WEBVTT 00:00:00.793 --> 00:00:02.967 Сакам само за момент 00:00:02.967 --> 00:00:06.817 да замислите дека играте "Монопол," 00:00:06.817 --> 00:00:09.424 само што овојпат, комбинацијата 00:00:09.424 --> 00:00:12.393 од вештина, талент и среќа 00:00:12.393 --> 00:00:14.931 која ви носи успех во играта, 00:00:14.931 --> 00:00:16.347 e ирелевантна, 00:00:16.347 --> 00:00:18.642 зашто играва е наместена, 00:00:18.642 --> 00:00:20.522 и вие имате предност. 00:00:20.522 --> 00:00:22.401 Имате повеќе пари, 00:00:22.401 --> 00:00:24.961 повеќе прилики да се движите низ таблата, 00:00:24.961 --> 00:00:27.186 и поголем пристап до ресурси. 00:00:27.186 --> 00:00:28.517 И додека размислувате за ова искуство, 00:00:28.517 --> 00:00:31.105 сакам да се запрашате, 00:00:31.105 --> 00:00:32.875 како чувството дека сте привилегиран 00:00:32.875 --> 00:00:36.005 играч во една наместена игра, 00:00:36.005 --> 00:00:38.928 ќе го промени вашето размислување за себе и 00:00:38.928 --> 00:00:42.786 вашето однесување кон другиот играч? NOTE Paragraph 00:00:42.786 --> 00:00:45.833 За да одговориме на ова прашање спроведовме 00:00:45.833 --> 00:00:48.135 истражување во кампусот на "Беркли." 00:00:48.135 --> 00:00:49.793 Донесовме повеќе од 100 парови 00:00:49.793 --> 00:00:52.554 на странци во лабораторијата, 00:00:52.554 --> 00:00:54.374 и преку фрлање на паричка, 00:00:54.374 --> 00:00:56.161 по принцип на случајност, едниот 00:00:56.161 --> 00:00:58.506 од играчите го направивме богат. 00:00:58.506 --> 00:01:01.327 Тој играч доби двапати повеќе пари. 00:01:01.327 --> 00:01:02.828 Кога ќе поминеше преку "Go," 00:01:02.828 --> 00:01:05.034 добиваше двојна плата, 00:01:05.034 --> 00:01:07.007 и имаше можност двапати да ја фрла коцката, 00:01:07.007 --> 00:01:08.818 па затоа и повеќе се движеше низ таблата. 00:01:08.818 --> 00:01:11.824 (Смеа) 00:01:11.824 --> 00:01:13.537 И во текот на 15 минути, 00:01:13.537 --> 00:01:17.067 преку скриена камера, гледавме што се случува. 00:01:17.067 --> 00:01:18.888 Денес, за првпат, сакам да ви покажам 00:01:18.888 --> 00:01:21.400 што видовме. 00:01:21.400 --> 00:01:22.909 Ќе извините за квалитетот на звукот, 00:01:22.909 --> 00:01:25.565 затоа што ова беа скриени камери. 00:01:25.580 --> 00:01:27.775 Па затоа имаме транскрипција. 00:01:27.775 --> 00:01:29.165 БОГАТ ИГРАЧ: Колку 500ки имаш? 00:01:29.165 --> 00:01:30.400 СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Само една. NOTE Paragraph 00:01:30.400 --> 00:01:31.517 БОГАТ ИГРАЧ: Сериозно. СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Да. NOTE Paragraph 00:01:31.517 --> 00:01:33.270 БОГАТ ИГРАЧ: Јас имам три. (Се смее) 00:01:33.270 --> 00:01:35.196 Не знам зошто ми дадоа толку многу. NOTE Paragraph 00:01:35.196 --> 00:01:37.034 Пол Пиф: Океј, значи веднаш им стана јасно на играчите 00:01:37.034 --> 00:01:38.376 дека нешто им се спрема. 00:01:38.376 --> 00:01:40.671 Едниот играч има многу повеќе пари 00:01:40.671 --> 00:01:42.820 од другиот, но сепак, 00:01:42.820 --> 00:01:44.962 како што течеше играта, 00:01:44.962 --> 00:01:46.967 почнаа да се јавуваат многу 00:01:46.967 --> 00:01:49.416 забележителни разлики 00:01:49.416 --> 00:01:51.290 помеѓу двата играчи. 