WEBVTT 00:00:01.070 --> 00:00:03.791 Јас сум астроном кој гради телескопи. 00:00:04.563 --> 00:00:08.524 Градам телескопи затоа што, под број еден - тие се неверојатни. 00:00:09.281 --> 00:00:11.330 Но, под број два 00:00:11.354 --> 00:00:15.062 - верувам дека ако сакате да откриете нешто ново за универзумот, 00:00:15.086 --> 00:00:16.618 мора да го гледате универзумот 00:00:16.642 --> 00:00:17.870 од друг агол. 00:00:18.378 --> 00:00:20.227 Новите технологии во астрономијата - 00:00:20.251 --> 00:00:23.849 леќи, фотографски плочи, 00:00:23.873 --> 00:00:26.288 па сѐ до вселенски телескопи - 00:00:26.312 --> 00:00:29.404 ни овозможија нови начини за набљудување на универзумот 00:00:29.428 --> 00:00:32.133 и директно доведоа до ново поимање 00:00:32.157 --> 00:00:33.307 на нашето место во него. NOTE Paragraph 00:00:34.663 --> 00:00:37.038 Но тие пронајдоци имаат своја цена. 00:00:37.450 --> 00:00:41.091 Потребни беа илјадници луѓе и 44 години 00:00:41.115 --> 00:00:44.924 за идејата за вселенскиот телескоп Хабл да стане реалност. 00:00:45.380 --> 00:00:46.903 Потребно е време, 00:00:46.927 --> 00:00:48.745 потребно е толерирање на неуспех, 00:00:48.769 --> 00:00:50.707 потребни се поединци 00:00:50.731 --> 00:00:53.501 кои секој ден одлучуваат да не се откажат. 00:00:54.247 --> 00:00:57.196 Знам колку е тешка таа одлука, затоа што јас ја живеам. 00:00:57.220 --> 00:01:03.278 На работа речиси постојано доживувам неуспеси, но сепак продолжувам, 00:01:03.302 --> 00:01:05.684 затоа што така се градат телескопи. NOTE Paragraph 00:01:06.754 --> 00:01:08.593 Помогнав да се создаде телескоп со име 00:01:08.617 --> 00:01:13.873 слаб меѓугалактички медиум црвено насочен емитувачки балон, 00:01:13.897 --> 00:01:15.516 што е тешко да се изговори, 00:01:15.540 --> 00:01:16.895 па ние го викаме „Фајербол." 00:01:16.919 --> 00:01:20.678 И не грижете се, нема да експлодира на крајот од приказнава. 00:01:22.137 --> 00:01:24.648 Работам на Фајербол повеќе од 10 години 00:01:24.672 --> 00:01:28.109 и сега го водам тимот на неверојатни луѓе што го изгради. 00:01:28.481 --> 00:01:32.871 Фајербол е создаден за набљудување на најматните структури што ни се познати: 00:01:32.895 --> 00:01:35.775 огромни облаци водороден гас. 00:01:36.435 --> 00:01:37.734 Овие облаци се огромни. 00:01:37.758 --> 00:01:40.296 Поголеми се од што и да мислите. 00:01:40.320 --> 00:01:41.505 Тие се огромни. 00:01:41.529 --> 00:01:44.849 Огромни облаци од водород се движат кон и од галаксиите. 00:01:45.521 --> 00:01:47.369 Работам на Фајербол 00:01:47.393 --> 00:01:50.577 затоа што сакам да го сменам погледот за универзумот 00:01:50.601 --> 00:01:53.765 од универзум само со светлина од ѕвезди 00:01:53.789 --> 00:01:59.157 до онаков каде може да се види и измери секој атом што постои. 00:01:59.711 --> 00:02:01.192 Само тоа сакам да го направам. NOTE Paragraph 00:02:01.216 --> 00:02:03.208 (смеа) NOTE Paragraph 00:02:03.232 --> 00:02:05.442 Но набљудувањето на некои од тие атоми 00:02:05.466 --> 00:02:09.237 е клучно за разбирање зошто галаксиите изгледаат како што изгледаат. 00:02:09.261 --> 00:02:10.603 Сакам да знам 00:02:10.627 --> 00:02:14.615 како водородниот гас влегува во галаксија и создава ѕвезда. 00:02:15.909 --> 00:02:18.516 Мојата работа на Фајербол започна во 2008 г., 00:02:18.540 --> 00:02:21.438 работејќи не на телескопот, туку на сензорот за светлина, 00:02:21.462 --> 00:02:23.541 а тоа е срцето на секој телескоп. 