1 00:00:00,793 --> 00:00:02,967 Сакам само за момент 2 00:00:02,967 --> 00:00:06,817 да замислите дека играте "Монопол," 3 00:00:06,817 --> 00:00:09,424 само што овојпат, комбинацијата 4 00:00:09,424 --> 00:00:12,393 од вештина, талент и среќа 5 00:00:12,393 --> 00:00:14,931 која ви носи успех во играта, 6 00:00:14,931 --> 00:00:16,347 e ирелевантна, 7 00:00:16,347 --> 00:00:18,642 зашто играва е наместена, 8 00:00:18,642 --> 00:00:20,522 и вие имате предност. 9 00:00:20,522 --> 00:00:22,401 Имате повеќе пари, 10 00:00:22,401 --> 00:00:24,961 повеќе прилики да се движите низ таблата, 11 00:00:24,961 --> 00:00:27,186 и поголем пристап до ресурси. 12 00:00:27,186 --> 00:00:28,517 И додека размислувате за ова искуство, 13 00:00:28,517 --> 00:00:31,105 сакам да се запрашате, 14 00:00:31,105 --> 00:00:32,875 како чувството дека сте привилегиран 15 00:00:32,875 --> 00:00:36,005 играч во една наместена игра, 16 00:00:36,005 --> 00:00:38,928 ќе го промени вашето размислување за себе и 17 00:00:38,928 --> 00:00:42,786 вашето однесување кон другиот играч? 18 00:00:42,786 --> 00:00:45,833 За да одговориме на ова прашање спроведовме 19 00:00:45,833 --> 00:00:48,135 истражување во кампусот на "Беркли." 20 00:00:48,135 --> 00:00:49,793 Донесовме повеќе од 100 парови 21 00:00:49,793 --> 00:00:52,554 на странци во лабораторијата, 22 00:00:52,554 --> 00:00:54,374 и преку фрлање на паричка, 23 00:00:54,374 --> 00:00:56,161 по принцип на случајност, едниот 24 00:00:56,161 --> 00:00:58,506 од играчите го направивме богат. 25 00:00:58,506 --> 00:01:01,327 Тој играч доби двапати повеќе пари. 26 00:01:01,327 --> 00:01:02,828 Кога ќе поминеше преку "Go," 27 00:01:02,828 --> 00:01:05,034 добиваше двојна плата, 28 00:01:05,034 --> 00:01:07,007 и имаше можност двапати да ја фрла коцката, 29 00:01:07,007 --> 00:01:08,818 па затоа и повеќе се движеше низ таблата. 30 00:01:08,818 --> 00:01:11,824 (Смеа) 31 00:01:11,824 --> 00:01:13,537 И во текот на 15 минути, 32 00:01:13,537 --> 00:01:17,067 преку скриена камера, гледавме што се случува. 33 00:01:17,067 --> 00:01:18,888 Денес, за првпат, сакам да ви покажам 34 00:01:18,888 --> 00:01:21,400 што видовме. 35 00:01:21,400 --> 00:01:22,909 Ќе извините за квалитетот на звукот, 36 00:01:22,909 --> 00:01:25,565 затоа што ова беа скриени камери. 37 00:01:25,580 --> 00:01:27,775 Па затоа имаме транскрипција. 38 00:01:27,775 --> 00:01:29,165 БОГАТ ИГРАЧ: Колку 500ки имаш? 39 00:01:29,165 --> 00:01:30,400 СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Само една. 40 00:01:30,400 --> 00:01:31,517 БОГАТ ИГРАЧ: Сериозно. СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Да. 41 00:01:31,517 --> 00:01:33,270 БОГАТ ИГРАЧ: Јас имам три. (Се смее) 42 00:01:33,270 --> 00:01:35,196 Не знам зошто ми дадоа толку многу. 43 00:01:35,196 --> 00:01:37,034 Пол Пиф: Океј, значи веднаш им стана јасно на играчите 44 00:01:37,034 --> 00:01:38,376 дека нешто им се спрема. 45 00:01:38,376 --> 00:01:40,671 Едниот играч има многу повеќе пари 46 00:01:40,671 --> 00:01:42,820 од другиот, но сепак, 47 00:01:42,820 --> 00:01:44,962 како што течеше играта, 48 00:01:44,962 --> 00:01:46,967 почнаа да се јавуваат многу 49 00:01:46,967 --> 00:01:49,416 забележителни разлики 50 00:01:49,416 --> 00:01:51,290 помеѓу двата играчи. 