0:00:00.707,0:00:03.505 Сакам да започнам со тоа што ќе ви понудам бесплатна 0:00:03.505,0:00:06.129 животна вештина, 0:00:06.129,0:00:08.750 и сè што се бара од вас е ова: 0:00:08.750,0:00:12.937 да го промените вашиот став само за две минути. 0:00:12.937,0:00:16.361 Но, пред да ви ја кажам, сакам да ве замолам токму сега 0:00:16.361,0:00:19.954 да го проверите вашето тело и да видите што правите со него. 0:00:19.954,0:00:22.369 Колкумина од вас правите да изгледате некако помали? 0:00:22.369,0:00:25.090 Можеби се грчите, ги прекрстувате нозете, 0:00:25.090,0:00:26.014 можеби се држите за глуждовите. 0:00:26.014,0:00:29.753 Понекогаш ги држиме нашите раце вака. 0:00:29.753,0:00:33.424 Понекогаш се шириме. (Смеа) 0:00:33.424,0:00:35.696 Ве гледам. (Смеа) 0:00:35.696,0:00:38.211 Значи сакам да посветите внимание врз тоа што правите токму сега. 0:00:38.211,0:00:40.425 Ќе се вратиме на ова за неколку минути 0:00:40.425,0:00:43.817 и се надевам дека ако барем малку укапирате од ова, 0:00:43.817,0:00:47.453 тоа би можело значително да влијае врз текот на вашите животи. 0:00:47.453,0:00:51.977 Ние сме навистина фасцинирани од говорот на телото 0:00:51.977,0:00:53.936 и особено сме заинтересирани 0:00:53.936,0:00:55.900 за говорот на телото кај другите луѓе. 0:00:55.900,0:01:00.121 Знаете, нè интересира, да речеме, знаете -[br](Смеа) 0:01:00.121,0:01:04.519 некоја чудна интеракција или насмевка, 0:01:04.519,0:01:08.751 поглед со презир, можеби некое многу чудно намигнување 0:01:08.751,0:01:11.989 или можеби дури нешто како што е ракувањето. 0:01:11.989,0:01:14.667 Раскажувач: Еве ги како пристигнуваат на Број 10 и погледнете сега 0:01:14.667,0:01:17.343 среќниот полицаец добива можност да се ракува со Претседателот 0:01:17.343,0:01:19.831 на САД. О... еве доаѓа 0:01:19.831,0:01:24.758 и премиерот на - ? Не. (Смеа) 0:01:24.758,0:01:26.846 (Смеа) (Аплауз) 0:01:26.846,0:01:31.140 Ејми Кади: Значи ракувањето или недостаткот на ракување 0:01:31.140,0:01:33.664 може да нè натера да зборуваме со недели, недели и недели. 0:01:33.664,0:01:35.804 Дури БиБиСи и Њујорк Тајмс. 0:01:35.804,0:01:39.755 Очигледно кога мислиме на невербално однесување 0:01:39.755,0:01:43.143 или говор на тело -- ние како социјални научници го нарекуваме невербално -- 0:01:43.143,0:01:46.023 тоа е јазик, ние мислиме на комуникација. 0:01:46.023,0:01:48.450 Кога мислиме на комуникација, ние мислиме на интеракции. 0:01:48.450,0:01:51.289 Значи што ми кажува говорот на вашето тело? 0:01:51.289,0:01:53.555 Што ви кажува мојот говор на тело? 0:01:53.555,0:01:57.773 И постојат многу причини за да веруваме дека ова е валиден начин 0:01:57.773,0:02:00.308 за да гледаме на ова. Социјалните научници поминале долго 0:02:00.308,0:02:03.700 време набљудувајќи ги ефектите од говорот на телото, 0:02:03.700,0:02:06.209 врз судовите кои ги донесуваме. 0:02:06.209,0:02:09.648 Ние донесуваме многу важни заклучоци врз основа на говорот на тело. 0:02:09.648,0:02:13.638 Тие заклучоци може да предвидат навистина значајни животни исходи 0:02:13.638,0:02:17.431 како на пример, кого ќе вработиме или унапредиме, кого ќе поканиме на состанок. 0:02:17.431,0:02:22.116 На пример, Налини Амбади, истражувач од Универзитетот Тафтс, 0:02:22.116,0:02:26.588 покажа дека кога луѓето 30 секунди гледаат безвучни клипови 0:02:26.588,0:02:29.612 на кои се прикажани интеракции помеѓу лекар и пациент, 0:02:29.612,0:02:32.445 нивните заклучоци за љубезноста на лекарот 0:02:32.445,0:02:35.082 предвидуваат дали лекарот ќе заработи тужба. 0:02:35.082,0:02:37.276 Значи нема многу врска со тоа дали тој лекар е компетентен 0:02:37.276,0:02:39.421 или некомпетентен, туку дали ни се допаѓа како личност 0:02:39.421,0:02:42.117 и каква била нејзината интеракција? 