00:01:51.290 --> 00:01:53.010 Богатиот играч 00:01:53.010 --> 00:01:55.588 започна да се движи низ таблата погласно, 00:01:55.588 --> 00:01:57.469 буквално трескаше со фигурата 00:01:57.469 --> 00:02:00.389 по таблата. 00:02:00.389 --> 00:02:03.382 Почнаа да се јавуваат знаци на доминација, 00:02:03.382 --> 00:02:04.972 невербални 00:02:04.972 --> 00:02:07.394 изрази на моќ 00:02:07.394 --> 00:02:11.349 и славење кај богатите играчи. NOTE Paragraph 00:02:11.349 --> 00:02:13.870 Ставивме чинија со переци тука од страната. 00:02:13.870 --> 00:02:15.531 Се наоѓа во долниот десен агол. 00:02:15.531 --> 00:02:19.018 Тоа ни овозможи да го набљудуваме консументското однесување на учесниците. 00:02:19.018 --> 00:02:23.636 Едноставно следиме колку переци ќе изедат. NOTE Paragraph 00:02:23.636 --> 00:02:25.569 БОГАТ ИГРАЧ: Овие переци трик се? NOTE Paragraph 00:02:25.569 --> 00:02:27.495 СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Не знам. NOTE Paragraph 00:02:27.495 --> 00:02:30.634 ПП: Океј, не е изненадување, луѓето се сомневаат. 00:02:30.634 --> 00:02:32.139 Се прашуваат зошто воопшто има чинија 00:02:32.139 --> 00:02:33.920 со переци таму. 00:02:33.920 --> 00:02:35.834 Еден дури и праша, како што видовте, 00:02:35.834 --> 00:02:38.793 дали чинијата со переци е трик? 00:02:38.793 --> 00:02:41.703 Но и покрај тоа, моќта на ситуацијата 00:02:41.703 --> 00:02:44.004 неизбежно доминира, 00:02:44.004 --> 00:02:48.457 и богатите играчи почнуваат да јадат повеќе переци. NOTE Paragraph 00:02:51.976 --> 00:02:54.073 БОГАТ ИГРАЧ: Обожавам переци. NOTE Paragraph 00:02:54.073 --> 00:02:56.402 (Смеа) NOTE Paragraph 00:02:57.988 --> 00:03:00.118 ПП: И како што течеше играта, 00:03:00.118 --> 00:03:02.450 почнаа да се јавуваат навистина интересни и 00:03:02.450 --> 00:03:05.523 драматични обрасци. Имено, 00:03:05.523 --> 00:03:07.394 богатите играчи стануваа 00:03:07.394 --> 00:03:10.516 сè погруби кон другиот играч, 00:03:10.516 --> 00:03:12.587 сè помалку чувствителни за несреќата 00:03:12.587 --> 00:03:14.431 на овие кутри играчи, 00:03:14.431 --> 00:03:16.502 и сè повеќе се фалеа со 00:03:16.502 --> 00:03:18.971 својот материјален успех и 00:03:18.971 --> 00:03:22.177 демонстрираа колку добро им оди. 00:03:23.589 --> 00:03:27.699 БОГАТ ИГРАЧ: Имам пари за сè. 00:03:27.699 --> 00:03:29.317 СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Колку е тоа? 00:03:29.317 --> 00:03:33.279 БОГАТ ИГРАЧ: Ми должиш 24 долари. 00:03:33.279 --> 00:03:36.135 Наскоро ќе ги изгубиш сите пари. 00:03:36.135 --> 00:03:38.295 Ќе го купам. Имам многу пари. 00:03:38.295 --> 00:03:40.241 Имам многу пари, имам засекогаш. 00:03:40.241 --> 00:03:42.201 БОГАТ ИГРАЧ 2: Ќе ја купам целава табла. 00:03:42.201 --> 00:03:43.931 БОГАТ ИГРАЧ 3: Набргу ќе ти снема пари. 00:03:43.931 --> 00:03:46.779 Речиси сум недопирлив во моментов. NOTE Paragraph 00:03:46.779 --> 00:03:49.095 ПП: Океј, навистина беше интересно 00:03:49.095 --> 00:03:50.843 што на крајот 00:03:50.843 --> 00:03:54.097 од 15те минути, од играчите побаравме 00:03:54.097 --> 00:03:58.490 да ни кажат како ја доживеале играта. 