51 00:01:51,290 --> 00:01:53,010 Богатиот играч 52 00:01:53,010 --> 00:01:55,588 започна да се движи низ таблата погласно, 53 00:01:55,588 --> 00:01:57,469 буквално трескаше со фигурата 54 00:01:57,469 --> 00:02:00,389 по таблата. 55 00:02:00,389 --> 00:02:03,382 Почнаа да се јавуваат знаци на доминација, 56 00:02:03,382 --> 00:02:04,972 невербални 57 00:02:04,972 --> 00:02:07,394 изрази на моќ 58 00:02:07,394 --> 00:02:11,349 и славење кај богатите играчи. 59 00:02:11,349 --> 00:02:13,870 Ставивме чинија со переци тука од страната. 60 00:02:13,870 --> 00:02:15,531 Се наоѓа во долниот десен агол. 61 00:02:15,531 --> 00:02:19,018 Тоа ни овозможи да го набљудуваме консументското однесување на учесниците. 62 00:02:19,018 --> 00:02:23,636 Едноставно следиме колку переци ќе изедат. 63 00:02:23,636 --> 00:02:25,569 БОГАТ ИГРАЧ: Овие переци трик се? 64 00:02:25,569 --> 00:02:27,495 СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Не знам. 65 00:02:27,495 --> 00:02:30,634 ПП: Океј, не е изненадување, луѓето се сомневаат. 66 00:02:30,634 --> 00:02:32,139 Се прашуваат зошто воопшто има чинија 67 00:02:32,139 --> 00:02:33,920 со переци таму. 68 00:02:33,920 --> 00:02:35,834 Еден дури и праша, како што видовте, 69 00:02:35,834 --> 00:02:38,793 дали чинијата со переци е трик? 70 00:02:38,793 --> 00:02:41,703 Но и покрај тоа, моќта на ситуацијата 71 00:02:41,703 --> 00:02:44,004 неизбежно доминира, 72 00:02:44,004 --> 00:02:48,457 и богатите играчи почнуваат да јадат повеќе переци. 73 00:02:51,976 --> 00:02:54,073 БОГАТ ИГРАЧ: Обожавам переци. 74 00:02:54,073 --> 00:02:56,402 (Смеа) 75 00:02:57,988 --> 00:03:00,118 ПП: И како што течеше играта, 76 00:03:00,118 --> 00:03:02,450 почнаа да се јавуваат навистина интересни и 77 00:03:02,450 --> 00:03:05,523 драматични обрасци. Имено, 78 00:03:05,523 --> 00:03:07,394 богатите играчи стануваа 79 00:03:07,394 --> 00:03:10,516 сè погруби кон другиот играч, 80 00:03:10,516 --> 00:03:12,587 сè помалку чувствителни за несреќата 81 00:03:12,587 --> 00:03:14,431 на овие кутри играчи, 82 00:03:14,431 --> 00:03:16,502 и сè повеќе се фалеа со 83 00:03:16,502 --> 00:03:18,971 својот материјален успех и 84 00:03:18,971 --> 00:03:22,177 демонстрираа колку добро им оди. 85 00:03:23,589 --> 00:03:27,699 БОГАТ ИГРАЧ: Имам пари за сè. 86 00:03:27,699 --> 00:03:29,317 СИРОМАШЕН ИГРАЧ: Колку е тоа? 87 00:03:29,317 --> 00:03:33,279 БОГАТ ИГРАЧ: Ми должиш 24 долари. 88 00:03:33,279 --> 00:03:36,135 Наскоро ќе ги изгубиш сите пари. 89 00:03:36,135 --> 00:03:38,295 Ќе го купам. Имам многу пари. 90 00:03:38,295 --> 00:03:40,241 Имам многу пари, имам засекогаш. 91 00:03:40,241 --> 00:03:42,201 БОГАТ ИГРАЧ 2: Ќе ја купам целава табла. 92 00:03:42,201 --> 00:03:43,931 БОГАТ ИГРАЧ 3: Набргу ќе ти снема пари. 93 00:03:43,931 --> 00:03:46,779 Речиси сум недопирлив во моментов. 94 00:03:46,779 --> 00:03:49,095 ПП: Океј, навистина беше интересно 95 00:03:49,095 --> 00:03:50,843 што на крајот 96 00:03:50,843 --> 00:03:54,097 од 15те минути, од играчите побаравме 97 00:03:54,097 --> 00:03:58,490 да ни кажат како ја доживеале играта. 