0:02:42.117,0:02:45.052 Уште подраматично, Алекс Тодоров од Принстон ни покажа 0:02:45.052,0:02:48.729 дека нашите судови за лицата на политичките кандидати 0:02:48.729,0:02:53.316 во рок од само една секунда, ги предвидуваат 70% од резултатите 0:02:53.316,0:02:56.547 добиени во трката за американскиот Сенат 0:02:56.547,0:02:58.769 и дури да одиме во дигиталниот свет, 0:02:58.769,0:03:02.914 емотиконите користени за време на онлајн преговори 0:03:02.914,0:03:05.746 може да ви донесат поголема корист од самите преговори. 0:03:05.746,0:03:08.969 Лошо би било ако не ги користите како што треба. Така? 0:03:08.969,0:03:11.866 Значи кога мислиме на невербалното, мислиме на тоа како судиме 0:03:11.866,0:03:14.968 за другите, како тие судат за нас и какви се исходите од тоа. 0:03:14.968,0:03:16.848 Често ја забораваме, сепак, другата публика 0:03:16.848,0:03:20.523 врз која влијае нашето невербално однесување, а тоа сме ние. 0:03:20.523,0:03:23.736 И врз самите нас влијае нашето невербално, врз нашите мисли, 0:03:23.736,0:03:26.099 нашите чувства и врз нашата физиологија. 0:03:26.099,0:03:29.162 Па, за кои невербални однесувања ви зборувам? 0:03:29.162,0:03:32.105 Јас сум социјален психолог. Ги проучувам предрасудите 0:03:32.105,0:03:34.832 и предавам на еден компетитивен факултет за бизнис, 0:03:34.832,0:03:39.316 па оттука, неизбежен беше мојот интерес во динамиката на моќта. 0:03:39.316,0:03:43.128 Особено ме интересираат невербалните изрази 0:03:43.128,0:03:45.131 на моќ и доминација. 0:03:45.131,0:03:47.789 И кои се невербалните изрази за моќ и доминација? 0:03:47.789,0:03:49.953 Епа, еве овие. 0:03:49.953,0:03:52.831 Во животинското царство, станува збор за ширење. 0:03:52.831,0:03:55.841 За да изгледате големи, се испружувате, 0:03:55.841,0:03:58.782 завземате простор, во основа се отворате. 0:03:58.782,0:04:01.772 Станува збор за отворање. И ова важи за 0:04:01.772,0:04:05.532 целото животинско царство. Не е ограничено само кај приматите. 0:04:05.532,0:04:08.952 И луѓето го прават истото. (Смеа) 0:04:08.952,0:04:12.663 Значи ова го прават кога подолго време ја имаат моќта 0:04:12.663,0:04:15.664 и исто така кога се чувствуваат моќни во самиот момент. 0:04:15.664,0:04:18.569 А оваа е особено интересна бидејќи навистина ни покажува 0:04:18.569,0:04:22.758 колку се стари и универзални овие изрази на моќ. 0:04:22.758,0:04:25.357 Овој израз, кој е познат како гордост, 0:04:25.357,0:04:28.405 го има проучувано Џесика Трејси. Таа покажува дека 0:04:28.405,0:04:30.517 луѓето кои се родени со вид 0:04:30.517,0:04:33.458 и луѓето кои уште од раѓање се слепи, го прават ова, 0:04:33.458,0:04:35.772 кога ќе победат во некое физичко натпреварување. 0:04:35.772,0:04:37.750 Значи кога ќе ја поминат целната линија т.е. кога ќе победат, 0:04:37.750,0:04:39.861 без оглед на тоа што никогаш не го виделе ова. 0:04:39.861,0:04:40.947 Тие прават вака. 0:04:40.947,0:04:44.390 Рацете се во форма на V, а брадата е малку крената. 0:04:44.390,0:04:46.934 Што правиме кога се чувствуваме немоќни? Го правиме токму 0:04:46.934,0:04:50.984 спротивното. Се затвораме. Се грчиме. 0:04:50.984,0:04:54.448 Се правиме мали. Не сакаме да се удриме во личноста до нас. 0:04:54.448,0:04:57.489 И повторно, и животните и луѓето го прават истото нешто. 0:04:57.489,0:05:00.569 А ова се случува кога ќе ги споите високата и ниската 0:05:00.569,0:05:02.880 моќ. Кога станува збор за моќта ние го 0:05:02.880,0:05:07.248 заземаме невербалниот став кој е комплементарен со оној на другата личност. 0:05:07.248,0:05:09.679 Така, ако некој пред нас зазема моќен став, 0:05:09.679,0:05:11.904 ние правиме да изгледаме помали. Не ги имитираме нив. 0:05:11.904,0:05:13.937 Го правиме спротивното од нив. 0:05:13.937,0:05:17.136 Ова однесување го гледам во самата предавална 0:05:17.136,0:05:23.922 и што забележав? Забележав дека магистрантите 0:05:23.922,0:05:26.926 ги заземаат сите невербални ставови кои говорат за моќ. 0:05:26.926,0:05:29.394 Имате луѓе кои се како карикатури на алфа мажјаците, 0:05:29.394,0:05:32.384 тие влегуваат во просторијата, влегуваат директно во средината 0:05:32.384,0:05:36.316 дури и пред да започне предавањето, како навистина да сакаат да заземат простор. 