00:03:58.490 --> 00:04:00.565 И кога богатите играчи ни кажуваа 00:04:00.565 --> 00:04:02.447 зошто победиле во овој 00:04:02.447 --> 00:04:04.466 наместен "Монопол" -- 00:04:04.466 --> 00:04:09.275 (Смеа) -- 00:04:09.275 --> 00:04:12.839 зборуваа за она што направиле 00:04:12.839 --> 00:04:15.653 за да ги купат различните имоти 00:04:15.653 --> 00:04:18.435 и за тоа како го заслужиле успехот во играта, 00:04:18.435 --> 00:04:20.924 и воедно беа многу малку свесни 00:04:20.924 --> 00:04:23.639 за различните аспекти на самата ситуација, 00:04:23.639 --> 00:04:26.312 вклучувајќи го и фрлањето на паричката, 00:04:26.312 --> 00:04:28.627 кое по принцип на случајност ги уфрли 00:04:28.627 --> 00:04:31.616 во една привилегирана позиција. 00:04:31.616 --> 00:04:34.454 И ова е навистина неверојатен податок 00:04:34.454 --> 00:04:39.909 за тоа како умот ја осмислува предноста. NOTE Paragraph 00:04:39.909 --> 00:04:42.130 Играта "Монопол" можеме да ја користиме 00:04:42.130 --> 00:04:44.973 како метафора за разбирање на општеството 00:04:44.973 --> 00:04:48.258 и неговата хиерархиска структура, во која одредени луѓе 00:04:48.258 --> 00:04:50.650 имаат многу богатство и висок статус, 00:04:50.650 --> 00:04:52.127 а многу пак луѓе го немаат ова. 00:04:52.127 --> 00:04:55.060 Тие имаат многу помало богатство и многу понизок статус 00:04:55.060 --> 00:04:58.174 и многу помал пристап до вредни ресурси. 00:04:58.174 --> 00:05:01.410 Во последниве седум години јас и моите колеги 00:05:01.410 --> 00:05:05.479 ги проучувавме ефектите од ваквиот вид на хиерархии. 00:05:05.479 --> 00:05:08.763 Во дузина студии во кои учествуваа илјадници учесници 00:05:08.763 --> 00:05:12.180 од земјава, увидовме дека како што се зголемува 00:05:12.180 --> 00:05:16.712 богатството на човекот, така неговото 00:05:16.712 --> 00:05:22.780 сочувство и емпатија се намалува, 00:05:22.780 --> 00:05:26.551 а неговата идеологија наречена личен интерес 00:05:26.551 --> 00:05:31.099 станува сè поизразена. 00:05:31.099 --> 00:05:33.158 Во анкетите, откривме дека токму 00:05:33.158 --> 00:05:35.035 богатите луѓе ја претставуваат алчноста 00:05:35.035 --> 00:05:38.075 како нешто добро, 00:05:38.075 --> 00:05:40.078 и велат дека борбата за личните интереси 00:05:40.078 --> 00:05:42.794 е нешто позитивно и морално. 00:05:42.794 --> 00:05:44.643 Денес би сакал да зборувам за одредени 00:05:44.643 --> 00:05:49.464 импликации на идеологијата наречена личен интерес, 00:05:49.464 --> 00:05:51.827 зошто треба да се грижиме за овие импликации, 00:05:51.827 --> 00:05:55.469 и што можеме да направиме. NOTE Paragraph 00:05:55.469 --> 00:05:57.634 Првите истражувања на кои налетавме во оваа област 00:05:57.634 --> 00:05:58.920 го проучуваа помагањето, 00:05:58.920 --> 00:06:01.079 нешто што социјалните психолози го нарекуваат 00:06:01.079 --> 00:06:03.170 про-социјално однесување. 