00:02:24.153 --> 00:02:27.819 Новиот сензор го развиваше тим при лабораторијата за млазен погон на НАСА, 00:02:27.819 --> 00:02:29.517 на кој јас му се приклучив. 00:02:29.710 --> 00:02:33.866 И нашата цел беше да докажеме дека овој сензор многу добро би функционирал 00:02:33.890 --> 00:02:35.650 при пронаоѓање на водороден гас. NOTE Paragraph 00:02:36.618 --> 00:02:37.991 Додека работев на ова, 00:02:38.015 --> 00:02:45.011 уништив неколку многу, многу скапи сензори 00:02:45.035 --> 00:02:47.142 пред да сфатам дека машината што ја користев 00:02:47.166 --> 00:02:51.288 создава плазма која го прегорува секој електричен уред што ќе го ставиме внатре. 00:02:51.414 --> 00:02:54.183 Употребивме друга машина, имаше други предизвици, 00:02:54.207 --> 00:02:56.184 па потребни беа години да се усоврши. 00:02:56.208 --> 00:02:58.852 Но кога тој прв сензор проработе, 00:02:58.876 --> 00:03:01.074 беше зачудувачко. 00:03:01.098 --> 00:03:05.005 Нашите сензори сега се 10 пати подобри од претходните верзии 00:03:05.029 --> 00:03:07.977 и се ставаат на сите видови нови телескопи. 00:03:08.001 --> 00:03:12.899 Сензорите ќе овозможат нов начин за набљудување на универзумот. NOTE Paragraph 00:03:14.035 --> 00:03:16.120 Па, со готови сензори, 00:03:16.144 --> 00:03:17.470 време е за телескоп. 00:03:17.494 --> 00:03:21.108 Фајербол е чуден, што се однесува до телескопите, 00:03:21.132 --> 00:03:24.124 затоа што не е во вселена, а не е ни на земја. 00:03:24.148 --> 00:03:27.636 Наместо тоа, истиот виси на кабел од џиновски балон 00:03:27.660 --> 00:03:30.685 и набљудува, во само една вечер, 00:03:30.709 --> 00:03:33.468 од 210.000 км во стратосферата, 00:03:33.492 --> 00:03:36.259 од самиот раб на вселената. 00:03:36.283 --> 00:03:41.159 Делумно затоа што работ на вселената е поевтин од самата вселена. NOTE Paragraph 00:03:41.183 --> 00:03:42.427 (смеа) NOTE Paragraph 00:03:42.451 --> 00:03:46.067 Додека го конструиравме, се јавија уште дефекти: 00:03:46.238 --> 00:03:47.911 оштетени огледала, 00:03:47.911 --> 00:03:50.664 т.е. изгребани огледала кои требаше одново да се направат. 00:03:50.666 --> 00:03:51.937 Откажа системот за ладење, 00:03:51.961 --> 00:03:54.128 па целиот систем мораше одново да се направи. 00:03:54.731 --> 00:04:00.828 Грешки во калибрација, правевме тестови одново и одново и одново. 00:04:00.852 --> 00:04:03.266 Дефекти тогаш кога најмалку ги очекувавме. 00:04:03.290 --> 00:04:07.196 Еднаш ни слета едно слатко, но налутено бебе сокол 00:04:07.220 --> 00:04:09.120 директно на садот за спектографија. NOTE Paragraph 00:04:09.144 --> 00:04:10.173 (смеа) NOTE Paragraph 00:04:10.197 --> 00:04:12.387 Но, сепак, тоа беше еден од најдобрите денови 00:04:12.411 --> 00:04:14.003 во историјата на проектот. NOTE Paragraph 00:04:14.027 --> 00:04:15.210 (смеа) NOTE Paragraph 00:04:15.234 --> 00:04:17.500 Навистина го сакав тој сокол. NOTE Paragraph 00:04:18.209 --> 00:04:21.361 Штетата од соколот се поправи, и го подготвивме 00:04:21.385 --> 00:04:23.610 за лансирање во август, 2017 г., 00:04:23.634 --> 00:04:25.764 но не успеавме да го лансираме, 00:04:25.788 --> 00:04:30.568 поради шестнеделен дожд во пустината Ново Мексико. NOTE Paragraph 00:04:30.592 --> 00:04:33.120 (смеа) NOTE Paragraph 00:04:33.144 --> 00:04:35.108 Бевме потиштени, но пак дојдовме 00:04:35.132 --> 00:04:38.155 во август, 2018 г., 10 година по ред. 00:04:38.247 --> 00:04:41.287 И на 22 септември 00:04:44.611 --> 00:04:47.046 конечно го лансиравме телескопот. NOTE Paragraph 00:04:47.501 --> 00:04:52.214 (аплауз) NOTE Paragraph 00:04:52.238 --> 00:04:56.960 Целиот мој живот го вложив во овој проект, 00:04:56.984 --> 00:04:59.933 и сѐ уште не можам да поверувам дека се оствари. 