0:05:36.316,0:05:38.205 Кога ќе седнат, на некој начин се раширени. 0:05:38.205,0:05:40.337 Ги креваат рацете вака. 0:05:40.337,0:05:42.972 Имате други луѓе кои буквално се наведнати кога 0:05:42.972,0:05:45.296 ќе влезат внатре. Уште кога ќе влезат, се забележува тоа. 0:05:45.296,0:05:47.834 Тоа се гледа на нивните лица и тела, тие седнуваат 0:05:47.834,0:05:49.820 на нивниот стол и се смалуваат, стануваат ситни, 0:05:49.820,0:05:52.969 а кога креваат рака, тоа го прават на овој начин. 0:05:52.969,0:05:54.646 Забележав неколку нешта околу ова. 0:05:54.646,0:05:56.383 Прво, нема да бидете изненадени. 0:05:56.383,0:05:58.727 Се чини дека е поврзано со полот. 0:05:58.727,0:06:04.192 Многу е поголема веројатноста дека жените ќе го прават ова за разлика од мажите. 0:06:04.192,0:06:06.778 Жените се чувствуваат помалку моќни од мажите, 0:06:06.778,0:06:10.733 па ова не е изненадувачко. Но друго нешто што забележав 0:06:10.733,0:06:13.578 се чини дека е поврзано со нивото на вклученост 0:06:13.578,0:06:17.259 на студентите во наставата т.е. колку многу се активни во наставата. 0:06:17.259,0:06:19.841 А ова е навистина важно кај магистрантите, 0:06:19.841,0:06:22.522 бидејќи од активноста им зависи половина од оценката. 0:06:22.522,0:06:26.995 Па така, факултетите за бизнис оддамна се мачат со овие полови разлики во оценките. 0:06:26.995,0:06:30.267 Најпрвин имате еднакво квалификувани жени и мажи кои ви доаѓаат, 0:06:30.267,0:06:32.263 а потоа се јавуваат разлики во оценките, 0:06:32.263,0:06:35.523 а тоа се чини дека делумно се должи на активноста. 0:06:35.523,0:06:38.546 Па започнав да се прашувам, знаете, добро, 0:06:38.546,0:06:41.070 ги имате овие луѓе кои ви доаѓаат вака, тие се активни 0:06:41.070,0:06:44.741 во наставата. Можно ли е да ги натераме луѓето да се фолираат 0:06:44.741,0:06:46.713 и дали тоа ќе ги направи поактивни учесници? 0:06:46.713,0:06:51.378 Така мојот главен соработник Дена Карни, која е на Беркли, 0:06:51.378,0:06:54.933 и јас сакавме да знаеме, дали може да се фолирате додека не успеете? 0:06:54.933,0:06:57.963 На пример, можеш ли да го правиш ова само за кратко и всушност 0:06:57.963,0:07:01.786 навистина да се почувствуваш помоќен/помоќна? 0:07:01.786,0:07:05.338 Знаеме дека нашето невербално влијае врз тоа што другите луѓе 0:07:05.338,0:07:07.031 мислат и чувствуваат за нас. Има многу докази. 0:07:07.031,0:07:10.143 Но нашето прашање беше, дали нашето невербално 0:07:10.143,0:07:13.253 влијае врз тоа што мислиме и чувствуваме за самите себе? 0:07:13.253,0:07:15.943 Постојат некои докази дека навистина влијае. 0:07:15.943,0:07:20.579 Така, на пример, ние се смееме кога сме среќни, 0:07:20.579,0:07:22.757 но исто така, кога со сила ќе се насмееме 0:07:22.757,0:07:27.172 преку држење на пенкало во устата вака, тоа нè прави да бидеме среќни. 0:07:27.172,0:07:30.253 Значи оди во двете насоки. Што се однесува до моќта, 0:07:30.253,0:07:35.468 и овде е ист случајот. Значи кога се чувствувате моќно, 0:07:35.468,0:07:38.854 веројатно ќе правите вака, но исто така е можно дека 0:07:38.854,0:07:44.460 кога се преправате дека сте моќни, поголема е веројатноста 0:07:44.460,0:07:46.888 дека навистина ќе чувствувате моќност. 0:07:46.888,0:07:49.948 Оттука второто прашање одеше вака, знаеме 0:07:49.948,0:07:52.531 дека нашите умови ги менуваат нашите тела, 0:07:52.531,0:07:56.948 но дали исто така е точно дека нашите тела ги менуваат нашите умови? 0:07:56.948,0:07:59.675 И кога велам умови, во случајот на моќниот, 0:07:59.675,0:08:01.047 за што зборувам? 