0:00:01.000,0:00:04.000 подготвен сум да се обложам дека јас сум најглупавиот човек во оваа просторија 0:00:04.000,0:00:06.000 бидејќи не можев да го завршам училиштето. 0:00:06.000,0:00:08.000 Но тоа што го знаев на многу рана возраст 0:00:08.000,0:00:10.000 е дека ги сакам парите и го сакам бизнисот 0:00:10.000,0:00:12.000 и го сакам претприемништвото. 0:00:12.000,0:00:14.000 И јас бев одгледан така за да бидам претприемач. 0:00:14.000,0:00:16.000 Уште од мал имав навистина голема страст за -- 0:00:16.000,0:00:19.000 но за ова никогаш до сега не сум зборувал -- 0:00:19.000,0:00:22.000 значи ова е прв пат некој друг да го слушне ова, освен жена ми пред три дена, 0:00:22.000,0:00:25.000 бидејќи таа ми рече, „За што зборуваш?“ и јас и кажав -- 0:00:25.000,0:00:27.000 мислам дека пропуштаме можност 0:00:27.000,0:00:29.000 да ги најдеме оние деца 0:00:29.000,0:00:31.000 кои имаат претприемачки особини, 0:00:31.000,0:00:33.000 и да ги подготвиме или да им покажеме 0:00:33.000,0:00:35.000 дека да се биде претприемач е всушност кул. 0:00:35.000,0:00:38.000 Тоа не е нешто лошо, но е на лош глас, 0:00:38.000,0:00:41.000 и тоа се случува во многу општества. 0:00:41.000,0:00:44.000 Децата, кога ќе пораснат, имаат соништа. 0:00:44.000,0:00:46.000 Имаме страсти и имаме визии. 0:00:46.000,0:00:48.000 И некако тие работи ни се рушат. 0:00:48.000,0:00:51.000 И ни е кажано дека треба повеќе да учиме 0:00:51.000,0:00:53.000 или да бидеме пофокусирани или да земеме тутор. 0:00:53.000,0:00:55.000 Моите родители ми најдоа тутор за француски, 0:00:55.000,0:00:58.000 но јас и понатаму немам поим од француски. 0:00:58.000,0:01:00.000 Пред две години, јас бев највисоко оценет предавач 0:01:00.000,0:01:03.000 на магистерските студии за претприемништво на MIT. 0:01:03.000,0:01:06.000 А тоа беше настан на кој јас зборував пред група на претприемачи од цел свет. 0:01:06.000,0:01:09.000 Кога бев во второ одделение, јас ја освоив градската награда во натпреварот за говорништво, 0:01:09.000,0:01:11.000 но никој не рече, 0:01:11.000,0:01:13.000 „Еј, ова дете е добар говорник. 0:01:13.000,0:01:16.000 Не може да се фокусира, но сака да шета наоколу и да ги енергизира луѓето.“ 0:01:16.000,0:01:18.000 Никој не рече, „Најдете му тренер за говорништво.“ 0:01:18.000,0:01:20.000 Тие рекоа, најдете му тутор за она за што не го бива. 0:01:20.000,0:01:22.000 Значи децата пројавуваат такви особини. 0:01:22.000,0:01:24.000 И ние треба да почнеме да ги бараме тие особини. 0:01:24.000,0:01:26.000 Мислам дека треба да ги воспитуваме децата 0:01:26.000,0:01:28.000 да бидат претприемачи наместо адвокати. 0:01:28.000,0:01:30.000 А за жал училишниот систем 0:01:30.000,0:01:32.000 го подготвува овој свет 0:01:32.000,0:01:34.000 да каже, „Еј, ајде да бидеме адвокати или ајде да бидеме доктори,“ 0:01:34.000,0:01:36.000 и ја пропуштаме можноста бидејќи 0:01:36.000,0:01:39.000 никој никогаш не вели, „Еј, биди претприемач.“ 0:01:39.000,0:01:41.000 Претприемачите се луѓе -- бидејќи ги има многу овде во просторијава -- 0:01:41.000,0:01:44.000 кои имаат некои идеи и страсти или гледаат некои потреби во светот 0:01:44.000,0:01:46.000 и одлучуваат да станат и да го направат тоа. 0:01:46.000,0:01:49.000 И ризикуваме се само за да го оствариме тоа. 0:01:49.000,0:01:51.000 И имаме способност да привлечеме група луѓе околу нас 0:01:51.000,0:01:53.000 кои би сакале да го градат тој сон со нас. 0:01:53.000,0:01:55.000 И мислам дека, ако децата 0:01:55.000,0:01:58.000 ја прифатат оваа идеја, на мала возраст, да бидат претприемачи, 0:01:58.000,0:02:01.000 би можеле да го промениме сето она во светот кое денес претставува проблем. 0:02:01.000,0:02:04.000 За секој проблем кој постои, некој има идеја за него. 0:02:04.000,0:02:06.000 Како мало дете, никој не може да ви каже дека тоа не може да се случи 0:02:06.000,0:02:08.000 бидејќи вие сте многу незрели за да бидете свесни 0:02:08.000,0:02:10.000 дека не можете да сфатите. 0:02:10.000,0:02:13.000 Мислам дека ние како родители, но и општеството, имаме обврска 0:02:13.000,0:02:15.000 да почнеме да ги учиме децата да ловат риба 0:02:15.000,0:02:17.000 наместо да им даваме риба. 0:02:17.000,0:02:19.000 Старата парабола, „Ако му дадеш на човекот риба, си го нахранил за еден ден. 0:02:19.000,0:02:22.000 Ако го научиш човекот да лови риба, си го нахранил за цел живот.“ 0:02:22.000,0:02:24.000 Треба да ги научиме нашите деца да бидат претприемачи, 0:02:24.000,0:02:26.000 оние кои пројавуваат такви особини, 0:02:26.000,0:02:29.000 како што ги учиме оние кои имаат дарба за наука да бидат научници. 