00:05:00.663 --> 00:05:04.380 Имам фотографија која е направена околу зајдисонце истиот ден. 00:05:04.404 --> 00:05:07.158 Се гледа нашиот балон, 00:05:07.182 --> 00:05:08.599 како виси Фајербол од него 00:05:08.599 --> 00:05:10.021 и речиси полната месечина. 00:05:10.045 --> 00:05:11.290 Ја обожавам сликава. 00:05:11.314 --> 00:05:13.520 Боже, колку ја сакам. NOTE Paragraph 00:05:15.092 --> 00:05:16.244 Но кога ќе ја погледнам, 00:05:16.268 --> 00:05:17.698 ми доаѓа да заплачам, 00:05:18.751 --> 00:05:23.013 затоа што кога ќе се надуваат, овие балони се сферични, 00:05:23.037 --> 00:05:24.553 а овој не е. 00:05:24.577 --> 00:05:26.553 Има форма на солза. 00:05:26.577 --> 00:05:29.902 Затоа што има дупка во него. 00:05:31.104 --> 00:05:33.133 Понекогаш и балоните се расипуваат. 00:05:33.856 --> 00:05:36.208 Фајербол падна во пустината Ново Мексико, 00:05:36.232 --> 00:05:38.537 и не ги добивме бараните податоци. 00:05:38.561 --> 00:05:42.498 На крајот од денот, си помислив: 00:05:42.522 --> 00:05:44.172 „Зошто го правам ова?“ NOTE Paragraph 00:05:45.545 --> 00:05:48.559 И многу размислував за тоа од тој ден. 00:05:49.202 --> 00:05:53.634 И сфатив дека мојата дејност се состои од работи 00:05:53.658 --> 00:05:55.140 кои се кршат и расипуваат. 00:05:55.164 --> 00:05:57.719 Работи кои не ги разбираме, па се расипуваат. 00:05:57.743 --> 00:06:00.001 Работи кои ги грешиме првиот пат, 00:06:00.025 --> 00:06:01.488 па се расипуваат. 00:06:01.512 --> 00:06:04.085 Размислувам за илјадниците луѓе што го изградија Хабл 00:06:04.109 --> 00:06:06.062 и колку неуспеси претрпеле. 00:06:06.086 --> 00:06:09.219 Имаше безброј неуспеси, разочарувачки неуспеси, 00:06:09.243 --> 00:06:10.925 дури и кога беше во вселената. 00:06:10.949 --> 00:06:14.516 Но ниеден од тие неуспеси не беа причина за откажување. 00:06:15.541 --> 00:06:17.348 Размислувам зошто си ја сакам работата. 00:06:17.348 --> 00:06:19.539 Сакам да знам што се случува во универзумот. 00:06:19.563 --> 00:06:22.359 И вие сакате да го знаете тоа. 00:06:22.383 --> 00:06:24.717 Сакам да знам што се случува со водородот. 00:06:25.891 --> 00:06:29.370 Па, сфатив дека откривањето главно е процес 00:06:29.394 --> 00:06:31.553 на пронаоѓање работи што не функционираат, 00:06:31.553 --> 00:06:35.000 а неуспехот е неизбежен кога се поместуваат границите на знаењето. 00:06:35.024 --> 00:06:36.630 И тоа сакам да го правам. NOTE Paragraph 00:06:37.010 --> 00:06:39.457 Затоа одлучувам да продолжам. 00:06:39.960 --> 00:06:41.642 Нашиот тим ќе постапи онака 00:06:41.666 --> 00:06:45.849 како што постапиле сите други пред нас. 00:06:45.873 --> 00:06:47.109 Ќе се обидеме повторно, 00:06:47.133 --> 00:06:48.313 во 2020. NOTE Paragraph 00:06:48.648 --> 00:06:53.603 И можеби звучи како неуспех денес - и навистина е - 00:06:53.627 --> 00:06:55.908 но ќе остане неуспех 00:06:55.932 --> 00:06:57.538 само ако се откажам. NOTE Paragraph 00:06:57.562 --> 00:06:58.790 Ви благодарам многу. NOTE Paragraph 00:06:58.814 --> 00:07:05.093 (аплауз)