0:08:01.047,0:08:03.213 Зборувам за мисли и чувства 0:08:03.213,0:08:06.668 и оние физиолошки нешта кои се составен дел на нашите мисли и чувства, 0:08:06.668,0:08:09.876 а во мојот случај, тоа се хормоните. Јас ги набљудувам хормоните. 0:08:09.876,0:08:12.979 Оттука како изгледаат умовите на моќните наспроти оние на 0:08:12.979,0:08:14.210 немоќните? 0:08:14.210,0:08:18.506 Моќните луѓе се, а тоа не е изненадување, 0:08:18.506,0:08:22.730 понаметливи, посамоуверени и оптимистички наклонети. 0:08:22.730,0:08:25.729 Тие всушност чувствуваат дека ќе победат дури и во игрите на среќа. 0:08:25.729,0:08:29.908 Исто така имаат поголема способност да размислуваат апстрактно. 0:08:29.908,0:08:32.514 Има многу разлики. Тие преземаат повеќе ризици. 0:08:32.514,0:08:35.367 Има многу разлики помеѓу моќните и немоќните луѓе. 0:08:35.367,0:08:38.659 Физиолошки, се јавуваат разлики кај двата 0:08:38.659,0:08:42.724 клучни хормони: кај тестостеронот, кој е хормон на доминацијата, 0:08:42.724,0:08:46.387 и кај кортизолот, кој е пак хормон на стресот. 0:08:46.387,0:08:49.724 Така увидовме дека 0:08:49.724,0:08:53.563 високо-моќните алфа мажјаци во приматските хиерархии 0:08:53.563,0:08:56.761 имаат високо ниво на тестостерон и ниско ниво на кортизол, 0:08:56.761,0:09:00.287 и дека моќните и ефективни лидери исто така 0:09:00.287,0:09:02.542 стојат високо со тестостеронот, а ниско со кортизолот. 0:09:02.542,0:09:04.845 Оттука што значи тоа? Кога се споменуваше моќ, 0:09:04.845,0:09:07.270 луѓето мислеа само на тестостеронот, 0:09:07.270,0:09:09.058 бидејќи тој се однесува на доминацијата. 0:09:09.058,0:09:12.528 Но навистина, моќта исто така се однесува на тоа како реагирате под стрес. 0:09:12.528,0:09:15.657 Дали би сакале високо-моќен лидер кој е доминантен, 0:09:15.657,0:09:18.399 има висок тестостерон, но истовремено „се крши“ под стрес? 0:09:18.399,0:09:20.734 Веројатно не, така? Сакате личност која 0:09:20.734,0:09:23.018 е моќна, наметлива и доминантна, 0:09:23.018,0:09:26.706 но и која не се вознемирува многу под стрес, личност која е опуштена. 0:09:26.706,0:09:32.938 Знаеме дека кај приматските хиерархии, доколку 0:09:32.938,0:09:36.629 некој треба ненадејно да ја превземе 0:09:36.629,0:09:39.186 лидерската улога, 0:09:39.186,0:09:42.297 во рамки на неколку дена, кај таа индивидуа тестостеронот се зголемува 0:09:42.297,0:09:45.802 значително, а нивото на кортизол се намалува значително. 0:09:45.802,0:09:48.843 Значи го имаме овој доказ, дека телото може да влијае 0:09:48.843,0:09:51.209 врз умот, барем на фацијално ниво, 0:09:51.209,0:09:55.338 и исто така дека промената на улогата може да влијае врз умот. 0:09:55.338,0:09:58.120 И што се случува, добро, ја менувате улогата, 0:09:58.120,0:10:00.704 што ќе се случи ако го направите тоа на навистина минимално ниво, 0:10:00.704,0:10:03.117 како оваа ситна манипулација, оваа малечка интервенција? 0:10:03.117,0:10:05.768 "Две минути," речете, "Сакам да стоиш вака, 0:10:05.768,0:10:08.551 а тоа ќе направи да се чувствуваш помоќен/на." 0:10:08.551,0:10:13.026 Еве што направивме. Решивме да донесеме луѓе 0:10:13.026,0:10:17.239 во лабораторијата и да спроведеме еден мал експеримент, а овие 0:10:17.239,0:10:21.668 луѓе зазедоа, во рок од две минути, или високо-моќен став 0:10:21.668,0:10:23.917 или ниско-моќен став. Ќе ви покажам пет 0:10:23.917,0:10:26.879 од овие ставови, иако кај субјектите користевме само два. 0:10:26.879,0:10:29.359 Еве еден. 0:10:29.359,0:10:31.453 Уште неколку. 0:10:31.453,0:10:34.271 Овој беше наречен "Супер Жена" од 0:10:34.271,0:10:36.646 страна на медиумите. 0:10:36.646,0:10:37.968 Еве уште неколку. 0:10:37.968,0:10:40.322 Значи може да стоите или да седите. 