0:02:29.000,0:02:31.000 Што ако ги забележиме оние кои имаат претприемачки особини 0:02:31.000,0:02:33.000 и ги научиме да бидат претприемачи? 0:02:33.000,0:02:35.000 Би ги имале сите тие деца кои ќе го шират бизнисот 0:02:35.000,0:02:37.000 наместо да ги чекаат владините донации. 0:02:37.000,0:02:40.000 А ние седиме и ги учиме нашите деца што не треба да прават. 0:02:40.000,0:02:42.000 Немој да удираш; немој да гризаш; немој да пцуеш. 0:02:42.000,0:02:45.000 Сега ги учиме децата да бараат навистина добри вработувања, 0:02:45.000,0:02:47.000 знаете, а училишниот систем ги учи да изберат 0:02:47.000,0:02:49.000 да бидат доктори и да бидат адвокати 0:02:49.000,0:02:51.000 и да бидат сметководители и стоматолози 0:02:51.000,0:02:53.000 и учители и пилоти. 0:02:53.000,0:02:55.000 А медиумите велат дека е многу кул ако излеземе 0:02:55.000,0:02:57.000 и бидеме модел или пејач 0:02:57.000,0:03:00.000 или спортски херој како Сидни Крозби. 0:03:00.000,0:03:03.000 Нашата МВА програма не ги учи децата да бидат претприемачи. 0:03:03.000,0:03:05.000 Причината поради која јас ја избегнав МВА програмата -- 0:03:05.000,0:03:07.000 на страна фактот дека не можев ниту да влезам во некоја 0:03:07.000,0:03:09.000 бидејќи имав 61 процент просек во средното училиште 0:03:09.000,0:03:11.000 и со 61 процент просек 0:03:11.000,0:03:13.000 едвај ме примија во единственото училиште во Канада кое ме прифати, Карлтон -- 0:03:13.000,0:03:16.000 но нашите МВА програми не ги учат децата да бидат претприемачи. 0:03:16.000,0:03:18.000 Тие ги учат како да одат да работат во корпорации. 0:03:18.000,0:03:21.000 Но кој ги основа тие компании? Тоа се случајно неколку луѓе. 0:03:21.000,0:03:24.000 Дури и во популарната книжевност, единствената книга која јас ја најдов -- 0:03:24.000,0:03:26.000 а оваа треба да се најде на листата за читање кај сите вас -- 0:03:26.000,0:03:28.000 единствената книга која воопшто ја најдов 0:03:28.000,0:03:30.000 која претприемачот го претвора во херој е „Atlas Shrugged“. 0:03:30.000,0:03:32.000 Се друго во светот се стреми кон тоа да погледне во претприемачите 0:03:32.000,0:03:34.000 и да рече дека тие се лоши луѓе. 0:03:34.000,0:03:36.000 Јас гледам дури и на моето семејство. 0:03:36.000,0:03:38.000 Моите дедовци обајцата биле претприемачи. Татко ми беше претприемач. 0:03:38.000,0:03:41.000 И брат ми и сестра ми и јас, сите тројца поседуваме компании исто така. 0:03:41.000,0:03:43.000 И сите ние одлучивме да почнеме со тоа 0:03:43.000,0:03:45.000 бидејќи тоа е единственото место каде се вклопуваме. 0:03:45.000,0:03:47.000 Ние не се снаоѓавме на нормално работно место. Не можевме да работиме за некој друг 0:03:47.000,0:03:50.000 бидејќи сме премногу тврдоглави и имаме толку многу други способности. 0:03:50.000,0:03:52.000 Но и децата можат да бидат претприемачи исто така. 0:03:52.000,0:03:54.000 Јас сум голем дел од две глобални организации 0:03:54.000,0:03:56.000 наречени Организација на претприемачи и Организација на млади претседатели. 0:03:56.000,0:03:58.000 Штотуку се вратив од Барселона 0:03:58.000,0:04:01.000 каде што говорев на ОМP глобалната конференција, 0:04:01.000,0:04:03.000 и сите што ги запознав таму 0:04:03.000,0:04:05.000 кои се претприемачи 0:04:05.000,0:04:07.000 имаа потешкотии во училиштето. 0:04:07.000,0:04:10.000 Кај мене се дијагностицирани 18 од 19 знаци за растројство на вниманието. 0:04:10.000,0:04:13.000 Па ова нешто овде ме излудува. 0:04:13.000,0:04:15.000 - 0:04:15.000,0:04:17.000 Веројатно затоа сега сум во мала паника -- 0:04:17.000,0:04:19.000 на страна сиот кофеин и шеќерот што ги земав -- 0:04:19.000,0:04:22.000 но ова е навистина морничаво за еден претприемач. 0:04:22.000,0:04:24.000 Растројство на вниманието, биполарно растројство. 0:04:24.000,0:04:27.000 Дали знаевте дека биполарносто растројство има прекар директорска болест? 0:04:27.000,0:04:30.000 Тед Тарнер ја има. Стив Џобс ја има. 0:04:30.000,0:04:33.000 Сите тројца основачи на Netscape ја имаат. 0:04:33.000,0:04:35.000 Би можел да продолжам. 0:04:35.000,0:04:37.000 Децата -- би можеле да ги видите тие знаци кај децата. 0:04:37.000,0:04:39.000 Но тоа што го правиме ние е им даваме Ritalin и им велиме, 0:04:39.000,0:04:41.000 „Немој да бидеш претприемачки тип. 0:04:41.000,0:04:43.000 Вклопи се во овој систем и обиди се да станеш студент.“ 0:04:43.000,0:04:45.000 Извинете, но претприемачите не се студенти. 0:04:45.000,0:04:47.000 Ние одиме по брзата патека. Ние ја сваќаме играта. 0:04:47.000,0:04:49.000 Ги крадев писмените задачи. Препишував на тестовите. 