Што е тоа што нè одржува здрави и среќни додека минуваме низ животот? Во моментов запрашајте се, за да бидете среќни, каков треба да биде вашиот живот? Неодамна беше спроведена анкета врз милениумци во однос на тоа кои се нивните најважни цели во животот. Повеќе од 80% рекоа дека најважна цел им е да се збогатат. Aдолесценти одговориле дека друга животна цел им е да станат познати. (Смеа) Постојано ни кажуваат да се впуштиме во работа, да туркаме појако и да постигнеме повеќе. Имаме впечаток дека овие се работите по кои треба да одиме за да имаме добар живот. Слики од цели животи, од изборот што луѓето го прават и како тој избор функционира за нив ,тие слики се речиси невозможни да се достигнат. Повеќето што го знаеме за човековиот живот, го знаеме од човечките сеќавања за минатото и како што знаеме ретроспективата е сè освен 20/20. Забораваме огромни количини од случувањата во нашите животи и некогаш меморијата е чиста креативност. Но, што ако би можеле да гледаме цели животи како се расплетуваат низ времето? Што ако можеме да ги проучуваме луѓето од времето кога се тинејџери сѐ до длабока старост, да видиме што ги оддржува здрави и среќни. Го направивме тоа. Харвардската студија за развој на возрасните можеби е најдолгата студија на возрасниот живот што некогаш била направена. 75год., ги следевме животите на 724 мажи година по година, прашувајќи ги за нивната работа, домашен живот, здравјето и секако прашувајќи без да знаеме како ќе испаднат нивните животни приказни. Ваквите студии се премногу ретки. Речиси сите проекти од овој вид се распаѓаат во првата декада бидејќи многу од луѓето се откажуваат или спонзорството на истражувањето прекинува или на истражувачите им се одвлекува вниманието или умираат и никој не ја префрла топката понатаму во полето. Но, низ комбинација на среќа и упорноста на неколку генерации на истажувачи, студијата опстана. Околу 60 од првичните 742 мажи се сеуште живи, сеуште дел од студијата, мнозина од нив во нивните 90ти. Сега почнуваме да ги проучуваме повеќете од 2000 деца на овие мажи И јас сум четвртиот директор на студијата Од 1938, сме ги следеле животите на две групи на луѓе. Првата група почнала со студијата кога биле втора година на Харвард колеџот. Сите завршиле за време на Втора светска војна и потоа голем дел заминале да служат во војната. Втората група што ја имаме следено е група од момци од најсиромашните населби на Бостон, момци кои биле одбрани за студијата специјално затоа што биле од едни од најпроблематичните и најобесправените семејства во Бостон во 1930-тите. Мнозина од нив живееле во згради без топла и ладна вода. Кога се вклучиле во студијата, сите овие тинејџери биле интервјуирани. Им биле направени медицински прегледи. Отидовме во нивните домови и ги интервјуиравме родителите. Потоа овие тинејџери станаа возрасни кои продреа во сите области на животот. Тие станаа фабрички работници, адвокати, ѕидари и доктори, еден председател на САД. Некои станаа алкохоличари, неколку шизофреници. Некои се искачија од дното до врвот на социјалната скала и некои го направија тоа патување во обратната насока. Основачите на студијата не би замислиле ни во најлудите соништа дека Јас ќе стојам овде денес 75год. подоцна, зборувајќи ви дека студијата сеуште продолжува. Секои две години, нашиот трпелив и посветен персонал ги собира нашите мажи и ги прашува дали можеме да им пратиме по еден сет прашања за нивните животи. Многу од мажите од внатрешноста на Бостон нѐ прашуваат: "Зошто сакате да продолжите да ме истражувате? Мојот живот не е толку интересен." Maжите од Харвард никогаш не го поставуваат тоа прашање. (Смеа) За да ја добиеме најјасната слика за овие животи, не им праќаме само прашалници. Ги интервјуираме во нивните дневни соби. Ги земаме медицинските досиеја од нивните доктори. Им земаме крв, им ги скенираме мозоците,зборуваме со нивните деца. Ги снимаме додека зборуваат со нивните сопруги за нивните најдлабоки грижи. Кога пред една декада конечно ги прашавме сопругите дали би ни се придружиле како членови на студијата. Многу од нив рекоа: "Знаете, време беше." (Смеа) Што научивме? Кои се лекциите што доаѓаат од десетиците илјади страници на информации кои сме ги генерирале за овие животи? Лекциите не се за богатство, слава или работење повеќе и повеќе. Најјасната порака што ја добиваме од овие 75год. студија е: Добрите односи нѐ прават посреќни и поздрави. Точка. Сме научиле три големи лекции за односите. Првата е дека социјалната