0:10:40.322,0:10:42.307 И еве ги ставовите на ниска моќ. 0:10:42.307,0:10:46.370 Значи се грчите, се правите да изгледате мали. 0:10:46.370,0:10:48.109 Оваа говори за ептен ниска моќ. 0:10:48.109,0:10:49.466 Кога си го допирате вратот, 0:10:49.466,0:10:52.092 навистина се заштитувате самите себе. 0:10:52.092,0:10:54.677 Еве што се случува. Тие доаѓаат, 0:10:54.677,0:10:56.437 плукаат во еднo шишенце, 0:10:56.437,0:10:59.610 им велиме дека две минути, "Треба да го правите ова или ова." 0:10:59.610,0:11:01.403 Тие не ги гледаат фотографиите со ставовите. Не сакаме да размислуваат 0:11:01.403,0:11:04.783 за концептот на моќ. Сакаме да ја почувствуваат моќта, 0:11:04.783,0:11:06.842 така? И така две минути тие го прават ова. 0:11:06.842,0:11:10.051 Потоа ги прашуваме, "Колку чувствуваш дека си моќен?" преку серија прашања, 0:11:10.051,0:11:12.818 и потоа им даваме прилика да се коцкаат, 0:11:12.818,0:11:15.583 а потоа им земаме уште еден примерок плунка. 0:11:15.583,0:11:17.148 Тое е тоа. Тоа е целиот експеримент. 0:11:17.148,0:11:20.854 И еве што откривме. Толеранција на ризик, коешто е коцкањето, 0:11:20.854,0:11:23.752 откривме дека кога заземате став кој рефлектира 0:11:23.752,0:11:27.250 висока моќ, 86 проценти од вас би се коцкале. 0:11:27.250,0:11:29.195 Кога се наоѓате во став на ниска моќ, тогаш 0:11:29.195,0:11:33.370 само 60 проценти, и ова е прилично голема статистички значајна разлика. 0:11:33.370,0:11:35.850 Еве што откривме кај тестостеронот. 0:11:35.850,0:11:39.355 Во однос на нивните базични нивоа кога ќе влезат, високо-моќните луѓе 0:11:39.355,0:11:41.717 доживуваат околу 20-процентно зголемување, 0:11:41.717,0:11:46.338 а ниско-моќните луѓе доживуваат околу 10-процентно намалување. 0:11:46.338,0:11:49.155 И повторно, две минути, и ги добивате овие промени. 0:11:49.155,0:11:51.907 Еве што добивате кај кортизолот. Високо-моќните луѓе 0:11:51.907,0:11:54.954 доживуваат околу 25-процентно намалување, а 0:11:54.954,0:11:59.086 ниско-моќните луѓе доживуваат околу 15-процентно зголемување. 0:11:59.086,0:12:01.818 Значи две минути доведуваат до овие хормонални промени 0:12:01.818,0:12:04.835 коишто прават вашиот мозок во основа да биде или 0:12:04.835,0:12:07.763 наметлив, уверен и опуштен, 0:12:07.763,0:12:11.771 или навистина осетлив на стрес, знаете, она чувство 0:12:11.771,0:12:15.627 дека сме заробени. И сите ние сме го имале тоа чувство, така? 0:12:15.627,0:12:18.514 Така се чини дека невербалното навистина влијае 0:12:18.514,0:12:20.835 врз тоа како мислиме и се чувствуваме во врска со себе, 0:12:20.835,0:12:23.291 значи влијае не само врз другите, туку и врз нас. 0:12:23.291,0:12:25.718 Исто така, нашите тела ги менуваат нашите умови. 0:12:25.718,0:12:28.124 Но следното прашање, се разбира, е 0:12:28.124,0:12:29.638 дали моќното позирање за само неколку минути 0:12:29.638,0:12:31.929 навистина може значително да ви го промени животот? 0:12:31.929,0:12:34.575 Ова е во лабораторијата. Оваа мала задача, знаете, 0:12:34.575,0:12:37.171 трае само неколку минути. Каде би можеле да го 0:12:37.171,0:12:39.946 примените ова? Ова ни беше важно, се разбира. 0:12:39.946,0:12:44.123 Сметаме дека е навистина важно оваа 0:12:44.123,0:12:46.711 вештина да ја користите во евалуативни ситуации 0:12:46.711,0:12:50.164 т.е. ситуации каде можеби ќе бидете оценувани, 0:12:50.164,0:12:53.848 можеби од вашите пријатели? Кај тинејџерите ова се случува за време на ужината. 0:12:53.848,0:12:56.053 Би можело, знаете, за некои луѓе проблем им е да зборуваат 0:12:56.053,0:12:59.077 за време на наставничките состаноци. Можеби презентација 0:12:59.077,0:13:01.934 или јавно говорење како ова 0:13:01.934,0:13:04.732 или пак интервју за работа. 0:13:04.732,0:13:07.224 Одлучивме дека најрелевантно за сите луѓе, 0:13:07.224,0:13:08.461 бидејќи повеќето луѓе поминале низ него 0:13:08.461,0:13:09.843 е интервјуто за работа. 