[Script Info] Title: [Events] Format: Layer, Start, End, Style, Name, MarginL, MarginR, MarginV, Effect, Text Dialogue: 0,0:00:00.00,0:00:04.00,Default,,0000,0000,0000,,Како да се нахрани еден град? Dialogue: 0,0:00:04.00,0:00:06.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е едно од големите прашања на нашето време. Dialogue: 0,0:00:06.00,0:00:08.00,Default,,0000,0000,0000,,А, сепак, ретко се поставува. Dialogue: 0,0:00:08.00,0:00:11.00,Default,,0000,0000,0000,,Го земаме здраво за готово фактот дека кога ќе влеземе во продавница, Dialogue: 0,0:00:11.00,0:00:15.00,Default,,0000,0000,0000,,ресторан или, на пример, во фоајето на овој театар за еден час, Dialogue: 0,0:00:15.00,0:00:18.00,Default,,0000,0000,0000,,ќе нè чека храна, Dialogue: 0,0:00:18.00,0:00:20.00,Default,,0000,0000,0000,,која магично стигнала од кој знае каде. Dialogue: 0,0:00:20.00,0:00:25.00,Default,,0000,0000,0000,,Но, кога ќе помислиме дека секој ден за град голем како Лондон Dialogue: 0,0:00:25.00,0:00:28.00,Default,,0000,0000,0000,,треба да се произведе, транспортира, Dialogue: 0,0:00:28.00,0:00:31.00,Default,,0000,0000,0000,,да се купи, продаде, Dialogue: 0,0:00:31.00,0:00:35.00,Default,,0000,0000,0000,,да се зготви, изеде и фрли доволно храна, Dialogue: 0,0:00:35.00,0:00:37.00,Default,,0000,0000,0000,,и дека истиот процес треба да се повтори секој ден, Dialogue: 0,0:00:37.00,0:00:39.00,Default,,0000,0000,0000,,во секој град на светот, Dialogue: 0,0:00:39.00,0:00:42.00,Default,,0000,0000,0000,,тогаш неверојатно е како градовите воопшто се хранат. Dialogue: 0,0:00:42.00,0:00:44.00,Default,,0000,0000,0000,,Живееме на вакви места, Dialogue: 0,0:00:44.00,0:00:47.00,Default,,0000,0000,0000,,како тие да се нешто најприродно во светот, Dialogue: 0,0:00:47.00,0:00:49.00,Default,,0000,0000,0000,,заборавајќи дека, поради тоа што сме животни Dialogue: 0,0:00:49.00,0:00:51.00,Default,,0000,0000,0000,,и мора да се храниме, Dialogue: 0,0:00:51.00,0:00:55.00,Default,,0000,0000,0000,,подеднакво сме зависни од природата Dialogue: 0,0:00:55.00,0:00:57.00,Default,,0000,0000,0000,,како и нашите претци низ историјата. Dialogue: 0,0:00:57.00,0:00:59.00,Default,,0000,0000,0000,,Како што сè повеќе луѓе се селат во градовите, Dialogue: 0,0:00:59.00,0:01:02.00,Default,,0000,0000,0000,,сè поголем дел од природата се трансформира Dialogue: 0,0:01:02.00,0:01:05.00,Default,,0000,0000,0000,,во извонредни предели, како овој зад мене, Dialogue: 0,0:01:05.00,0:01:08.00,Default,,0000,0000,0000,,на кој се гледаат полиња со соја во Мата Гросо во Бразил, Dialogue: 0,0:01:08.00,0:01:11.00,Default,,0000,0000,0000,,за да нè нахранат. Dialogue: 0,0:01:11.00,0:01:13.00,Default,,0000,0000,0000,,Ова се навистина изнонредни предели, Dialogue: 0,0:01:13.00,0:01:15.00,Default,,0000,0000,0000,,но малкумина од нас имаат шанса да ги видат. Dialogue: 0,0:01:15.00,0:01:17.00,Default,,0000,0000,0000,,И сè почесто овие предели Dialogue: 0,0:01:17.00,0:01:19.00,Default,,0000,0000,0000,,не се создаваат за да нè хранат само нас. Dialogue: 0,0:01:19.00,0:01:21.00,Default,,0000,0000,0000,,Како што сè повеќе луѓе се населуваат во градовите, Dialogue: 0,0:01:21.00,0:01:23.00,Default,,0000,0000,0000,,се јаде сè повеќе месо, Dialogue: 0,0:01:23.00,0:01:26.00,Default,,0000,0000,0000,,па со една третина од глобалната годишна жетва на житарици Dialogue: 0,0:01:26.00,0:01:28.00,Default,,0000,0000,0000,,сега се хранат животни, Dialogue: 0,0:01:28.00,0:01:30.00,Default,,0000,0000,0000,,а не ние - човечките животни. Dialogue: 0,0:01:30.00,0:01:34.00,Default,,0000,0000,0000,,А, со оглед на тоа што се потребни три пати повеќе житарици - Dialogue: 0,0:01:34.00,0:01:36.00,Default,,0000,0000,0000,,всушност, десет пати повеќе житарици - Dialogue: 0,0:01:36.00,0:01:39.00,Default,,0000,0000,0000,,за да се нахрани еден човек доколку тие прво поминале низ животни, Dialogue: 0,0:01:39.00,0:01:44.00,Default,,0000,0000,0000,,тогаш тоа не е баш ефикасен начин за хранење на луѓето. Dialogue: 0,0:01:44.00,0:01:46.00,Default,,0000,0000,0000,,А, проблемот станува сè поголем. Dialogue: 0,0:01:46.00,0:01:49.00,Default,,0000,0000,0000,,Се проценува дека до 2050-та година Dialogue: 0,0:01:49.00,0:01:51.00,Default,,0000,0000,0000,,бројот на луѓето кои живеат во градови ќе биде двојно поголем. Dialogue: 0,0:01:51.00,0:01:53.00,Default,,0000,0000,0000,,Се проценува и дека ќе се конзумира Dialogue: 0,0:01:53.00,0:01:55.00,Default,,0000,0000,0000,,двојно повеќе месо и млеко. Dialogue: 0,0:01:55.00,0:02:00.00,Default,,0000,0000,0000,,Значи, месото и урбанизмот растат заедно. Dialogue: 0,0:02:00.00,0:02:02.