Што има во кутијата?
Што и да е, мора да е прилично важно,
затоа што сум патувал со неа, сум ја преместувал
од еден во друг стан.
(Смеење)
(Аплауз)
Ви звучи познато?
Дали сте знаеле дека ние Американците
сега имаме околу 3 пати повеќе простор
одошто имавме пред 50 години?
Три пати повеќе.
И, бисте помислиле дека, со целиот тој екстра простор
би имале доволно место за сите наши работи.
Неточно!
Постои една нова индустрија,
индустрија од 22 милијарди долари, од 2.2 милијарди метри квадратни:
индустрија за складирање на личните работи.
Значи, имаме три пати повеќе простор,
но сме станале толку добри купувачи
што ни’ е потребен уште повеќе простор.
И, каде води ова?
Долгови на кредитната картичка,
огромно загадување на животната средина,
и, можеби не случајно,
нашето ниво на среќa опаднало во рок од тие 50 години.
Затоа, овде сум за да предложам дека постои подобар начин,
дека помалку може всушност да значи повеќе.
Се обложувам дека повеќето од нас, во некој момент
ја почувствувале радоста од имањето помалку:
на факултет - во студентската соба,
при патување - во хотелската соба,
на кампување - кога практично немате ништо,
можеби само чамец.
Што и да било тоа за вас, се обложувам дека, меѓу другото
ова ви овозможило и малку повеќе слобода,
малку повеќе време.
Па затоа предлагам
дека поседувањето на помалку нешта и помал простор
е еднакво на помало загадување на средината.
Тоа е всушност и одличен начин да се заштедат пари.
А, исто така ќе ви претставува и олеснување во животот.
Заради тоа, започнав проект што го нареков „Животот променет“ (Life Edited) на lifeedited.org
како би ја продлабочил оваа дискусија
и би пронашол добри решенија во оваа област.
Прво, со партнерите Mutopo и Jovoto.com, барав решение
за мојот стан од 40 м2 на Менхетн.
Сакав се’ -
канцеларија, трпезарија за 10 лица,
гостинска соба,
и простор за мојата опрема за едрење.
Од преку 300 предлози кои ги добив од цел свет,
го избрав бараното, мојата мала кутија за накит.
Со купување на простор од 40 м2
наместо од 55 м2,
од старт заштедив околу 200 илјади долари.
Помал простор е доволен само за помали апарати -
па и тука заштедив на пари,
но, исто така, помалку ја загадувам околината.
И, затоа што просторот е навистина дизајниран
околу избран збир од сопствености - моите омилени работи -
и навистина е дизајниран за мене,
јас сум навистина среќен кога го минувам времето таму.
Како можете да живеете „на мало“?
Имам да предложам три главни пристапи.
Најпрво од се’, морате да бидете немилосрдни при преуредувањето.
Мораме да ги прочистиме артериите на нашите животи.
Таа кошула која не сум ја облекол со години?
Време е да ја исфрлам од мојот простор.
Мораме да го исфрлиме секој вишок од нашите животи,
и да научиме како да одржуваме рамнотежа (баланс).
Мораме да размислиме пред да купиме нешто.
Да се запрашаме:
„Дали тоа навистина ќе ме направи посреќен/-а? Навистина?“
Секако дека треба
да купиме и имаме некои одлични работи.
Но, тоа треба да бидат нешта кои ќе ги сакаме со години,
кои нема да бидат само „нешта“.
Второ, нашата нова мантра:
малкуто е секси.
Сакаме да го користиме просторот ефикасно.
Сакаме работи кои се дизајнирани
за тоа да се користат во поголем дел од времето,
не само за посебни пригоди.
Зошто би ни’ бил потребен шпорет со 6 рингли
кога ретко користиме и само 3?
Затоа, сакаме работи кои се „вклопуваат“,
кои се компатибилни, и сакаме да бидат дигитални.
Да можете да ги земете документите
или книгите, филмовите,
- и да можете да направите да исчезнат - како магија.
Најпосле, сакаме мултифункционален простор и мебел -
мијалник комбиниран со тоалетна школка,
трпезариската маса се претвора во кревет -
тоа е истиот простор,
малата масичка
се „претвора“ во маса за 10 лица.
Во победничкиот дизајн од Life Edited
го комбинираме „клизачкиот“ ѕид со мебел на расклопување
за да добиеме многу повеќе од просторот.
Погледнете ја оваа мала масичка -
таа се расклопува - расте во должина и висина
за да собере 10 лица.
Мојата канцеларија може да се „спакува“
и лесно да се прикрие.
Мојот кревет едноставно искокнува од ѕидот со притисок од двата прста.
Гости? Поместете го ѕидот,
обезбедете си гостински кревет на расклопување.
И, секако, моето сопствено кино.
Не велам дека ние сите треба да живееме
во 40 м2.
Но, размислете за придобивките од преуредениот живот.
Од 300 намалете на 200 м2,
од 150 на 100...
Повеќето од нас, можеби и сите тука,
се доста среќни овие неколку дена
со само две торби,
во мал простор, хотелска соба.
Па, кога ќе си заминете дома и ќе поминете низ влезната врата,
подзастанете и запрашајте се себеси
„Дали би можел/-а да се снајдам ако малку го преуредам животот?
Дали тоа ќе ме „ослободи“ малку?
Дали ќе ми овозможи малку повеќе време?“
Што има во кутијава?
Тоа навистина не е важно.
Знам дека не ми е потребно.
Што имате вие во вашата кутија?
Можеби, едноставно можеби,
помалкуто е еднакво на повеќе.
Па, да направиме место
за добрите нешта.
Ви благодарам.
(Аплауз)