Тоа што сакам да го направам во ова видео е да прикажам повеќе примери за собирање за да може да вежбаме и да се загрееме за собирање. Тоа што сакам да ви го покажам е дека сега ги имаме сите алатки што ни требаат за да собираме. Е па, ајде да се загрееме со неколку проблеми со едноцифрено собирање, ама овие се тие што стално ми задаваат мала главоболка. Ајде да почнеме со стварно едноставни примери. Сакам да кажам два плус четири Нели, ние знаеме колку е тоа. Несметам дека треба сега да цртаме бројна линија, ама ако ви треба за да запомнете, вие може да цртате. Два плус четири се шест. Не е така лошо. Што правиме со девет плус три? Тоа го видовме во претходното видео. Девет плус еден се десет. Уште плус еден се единаесет. Плус три се дванаесет. Девет плус три се дванаесет. И тоа не е лоша идеа. добро е да се визуелизира што се случува овде, ама не е лоша идеа пва да може да се прави многу брзо. Да сме во состјба да запамтиме, барем за едноцифрените задачи за собирење, колку е резултатот. Ајде на решиме неколку тешки. Шест плус Седум Ова мене ми беше тешко да го запомнам. Но, шест плус седум се тринаесет. Нацртајте ја бројната линија и земете ги графчињата ако не ми верувате. Шест плус седум се тринаесет. Осум плус шест или шест плус осум се четиринаесет. И тоа е исто како седум плус седум ... и тоа ќе биде четиринаесет. И ако размислите малку за тоа, ние добивме ист број ове како и таму. И има смисла, нели? Затоа што одзедовме еден од осум и му додадовме еден на шест. Значи, само поместивме еден од осумката кај шеската. Затоа добивме ист одговор.