00:06:03.170 --> 00:06:05.883 Нас многу нè интересираше кој 00:06:05.883 --> 00:06:08.231 повеќе помага, 00:06:08.231 --> 00:06:11.388 некој кој е богат или некој кој е сиромав. 00:06:11.388 --> 00:06:15.790 Во едно од истражувањата, во лабораторијата 00:06:15.790 --> 00:06:18.090 донесовме богати и сиромашни луѓе 00:06:18.090 --> 00:06:21.584 и на секој од нив им дадовме по 10 долари. 00:06:21.584 --> 00:06:23.194 На учесниците им кажавме 00:06:23.194 --> 00:06:25.642 дека можат да си ги зачуваат 10те долари за себе, 00:06:25.642 --> 00:06:27.617 или доколку сакаат, можат 00:06:27.617 --> 00:06:29.612 дел од парите да му ги дадат на странец 00:06:29.612 --> 00:06:31.083 кој воопшто не го познаваат. 00:06:31.083 --> 00:06:34.119 Никогаш нема да го сретнат странецот, а ниту пак тој некогаш ќе ги сретне. 00:06:34.119 --> 00:06:37.337 И едноставно набљудуваме колку пари ќе дадат. 00:06:37.337 --> 00:06:39.687 Луѓето кои заработуваат 25,000, а понекогаш 00:06:39.687 --> 00:06:42.014 помалку од 15,000 долари годишно, 00:06:42.014 --> 00:06:44.241 на странецот му дадоа 44 проценти 00:06:44.241 --> 00:06:45.324 повеќе пари 00:06:45.324 --> 00:06:47.632 отколку луѓето кои заработуваат 150,000 00:06:47.632 --> 00:06:50.879 или 200,000 долари годишно. NOTE Paragraph 00:06:50.879 --> 00:06:53.627 Учесниците играа игри 00:06:53.627 --> 00:06:56.258 за да видиме кој повеќе ќе мами 00:06:56.258 --> 00:06:58.652 при обидот да дојде до наградата. 00:06:58.652 --> 00:07:01.372 Во една од игрите, компјутерот го програмиравме 00:07:01.372 --> 00:07:04.164 така што го ограничивме бројот кој можеш да го добиеш 00:07:04.164 --> 00:07:05.150 при фрлањето на коцките. 00:07:05.150 --> 00:07:08.242 Во оваа игра не можеше да се оди над 12, 00:07:08.242 --> 00:07:11.354 но сепак, колку побогат стануваш, 00:07:11.354 --> 00:07:13.111 толку е поголема веројатноста да мамиш 00:07:13.111 --> 00:07:17.010 како би дошол до наградата од 50 долари. 00:07:17.010 --> 00:07:20.855 Мамењето се зголемуваше од три до четири пати. NOTE Paragraph 00:07:20.855 --> 00:07:23.088 Спроведовме друго истражување во кое нè интересираше 00:07:23.088 --> 00:07:26.311 дали луѓето би зеле бомбон 00:07:26.311 --> 00:07:28.802 од тегла со бомбони за која јасно беше кажано 00:07:28.802 --> 00:07:31.042 дека е наменета за децата -- 00:07:31.042 --> 00:07:34.484 (Смеа) - 00:07:34.484 --> 00:07:36.325 кои учествуваат -- Не се зезам. 00:07:36.325 --> 00:07:39.054 Знам дека звучи како шега. 00:07:39.054 --> 00:07:41.295 Јасно им кажавме на учесниците 00:07:41.295 --> 00:07:43.164 дека теглата со бомбони е за децата кои 00:07:43.164 --> 00:07:45.648 се во соседната лабораторија. 00:07:45.648 --> 00:07:47.698 Дека ги проучуваме и бомбоните се за нив. 00:07:47.698 --> 00:07:51.341 И едноставно следевме колку бомбони ќе земат. 00:07:51.341 --> 00:07:52.854 Богатите учесници 00:07:52.854 --> 00:07:54.259 зедоа двапати повеќе бомбони 00:07:54.259 --> 00:07:57.408 отколку сиромашните учесници. NOTE Paragraph 00:07:57.408 --> 00:08:00.061 Дури ги проучувавме и колите. 