1 00:00:00,000 --> 00:00:04,000 Како да се нахрани еден град? 2 00:00:04,000 --> 00:00:06,000 Тоа е едно од големите прашања на нашето време. 3 00:00:06,000 --> 00:00:08,000 А, сепак, ретко се поставува. 4 00:00:08,000 --> 00:00:11,000 Го земаме здраво за готово фактот дека кога ќе влеземе во продавница, 5 00:00:11,000 --> 00:00:15,000 ресторан или, на пример, во фоајето на овој театар за еден час, 6 00:00:15,000 --> 00:00:18,000 ќе нè чека храна, 7 00:00:18,000 --> 00:00:20,000 која магично стигнала од кој знае каде. 8 00:00:20,000 --> 00:00:25,000 Но, кога ќе помислиме дека секој ден за град голем како Лондон 9 00:00:25,000 --> 00:00:28,000 треба да се произведе, транспортира, 10 00:00:28,000 --> 00:00:31,000 да се купи, продаде, 11 00:00:31,000 --> 00:00:35,000 да се зготви, изеде и фрли доволно храна, 12 00:00:35,000 --> 00:00:37,000 и дека истиот процес треба да се повтори секој ден, 13 00:00:37,000 --> 00:00:39,000 во секој град на светот, 14 00:00:39,000 --> 00:00:42,000 тогаш неверојатно е како градовите воопшто се хранат. 15 00:00:42,000 --> 00:00:44,000 Живееме на вакви места, 16 00:00:44,000 --> 00:00:47,000 како тие да се нешто најприродно во светот, 17 00:00:47,000 --> 00:00:49,000 заборавајќи дека, поради тоа што сме животни 18 00:00:49,000 --> 00:00:51,000 и мора да се храниме, 19 00:00:51,000 --> 00:00:55,000 подеднакво сме зависни од природата 20 00:00:55,000 --> 00:00:57,000 како и нашите претци низ историјата. 21 00:00:57,000 --> 00:00:59,000 Како што сè повеќе луѓе се селат во градовите, 22 00:00:59,000 --> 00:01:02,000 сè поголем дел од природата се трансформира 23 00:01:02,000 --> 00:01:05,000 во извонредни предели, како овој зад мене, 24 00:01:05,000 --> 00:01:08,000 на кој се гледаат полиња со соја во Мата Гросо во Бразил, 25 00:01:08,000 --> 00:01:11,000 за да нè нахранат. 26 00:01:11,000 --> 00:01:13,000 Ова се навистина изнонредни предели, 27 00:01:13,000 --> 00:01:15,000 но малкумина од нас имаат шанса да ги видат. 28 00:01:15,000 --> 00:01:17,000 И сè почесто овие предели 29 00:01:17,000 --> 00:01:19,000 не се создаваат за да нè хранат само нас. 30 00:01:19,000 --> 00:01:21,000 Како што сè повеќе луѓе се населуваат во градовите, 31 00:01:21,000 --> 00:01:23,000 се јаде сè повеќе месо, 32 00:01:23,000 --> 00:01:26,000 па со една третина од глобалната годишна жетва на житарици 33 00:01:26,000 --> 00:01:28,000 сега се хранат животни, 34 00:01:28,000 --> 00:01:30,000 а не ние - човечките животни. 35 00:01:30,000 --> 00:01:34,000 А, со оглед на тоа што се потребни три пати повеќе житарици - 36 00:01:34,000 --> 00:01:36,000 всушност, десет пати повеќе житарици - 37 00:01:36,000 --> 00:01:39,000 за да се нахрани еден човек доколку тие прво поминале низ животни, 38 00:01:39,000 --> 00:01:44,000 тогаш тоа не е баш ефикасен начин за хранење на луѓето. 39 00:01:44,000 --> 00:01:46,000 А, проблемот станува сè поголем. 40 00:01:46,000 --> 00:01:49,000 Се проценува дека до 2050-та година 41 00:01:49,000 --> 00:01:51,000 бројот на луѓето кои живеат во градови ќе биде двојно поголем. 42 00:01:51,000 --> 00:01:53,000 Се проценува и дека ќе се конзумира 43 00:01:53,000 --> 00:01:55,000 двојно повеќе месо и млеко. 44 00:01:55,000 --> 00:02:00,000 Значи, месото и урбанизмот растат заедно. 