0:04:49.000,0:04:52.000 Ги најмував децата за да ги завршат сметководствените задачи на Универзитетот 0:04:52.000,0:04:54.000 за 13 Последователни задачи. 0:04:54.000,0:04:57.000 Но како претприемач вие не работите сметководство, туку најмувате сметководители. 0:04:57.000,0:04:59.000 Јас тоа порано го сфатив. 0:04:59.000,0:05:01.000 - 0:05:01.000,0:05:03.000 - 0:05:03.000,0:05:06.000 Бар можам да признаам дека препишував на факултет; повеќето од нас не би го направиле тоа. 0:05:06.000,0:05:09.000 Ме цитираат -- а јас и реков на личноста која ја пишуваше книгата -- 0:05:09.000,0:05:11.000 Денес ме цитираат во истиот тој универзитетски учебник 0:05:11.000,0:05:14.000 во секој универзитет и колеџ во Канада. 0:05:14.000,0:05:17.000 Во сметководството за менаџери, јас сум во поглавје осум. 0:05:17.000,0:05:19.000 Го отворам поглавјето осум зборувајќи за буџетот. 0:05:19.000,0:05:22.000 И и реков на авторката, откако ме интервјуираа, дека препишував на тој предмет. 0:05:22.000,0:05:25.000 А таа мислеше дека тоа е премногу смешно за да не се додаде. 0:05:25.000,0:05:28.000 Но кај децата можете да ги забележите ваквите знаци. 0:05:28.000,0:05:30.000 Дефиницијата за претприемач е „личност која организира, спроведува 0:05:30.000,0:05:33.000 и го предвидува ризикот за деловната зделка.“ 0:05:33.000,0:05:35.000 Тоа не значи дека треба да одите на МВА програмата. 0:05:35.000,0:05:37.000 Тоа не значи дека мора да го завршите училиштето. 0:05:37.000,0:05:40.000 Тоа само значи дека морате да се чувствувате добро во врска со тие работи. 0:05:40.000,0:05:43.000 Сме ги слушнале приказните за тоа, дали тоа се стекнува или е вродено, нели. 0:05:43.000,0:05:45.000 Дали е првото или е другото? Кое е? 0:05:45.000,0:05:48.000 Па, јас не мислам дека е ни едното ни другото. Мислам дека се и двете. 0:05:48.000,0:05:50.000 Јас бев подготвуван за претприемач. 0:05:50.000,0:05:52.000 Кога растев, јас немав избор, 0:05:52.000,0:05:54.000 бидејќи бев поучуван уште многу рано, на мала возраст -- 0:05:54.000,0:05:56.000 кога татко ми сфати дека јас нема да се вклопам 0:05:56.000,0:05:58.000 во сето она што ме учеа на училиште -- 0:05:58.000,0:06:01.000 дека тој може да ме научи да го сфатам бизнисот на многу мала возраст. 0:06:01.000,0:06:03.000 Тој не подготви нас, сите тројца, 0:06:03.000,0:06:05.000 да ја мразиме помислата да бидеме вработени 0:06:05.000,0:06:08.000 и да ја сакаме можноста да креираме компании во кои ќе можеме да вработиме други луѓе. 0:06:08.000,0:06:11.000 Мојата прва мала бизнис авантура, кога имав седум години, беше во Винипег, 0:06:11.000,0:06:13.000 и јас лежев на мојот кревет со еден од оние долги продолжени кабли. 0:06:13.000,0:06:15.000 И им се јавував на сите перални за хемиско чистење во Винипег 0:06:15.000,0:06:17.000 за да дознаам колку тие 0:06:17.000,0:06:19.000 би ми платиле за закачалки. 0:06:19.000,0:06:21.000 И мајка ми влезе во собата и ми рече, 0:06:21.000,0:06:24.000 „Од каде ќе ги набавиш закачалките за да им ги продадеш на хемиското чистење?“ 0:06:24.000,0:06:26.000 А јас и реков, „Ајде да одиме и да погледнеме во подрумот.“ 0:06:26.000,0:06:29.000 И отидовме долу во подрумот. И јас отворив еден креденец. 0:06:29.000,0:06:31.000 И таму имаше околу илјада закачалки кои јас ги собирав. 0:06:31.000,0:06:34.000 Бидејќи, кога јас и кажував дека излегувам надвор да си играм со децата, 0:06:34.000,0:06:36.000 јас одев од врата до врата во соседството за да собирам закачалки 0:06:36.000,0:06:38.000 и да ги чувам во подрумот за продавање. 0:06:38.000,0:06:40.000 Бидејќи видов неколку недели пред тоа -- 0:06:40.000,0:06:43.000 дека може да се заработи од тоа. Понекогаш наплатуваа по два центи за една закачалка. 0:06:43.000,0:06:45.000 Сфатив дека има секакви видови на закачалки. 0:06:45.000,0:06:47.000 И јас само ќе ги соберам. 0:06:47.000,0:06:50.000 И јас знаев дека таа не би сакала јас да одам и да ги собирам, па јас едноствно отидов и го направив тоа. 0:06:51.000,0:06:53.000 И научив дека всушност можеш да преговараш со луѓето. 0:06:53.000,0:06:56.000 Една особа ми понуди три центи а јас ја убедив да ми даде три и половина. 0:06:56.000,0:06:58.000 На седум годишна возраст го знаев дури и тоа 0:06:58.000,0:07:01.000 дека всушност можам да добијам децимален процент од еден цент, 0:07:01.000,0:07:03.000 а луѓето би го плаќале тоа бидејќи се множи. 0:07:03.000,0:07:06.000 На седум години јас тоа го сфатив. Добив три и половина центи за илјада закачалки. 0:07:06.000,0:07:08.000 Продавав штитници за регистарски таблички од врата до врата. 