Не знам баш
како да ги започнам овие разговори.
Бидејќи ќе бидат шест разговори и
седум дискусии,
би сакал да посочам, ако смеам,
дека ќе ги промислиме заедно
нашите проблеми.
Ќе користиме разум, чисто размислување,
а не било какви самоуверени верувања,
мислења и судови,
или било каква форма на заклучок.
И заради тоа ова станува
прилично сериозно.
Ова не е забава,
слободно утро или попладне,
Сабота или Недела
туку, напротив, сериозен собир
за многу длабоко размислување,
за многуте човекови конфликти,
проблеми, жалости, задоволства, стравови,
и за природата на медитацијата
и така натаму.
Ќе го поминеме сето ова
во нашите разговори.
Но, прво, сакам да нагласам, ако смеам,
говорникот
не се обидува да ве убеди во ништо.
Ве молам верувајте во тоа.
Тој не ве наговорува, да мислите
во согласност со неговиот посебен правец.
Повторно, ве молам верувајте.
Тој не ви нуди одреден сет на идеологии,
ни верувања, ни заклучоци
бидејќи тие го поделија светот,
човекови битија, еден против друг.
Така, не сме на ниту еден начин
засегнати со овие работи,
нити верување, заклучок,
мислења или судови.
Но, ќе одиме заедно и мислиме заедно,
вие и говорникот, внимателно, објективно,
за да видиме што се случува околу нас,
не романтично, не сентиментално,
туку само да набљудуваме,
без ниту еден заклучок,
без понудување на било какво мислење,
туку само да погледнеме и да следиме
заедно, да размислиме заедно.
А тоа мислам е многу важно,
да се разбере тој збор "заедно".
Повеќето од нас се навикнати да одат
на состаноци и собири од овој вид,
или да го прифатат тоа што
го кажува говорникот или да го одбие,
едно мислење или една идеја против друга,
или да ве наговорат преку
паметна аргументација,
да следите или прифатите
тоа што го кажува.
И заради тоа, ние мислиме
заедно за овие проблеми,
споделуваме заедно.
А ова е многу важно да го разбереме,
ако смеам да продолжам со тоа.
бидејќи некој има тенденција да слуша
како некој друг да зборува таму некаде,
а вие случајно прифаќате или негирате.
Па, мене ми изгледа,
дека тоа е ваша одговорност,
да се биде одговорен
дека преземате, сериозно,
да се размисли заедно,
да се откријат точните,
вистински решенија на овие проблеми
што ние човековите битија
сме измачени со нив.
Така, тоа го задолжува,
на делот на секој од нас,
тоа разбирање,
капацитетот да се мисли,
логично, здраво, целосно,
станува многу важно.
Ние имаме тенденција да мислиме било
што што е производ на разумот,
чисто мислење,
е преинтелектуално и поради тоа,
не е за секој од нас.
Но, напротив, чувствувам дека ако можеме
да мислиме, набљудуваме, вразумиме заедно,
ги оставиме на страна нашите
лични заклучоци, мислења и оценувања,
што ни се допаѓа и што не ни се допаѓа,
што не привлекува и така натаму,
ако можеме да ги оставиме на страна
сите тие нешта,
и сме способни да мислиме заедно,
длабоко, здраво,
а тоа е, објективно, целосно
тогаш, мислам ние ќе бидеме способни
длабоко да се трансформираме себе си.
Бидејќи, кога некој оди околу светот,
како говорникот
од Индија, Европа, и тука,
тогаш гледа голема тага, војни, насилство,
сите видови на глупавост,
тероризам, убивање, дрога.
Знаете што се случува,
исто како и јас.
И ние го прифаќаме сето тоа,
како небаре се неизбежни.
И како што повеќето од нас се
со традиционални вредности,
ние природно и лесно
се справуваме со овие нешта.
Или се револтираме против нив.
Но, тој револт е реакција,
како што Комунизмот е реакција
на Капитализмот или Фашизмот.
Па, без револт,
без да се оди против нешто,
и да формираме наша сопствена
мала група или комуна
или следејќи одреден гуру или друг гуру,
од Индија или од оваа земја,
а тие се распрнуваат како печурки
насекаде во светот, овие гуруа,
за жал.
Но, ако можеме, без да прифатиме
било каков авторитет,
бидејќи во спиритуалните работи
не постои авторитет.
нема гуру, нема свештеник, нема санкции.
А ова е многу важно да се разбере
ако ќе одиме заедно,
истражувајќи во сите овие проблеми
што ние човековите битија сме ги имале,
векови по векови,
генерација по генерација.
Но, прво ако може да се напомене,
не постои авторитет тука.
Ние сме пријатели, двајца пријатели,
што разговараат заедно
за нашите конфликти,
нашите несигурности, нашата мака
нештата низ кои ние човековите битија
поминуваме низ животот,
и завршуваме во смрт,
без да разбереме за што е сево ова
или посветени на одредена акција,
мислејќи дека тоа ќе ги реши
сите наши човекови конфликти,
мизерии и стравови.
Кога тоа е јасно и дефинитивно разбрано,
дека нема авторитет,
говорникот нема авторитет како и да е,
иако можеби седи на платформа,
бидејќи тоа е само за практичност,
како сите би можеле меѓу себе
да се гледаме
Но, малку висина не му дава
никаков авторитет.
Па така, не го претворајте во авторитет,
ставате или давате авторитет.
И навистина го мислам ова,
бидејќи во психолошки работи
кои што ќе ги истражуваме
многу длабоко заедно,
нема авторитет,
било да се тоа Европските психолози.
или модерните психолози
или гуруата или книгите, или спасителите,
стари или модерни,
во тоа поле на психологија
да се прифати авторитет,
е да се негира бистрина,
чисто мислење, логика
и да се биде здрав и поради тоа целосен.
зборот "целосен" означува
да се има добро здравје,
да се има разумност,
а исто и означува С-В-Е-Т-О, свето.
Па кога ќе го користиме зборот целосен,
холистично,
означува сето тоа, здравје,
разумност, јасност
и тоа што е свето, комплетно.
Па, како што кажуваме
во психолошкото поле,
дека нема авторитет,
оставаме на страна,
се она што луѓето ни го кажале
ако можеме - што е многу тешко,
и да испитаме, чекор по чекор,
повторно, ако можеме
во енормниот проблем на постоењето, а
нашиот секојдневен живот.
Психолошки, внатрешно,
ние човековите итија, било каде и да сме,
ние сме светот, психолошки.
Светот е ние,
светот е јас и јас сум светот.
А тоа е психолошки апсолутен факт.
Иако имаш, бела кожа, кафена или
црна кожа
или што и да било надворешно,
имотен, богат, просперитетен,
многу автомобили, и сето останато.
Или можеби си многу сиромашен,
но внатре, длабоко доле сите сме исти.
Страдаме, осамени сме,
во тага сме, конфликт,
мизерија, конфузија, зависиме од некого
да ни каже што да правиме,
како да мислиме, што да мислиме.