98 00:03:58,490 --> 00:04:00,565 И кога богатите играчи ни кажуваа 99 00:04:00,565 --> 00:04:02,447 зошто победиле во овој 100 00:04:02,447 --> 00:04:04,466 наместен "Монопол" -- 101 00:04:04,466 --> 00:04:09,275 (Смеа) -- 102 00:04:09,275 --> 00:04:12,839 зборуваа за она што направиле 103 00:04:12,839 --> 00:04:15,653 за да ги купат различните имоти 104 00:04:15,653 --> 00:04:18,435 и за тоа како го заслужиле успехот во играта, 105 00:04:18,435 --> 00:04:20,924 и воедно беа многу малку свесни 106 00:04:20,924 --> 00:04:23,639 за различните аспекти на самата ситуација, 107 00:04:23,639 --> 00:04:26,312 вклучувајќи го и фрлањето на паричката, 108 00:04:26,312 --> 00:04:28,627 кое по принцип на случајност ги уфрли 109 00:04:28,627 --> 00:04:31,616 во една привилегирана позиција. 110 00:04:31,616 --> 00:04:34,454 И ова е навистина неверојатен податок 111 00:04:34,454 --> 00:04:39,909 за тоа како умот ја осмислува предноста. 112 00:04:39,909 --> 00:04:42,130 Играта "Монопол" можеме да ја користиме 113 00:04:42,130 --> 00:04:44,973 како метафора за разбирање на општеството 114 00:04:44,973 --> 00:04:48,258 и неговата хиерархиска структура, во која одредени луѓе 115 00:04:48,258 --> 00:04:50,650 имаат многу богатство и висок статус, 116 00:04:50,650 --> 00:04:52,127 а многу пак луѓе го немаат ова. 117 00:04:52,127 --> 00:04:55,060 Тие имаат многу помало богатство и многу понизок статус 118 00:04:55,060 --> 00:04:58,174 и многу помал пристап до вредни ресурси. 119 00:04:58,174 --> 00:05:01,410 Во последниве седум години јас и моите колеги 120 00:05:01,410 --> 00:05:05,479 ги проучувавме ефектите од ваквиот вид на хиерархии. 121 00:05:05,479 --> 00:05:08,763 Во дузина студии во кои учествуваа илјадници учесници 122 00:05:08,763 --> 00:05:12,180 од земјава, увидовме дека како што се зголемува 123 00:05:12,180 --> 00:05:16,712 богатството на човекот, така неговото 124 00:05:16,712 --> 00:05:22,780 сочувство и емпатија се намалува, 125 00:05:22,780 --> 00:05:26,551 а неговата идеологија наречена личен интерес 126 00:05:26,551 --> 00:05:31,099 станува сè поизразена. 127 00:05:31,099 --> 00:05:33,158 Во анкетите, откривме дека токму 128 00:05:33,158 --> 00:05:35,035 богатите луѓе ја претставуваат алчноста 129 00:05:35,035 --> 00:05:38,075 како нешто добро, 130 00:05:38,075 --> 00:05:40,078 и велат дека борбата за личните интереси 131 00:05:40,078 --> 00:05:42,794 е нешто позитивно и морално. 132 00:05:42,794 --> 00:05:44,643 Денес би сакал да зборувам за одредени 133 00:05:44,643 --> 00:05:49,464 импликации на идеологијата наречена личен интерес, 134 00:05:49,464 --> 00:05:51,827 зошто треба да се грижиме за овие импликации, 135 00:05:51,827 --> 00:05:55,469 и што можеме да направиме. 136 00:05:55,469 --> 00:05:57,634 Првите истражувања на кои налетавме во оваа област 137 00:05:57,634 --> 00:05:58,920 го проучуваа помагањето, 138 00:05:58,920 --> 00:06:01,079 нешто што социјалните психолози го нарекуваат 139 00:06:01,079 --> 00:06:03,170 про-социјално однесување. 140 00:06:03,170 --> 00:06:05,883 Нас многу нè интересираше кој 141 00:06:05,883 --> 00:06:08,231 повеќе помага, 142 00:06:08,231 --> 00:06:11,388 некој кој е богат или некој кој е сиромав. 