0:07:08.000,0:07:10.000 Татко ми всушност ме натера да најдам некој 0:07:10.000,0:07:12.000 кој би ми ги продал сите тие работи на големо. 0:07:12.000,0:07:14.000 И на девет годишна возраст, јас одев низ градот Sudbury 0:07:14.000,0:07:17.000 и продавав штитници за таблички од врата на врата по куќите. 0:07:17.000,0:07:20.000 Живо се сеќавам на еден муштерија 0:07:20.000,0:07:22.000 бидејќи работев и други работи со тие клиенти. 0:07:22.000,0:07:24.000 Продавав весници. 0:07:24.000,0:07:26.000 А тој никогаш не сакаше да купи весник од мене. 0:07:26.000,0:07:29.000 Јас бев многу убеден дека ќе го натерам да купи штитник за таблички. 0:07:29.000,0:07:30.000 И тој рече, „Па, нам не ни требаат.“ 0:07:30.000,0:07:33.000 А јас реков, „Но вие имате два автомобила...“ -- Јас имам девет години. 0:07:33.000,0:07:36.000 Велам, „Но вие имате два автомобила и тие немаат штитници за табличките.“ 0:07:36.000,0:07:38.000 А тој рече, „Знам.“ 0:07:38.000,0:07:40.000 А јас реков, „Овој автомобил има една табличка која е целата извиткана.“ 0:07:40.000,0:07:43.000 А тој рече, „Да, тоа е автомобилот на жена ми.“ А јас реков, „Зошто не би тестирале само една 0:07:43.000,0:07:45.000 на предната страна од автомобилот на жена ви и да видиме дали ќе трае подолго.“ 0:07:45.000,0:07:48.000 Значи знаев дека имаше два автомобила со по две регистарски таблички. 0:07:48.000,0:07:50.000 Ако не можам да му продадам за сите четири, би можел да продадам барем една. 0:07:50.000,0:07:52.000 Тоа го научив на мала возраст. 0:07:52.000,0:07:54.000 Препродавав стрипови. 0:07:54.000,0:07:56.000 Кога имав околу десет години, продавав стрипови 0:07:56.000,0:07:58.000 од нашата куќа во Џорџискиот залив. 0:07:58.000,0:08:00.000 Ќе одев со велосипедот до крајот на плажата 0:08:00.000,0:08:02.000 и ќе ги купев сите стрипови од сиромашните деца. 0:08:02.000,0:08:05.000 А потоа ќе се вратев на другиот крај на плажата и ќе им ги продадев на богатите деца. 0:08:05.000,0:08:07.000 Но тоа беше очигледно за мене, нели. Купи евтино, продај скапо. 0:08:07.000,0:08:09.000 Од оваа страна имаш побарувачка, тука се парите. 0:08:09.000,0:08:12.000 Не се обидувајте да им продадете на сиромашните деца; тие немаат пари. Богатите ги имаат. Одете и земете им ги. 0:08:12.000,0:08:14.000 Па тоа е очигледно, нели. 0:08:14.000,0:08:16.000 Тоа е како рецесија. Значи, ете ја рецесијата. 0:08:16.000,0:08:19.000 таму сеуште има 13 трилиони долари кои циркулираат низ економијата на Соединетите Држави. 0:08:19.000,0:08:22.000 Па земете малку од тоа. А јас го научив тоа на мала возраст. 0:08:22.000,0:08:24.000 Исто така научив да не ги откривам своите извори, 0:08:24.000,0:08:26.000 бидејќи бев истепан после четри недели додека го правев тоа 0:08:26.000,0:08:29.000 бидејќи едно од богатите деца откри од каде ги купувам стриповите, 0:08:29.000,0:08:31.000 и не му се допадна фактот дека тој плаќа многу повеќе. 0:08:31.000,0:08:33.000 На десет години бев приморан да разнесувам весници. 0:08:33.000,0:08:35.000 Всушност, многу и не го сакав разнесувањето на весници, 0:08:35.000,0:08:37.000 но на десет години, татко ми ми рече, „Тоа ќе биде твојот следен бизнис.“ 0:08:37.000,0:08:39.000 Не само што ми обезбеди еден, туку јас морав да имам два весника, 0:08:39.000,0:08:42.000 а тогаш бараше од мене да најмам некого кој ќе ги носи половина од весниците, 0:08:42.000,0:08:45.000 а јас тоа и го направив, и при тоа сфатив дека од собирањето на бакшишот најмногу се заработува. 0:08:45.000,0:08:47.000 Па така, јас го собирав бакшишот и добивав плата. 0:08:47.000,0:08:49.000 Тогаш одев и собирав за сите весници. 0:08:49.000,0:08:51.000 Тој можеше само да ги носи. 0:08:51.000,0:08:53.000 Бидејќи тогаш сфатив дека можам да заработувам. 0:08:53.000,0:08:56.000 Од тогаш, јас дефинитивно не сакав да бидам вработен. 0:08:56.000,0:08:58.000 - 0:08:58.000,0:09:00.000 Мојот татко поседуваше авто и индустриски сервис. 0:09:00.000,0:09:02.000 Имаше премногу стари автоделови кои беа расфрлани наоколу. 0:09:02.000,0:09:04.000 Тие беа од месинг и од бакар. 0:09:04.000,0:09:07.000 Па јас го прашав што прави со нив. А тој рече дека едноставно ги фрла. 0:09:07.000,0:09:09.000 А јас реков, „Но, зарем нема некој кој би ти платил за тоа?“ А тој рече „Можеби.“ 0:09:09.000,0:09:11.000 Запомнете, на десет години -- значи пред 34 години 0:09:11.000,0:09:13.000 јас видов можност во тоа. 0:09:13.000,0:09:15.000 Јас видов дека има пари во ѓубрето. 0:09:15.000,0:09:18.000 Го собирав ѓубрето од сите автосервиси во околината, на мојот велосипед. 