00:08:00.061 --> 00:08:01.923 Нè интересираше 00:08:01.923 --> 00:08:04.994 дали склоноста кон кршење на законот 00:08:04.994 --> 00:08:08.097 зависи од видот на колата што ја возиш. 00:08:08.097 --> 00:08:10.934 Во едно од истражувањата, нè интересираше 00:08:10.934 --> 00:08:15.090 дали возачите ќе му застанат на пешакот 00:08:15.090 --> 00:08:17.989 кој чекаше да премине на пешачки. 00:08:17.989 --> 00:08:19.733 Во Калифорнија, како што сите знаете, 00:08:19.733 --> 00:08:22.257 оти сум сигурен дека сите го правиме ова, 00:08:22.257 --> 00:08:26.185 законот налага да застанете доколку има пешак кој чека да премине. 00:08:26.185 --> 00:08:28.117 И еве еден пример од истражувањето. 00:08:28.117 --> 00:08:30.233 Оној од левата страна е нашиот соучесник 00:08:30.233 --> 00:08:31.822 кој е во улога на пешак. 00:08:31.822 --> 00:08:36.073 Стапнува на пешачкиот и црвената камионетка застанува. 00:08:36.073 --> 00:08:38.391 И типично за Калифорнија, камионетката е претекната 00:08:38.391 --> 00:08:40.728 од автобус кој за малку ќе го прегазеше нашиот пешак. 00:08:40.728 --> 00:08:42.284 (Смеа) 00:08:42.284 --> 00:08:44.151 Еве еден пример со поскапа кола, 00:08:44.151 --> 00:08:45.889 "Приус"-от не застанува, 00:08:45.889 --> 00:08:50.197 а истото го прави и "БеЕмВе"-то. 00:08:51.388 --> 00:08:53.887 Ова го направивме со стотици возила 00:08:53.887 --> 00:08:56.243 во текот на неколку дена, 00:08:56.243 --> 00:08:59.195 едноставно следевме кој застанува, а кој не. 00:09:00.466 --> 00:09:02.660 Откривме дека како што се зголемува цената 00:09:02.660 --> 00:09:06.960 на колата, 00:09:06.960 --> 00:09:08.844 така се зголемува и склоноста на возачот 00:09:08.844 --> 00:09:10.088 да го крши законот. 00:09:10.088 --> 00:09:12.780 Ниту една кола 00:09:12.780 --> 00:09:16.080 од најефтината категорија 00:09:16.080 --> 00:09:17.645 не го прекрши законот. 00:09:17.645 --> 00:09:20.038 Речиси 50 проценти од колите 00:09:20.038 --> 00:09:22.446 во најскапата категорија 00:09:22.446 --> 00:09:25.289 го прекршија законот. 00:09:25.289 --> 00:09:27.182 Во други истражувања откривме дека 00:09:27.182 --> 00:09:30.733 богатите луѓе повеќе лажат за време на преговори, 00:09:30.733 --> 00:09:32.823 се однесуваат неетички на работа. 00:09:32.823 --> 00:09:35.431 На пример, крадат пари од касата, 00:09:35.431 --> 00:09:40.514 земаат поткупи, ги лажат муштериите. NOTE Paragraph 00:09:40.514 --> 00:09:42.076 Не сакам да мислите 00:09:42.076 --> 00:09:43.779 дека само богатите луѓе 00:09:43.779 --> 00:09:45.691 се однесуваат вака. 00:09:45.691 --> 00:09:48.460 Воопшто не. Всушност, мислам дека 00:09:48.460 --> 00:09:51.424 сите ние во нашето секојдневие 00:09:51.424 --> 00:09:54.396 се бориме со овие спротивни тенденции. 