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа ќе предизвика огромен проблем. Dialogue: 0,0:02:02.00,0:02:05.00,Default,,0000,0000,0000,,До 2050-та ќе треба да се хранат шест милијарди Dialogue: 0,0:02:05.00,0:02:09.00,Default,,0000,0000,0000,,гладни месојатци. Dialogue: 0,0:02:09.00,0:02:11.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е голем проблем. А, ако продолжиме како до сега, Dialogue: 0,0:02:11.00,0:02:14.00,Default,,0000,0000,0000,,тешко и дека би можеле да го решиме. Dialogue: 0,0:02:14.00,0:02:18.00,Default,,0000,0000,0000,,Секоја година, се уништуваат 19 милиони хектари прашума, Dialogue: 0,0:02:18.00,0:02:20.00,Default,,0000,0000,0000,,за да се создаде нова обработлива земја. Dialogue: 0,0:02:20.00,0:02:23.00,Default,,0000,0000,0000,,Иако, во исто време, се губи подеднаква површина од постоечкото Dialogue: 0,0:02:23.00,0:02:27.00,Default,,0000,0000,0000,,обработливо земјиште, поради салинизација и ерозија. Dialogue: 0,0:02:27.00,0:02:30.00,Default,,0000,0000,0000,,Многу сме гладни и за фосилни горива, исто така. Dialogue: 0,0:02:30.00,0:02:33.00,Default,,0000,0000,0000,,Потребни се околу 10 калории за да се произведе секоја калорија Dialogue: 0,0:02:33.00,0:02:37.00,Default,,0000,0000,0000,,од храната која ја консумираме во Западниот свет. Dialogue: 0,0:02:37.00,0:02:41.00,Default,,0000,0000,0000,,А, сепак, храна која толку скапо ја произведуваме Dialogue: 0,0:02:41.00,0:02:43.00,Default,,0000,0000,0000,,воопшто не ја цениме. Dialogue: 0,0:02:43.00,0:02:47.00,Default,,0000,0000,0000,,Половина од храната произведена во САД се фрла. Dialogue: 0,0:02:47.00,0:02:50.00,Default,,0000,0000,0000,,А, на крајот на целиот овој долг процес, Dialogue: 0,0:02:50.00,0:02:53.00,Default,,0000,0000,0000,,не ни успеваме да ја нахраниме планетата како што треба. Dialogue: 0,0:02:53.00,0:02:58.00,Default,,0000,0000,0000,,Една милијарда од нас се предебели, додека друга милијарда гладуваат. Dialogue: 0,0:02:58.00,0:03:00.00,Default,,0000,0000,0000,,Сето ова нема многу смисла. Dialogue: 0,0:03:00.00,0:03:03.00,Default,,0000,0000,0000,,А, кога ќе сфатите дека 80% од глобалната трговија со храна Dialogue: 0,0:03:03.00,0:03:08.00,Default,,0000,0000,0000,,е под контрола на само пет мултинационални корпорации, Dialogue: 0,0:03:08.00,0:03:10.00,Default,,0000,0000,0000,,сликата станува тмурна. Dialogue: 0,0:03:10.00,0:03:13.00,Default,,0000,0000,0000,,Со преселбата во градовите, се прифаќа и исхраната на Западниот свет. Dialogue: 0,0:03:13.00,0:03:16.00,Default,,0000,0000,0000,,А, ако гледаме кон иднината, Dialogue: 0,0:03:16.00,0:03:18.00,Default,,0000,0000,0000,,овој начин на исхрана не може да се одржи. Dialogue: 0,0:03:18.00,0:03:20.00,Default,,0000,0000,0000,,Па, како стигнавме овде? Dialogue: 0,0:03:20.00,0:03:23.00,Default,,0000,0000,0000,,И, што е уште поважно, што ќе сториме сега? Dialogue: 0,0:03:23.00,0:03:27.00,Default,,0000,0000,0000,,Прво да го одговорам малку полесното прашање. Dialogue: 0,0:03:27.00,0:03:29.00,Default,,0000,0000,0000,,Почетокот на овој процес е некаде Dialogue: 0,0:03:29.00,0:03:31.00,Default,,0000,0000,0000,,пред околу 10.000 години, Dialogue: 0,0:03:31.00,0:03:33.00,Default,,0000,0000,0000,,во стариот Близок Исток, Dialogue: 0,0:03:33.00,0:03:35.00,Default,,0000,0000,0000,,познат и како „плодната полумесечина“, Dialogue: 0,0:03:35.00,0:03:37.00,Default,,0000,0000,0000,,затоа што, како што гледате, регионот има форма на полумесечина Dialogue: 0,0:03:37.00,0:03:39.00,Default,,0000,0000,0000,,и бил плоден. Dialogue: 0,0:03:39.00,0:03:42.00,Default,,0000,0000,0000,,Тука, пред околу 10.000 години, Dialogue: 0,0:03:42.00,0:03:44.00,Default,,0000,0000,0000,,откриени се два извонредни пронајдоци, Dialogue: 0,0:03:44.00,0:03:47.00,Default,,0000,0000,0000,,земјоделството и урбанизмот, Dialogue: 0,0:03:47.00,0:03:50.00,Default,,0000,0000,0000,,приближно во исто време и на исто место. Dialogue: 0,0:03:50.00,0:03:52.00,Default,,0000,0000,0000,,Ова не е случајност. Dialogue: 0,0:03:52.00,0:03:56.00,Default,,0000,0000,0000,,Земјоделството и градовите се тесно поврзани. Не можат едно без друго. Dialogue: 0,0:03:56.00,0:03:58.00,Default,,0000,0000,0000,,Бидејќи со пронајдокот на житариците Dialogue: 0,0:03:58.00,0:04:01.00,Default,,0000,0000,0000,,нашите претци за прв пат Dialogue: 