0:09:18.000,0:09:20.000 А потоа татко ми во сабота ме возеше 0:09:20.000,0:09:22.000 до отпадот каде што ми плаќаа за тоа. 0:09:22.000,0:09:24.000 Мислев дека тоа е кул. 0:09:24.000,0:09:27.000 Чудно но, 30 години подоцна, имаме линија 1-800-GOT-JUNK?(имате ѓубре?) 0:09:27.000,0:09:29.000 и заработуваме на тоа. 0:09:29.000,0:09:32.000 Кога имав 11 години, со извидниците правевме перничиња за игли, 0:09:32.000,0:09:34.000 и ги правевме за нашите мајки на денот на мајките. 0:09:34.000,0:09:37.000 А перничињата ги правевме од дрвени штипки за алишта -- 0:09:37.000,0:09:39.000 кога ја закачуваме облеката на жица надвор. 0:09:39.000,0:09:41.000 И правевме вакви столчиња. 0:09:41.000,0:09:43.000 А имавме и мали перничиња кои ги зашивавме. 0:09:43.000,0:09:45.000 На нив може да се набоцкаат шпенадли. 0:09:45.000,0:09:48.000 Бидејќи луѓето порано знаеа да шијат и им беа потребни перничиња за игли. 0:09:48.000,0:09:51.000 Но јас сфатив дека мораме да имаме избор. 0:09:51.000,0:09:53.000 Така, голем број од нив ги обоив со спреј во кафена боја. 0:09:53.000,0:09:55.000 И тогаш, кога одев од врата на врата, немаше само „Дали сакате да купите едно?“ 0:09:55.000,0:09:57.000 Туку, „Каква боја сакате?“ 0:09:57.000,0:09:59.000 Имам 10 години; вие нема да ме одбиете, 0:09:59.000,0:10:02.000 особено ако имате две опции; ја имате кафената или обичната. 0:10:02.000,0:10:04.000 Па така јас ја научив оваа лекција уште на мала возраст. 0:10:04.000,0:10:07.000 Научив дека рачната работа е без врска. 0:10:09.000,0:10:11.000 Да, како што косењето трева е скотски. 0:10:11.000,0:10:14.000 Но бидејќи морав да ја косам тревата на сите комшии цело лето и бев платен за тоа, 0:10:14.000,0:10:16.000 сфатив дека е супер да се имаат 0:10:16.000,0:10:19.000 редовни примања од еден клиент. 0:10:19.000,0:10:21.000 Ако обезбедам еден клиент, 0:10:21.000,0:10:23.000 и секоја недела тој ми плаќа, 0:10:23.000,0:10:25.000 тоа е многу подобро отколку да се обидувам да продадам 0:10:25.000,0:10:27.000 едно перниче на една личност. 0:10:27.000,0:10:29.000 Бидејќи и не можете да им продадете повеќе. 0:10:29.000,0:10:32.000 Ми се допаѓа тоа што уште како мал го научив моделот на редовни примања. 0:10:32.000,0:10:35.000 Запомнете, јас бев така одгледуван. Не ми беше дозволено да се вработам. 0:10:35.000,0:10:38.000 Бев носач, одев на терените за голф и им бев носач на луѓето таму. 0:10:38.000,0:10:40.000 Но сфатив дека има уште еден рид на нашиот терен, 0:10:40.000,0:10:42.000 таа 13-та дупка која го имаше тој голем рид. 0:10:42.000,0:10:44.000 Луѓето никогаш не можеа до таму да ги однесат торбите. 0:10:44.000,0:10:46.000 Па јас седев таму на едно столче 0:10:46.000,0:10:49.000 и им ги носев торбите на луѓето кои немаа носачи. 0:10:49.000,0:10:52.000 Ги носев нивните торби за голф до врвот, а тие ми плаќаа по еден долар. 0:10:52.000,0:10:54.000 Во меѓувреме, моите пријатели работеа по пет часа 0:10:54.000,0:10:56.000 носејќи ја наоколу торбата на некој си, и за тоа беа платени по 10 долари. 0:10:56.000,0:10:59.000 Јас мислев, „Тоа е глупаво бидејќи мораш да работиш по пет часа. 0:10:59.000,0:11:02.000 Тоа нема никаква смисла.“ Едноставно сваќаш како побрзо да заработиш повеќе. 0:11:02.000,0:11:05.000 Секоја недела, одев до продавницата на аголот и купував секакви сокови. 0:11:05.000,0:11:08.000 Потоа им ги доставував на едни 70 годишни бабички кои играа бриџ. 0:11:08.000,0:11:10.000 А тие ќе ми ги дадеа своите порачки за следната недела. 0:11:10.000,0:11:12.000 Така јас само им го доставував сокот а им наплатував дупло. 0:11:12.000,0:11:15.000 Го имав тој сигурен пазар. Не беа потребни договори. 0:11:15.000,0:11:17.000 Едноставно требаше само да имате понуда и побарувачка 0:11:17.000,0:11:19.000 и публика која ви верува. 0:11:19.000,0:11:21.000 Тие бабички не би отишле кај некој друг, 0:11:21.000,0:11:23.000 бидејќи јас им се допаѓав, а јас тоа го сфатив. 0:11:23.000,0:11:26.000 Отидов и ги собирав топчињата од терените за голф. 0:11:26.000,0:11:28.000 Додека сите други ги бараа 0:11:28.000,0:11:30.000 по жбуновите и каналите. 0:11:30.000,0:11:32.000 Јас бев во елемент. Сите се кај езерото 0:11:32.000,0:11:34.000 а никој таму не влегува. 0:11:34.000,0:11:37.000 Тогаш јас влегував во езерото, ползев наоколу и ги собирав со ножните прсти. 0:11:37.000,0:11:39.000 Едноставно ги кревате со обете стопала. 0:11:39.000,0:11:41.000 Тоа не може да се изведе овде на сцената. 0:11:41.000,0:11:43.000 Само ги собирате топчињата за голф и ги ставате во џебовите од кратките панталони 0:11:43.000,0:11:46.000 а кога ќе завршите имате барем стотина. 