00:09:54.396 --> 00:09:57.693 Дали или кога да го ставиме нашиот интерес 00:09:57.693 --> 00:10:00.047 над интересот на другите луѓе. 00:10:00.047 --> 00:10:02.429 И тоа е разбирливо зашто 00:10:02.429 --> 00:10:04.992 американскиот сон е идеја 00:10:04.992 --> 00:10:08.091 во која сите имаме еднакви можности 00:10:08.091 --> 00:10:10.125 да успееме и напредуваме, 00:10:10.125 --> 00:10:12.682 сè додека вложуваме голем труд, 00:10:12.682 --> 00:10:15.386 а делумно тоа значи дека понекогаш 00:10:15.386 --> 00:10:18.485 треба да го ставиш сопствениот интерес 00:10:18.485 --> 00:10:21.915 над интересите и добро-состојбата на другите луѓе околу тебе. 00:10:21.915 --> 00:10:24.084 Но сега согледуваме дека 00:10:24.084 --> 00:10:26.492 колку си побогат, толку повеќе се стремиш 00:10:26.492 --> 00:10:29.207 кон идеалот наречен личен успех, 00:10:29.207 --> 00:10:31.442 трагаш по постигнувања и успеси, 00:10:31.442 --> 00:10:34.790 но на штета на другите околу тебе. 00:10:34.790 --> 00:10:37.554 Овде го претставив просечниот домашен приход 00:10:37.554 --> 00:10:41.170 на сите пет петтини од популацијата и оној на најбогатите 5% од популацијата 00:10:41.170 --> 00:10:43.340 во текот на изминативе 20 години. 00:10:43.340 --> 00:10:45.882 Во 1993, разликите помеѓу различните 00:10:45.882 --> 00:10:48.967 квинтили од популацијата, во смисла на приход, 00:10:48.967 --> 00:10:51.564 се прилично видливи. 00:10:51.564 --> 00:10:54.161 Не е тешко да се види дека има разлики. 00:10:54.161 --> 00:10:57.045 Но во текот на изминативе 20 години, разликата 00:10:57.045 --> 00:10:59.219 помеѓу оние кои се на врвот 00:10:59.219 --> 00:11:02.373 и сите други одоздола, стана уште поголема. 00:11:02.373 --> 00:11:06.065 Всушност, горните 20 проценти од населението 00:11:06.065 --> 00:11:09.143 поседува речиси 90 проценти од вкупното богатство во земјава. 00:11:09.143 --> 00:11:11.402 Во моментов имаме економска 00:11:11.402 --> 00:11:13.890 нееднаквост која е без преседан. 00:11:15.634 --> 00:11:17.970 Тоа значи дека не само што богатството сè повеќе 00:11:17.970 --> 00:11:22.450 се концентрира во рацете на една избрана група на луѓе, 00:11:22.450 --> 00:11:24.834 туку и дека американскиот сон станува 00:11:24.834 --> 00:11:26.782 сè понедостижен 00:11:26.782 --> 00:11:29.975 за растечкото мнозинство. 00:11:29.975 --> 00:11:32.242 И ако е така како што откривме, дека 00:11:32.242 --> 00:11:34.237 колку си побогат, 00:11:34.237 --> 00:11:36.779 толку повеќе полагаш право на богатството, 00:11:36.779 --> 00:11:39.772 и толку повеќе ги истакнуваш сопствените интереси 00:11:39.772 --> 00:11:41.739 над интересите на другите луѓе, 00:11:41.739 --> 00:11:45.129 и си спремен да правиш работи во служба на личниот интерес, 00:11:45.129 --> 00:11:46.863 епа тогаш нема причина да веруваме 00:11:46.863 --> 00:11:48.961 дека ваквиот тренд ќе се промени. 00:11:48.961 --> 00:11:50.504 Всушност, имаме многу причини да веруваме 00:11:50.504 --> 00:11:52.487 дека само ќе се влоши, 00:11:52.487 --> 00:11:55.334 и ете како ќе изгледа во наредните 20 години, доколку работите 00:11:55.334 --> 00:11:59.961 останат исти, со ова линеарно зголемување. NOTE Paragraph 00:11:59.961 --> 00:12:02.682 За економската нееднаквост треба 00:12:02.682 --> 00:12:04.606 сите да бидеме загрижени, не само заради 00:12:04.606 --> 00:12:07.135 оние на дното од 00:12:07.135 --> 00:12:08.649 социјалната