0,0:04:01.00,0:04:04.00,Default,,0000,0000,0000,,имале извор на храна кој бил доволно голем и стабилен Dialogue: 0,0:04:04.00,0:04:08.00,Default,,0000,0000,0000,,за да ги одржува постојаните населби. Dialogue: 0,0:04:08.00,0:04:10.00,Default,,0000,0000,0000,,Ако погледнеме како изгледале овие населби, Dialogue: 0,0:04:10.00,0:04:12.00,Default,,0000,0000,0000,,ќе видиме дека биле збиени, Dialogue: 0,0:04:12.00,0:04:14.00,Default,,0000,0000,0000,,опколени со плодни ниви Dialogue: 0,0:04:14.00,0:04:17.00,Default,,0000,0000,0000,,и во нив доминирале големи комплекси на храмови, Dialogue: 0,0:04:17.00,0:04:19.00,Default,,0000,0000,0000,,како овој во Ур, Dialogue: 0,0:04:19.00,0:04:21.00,Default,,0000,0000,0000,,кои, всушност, Dialogue: 0,0:04:21.00,0:04:24.00,Default,,0000,0000,0000,,биле духовни, централизирани центри за дистрибуција на храна, Dialogue: 0,0:04:24.00,0:04:27.00,Default,,0000,0000,0000,,бидејќи храмовите ја организирале жетвата, Dialogue: 0,0:04:27.00,0:04:29.00,Default,,0000,0000,0000,,го собирале житото, го принесувале на боговите, Dialogue: 0,0:04:29.00,0:04:33.00,Default,,0000,0000,0000,,а житото што боговите не го јаделе, го делеле на народот. Dialogue: 0,0:04:33.00,0:04:35.00,Default,,0000,0000,0000,,Па, може да се рече Dialogue: 0,0:04:35.00,0:04:37.00,Default,,0000,0000,0000,,дека севкупниот духовен и физички живот на овие градови Dialogue: 0,0:04:37.00,0:04:40.00,Default,,0000,0000,0000,,зависел од житото и од жетвата, Dialogue: 0,0:04:40.00,0:04:43.00,Default,,0000,0000,0000,,кои ги одржувале. Dialogue: 0,0:04:43.00,0:04:46.00,Default,,0000,0000,0000,,Всушност, тоа важи за сите антички градови. Dialogue: 0,0:04:46.00,0:04:48.00,Default,,0000,0000,0000,,Но, секако, не биле сите толку мали. Dialogue: 0,0:04:48.00,0:04:51.00,Default,,0000,0000,0000,,Па така, познато е дека Рим имал околу еден милион жители Dialogue: 0,0:04:51.00,0:04:53.00,Default,,0000,0000,0000,,во првиот век од нашата ера. Dialogue: 0,0:04:53.00,0:04:57.00,Default,,0000,0000,0000,,Па, како успевале да нахранат толкав град? Dialogue: 0,0:04:57.00,0:05:00.00,Default,,0000,0000,0000,,Решението е она што јас го нарекувам „антички пат на храната“. Dialogue: 0,0:05:00.00,0:05:03.00,Default,,0000,0000,0000,,Рим имал излез на море, Dialogue: 0,0:05:03.00,0:05:06.00,Default,,0000,0000,0000,,што му овозможувало да увезува храна од многу оддалечени места. Dialogue: 0,0:05:06.00,0:05:09.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е единствениот начин на кој ова било изводливо во античко време, Dialogue: 0,0:05:09.00,0:05:12.00,Default,,0000,0000,0000,,затоа што било многу тешко да се пренесе храна преку патиштата, Dialogue: 0,0:05:12.00,0:05:14.00,Default,,0000,0000,0000,,кои биле многу тешки за патување, Dialogue: 0,0:05:14.00,0:05:16.00,Default,,0000,0000,0000,,а и храната многу бргу се расипувала. Dialogue: 0,0:05:16.00,0:05:18.00,Default,,0000,0000,0000,,Римјаните вешто војувале со Dialogue: 0,0:05:18.00,0:05:21.00,Default,,0000,0000,0000,,други држави, како Картагина и Египет, Dialogue: 0,0:05:21.00,0:05:23.00,Default,,0000,0000,0000,,само за да дојдат до нивните резерви на жито. Dialogue: 0,0:05:23.00,0:05:26.00,Default,,0000,0000,0000,,Всушност, може да се рече дека ширењето на империјата Dialogue: 0,0:05:26.00,0:05:29.00,Default,,0000,0000,0000,,било еден вид многу долго, растегнато, Dialogue: 0,0:05:29.00,0:05:31.00,Default,,0000,0000,0000,,милитаризирано пазарување. Dialogue: 0,0:05:31.00,0:05:33.00,Default,,0000,0000,0000,,(смеа) Dialogue: 0,0:05:33.00,0:05:35.00,Default,,0000,0000,0000,,Всушност, многу го сакам овој податок и едноставно мора да го споменам: Dialogue: 0,0:05:35.00,0:05:38.00,Default,,0000,0000,0000,,Римјаните увезувале остриги од Лондон, Dialogue: 0,0:05:38.00,0:05:40.00,Default,,0000,0000,0000,,во еден период. Мислам дека тоа е неверојатно. Dialogue: 0,0:05:40.00,0:05:43.00,Default,,0000,0000,0000,,Значи, Римјаните ги обликувале границите на империјата Dialogue: 0,0:05:43.00,0:05:45.00,Default,,0000,0000,0000,,според својот апетит. Dialogue: 0,0:05:45.00,0:05:47.00,Default,,0000,0000,0000,,Но, интересно е што уште нешто Dialogue: 0,0:05:47.00,0:05:49.00,Default,,0000,0000,0000,,се случило во прединдустрискиот свет. Dialogue: 0,0:05:49.00,0:05:52.00,Default,,0000,0000,0000,,Ако ја разгледаме картата на Лондон во 17-тиот век, Dialogue: 0,0:05:52.00,0:05:55.00,Default,,0000,0000,0000,,гледаме дека житото, кое доаѓа преку Темза, Dialogue: 