поврзаност е многу добра за нас и дека осаменоста убива. Излегува дека луѓето што се повеќе поврзани со семејството, пријателите, општеството се посреќни, физички поздрави и живеат подолго отколку луѓето што се помалку поврзани. Искусувањето на осаменоста е токсична. Луѓето што се поизолирани отколку што сакаат да бидат од другите се помалку среќни, здравјето им се влошува порано во средовечноста, нивните мозочни функции се намалуваат порано и живеат пократко од луѓето кои не се осамени. Жалниот факт е дека во секое време повеќе од 1 во 5 Американци ќе изјави дека е осамен. Знаеме дека можеме да бидеме осамени во толпата и можеме да бидеме осамени во брак затоа втората голема лекција која ја научивме е дека не е важен бројот на пријатели кои ги имате и не е важно дали сте во врска,но важен е квалитетот на блиските односи. Излегува дека живеењето во средината на конфликтите е многу лошо за нашето здравје. Бракови со висок степен на конфликти, на пример, без многу љубов се многу лоши за нашето здравје, дури и полоши од разведувањето. А живеењето во средината на добри, топли односи е заштитничко. Откако ги проследивме мажите до нивните 80ти сакавме да се вратиме кон нивната средовечност и да видиме дали можеме да предвидиме кој ќе стане среќен здрав осумдесетгодишник, а кој не. Кога собравме сѐ што знаевме за нив на возраст од 50год. тоа не беше нивното ниво на холестерол што предвиде како ќе стареат, туку беше задоволството кое го имаат од нивните односи. Луѓето кои беа најзадоволни од нивните врски на 50год. беа најздрави на 80 год. Се чини дека добрите, блиски односи нѐ чуваат од некои од несаканите дејства на стареењето. Најсреќните парови во нивните 80ти изјавиле дека во деновите кога имале повеќе физичка болка останале исто среќни. Но, луѓето кои биле во несреќни врски, во деновите кога покажале повеќе физичка болка, таа била зголемена со поголема емоционална болка. Третата голема лекција која ја научивме за односите и нашето здравје е дека добрите односи не ги чуваат само нашите тела,туку и нашите мозоци. Се чини дека сигурните и посветени односи со друга личност во 80тите се заштитнички. Луѓето кои се во врски каде тие вистина можат да се потпрат на другата личност кога имаат потреба, меморијата на тие луѓе е поостра. А, луѓето во врски каде што не можат да се потпрат еден на друг, тие луѓе искусуваат рано губење на меморијата. Добрите односи, тие не мора да бидат мирни цело време. Некои од осумдесетгодишните парови можеби се карале секој ден, но сѐ додека чувствувале дека можат да се потпрат еден на друг, кога ќе станело тешко тие караници немале влијание на нивните сеќавања. Оваа порака, дека добри, блиски односи се добри за нашето здравје и благосостојба, oва е прастара мудрост. Зошто е ова тешко да се сфати и лесно да се игнорира? Сите сме луѓе. Тоа што ни треба e брз ремонт, нешто што можеме да добиеме и што ќе ги направи нашите животи добри и ќе ги зачува. Односите се замрсени и сложени и напорно е да се обрнува внимание на семејството и пријателите, не е ни секси ни гламурзно. И трае доживотно. Никогаш не завршува. Луѓето во 75год. студија кои беа најсреќни кога се пензионираа, беа луѓе кои всушност активно работеле да ги заменат колегите со нови пријатели за забава, Исто како луѓето родени во 2000 год. во неодамнешната анкета, многу од мажите кога биле млади адолесценти мислеле дека славата, богатството и високите достигнувања се нештата по кои требало да се стремат за да имаат добар живот. Но, одново и одново, за време на овие 75год. студијата покажала дека луѓето кои поминале најдобро се оние кои се впуштиле во односи со семејството, пријателите, општеството. Што е со вас? Да речеме дека имате 25, 40 или 60 год. Како воопшто изгледа впуштањето во врски? Можностите се бескрајни. Може да е нешто едноставно како замена на времето поминато пред екраните со време поминато со луѓе, оживување на здодевна врска со нова заедничка активност, долги прошетки или вечерни состаноци, или повтоно контакт со роднина со кој не си зборувал со години бидејќи тие чести семејни непријателства имаат ужасни последици врз луѓето кои држат лутина. Сакам да завршам со цитат на Марк Твен. Пред повеќе од еден век,гледал назад на својот животот и го напишал ова: "Нема време, животот е толку краток за надмудрувања, извинувања, каења и префрлувања. Има време само за сакање, и ако смеам да речам имаме само еден миг за тоа.“ Добриот живот е изграден од добри односи. Ви благодарам! (Аплауз)