Во ова видео, би сакал да ве запознаам со негативни броеви. Исто така ќе ви покажам по малку од тоа како ги собираме и одземаме. Кога прв пат се сретнувате со нив, тие изгледаат како ова длабоко и мистериозно нешто. Кога за прв пат броиме, броиме користејќи позитивни броеви. Што всушност и значи поимот негативен број? Но кога пообро размислиме, најверојатно сте сретнале негативни броеви во секојдневниот живот. Но пред да ви дадам пример, општо земено, негативен број е било кој број помал од нула. Помал од нула. Ако ова ви звучи чудно и абстрактно, ајде да разгледаме неколку ситуации. Ако мериме температура (било во степени Целзуисови или во Фаренхајт, но ајде да речеме дека ја мериме во степени Целзуисови) дозволете ми да нацртам мала скала според која ќе ја мериме температурата. Ајде да речеме ова е 0° Целзујсови, ова е 1°, ова е 3°. Ајде да речеме надвор е прилично ладно и моментално е 3° Целзујсови. Временската прогноза ти кажува дека ќе биде 4° поладно во следниот ден. Значи колку ладно ќе биде? Како ќе ја представиш таквата температура? Па, ако беше само еден степен поладно, ќе речевме 2°, но знаеме дека ќе биде 4° поладно. Ако беше 2° поладно, ќе ставевме 1°. Ако беше 3° поладно, ке ставевме 0°. Но мораме да прикажеме 4° поладно, значи мора да одиме еден под нулата. Е тоа еден под нулата го нарекуваме "минус 1". Можете да видите на бројната линија, како штом се движите на десно од нулата позитивните броеви се зголемуваат, но како што се движите лево од нулата, имате -1, -2, -3. Што полево од нулата, толку поголеми (зависи како ги земате) негативни броеви. Но ова е многу важно: -3 е ПОМАЛО од -1. Има помалку топлина во воздухот кога е -3° отколку кога е -1°.