45 00:02:00,000 --> 00:02:02,000 Тоа ќе предизвика огромен проблем. 46 00:02:02,000 --> 00:02:05,000 До 2050-та ќе треба да се хранат шест милијарди 47 00:02:05,000 --> 00:02:09,000 гладни месојатци. 48 00:02:09,000 --> 00:02:11,000 Тоа е голем проблем. А, ако продолжиме како до сега, 49 00:02:11,000 --> 00:02:14,000 тешко и дека би можеле да го решиме. 50 00:02:14,000 --> 00:02:18,000 Секоја година, се уништуваат 19 милиони хектари прашума, 51 00:02:18,000 --> 00:02:20,000 за да се создаде нова обработлива земја. 52 00:02:20,000 --> 00:02:23,000 Иако, во исто време, се губи подеднаква површина од постоечкото 53 00:02:23,000 --> 00:02:27,000 обработливо земјиште, поради салинизација и ерозија. 54 00:02:27,000 --> 00:02:30,000 Многу сме гладни и за фосилни горива, исто така. 55 00:02:30,000 --> 00:02:33,000 Потребни се околу 10 калории за да се произведе секоја калорија 56 00:02:33,000 --> 00:02:37,000 од храната која ја консумираме во Западниот свет. 57 00:02:37,000 --> 00:02:41,000 А, сепак, храна која толку скапо ја произведуваме 58 00:02:41,000 --> 00:02:43,000 воопшто не ја цениме. 59 00:02:43,000 --> 00:02:47,000 Половина од храната произведена во САД се фрла. 60 00:02:47,000 --> 00:02:50,000 А, на крајот на целиот овој долг процес, 61 00:02:50,000 --> 00:02:53,000 не ни успеваме да ја нахраниме планетата како што треба. 62 00:02:53,000 --> 00:02:58,000 Една милијарда од нас се предебели, додека друга милијарда гладуваат. 63 00:02:58,000 --> 00:03:00,000 Сето ова нема многу смисла. 64 00:03:00,000 --> 00:03:03,000 А, кога ќе сфатите дека 80% од глобалната трговија со храна 65 00:03:03,000 --> 00:03:08,000 е под контрола на само пет мултинационални корпорации, 66 00:03:08,000 --> 00:03:10,000 сликата станува тмурна. 67 00:03:10,000 --> 00:03:13,000 Со преселбата во градовите, се прифаќа и исхраната на Западниот свет. 68 00:03:13,000 --> 00:03:16,000 А, ако гледаме кон иднината, 69 00:03:16,000 --> 00:03:18,000 овој начин на исхрана не може да се одржи. 70 00:03:18,000 --> 00:03:20,000 Па, како стигнавме овде? 71 00:03:20,000 --> 00:03:23,000 И, што е уште поважно, што ќе сториме сега? 72 00:03:23,000 --> 00:03:27,000 Прво да го одговорам малку полесното прашање. 73 00:03:27,000 --> 00:03:29,000 Почетокот на овој процес е некаде 74 00:03:29,000 --> 00:03:31,000 пред околу 10.000 години, 75 00:03:31,000 --> 00:03:33,000 во стариот Близок Исток, 76 00:03:33,000 --> 00:03:35,000 познат и како „плодната полумесечина“, 77 00:03:35,000 --> 00:03:37,000 затоа што, како што гледате, регионот има форма на полумесечина 78 00:03:37,000 --> 00:03:39,000 и бил плоден. 79 00:03:39,000 --> 00:03:42,000 Тука, пред околу 10.000 години, 80 00:03:42,000 --> 00:03:44,000 откриени се два извонредни пронајдоци, 81 00:03:44,000 --> 00:03:47,000 земјоделството и урбанизмот, 82 00:03:47,000 --> 00:03:50,000 приближно во исто време и на исто место. 83 00:03:50,000 --> 00:03:52,000 Ова не е случајност. 84 00:03:52,000 --> 00:03:56,000 Земјоделството и градовите се тесно поврзани. Не можат едно без друго. 85 00:03:56,000 --> 00:03:58,000 Бидејќи со пронајдокот на житариците 86 00:03:58,000 --> 00:04:01,000 нашите претци за прв пат 87 00:04:01,000 --> 00:04:04,000 имале извор на храна кој бил доволно голем и стабилен 88 00:04:04,000 --> 00:04:08,000 за да ги одржува постојаните населби. 