хиерархија, 00:12:08.649 --> 00:12:10.889 туку заради тоа што групите 00:12:10.889 --> 00:12:16.089 со голема економска нееднаквост полошо функционираат, 00:12:16.089 --> 00:12:18.928 полошо им е не само на оние од дното, туку на сите. 00:12:18.928 --> 00:12:21.055 Има многу убедливи истражувања 00:12:21.055 --> 00:12:23.647 кои доаѓаат од врвни светски институти 00:12:23.647 --> 00:12:26.535 и кои покажуваат дека како 00:12:26.535 --> 00:12:28.424 што се зголемува нееднаквоста 00:12:28.424 --> 00:12:31.064 така голем број на работи се влошуваат. 00:12:31.064 --> 00:12:33.717 Социјалната подвижност, работи кои ни се важни, 00:12:33.717 --> 00:12:36.198 физичко здравје, социјална доверба, 00:12:36.198 --> 00:12:39.243 сето ова се влошува како што се зголемува нееднаквоста. 00:12:39.243 --> 00:12:41.258 Слично, негативните работи 00:12:41.258 --> 00:12:43.870 во социјалните колективи и општества, 00:12:43.870 --> 00:12:45.964 како што се дебелината, насилството, 00:12:45.964 --> 00:12:47.585 одењето во затвор и казните, 00:12:47.585 --> 00:12:51.727 се зголемуваат како што се зголемува економската нееднаквост. 00:12:51.727 --> 00:12:54.137 Повторно, овие исходи не влијаат само врз 00:12:54.137 --> 00:12:56.198 неколкумина, туку врз 00:12:56.198 --> 00:12:58.799 сите слоеви на општеството. 00:12:58.799 --> 00:13:01.915 Дури и луѓето од врвот се засегнати од нееднаквоста, NOTE Paragraph 00:13:01.915 --> 00:13:05.158 И што да правиме? 00:13:05.158 --> 00:13:08.629 Оваа каскада на само-одржувачки, 00:13:08.629 --> 00:13:11.137 деструктивни, негативни ефекти 00:13:11.137 --> 00:13:14.546 можеби изгледа како нешто што е излезено од контрола, 00:13:14.546 --> 00:13:16.464 врз што не можеме да влијаеме, 00:13:16.464 --> 00:13:19.260 особено не како единки. 00:13:19.260 --> 00:13:23.093 Но всушност, во нашите лабораториски 00:13:23.093 --> 00:13:26.281 истражувања увидовме дека 00:13:26.281 --> 00:13:31.371 мали психолошки интервенции, 00:13:31.371 --> 00:13:34.680 мали промени во вредностите на луѓето, 00:13:34.680 --> 00:13:37.903 мали поттурнувања во одредени насоки, 00:13:37.903 --> 00:13:41.468 можат да го возобноват нивото на еднаквост и емпатија. 00:13:41.468 --> 00:13:43.520 На пример, ако ги потсетите богатите луѓе 00:13:43.520 --> 00:13:45.776 за предностите од соработката, 00:13:45.776 --> 00:13:48.680 или предностите на заедницата, 00:13:48.680 --> 00:13:52.615 тие стануваа егалитаристички расположени 00:13:52.615 --> 00:13:55.150 како и сиромашните луѓе. 00:13:55.150 --> 00:13:58.527 Во една студија, на луѓето им прикажувавме видео 00:13:58.527 --> 00:14:02.888 долго само 46 секунди, за детската сиромаштија 00:14:02.888 --> 00:14:05.938 кое служеше како потсетник за потребите на другите 00:14:05.938 --> 00:14:07.964 луѓе во светот, 00:14:07.964 --> 00:14:09.994 и откако ќе го изгледаа ова, 00:14:09.994 --> 00:14:11.692 ги набљудувавме колку се спремни 00:14:11.692 --> 00:14:15.396 да издвојат дел од своето време 00:14:15.396 --> 00:14:18.815 за да му помогнат на туѓинец кој во моментот е вознемирен. 