Оваа просторија
можеби собира 600 луѓе,
но има многу повеќе
бидејќи во секој од нас
постојат повеќе личности.
Во мене има две личности
кои се во судир и разговараат во мене
откога бев малечка.
Ги нарекувам „мистикот`
и „воинот“.
Родена сум во семејство
на политички активни
интелектуални атеисти.
Имаше една изрека што се слушаше
во моето семејство:
„Ако си интелигентен,
тогаш не си духовен.“
Јас бев изрод во семејството.
Бев чудно дете
кое сакаше длабоки дискусии
за светот кој можел да постои
зад овој кој го восприемаме
со нашите сетила.
Сакав да знам
дали она што ние, луѓето го гледаме,
слушаме и размслуваме
е целосна и јасна слика
на реалноста.
Барајќи ги одговорите
одев на католички миси.
Се мешав со соседите,
ги читав Сартр и Сократ.
Потоа се случи нешто прекрасно
кога бев во средно:
Гуруа од Истокот
почнаа да се појавуваат
на бреговите на Америка.
Си реков:
„ Сакам и јас еден.“
Оттогаш
јас чекорам по мојот мистичен пат
во обид да продрам низ
она што Ајнштајн го нарече
„оптичка илузија
на секојдневната свест“.
Што значи тоа? Ќе ви покажам.
Земете здив сега,
од овој чист воздух овде.
Сега, ја гледате оваа чудна
подземна вода,
со изглед на коралем остров?
Тоа е всушност трахеа на човек,
а оние шарени површини
се микроби
кои всушност пливаат во оваа просторија,
овде околу нас.
Ако не ја гледаме оваа
едноставна биологија,
замислете што пропуштаме
на најмалото суб-атомско ниво токму сега
и на најголемите космички нивоа.
Годините како мистик
ме натераа да се запрашам
за сите мои претпоставки.
Ме направија горд незнајко.
Кога мистикот во мене
брбори на овој начин,
воинот ги превртува очите.
Загрижен е
за она што се случува во
моментов во светот.
Загрижен е.
Вели: “Извини ама љут сум,
знам некои работи и
најдобро да се позанимаваме со нив сега.“
Го поминав живото како воин,
ангажирајќи се за проблемите на жените,
во политички кампањи
и бев активист за животната средина.
Тоа е малку налудничаво,
да се биде и мистик и воин
во едно тело.
Секогаш ме привлекуваа
оние ретки луѓе
кои успеваа,
кои го посветувале животот на хуманоста
со храброста на воинот
и милоста на мистикот-
луѓе како Мартин Лутер Кинг
кој напишал:„Никогаш не можам да бидам
она што треба да бидам
се додека ти не бидеш
тоа што треба да бидеш.
Тоа е взаемната структура
на реалноста.“
Мајка Тереза, уште еден мистик-воин,
има речено:„Проблемот со светот
е што го исцртуваме кругот
на своето семејство
многу мал.“
А Нелсон Мандела
кој живее според африканскиот концепт
на „убунту“
што значи „ми требаш
за да бидеш јас,
и ти требам за да бидам ти.“
Сите сакаме да се повикуваме
на овие тројца воини
како да се родени
со истите гени.
А всушност сите го имаме
истиот капацитет кој тие го поседуваат
и треба да ја сработиме
нивната работа сега.
Многу ме вознемирува
начинот на кој сите наши култури
ги демонизираат „Другите“
со гласот кој го даваме
на најподелените меѓу нас.
Погледнете ги овие наслови
на некои од најпродаваните книги
од обете политички поделени страни
овде во САД.
„Либерализмот е ментално нарушување“,
„Раш Лимбау е голем, дебел идиот“,
„Идиоти и патриоти“,
„Расправа со идиоти“.
Звучат иронично,
но всушност се опасни.
Еве еден наслов кој може да звучи познато
но чиј автор може да ве изненади:
„Четири и пол години борба
против Лагата, Глупавоста
и Кукавичлукот.“
Кој ја напишал?
Тоа беше првиот наслов
на книгата на Хитлер
„"Mein Kampf" -„Мојата борба“-
книгата која ја промовираше
партијата на нацистите.