89 00:04:08,000 --> 00:04:10,000 Ако погледнеме како изгледале овие населби, 90 00:04:10,000 --> 00:04:12,000 ќе видиме дека биле збиени, 91 00:04:12,000 --> 00:04:14,000 опколени со плодни ниви 92 00:04:14,000 --> 00:04:17,000 и во нив доминирале големи комплекси на храмови, 93 00:04:17,000 --> 00:04:19,000 како овој во Ур, 94 00:04:19,000 --> 00:04:21,000 кои, всушност, 95 00:04:21,000 --> 00:04:24,000 биле духовни, централизирани центри за дистрибуција на храна, 96 00:04:24,000 --> 00:04:27,000 бидејќи храмовите ја организирале жетвата, 97 00:04:27,000 --> 00:04:29,000 го собирале житото, го принесувале на боговите, 98 00:04:29,000 --> 00:04:33,000 а житото што боговите не го јаделе, го делеле на народот. 99 00:04:33,000 --> 00:04:35,000 Па, може да се рече 100 00:04:35,000 --> 00:04:37,000 дека севкупниот духовен и физички живот на овие градови 101 00:04:37,000 --> 00:04:40,000 зависел од житото и од жетвата, 102 00:04:40,000 --> 00:04:43,000 кои ги одржувале. 103 00:04:43,000 --> 00:04:46,000 Всушност, тоа важи за сите антички градови. 104 00:04:46,000 --> 00:04:48,000 Но, секако, не биле сите толку мали. 105 00:04:48,000 --> 00:04:51,000 Па така, познато е дека Рим имал околу еден милион жители 106 00:04:51,000 --> 00:04:53,000 во првиот век од нашата ера. 107 00:04:53,000 --> 00:04:57,000 Па, како успевале да нахранат толкав град? 108 00:04:57,000 --> 00:05:00,000 Решението е она што јас го нарекувам „антички пат на храната“. 109 00:05:00,000 --> 00:05:03,000 Рим имал излез на море, 110 00:05:03,000 --> 00:05:06,000 што му овозможувало да увезува храна од многу оддалечени места. 111 00:05:06,000 --> 00:05:09,000 Тоа е единствениот начин на кој ова било изводливо во античко време, 112 00:05:09,000 --> 00:05:12,000 затоа што било многу тешко да се пренесе храна преку патиштата, 113 00:05:12,000 --> 00:05:14,000 кои биле многу тешки за патување, 114 00:05:14,000 --> 00:05:16,000 а и храната многу бргу се расипувала. 115 00:05:16,000 --> 00:05:18,000 Римјаните вешто војувале со 116 00:05:18,000 --> 00:05:21,000 други држави, како Картагина и Египет, 117 00:05:21,000 --> 00:05:23,000 само за да дојдат до нивните резерви на жито. 118 00:05:23,000 --> 00:05:26,000 Всушност, може да се рече дека ширењето на империјата 119 00:05:26,000 --> 00:05:29,000 било еден вид многу долго, растегнато, 120 00:05:29,000 --> 00:05:31,000 милитаризирано пазарување. 121 00:05:31,000 --> 00:05:33,000 (смеа) 122 00:05:33,000 --> 00:05:35,000 Всушност, многу го сакам овој податок и едноставно мора да го споменам: 123 00:05:35,000 --> 00:05:38,000 Римјаните увезувале остриги од Лондон, 124 00:05:38,000 --> 00:05:40,000 во еден период. Мислам дека тоа е неверојатно. 125 00:05:40,000 --> 00:05:43,000 Значи, Римјаните ги обликувале границите на империјата 126 00:05:43,000 --> 00:05:45,000 според својот апетит. 127 00:05:45,000 --> 00:05:47,000 Но, интересно е што уште нешто 128 00:05:47,000 --> 00:05:49,000 се случило во прединдустрискиот свет. 129 00:05:49,000 --> 00:05:52,000 Ако ја разгледаме картата на Лондон во 17-тиот век, 130 00:05:52,000 --> 00:05:55,000 гледаме дека житото, кое доаѓа преку Темза, 131 00:05:55,000 --> 00:05:57,000 се наоѓа на дното од картава. 