143 00:06:11,388 --> 00:06:15,790 Во едно од истражувањата, во лабораторијата 144 00:06:15,790 --> 00:06:18,090 донесовме богати и сиромашни луѓе 145 00:06:18,090 --> 00:06:21,584 и на секој од нив им дадовме по 10 долари. 146 00:06:21,584 --> 00:06:23,194 На учесниците им кажавме 147 00:06:23,194 --> 00:06:25,642 дека можат да си ги зачуваат 10те долари за себе, 148 00:06:25,642 --> 00:06:27,617 или доколку сакаат, можат 149 00:06:27,617 --> 00:06:29,612 дел од парите да му ги дадат на странец 150 00:06:29,612 --> 00:06:31,083 кој воопшто не го познаваат. 151 00:06:31,083 --> 00:06:34,119 Никогаш нема да го сретнат странецот, а ниту пак тој некогаш ќе ги сретне. 152 00:06:34,119 --> 00:06:37,337 И едноставно набљудуваме колку пари ќе дадат. 153 00:06:37,337 --> 00:06:39,687 Луѓето кои заработуваат 25,000, а понекогаш 154 00:06:39,687 --> 00:06:42,014 помалку од 15,000 долари годишно, 155 00:06:42,014 --> 00:06:44,241 на странецот му дадоа 44 проценти 156 00:06:44,241 --> 00:06:45,324 повеќе пари 157 00:06:45,324 --> 00:06:47,632 отколку луѓето кои заработуваат 150,000 158 00:06:47,632 --> 00:06:50,879 или 200,000 долари годишно. 159 00:06:50,879 --> 00:06:53,627 Учесниците играа игри 160 00:06:53,627 --> 00:06:56,258 за да видиме кој повеќе ќе мами 161 00:06:56,258 --> 00:06:58,652 при обидот да дојде до наградата. 162 00:06:58,652 --> 00:07:01,372 Во една од игрите, компјутерот го програмиравме 163 00:07:01,372 --> 00:07:04,164 така што го ограничивме бројот кој можеш да го добиеш 164 00:07:04,164 --> 00:07:05,150 при фрлањето на коцките. 165 00:07:05,150 --> 00:07:08,242 Во оваа игра не можеше да се оди над 12, 166 00:07:08,242 --> 00:07:11,354 но сепак, колку побогат стануваш, 167 00:07:11,354 --> 00:07:13,111 толку е поголема веројатноста да мамиш 168 00:07:13,111 --> 00:07:17,010 како би дошол до наградата од 50 долари. 169 00:07:17,010 --> 00:07:20,855 Мамењето се зголемуваше од три до четири пати. 170 00:07:20,855 --> 00:07:23,088 Спроведовме друго истражување во кое нè интересираше 171 00:07:23,088 --> 00:07:26,311 дали луѓето би зеле бомбон 172 00:07:26,311 --> 00:07:28,802 од тегла со бомбони за која јасно беше кажано 173 00:07:28,802 --> 00:07:31,042 дека е наменета за децата -- 174 00:07:31,042 --> 00:07:34,484 (Смеа) - 175 00:07:34,484 --> 00:07:36,325 кои учествуваат -- Не се зезам. 176 00:07:36,325 --> 00:07:39,054 Знам дека звучи како шега. 177 00:07:39,054 --> 00:07:41,295 Јасно им кажавме на учесниците 178 00:07:41,295 --> 00:07:43,164 дека теглата со бомбони е за децата кои 179 00:07:43,164 --> 00:07:45,648 се во соседната лабораторија. 180 00:07:45,648 --> 00:07:47,698 Дека ги проучуваме и бомбоните се за нив. 181 00:07:47,698 --> 00:07:51,341 И едноставно следевме колку бомбони ќе земат. 182 00:07:51,341 --> 00:07:52,854 Богатите учесници 183 00:07:52,854 --> 00:07:54,259 зедоа двапати повеќе бомбони 184 00:07:54,259 --> 00:07:57,408 отколку сиромашните учесници. 185 00:07:57,408 --> 00:08:00,061 Дури ги проучувавме и колите. 186 00:08:00,061 --> 00:08:01,923 Нè интересираше 187 00:08:01,923 --> 00:08:04,994 дали склоноста кон кршење на законот 188 00:08:04,994 --> 00:08:08,097 зависи од видот на колата што ја возиш. 