0:11:46.000,0:11:49.000 Но проблемот беше во тоа што луѓето не сакаа стари голф топчиња. 0:11:49.000,0:11:51.000 Па јас ги пакував. А тогаш имав 12 години, нели. 0:11:51.000,0:11:53.000 Ги пакував на три начини. 0:11:53.000,0:11:55.000 Имав „Pinnacles“ и „DDH“ и уште едни, кои во тоа време беа многу кул. 0:11:55.000,0:11:57.000 Тие се продаваа за два долари парче. 0:11:57.000,0:12:00.000 Имав и некои добри кои не изгледаа многу лошо. Тие беа по 50 центи парче. 0:12:00.000,0:12:03.000 Тогаш продавав по 50 од оние лошите. 0:12:03.000,0:12:05.000 А тие можеа да се користат за вежбање. 0:12:05.000,0:12:07.000 Кога бев во училиште, продавав очила за сонце 0:12:07.000,0:12:09.000 на сите деца во средното училиште. 0:12:09.000,0:12:12.000 Тоа е нешто поради кое сите ве мразат, 0:12:12.000,0:12:15.000 бидејќи постојано се обидувате да им ги извлечете парите на пријателите. 0:12:15.000,0:12:17.000 Но тоа ги плаќаше сметките. 0:12:17.000,0:12:19.000 Така продадов голем број очила за сонце. 0:12:19.000,0:12:21.000 Но кога училиштето ме попречи -- 0:12:21.000,0:12:23.000 ме повикаа во канцеларијата и ми рекоа дека не смеам повеќе да го правам тоа -- 0:12:23.000,0:12:25.000 тогаш отидов на бензиската пумпа и 0:12:25.000,0:12:27.000 им продадов голем број на вработените 0:12:27.000,0:12:29.000 а тие пак ги продаваа на своите муштерии. 0:12:29.000,0:12:31.000 Тоа беше кул бидејќи имав малопродажни објекти. 0:12:31.000,0:12:33.000 А мислам дека тогаш имав четиринаесет години. 0:12:33.000,0:12:36.000 Потоа ја исплатив целата прва година од факултетот на Карлтон 0:12:36.000,0:12:38.000 продавајќи мешини за вино од врата на врата. 0:12:38.000,0:12:40.000 Знаете ли дека во една мешина за вино може да собере околу 1 литар рум 0:12:40.000,0:12:42.000 а 0:12:42.000,0:12:44.000 Да, ама знаете што? Го ставате тоа во панталоните, 0:12:44.000,0:12:47.000 кога одите на фудбалски натпревар го внесувате пијалокот за џабе, 0:12:47.000,0:12:49.000 и сите го купуваат. 0:12:49.000,0:12:52.000 Понуда, побарувачка, голема можност. 0:12:52.000,0:12:54.000 Јас и ги брендирав, па ги продавав по 5 пати повисока цена. 0:12:54.000,0:12:56.000 Го ставив логото на нашиот универзитет. 0:12:56.000,0:12:58.000 Знаете, ги учиме нашите деца и им купуваме игри. 0:12:58.000,0:13:01.000 Но ако тие се претприемачки деца, зошто не би им купиле некои игри, 0:13:01.000,0:13:04.000 такви игри кои ги негуваат особините потребни за претприемачи? 0:13:04.000,0:13:07.000 Зошто да не ги учиме да не ги расфрлаат парите? 0:13:07.000,0:13:10.000 Се сеќавам дека морав да излезам на сред улица во Banff, Alberta, 0:13:10.000,0:13:12.000 бидејќи фрлив една паричка на улицата. 0:13:12.000,0:13:14.000 А татко ми ми рече, „Оди и земи ја.“ 0:13:14.000,0:13:16.000 Рече, „Јас работам проклето напорно за моите пари. Не сакам да видам дека ти ги расфрлаш.“ 0:13:16.000,0:13:18.000 И јас се сеќавам на таа лекција до овој ден. 0:13:18.000,0:13:21.000 Џепарлакот ги учи децата на погрешни работи. 0:13:21.000,0:13:23.000 Џепарлакот, по природа, ги учи децата 0:13:23.000,0:13:25.000 да размислуваат за вработување. 0:13:25.000,0:13:28.000 А претприемачот не очекува редовна исплата. 0:13:28.000,0:13:30.000 Џепарлакот ги навикнува децата уште на мала возраст 0:13:30.000,0:13:32.000 да очекуваат редовна исплата. 0:13:32.000,0:13:34.000 Тоа е погрешно, според мене, ако сакате да подигате претприемачи. 0:13:34.000,0:13:36.000 Тоа што го правам со моите деца сега -- имам две деца, девет и седум годишно -- 0:13:36.000,0:13:38.000 ги учам како да шетаат низ куќата и дворот, 0:13:38.000,0:13:40.000 и да бараат работи кои треба да бидат направени. 0:13:40.000,0:13:42.000 Дојдете до мене и кажете ми што е ова. 0:13:42.000,0:13:44.000 Или ќе им пријдам и ќе им речам, „Еве што треба да се направи.“ 0:13:44.000,0:13:46.000 И потоа знаете што правиме? Преговараме. 0:13:46.000,0:13:48.000 Тие одат да видат за што се работи. 0:13:48.000,0:13:50.000 Но тогаш преговараме за тоа како ќе им биде платено. 0:13:50.000,0:13:53.000 И тогаш тие немаат редовна плата, но имаат повеќе прилики да пронајдат нешта 0:13:53.000,0:13:55.000 и да ги научат вештините на преговарање, 0:13:55.000,0:13:57.000 но и вештините за пронаоѓање на прилики. 0:13:57.000,0:14:00.000 Такво нешто се негува. Секое од моите деца има две каси прасенца. 0:14:00.000,0:14:02.000 50 % од парите кои ќе ги заработат или ќе им бидат поклонети, 0:14:02.000,0:14:04.000 50 % одат за нивната домашна сметка, 0:14:04.000,0:14:06.000 50 % одат за нивната сметка за играчки. 