132 00:05:57,000 --> 00:06:00,000 Па така, пазарите за жито биле на југот на градот, 133 00:06:00,000 --> 00:06:02,000 а улиците кои воделе од нив 134 00:06:02,000 --> 00:06:04,000 до Чипсајд, кој бил главниот пазар, 135 00:06:04,000 --> 00:06:06,000 исто така биле пазари за жито. 136 00:06:06,000 --> 00:06:08,000 Ако се земе предвид името на една од овие улици, 137 00:06:08,000 --> 00:06:11,000 Бред Стрит (Лебна улица), јасно е 138 00:06:11,000 --> 00:06:14,000 што се случувало таму пред 300 години. 139 00:06:14,000 --> 00:06:16,000 Истото важело и за рибата. 140 00:06:16,000 --> 00:06:19,000 И таа доаѓала до градот преку реката. Ја имаме истата ситуација. 141 00:06:19,000 --> 00:06:22,000 Билингсгејт е познат пазар за риби во Лондон, 142 00:06:22,000 --> 00:06:26,000 кој опстојувал на истото место сè до средината на 1980-тите. 143 00:06:26,000 --> 00:06:28,000 Тоа е навистина неверојатно. 144 00:06:28,000 --> 00:06:30,000 Сите се шетале наоколу 145 00:06:30,000 --> 00:06:32,000 со мобилни телефони што изгледаат како цигли, 146 00:06:32,000 --> 00:06:35,000 а долу на пристаништето се продавале смрдливи риби. 147 00:06:35,000 --> 00:06:38,000 Ова е уште една важна работа за храната и градовите: 148 00:06:38,000 --> 00:06:41,000 кога еднаш ќе се пуштат корења на некое место, 149 00:06:41,000 --> 00:06:43,000 многу ретко се поместува оттаму. 150 00:06:43,000 --> 00:06:45,000 Месото е сосема друга приказна, 151 00:06:45,000 --> 00:06:47,000 бидејќи животните можат сами да влезат во градот. 152 00:06:47,000 --> 00:06:49,000 Најголем дел од месото пристигнувало 153 00:06:49,000 --> 00:06:51,000 во Лондон од северозапад, 154 00:06:51,000 --> 00:06:53,000 од Шкотска и Велс. 155 00:06:53,000 --> 00:06:56,000 Влегувало и пристигнувало во северозападниот дел од градот, 156 00:06:56,000 --> 00:06:58,000 па затоа и Смитфилд, 157 00:06:58,000 --> 00:07:01,000 познатиот пазар за месо во Лондон, се наоѓал таму. 158 00:07:01,000 --> 00:07:05,000 Живината доаѓала од Источна Англија, од североистокот. 159 00:07:05,000 --> 00:07:06,000 Се чувствувам како презентерка на метео-вести... 160 00:07:06,000 --> 00:07:10,000 Птиците доаѓале со 161 00:07:10,000 --> 00:07:13,000 стапала заштитени со платнени чевлички. 162 00:07:13,000 --> 00:07:15,000 Кога ќе стигнеле до источниот крај 163 00:07:15,000 --> 00:07:17,000 на Чипсајд, таму биле продавани. 164 00:07:17,000 --> 00:07:19,000 Затоа и тоа место се вика Полтри (живина). 165 00:07:19,000 --> 00:07:22,000 Всушност, ако ја погледнете картата на кој било град 166 00:07:22,000 --> 00:07:26,000 изграден пред индустриското време, 167 00:07:26,000 --> 00:07:28,000 може да ги препознаете патиштата за влез на храната. 168 00:07:28,000 --> 00:07:31,000 Може да видите како градот физички бил обликуван од храната, 169 00:07:31,000 --> 00:07:34,000 преку имињата на улиците, кои ви даваат многу знаци. 170 00:07:34,000 --> 00:07:36,000 Како, на пример, Фрајдеј стрит (ул. Петок), 171 00:07:36,000 --> 00:07:38,000 каде што се купувала риба во петок. 172 00:07:38,000 --> 00:07:40,000 Но, исто така, треба градот да го замислите полн со храна, 173 00:07:40,000 --> 00:07:43,000 затоа што улиците и јавните простори биле 174 00:07:43,000 --> 00:07:46,000 единствените места каде што се купувала и продавала храна. 