0,0:05:55.00,0:05:57.00,Default,,0000,0000,0000,,се наоѓа на дното од картава. Dialogue: 0,0:05:57.00,0:06:00.00,Default,,0000,0000,0000,,Па така, пазарите за жито биле на југот на градот, Dialogue: 0,0:06:00.00,0:06:02.00,Default,,0000,0000,0000,,а улиците кои воделе од нив Dialogue: 0,0:06:02.00,0:06:04.00,Default,,0000,0000,0000,,до Чипсајд, кој бил главниот пазар, Dialogue: 0,0:06:04.00,0:06:06.00,Default,,0000,0000,0000,,исто така биле пазари за жито. Dialogue: 0,0:06:06.00,0:06:08.00,Default,,0000,0000,0000,,Ако се земе предвид името на една од овие улици, Dialogue: 0,0:06:08.00,0:06:11.00,Default,,0000,0000,0000,,Бред Стрит (Лебна улица), јасно е Dialogue: 0,0:06:11.00,0:06:14.00,Default,,0000,0000,0000,,што се случувало таму пред 300 години. Dialogue: 0,0:06:14.00,0:06:16.00,Default,,0000,0000,0000,,Истото важело и за рибата. Dialogue: 0,0:06:16.00,0:06:19.00,Default,,0000,0000,0000,,И таа доаѓала до градот преку реката. Ја имаме истата ситуација. Dialogue: 0,0:06:19.00,0:06:22.00,Default,,0000,0000,0000,,Билингсгејт е познат пазар за риби во Лондон, Dialogue: 0,0:06:22.00,0:06:26.00,Default,,0000,0000,0000,,кој опстојувал на истото место сè до средината на 1980-тите. Dialogue: 0,0:06:26.00,0:06:28.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е навистина неверојатно. Dialogue: 0,0:06:28.00,0:06:30.00,Default,,0000,0000,0000,,Сите се шетале наоколу Dialogue: 0,0:06:30.00,0:06:32.00,Default,,0000,0000,0000,,со мобилни телефони што изгледаат како цигли, Dialogue: 0,0:06:32.00,0:06:35.00,Default,,0000,0000,0000,,а долу на пристаништето се продавале смрдливи риби. Dialogue: 0,0:06:35.00,0:06:38.00,Default,,0000,0000,0000,,Ова е уште една важна работа за храната и градовите: Dialogue: 0,0:06:38.00,0:06:41.00,Default,,0000,0000,0000,,кога еднаш ќе се пуштат корења на некое место, Dialogue: 0,0:06:41.00,0:06:43.00,Default,,0000,0000,0000,,многу ретко се поместува оттаму. Dialogue: 0,0:06:43.00,0:06:45.00,Default,,0000,0000,0000,,Месото е сосема друга приказна, Dialogue: 0,0:06:45.00,0:06:47.00,Default,,0000,0000,0000,,бидејќи животните можат сами да влезат во градот. Dialogue: 0,0:06:47.00,0:06:49.00,Default,,0000,0000,0000,,Најголем дел од месото пристигнувало Dialogue: 0,0:06:49.00,0:06:51.00,Default,,0000,0000,0000,,во Лондон од северозапад, Dialogue: 0,0:06:51.00,0:06:53.00,Default,,0000,0000,0000,,од Шкотска и Велс. Dialogue: 0,0:06:53.00,0:06:56.00,Default,,0000,0000,0000,,Влегувало и пристигнувало во северозападниот дел од градот, Dialogue: 0,0:06:56.00,0:06:58.00,Default,,0000,0000,0000,,па затоа и Смитфилд, Dialogue: 0,0:06:58.00,0:07:01.00,Default,,0000,0000,0000,,познатиот пазар за месо во Лондон, се наоѓал таму. Dialogue: 0,0:07:01.00,0:07:05.00,Default,,0000,0000,0000,,Живината доаѓала од Источна Англија, од североистокот. Dialogue: 0,0:07:05.00,0:07:06.00,Default,,0000,0000,0000,,Се чувствувам како презентерка на метео-вести... Dialogue: 0,0:07:06.00,0:07:10.00,Default,,0000,0000,0000,,Птиците доаѓале со Dialogue: 0,0:07:10.00,0:07:13.00,Default,,0000,0000,0000,,стапала заштитени со платнени чевлички. Dialogue: 0,0:07:13.00,0:07:15.00,Default,,0000,0000,0000,,Кога ќе стигнеле до источниот крај Dialogue: 0,0:07:15.00,0:07:17.00,Default,,0000,0000,0000,,на Чипсајд, таму биле продавани. Dialogue: 0,0:07:17.00,0:07:19.00,Default,,0000,0000,0000,,Затоа и тоа место се вика Полтри (живина). Dialogue: 0,0:07:19.00,0:07:22.00,Default,,0000,0000,0000,,Всушност, ако ја погледнете картата на кој било град Dialogue: 0,0:07:22.00,0:07:26.00,Default,,0000,0000,0000,,изграден пред индустриското време, Dialogue: 0,0:07:26.00,0:07:28.00,Default,,0000,0000,0000,,може да ги препознаете патиштата за влез на храната. Dialogue: 0,0:07:28.00,0:07:31.00,Default,,0000,0000,0000,,Може да видите како градот физички бил обликуван од храната, Dialogue: 0,0:07:31.00,0:07:34.00,Default,,0000,0000,0000,,преку имињата на улиците, кои ви даваат многу знаци. Dialogue: 0,0:07:34.00,0:07:36.00,Default,,0000,0000,0000,,Како, на пример, Фрајдеј стрит (ул. Петок), Dialogue: 0,0:07:36.00,0:07:38.00,Default,,0000,0000,0000,,каде што се купувала риба во петок. Dialogue: 0,0:07:38.00,0:07:40.00,Default,,0000,0000,0000,,Но, исто така, треба градот да го замислите полн со храна, Dialogue: 0,0:07:40.00,0:07:43.00,Default,,0000,0000,0000,,затоа што улиците и јавните простори биле Dialogue: 0,0:07:43.00,0:07:46.00,Default,,0000,0000,0000,,единствените места каде што се купувала и продавала храна. Dialogue: 