0:13:09.843,0:13:13.796 И така ги објавивме овие наоди, а медиумите 0:13:13.796,0:13:16.390 веднаш скокнаа, и рекоа. Добро, значи ова правиш 0:13:16.390,0:13:19.590 кога ќе отидеш на интервју за работа, така? (Смеа) 0:13:19.590,0:13:21.981 Знаете, ние се разбира бевме ужаснати, и рековме, 0:13:21.981,0:13:24.166 оф Боже мој, не, не, не, воопшто не мислевме на тоа. 0:13:24.166,0:13:26.941 Поради повеќе причини, не, не, не, не го правете тоа. 0:13:26.941,0:13:29.532 Повторно, не станува збор за зборување со другите луѓе. 0:13:29.532,0:13:31.391 Туку зборување со себе. Што правите 0:13:31.391,0:13:34.200 пред да влезете на интервјуто за работа? Го правите ова. 0:13:34.200,0:13:36.466 Така? Седите. Гледате во вашиот ајФон -- 0:13:36.466,0:13:38.752 или вашиот Андроид, постојано сте во контакт. 0:13:38.752,0:13:40.946 Вообичаено, знаете, гледате во вашите белешки, 0:13:40.946,0:13:42.776 се грчите, правите да изгледате мали, 0:13:42.776,0:13:45.068 но всушност во тој момент би требало да го правите ова, 0:13:45.068,0:13:48.484 како да сте во бањата, така? Правете го тоа. Најдете две минути. 0:13:48.484,0:13:49.904 Сакавме ова да го тестираме. Добро? 0:13:49.904,0:13:52.088 Така внесуваме луѓе во лабораторијата, а 0:13:52.088,0:13:55.465 тие заземаат став кој говори или за ниска или за висока моќ, 0:13:55.465,0:13:58.097 поминуваат низ многу стресно интервју за работа. 0:13:58.097,0:14:01.713 Трае пет минути. Ги снимаме. 0:14:01.713,0:14:04.224 Исто така ги оценуваме, а оценувачите 0:14:04.224,0:14:08.199 се обучени да не им даваат невербален фидбек, 0:14:08.199,0:14:09.806 па затоа изгледаат вака. Замислете 0:14:09.806,0:14:12.090 дека оваа личност ве интервјуира. 0:14:12.090,0:14:16.713 Значи пет минути, ништо, ова е полошо дури и од тоа намерно да ве засрамат. 0:14:16.713,0:14:20.026 Луѓето го мразат ова. Мериен ЛаФренс ова го нарекува 0:14:20.026,0:14:22.117 "стоење во социјален жив песок." 0:14:22.117,0:14:23.926 Ова навистина ви го крева кортизолот. 0:14:23.926,0:14:25.628 Значи ова е работното интервју на кое ги подложивме, 0:14:25.628,0:14:28.457 бидејќи навистина сакавме да видиме што ќе се случи. 0:14:28.457,0:14:31.564 Потоа имаме четворица кодери кои го прегледуваат снименото, четворица. 0:14:31.564,0:14:34.736 Тие не се запознаени со хипотезите. Не ги знаат ниту условите. 0:14:34.736,0:14:37.521 Немаат поим кој позирал во која поза, 0:14:37.521,0:14:42.611 а на крај го прегледуваат овој снимен материјал, 0:14:42.611,0:14:44.683 и велат, "Уф, сакаме да ги ангажираме овие луѓе," -- 0:14:44.683,0:14:48.105 сите кои завзеле високо-моќен став -- "не сакаме да ги ангажираме овие луѓе. 0:14:48.105,0:14:50.890 Исто така во глобала овие луѓе ги оценуваме многу попозитивно. 0:14:50.890,0:14:55.626 Но што придонесува за ова? Тука не се работи за содржината на говорот. 0:14:55.626,0:14:58.502 Туку во прашање е духот кој му го вдахнуваат на самиот говор. 0:14:58.502,0:15:00.551 И бидејќи ги оценуваме на сите овие варијабли поврзани 0:15:00.551,0:15:03.642 со компетентноста, како тоа, колку добро е структуриран 0:15:03.642,0:15:06.418 говорот? Колку е добар? Какви се нивните квалификации? 0:15:06.418,0:15:09.474 Овие нешта немаа влијание. Невербалното е она кое влијаеше. 0:15:09.474,0:15:12.753 Овие нешта. Луѓето во основа ви го презентираат нивното вистинско јас. 0:15:12.753,0:15:14.626 Она што тие навистина сè. 0:15:14.626,0:15:16.849 Тие изнесуваа идеи, но како такви, 0:15:16.849,0:15:19.385 идеите немаат некое влијание. 0:15:19.385,0:15:24.316 Токму од невербалното однесување зависат овие резултати. 