0:00:00.763,0:00:03.378 Органските хемичари прават молекули, 0:00:03.378,0:00:05.194 многу сложени молекули, 0:00:05.194,0:00:08.878 така што ја разградуваат големата молекула во повеќе мали 0:00:08.878,0:00:10.739 и потоа користат обратен инженеринг. 0:00:10.739,0:00:11.778 А како хемичар, 0:00:11.778,0:00:15.245 пред неколку години ја запрашав мојата истражувачка група, 0:00:15.245,0:00:19.396 би можеле ли да направиме еден универзален хемиски сет кој ќе биде навистина кул? 0:00:19.396,0:00:24.429 Во основа, би можеле ли од хемијата да направиме апликација? 0:00:24.429,0:00:27.612 Е сега, што значи ова, и како да дојдеме до тоа? 0:00:27.612,0:00:29.583 За почеток, 0:00:29.583,0:00:31.315 зедовме еден 3D принтер 0:00:31.315,0:00:35.617 и почнавме да ги принтаме лабораториските садови и епруветите од едната страна, 0:00:35.617,0:00:39.682 а истовремено, од другата страна ги принтавме молекулите. 0:00:39.682,0:00:42.836 Потоа ги комбиниравме во нешто што го нарекуваме "риекшнвер." 0:00:42.836,0:00:47.270 И така, принтајќи го садот и работејќи на хемијата истовремено, 0:00:47.270,0:00:52.437 пополека ги добиваме универзалните хемиски алатки. 0:00:52.437,0:00:53.985 Е сега, што би можело да значи ова? 0:00:53.985,0:00:59.253 Доколку ги вградиме биолошките и хемиските мрежи по урнек на пребарувачите, 0:00:59.253,0:01:02.402 па така, ако имате клетка која е болна што треба да ја излечите, 0:01:02.402,0:01:04.121 или бактерија што сакате да ја убиете, 0:01:04.121,0:01:06.452 ако овие мрежи ги вградите во вашиот уред, 0:01:06.452,0:01:08.901 истовремено, и ја направите хемијата, 0:01:08.901,0:01:12.502 тогаш би можеле да ги произведете лековите, на еден нов начин. 0:01:12.502,0:01:14.902 Како го правиме тоа во лабораторијата? 0:01:14.902,0:01:18.001 За ова е потребен софтвер, но и хардвер. 0:01:18.001,0:01:20.367 Потребни се, и хемиски бои. 0:01:20.367,0:01:21.820 А најинтересна е идејата 0:01:21.820,0:01:24.867 дека сакаме да имаме универзален сет на бои 0:01:24.867,0:01:27.136 кои ќе одат во пакет со принтерот, 0:01:27.136,0:01:31.418 вие само го даунлодирате отпечатокот, органската хемија за молекулата 0:01:31.418,0:01:34.418 и си ја произведувате во уредот. 0:01:34.418,0:01:39.985 Така во принтерот можете да си направите сопствена молекула, користејќи го овој софтвер. 0:01:39.985,0:01:42.184 Што би можело ова да значи? 0:01:42.184,0:01:47.131 Во суштина, значи дека би можеле сами да си ги принтате лековите. 0:01:47.131,0:01:49.100 Токму тоа го правиме во лабораторијата. 0:01:49.100,0:01:51.002 Но за да дојдеме до таму, 0:01:51.002,0:01:53.835 пред сè треба да го создадеме и да се позанимаваме 0:01:53.835,0:01:56.485 со производството на лекот. 0:01:56.485,0:01:59.484 Ако можеме да го произведуваме, откако веќе сме го создале, 0:01:59.484,0:02:01.618 тогаш можеме да го распространиме насекаде. 0:02:01.618,0:02:03.734 Оттука па натаму веќе не ви треба хемичарот. 0:02:03.734,0:02:06.102 Можеме да ги принтаме лековите по потреба. 0:02:06.102,0:02:08.757 Можеме да даунлодираме нови дијагностички програми. 0:02:08.757,0:02:10.768 Да речеме дека се појавило некое вирусиште. 0:02:10.768,0:02:12.385 Го внесувате во вашиот пребарувач, 0:02:12.385,0:02:15.518 и си го правите лекот кој ќе се бори против вирусот. 0:02:15.518,0:02:19.206 Ова ви овозможува моментално склопување на молекулите. 0:02:19.206,0:02:22.201 Но за мене најважна е оваа идеја, дека во иднината 0:02:22.201,0:02:25.551 ќе можете да си ги земете вашите матични клетки, 0:02:25.551,0:02:27.318 заедно со вашите гени и вашата средина, 0:02:27.318,0:02:30.767 и ќе можете да си испринтате свој персонализиран лек. 0:02:30.767,0:02:33.019 И ако ова не ви е доволно фантастично, 0:02:33.019,0:02:35.067 што мислите до каде ќе одиме? 0:02:35.067,0:02:39.651 Епа, ќе си имате и личен произведувач на материја т.е. супстанца. 0:02:39.651,0:02:41.551 Телепортирај ме, Скоти. 0:02:41.551,0:02:44.900 (Аплауз)