0,0:07:46.00,0:07:49.00,Default,,0000,0000,0000,,Ако погледнеме слика од Смитфилд од 1830 година, Dialogue: 0,0:07:49.00,0:07:52.00,Default,,0000,0000,0000,,може да видите дека би било многу тешко да живеете во ваков град, Dialogue: 0,0:07:52.00,0:07:54.00,Default,,0000,0000,0000,,а да не знаете од каде ви доаѓа храната. Dialogue: 0,0:07:54.00,0:07:56.00,Default,,0000,0000,0000,,Всушност, додека уживате во вашиот неделен ручек, Dialogue: 0,0:07:56.00,0:07:58.00,Default,,0000,0000,0000,,многу е веројатно дека тој мукал или блеел Dialogue: 0,0:07:58.00,0:08:00.00,Default,,0000,0000,0000,,под вашиот прозорец при дена претходно. Dialogue: 0,0:08:00.00,0:08:03.00,Default,,0000,0000,0000,,Очигледно е дека ова бил органски град Dialogue: 0,0:08:03.00,0:08:06.00,Default,,0000,0000,0000,,и дел од еден органски циклус. Dialogue: 0,0:08:06.00,0:08:09.00,Default,,0000,0000,0000,,Десет години подоцна сè се сменило. Dialogue: 0,0:08:09.00,0:08:12.00,Default,,0000,0000,0000,,Ова е слика од Големата западна железница од 1840 година. Dialogue: 0,0:08:12.00,0:08:14.00,Default,,0000,0000,0000,,Како што гледате, овците и свињите биле меѓу првите Dialogue: 0,0:08:14.00,0:08:16.00,Default,,0000,0000,0000,,патинци на возовите. Dialogue: 0,0:08:16.00,0:08:20.00,Default,,0000,0000,0000,,Наеднаш, овие животни повеќе не оделе до пазарите, Dialogue: 0,0:08:20.00,0:08:22.00,Default,,0000,0000,0000,,туку биле колени далеку од очите и совеста на граѓаните, Dialogue: 0,0:08:22.00,0:08:24.00,Default,,0000,0000,0000,,некаде на село, Dialogue: 0,0:08:24.00,0:08:26.00,Default,,0000,0000,0000,,а во градовите ги носеле преку железницата. Dialogue: 0,0:08:26.00,0:08:29.00,Default,,0000,0000,0000,,Ова менува сè. Dialogue: 0,0:08:29.00,0:08:31.00,Default,,0000,0000,0000,,За почеток, овозможува, за прв пат, Dialogue: 0,0:08:31.00,0:08:32.00,Default,,0000,0000,0000,,да се развиваат градови Dialogue: 0,0:08:32.00,0:08:34.00,Default,,0000,0000,0000,,со секаква големина и форма на кое било место. Dialogue: 0,0:08:34.00,0:08:38.00,Default,,0000,0000,0000,,Градовите порано биле ограничени од географијата. Dialogue: 0,0:08:38.00,0:08:41.00,Default,,0000,0000,0000,,Доаѓале до храна на физички многу тежок начин. Dialogue: 0,0:08:41.00,0:08:45.00,Default,,0000,0000,0000,,И, одеднаш, успешно се ослободуваат од географските пречки. Dialogue: 0,0:08:45.00,0:08:48.00,Default,,0000,0000,0000,,Како што може да се види од овие карти на Лондон, Dialogue: 0,0:08:48.00,0:08:50.00,Default,,0000,0000,0000,,во текот на 90 години по доаѓањето на возовите, Dialogue: 0,0:08:50.00,0:08:54.00,Default,,0000,0000,0000,,тој се менува од мала дамка, која може лесно да се нахрани, Dialogue: 0,0:08:54.00,0:08:56.00,Default,,0000,0000,0000,,со животни кои влегуваат пеш и сл. Dialogue: 0,0:08:56.00,0:08:58.00,Default,,0000,0000,0000,,до огромно место, Dialogue: 0,0:08:58.00,0:09:01.00,Default,,0000,0000,0000,,во кое би било претешко да се влезе пеш, Dialogue: 0,0:09:01.00,0:09:04.00,Default,,0000,0000,0000,,било тоа да се однесува на животните или луѓето. Dialogue: 0,0:09:04.00,0:09:07.00,Default,,0000,0000,0000,,Секако, тоа беше само почетокот. По возовите дојдоа автомобилите. Dialogue: 0,0:09:07.00,0:09:11.00,Default,,0000,0000,0000,,Ова навистина го обележува крајот на тој процес. Dialogue: 0,0:09:11.00,0:09:13.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е последното ослободување на градот Dialogue: 0,0:09:13.00,0:09:16.00,Default,,0000,0000,0000,,од секаква очигледна врска со природата. Dialogue: 0,0:09:16.00,0:09:19.00,Default,,0000,0000,0000,,Ова е град кој е испразнет од мириси, Dialogue: 0,0:09:19.00,0:09:21.00,Default,,0000,0000,0000,,мешаници и, секако, испразнет од луѓе, Dialogue: 0,0:09:21.00,0:09:24.00,Default,,0000,0000,0000,,затоа што никој не би ни помислил да оди пеш во ова опкружување. Dialogue: 0,0:09:24.00,0:09:27.00,Default,,0000,0000,0000,,Сè што треба да направат за да дојдат до храна е да седнат во кола, Dialogue: 0,0:09:27.00,0:09:30.00,Default,,0000,0000,0000,,да се одвезат до некаква кутија некаде на крајот од градот Dialogue: 0,0:09:30.00,0:09:32.00,Default,,0000,0000,0000,,да се вратат со намирници доволни за една недела, Dialogue: 0,0:09:32.00,0:09:34.00,Default,,0000,0000,0000,,и да се чудат што да прават со нив. Dialogue: 0,0:09:34.00,0:09:37.00,Default,,0000,0000,0000,,Ова, всушност, е моментот кога нашата врска Dialogue: 0,0:09:37.00,0:09:40.00,Default,,0000,0000,0000,,со храната и