189 00:08:08,097 --> 00:08:10,934 Во едно од истражувањата, нè интересираше 190 00:08:10,934 --> 00:08:15,090 дали возачите ќе му застанат на пешакот 191 00:08:15,090 --> 00:08:17,989 кој чекаше да премине на пешачки. 192 00:08:17,989 --> 00:08:19,733 Во Калифорнија, како што сите знаете, 193 00:08:19,733 --> 00:08:22,257 оти сум сигурен дека сите го правиме ова, 194 00:08:22,257 --> 00:08:26,185 законот налага да застанете доколку има пешак кој чека да премине. 195 00:08:26,185 --> 00:08:28,117 И еве еден пример од истражувањето. 196 00:08:28,117 --> 00:08:30,233 Оној од левата страна е нашиот соучесник 197 00:08:30,233 --> 00:08:31,822 кој е во улога на пешак. 198 00:08:31,822 --> 00:08:36,073 Стапнува на пешачкиот и црвената камионетка застанува. 199 00:08:36,073 --> 00:08:38,391 И типично за Калифорнија, камионетката е претекната 200 00:08:38,391 --> 00:08:40,728 од автобус кој за малку ќе го прегазеше нашиот пешак. 201 00:08:40,728 --> 00:08:42,284 (Смеа) 202 00:08:42,284 --> 00:08:44,151 Еве еден пример со поскапа кола, 203 00:08:44,151 --> 00:08:45,889 "Приус"-от не застанува, 204 00:08:45,889 --> 00:08:50,197 а истото го прави и "БеЕмВе"-то. 205 00:08:51,388 --> 00:08:53,887 Ова го направивме со стотици возила 206 00:08:53,887 --> 00:08:56,243 во текот на неколку дена, 207 00:08:56,243 --> 00:08:59,195 едноставно следевме кој застанува, а кој не. 208 00:09:00,466 --> 00:09:02,660 Откривме дека како што се зголемува цената 209 00:09:02,660 --> 00:09:06,960 на колата, 210 00:09:06,960 --> 00:09:08,844 така се зголемува и склоноста на возачот 211 00:09:08,844 --> 00:09:10,088 да го крши законот. 212 00:09:10,088 --> 00:09:12,780 Ниту една кола 213 00:09:12,780 --> 00:09:16,080 од најефтината категорија 214 00:09:16,080 --> 00:09:17,645 не го прекрши законот. 215 00:09:17,645 --> 00:09:20,038 Речиси 50 проценти од колите 216 00:09:20,038 --> 00:09:22,446 во најскапата категорија 217 00:09:22,446 --> 00:09:25,289 го прекршија законот. 218 00:09:25,289 --> 00:09:27,182 Во други истражувања откривме дека 219 00:09:27,182 --> 00:09:30,733 богатите луѓе повеќе лажат за време на преговори, 220 00:09:30,733 --> 00:09:32,823 се однесуваат неетички на работа. 221 00:09:32,823 --> 00:09:35,431 На пример, крадат пари од касата, 222 00:09:35,431 --> 00:09:40,514 земаат поткупи, ги лажат муштериите. 223 00:09:40,514 --> 00:09:42,076 Не сакам да мислите 224 00:09:42,076 --> 00:09:43,779 дека само богатите луѓе 225 00:09:43,779 --> 00:09:45,691 се однесуваат вака. 226 00:09:45,691 --> 00:09:48,460 Воопшто не. Всушност, мислам дека 227 00:09:48,460 --> 00:09:51,424 сите ние во нашето секојдневие 228 00:09:51,424 --> 00:09:54,396 се бориме со овие спротивни тенденции. 