0:15:24.316,0:15:27.684 И така кога ќе им кажам на луѓето за ова, 0:15:27.684,0:15:30.563 дека нашите тела ги менуваат нашите умови и дека умовите го менуваат однесувањето, 0:15:30.563,0:15:33.539 а нашето однесување влијае врз нашите резултати, тие ми велат, 0:15:33.539,0:15:35.406 "Не верувам -- ми изгледа како фолирање." Така? 0:15:35.406,0:15:39.185 Така им велам, фолирајте се додека не успеете -- Не сум јас. 0:15:39.185,0:15:42.360 Не сакам да стигнам до таму и пак да се чувствувам како измамник. 0:15:42.360,0:15:43.879 Не сакам да се чувствувам како преварант. 0:15:43.879,0:15:48.291 Не сакам да стигнам до таму само за потоа да чувствувам дека не требало да сум таму. 0:15:48.291,0:15:50.478 И ова навистина допре до мене, 0:15:50.478,0:15:52.536 бидејќи сакам да ви раскажам една мала приказна 0:15:52.536,0:15:55.946 кога чувствував дека сум измамник и дека не би требало да сум овде. 0:15:55.946,0:15:58.887 Кога имав 19, имав една навистина тешка сообраќајна несреќа. 0:15:58.887,0:16:02.292 Бев исфрлена од кола, се имав превртено неколку пати. 0:16:02.292,0:16:05.803 Бев исфрлена од колата. И се разбудив во едно болничко одделение за рехабилитација 0:16:05.803,0:16:09.395 на повреди на глава, потоа ме отпишаа од факултет 0:16:09.395,0:16:15.107 и дознав дека мојот I.Q. се намалил за две стандардни отстапувања, 0:16:15.107,0:16:17.695 коешто беше многу трауматично. 0:16:17.695,0:16:20.566 Го знаев мојот I.Q. бидејќи за себе сметав дека сум паметна 0:16:20.566,0:16:22.578 и бидејќи како дете ми велеа дека сум надарена. 0:16:22.578,0:16:25.778 Така ме отпишаа од факултет, се обидував да се вратам. 0:16:25.778,0:16:27.502 Тие велеа, "Нема да завршиш факултет. 0:16:27.502,0:16:30.379 Едноставно, знаеш, има други работи што можеш да ги правиш, 0:16:30.379,0:16:32.277 но тоа нема да ти успее." 0:16:32.277,0:16:36.161 И така навистина се мачев со ова, и морам да кажам, 0:16:36.161,0:16:38.935 кога ќе ти го одземат идентитетот, твојот базичен идентитет, 0:16:38.935,0:16:40.794 во мојот случај дека сум паметна, 0:16:40.794,0:16:45.203 кога ќе ви го одземат тоа, тогаш чувствувате најголема немоќност. 0:16:45.203,0:16:47.805 И така се чувствував целосно немоќна. И работев, работев и работев, 0:16:47.805,0:16:50.939 и ми се посреќи, работев, ми се посреќи и работев. 0:16:50.939,0:16:53.391 Конечно дипломирав на факултет. 0:16:53.391,0:16:55.198 Ми требаше дополнителни четири години, 0:16:55.198,0:16:59.756 и го убедив мојот ангелски советник, Сузан Фиск, 0:16:59.756,0:17:02.700 да ме земе и така отидов на Пристон и тогаш 0:17:02.700,0:17:05.551 почнав да си велам дека не би требало да сум овде. 0:17:05.551,0:17:06.845 Јас сум измамник. 0:17:06.845,0:17:08.426 И ноќта пред мојот прв говор, 0:17:08.426,0:17:11.064 а првиот говор на Принстон е 20-минутен говор 0:17:11.064,0:17:13.099 пред 20 луѓе. Тоа е тоа. 0:17:13.099,0:17:15.986 Толку бев исплашена дека ќе ме откријат следниот ден 0:17:15.986,0:17:18.799 што ѝ се јавив и реков, "Се откажувам." 0:17:18.799,0:17:20.655 Таа рече, "Нема да се откажеш, 0:17:20.655,0:17:23.213 бидејќи ризикував со тебе и затоа остануваш. 0:17:23.213,0:17:25.404 Ќе останеш и еве што ќе направиш. 0:17:25.404,0:17:26.761 Ќе се фолираш. 0:17:26.761,0:17:30.541 Ќе ги одржиш сите говори кои што ќе ти бидат зададени во иднина. 0:17:30.541,0:17:32.280 Едноставно ќе зборуваш, зборуваш и зборуваш, 0:17:32.280,0:17:35.249 дури иако си преплашена, парализирана 0:17:35.249,0:17:37.827 и имаш чувство како да го напушташ телото, се додека не дојдеш 0:17:37.827,0:17:40.992 до моментот кога ќе речеш, 'Боже мој, го можам ова. 0:17:40.992,0:17:43.958 Станав токму ова нешто. Всушност го правам ова.''' 0:17:43.958,0:17:46.368 Токму тоа го направив. Пет години на постдипломски, 0:17:46.368,0:17:48.109 неколку години, знаете, јас сум на Нортвестерн, 0:17:48.109,0:17:50.696 преминав на Харвард, на Харвард сум, повеќе не 0:17:50.696,0:17:54.196 мислам за ова, но долго време мислев за оваа работа. 