0:14:06.000,0:14:08.000 Се што ќе оди на нивната сметка за играчки можат да го потрошат на што сакаат. 0:14:08.000,0:14:11.000 50-те % кои одат на домашната сметка, секои шест месеци, одат во банка. 0:14:11.000,0:14:14.000 Децата одат со мене. Секоја година сите нивни пари во банката одат кај нивниот брокер. 0:14:14.000,0:14:17.000 Обајцата имаат свој брокер на берзата. 0:14:18.000,0:14:20.000 Но јас ги учам да истраат во навиката за штедење. 0:14:20.000,0:14:23.000 Ме излудува тоа кога некои триесетгодишни велат, 0:14:23.000,0:14:25.000 „Можеби сега ќе почнам да вложувам во мојот пензиски фонд.“ 0:14:25.000,0:14:27.000 Глупости, па сте пропуштиле 25 години. 0:14:27.000,0:14:29.000 Можете да ги научите децата на такви навики 0:14:29.000,0:14:31.000 додека се мали и сеуште не ја чувствуваат болката. 0:14:31.000,0:14:33.000 Не им читајте приспивни приказни секоја вечер. 0:14:33.000,0:14:35.000 Можеби е добро четири ноќи во неделата да им читате приспивни приказни 0:14:35.000,0:14:37.000 а три ноќи во неделата тие нека ви раскажуваат приказни. 0:14:37.000,0:14:40.000 Зошто не би седнале со децата и да им дадете 4 предмети, 0:14:40.000,0:14:43.000 црвена маица, сина вратоврска, еден кенгур и еден лаптоп, 0:14:43.000,0:14:45.000 и нека ви раскажат приказна за овие четири работи. 0:14:45.000,0:14:47.000 Моите деца го прават тоа постојано. 0:14:47.000,0:14:49.000 Тоа ги учи како да продаваат; ги учи на креативност; 0:14:49.000,0:14:51.000 ги учи да мислат со своја глава. 0:14:51.000,0:14:53.000 Едноставно правете такви нешта со децата и забавувајте се. 0:14:53.000,0:14:55.000 Направете децата да станат пред групата и да зборуваат, 0:14:55.000,0:14:57.000 па дури и да е тоа само група од нивни пријатели, 0:14:57.000,0:14:59.000 нека изведуваат претстави и нека држат говори. 0:14:59.000,0:15:01.000 Тоа се претприемачки вештини кои треба да ги негувате. 0:15:01.000,0:15:04.000 Покажете им на децата како изгледаат лоши муштерии или лоши работници. 0:15:04.000,0:15:06.000 Покажете им ги намуртените работници. 0:15:06.000,0:15:08.000 Кога ќе видите намќорести службеници, покажете им ги. 0:15:08.000,0:15:10.000 Речете, „Патем речено, овој дечко е лош работник.“ 0:15:10.000,0:15:13.000 И речете, „А овие се добри.“ 0:15:13.000,0:15:15.000 - 0:15:15.000,0:15:17.000 Ако одите во ресторан и ако добиете лоша услуга, 0:15:17.000,0:15:19.000 покажете им како изгледа лошата услуга. 0:15:19.000,0:15:21.000 - 0:15:21.000,0:15:23.000 Сите овие лекции ги имаме пред нас, 0:15:23.000,0:15:26.000 но не ги користиме тие прилики; ние ги учиме децата да си најдат тутор. 0:15:26.000,0:15:28.000 Замислете навистина да го земете 0:15:28.000,0:15:30.000 сето она што е непотребно од децата сега, 0:15:30.000,0:15:32.000 и сите оние играчки кои веќе ги надраснале, 0:15:32.000,0:15:35.000 и да им речете, „Зошто да не почнеме да ги продаваме овие на оглас?“ 0:15:35.000,0:15:37.000 И тие можат навистина да ги продадат 0:15:37.000,0:15:39.000 и да научат како да ги препознаат измамниците кога ќе добијат понуди на email. 0:15:39.000,0:15:41.000 Можат да го користат вашиот налог или подналог или било како. 0:15:41.000,0:15:44.000 Но научете ги како да ја постават цената, да ја погодат цената, 0:15:44.000,0:15:46.000 да постават фотографии. 0:15:46.000,0:15:48.000 Научете како се прави тоа и како се заработуваат пари. 0:15:48.000,0:15:50.000 Потоа со парите кои ќе ги добијат, 50 % нека одат на домашната сметка, 0:15:50.000,0:15:52.000 50 % нека одат на нивната сметка за играчки. 0:15:52.000,0:15:54.000 На моите деца многу им се допаѓа ова. 0:15:54.000,0:15:57.000 Некои од претприемачките работи кои морате да ги негувате кај децата: 0:15:57.000,0:16:00.000 постигнување, истрајност, водство, интроспекција, меѓузависност, вредности. 0:16:00.000,0:16:03.000 Сите овие особини можете да ги најдете кај децата и можете да помогнете тие да се негуваат. 0:16:03.000,0:16:05.000 Барајте ги овие нешта. 0:16:05.000,0:16:07.000 Има и две особини кои исто така сакам да ги барате 0:16:07.000,0:16:10.000 а кои не ги извлекуваме од нив. 0:16:10.000,0:16:12.000 Немојте да им давате на децата лекови против растројство на вниманието 0:16:12.000,0:16:14.000 освен ако навистина, навистина е многу лошо. 0:16:14.000,0:16:16.000 - 0:16:16.000,0:16:19.000 Истото важи и за манијата и стресот и депресијата, 0:16:19.000,0:16:21.000 освен ако се толку клинички брутални, човече. 0:16:21.000,0:16:23.000 Биполарното растројство се нарекува и директорска болест. 