:27.680,0:13:29.663 Каква корист има институцијата од ова? 0:13:29.663,0:13:32.259 О, па секакви нешта има за институцијата од ова. 0:13:32.259,0:13:34.382 Можете да зборувате за хуманистичките науки и за слични работи, 0:13:34.382,0:13:36.263 но ајде да зборуваме за себичните нешта. 0:13:36.263,0:13:40.131 Затоа што она кое вистински претставува корист за институцијата е ова: 0:13:40.131,0:13:43.187 Зошто луѓето одат во Лувр? 0:13:43.187,0:13:46.171 Одат за да ја видат Мона Лиза. 0:13:46.171,0:13:49.230 Зошто одат да ја видат Мона Лиза? 0:13:49.230,0:13:51.612 Бидејќи тие веќе знаат како таа изгледа. 0:13:51.612,0:13:53.946 А знаат како изгледа 0:13:53.946,0:13:58.648 зашто гледале слики од неа, апсолутно насекаде. 0:13:58.648,0:14:03.097 Сега, нема потреба 0:14:03.097,0:14:05.376 за вакви рестрикции, воопшто. 0:14:05.376,0:14:07.463 И мислам дека институциите треба да се исправат 0:14:07.463,0:14:10.597 и да ги ослободат сите расположливи податоци под нерестриктивни лиценци. 0:14:10.597,0:14:12.813 Е ова би било од огромна корист за сите. 0:14:12.813,0:14:15.979 Зошто, едноставно, да не им дозволиме на сите да имаат пристап до овие податоци, 0:14:15.979,0:14:18.315 и да си конзервираат нивни сопствени колекции 0:14:18.315,0:14:20.480 на античко знаење, на извонредни и прекрасни нешта, 0:14:20.480,0:14:23.568 и да се зголеми убавината и културното значење 0:14:23.568,0:14:24.796 на интернетот? 0:14:24.796,0:14:26.313 Ви благодарам многу, навистина. 0:14:26.313,0:14:30.746 (аплауз)