175 00:07:46,000 --> 00:07:49,000 Ако погледнеме слика од Смитфилд од 1830 година, 176 00:07:49,000 --> 00:07:52,000 може да видите дека би било многу тешко да живеете во ваков град, 177 00:07:52,000 --> 00:07:54,000 а да не знаете од каде ви доаѓа храната. 178 00:07:54,000 --> 00:07:56,000 Всушност, додека уживате во вашиот неделен ручек, 179 00:07:56,000 --> 00:07:58,000 многу е веројатно дека тој мукал или блеел 180 00:07:58,000 --> 00:08:00,000 под вашиот прозорец при дена претходно. 181 00:08:00,000 --> 00:08:03,000 Очигледно е дека ова бил органски град 182 00:08:03,000 --> 00:08:06,000 и дел од еден органски циклус. 183 00:08:06,000 --> 00:08:09,000 Десет години подоцна сè се сменило. 184 00:08:09,000 --> 00:08:12,000 Ова е слика од Големата западна железница од 1840 година. 185 00:08:12,000 --> 00:08:14,000 Како што гледате, овците и свињите биле меѓу првите 186 00:08:14,000 --> 00:08:16,000 патинци на возовите. 187 00:08:16,000 --> 00:08:20,000 Наеднаш, овие животни повеќе не оделе до пазарите, 188 00:08:20,000 --> 00:08:22,000 туку биле колени далеку од очите и совеста на граѓаните, 189 00:08:22,000 --> 00:08:24,000 некаде на село, 190 00:08:24,000 --> 00:08:26,000 а во градовите ги носеле преку железницата. 191 00:08:26,000 --> 00:08:29,000 Ова менува сè. 192 00:08:29,000 --> 00:08:31,000 За почеток, овозможува, за прв пат, 193 00:08:31,000 --> 00:08:32,000 да се развиваат градови 194 00:08:32,000 --> 00:08:34,000 со секаква големина и форма на кое било место. 195 00:08:34,000 --> 00:08:38,000 Градовите порано биле ограничени од географијата. 196 00:08:38,000 --> 00:08:41,000 Доаѓале до храна на физички многу тежок начин. 197 00:08:41,000 --> 00:08:45,000 И, одеднаш, успешно се ослободуваат од географските пречки. 198 00:08:45,000 --> 00:08:48,000 Како што може да се види од овие карти на Лондон, 199 00:08:48,000 --> 00:08:50,000 во текот на 90 години по доаѓањето на возовите, 200 00:08:50,000 --> 00:08:54,000 тој се менува од мала дамка, која може лесно да се нахрани, 201 00:08:54,000 --> 00:08:56,000 со животни кои влегуваат пеш и сл. 202 00:08:56,000 --> 00:08:58,000 до огромно место, 203 00:08:58,000 --> 00:09:01,000 во кое би било претешко да се влезе пеш, 204 00:09:01,000 --> 00:09:04,000 било тоа да се однесува на животните или луѓето. 205 00:09:04,000 --> 00:09:07,000 Секако, тоа беше само почетокот. По возовите дојдоа автомобилите. 206 00:09:07,000 --> 00:09:11,000 Ова навистина го обележува крајот на тој процес. 207 00:09:11,000 --> 00:09:13,000 Тоа е последното ослободување на градот 208 00:09:13,000 --> 00:09:16,000 од секаква очигледна врска со природата. 209 00:09:16,000 --> 00:09:19,000 Ова е град кој е испразнет од мириси, 210 00:09:19,000 --> 00:09:21,000 мешаници и, секако, испразнет од луѓе, 211 00:09:21,000 --> 00:09:24,000 затоа што никој не би ни помислил да оди пеш во ова опкружување. 212 00:09:24,000 --> 00:09:27,000 Сè што треба да направат за да дојдат до храна е да седнат во кола, 213 00:09:27,000 --> 00:09:30,000 да се одвезат до некаква кутија некаде на крајот од градот 214 00:09:30,000 --> 00:09:32,000 да се вратат со намирници доволни за една недела, 215 00:09:32,000 --> 00:09:34,000 и да се чудат што да прават со нив. 216 00:09:34,000 --> 00:09:37,000 Ова, всушност, е моментот кога нашата врска 217 00:09:37,000 --> 00:09:40,000 со храната и градовите целосно се менува. 