градовите целосно се менува. Dialogue: 0,0:09:40.00,0:09:43.00,Default,,0000,0000,0000,,Храната, која некогаш била центарот Dialogue: 0,0:09:43.00,0:09:46.00,Default,,0000,0000,0000,,и социјалното јадро на градот, сега е на периферијата. Dialogue: 0,0:09:46.00,0:09:48.00,Default,,0000,0000,0000,,Продавањето и купувањето на храна тогаш бил друштвен настан. Dialogue: 0,0:09:48.00,0:09:50.00,Default,,0000,0000,0000,,Сега е анонимен процес. Dialogue: 0,0:09:50.00,0:09:52.00,Default,,0000,0000,0000,,Некогаш готвевме, а сега само додаваме вода Dialogue: 0,0:09:52.00,0:09:57.00,Default,,0000,0000,0000,,или едно јајце ако правиме торта или нешто слично. Dialogue: 0,0:09:57.00,0:10:01.00,Default,,0000,0000,0000,,Не ја мирисаме храната за да провериме дали може да се јаде. Dialogue: 0,0:10:01.00,0:10:04.00,Default,,0000,0000,0000,,Само го читаме датумот на етикетата на пакувањето. Dialogue: 0,0:10:04.00,0:10:07.00,Default,,0000,0000,0000,,И не ја цениме храната. Не ѝ веруваме. Dialogue: 0,0:10:07.00,0:10:09.00,Default,,0000,0000,0000,,Наместо да ѝ веруваме, ние се плашиме од неа. Dialogue: 0,0:10:09.00,0:10:13.00,Default,,0000,0000,0000,,А, наместо да ја цениме, ја фрламе. Dialogue: 0,0:10:13.00,0:10:16.00,Default,,0000,0000,0000,,Една од најголемите иронии на модерните системи за храна Dialogue: 0,0:10:16.00,0:10:18.00,Default,,0000,0000,0000,,е во тоа што она што ветуваа дека ќе го олеснат Dialogue: 0,0:10:18.00,0:10:20.00,Default,,0000,0000,0000,,го направија многу потешко. Dialogue: 0,0:10:20.00,0:10:24.00,Default,,0000,0000,0000,,Со тоа што овозможија градовите да бидат градени на кое било место, Dialogue: 0,0:10:24.00,0:10:28.00,Default,,0000,0000,0000,,тие нè дистанцираа од нашата најважна врска, Dialogue: 0,0:10:28.00,0:10:31.00,Default,,0000,0000,0000,,а тоа е врската со природата. Dialogue: 0,0:10:31.00,0:10:34.00,Default,,0000,0000,0000,,Нè направија и зависни од системи кои само тие можат да ги опслужуваат Dialogue: 0,0:10:34.00,0:10:36.00,Default,,0000,0000,0000,,и кои, како што видовме, се неодржливи. Dialogue: 0,0:10:36.00,0:10:39.00,Default,,0000,0000,0000,,Па, што ќе направиме околу сево ова? Dialogue: 0,0:10:39.00,0:10:41.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа не е ново прашање. Dialogue: 0,0:10:41.00,0:10:45.00,Default,,0000,0000,0000,,Пред 500 години и Томас Мур си го поставувал истото прашање. Dialogue: 0,0:10:45.00,0:10:48.00,Default,,0000,0000,0000,,Ова е воведната илустрација од неговата книга „Утопија“. Dialogue: 0,0:10:48.00,0:10:51.00,Default,,0000,0000,0000,,Прикажана е серија полунезависни градови-држави, Dialogue: 0,0:10:51.00,0:10:53.00,Default,,0000,0000,0000,,ако тоа ви звучи бар малку познато. Dialogue: 0,0:10:53.00,0:10:56.00,Default,,0000,0000,0000,,Оддалечени се на ден одење, во нив сите се занимаваат со земјоделство, Dialogue: 0,0:10:56.00,0:10:58.00,Default,,0000,0000,0000,,одгледуваат зеленчук во дворовите, Dialogue: 0,0:10:58.00,0:11:00.00,Default,,0000,0000,0000,,јадат заеднички оброци и така натаму. Dialogue: 0,0:11:00.00,0:11:02.00,Default,,0000,0000,0000,,Може да се каже дека Dialogue: 0,0:11:02.00,0:11:05.00,Default,,0000,0000,0000,,храната е основен принцип на уредување во Утопија, Dialogue: 0,0:11:05.00,0:11:08.00,Default,,0000,0000,0000,,иако Мур тоа никогаш не го формулирал на тој начин. Dialogue: 0,0:11:08.00,0:11:11.00,Default,,0000,0000,0000,,Еве уште една многу позната визија на Утопија, Dialogue: 0,0:11:11.00,0:11:13.00,Default,,0000,0000,0000,,познатиот „Град градина“ на Ебенизер Хауард. Dialogue: 0,0:11:13.00,0:11:16.00,Default,,0000,0000,0000,,Истата идеја. Серија полунезависни градови-држави. Dialogue: 0,0:11:16.00,0:11:20.00,Default,,0000,0000,0000,,Мали градови со обработлива земја околу нив, Dialogue: 0,0:11:20.00,0:11:22.00,Default,,0000,0000,0000,,поврзани меѓусебно со железница. Dialogue: 0,0:11:22.00,0:11:24.00,Default,,0000,0000,0000,,Повторно може да се каже дека храната е Dialogue: 0,0:11:24.00,0:11:27.00,Default,,0000,0000,0000,,принципот на уредување во неговата визија. Dialogue: 0,0:11:27.00,0:11:29.00,Default,,0000,0000,0000,,Таа дури и беше изградена, но немаше врска Dialogue: 0,0:11:29.00,0:11:31.00,Default,,0000,0000,0000,,со визијата на Хауард. Dialogue: 0,0:11:31.00,0:11:34.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е и проблемот со овие утописки идеи. Dialogue: 0,0:11:34.00,0:11:36.00,Default,,0000,0000,0000,,Тие едноставно се утописки. Dialogue: 0,0:11:36.00,0:11:39.00,Default,,0000,0000,0000,,Томас Мур намерно го искористил зборот утопија. Dialogue: 0,0:11:39.00,0:11:43.