229 00:09:54,396 --> 00:09:57,693 Дали или кога да го ставиме нашиот интерес 230 00:09:57,693 --> 00:10:00,047 над интересот на другите луѓе. 231 00:10:00,047 --> 00:10:02,429 И тоа е разбирливо зашто 232 00:10:02,429 --> 00:10:04,992 американскиот сон е идеја 233 00:10:04,992 --> 00:10:08,091 во која сите имаме еднакви можности 234 00:10:08,091 --> 00:10:10,125 да успееме и напредуваме, 235 00:10:10,125 --> 00:10:12,682 сè додека вложуваме голем труд, 236 00:10:12,682 --> 00:10:15,386 а делумно тоа значи дека понекогаш 237 00:10:15,386 --> 00:10:18,485 треба да го ставиш сопствениот интерес 238 00:10:18,485 --> 00:10:21,915 над интересите и добро-состојбата на другите луѓе околу тебе. 239 00:10:21,915 --> 00:10:24,084 Но сега согледуваме дека 240 00:10:24,084 --> 00:10:26,492 колку си побогат, толку повеќе се стремиш 241 00:10:26,492 --> 00:10:29,207 кон идеалот наречен личен успех, 242 00:10:29,207 --> 00:10:31,442 трагаш по постигнувања и успеси, 243 00:10:31,442 --> 00:10:34,790 но на штета на другите околу тебе. 244 00:10:34,790 --> 00:10:37,554 Овде го претставив просечниот домашен приход 245 00:10:37,554 --> 00:10:41,170 на сите пет петтини од популацијата и оној на најбогатите 5% од популацијата 246 00:10:41,170 --> 00:10:43,340 во текот на изминативе 20 години. 247 00:10:43,340 --> 00:10:45,882 Во 1993, разликите помеѓу различните 248 00:10:45,882 --> 00:10:48,967 квинтили од популацијата, во смисла на приход, 249 00:10:48,967 --> 00:10:51,564 се прилично видливи. 250 00:10:51,564 --> 00:10:54,161 Не е тешко да се види дека има разлики. 251 00:10:54,161 --> 00:10:57,045 Но во текот на изминативе 20 години, разликата 252 00:10:57,045 --> 00:10:59,219 помеѓу оние кои се на врвот 253 00:10:59,219 --> 00:11:02,373 и сите други одоздола, стана уште поголема. 254 00:11:02,373 --> 00:11:06,065 Всушност, горните 20 проценти од населението 255 00:11:06,065 --> 00:11:09,143 поседува речиси 90 проценти од вкупното богатство во земјава. 256 00:11:09,143 --> 00:11:11,402 Во моментов имаме економска 257 00:11:11,402 --> 00:11:13,890 нееднаквост која е без преседан. 258 00:11:15,634 --> 00:11:17,970 Тоа значи дека не само што богатството сè повеќе 259 00:11:17,970 --> 00:11:22,450 се концентрира во рацете на една избрана група на луѓе, 260 00:11:22,450 --> 00:11:24,834 туку и дека американскиот сон станува 261 00:11:24,834 --> 00:11:26,782 сè понедостижен 262 00:11:26,782 --> 00:11:29,975 за растечкото мнозинство. 263 00:11:29,975 --> 00:11:32,242 И ако е така како што откривме, дека 264 00:11:32,242 --> 00:11:34,237 колку си побогат, 265 00:11:34,237 --> 00:11:36,779 толку повеќе полагаш право на богатството, 266 00:11:36,779 --> 00:11:39,772 и толку повеќе ги истакнуваш сопствените интереси 267 00:11:39,772 --> 00:11:41,739 над интересите на другите луѓе, 268 00:11:41,739 --> 00:11:45,129 и си спремен да правиш работи во служба на личниот интерес, 269 00:11:45,129 --> 00:11:46,863 епа тогаш нема причина да веруваме 270 00:11:46,863 --> 00:11:48,961 дека ваквиот тренд ќе се промени. 271 00:11:48,961 --> 00:11:50,504 Всушност, имаме многу причини да веруваме 272 00:11:50,504 --> 00:11:52,487 дека само ќе се влоши, 273 00:11:52,487 --> 00:11:55,334 и ете како ќе изгледа во наредните 20 години, доколку работите 274 00:11:55,334 --> 00:11:59,961 останат исти, со ова линеарно зголемување. 