Плам Вилиџ, Франција, Мај 2014 Зен Мајсторот Тич Нат Хан одговара на прашања. Мојот татко ми создава многу страдање. До сега му имам дадено повеќе шанси да се промени, но, повеќе не сакам да се гледам со него. Дали сеуште треба да се обидувам да го променам и да се обидувам да се гледам со него? Драг Тај, драга санга, Многу страдам од татко ми... Toj... е тежок за мене... Да го видам... и... веќе станува опасно. Не сакам да го гледам повеќе и сум му дал повеќе шанси да се промени. Со сила се терав да одам кај него но веќе не можам. Па моето прашање е: Дали сеуште морам да се обидувам да го променам и да се обидувам да одам кај него иако тоа ме прави многу уморен? Драј Тај, нашиот пријател рече дека тој има многу тешкотии со неговиот татко. За него е многу тешко да го види својот татко и чувствува дека дури веќе тоа станало опасно и се обидел да се натера да оди кај него да му даде на татка си многу шанси да се промени, да се преобрази, но чувствува дека неговите напори не родиле со плод. Тој чувствува дека веќе не може со сила да се тера да оди кај татко му повеќе но, тој сака да го праша Тај, дали сепак треба да продолжи да се обидува да го доведе татко му до преобрзба, да се промени, да се натера себеси, да се обиде да му помогне на татка си да се промени. За да го најдеме правиот одговор, прво треба да погледнеме да погледнеме длабоко, да видиме дека односот меѓу нас и другата личност, дали е врска меѓу син и татко, или дали е меѓу ќерка и мајка, или меѓу партнер и партнер. И ако имате потешкотии со другата личност, и сакате да ја промените или да го промените, првото нешто што треба да го направиме е да погледнеме длабоко во себеси и длабоко во таа личност да сфатиме... да го видиме односот, врската. Обично, мислиме дека... другата личност е надвор од нас. А тоа не е правилниот начин на гледање на работите. Во овој случај мислиме дека таткото е надвор од нас и дека треба само надворешноста да ја смениме, а не внатрешноста Треба да видиме дека нашиот татко е во нас. Нашиот татко е присутен во секоја клетка во нашето тело. Го имаме нашиот татко во нас. Ние сме продолжение на нашиот татко. И можеби е полесно да го промениме нашиот татко во нас прво. И може да го правиме тоа 24 часа на ден. Не е потребно да одиме да го видиме, да збориме со него за да го смениме. Со начинот на кој што дишиме, со начинот на кој што одиме, со тоа може да го смениме во нас. Можеме да го поканиме да оди со нас да седи со нас, да се насмее со нас. И потоа таткото во нас ќе се смени. Спротивно од тоа, може да пораснеме и да се однесуваме исто како што тој се однесува сега. Има многу деца што го мразат нивниот татко, и ветуваат дека кога ќе пораснат нема да ги се однесуваат и да зборат како што татко им прави сега. Но, кога ќе пораснат ќе почнат да се однесуваат токму како нивниот татко. И ќе ги зборат истите работи како што ги зборел нивниот татко. Ова се има случено многу пати веќе, секогаш. Значи го мразите тоа не сакате да го направите, и не сакате да го речете, а, сепак ќе го сторите истото и ќе го кажете истото. Во будизмот ова се нарекува самсара, вртење на тркалото Го продолжувате вашиот татко, не само со вашето тело но, исто така и со вашиот начин на живот. Па затоа кога ќе се сретнете со будадармата (учењето на Буда) имате можност. Најпрвин треба да го промените татка си, прво во вас. Откатко сте во можност да го промените татка си во вас, тој веќе нема да се врати на самсарата. Нема да ја пренесете таа навика на вашите деца. На тој начин го завршувате циклисот на самсарата, вртење на тркалото рециклажа.... рециклирање... И кога татко ни во нас ќе се преобрази, преобразувањето на таткото надвор од нас ќе биде многу полесно. Тоа е моето искуство. Имам браќа монаси кои исто така се тешки. (Смеа) Тие се достоинственици во црквата, во будистичката црква. Тие се многу конзервативни... конзервативни... Тие не дозволуваа преобразба да се случи во... во заедницата. Знаеме дека за да служиме на општеството, мора заедницата да се возобнови. Без разлика дали вашата заедница е христијанска или будистичка, исламска или јудаистичка, така? И многу од нас се нетрпеливи да ги возобновиме нашите традиции, да му служиме на општеството и човечките суштества подобро, така? Но, има толку многу конзервативни елементи во црквата. Тоа е точно и за мојот случај. Но, тоа го приметив многу рано па реков: Ние имаме... Тие се во нас. Ние мора самите да се промениве прво. Па, ако сте во врска, и вашиот партнер не се менува немој да мислите дека вашиот партнер е надвор од вас. Вашиот партнер е внатре во вас. Дури и ако сте разведени со него или нејзе. Вчера добив прашање: „Дали може да се помириме, да почнеме одново со оние од кои сме се развеле?“ И ова е токму тоа прашање на кое треба да му се даде одговор. Затоа што дури на почетокот верувате дека по разводот можете да бидете целосно свои, и можете да го извадите или да ја извадите од вас целосно Тоа е погрешно. (смеа) Никогаш неможете да го извадите од вас. Никогаш неможете да ја извадите од вас. Нема начин! Затоа, пред да се обидете да сторите нешто со личноста која е надвор од вас, обидете се да му помогнете да се преобрази внатре во вас. обидете се да се смени внатре во вас. И, со помош на оваа практика, може да успееме да се преобразиме себеси. и да станеме пример. Стануваме свежи. Нашиот начин е точно начинот на кој што сакаме тој да биде. Па така преку говорење, преку правење, преку живеење, почнуваме да го преобразуваме. Не го менувате преку разговор, можеби разговорот неможе да го преобрази. Но, вашиот начин на реагирање, вашиот начин на однесување, реакција начинот на кој што одговарате на ситуациите може да помогнат во преобразбата на таа личност затоа што тој исто така има интелигенција и тој може да го примети тоа. И.... Знаете дека за да успеете во сопствената преобразба, и во преобразбата на другата личност, исто така ви треба санга, ви требаат пријатели кои ќе ви дадат поддршка. Затоа е корисно да најдеме заштита во сангата. Треба да знаеме како најдобро да ја искористиме колективната енергија на сангата за да ги поддржи нашата преобразба и излекување. и да ни помогне во преобрзба на другата личност. Немој да бидете нетрпеливи за веднаш да го преобразите. Првин треба да го прифатиме онаков каков што е. Треба да ја прифатиме онаква каква што е прво. И по прифаќањето, веќе ке се почуствувате многу подобро. И почнувате да го преобразувате во вас. Ова е многу длабока практика. И бидејќи нашиот пријател ни доаѓа во Плам Вилиџ скоја година и практикува со нас уште кога беше многу мало дете, Верувам дека тој го може тоа. И ние се обидуваме да му помогнеме во тоа. Никогаш да не ја загуби надежта од нас. И... начинот да не загуби нашата надеж е да напредува секој ден, преку практикување, секојдневно практикување Благодарам за прашањето. Многу е добро. Преводите се овозможени од задницата на Amara.org