0:17:54.196,0:17:56.500 "Не би требало да сум овде. Не би требало да сум овде." 0:17:56.500,0:17:58.978 И така на крајот од мојата прва година на Харвард, 0:17:58.978,0:18:03.544 една студентка која немаше зборувано пред групата цел семестар, 0:18:03.544,0:18:06.751 и на која ѝ реков, "Види, мораш да учествуваш бидејќи во спротивно ќе паднеш," 0:18:06.751,0:18:09.253 дојде во мојата канцеларија. Навистина воопшто не ја познавав. 0:18:09.253,0:18:13.235 И рече, дојде целосно обесхрабрена и рече, 0:18:13.235,0:18:19.280 "Не би требало да сум овде." 0:18:19.280,0:18:23.408 И тоа беа моите пет минути. Бидејќи две нешта се случија. 0:18:23.408,0:18:24.902 Прво нешто што сфатив, 0:18:24.902,0:18:28.136 боже мој, повеќе не се чувствувам така. Знаете. 0:18:28.136,0:18:30.818 Не се чувствувам така повеќе, но таа се чувствува и ми доаѓа тоа чувство. 0:18:30.818,0:18:33.455 А второто беше дека таа треба да биде овде! 0:18:33.455,0:18:35.259 Таа може да се фолира, може да постане тоа нешто. 0:18:35.259,0:18:38.999 И тогаш тргнав, "Да, треба! Треба да бидеш овде! 0:18:38.999,0:18:40.434 И утре ќе се фолираш, 0:18:40.434,0:18:43.498 ќе се направиш моќна и знаеш, 0:18:43.498,0:18:46.521 има да -- " (Аплауз) 0:18:46.521,0:18:48.560 (Аплауз) 0:18:48.560,0:18:52.993 "Има да отидеш во предавалната и 0:18:52.993,0:18:55.417 ќе го одржиш најдобриот говор." 0:18:55.417,0:18:58.422 Знаете? Таа го одржа најдобриот говор, 0:18:58.422,0:18:59.285 а луѓето се вртеа наоколу и си велеа, 0:18:59.285,0:19:02.729 Боже мој, ја немав ни забележано дека е овде, знаете? (Смеа) 0:19:02.729,0:19:05.600 Се врати неколку месеци подоцна кај мене и сфатив 0:19:05.600,0:19:07.884 дека не само што се фолираше додека не успеа, 0:19:07.884,0:19:10.608 туку таа се фолираше додека не стана токму тоа нешто. 0:19:10.608,0:19:12.431 И така таа се промени. 0:19:12.431,0:19:16.515 И сакам да ви кажам, не се фолирајте додека не успеете. 0:19:16.515,0:19:19.312 Фолирајте се додека не станете тоа нешто. Знаете? Не е -- 0:19:19.312,0:19:22.953 Правете го се додека не стане тоа нешто и додека не го повнатрешните. 0:19:22.953,0:19:25.608 За крај ќе ве оставам со оваа порака. 0:19:25.608,0:19:30.080 Малите промени можат да донесат големи промени. 0:19:30.080,0:19:32.577 Ова трае две минути. 0:19:32.577,0:19:34.313 Две минути, две минути, две минути. 0:19:34.313,0:19:37.559 Пред да влезете во следната стресна ситуација каде ќе ве оценуваат, 0:19:37.559,0:19:40.265 во рок од две минути, направете го ова, во лифтот, 0:19:40.265,0:19:43.504 во тоалетот, покрај вашето биро позади затворени врати. 0:19:43.504,0:19:45.944 Направете го тоа. Подгответе го вашиот мозок за 0:19:45.944,0:19:47.766 најдобро да се справи со таа ситуација. 0:19:47.766,0:19:50.731 Зголемете си го тестостеронот. Намалете го кортизолот. 0:19:50.731,0:19:54.697 Не ја напуштајте ситуацијата со чувството, оф, не им покажав кој/а сум навистина јас. 0:19:54.697,0:19:57.049 Заминете си со чувството, оф, навистина им кажав 0:19:57.049,0:19:58.885 и покажав кој/а сум навистина јас. 0:19:58.885,0:20:01.427 Затоа би сакала да ве замолам, знаете, 0:20:01.427,0:20:05.208 да го користите овој моќен став, 0:20:05.208,0:20:07.094 и исто така сакам да ве замолам 0:20:07.094,0:20:10.322 да ја споделувате науката, бидејќи ова е едноставно. 0:20:10.322,0:20:12.199 Ова не е мој патентиран изум. (Смеа) 0:20:12.199,0:20:14.086 Споделете го со луѓето. Дајте им го, 0:20:14.086,0:20:15.947 бидејќи најкорисно би било за оние луѓе кои 0:20:15.947,0:20:20.105 немаат ресурси и технологија, 0:20:20.105,0:20:23.231 кои немаат статус и моќ. Дајте им го на нив 0:20:23.231,0:20:24.514 бидејќи тие ќе можат да го прават насамо. 0:20:24.514,0:20:27.343 Им требаат нивните тела, приватност и две минути, 0:20:27.343,0:20:30.493 а тоа може значително да им го промени животот. 0:20:30.493,0:20:34.679 Ви благодарам. (Аплауз) 0:20:34.679,0:20:41.569 (Аплауз)