00:14:18.815 --> 00:14:22.082 Откако ќе го изгледаа видеото, еден час подоцна, 00:14:22.082 --> 00:14:24.452 богатите луѓе покажуваа спремност 00:14:24.452 --> 00:14:26.411 да му помогнат на туѓинецот, 00:14:26.411 --> 00:14:29.116 стануваа великодушни како и оние сиромашните. 00:14:29.116 --> 00:14:31.567 Ова ни кажува дека ваквите разлики не се 00:14:31.567 --> 00:14:33.450 вродени, ниту пак се црно-бели, 00:14:33.450 --> 00:14:35.174 туку се под влијание 00:14:35.174 --> 00:14:37.100 на вредносниот систем на луѓето, 00:14:37.100 --> 00:14:39.381 и нивното сочувство 00:14:39.381 --> 00:14:41.036 и емпатија. NOTE Paragraph 00:14:41.036 --> 00:14:42.592 А надвор од ѕидовите на нашата лабораторија 00:14:42.592 --> 00:14:46.622 веќе почнуваме да гледаме промени во општеството. 00:14:46.622 --> 00:14:50.065 Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во земјава, 00:14:50.065 --> 00:14:51.810 во неговиот воведен говор на Харвард, 00:14:51.810 --> 00:14:53.934 зборуваше дека нееднаквоста со која 00:14:53.934 --> 00:14:57.284 се соочува општеството е најтешкиот предизвик, 00:14:57.284 --> 00:14:59.880 и зборуваше што треба да се направи за да се справиме со неа, 00:14:59.880 --> 00:15:03.115 велејќи, "Напредокот на човештвото 00:15:03.115 --> 00:15:05.066 не се состои во неговите откритија, 00:15:05.066 --> 00:15:08.217 туку во тоа како се применуваат откритијата 00:15:08.217 --> 00:15:11.031 за да се намали нееднаквоста." 00:15:11.031 --> 00:15:13.034 Ја имаме "Давање Заклетва," 00:15:13.034 --> 00:15:15.456 кампања во која над 100 од најбогатите 00:15:15.456 --> 00:15:17.843 луѓе во земјава даваат заклетва 00:15:17.843 --> 00:15:21.757 дека половина од богатството ќе го дадат во добротворни цели. 00:15:21.757 --> 00:15:23.381 Веќе се појавија дузина 00:15:23.381 --> 00:15:27.014 граѓански движења како што се, 00:15:27.014 --> 00:15:29.317 "Ние сме Едниот Процент," 00:15:29.317 --> 00:15:31.181 "Генерација на Ресурси," 00:15:31.181 --> 00:15:33.302 или "Богатство за Добро на Сите," 00:15:33.302 --> 00:15:35.869 во кои најпривилегираните 00:15:35.869 --> 00:15:37.694 членови на популацијата, 00:15:37.694 --> 00:15:40.450 членови на горниот еден процент, 00:15:40.450 --> 00:15:42.381 луѓе кои се богати, и за мене 00:15:42.381 --> 00:15:45.969 неверојатно, како возрасни така и млади, 00:15:45.969 --> 00:15:49.998 ги користат своите привилегии, 00:15:49.998 --> 00:15:51.647 своите економски ресурси 00:15:51.647 --> 00:15:53.718 за да се борат против нееднаквоста 00:15:53.718 --> 00:15:56.745 на тој начин што се залагаат 00:15:56.745 --> 00:15:59.655 за социјални политики, промена 00:15:59.655 --> 00:16:01.536 на општествените вредности, 00:16:01.536 --> 00:16:03.910 и промена на човековото однесување, 00:16:03.910 --> 00:16:06.973 промени кои се штетни за нивниот економски интерес, 00:16:06.973 --> 00:16:11.246 но кои на крај би можеле да го возобноват американскиот сон. NOTE Paragraph 00:16:11.246 --> 00:16:13.246 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:16:13.246 --> 00:16:17.246 (Аплауз)