275 00:11:59,961 --> 00:12:02,682 За економската нееднаквост треба 276 00:12:02,682 --> 00:12:04,606 сите да бидеме загрижени, не само заради 277 00:12:04,606 --> 00:12:07,135 оние на дното од 278 00:12:07,135 --> 00:12:08,649 социјалната хиерархија, 279 00:12:08,649 --> 00:12:10,889 туку заради тоа што групите 280 00:12:10,889 --> 00:12:16,089 со голема економска нееднаквост полошо функционираат, 281 00:12:16,089 --> 00:12:18,928 полошо им е не само на оние од дното, туку на сите. 282 00:12:18,928 --> 00:12:21,055 Има многу убедливи истражувања 283 00:12:21,055 --> 00:12:23,647 кои доаѓаат од врвни светски институти 284 00:12:23,647 --> 00:12:26,535 и кои покажуваат дека како 285 00:12:26,535 --> 00:12:28,424 што се зголемува нееднаквоста 286 00:12:28,424 --> 00:12:31,064 така голем број на работи се влошуваат. 287 00:12:31,064 --> 00:12:33,717 Социјалната подвижност, работи кои ни се важни, 288 00:12:33,717 --> 00:12:36,198 физичко здравје, социјална доверба, 289 00:12:36,198 --> 00:12:39,243 сето ова се влошува како што се зголемува нееднаквоста. 290 00:12:39,243 --> 00:12:41,258 Слично, негативните работи 291 00:12:41,258 --> 00:12:43,870 во социјалните колективи и општества, 292 00:12:43,870 --> 00:12:45,964 како што се дебелината, насилството, 293 00:12:45,964 --> 00:12:47,585 одењето во затвор и казните, 294 00:12:47,585 --> 00:12:51,727 се зголемуваат како што се зголемува економската нееднаквост. 295 00:12:51,727 --> 00:12:54,137 Повторно, овие исходи не влијаат само врз 296 00:12:54,137 --> 00:12:56,198 неколкумина, туку врз 297 00:12:56,198 --> 00:12:58,799 сите слоеви на општеството. 298 00:12:58,799 --> 00:13:01,915 Дури и луѓето од врвот се засегнати од нееднаквоста, 299 00:13:01,915 --> 00:13:05,158 И што да правиме? 300 00:13:05,158 --> 00:13:08,629 Оваа каскада на само-одржувачки, 301 00:13:08,629 --> 00:13:11,137 деструктивни, негативни ефекти 302 00:13:11,137 --> 00:13:14,546 можеби изгледа како нешто што е излезено од контрола, 303 00:13:14,546 --> 00:13:16,464 врз што не можеме да влијаеме, 304 00:13:16,464 --> 00:13:19,260 особено не како единки. 305 00:13:19,260 --> 00:13:23,093 Но всушност, во нашите лабораториски 306 00:13:23,093 --> 00:13:26,281 истражувања увидовме дека 307 00:13:26,281 --> 00:13:31,371 мали психолошки интервенции, 308 00:13:31,371 --> 00:13:34,680 мали промени во вредностите на луѓето, 309 00:13:34,680 --> 00:13:37,903 мали поттурнувања во одредени насоки, 310 00:13:37,903 --> 00:13:41,468 можат да го возобноват нивото на еднаквост и емпатија. 311 00:13:41,468 --> 00:13:43,520 На пример, ако ги потсетите богатите луѓе 312 00:13:43,520 --> 00:13:45,776 за предностите од соработката, 313 00:13:45,776 --> 00:13:48,680 или предностите на заедницата, 314 00:13:48,680 --> 00:13:52,615 тие стануваа егалитаристички расположени 315 00:13:52,615 --> 00:13:55,150 како и сиромашните луѓе. 316 00:13:55,150 --> 00:13:58,527 Во една студија, на луѓето им прикажувавме видео 317 00:13:58,527 --> 00:14:02,888 долго само 46 секунди, за детската сиромаштија 318 00:14:02,888 --> 00:14:05,938 кое служеше како потсетник за потребите на другите 319 00:14:05,938 --> 00:14:07,964 луѓе во светот, 320 00:14:07,964 --> 00:14:09,994 и откако ќе го изгледаа ова, 321 00:14:09,994 --> 00:14:11,692 ги набљудувавме колку се спремни 322 00:14:11,692 --> 00:14:15,396 да издвојат дел од своето време 323 00:14:15,396 --> 00:14:18,815 за да му помогнат на туѓинец кој во моментот е вознемирен. 