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа било шега, затоа што зборот има двојна етимологија од грчкиот јазик. Dialogue: 0,0:11:43.00,0:11:45.00,Default,,0000,0000,0000,,Може да значи или „добро место“ или „никакво место“. Dialogue: 0,0:11:45.00,0:11:49.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е идеал. Нешто замислено. Не можеме да го имаме. Dialogue: 0,0:11:49.00,0:11:51.00,Default,,0000,0000,0000,,И мислам дека, како концептуална алатка Dialogue: 0,0:11:51.00,0:11:54.00,Default,,0000,0000,0000,,за размислување за длабокиот проблем на човековото опстојување, Dialogue: 0,0:11:54.00,0:11:56.00,Default,,0000,0000,0000,,овој збор и не е премногу корисен. Dialogue: 0,0:11:56.00,0:11:59.00,Default,,0000,0000,0000,,Па, затоа изнајдов алтернатива, Dialogue: 0,0:11:59.00,0:12:02.00,Default,,0000,0000,0000,,а тоа е Ситопија, од старогрчкиот Dialogue: 0,0:12:02.00,0:12:04.00,Default,,0000,0000,0000,,„sitos“ - храна и „topos“ - место. Dialogue: 0,0:12:04.00,0:12:06.00,Default,,0000,0000,0000,,Верувам дека веќе живееме во Ситопија. Dialogue: 0,0:12:06.00,0:12:09.00,Default,,0000,0000,0000,,Живееме во свет кој е обликуван од храната, Dialogue: 0,0:12:09.00,0:12:12.00,Default,,0000,0000,0000,,и ако го сфатиме тоа, ќе може храната да ја искористиме како навистина моќна алатка - Dialogue: 0,0:12:12.00,0:12:16.00,Default,,0000,0000,0000,,концептуална алатка, алатка за дизајн со која би го обликувале светот поинаку. Dialogue: 0,0:12:16.00,0:12:21.00,Default,,0000,0000,0000,,Па, ако го направиме тоа, како би изгледала Ситопија? Dialogue: 0,0:12:21.00,0:12:23.00,Default,,0000,0000,0000,,Мислам дека изгледа вака некако. Dialogue: 0,0:12:23.00,0:12:25.00,Default,,0000,0000,0000,,Мора да го користам овој слајд. само заради фацата на кучето. Dialogue: 0,0:12:25.00,0:12:28.00,Default,,0000,0000,0000,,Како и да е... (смеа) Dialogue: 0,0:12:28.00,0:12:30.00,Default,,0000,0000,0000,,Храната овде е во центарот на животот, Dialogue: 0,0:12:30.00,0:12:32.00,Default,,0000,0000,0000,,во центарот на семејниот живот, се слави, Dialogue: 0,0:12:32.00,0:12:34.00,Default,,0000,0000,0000,,се ужива во неа, луѓето одвојуваат време за неа. Dialogue: 0,0:12:34.00,0:12:37.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е местото што храната треба да го има во нашето општество. Dialogue: 0,0:12:37.00,0:12:42.00,Default,,0000,0000,0000,,Но, не може да имаме вакви сцени, ако немаме и вакви луѓе. Dialogue: 0,0:12:42.00,0:12:44.00,Default,,0000,0000,0000,,Секако, ова може да бидат и мажи. Dialogue: 0,0:12:44.00,0:12:47.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа се луѓе кои размислуваат за храната, Dialogue: 0,0:12:47.00,0:12:49.00,Default,,0000,0000,0000,,кои гледаат напред, планираат, Dialogue: 0,0:12:49.00,0:12:51.00,Default,,0000,0000,0000,,кои можат да гледаат цел куп зеленчук Dialogue: 0,0:12:51.00,0:12:53.00,Default,,0000,0000,0000,,и да го препознаат секој вид зеленчук таму. Dialogue: 0,0:12:53.00,0:12:56.00,Default,,0000,0000,0000,,Ни требаат овие луѓе. Тие се дел од мрежа. Dialogue: 0,0:12:56.00,0:12:59.00,Default,,0000,0000,0000,,Без овие луѓе не може да имаме вакви места. Dialogue: 0,0:12:59.00,0:13:02.00,Default,,0000,0000,0000,,Намерно ја одбрав оваа слика бидејќи се гледа маж како купува зеленчук. Dialogue: 0,0:13:02.00,0:13:06.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа се мрежи и пазари, каде се продава локална храна. Dialogue: 0,0:13:06.00,0:13:08.00,Default,,0000,0000,0000,,Заедничка. Свежа. Dialogue: 0,0:13:08.00,0:13:10.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е дел од друштвениот живот на градот. Dialogue: 0,0:13:10.00,0:13:13.00,Default,,0000,0000,0000,,Без тоа не може да се има вакво место. Dialogue: 0,0:13:13.00,0:13:16.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е храна која се одгледува локално и истовремено е дел од пејсажот, Dialogue: 0,0:13:16.00,0:13:18.00,Default,,0000,0000,0000,,а не е само стока Dialogue: 0,0:13:18.00,0:13:20.00,Default,,0000,0000,0000,,далеку во некој ќумез. Dialogue: 0,0:13:20.00,0:13:22.00,Default,,0000,0000,0000,,Крави со поглед. Dialogue: 0,0:13:22.00,0:13:24.00,Default,,0000,0000,0000,,Купишта хумус кој испарува. Dialogue: 0,0:13:24.00,0:13:27.00,Default,,0000,0000,0000,,Во основа, ова го спојува целиот процес. Dialogue: 0,0:13:27.00,0:13:29.00,Default,,0000,0000,0000,,Ова е проект на една заедница, Dialogue: 0,0:13:29.00,0:13:31.00,Default,,0000,0000,0000,,која неодамна ја посетив во Торонто. Dialogue: 0,0:13:31.00,0:13:33.