Замислете дека се наоѓате на некоја улица било каде во Америка
и ви приоѓа некој Јапонец прашувајќи ве
„Извинете, како се вика овој блок?“
А вие одговарате - „Жал ми е. Значи, ова е булевар Партизански одреди,
тоа е Рузвелтова, понатаму е Орце Николов и уште понатаму Костурски Херои.“
Тој ви вели, „ок. Но како се вика овој блок?“
Вие велите, „Па, блоковите кај нас немаат имиња.
Кај нас, улиците имаат имиња, а блоковите се само
оние безимени простори помеќу улиците.“
И тој си заминува, малку збунет и разочаран.
И сега замислете дека се наоѓате на некоја улица во Јапонија,
и прашувате некој минувач до вас
„Се извинувам, како се вика оваа улица?“
И тој вели “Па знаете, ова е блок 17, ова е 16.“
А вие велите “Добро, но како се вика оваа улица?“
И тој ви вел “Знаете, улиците немаат имиња.
Блоковите имаат имиња.
Еве, погледнете на Google Maps. Овде е блок 14,15,16,17,18,19.
Сите овие блокови имаат имиња.
А улиците се само безимените простори помеѓу блоковите.
И тогаш велите. „Добро, како тогаш ја знаете вашата адреса на живеење?“
Тој ви одговара, „Па лесно, ова е Регион 8.
Овде е блок 17, куќа број 1.“
Вие велите, „Добро. Но, шетајќи наоколу, приметив дека куќите
не се нумерирани по редослед.“
Тој вели, „Секако дека се. Нумерирани се по редоследот по кој што биле изградени.
Првата куќе изградена на овој блок е нумерирана со бројот 1.
Втората куќа е број 2.
Третата е број 3. Лесно и очигледно.“
Знаете, баш ми се допаѓа кога треба да отидеме
на спротивната страна на светот
за да ги согледаме претпоставките кои и не сме знаеле дека ги имаме
и да согледаме дека и спротивните претпоставки на нив исто така може да се вистинити.
Така на пример, постојат лекари во Кина
кои веруваат дека нивната работа е да ве одржуваат здрави.
Така, секој месец кога сте здрави, вие им плаќате,
а кога сте болни, не им плаќате бидејќи тие не успеале да ве одржат здрави.
Така, тие се богатат кога вие сте здрави, а не болни.
(Аплауз)
Во музиката, под „еден“ подразбираме
почеток на тактот. еден, два ,три, четри.
Но, во западно-африканската музика, „еден“
го означува крајот на тактот,
како што точката го означува крајот на реченицата.
Па, може да го чуете не само во ознаките, туку и во начинот на кој држат такт.
два, три, четри, еден.
И оваа мапа е исто така точна.
(смеа)
Има една поговорка дека што и да тврдите во Индија,
спротивното е исто така вистинито.
Па, да не заборавиме, било на ТЕД, било надвор од тука,
дека која и да е бријилантна идеја која сте ја чуле,
нејзината спротивна можеби исто така е вистинита.
Домо аригато гозаимашита. (ви благодарам)