0:16:23.000,0:16:25.000 Кога Stiv Jurvetson и Jim Clark 0:16:25.000,0:16:27.000 и Jim Barksdale ја имаат, 0:16:27.000,0:16:29.000 а тие го создадоа Netscape. 0:16:29.000,0:16:31.000 Замислете да им било давано Ritalin. 0:16:31.000,0:16:33.000 Не би ги имале тие работи сега, нели? 0:16:33.000,0:16:36.000 Al Gore тогаш би го измислил интернетот. 0:16:36.000,0:16:38.000 - 0:16:38.000,0:16:40.000 Овие вештини се вештини кои треба да се учат во училиштата 0:16:40.000,0:16:42.000 исто како и се друго. 0:16:42.000,0:16:44.000 Јас не велам да не им давате на децата да бидат адвокати. 0:16:44.000,0:16:46.000 Но како би било претприемништвото 0:16:46.000,0:16:48.000 да биде се наоѓа на исто ниво како и се друго останато. 0:16:48.000,0:16:50.000 Бидејќи постојат огромни можности таму. 0:16:50.000,0:16:52.000 Сакам да завршам со едно кратко видео. 0:16:52.000,0:16:55.000 Тоа е видео направено од една компанија која јас ја менторирав. 0:16:55.000,0:16:57.000 Овие момци, Grasshopper. 0:16:57.000,0:16:59.000 Се работи за децата. Се работи за претприемништвото. 0:16:59.000,0:17:02.000 Се надевам дека ова ќе ве инспирира да го земете ова што го слушнавте од мене 0:17:02.000,0:17:04.000 и ќе направите нешто за да го промените светот. 0:17:04.000,0:17:07.000 [Дете... „Мислевте дека можете се да направите?“] 0:17:07.000,0:17:09.000 [Вие сеуште можете.] 0:17:09.000,0:17:11.000 [Бидејќи многу од тоа што го сметаме за невозможно...] 0:17:11.000,0:17:14.000 [...лесно е да се надмине] 0:17:14.000,0:17:17.000 [Бидејќи, во случај да не сте забележале, живееме на место каде] 0:17:17.000,0:17:20.000 [една индивидуа може да ги промени работите] 0:17:20.000,0:17:21.000 [Сакате доказ?] 0:17:21.000,0:17:22.000 [Само погледнете во луѓето кои ја изградиле нашата земја;] 0:17:22.000,0:17:25.000 [Нашите родители, баби и дедовци, нашите тетки, чичковци...] 0:17:25.000,0:17:28.000 [Тие биле имигранти, новодојденци подготвени да остават свој печат] 0:17:28.000,0:17:31.000 [Можеби тие дошле со многу малку] 0:17:31.000,0:17:34.000 [или веројатно тие не поседувале ништо друго освен...] 0:17:34.000,0:17:37.000 [... една брилијантна идеја] 0:17:37.000,0:17:40.000 [Тие луѓе биле мислители, чинители...] 0:17:40.000,0:17:42.000 [...иноватори...] 0:17:42.000,0:17:45.000 [...се додека не го смислиле името...] 0:17:46.000,0:17:49.000 [...претприемачи!] 0:17:49.000,0:17:52.000 [Тие го менуваат нашето мислење за тоа што е возможно.] 0:17:52.000,0:17:54.000 [Тие имаат јасна визија за тоа како животот може да биде подобар] 0:17:54.000,0:17:57.000 [за сите нас, дури и кога времињата се тешки.] 0:17:57.000,0:17:59.000 [Токму сега, тешко е да се види...] 0:17:59.000,0:18:01.000 [...кога погледот ни е затрупан со препреки.] 0:18:01.000,0:18:04.000 [Но турбуленциите креираат можности] 0:18:04.000,0:18:07.000 [за успех, постигнување, и не туркаат...] 0:18:07.000,0:18:10.000 [да најдеме нови начини за правење на нештата] 0:18:10.000,0:18:13.000 [Па, кои шанси ќе ги искористите и зошто?] 0:18:13.000,0:18:16.000 [Ако сте претприемач] 0:18:16.000,0:18:19.000 [знаете дека ризикот не е награда.] 0:18:19.000,0:18:21.000 [Не. Награди се постојаните иновации...] 0:18:21.000,0:18:24.000 [...менување на животот на луѓето. Создавање на работни места.] 0:18:24.000,0:18:26.000 [Поттикнување на растот.] 0:18:26.000,0:18:29.000 [И градење на подобар свет.] 0:18:29.000,0:18:31.000 [Претприемачите се насекаде.] 0:18:31.000,0:18:33.000 [Тие водат мали бизниси кои ја поддржуваат нашата економија,] 0:18:33.000,0:18:35.000 [создаваат алатки за да ви помогнат...] 0:18:35.000,0:18:37.000 [...за да останете поврзани со пријателите, семејството и колегите низ светот.] 0:18:37.000,0:18:40.000 [И тие пронаоѓаат нови начини за помош во решавањето на најстарите општествени проблеми.] 0:18:40.000,0:18:42.000 [Дали познавате некој претприемач?] 0:18:42.000,0:18:43.000 [Претприемач може да биде секој...] 0:18:43.000,0:18:45.000 [Дури... и вие!] 0:18:45.000,0:18:48.000 [Па искористете ја можноста да ја создадете работата која отсекогаш сте ја сакале] 0:18:48.000,0:18:50.000 [Помогнете да зајакне економијата] 0:18:50.000,0:18:51.000 [Направете разлика.] 0:18:51.000,0:18:53.000 [Кренете го вашиот бизнис до нови височини.] 0:18:53.000,0:18:55.000 [Но најважно,] 0:18:55.000,0:18:58.000 [сетете се кога бевте дете...] 0:18:58.000,0:19:01.000 [кога се ви беше на дофат на раката,] 0:19:01.000,0:19:05.000 [и тогаш речете си на себе си тивко, но одлучно:] 0:19:07.000,0:19:09.000 [„Тоа сеуште е.“] 0:19:11.000,0:19:13.000 Ви благодарам многу за вниманието.