218 00:09:40,000 --> 00:09:43,000 Храната, која некогаш била центарот 219 00:09:43,000 --> 00:09:46,000 и социјалното јадро на градот, сега е на периферијата. 220 00:09:46,000 --> 00:09:48,000 Продавањето и купувањето на храна тогаш бил друштвен настан. 221 00:09:48,000 --> 00:09:50,000 Сега е анонимен процес. 222 00:09:50,000 --> 00:09:52,000 Некогаш готвевме, а сега само додаваме вода 223 00:09:52,000 --> 00:09:57,000 или едно јајце ако правиме торта или нешто слично. 224 00:09:57,000 --> 00:10:01,000 Не ја мирисаме храната за да провериме дали може да се јаде. 225 00:10:01,000 --> 00:10:04,000 Само го читаме датумот на етикетата на пакувањето. 226 00:10:04,000 --> 00:10:07,000 И не ја цениме храната. Не ѝ веруваме. 227 00:10:07,000 --> 00:10:09,000 Наместо да ѝ веруваме, ние се плашиме од неа. 228 00:10:09,000 --> 00:10:13,000 А, наместо да ја цениме, ја фрламе. 229 00:10:13,000 --> 00:10:16,000 Една од најголемите иронии на модерните системи за храна 230 00:10:16,000 --> 00:10:18,000 е во тоа што она што ветуваа дека ќе го олеснат 231 00:10:18,000 --> 00:10:20,000 го направија многу потешко. 232 00:10:20,000 --> 00:10:24,000 Со тоа што овозможија градовите да бидат градени на кое било место, 233 00:10:24,000 --> 00:10:28,000 тие нè дистанцираа од нашата најважна врска, 234 00:10:28,000 --> 00:10:31,000 а тоа е врската со природата. 235 00:10:31,000 --> 00:10:34,000 Нè направија и зависни од системи кои само тие можат да ги опслужуваат 236 00:10:34,000 --> 00:10:36,000 и кои, како што видовме, се неодржливи. 237 00:10:36,000 --> 00:10:39,000 Па, што ќе направиме околу сево ова? 238 00:10:39,000 --> 00:10:41,000 Тоа не е ново прашање. 239 00:10:41,000 --> 00:10:45,000 Пред 500 години и Томас Мур си го поставувал истото прашање. 240 00:10:45,000 --> 00:10:48,000 Ова е воведната илустрација од неговата книга „Утопија“. 241 00:10:48,000 --> 00:10:51,000 Прикажана е серија полунезависни градови-држави, 242 00:10:51,000 --> 00:10:53,000 ако тоа ви звучи бар малку познато. 243 00:10:53,000 --> 00:10:56,000 Оддалечени се на ден одење, во нив сите се занимаваат со земјоделство, 244 00:10:56,000 --> 00:10:58,000 одгледуваат зеленчук во дворовите, 245 00:10:58,000 --> 00:11:00,000 јадат заеднички оброци и така натаму. 246 00:11:00,000 --> 00:11:02,000 Може да се каже дека 247 00:11:02,000 --> 00:11:05,000 храната е основен принцип на уредување во Утопија, 248 00:11:05,000 --> 00:11:08,000 иако Мур тоа никогаш не го формулирал на тој начин. 249 00:11:08,000 --> 00:11:11,000 Еве уште една многу позната визија на Утопија, 250 00:11:11,000 --> 00:11:13,000 познатиот „Град градина“ на Ебенизер Хауард. 251 00:11:13,000 --> 00:11:16,000 Истата идеја. Серија полунезависни градови-држави. 252 00:11:16,000 --> 00:11:20,000 Мали градови со обработлива земја околу нив, 253 00:11:20,000 --> 00:11:22,000 поврзани меѓусебно со железница. 254 00:11:22,000 --> 00:11:24,000 Повторно може да се каже дека храната е 255 00:11:24,000 --> 00:11:27,000 принципот на уредување во неговата визија. 256 00:11:27,000 --> 00:11:29,000 Таа дури и беше изградена, но немаше врска 257 00:11:29,000 --> 00:11:31,000 со визијата на Хауард. 258 00:11:31,000 --> 00:11:34,000 Тоа е и проблемот со овие утописки идеи. 259 00:11:34,000 --> 00:11:36,000 Тие едноставно се утописки. 