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е стакленик, каде на децата им се објаснува Dialogue: 0,0:13:33.00,0:13:36.00,Default,,0000,0000,0000,,сè за храната и за тоа како сами да одгледуваат храна. Dialogue: 0,0:13:36.00,0:13:39.00,Default,,0000,0000,0000,,Еве едно растение кое се вика Кевин, или можеби Dialogue: 0,0:13:39.00,0:13:41.00,Default,,0000,0000,0000,,детето што го засадило се вика Кевин. Не знам. Dialogue: 0,0:13:41.00,0:13:44.00,Default,,0000,0000,0000,,Ваквите проекти, Dialogue: 0,0:13:44.00,0:13:48.00,Default,,0000,0000,0000,,кои се обидуваат да нè поврзат со природата, се многу важни. Dialogue: 0,0:13:48.00,0:13:50.00,Default,,0000,0000,0000,,За мене, Ситопија е поглед кон светот. Dialogue: 0,0:13:50.00,0:13:54.00,Default,,0000,0000,0000,,Во основа, треба да видиме дека таа Dialogue: 0,0:13:54.00,0:13:56.00,Default,,0000,0000,0000,,веќе постои во мали делови насекаде. Dialogue: 0,0:13:56.00,0:13:58.00,Default,,0000,0000,0000,,Трикот е тие само да се спојат Dialogue: 0,0:13:58.00,0:14:01.00,Default,,0000,0000,0000,,и да ја користиме храната како поглед кон светот. Dialogue: 0,0:14:01.00,0:14:04.00,Default,,0000,0000,0000,,Ако го направиме тоа, ќе престанеме да ги гледаме градовите како Dialogue: 0,0:14:04.00,0:14:07.00,Default,,0000,0000,0000,,големи непродуктивни дамки, како оваа. Dialogue: 0,0:14:07.00,0:14:09.00,Default,,0000,0000,0000,,Ќе ги гледаме повеќе на овој начин, Dialogue: 0,0:14:09.00,0:14:12.00,Default,,0000,0000,0000,,како дел од продуктивната органска мрежа, Dialogue: 0,0:14:12.00,0:14:14.00,Default,,0000,0000,0000,,од која тие се неизбежен дел, Dialogue: 0,0:14:14.00,0:14:16.00,Default,,0000,0000,0000,,симбиотично поврзани. Dialogue: 0,0:14:16.00,0:14:18.00,Default,,0000,0000,0000,,Секако, и тоа не е баш најдобра слика. Dialogue: 0,0:14:18.00,0:14:21.00,Default,,0000,0000,0000,,Повеќе не треба да произведуваме храна на овој начин. Dialogue: 0,0:14:21.00,0:14:23.00,Default,,0000,0000,0000,,Треба повеќе да размислуваме за пермакултурата. Dialogue: 0,0:14:23.00,0:14:25.00,Default,,0000,0000,0000,,Затоа мислам дека оваа слика Dialogue: 0,0:14:25.00,0:14:27.00,Default,,0000,0000,0000,,го сумира начинот на кој треба да размислуваме. Dialogue: 0,0:14:27.00,0:14:29.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е реконцептуализација Dialogue: 0,0:14:29.00,0:14:32.00,Default,,0000,0000,0000,,на начинот на кој храната ни го обликува животот. Dialogue: 0,0:14:32.00,0:14:35.00,Default,,0000,0000,0000,,Најдобрата слика која го опишува ова е од пред 650 години. Dialogue: 0,0:14:35.00,0:14:38.00,Default,,0000,0000,0000,,Тоа е „Алегорија на добрата влада“ на Амброџо Лоренцети. Dialogue: 0,0:14:38.00,0:14:41.00,Default,,0000,0000,0000,,Ја претставува врската помеѓу градот и селото. Dialogue: 0,0:14:41.00,0:14:44.00,Default,,0000,0000,0000,,И мислам дека нејзината порака е многу јасна. Dialogue: 0,0:14:44.00,0:14:46.00,Default,,0000,0000,0000,,Ако градот се грижи за селото, Dialogue: 0,0:14:46.00,0:14:48.00,Default,,0000,0000,0000,,селото ќе се грижи за градот. Dialogue: 0,0:14:48.00,0:14:50.00,Default,,0000,0000,0000,,Да се запрашаме Dialogue: 0,0:14:50.00,0:14:53.00,Default,,0000,0000,0000,,што би насликал Лоренцети Dialogue: 0,0:14:53.00,0:14:55.00,Default,,0000,0000,0000,,кога би ја сликал сликава денес. Dialogue: 0,0:14:55.00,0:14:58.00,Default,,0000,0000,0000,,Како би изгледала алегоријата на добрата влада денес? Dialogue: 0,0:14:58.00,0:15:00.00,Default,,0000,0000,0000,,Мислам дека тоа е итно прашање, Dialogue: 0,0:15:00.00,0:15:02.00,Default,,0000,0000,0000,,кое мора да го поставиме Dialogue: 0,0:15:02.00,0:15:04.00,Default,,0000,0000,0000,,и мора да почнеме да го одговараме. Dialogue: 0,0:15:04.00,0:15:07.00,Default,,0000,0000,0000,,Знаеме дека сме она што го јадеме. Dialogue: 0,0:15:07.00,0:15:09.00,Default,,0000,0000,0000,,Треба да сфатиме дека и светот е она што го јадеме. Dialogue: 0,0:15:09.00,0:15:11.00,Default,,0000,0000,0000,,Ако тргнеме од таа идеја, може да ја користиме храната Dialogue: 0,0:15:11.00,0:15:15.00,Default,,0000,0000,0000,,како навистина моќна алатка за подобро да го обликуваме нашиот свет. Dialogue: 0,0:15:15.00,0:15:17.00,Default,,0000,0000,0000,,Благодарам. Dialogue: 0,0:15:17.00,0:15:20.00,Default,,0000,0000,0000,,(аплауз)