324 00:14:18,815 --> 00:14:22,082 Откако ќе го изгледаа видеото, еден час подоцна, 325 00:14:22,082 --> 00:14:24,452 богатите луѓе покажуваа спремност 326 00:14:24,452 --> 00:14:26,411 да му помогнат на туѓинецот, 327 00:14:26,411 --> 00:14:29,116 стануваа великодушни како и оние сиромашните. 328 00:14:29,116 --> 00:14:31,567 Ова ни кажува дека ваквите разлики не се 329 00:14:31,567 --> 00:14:33,450 вродени, ниту пак се црно-бели, 330 00:14:33,450 --> 00:14:35,174 туку се под влијание 331 00:14:35,174 --> 00:14:37,100 на вредносниот систем на луѓето, 332 00:14:37,100 --> 00:14:39,381 и нивното сочувство 333 00:14:39,381 --> 00:14:41,036 и емпатија. 334 00:14:41,036 --> 00:14:42,592 А надвор од ѕидовите на нашата лабораторија 335 00:14:42,592 --> 00:14:46,622 веќе почнуваме да гледаме промени во општеството. 336 00:14:46,622 --> 00:14:50,065 Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во земјава, 337 00:14:50,065 --> 00:14:51,810 во неговиот воведен говор на Харвард, 338 00:14:51,810 --> 00:14:53,934 зборуваше дека нееднаквоста со која 339 00:14:53,934 --> 00:14:57,284 се соочува општеството е најтешкиот предизвик, 340 00:14:57,284 --> 00:14:59,880 и зборуваше што треба да се направи за да се справиме со неа, 341 00:14:59,880 --> 00:15:03,115 велејќи, "Напредокот на човештвото 342 00:15:03,115 --> 00:15:05,066 не се состои во неговите откритија, 343 00:15:05,066 --> 00:15:08,217 туку во тоа како се применуваат откритијата 344 00:15:08,217 --> 00:15:11,031 за да се намали нееднаквоста." 345 00:15:11,031 --> 00:15:13,034 Ја имаме "Давање Заклетва," 346 00:15:13,034 --> 00:15:15,456 кампања во која над 100 од најбогатите 347 00:15:15,456 --> 00:15:17,843 луѓе во земјава даваат заклетва 348 00:15:17,843 --> 00:15:21,757 дека половина од богатството ќе го дадат во добротворни цели. 349 00:15:21,757 --> 00:15:23,381 Веќе се појавија дузина 350 00:15:23,381 --> 00:15:27,014 граѓански движења како што се, 351 00:15:27,014 --> 00:15:29,317 "Ние сме Едниот Процент," 352 00:15:29,317 --> 00:15:31,181 "Генерација на Ресурси," 353 00:15:31,181 --> 00:15:33,302 или "Богатство за Добро на Сите," 354 00:15:33,302 --> 00:15:35,869 во кои најпривилегираните 355 00:15:35,869 --> 00:15:37,694 членови на популацијата, 356 00:15:37,694 --> 00:15:40,450 членови на горниот еден процент, 357 00:15:40,450 --> 00:15:42,381 луѓе кои се богати, и за мене 358 00:15:42,381 --> 00:15:45,969 неверојатно, како возрасни така и млади, 359 00:15:45,969 --> 00:15:49,998 ги користат своите привилегии, 360 00:15:49,998 --> 00:15:51,647 своите економски ресурси 361 00:15:51,647 --> 00:15:53,718 за да се борат против нееднаквоста 362 00:15:53,718 --> 00:15:56,745 на тој начин што се залагаат 363 00:15:56,745 --> 00:15:59,655 за социјални политики, промена 364 00:15:59,655 --> 00:16:01,536 на општествените вредности, 365 00:16:01,536 --> 00:16:03,910 и промена на човековото однесување, 366 00:16:03,910 --> 00:16:06,973 промени кои се штетни за нивниот економски интерес, 367 00:16:06,973 --> 00:16:11,246 но кои на крај би можеле да го возобноват американскиот сон. 368 00:16:11,246 --> 00:16:13,246 Ви благодарам. 369 00:16:13,246 --> 00:16:17,246 (Аплауз)