260 00:11:36,000 --> 00:11:39,000 Томас Мур намерно го искористил зборот утопија. 261 00:11:39,000 --> 00:11:43,000 Тоа било шега, затоа што зборот има двојна етимологија од грчкиот јазик. 262 00:11:43,000 --> 00:11:45,000 Може да значи или „добро место“ или „никакво место“. 263 00:11:45,000 --> 00:11:49,000 Тоа е идеал. Нешто замислено. Не можеме да го имаме. 264 00:11:49,000 --> 00:11:51,000 И мислам дека, како концептуална алатка 265 00:11:51,000 --> 00:11:54,000 за размислување за длабокиот проблем на човековото опстојување, 266 00:11:54,000 --> 00:11:56,000 овој збор и не е премногу корисен. 267 00:11:56,000 --> 00:11:59,000 Па, затоа изнајдов алтернатива, 268 00:11:59,000 --> 00:12:02,000 а тоа е Ситопија, од старогрчкиот 269 00:12:02,000 --> 00:12:04,000 „sitos“ - храна и „topos“ - место. 270 00:12:04,000 --> 00:12:06,000 Верувам дека веќе живееме во Ситопија. 271 00:12:06,000 --> 00:12:09,000 Живееме во свет кој е обликуван од храната, 272 00:12:09,000 --> 00:12:12,000 и ако го сфатиме тоа, ќе може храната да ја искористиме како навистина моќна алатка - 273 00:12:12,000 --> 00:12:16,000 концептуална алатка, алатка за дизајн со која би го обликувале светот поинаку. 274 00:12:16,000 --> 00:12:21,000 Па, ако го направиме тоа, како би изгледала Ситопија? 275 00:12:21,000 --> 00:12:23,000 Мислам дека изгледа вака некако. 276 00:12:23,000 --> 00:12:25,000 Мора да го користам овој слајд. само заради фацата на кучето. 277 00:12:25,000 --> 00:12:28,000 Како и да е... (смеа) 278 00:12:28,000 --> 00:12:30,000 Храната овде е во центарот на животот, 279 00:12:30,000 --> 00:12:32,000 во центарот на семејниот живот, се слави, 280 00:12:32,000 --> 00:12:34,000 се ужива во неа, луѓето одвојуваат време за неа. 281 00:12:34,000 --> 00:12:37,000 Тоа е местото што храната треба да го има во нашето општество. 282 00:12:37,000 --> 00:12:42,000 Но, не може да имаме вакви сцени, ако немаме и вакви луѓе. 283 00:12:42,000 --> 00:12:44,000 Секако, ова може да бидат и мажи. 284 00:12:44,000 --> 00:12:47,000 Тоа се луѓе кои размислуваат за храната, 285 00:12:47,000 --> 00:12:49,000 кои гледаат напред, планираат, 286 00:12:49,000 --> 00:12:51,000 кои можат да гледаат цел куп зеленчук 287 00:12:51,000 --> 00:12:53,000 и да го препознаат секој вид зеленчук таму. 288 00:12:53,000 --> 00:12:56,000 Ни требаат овие луѓе. Тие се дел од мрежа. 289 00:12:56,000 --> 00:12:59,000 Без овие луѓе не може да имаме вакви места. 290 00:12:59,000 --> 00:13:02,000 Намерно ја одбрав оваа слика бидејќи се гледа маж како купува зеленчук. 291 00:13:02,000 --> 00:13:06,000 Тоа се мрежи и пазари, каде се продава локална храна. 292 00:13:06,000 --> 00:13:08,000 Заедничка. Свежа. 293 00:13:08,000 --> 00:13:10,000 Тоа е дел од друштвениот живот на градот. 294 00:13:10,000 --> 00:13:13,000 Без тоа не може да се има вакво место. 295 00:13:13,000 --> 00:13:16,000 Тоа е храна која се одгледува локално и истовремено е дел од пејсажот, 296 00:13:16,000 --> 00:13:18,000 а не е само стока 297 00:13:18,000 --> 00:13:20,000 далеку во некој ќумез. 298 00:13:20,000 --> 00:13:22,000 Крави со поглед. 299 00:13:22,000 --> 00:13:24,000 Купишта хумус кој испарува. 300 00:13:24,000 --> 00:13:27,000 Во основа, ова го спојува целиот процес. 