Најстрашните период во човечката историја,
дали во Камбоџа, Германија,
или Руанда,
почнуваат вака-со негирање
на оние „другите“.
И после се претвораат
во насилен екстремизам.
Затоа промовирам нова иницијатива-
за да ни помогне на сите,
и мене вклучително,
за да се спротивставиме на тенденцијата
да покажуваме на „другиот“.
Сфаќам дека сите сме зафатени,
па не грижете се, можете да го правите
ова на пауза за ручек.
Ја нарекувам мојата иницијатива
„Однесете го „Другиот“ на ручек“.
Ако сте
Републиканец,
однесете го Демократот на ручек,
ако сте Демократ,
размислувајте
за ручек со Републиканец.
Ако идејата да ручате со некој од нив
ви го изгуби апетитот,
предлагам да почнете локално,
зашто нема недостиг на „другите“
во вашето соседство.
Можеби тоа е личноста
која се моли во џамија,
црква или синагога некаде вои близина.
Или некој од другата страна
на конфликтот.
Или можеби вашиот роднина
кој не верува во глобалното затоплување.
Било кој, чиј начин на живот ве заплашува,
или чии гледишта
ве разгневуваат.
Пред некое време отидов на ручек
со жена од една конзервативна партија.
Теоретски, таа го помина
мојот тест за гнев.
Таа е активистка- десничар,
јас сум активистка- левичар.
Употребивме некои упатства
за да ја одржиме дискусијата на ниво,
и вие можете да ги употребите,
зашто знам дека сите ќе одите
на ручек со „Другиот“.
Значи, прво одлучете се за целта:
да ја запознаете личноста
од групата за која имавте негативни стереотипи.
И пред да сте заедно,
договорете се за некои начелни правила.
Мојата конзервативна придружничка
го смисли ова:
не убедувај, не брани
и не прекинувај.
Биди љубопитен;
биди разговорлив; биди реален.
И слушај.
Оттука тргнавме.
И ги применивме овие прашања:
Сподели некои животни искустав со мене.
Кои теми
те загрижуваат најмногу?
Што си сакала отсекогаш да го прашаш
оној од другата страна?
Мојата придружничка и јас
дојдовме до некои значајни погледи
и еден од нив ќе споделам со вас.
Мислам дека тој е поврзан
со секој проблем
меѓу луѓето насекаде.
Ја прашав зошто нејзината страна
дава толку срамни изјави
и лаги за мојата страна.
„Што на пример?-ме запраша.
„Дека сме толпа
на елитисти,морално корумпирани
приврзаници на терористи.“
Беше шокирана.
Мислеше дека мојата страна
честопати ја напаѓа нејзината,
нарекувајќи ги безумни,
вооружени расисти;
и двете бевме затечени
од етикетите кои не прилегаа
никому од луѓето
кои ги познаваме.
И бидејќи изградивме некоја доверба,
верувавме во обостраната искреност.
Се договоривме да прозбориме
во нашите заедници
ако забележиме
зборување за „Другите“
што може да повредува
и да се претвори во параноја
и понатаму да поттикнува
судири.
На крајот на нашиот ручек,
ја признавме нашата отвореност.
Не се обидовме да ја промениме другата.
Не се преправавме
дека разликите меѓу нас
едноставно ќе исчезнат
после ручекот.
Наместо тоа, ги направивме
првите чекори заедно,
ги надминавме нашите несвесни реакции
и отидовме во убунту местото
кое е единственото место
каде ќе можеме да ги најдеме решенијата
за нашите, наизглед нерешливи
проблеми.
Кого треба да поканите на ручек?
Следниот пат кога ќе се затекнете
како го отуѓувате оној „другиот“,
тоа ќе биде вашиот знак.
Што може да се случи во текот на ручекот?
Дали ќе се отвори небото
и ќе ја свират „Ние сме светот“ ?
Веројатно не.
Бидејќи работата на убунту е бавна
и тешка.
Тоа се две личности кои
кои престануваат да се преправаат
дека се сезнајни.
Тоа се две личности,
два воини
кои го фрлаат оружјето
и посегнуваат еден кон друг.
Еве како го изрази тоа познатиот
персиски поет Руми:
„Таму зад идеите
за исправното и погрешното
има поле.
Таму ќе се сретнеме.“
(Аплауз)