301 00:13:27,000 --> 00:13:29,000 Ова е проект на една заедница, 302 00:13:29,000 --> 00:13:31,000 која неодамна ја посетив во Торонто. 303 00:13:31,000 --> 00:13:33,000 Тоа е стакленик, каде на децата им се објаснува 304 00:13:33,000 --> 00:13:36,000 сè за храната и за тоа како сами да одгледуваат храна. 305 00:13:36,000 --> 00:13:39,000 Еве едно растение кое се вика Кевин, или можеби 306 00:13:39,000 --> 00:13:41,000 детето што го засадило се вика Кевин. Не знам. 307 00:13:41,000 --> 00:13:44,000 Ваквите проекти, 308 00:13:44,000 --> 00:13:48,000 кои се обидуваат да нè поврзат со природата, се многу важни. 309 00:13:48,000 --> 00:13:50,000 За мене, Ситопија е поглед кон светот. 310 00:13:50,000 --> 00:13:54,000 Во основа, треба да видиме дека таа 311 00:13:54,000 --> 00:13:56,000 веќе постои во мали делови насекаде. 312 00:13:56,000 --> 00:13:58,000 Трикот е тие само да се спојат 313 00:13:58,000 --> 00:14:01,000 и да ја користиме храната како поглед кон светот. 314 00:14:01,000 --> 00:14:04,000 Ако го направиме тоа, ќе престанеме да ги гледаме градовите како 315 00:14:04,000 --> 00:14:07,000 големи непродуктивни дамки, како оваа. 316 00:14:07,000 --> 00:14:09,000 Ќе ги гледаме повеќе на овој начин, 317 00:14:09,000 --> 00:14:12,000 како дел од продуктивната органска мрежа, 318 00:14:12,000 --> 00:14:14,000 од која тие се неизбежен дел, 319 00:14:14,000 --> 00:14:16,000 симбиотично поврзани. 320 00:14:16,000 --> 00:14:18,000 Секако, и тоа не е баш најдобра слика. 321 00:14:18,000 --> 00:14:21,000 Повеќе не треба да произведуваме храна на овој начин. 322 00:14:21,000 --> 00:14:23,000 Треба повеќе да размислуваме за пермакултурата. 323 00:14:23,000 --> 00:14:25,000 Затоа мислам дека оваа слика 324 00:14:25,000 --> 00:14:27,000 го сумира начинот на кој треба да размислуваме. 325 00:14:27,000 --> 00:14:29,000 Тоа е реконцептуализација 326 00:14:29,000 --> 00:14:32,000 на начинот на кој храната ни го обликува животот. 327 00:14:32,000 --> 00:14:35,000 Најдобрата слика која го опишува ова е од пред 650 години. 328 00:14:35,000 --> 00:14:38,000 Тоа е „Алегорија на добрата влада“ на Амброџо Лоренцети. 329 00:14:38,000 --> 00:14:41,000 Ја претставува врската помеѓу градот и селото. 330 00:14:41,000 --> 00:14:44,000 И мислам дека нејзината порака е многу јасна. 331 00:14:44,000 --> 00:14:46,000 Ако градот се грижи за селото, 332 00:14:46,000 --> 00:14:48,000 селото ќе се грижи за градот. 333 00:14:48,000 --> 00:14:50,000 Да се запрашаме 334 00:14:50,000 --> 00:14:53,000 што би насликал Лоренцети 335 00:14:53,000 --> 00:14:55,000 кога би ја сликал сликава денес. 336 00:14:55,000 --> 00:14:58,000 Како би изгледала алегоријата на добрата влада денес? 337 00:14:58,000 --> 00:15:00,000 Мислам дека тоа е итно прашање, 338 00:15:00,000 --> 00:15:02,000 кое мора да го поставиме 339 00:15:02,000 --> 00:15:04,000 и мора да почнеме да го одговараме. 340 00:15:04,000 --> 00:15:07,000 Знаеме дека сме она што го јадеме. 341 00:15:07,000 --> 00:15:09,000 Треба да сфатиме дека и светот е она што го јадеме. 342 00:15:09,000 --> 00:15:11,000 Ако тргнеме од таа идеја, може да ја користиме храната 343 00:15:11,000 --> 00:15:15,000 како навистина моќна алатка за подобро да го обликуваме нашиот свет. 344 00:15:15,000 --> 00:15:17,000 Благодарам. 345 00:15:17,000 --> 00:15:20,000 (аплауз)